Бизнис ИНФО бр. 301

Page 1

петок, 31 март 2017, Бр. 301

Број 301

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

1

Quality Management

FS 549642

31.3.2017

„МАКЕДОНИЈА – МЕКСИКО – БИЗНИС-МОЖНОСТИ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА БИЛАТЕРАЛНАТА СОРАБОТКА“


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 31 март 2017, Бр. 301 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

3

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ БИЗНИСКОМОРИ ФОРУМ

„МАКЕДОНИЈА – МЕКСИКО – БИЗНИСМОЖНОСТИ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА БИЛАТЕРАЛНАТА СОРАБОТКА“ На 27 март 2017 година во просториите на Стопанската комора на Македонија се одржа Бизнис Форум на тема: „Македонија – Мексико – Бизнис-можности и зајакнување на билатералната соработка“. Бизнис форумот се одржа во соработка со Амбасадата на Република Мексико во Република Србија, COMCE - Mексикански деловен совет за надворешна трговија, инвестиции и технологии и ProMexico - Агенција за промоција на меѓународната трговија и инвестиции. Целта на Бизнис-форумот беше македонските компании и институции да се запознаат со можностите за соработка со Мексико во делот на меѓусебната соработка и инвестициите со цел продлабочување на трговската размена. Настанот ќе им овозможи на македонските стопанственици да ги зајакнат економските релации, но и да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка помеѓу двете земји.


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ФОРУМ -Денешниот форум е е само почеток на очекуваната економска соработка меѓу двете земји и очекуваме да се реализираат можности за развој меѓу компаниите од сите сектори – изјави амбасадорот на Република Мексико во Република Србија, Н.Е. Марко Антонио Гарсија Бланко. Амбасадорот Бланко истакна дека економијата на Мексико е голема и има огромен потенцијал за извозно ориентираните фирми како и за мексиканските производители кои сакаат да инвестираат во Република Македонија, имајќи ја предвид можноста за извоз на производите во САД и во земјите на Европската Унија, Канада со кои Мексико има склучено договори за слободна трговија со европски земји во повеќе сектори. Претседателот на Собранието на Стопанската комора, Антони Пешев нагласи дека соработката за компаниите на двете земји е потребна бидејќи и двете се свретени само кон еден пазар: мексиканската кон САД, а македонската кон Европската унија. - Ова е дел од нашата определба да се бараат трети пазари за македонските компании. Потенцијалите и за двете економии се големи. За мексиканската, Македонија може да биде можност за влез на европскиот пазар, а на македонската и се отвора пазар од околу 130 милиони потрошувачи. На овој пазар веќе се пласираат готови производи од металната индустрија што радува, но има можности за продлабочување на извозот и за други сектори – рече Пешев. Спроед него, покрај интересот за соработка на бизнисмените од двете земји потребна е и регулативна рамка која ќе ја обезбеди соработката. - Македонија и Мексико имаат скромна трговска размена од 21 милион долари од кои на македонска страна е извоз од само 3,3 милиони долари, останатото е увоз. Меѓутоа радува фактот што извезуваме готови производи од металната индустрија- рече Пешев. Мексико, како што посочи во излагањето амбасадорот Марко Антонио Гарсиа Бланко, е пазар од 129 милиони потрошувачи, има ниска инфлација и релативно ниски долгови


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

5

БИЗНИС ФОРУМ како и 12 трговски договори со 46 земји и дополнително голем број други трговски договори што им отвора можности и на македонските бизнисмени да го најдат интересот за соработка. - Најважно од се е тоа што во Мексико можете да имате економски партнер на долги патеки- додаде амбасадорот. Во своето обраќање господинот Оскар Хавиер Камачо Ортега, трговскиот советник на „ProMеxico“ – институција задолжена за промовирање на надворешната трговија и инвестиции, дополнително ги презентираше можностите за соработка коишто постојат особено за малите и средните македонски компании и тоа во агробизнисот, металoпреработувачката/автомобилската индустрија: можностите за инвестирање во синџирот на снабдување, обновливите извори на енергија и креативните индустрии: аудиовизуелни содржини. Мексико главно извезува земјоделски производи, месо, алкохолни пијалоци – познатата текила, пиво и други брендирани мексикански пијалоци како и нови софтверски решенија и производи на креативната индустрија- видеоигри и друг вид производи од оваа индустрија. Целовкупната надворешна трговија на Република Мексико на годишно ниво изнесува 800 милијарди долари. Претседателот на Управниот одбор на КОМЧЕ – Mексикански деловен совет за надворешна трговија, инвестиции и технологии, Мексико - Македонија, господин Петар Јоксимовиќ уште еднаш го поздрави потпишувањето на меморандумот за соработка со Стопанската комора на Македонија и додаде дека во иднина и двете институции ќе работат на зајакнување на релациите меѓу Македонија и Мексико и ќе ја поттикнат понатамошната соработка на бизнисмените од двете земји. Податоците за надворешно трговската размена меѓу Македонија и Мексико покажуваат раздвижување во нагорна линија, на страната и на извозот и на увозот, но истите треба дополнително да се развиваат и унапредуваат, за овој тренд да се задржи и во нареден период. Вкупната трговска размена во 2016 година изнесува 20,9 милиони САД $, што


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ФОРУМ

претставува раст од 145,7% споредено со 2015 година. При тоа остварен е извоз од 3,3 милиони САД $, односно зголемување од 143 %, додека увозното салдо од 17,6 милиони САД $, бележи зголемување од 146,2% во споредба со 2015 година. Притоа трговскиот дефицит изнесува 14,3 милиони САД долари. Во 2016 година, македонските компании реализирале извоз на контејнери за компримирани или течни гасови од железо или челик во вредност од 2,1 милион САД $ и делови за пумпи од 1,1 милион САД $, додека од Мексико во Македонија структурата на производи е поширока и истата се заснова на керамички производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, апарати за предавање или прием на глас, слики или други податоци, вклучувајќи апарати за комуникација во жичана или безжична мрежа, моторни возила за превоз на лица, како и елеци и појаси за спасување. Споредувајќи го периодот од 2005 до 2016 година, во надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Република Мексико, евидентно е зголемен обемот на размена, но забележан е и континуиран трговски дефицит на македонска страна. Имајќи го во предвид обемот на размената и податокот дека Мексико е 43-ти трговски партнер на Република Македонија во 2016 година, цениме дека овие директни средби би можеле да ја променат сликата, со цел Република Мексико да биде меѓу првите 20 земји во трговската размена на Република Македонија- додаде Пешев. М-р Сања Николова


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

7

ТРКАЛЕЗНА МАСА


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 31 март 2017, Бр. 301

ИНОВАЦИИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ВО БИТОЛА – отворен четвртиот повик за финансирање на предлог проекти Во организација на Центарот за развој на пелагонискиотплански регион и поддршка на Регионалната комора со седиште во Битола на28.3.2016 година во просториите на Факлутетот за информатички и комуникацискитехнологии во Битола, претставници на Фондот за иновации и технолошки развој гипрезентираа условите и поволностите за новите отворени повици наменети зафинасирање на проекти во стопанството на Република Македонија. Пред 30тината компании од битолскиот регион беапретставени двата нови повици и тоа: КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА СТАРТАП И СПИН-ОФ КОМПАНИИ - Повикот е отворен за микро, мали и среднипретпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија,во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаатиновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација. Преку овојинструмент, Фондот обезбедува финансирање до 85% од вкупниот буџет за проектот,до максимален износ од 30.000 евра. КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ И УСЛОВЕНИ ЗАЕМИ ЗАКОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ - Предлог проектите може да бидат поднесени одпоединечен апликант (микро, мало или средно претпријатие) или од конзорциумводен од микро, мало или средно претпријатие. Преку овој инструмент, Фондотобезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот, до максималенизнос од 100.000 евра. Повиците се отворени за апликантите во периодот од 03.02до 03.05.2017 година. Фокусот на работењето на Фондот се однесува особено на: Кофинансирање микро, мали и среднипретпријатија, регистрирани во Република Македонија, а со цел поттикнување наиновациската дејност, имплементација на иновативни решенија и на иновативнипроцеси, воведување иновации и трансфер на технологии кај компаниите, како иподдршка на компаниите што имаат висок потенцијал за раст. Финансирање нановоосновани, микро и мали претпријатија, регистрирани


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

9

ИНОВАЦИИ

во Република Македонија,фондации и акцелератори, а со цел поттикнување на иновативноста кај компаниитеи пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни, односнокомерцијални активности, преку формирање „спин-оф“ компании. Постигнување долгорочен позитивен придонес за развојотна националната економија, подобрување на конкурентноста преку технолошки иоперативни унапредувања и обезбедување нови работни места; поддршка наформирањето на деловно-технолошки акцелератори, субјекти за давањеинфраструктурна поддршка на иновациската дејност, со цел акцелерација напретприемништвото преку поддршка на физички лица што сакаат да основааткомпанија, како и на веќе основани претпријатија во нивната почетна фаза (коипостојат максимум 6 години) преку обезбедување едукативна, логистичка ифинансиска помош. Заинтересираните компании за повеќе информации може да јаискористат вебстраницата на фондот: www.fitr.mk М-р Никола Димковски


БИЗНИС ИНФО

10

петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС РЕГУЛАТИВА

ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ – одржана третата информативна сесија во Кавадарци Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, се одржа третата по ред информативна сесија на тема „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика“ во хотел „Фени“ во Кавадарци на 29.03.2017 година. Пред присутните накратко беше претставен проектот и активностите од проектот од страна на Ирена Мојсовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија,


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

11

БИЗНИС РЕГУЛАТИВА која ги поздрави присутните и истакна дека во рамките на Проектот пет клучни сектори земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива. Исто така посочи дека ова е можност да се слушнат проблемите на малите, микро и средните претпријатија во овие области со цел да послужат како материјал за организирање на други целни активности во рамките на Проектот. Свое обраќање имаше и господинот Љупчо Димовски, директор на „Епицентар интернационал“ – Скопје, кој истакна дека целта на овие сесии е подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените што фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи. Предавачи на информативниот настан беа госпоѓа Ленка Петковска, правник, која од 1990 година работи во областа на царинската законската регулатива, вработена во Министерството за финансии на Република Македонија и господин Славко Лазовски кој работи во областа на даноците и даночната политика. Првиот предавач Ленка Петковска пред присутните компании го објасни Законот


БИЗНИС ИНФО

12

петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС РЕГУЛАТИВА за царинска политика, во делот на увоз и извоз на текстилни и земјоделски производи, објасни кои се правата и обврските во царинските постапки и потребната документација во царинската постапка како и правните процедури при вршење на царинскиот надзор. Вториот предавач Славко Лазовски, пред присутните компании од областа на даноците и даночната политика имаше свое излагање за Даноците со посебен осврт на: прописи поврзани со персоналниот данок, данок на добивка, ДДВ како и правилно утврдување на даночната основица, одредби за санкционирање и сл. Целта на овој информативен настан беше детално информирање на компаниите за Законот за даночна и царинска политика со цел полесно спроведување на истите но и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. На настанот присуствуваа повеќе од 34 учесници од повеќе сектори и тоа од земјоделие, метален и прехранбен сектор, градежништво, ИКТ-технологија, електро индустрија, преработка на тутун, од угостителските и трговските друштва на големо и мало како и претставници од општина Кавадарци. Овој настан претставуваше одлична можност да се слушнат проблемите на микро, малите и средните претпријатија кои секојдневно се соочуваат за да се направат напори за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во наредните години во кои ќе се спроведува Проектот. Организирањето на овие информативни сесии е отпочнато со одржувањето на првата информативна сесија во Велес на 22 март 2017 година и со втората информативна сесија во Тетово (27.3.2017 година). Сите вкупно предвидени 18 информативни сесии ќе бидат организирани до 7 јуни 2017 година во неколку градови во Македонија и тоа во Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје на три теми: 1. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и Законот за безбедност и заштита при работа; 2. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика и 3. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот. Со цел полесно имплементирање на законите, како и јакнење на јавно-приватниот дијалог за донесување на подобра бизнис-регулатива ќе бидат главните приоритети на овој четиригодишен проект предводен од трите стопански комори во Македонија и тоа: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Тања Мицева


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

13


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 31 март 2017, Бр. 301

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕТАЛУРГИЈАТА ЈА РАЗГЛЕДАА ПРЕДЛОГ РЕГУЛАТИВАТА ЗА ИНДУСТРИСКИ ЕМИСИИ Согласно интересот и значењето на новата регулатива за индустриски емисии, во рамките на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија на 29 март 2017 година се одржа работна средба на којашто уште еднаш се разгледа понудената регулатива и се дадоа мислење и забелешки од аспект на нејзината применливост во пракса. Новата регулатива за емисиите на индустриски гасови се подготвува во рамките на Твининг проектот којшто го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање се со цел зајакнување на капацитети на централно и локално ниво за спроведување на Директивата за индустриски емисии во Македонија. Членките на Комората како и другите засегнати страни беа запознаени со овој проект на работилницата одржана на 14 март 2017 година. На состанокот, претставници на индустријата на основни метали и на други индустриски капацитети засегнати со предметната проблематика заедно со претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање и постојаниот советник


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ во Проектот од страна на Австриската агенција за екологија се навратија на новитетите кои ги предлага новиот закон за индустриски емисии. Накусо, новата регулатива предвидува задолжителна примена на најдобрите достапни техники кои се наоѓаат во НДТ заклучоците за Р.Македонија. Сеуште нема изготвени вакви документи, но за да може да се имплементира новиот закон, МЖСПП ќе изготви правни акти. Се предвидуваат построги гранични емисии како и изготвување на основен извештај за состојбата со подземната вода и почвата. Врз основа на овој извештај, доколку компанијата некогаш се затвори, ќе треба да направи извештај за тогашната состојба и доколку има зголемување во загадувањето на почвата и подземните води ќе треба да изврши ремедијација на почвата до степен од основниот извештај. МЖСПП доколку смета деке вредностите и во сновниот извештај се високи, може да бара ремедијацијата да биде извршена и под вредностите од основниот извештај. Претставниците на индустријата посочија низа отворени прашања, како што се прашањата поврзани со најдобрите достапни технологии, усогласеноста на законот со Националниот план за емисии, еднаквиот однос на законските решенија во однос на сите индустриски инсталации што не е актуелна пракса, а едно од суштестевните прашања се однесува на транзициониот период. Имено, новиот закон за индустриски емсиии треба да се донесе во 2018 година и да се применува 2 години после после донесувањето. Транзиционен период во ЕУ за имплеметација на новата директива е 4 години. Со оглед на економската состојба со стопанството во РМ беше укажано на Министерството за животна средина и просторно планирање да бидат претпазливи со роковите за имлементација на Новиот закон, односно роковите да бидат поголеми од 4 години, бидејќи РМ не е земја членка на ЕУ. Текстовите на новите законски решенија се достапни на www.ied-twinning. info а заинтересираните своите предлози и сугестии можат да ги достават во писмена форма најдоцна до среда, 5 април 2017. Зорица Мешкова


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 31 март 2017, Бр. 301

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

ОДРЖАНО ТРЕТОТО ПРЕДАВАЊЕ ОД МОДУЛОТ: „МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ“ Четирите основни предизвици со кои се соочуваат менаџерите во денешно време се: остварување на конкурентска предност, одржување на етичките стандарди, раководење со работна сила и користење на новите технологии и информатички системи. Во таа насока членовите на Клубот на менаџери-претприемачи присуствуваа на третото предавање од Модулот: Менаџмент вештини, кое се одржа на ден 31.03.2017


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

17

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

година во соработка со Љупчо Георгиев, лиценциран тренер за „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ во Македонија и генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово. Менаџментот е комплексна задача која во денешни услови тешко може да биде вршена само од еден човек и затоа, по правило, управувањето во големите организации е доверено на група луѓе – менаџери кои мора да имаат соодветни знаења, искуство и вештини потребни за успешно изведување на задачата. Со користењето на информатичките технологии менаџментот значително е унапреден, особено со продорот на информациите и знаењата како постојана потреба на менаџерите и другите вработени, како и можноста за моментален увид и пресек на состојбата на сите компоненти од работењето на организацијата, во кое било време. Исто така, соработката на научните установи со бизнис - заедницата и користењето на научните сознанија со практична примена во реални услови, континуираните истражувања и развојот, придонесоа за натамошно осовременување и унапредување на менаџментот. Клубот на менаџери –претприемачи повеќе од една година успешно работи во рамките на институција која е бренд за коморско организирање во Република Македонија, но и пошироко. Со знаењето, професионалноста и добрите бизнис контакти, но и одличната соработка која Комората ја има воспоставено со домашните и меѓународните институции, овозможи преку Клубот на менаџери –претприемачи да се обединат сите бенефити на едно место, но и да се понудат и нови услуги во насока на поддршка на малите и средни компании за пронаоѓање нови деловни партнери во земјата и во странство и нивни промоции. Валентина Цветковска


БИЗНИС ИНФО

18

петок, 31 март 2017, Бр. 301

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

6.4.2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневен семинар: ДИГИТАЛНА ТРАНФОРМАЦИЈА СЕГАШНОСТ И ИДНИНА

Во современите услови на работење, се` поактуелна е темата за дигитална трансформација.

Компаниите како: Airbnb, Uber, Alibaba и многу други, претендираат да бидат лидери во својата област, област која се базира исклучиво на давање електронски услуги на корисниците преку примена на нови технологии. Со тоа се развива свеста дека е неопходно да се промени аголот на гледање и сфаќање на традиционалните начини на водење на бизнисот. Тоа е причината за уште позначајната улога која ја има топ менаџментот, а тоа е сфаќање и прифаќање на можностите кои ги нуди новата технологија.

Појавата на нови технологии како: Cloud Computing, IoT, 3D printing, Machine learning, Big-

Data и многу други, драматично ја зголемуваат потребата за трансформација на традиционалните бизнис процеси со нови бизнис модели, процеси и услуги, каде што корисниците се во центарот на вниманието, со цел да се добие подобра конкурентска

позиција

во

немилосрдната

конкуренција. Во контекст на дигитализацијата, дури и класичната економија го доби „Д” префиксот и стана дигитална економија. Затоа не е чудно што се појавија и крипто валути, како и Bitcoin, кои меѓу другото претставуваат алтернатива на класичните пари.

Сепак, треба да се има предвид дека

изобилството на новата технологија има и друга страна, а тоа е нивото на безбедност кое злонамерните актери сакаат да го искористат. Трансформацијата на бизнис процесите со оптимален сооднос на примената на новите технологии и соодветна заштита обезбедува предуслови за успешна дигитална трансформација на компанијата.

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

петок, 31 март 2017, Бр. 301

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

9-10 мај 2017 година во Луксембург

Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017”

Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при

Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери

Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017” 9-10 мај 2017 година во Луксембург

Ве информираме дека на 9 и 10 мај 2017 година, се организираат средби „ИКТ пролет во Европа

2017” во Европскиот конвенциски центар, во Луксембург. Во 2016 година, беа организирани средби за 93 компании од 15 земји во текот на овој настан.

„ИКТ пролет во Европа“ е една од најголемите меѓународни информатичко-комуникациски и

технолошки конференции во Европа. Настанот е посветен на излагање и прикажување на најновите релевантни трендови и иновации и се дискутира за нивното влијание врз општеството и работниот свет. За повеќе информации во врска со „ИКТ пролет во Европа 2017“ посетете ја веб-страната: www. ictspring.com .

На годинешново издание ќе има неколку главни теми: ИКТ во банкарството, Иднината на

филмовите и дигиталната реалност, простор за апликација: технологија, финансирање, конкурентност, претприемништво, истражување на вселената: освојување на просторот, рударски простор, набљудување на Земјата, просторни ресурси и индустријата со иднина на автоматизација и текови на економијата.

Настанот ќе понуди: два дена деловни средби, можност да се изградат силни врски и

партнерства во ИКТ-секторот, мрежно поврзување за дигитални лидери, менаџери, иновации, истражувачи, стартап, итн,

Услови за учество: еден претставник од компанија плаќа: 100,00 евра, а секој нареден учесник

од иста компанија плаќа 75,00 по лице. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 31 март 2017, Бр. 301

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “

15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

петок, 31 март 2017, Бр. 301

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

„Global Business & Markets“

Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува

да воспоставите контакти со нови деловни партнери

Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.

Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за

поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.

На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна

соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:

www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на

www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 31 март 2017, Бр. 301

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

23


24

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 31 март 2017, Бр. 301

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.