Бизнис ИНФО, број 374

Page 1

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

Број 374 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 30.11.2018

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО ПАРТНЕРСКИ ОДНОС ЌЕ ГИ ДЕФИНИРААТ РЕГУЛАТИВАТА И СТРАТЕШКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЗА РАЗВОЈ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР

Претседател на Асоцијацијата е избран Виктор Мизо од компанијата Костал

ОСНОВАНА АСОЦИЈАЦИЈА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО ВО РАМКИТЕ НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

БИЗНИС ИНФО

3

СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО ПАРТНЕРСКИ ОДНОС ЌЕ ГИ ДЕФИНИРААТ РЕГУЛАТИВАТА И СТРАТЕШКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЗА РАЗВОЈ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР

Тргнувајќи од потребата да се отвори дискусија за идните проекции на капиталните инвестиции, реализацијата на капиталните проекти, плановите за објавување на тендерите, потребата и динамиката на донесување нови прописи од областа на градежниот сектор, Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, на 26.11.2018 година, одржа работна средба со министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, на којашто присуствуваа претставници од бизнис заедницата, Министерството и стручната јавност. -Целта на работната средба е градежните компании пред министерот за транспорт и врски да ги презентираат состојбите во градежниот сектор, со акцент на состојбите во изминатата година која беше една од најтешките години за градежништвото ако се земат предвид последните петнаесетина години. Со нашите предлози и препораки сакаме да придонесеме во определување на насоките во кои треба да се развива градежништвото во следниот период, со цел креирање позитивна атмосфера за работење на градежните компании. Во таа насока, претходно неопходно е ревидирање на законската регулатива, пред се` на Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за јавните набавки како едни од суштинските прописи кои го засегаат нашето работење, - истакна претседателот на Здружението,


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ Андреа Серафимовски. -Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека градежната активност во првото полугодие на 2018 година, наспроти истото минатата година е значително намалена. Падот на учеството на градежништвото во бруто домашниот производ за првите шест месеци годинава, наспроти истиот период во 2017 година, изнесува 25,1 %. Според податоците, во овој период бројот на издадени одобренија за градење се намалил за 22,5%, а предвидената вредност на објектите за 25,7 %. Пад во овој период забележале и вкупната вредност на договорените градежни работи од 46%, како и вкупната вредност на извршените градежни работи од 13%. Намалување е забележано и кај градежната активност на домашните компании во странство, при што вредноста на договорените градежни работи во странство бележи намалување од 40,3 %. Заклучно со септември 2018 година, реализацијата на капиталните инвестиции пред ребалансот на Буџетот изнесува само 27,43 %, односно 36,6% после ребалансот на Буџетот за 2018 година, при што во првите 9 месеци од 2018 година се реализирани инвестиции од 6,6 милијарди денари, наспроти 11,5 милијарди денари реализација минатата година, - информираше Серафимовски.

Во широката дебата со министерот за транспорт и врски, градежниците дадоа конкретни забелешки и предлози по доставените нацрт-текстови на Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање. Здружението ја истакна потребата во консултација со компаниите при подготовката на Законот за градење, да се обрне


Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

БИЗНИС ИНФО

5

СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ посебно внимание на прашањата за енергетската ефикасност на градбите, проектот за инфраструктура за линиските инфраструктурни објекти, постапките за издавање на одобренијата за градење, подигнување на нивото на стручност на сите учесници во изградбата, условите за добивање и одземање на лиценци за правните лица. Во однос на Законот за просторно и урбанистичко планирање Здружението го поздрави процесот за донесување на комплетно нов Закон со кој се уредува просторниот

систем, истакнувајќи дека нацрт-текстот на Законот предвидува значително подобри решенија од важечкиот Закон за просторно и урбанистичко планирање и во истиот се имплементирани голем дел од забелешките кои претходно ги достави Здружението. Во насока на додефинирање на нацрт-текстот се предложи уште еднаш да се разгледаат прашањата кои се однесуваат на времетраењето на постапката за донесување на планските документации, транспарентноста во процесот за изработка и донесување на плановите, формирањето на јавни претпријатија за изготвување на планска документација, санкциите предвидени за планерите и други прашања за кои Здружението изготви и достави писмени предлози. Дискутирајќи за капиталните проекти, компаниите се интересираа за повеќе патни делници: автопатиштата во рамките на Коридор 8, патот Тетово - Призрен, железничките линии од Куманово кон Крива Паланка и границата со Бугарија, од Битола кон Меџитлија и границата со Грција и од Кичево кон Ќафасан – границата со Албанија, нагласувајќи дека е потребно сериозно внимание да се посвети на развојот на железничката


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ инфраструктура со оглед дека железничкиот транспорт е далеку поекономичен од патниот. Дополнително се истакна дека во насока на поддршка и јакнење на капацитети на домашните градежни компании, во следниот период потребно е да се размислува за воведување механизми за заштита и зголемување на конкурентноста на домашните компании во однос на странските што ќе бидат во рамки на пазарните услови на стопанисување и нема да ја нарушат слободната конкуренција на пазарот, како и за изнаоѓање конкретни решенија за поддршка на градежните компании за настап на странски пазари (при банкарски гаранции, логистичка и друг вид поддршка на конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, извозно ориентирани мерки за поттик и поддршка). Во присуство на претставници на Институтот за стандардизација, а во насока на подигнување на квалитетот на градбите и градежните материјали, се дискутираше за потребата за почитување на стандардите за градежништвото и за јакнење на административните капацитети на органите коишто вршат контрола на квалитетот на терен. Министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, се заблагодари на поканата на Здружението и изрази подготвеност ваквите средби да станат практика имајќи предвид дека развојот на градежништвото е од заеднички интерес за Министерството и бизнис заедницата која како партнер учествува во дефинирање на регулативата и стратешките проекти кои се реализираат од страна на Владата. Во однос на законската регулатива, министерот истакна дека најголемиот дел од забелешките по Законот за просторно и урбанистичко планирање се прифатени, како и дека Законот за градење ќе се подготвува со широка вклученост и консултации со компаниите. Исто така, тој информираше дека очекува раздвижување на градежната активност и враќање на состојбите во градежништвото на посакуваното ниво, имајќи предвид дека најголем дел од проблемите во реализацијата на капиталните проекти се надминати, а во текот на следната година за капитални проекти се предвидени над 300 милиони евра, кои ќе бидат инвестирани во развојот на транспортната инфраструктура, изградбата на водоводна и гасоводна мрежа. Дополнително, министерот истакна дека со цел поддршка на општините, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира за изградба и реконструкција на локалната патна мрежа во општините, за што се предвидени средства во износ од 70 милиони евра преку Светската банка. Во таа насока, со цел поголема координација и успешна реализација на предвидените проекти се заклучи во следниот период да се одржи работна средба на Здружението со Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа. м-р Нена Николовска


БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

FOREIGN INVESTORS COUNCIL

7

FOREIGN INVESTOR

Members catalogue of the Foreign Investors Council

30% INCREASE

Foreign Investors Council within the Economic Chamber of Macedonia

ПОБАРАЈТЕ ГО Каталог на членови НОВИОТ КАТАЛОГ на Советот НА КОМПАНИИна странски ЧЛЕНКИ НА СОВЕТОТ инвеститори НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

50%

INCOME


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА

РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО НИКОЛОВСКИ СО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ

Во организација на Регоналната комора Кавадарци при Стопанската комора на Република Македонија, на 28.11.2018 година во Кавадарци се одржа работна средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на РМ, Љупчо Николовски со претставници на бизнис заедницата од регионот. На средбата присуствуваа Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Благој Индов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство кои заедно со министерот дискутираа по прашањата од стопанствениците. Пред повеќе од триесетина компании, приозводители на винова лоза, вино, производители на овошје, компании од прехранбената индустрија, пчеларството, како и компании кои вршат откуп на овошје, министерот Николовски разговараше за лозарството, како клучна земјоделска дејност во регионот, за земјоделските задруги како и моделот за субвенционирање на земјоделството. Министерот Николовски ги образложи и Мерките за млади стопанства и Зелените мерки, ја истакна акредитацијата на нови мерки во делот на ИПАРД програмата како и техничката поддршка со користење


Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

БИЗНИС ИНФО

9

ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА

на средства од ЕУ Проектите. Буџетод за ИПАРД програмата е зголемен за 2,5 пати во однос на минатите години. Во врска со субвенциите од страна на министерот беше истакнато дека има зголемување за 20% за сите развојни категории во земјоделството. На поставено прашање за зелената нафта, министерот одговори дека оваа мерка се воведува прв пат во земјава и до сега ја немало во законите. Поради тоа во наредните 2 години ќе се работи на мерката и постепено ќе се имплементира. За развојот на земјоделските задруги, министерот напомена дека со нив се овозможува здружување на земјоделските производители, а со тоа би следеле и бројни економски придобивки. Бабовски говореше за мерката 119, за зголемувањето на лозовите насади кои би се подигнале на места каде што претходно најмалку 5 години се одгледувале полјоделски култури, за што би се добивале дополнителни субвенции. Во присуство на претставниците од секторите на министерството се дискутираше и за Јапонскиот фонд, Националната стратегија за рурален развој, поддршка на продажбата и извозот на виното, како и промоција на македонските вина надвор од земјава како и дигитализација на пасиштата, е нешто што се воведува за прв пат во земјава . Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе организира вакви средби се’со цел да се олесни решавањето на проблемите кои ги имаат стопанствениците се со цел за подобрување на бизнисклимата и подобри економски резултати од земјоделието. Тања Мицева


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

ОСНОВАНА АСОЦИЈАЦИЈА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО ВО РАМКИТЕ НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

На конститутивната седница одржана на 30 ноември 2018 година во Стопанската комора на Македонија беше основана Асоцијација на странски компании со технолошки напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Пред големиот број присутни претставници на странските компании од технолошкоиндустриските развојни зони и од индустриските зони во Македонија се формализира постоењето на оваа Асоцијација, којашто ќе функционира во рамките на Советот и ќе ги претставува и застапува специфичните интереси на нејзините членки. Иницијативата за формирање на вакво тело потекна од неколку странски инвеститори во земјата, да се обединат на едно место сите странски компании лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони и во индустриските зони во Македонија, а со цел да се формализираат нивните ставови и потреби при комуникација со државните институции. На седницата се усвоија Правилата за организацијата и начинот на работа и се избраа органите на Асоцијацијата, а воедно се отвори и плодна дискусија помеѓу


БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

11

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

странските инвеститори за актуелните состојби и идентификуваните проблеми со кои се соочуваат при нивното работење во земјава. За претседател на Асоцијацијата е избран Виктор Мизо од компанијата Костал, а за негови заменици се избрани Соња Стефановска од Баумер, Џатин Такрар од Дура Аутомотиве и Борјан Борозанов од Аптив. Согласно со усвоениот план за работа во наредниот период ќе се идентификуваат клучните приоритети и насоки на делување во насока на унапредување на работењето на странските компании и зголемување на предвидливоста на деловното опкружување од интерес на членовите на Асоцијацијата. Влатко Стојановски

FOREIGN INVESTORS COUNCIL within Economic Chamber of Macedonia


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

МОЈ СТАВ

Бранко Азески, заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум

УЧИ МЕ МАЈКО, КАРАЈ МЕ ... Образованието е една од клучните алки на долг рок да се креира адекватен образовен профил кој со своите знаења и вештини ќе знае да одговори на пазарните потреби и ќе биде во можност да креира дополнителна вредност. Само на тој начин, преку креирање на општество базирано на знаење ќе се придонесе за континуиран раст и развој – колку ќе вложиме, толку ќе ни се врати. Пазарот на труд во сите земји од регионот на Западен Балкан моментално бележи неколку заеднички проблеми - висока стапка на невработеност кај младите, висока стапка на неформално вработување и неусогласеност меѓу системот на стручно образование и потребите на пазарот на трудот. На нивото на сите држави од Западен Балкан, стапката на активност на работоспособното население е релативно ниска во изминатата деценија (стапката на неактивност достигнува нивоа од 40%, што е значително повисоко од нивоата во Европската унија), што пред сé се должи на ниската стапка на активност на жените, на младите лица и на лицата со ниски образовни квалификации. Процентот на лица кои се надвор од пазарот на трудот е особено висок во Косово (61,8%) и Босна и Херцеговина (45,4%), додека во Македонија таа бројка достигнува до 36%, при што особено е висока стапката на неактивност на младите лица. Всушност, податоците покажуваат


Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

БИЗНИС ИНФО

13

МОЈ СТАВ дека младите лица се соочуваат со многу долг период на транзиција од училиште на работа – во просек, за да може младо лице да стигне до своето прво вработување потребни се 21 месец во Црна Гора, 24 месеци во Србија, односно 25 месеци во Македонија. Овие бројки покажуваат само едно – дека образовниот систем не продуцира кадри кои ќе можат веднаш да бидат вклучени во работните процеси, односно дека се` уште постои голем диспаритет помеѓу квалификациите кои се стекнуваат во рамките на образовниот процес и потребите на пазарот. Образованието мора да ја смени својата улога од учење факти и теорија кон развивање вештини што може да се применат на различни работни места.

Chamber Investment Forum

Регионалните предизвици бараат регионални одговори – затоа во Коморскиот инвестициски форум во идниот период ќе ги интензивираме активностите во насока на справување со проблемите со работната сила со кои се соочува стопанството. Со поддршка на германската Влада, ќе започнеме со реализација на регионална програма која има за цел да се инвестира во опрема за спроведување практична настава, од кој бенефит ќе имаат училиштата, тренинг провајдерите и компаниите. Програмата ќе има за цел подобрување на состојбите со вработувањето на младите луѓе, зацврстување на системот на дуално образование согласно потребите на пазарот на трудот, но и зацврстување на соработката меѓу средните стручни училишта и приватните компании, преку создавање партнерства. П.С. Во текот на неделава, преку проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој се имплементира со поддршка на УСАИД, четирите комори во државата ќе упатиме реакција на околноста што Предлог-законот за личен доход ќе се усвојува по скратена постапка, особено имајќи предвид дека роковите за поднесување коментари на засегнатите страни на ЕНЕР сé уште течат - тоа не е одлика на партнерски однос помеѓу јавниот и приватниот сектор, каков што се стремиме (и јавно се залагаме) да воспоставиме.


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

БИЗНИС СРЕДБИ

БИЗНИС СРЕДБИ НА КОМПАНИИ ОД АГРОСЕКТОРОТ ОД БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА Во организација на „Enterprise Europe Network“ - Стопанска комора на Македонија и ЕЕН - Сандански, Бугарија, на 27 и 28 ноември 2018 година, во Струмица, се одржуваат Бизнис средби и форум меѓу македонски и бугарски компании од областа на аграрот. На настанот присуствуваат над 100 компании од земјоделскиот сектор, кои се занимаваат со конвенционално и органско производство на храна, односно производители на градинарски производи и овошје, компании од прехранбената индустрија, производители на пијалаци, трговски друштва од областа на аграрот, пчеларството и компании и консултанти за заштита на растенијата. Производителите, трговските друштва и консултантите за заштита на растенијата од двете земји - Бугарија и Македонија, пројавија огромен интерес за настанот и реализираат многубројни деловни средби. Компаниите разговараат и договараат за унапредување на деловната соработка за производство и трговија на прехранбени производи и пијалаци; машини за земјоделство и опрема; хемиски производи за земјоделство; пакување; обновлива енергија; логистика, применета наука и истражување и иновативни технологии во земјоделството. Во рамките на форумот се презентираат нови трендови, иновации и новата законска регулатива за заштита на земјоделските растенија во ЕУ, методи за модернизација на одгледување на почвата и искуства за производство на квалитетна храна од поновата генерација. Лазо Ангелевски


Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

БИЗНИС ИНФО

15

БИЗНИС СРЕДБИ

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА НА БИЗНИС-ФОРУМ ВО АТИНА Делегација на Стопанската комора на Македонија на 30.11.2018 година (петок), во Атина, Република Грција, ќе учествува на еднодневниот Бизнис форум и билатерални средби меѓу македонски и грчки стопанственици, настан кој Комората го организира во соработка со Атинската трговско-индустриска комора, во насока на интензивирање и зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Грција. Во делегацијата од Стопанската комора на Македонија учество ќе земат компании-членки на Комората од повеќе различни сектори (вклучувајќи компании од градежништвото, металната индустрија, прехранбената индустрија и трговијата). На Бизнис-форумот компаниите ќе имаат можност да ги презентираат своите интереси за соработка и можности за инвестирање, во насока на зајакнување на деловните односи меѓу двете земји, а по завршувањето на официјалниот дел, компаниите ќе можат да остварат и директни средби со компании од соодветните дејности. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Грција за периодот јануари - септември 2018 година е во вредност од 748,1 милиони САД$, со пораст од 24,9% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 171,4 милиони САД$, со пораст од 9,8% споредено со периодот јануари - септември 2017 година, додека увозот изнесува 576,7 милиони САД$, со пораст од 30,2% споредено со истиот период минатата година. Република Грција е втор трговски партнер на Република Македонија. Одделение за информирање


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

РАБОТНА СРЕДБА

Работна средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ

РАЗМЕНА НА МИСЛЕЊА ОКОЛУ ЕКОНОМСКИТЕ ПРАШАЊА ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА БИЗНИСОТ

Во насока на спроведување редовни консултации со најголемите политички партии во Република Македонија, претставници на раководството на Стопанската комора на Македонија остварија работна средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од претседателот проф. д-р Христијан Мицкоски. При првата заедничка средба меѓу двете раководства, реализирана на 1 март оваа година, беше заеднички констатирано дека ќе се интензивира дискусијата за сите отворени економски прашања, преку одржување почести средби, со цел да се обезбеди поддршка за решенијата кои се значајни за потребите и интересите на бизнис-заедницата, без оглед на тековните политички случувања. Во оваа прилика се разговараше за стратешката определба на Комората извозната диверзификација и модерната реиндустријализација да бидат фундаментални процеси


Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

БИЗНИС ИНФО

17

РАБОТНА СРЕДБА во забрзување на растот на македонската економија, која беше презентирана на Научната конференција организирана од страна на МАНУ, НБРМ, Владата на РМ и Стопанската комора на Македонија на 4 и 5 октомври 2018 година во Охрид. Од исклучителна важност за успешност на овој процес е што кон истиот се приклучува и ВМРО-ДПМНЕ, со што е постигнат консензус дека е неминовна потребата да се изврши преструктурирање на индустриската политика преку пренасочување на ресурсите од индустриските дејности со пониска додадена вредност, кон сектори и производи кои имаат повисока додадена вредност и продуктивност, со цел подобрување на индустриските перформанси на целокупната економија и зголемување на извозната конкурентност. Воедно, неопходно е спроведување на економски политики кои ќе го поттикнат процесот на модерна реиндустријализација (зголемување на учеството на преработувачката индустрија во БДП) и ќе го забрзаат процесот на извозна диверзификација (преку зголемување на бројот на извозни производи кои имаат повисок степен на финализација во рамките на глобалните синџири на снабдување), со што овие структурни промени во самата економија ќе генерираат високи и одржливи стапки на економски раст. Тргнувајќи од податокот дека ограничувањата во остварувањето на повисоки стапки на раст се должи пред сé на недостатокот од соодветен стручен кадар, на средбата беше отворена и темата за неопходна реформа во образовниот систем, а не помалку важни се и прашањата за спроведување реформа во правосудниот систем и јавната администрација, со цел испорака на квалитетни и брзи државни услуги што му се потребни на бизнисот. И оваа средба покажа дека Стопанската комора на Македонија, како најголема, најстара и најбројна бизнис-заедница во Република Македонија, цврсто стои на својата определба дека држењето настрана од политиката е наша суштинска определба скоро еден век, а нашата основна функција е да се обидеме ставовите, анализите и мислењата на бизнисот да бидат еднакво третирани со сите други, при градење на економските политики. Потребен ни е консензус за најважните економски прашања, а тоа го правиме со овие средби, на кои низ разговор со најзначајните чинители на економската политика, се обидуваме да постигнеме заеднички ставови по клучните економски прашања. Неопходно е да опстане консензусот околу независноста на монетарната политика и обезбедувањето директна буџетска поддршка на извозот и индустријата, ако сакаме високи стапки на раст во наредниот период. Одделение за информирање


18

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

19


15

T

O

IS

БИЗНИС ИНФО

20

9001:20

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 5.12.2018 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МАРКЕТИНГ ЗА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИ КОМПАНИИ

Извозно ориентираните компании имаат многу предизвици при пробивање на своите производи и услуги на странските пазари. Еден од тие предизвици е правилно маркетирање односно рекламирање на тие производи или услуги, соодветно на пазарот кој се таргетира. Секој пазар има различни потреби и побарувања, но за да се обезбеди правилна промоција и успех на продажбата на извозно ориентираните компании, потребно е да се следат неколку основни чекори кои се задолжителни во маркетинг активностите на овие компании. Во време на голем избор на производи и услуги на странските пазари, пониските цени на нашите компании не се доволен фактор за успех. Извозно ориентираните компании треба да најдат начин како соодветно да се рекламираат и директно да стигнат до својот краен корисник во странство, со цел да ја зголемат продажбата. Употребата на одредени стратегии и алатки за соодветна маркетинг комуникација во светот е клучна за успехот на извозно ориентираните компании. За таа цел, најновиот семинар во Стопанската комора на Македонија, на 5 декември 2018 година, ќе се одржи на тема „Маркетинг за извозно ориентирани компании“. Овој семинар ќе пренесе теоретски и практични совети за тоа како компаниите да ја одберат и да ја реализираат соодветната маркетинг стратегија за странските пазари, за да постигнат полесна пенетрација на пазарот и зголемена продажба. Предавач: -Теодора Николовска, сопственик на „Vrootok“ – маркетинг и консалтинг агенција, маркетинг консултант и тренер. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 10.12.2018 година (понеделник) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на архивското и канцелариското работење, приемот и движењето на документите, распределувањето на документите по организациони единици и доставувањето до одговорните лица за нивно натамошно процесирање во рамките на институциите и пошироко. Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на водење на деловодникот и останатата пропратна документација, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење; начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување; водењето попис на документи, со кој се олеснува и растоварува водењето на деловодникот, како и затворање на тековната година и подготовка на соодветна документација за тековното работење во наредната година. Предавач: -м-р Валентина Тодоровска , магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.12.2018 година (вторник) 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

DMFEA DESIGN FAILURE MODE AND EFFECT ANALYSIS

Стопанската комора на Македонија на 11 декември 2018 година организира еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis (Анализа на ризикот и последиците од грешките направени во процесот и во производот). FMEA е анализа на сите можни грешки и последици од истите ( Failure Mode and Effect Analysis), систематска и формализирана метода за анализа на проектни решенија на производот и процесот од аспект на ризикот од појавата и последицата на производните грешки кои би можеле да се изложат кај купувачот, односно крајниот корисник. Предавач: - Зоран Вуксановиќ, дипломиран инженер по машинство и електроника. Менаџер е за квалитет, екстерен и интерен проверувач за ISO 90001, ISO 140001, HACCP SIstem, ISO/TS 16949:2002, ISO 17025. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 30 Ноември 2018, Бр. 374

T

15

24

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2-2

018

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.