Бизнис ИНФО, број 397

Page 1

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

345 Број 397

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 31.5.2019

РАБОТНА СРЕДБА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО СО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ, ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ И ДИРЕКТОРИТЕ НА УЈП И ЦАРИНСКАТА УПРАВА

СЛОВЕНИЈА ГОЛЕМ ПОДРЖУВАЧ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СОГЛАСНО СТРАТЕГИЈАТА „ЕВРОПА 2020“

Преку Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), од 17 јуни оваа година, ќе се врши обука на стручен и технички кадар за инсталирање на фотоволтаични системи и топлински колектори, со цел подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти. Преку обука, преквалификации и препознавање на претходно стекнато знаење и вештини, треба да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност, беше речено на прес конференцијата одржана во Стопанската комора на Македонија. Активностите во рамки на проектот ТРАИНЕЕ - „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“, се создавање предуслови за креирање конкурентна работна сила во градежниот сектор, која е подготвена да се справи со предизвиците на модерните економски текови, како еден од приоритетите на секоја национална економија. Проектот иницира креирање мерки кои претставуваат надградба на веќе постигнатите резултати во претходните два проекта - „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 2014-2016“ и „Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013“, со развој на тренинг


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА шеми, проширување на обуките и со преквалификации на работната сила (архитекти, градежни инженери, техничари и градежни работници) за да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност, - истакна д-р Ристо Иванов, претседател на Здружението за бизнис консултанти Креација, партнер во ТРАИНЕЕ проектот. Подобрувањето на вештините на градежните професионалци (архитекти, инженери и градежни работници) ќе се постигне преку 3 основни цели и тоа преку: * подобрување на вештините на градежните професионалци (градежни работници, архитекти и инжињери) за градење енергетски ефикасни објекти; * примена на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво; * зголемување на пазарната вредност на вештините за енергетско ефикасно градење. Во насока на постигнување мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Воведување на примена на информациско моделирање на градби, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, посочи д-р Иванов. Овие вештини треба да се прифатат од страна на сите чинители во градежниот сектор кои применуваат обновливи извори на енергија. Ќе се воведе и примена на информациско моделирање на градби и регистар на тренери и градежни работници за обновливи извори на енергија. Преку обуките за обновливи извори на енергија ќе се постигнат стандарди за енергетска ефикасност со можност да се акредитираат обуките за стручен и технички кадар за инсталирање на фотоволтаични системи и топлински колектори, истакна проф. д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Се предвидува, на обуките да бидат опфатени теми од безбедност при работа на инжињери, техничари, дизајнери и градежни работници, проектирање на нови технологии и изведба и примена на софтверски решенија, - додаде проф. д-р Спасевска. Во рамките на Проектот, Здружението на енергетика при Стопанската комора на Македонија активно ќе учествува во креирањето обуки за работници и инженери за инсталирање фотоволтаици со цел да се обучи кадар кој ќе може да одговори на се` поголемиот интерес за искористување енергија создадена од обновливи извори на енергија, - изјави д-р Ристо Јаневски, претседател на Здружението на енергетика при Стопанската комора на Македонија. Проектните активности ги спроведува Стопанската комора на Македонија, како координатор, во партнерство со: Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните - Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и WITS INSTITUTE SL (BIM Academy) Академијата БИМ од Шпанија. Овој проект е дел од Работната програма за„Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017 со цел зголемување на енергетската ефикасност на објектите. М-р Ирена Мојсовска


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

5

КОНФЕРЕНЦИЈА

КВАЛИТЕТНА АРМАТУРА КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА БЕЗБЕДНИ ГРАДБИ Во присуство на голем број стопанственици од градежниот сектор, претставници на академската заедница, стручната јавност и институциите, се одржа конференцијата „Квалитетна арматура – безбедни градби“ во организација на „Дојран стил“ во соработка со Стопанската комора на Македонија – Здружение на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите, Градежниот факултет – Скопје, Институтот за земјотресно иженерство и инженерска сеизмологија – Скопје и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија. Конференцијата претставуваше можност за презентирање на актуелните прашања поврзани со квалитетот на градежните производи со акцент на арматурата, споделување на практичните искуства на инженерите во секојдневното работење и согледување на потенцијалите и перспективите за натамошен развој на градежништвото и индустријата на градежни материјали. „Потребно е заедничко дејствување на научната јавност и реалниот сектор во насока на зголемување на квалитетот на градежните материјали и градбите, што доведува до бенефит не само за државата, туку и за бизнис заедницата и за граѓаните. Во таа насока Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија ќе продолжи со своите заложби за континуирано следење на тековните состојби во градежништвото и индустријата на градежни материјали, посочување на проблемите со кои тековно се соочуваат градежните компании и давање предлози и препораки за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти и квалитетот во градежниот сектор.“ – истакна во своето обраќање претседателот на Здружението, Андреа Серафимовски. Во излагањата, говорниците на Конференцијата се осврнаа на најновите трендови во областа на стандардите за квалитет и безбедност на арматурата, техничката регулатива за утврдување на квалитетот на арматурно бетонско железо и можните проблеми при неговото вградување, сертификацијата на челик за армирање бетон, а воедно беше презентирана и палетата на производи од челик на Дојран Стил како единствен производител на разни производи челик за армирање на бетон во земјата. На настанот кој претставуваше спој на теоретските и практичните искуства во однос на арматурата, свои презентации имаа и истакнати професори, експерти со долгогодишно искуство и претставници на компании – членки на Комората, меѓу кои Гранит АД Скопје, Градежен институт Македонија – ГИМ и Дојран Стил. Конференцијата се одржа во хотелот DoubleTree by Hilton, во Скопје. М-р Нена Николовска


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

ЗДРУЖЕНИЈА

ПРОБЛЕМИ НА МАЛИТЕ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

рупацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на којашто се дискутираше за проблемите кои ги имаат малите хидро електрани во работењето. При тоа на состанокот беше разговарано за надоместокот што малите хидро електрано го плаќаат согласно Законот за води и кој преставува финансиско оптеретување за фирмите, кои со добивање на концесија за вода се оптоварени со доплонителна давачка согласно Законот за води. На седницата, која ја водеше претседателот на Групацијата, Тодор Анѓушев, фирмите членки на Групацијата на обновливи извори на енергија изразија готовност овој проблем да биде решен преку иницијатива за измени на законската регулатива. Истовремено беше посочено дека Малите хидро електрани се соочуваат и со проблеми предизвикани од навладините организации кои се занимаваат со животна средина, а кои се големи и нерешливи, бидејќи фирмите имаат добиено концесија за градба на мали хидро електрани, согласно склучени концесиски договори, но истите неможат да ги изградат заради не издавање на потребните дозволи од инстутуциите за добиените водотеци. Во таа насока, компаниите членки на Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија донесоа заклучок - со еколошките здруженија да се работи проактивно и да им се објасни дека малите хидро електрани не ја загадуваат животната средина и не го нарушуваат биодиверзитетот во околината. Перо Авакумовски


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕНЕСЕНО

ПОПРИФАТЛИВИ ЦЕНИ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР И ЗГОЛЕМЕНА ПОНУДА Вкупната понуда на осигурителниот пазар е зголемена, а цените по кои се нудат услугите се прифатливи и поповолни за корисници. Ваква е оценката на претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски за осигурителниот пазар во првиот квартал од годинава. Она што го одбележа овој квартал, како што рече, се двете преземања на Нова осигурување АД Скопје и Еуросиг АД Скопје. Соопшти дека Нова осигурување е преземено од стран на Халк банка и работи под новото име Халк осигурување Скопје, а Еуросиг е преземено од австриската осигурителна групација ГРАВЕ на 27-ми овој месец. – На двете преземања гледаме како признание за постоење функционален пазар на осигурување и истовремено како на позитивен тренд со оглед на тоа што на домашниот пазар се привелечени осигурителни групации со голема традиција, што подразбира подобри осигурителни услуги за граѓаните и стопанството, истакна Попоски и додаде дека на осигурителниот пазар работат 16 друштва за осигурување од кои 11 вршат работи во неживотно осигурување, додека пет осигурување живот. Бруто полисираната премија во овој квартал, како што соопшти Попоски, изнесува 2,45 милијарди денари и бележи раст од 5,36 отсто во однос на тој период лани. Пораст во делот на неживотно осигурување бележи и бројот на бруто полисирана премија од 2,58 отсто и бројот на склучени договори од 12,5 отсто. Во овој период склучени се 313.335 договори. Пораст кај автоодговорноста има од 1,19 отсто, кај имотното 5,83 отсто, кај земјоделското 216,69 отсто, здравственото за 30,60 отсто, каското 14,77 отсто, патничкото 9,26 отсто…. Попоски појаснува дека кај автоодговорноста порастот е пред се на нови возила и возила од увоз, додека кај имотното осигурување отпаѓа на порастот на земјоделското осигурување, додека кај имотот цената на осигурувањето. Кај животното осигурување карактеристика е двоцифрениот пораст од 17,29 отсто. Штетите, исто така, во првиот квартал забележале пораст. Исплатени се бруто износ од 15,6 милиони евра и бележат пораст од 3,07 отсто во однос на првиот кваратал од минатата година. За полиси за неживотно осигурување се исплатени 871,3 милиони денари, додека Друштвата за осигурување живот исплатиле 87,2 милиони денари.


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

РАБОТНА СРЕДБА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО СО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ, ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ И ДИРЕКТОРИТЕ НА УЈП И ЦАРИНСКАТА УПРАВА

Компаниите од ТИРЗ и индустриските зелени зони со предлог-мерки и препораки за унапредување на бизнис климата Компаниите кои работат во Технолошко индустриските развојни зони, и во индустриските зелени зони доставија барања и предлог решенија за подобрување на условите за водење бизнис во земјава на работна средба со Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев вицепремиерот Анѓушев и директорите на УЈП и Царинската управа Сања Лукаревска и Ѓоко Танасоски одржана на 28 мај 2019 година во Стопанскатa комора на Македонија. Како што нагласи Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, согласно спроведената анкета помеѓу компаниите-членки изготвен е интегрален документ кој ги содржи клучните приоритети и предлог-мерки дефинирани согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на позитивни деловни практики и компаративни искуства во областа, со кои сметаат дека нивната работа ќе биде поефикасна, а воедно ќе се поедностават одредени административни процедури. Покренати се иницијативи и сет на приоритети на економските политики, од перспектива на странските инвеститори, но дополнително испорачани се предлози за олеснување на работењето во специфични области (даночна и царинска политика, работни односи, образовен систем, работна сила, државна помош и друго), со цел да се стимулира подинамично инвестирање на странскиот капитал во земјата, проширување на постоечките капацитети и дополнителни работни места –


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

9

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ потенцира Мизо. Овие иницијативи се особено важни за работата на самите компании, но од нив произлегуваат и измени на легислативата со која се унапредуваат бизнис условите за сите странски компании без разлика на дали се лоцирани во или надвор од слободните економски зони. Toa e показател дека странските компании водат грижа за подобрување на бизнис-климата во земјава и нивната

долгорочна цел е да останат во државата и да отвораат нови работни места, но воедно и ќе ја олеснат одлуката на други странски компании да дојдат во Македонија согледувајќи ги искуствата на своите колеги кои досега инвестирале во земјава. Премиерот Заев ја поздрави иницијативата на претставниците на странските компании, истакнувајќи дека со дел од нив се среќава и во други прилики и истакна дека Владата е одлучна и посветена да го продолжи ваквиот начин на систематизиран пристап, којшто е од голема помош за изнаоѓање на флексибилни решенија и се изнесуваат можностите кои државата ги презема со цел да излезе во пресрет на компаниите. „Од висок државен интерес е вашата успешност, вашата профитабилност, со што ги потврдувате нашите надежи дека ќе го проширувате производството и ќе продолжите да бидете и во иднина, најголемиот мотиватор за привлекување на странски инвестиции во државата“, рече премиерот Заев, подвлекувајќи дека успешните резултати на компаниите помагаат за зголемување на Бруто домашниот производ (БДП) и интересите се заеднички и со единствена цел уште поголемо подобрување на економските параметри и подигнување на животниот стандард на граѓаните. Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата останува отворена да ги слушне потребите на компаниите и дека ќе води постојан дијалог со сите компании, со странски, но и со домашен капитал,


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

во интерес на економскиот развој на државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните. “За постигнување на повисоки стапки на економски раст, Владата е фокусирана на поддршка на индустријата, градежништвото, земјоделството и раст на трговијата како придружна гранка на претходните три. Со оглед на тоа што како држава не располагаме со природни ресурси како нафта и гас, а туризмот е гранка која има релативно ограничен потенцијал на раст, Владата е насочена на силна поддршка на индустријата и креирање на подобри услови за водење на бизнис во државата и преку креирање на квалитетна легислатива, но и со изградба на квалитетна инфраструктура”, потенцираше Анѓушев. Како што истакна д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, посветеното работење на привлекувањето нови странски инвеститори и на одржувањето на контакти со постојните инвеститори, но и на поттикнувањето на домашните компании да се вклучат во синџирот на набавки на мултинационалните компании треба да продолжи и во иднина, верувајќи дека ваквите средби се добра можност за размена на мислења и ставови коишто ќе прераснат во платформа за постојан канал на комуникација со Владата и дека ќе се воспостави систем за одржување на редовни консултации на квартално ниво, на којшто компаниите членки ќе можат да укажат на сите недоследности, неусогласености и нелогичности на постојната регулатива, а Владата да ја преземе обврската да ги разгледа и да се произнесе за укажувањата на бизнисмените. Во моментов во Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство земаат учество дваесет и две странски компании од технолошко-индустриските развојни зони и од индустриските зелени зони од целата држава. Компаниите-членки на оваа Асоцијација во 2018 година вработуваат околу 20 илјади вработени со остварени годишни приходи од над 2,5 милијарди евра.


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

11

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

Овие странски компании имаат особено големо влијание во целокупниот економски раст на земјата преку креирање на нови и добро платени работни места, пораст на продуктивноста на работната сила, пристап до нови технологии и знаења, развој и усвојување на современи менаџерски вештини, финансиска стабилност и општа благосостојба во општеството. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ФОРУМ

СЛОВЕНИЈА ГОЛЕМ ПОДРЖУВАЧ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија не е на задоволително ниво, но постојат големи можности за соработка и за интензивирање на економските односи меѓу двете држави, - оценуваат деловните луѓе од компаниите и коморите кои во Стопанската комора на Словенија ги разгледуваа можностите за бизнис соработка (28.5.2019 година). На форумот воведни обраќања имаа премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Словенија, Марјан Шарец, како и претседателите на, Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и на Стопанската комора на Словенија, Марјан Шарец. - Работиме на регулативи за зголемување на соработката меѓу двете земји. Цел е да го достигнеме словенскиот стандард на работење-истакна Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ја поздрави иницијативата за одржување на овој значаен бизнис форум и истакна дека во услови на глобално отворена


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

13

БИЗНИС ФОРУМ економија, бизнис интересите ги одредуваат партнерите и дестинациите. - Словенија треба да биде подржувач на Македонија во предпристапниот процес во ЕУ и треба да учиме од вашето искуство – истакна Азески. - Со цел урамнотежување на трговското салдо, неопходно е продлабочување на економската соработка, имајќи предвид дека расположивите потенцијали и можности се многу поголеми од досега реализираното, што се потврдува со движењето на надворешно трговската размена гледано во подолг временски период, - посочи Азески. Презентација на деловнaта и инвестициска средина на Словенија и Северна Македонија, пред присутните, беше презентирана од страна на Андреј Ласич, помошник-менаџер за корпоративно и инвестициско банкарство и директор за операции со клучни клиенти во НЛБ и од страна на Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје - За зголемување на соработката потребно е да се инвестира во инфраструктурата, битен фактор за двете земји - посочи Андреј Ласич, помошник-менаџер за корпоративно и инвестициско банкарство и директор за операции со клучни клиенти во НЛБ. Согласно структурата на досегашната соработка во извозот и увозот, размената најмногу се заснова на производи од металната и електро индустријата, секторот на производство на основни метали, хемиската и земјоделско прехранбената индустрија. Словенија и Македонија, имаат соработка која треба да продолжи и во здравството, културата, образованието, и постои простор за развој и на поинтензивна соработка во туризмот, агрокомплексот и други дејности кон кои ќе не насочат нашите членки. Постојат реални можности за продлабочување на соработката во овие сектори, воглавно во остварување на заедничко производство на компании од двете држави кои имаат компатабилни техничко-технолошки капацитети, со цел за заеднички настап на трети пазари Вкупниот обем на размената од 261,1 милиони САД$ во 2018 година, забележа раст за 11,9%, при што извозот од 91,7 милиони САД $, бележи раст од 20,5%, а вредноста на увозот од 169,4 милиони САД $ е со пораст од 7,7% во однос на 2017 година. Сепак, со трговски дефицит од 77,8 милиони САД долари во 2018 година, покриеноста на увозот со извозот е само 54%. Словенија го зазема 17-то мeсто во 2018 година, и од секогаш била меѓу првите 20 земји со кои Република Северна Македонија има најголем обем на трговска размена. Конкурентноста и иновативноста на словенската економија покажува дека вложувањето во иновации и технолошки развој ја зголемуваат можноста за создавање на висок економски развој, создавање на нови иновативни производи со висока додадена вредност спремни да се соочат со конкурентните барања на земјите од Европската унија и Светот. Податоците повторно покажуваат дека извозните капацитети на Словенија се реализираат преку 1076 компании а во Македонија преку 447 компании. Македонија и Словенија се релативно слични земји по својата поставеност, и двете се мали земји со прилично иста географска големина и број на население. Но, факт е дека Словенија има годишен извоз од 28 милијарди евра, а Македонија од 5 милијарди евра реализирани преку 8000 извозни компании од Словенија споредбено со 3000 извозни компании од Македонија. Јадранка Аризанковска


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

КОНФЕРЕНЦИЈА

СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И ПОЛИТИКИ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО БИЗНИС СЕКТОРОТ

Преку ефикасно и професионално работење на сите чинители во општеството, подигнување на јавната свест за сузбивање на корупцијата, подигнување на деловната етика, примена на европски и етички стандарди и дигитализација во јавната администрација, може да се влијае во намалувањето на корупцијата. Ова е констатирано на Конференцијата за интегритет и антикорупција во бизнис секторот, организирана како дел од проектот: „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ кој е финансиран од Европската Унија. Еден од основните предуслови за обезбедување на одржлив и континуиран економски раст, повисок животен стандард и поволно деловно окружување е обезбедувањето на еднакви услови за сите чинители на пазарот истакна Јадранка Аризанковска, виш советник при Стопанската комора на Македонија. Перцепцијата за поволно бизнис опкружување, креира очекување на позитивен резултат и враќање на инвестицијата, што допринесува до поголеми инвестициски циклуси во споредба со перцепцијата за негативна бизнис средина. Поголемата инвестиција создава поголема


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

15

КОНФЕРЕНЦИЈА побарувачка, повеќе работни места, повисок раст и подинамична и конкурентна економија. Со цел да ги извршуваат своите економски активности ефикасно и да ги постигнат своите бизнис цели, приватни компании бараат поволна бизнис средина која ќе им овозможи да бидат продуктивни и профитабилни. Тоа подразбира владеењето на правото за да се обезбеди сигурност, потребното регулаторно опкружување и функционална инфраструктура. Присуство на фактори кои и штетат на бизнис климата (како што е перцепцијата за корупција) претставува пречка за водење бизнис и го спречуваат приватниот сектор да просперира и да се развива со полн потенцијал. Потребно е компаниите да бидат проактивни во поттикнување и развивање на анти-корупциски мерки, кодекси на етика и интегритет, додаде Аризанковска. Во последната деценија, свеста за корупција во Македонија е зголемена и е важен приоритет во политичката агенда на земјата, делумно поради обврските кои произлегуваат од пристапувањето кон Европската Унија за последователно да ја прилагодат националната легислатива во согласност со acquis communautaire. Проблемот со корупцијата е препознатлив во светски рамки и компаниите се повеќе спроведуваат внатрешно усогласени политики кои применуваат одредени неприфатливи практики и санкции за повреда на воспоставените стандарди Според истражувањето за транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост спроведено од Центарот за граѓански комуникации во јануари 2019 просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28% од можни 100%, додека обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67% од претпријатијата во државна сопственост. Како дел од проектните активности, а со цел да се зајакнат капацитетите на 150 претставници од бизнис секторот во тек се обуки за обучувачи за спречување и борба против корупцијата. ЕУ проектот:„Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата. Проектот го спроведуваат во партнерство Центарот за граѓански комуникации, Конект и Здружението на даночни советници, а е финансиран од Европската унија, во рамките на програмата на ЕУ за поддршкана организациите од граѓанското општество. На настанот свое обраќање имаше и министерката за правда д-р Рената Дескоска и претставник од Делегацијата на ЕУ. м-р Ивана Крстевска


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

ФЕЉТОН – Регионално обединување

ЦРНА ГОРА – ТРГОВСКИ ПАРТНЕР СО СТАТУС КВО ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА Сашо Деспотоски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија Мала земја со голем потенцијал и лидер во регионот по раст на БДП и на странски инвестиции кои лани достигнале над 6,5 милиради евра. Тоа во една реченица е сликата за Црна Гора денеска, една од 6-те држави во рамки на Западен Балкан. Искуството на оваа мала по територија и по број на жители земја, треба да биде пример за сите останати во регионот, е заклучокот на бизнис форумот што пред неколку дена се одржа во Подгорица помеѓу македонски и црногорски стопанственици, со директна и конкретна подшрка од премиерите на двете земји. Двете држави спаѓаат во групата на мали држави и затоа е потребно меѓусебно да соработуваат да разменуваат исксутво и знаење, да се обединат за заеднички настап на трети пазари и да работат на раст на економиите во сите земји од регионот, бидејќи само на тој начин ќе придонесат во отворање на евро-атлантските перспективи и зголемување на трговската размена помеѓу самите нив. Унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји е од особено значење за развојот на поширокиот регион на Југоисточна Европа, како дел во кој припаѓаме. Нашата земја и Црна Гора имаат континуитет во соработката. Помеѓу две пријателски земји нема никакви политички и економски нерешени прашања, но економската соработка е на минимално ниво наспроти можностите кои ги нудат економиите. Во последниве единаесет години, во надворешно-трговската размена се забележува една константа, без особени нагорни и надолни варијации кај извозот или увозот. Податоците не се импресивни и треба итно да се делува истите да се променат бидејќи нивото на економската соработка не е задоволително и истото треба да се издигне, бидејќи в о бизнисот секогаш мора да постои тренд на раст и развој. Факт е дека долги години наназад од сите земји на Западен Балкан најмала размена сме имале токлму со оваа земја, а тоа го потврдуваат и бројките. Вкупниот македонски извоз во периодот од 20072018 година изнесува 371 милиони САД$, додека пак вкупниот реализиран увоз од Црна Гора изнесува 42 милиони САД$ и со тоа вкупната трговска размена за целиот период изнесувала околу 413 милиони САД$. Од макроекономска гледна точка освен традиционалниот извоз во делот на земјоделските култури, прехрамбени и фармацевтски производи, како и увозот од Црна Гора од дрво и остатоци од дрво, нашите две држави немаат постојана трговска соработка со можност за зголемување за производи кои не припаѓаат во горе наведените сектори на дејности. Има објаснување за ваквите мали економски остварувања во меѓусебната соработка. За бизнис секторот голема пречка и ограничувачки фактор за унапредување на трговската размена е инфраструктурната неповрзаност и недостиг од директна авионска лиија.


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

17

ФЕЉТОН – Регионално обединување Брзината и фреквентноста на протокот на стоките меѓу земјите од Западно - Балкански регион имаат се` поголемо значење за подобрување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар на стоки и услуги, со што преку користење на услугите на пристаништето во Бар се прошируваат можностите на нашите компании за практично реализирање на потребата за користење и на други превозни патишта, како алтернативни решенија на традиционалните меѓународни патишта. Иако инфраструктурната поврзаност со ова пристаниште не е на потребното ниво, перманентна е заложбата на бизнис-заедницата да се подобрат состојбите на тој план, имајќи во предвид дека тоа е трето најблиско пристаниште по пристаништата во Солун и Драч. Соработката и размената може да се зголеми и преку поистакнато ангажирање на веќе формираниот Македонско-црногорскиот деловен совет во насока на интензивирање на економската соработка на компаниите, развивање на трговските контакти, насочување и унапредување на извозно-увозните можности. Со цел постигнување подобри резултати, овој совет е еден вид логистичка поддршка за компаниите од двете земји, а работи на придвижување, унапредување и промовирање на трговската размена меѓу Македонија и Црна Гора. Неопходна е потребата и Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу двете земји, кој беше потпишан уште во 2009 година да почне целосно да се имплементира и економиите на двете земји да ги почувствуваат ефектите од туристичката соработка и во пракса, преку зголемување на бројот на туристи, за кој е сосема реално да ја достигне бројката која овие земји ја бележеа во рамките на поранешна Југославија, но и во креирање заеднички туристички дестинации за туристи од трети земји. Голем потенцијал за интензивирање и продлабочување на соработката помеѓу двете земји постои и во делот на иновациите, новите технологии и подобрувањето на услугите и производите за полесен пристап на трети пазари. Важноста на Црна Гора за нашата земја, но и за останатите од регионот е уште поголема бидејќи таа е единствената држава во Западен Балкан каде е отворена првата канцеларија на Генералниот секретар на КИФ во Подгорица. Тоа и дава централна позиција на оваа држава од каде ќе се реализираат активностите за регионална економска интеграција, кои со голем ентузијазам ги започнаа заеднички шесте комори од регионот, во насока на имплементација на повеќегодишниот акциски план за регионална економска област. А своите активности КИФ ги има насочено кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот, поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји, подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, но и пошироко, преку зголемена регионална економска соработка, промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање агенда за дигитална интеграција. Во таа насока се работи на обезбедувањето на понатамошна економска интеграција на регионот, преку креирање на заеднички пакети на услуги за компаниите од регионот, создавање на заеднички институции, но и поддршка за компаниите да соработуваат прекугранично и да настапуваат здружено на трети пазари. Дуалното образование, дигиталната трансформација, поддршката на извозот и креирањето на заеднички ланци на снабдување, создавањето на заеднички регионални кредитни бироа и регионален арбитражен центар се само дел од зацртаните активности. Развојот на Црна Гора, местополжбата, позицијата во рамки на КИФ и дава на земјата исклучително големо значење како дректен партнер но уште повеќе и како регионален, што треба да биеде поттик за продалобочување и проширување на соработката, во насока на издигнувањее на регионот како една економска област која ќе конкурира на европските пазари и пошироко.


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

АГЕНДА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЦРТАНИТЕ АКТИВНОСТИ НА КИФ (III дел) м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија Во насока на креирање на Единствена Регионална Економска област (РЕО), со цел соединување на регионот и овозможување на заеднички напредок на бизнис заедниците и економиите на шесте земји од регионот на Западен Балкан, во агендата на Коморскиот инвестициски форум- КИФ, јасно е дефиниран и ставот за овозможување на слободно движење на луѓето во регионот, односно дозвола за луѓето од регионот да патуваат, студираат и работат во регионот без дополнителна документација (патување без пасош, само со лична карта) и премногу администрација. Решавањето на ова прашање потенцијално ќе доведе до креирање заеднички пазар на труди до одредено ниво ќе ги реши проблемите на регионот со невработеноста. Во регионот на Западен Балкан постои голема стапка на невработеност со тоа што најниската е во Албанија (13.8%), потоа следуваат Србија (14.1%), Црна Гора (16.1%), Босна и Херцеговина (20.5%), Северна Македонија (22.4%), а највисоката стапка на невработеност за 2017 година се бележи во Косово (30.5%). Покрај големите стапки на невработеност, земјите од Западен Балкан се соочуваат и со проблем во рангирањето според можноста да ги задржат талентираните луѓе во своите земји . Слободното движење на луѓето низ регионот ќе придонесе кон спречување на одливот на високообразован кадар, преку отворање повеќе можности во рамките на регионот: * Отстранување на бирократските и административните пречки (без работни дозволи, дискриминација за жителите на која било земја од регионот) за да се овозможи мобилност на професионалците низ целиот регион со тоа што ќе има заемно признавање на договорите за професионални квалификации во заеднички дефинираните сектори кои се од клучна важност за регионалните стопанства. Ова треба да се земе предвид заедно со тоа дека соработката меѓу


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

19

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) земјите треба да се спроведе на таков начин што ќе даде поддршка на мерките преземени од секоја земја засебно за да се гарантира хармоничен развој на вработувањето и да се осигура дека миграторните движења меѓу земјите нема да ја нарушат рамнотежата во тие земји. * Овозможување на автоматско признавање на академските квалификации за сите професии во рамките на регионот. * Создавање на мултилатерални договори за социјално осигурување и признавање на пензиските фондови за одредени сектори за да се овозможи поголема флексибилност и мобилност на работната сила во рамките на регионот. * Отстранување на пречките за мобилноста на студентите, научниците и академиците низ регионот за да се овозможи трансфер на знаење, соработка во рамките на академската заедница во регионот што ќе доведе до поголемо ниво на иновација, истражување и развој, итн. * Отстранување на барањата за виза за туристи што го посетуваат регионот за да се овозможи поголема мобилност на туристите во рамките на регионот. * Изготвување на регионална стратегија за усогласени образовни системи со проекции за идните потреби на пазарот на трудот. Дел од агендата на КИФ за поврзување на регионот се состои и од иницијативата за креирање заедничка регионална стратегија за енергетика. Креирањето на ваква стратегија особено во областа на производството/трговијата со електрична енергија може да резултира со тоа што ќе го направи регионот поодржлив, а со тоа и енергијата ќе биде посигурна со оглед на тоа што ќе се заснова на сопствени извори. Фокусот на обновливата енергија треба да го направи регионот поеколошки и енергетски поодржлив. Со цел спроведување на оваа стратегија, потребно е: * Усвојување на стратегија за оптимизација на ресурсите и капацитетите за производство, но исто така и инвестиции во капацитетите за производство на регионално ниво. * Либерализација на регионалниот пазар на електрична енергија. * Еден од приоритетите би требало да биде и стандардизацијата на регионално ниво за инвестиции во обновливи извори на енергија (согласно практиките на ЕУ) што ќе доведе до привлекување на повеќе инвестиции во овој сегмент во регионот. * Стимулации за електрични возила и полначи за да се обезбеди побрз развој на областа на Западен Балкан, во единствен еколошки регион. Потребно е активно да се работи на создавање на услови за креирање на целосно функционална РЕО, што ќе придонесе за побрз раст и развој на економите и бизнис секторите на сите земји од регионот на Западен Балкан. Со имплементација на активностите зацртани во агендата на КИФ, регионот ќе стане поконкурентен на глобалната инвестициска мапа и ќе се створат можности за активна соработка и пласман на производите од ЗБ на пазарите на земјите од ЕУ но и пазарите на САД, Блискиот Исток и МАГРЕБ и др.


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

ДАНОЦИ И ЦАРИНИ

СТОП ЗА НЕЗАКОНСКАТА ДАНОЧНА ЕВАЗИЈА Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Многу често коментиран е случајот со водачот на Чикашката мафија Ал Капоне кој покрај тоа што секојдневно вршел криминални дела како незаконска трговија со алкохол, проституција и изнудување рекет, во 1931 година на крај сепак е обвинет и осуден за даночно затајување. Тој го признава делото и осуден е на 11 години затвор во Алкатраз и дополнително му се изречени парична казна од 50.000 долари и казна да плати 215.000 долари на име данок. Овој случај од почетокот на минатиот век, но и бомбастичните наслови со закани за затворски казни заради даночно затајување за познати личности од бизнисот, спортот, музиката и други, укажува на тоа дека борбата на безграничната имагинацијата на даночните обврзници кои не сакаат да плаќаат даноци и на државите на кои им се потребни приходи е секогаш актуелна. Одбегнувањето на плаќање даноци може да бидедопуштена или законска евазија (анг.tax avoidance) или недопуштено одбегнување или незаконска евазија - дефраудација (анг.tax evasion). Законската или како што се нарекува белата евазија ги опфаќа постапките на даночниот должник, со кои во целост или делумно се одбегнува плаќањето на данок, но со таквите постапки не се повредуваат законските норми, додека незаконска евазија претпоставува одбегнува плаќање на данок со кршење на даночните норми. Така, на пример, растот на акцизата на тутунот и тутунските добра кој е предвиден може да доведе до откажување од пушењето, со што ќе се одбегне плаќањето на данокот. Донаците и спонзорствата во дејности од јавен интерес, исто така се начини да се намали или избегне даночната обврска, а притоа не се прекршува ниту еден пропис. Изборот на даночно резидентство во друга држава, односно основање компанија во друга држава каде даноците се пониски, исто така е легитимно. Значи, воздржувањето од потрошувачка на оданочени производи, замената на повисоко оданочени производи со производи кои се поблаго оданочени и користењето на даночните олеснувања пропишани со закон претставуваат допуштена даночна евазија. Друга форма на законска евазија е изигрувањето на законите заради правните празнини и слабостите на легислативата и намалување на даночната обврска спротивно на духот на законите. Последица од белата евазија е намалувањето на даночните приходи.


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

21

ДАНОЦИ И ЦАРИНИ Незаконската даночна евазија пак, постои кога е извршена повреда на даночните закони како пропуштање да се пријави вршење дејност врз основа на што настанува даночната обврска, непријавување на приходите кои подлежат на оданочување, прикажување на непостоечки расходи како дедукција од даночната основа, пропуштање благовремена уплата на утврдениот износ на данок и др. Најчести форми на незаконска евазија се: даночно затајување (почесто се среќава кај даноците на приход, односно доход и социјалните придонеси) или дефраудација и контрабандата или шверц (кај посредните даноци, акцизи, царина и ДДВ). Незаконската евазија покрај тоа што директно влијае врз намалувањето на даночните приходи, истата значи и нерамноправна положба на економските субјекти, нееднаков третман на истите и создавање на нефер конкуренција, односно овозможување на конкурентска предност на субјектите кои спротивно на закон одбегнуваат да ги платат даноците. Затоа, СИЛНАТА БОРБА ПРОТИВ ЗАТАЈУВАЊЕТО НА ДАНОКОТ И СПРЕЧУВАЊЕТО НА ШВЕРЦОТ СЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖНИ ЗА БИЗНИСОТ. Дозволување на ваквите дејствија од страна на надлежните институции, односно пропуштањето на нивно соодветно постапување и отсуството на силна решеност во нивно спречување и санкционирање го нарушува амбиентот за работа на фирмите и граѓаните кои се посветени кон исполнување на даночните обврски. Постапката на одбегнување плаќање на данок претставува даночен деликт и во зависност од неговата тежина се казнува прекршочно или кривично. Но, колку и да е ригорозно казненото законодавство, ако истото не се спроведува не се сузбива незаконската евазија. Значи, надлежните институции мора силно да се фокусирани на борбата против даночното затајување, не само заради пораст на буџетските приходи, туку заради обезбедување еднакви услови за работа на бизнисот. Во оваа насока покрај казнените мора да се имаат предвид и превентивните димензии во борбата против даночното затајување како: создавање компетентна, ефикасна, високо мотивирана даночна и царинска администрација, поддршка на администрацијата со современа опрема за откривање и спречување на даночните и царинските деликти, заемна соработка со даночните органи со други државни органи. Секако унапредување на општата даночна култура и даночниот морал на населението и сведувањето на даночниот товар во разумни рамки, како и неутрализирањето на факторите кои создаваат отпор кон плаќањето на даноци се императив. Иако, постојано се промовираат проекти за инвестиции во опрема и во унапредувањето на работењето на царинската и даночната служба и покрај фактот што вкупните даночни приходи од 2012 година наваму континуирано растат (истото не се должи исклучиво на намалување на даночната евазија), генералниот впечаток е дека уште многу треба да се направи за намалувањето на незаконската даночна евазија и сивата економија во нашата држава. Македонските креатори на политиката во областа и надлежните служби ова го должат на плаќачите на даноци. На крај сите од нив земаат плата.


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

ОБРАЗОВАНИЕ

МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА ЗА КВАЛИТЕТЕН И ЕФЕКТИВЕН ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Образованието како процес мора постојано да ги следи тредовите во економијата и да излегува во пресрет на барањата на реалниот сектор. Во моментов, тоа е регулирано со над 20 закони и на 30 подзаконски акти во смисла на правилници, стандарди. Ригидноста на формалниот државен систем од (не)оправдани причини, на краток рок, не излегува во престрет на потребите на бизнис заедницата, тоа поттикнува недостаток на работна сила, а недостатокот на работна сила е најголемиот ограничувачки фактор за раст на економијата. Причинско-последичен процес и се така во круг. Развиените економии имаат рецепт како да се задоволат тековните потреби и систем, како да се обезбеди квалитетот во испораката на образованието воопшто. Нашата држава може да ги преземе најдобрите практики од развиените економии и да ги адаптира во национален контекст, и со континуирано следење, добрата практика да прерасне во системско решение. За да се создадат предуслови за поедноставување на ригидните и долготрајни законски процедури за да се излезе во пресрет на реалниот сектор, Стопанската комора на Македонија започнува соработка со Швајцарската федерација за образование на возрасни (SVEB) , која има повеќе од 60 годишно искуство, за подобрување на образовниот систем во делот на неформално образование. Швајцарската федерација за образование на возрасните се фокусира на неколку подрачја, помеѓу кои образовната политика, иновациите и развојната компонента на образованието, квалитетот, професионалноста и вмрежувањето. Високите поставени стандарди во работата се водич на оваа организација која има иновативен пристап при реализацијата на неформалното образование, посебно фокусирани на соработката со приватниот сектор и активности за подобрување на рамката по која се раководи неформалното образование и образованието на возрасните.


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

23

ОБРАЗОВАНИЕ Соработка со оваа федерација, користејќи го нејзиното искуство, ке придонесе да се изнајдат начини за поедноставување на законската регулатива во насока на поголема флексибилност на образованието кон пазарно орјентирани квалификации и вештини, но не како еднократни и брзи решенија, туку како долгорочни и одржливи решенија од кои ќе имаат корист сите во државата . Можеби и ние го знаеме тоа, но само потребно е некој со искуство да не води низ целиот процес. Соработката посебно ќе се фокусира на поедноставување на постапката за верификација на посебните програми за неформално образование и акредитација на институциите кои нудат неформално образование за преквалификација, доквалификација на поединците за побаруваните занимања. Скратување на временскиот рок за верификација и акредитација, но сепак да се запази квалитетот во понудата на квалификации и зајакнување на инспекцискиот надзор. Соработката бара учество и ангажирање на сите кои се вклучени во процесот на обезбедување на квалификувана и оспособена работна сила и носење на применливи решенија за да се оствари поголем ефект од резултатите на решенијата. Квалитетот на образовниот процес и понатаму треба да биде водечка цел, но времето на постигнување на целта и начинот на обезбедување квалификации треба да биде поедноставен. Квалитетот и професионалноста се цели кон кои треба да се стреми системот, во насока на подобрување на продуктивноста во економијата. Можеби е време да го смениме мислењето дека преголемата регулација на процесите носи поголем квалитет. КВАЛИТЕТОТ ДОАЃА САМ ПО СЕБЕ, САМО АКО ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРОЦЕДУРИТЕ И ИСТИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ, БЕЗ ИСКЛУЧОК.


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Ова е заклучокот што се наметнува кога ќе се погледнат резултатите од рангирањето што го прават ОЕЦД, ЕБРД и Европската фондација за обука преку Индексот за политиките за мали и средни претпријатија. Неодамна е објавена студијата за најновото рангирање, коешто го покрива периодот од изминатите 3 години. Рангирањето покажува дека политиките на земјава за мали и средни претпријатија во најголем дел заостануваат зад тие на другите земји од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија, Косово). Во ниту една од десетте области не сме најдобри. Во две области сме втори, кај олеснувањето на пристапот до финансиски средства и кај овозможувањето малите и средни претпријатија да ги претворат промените кај животната средина во можности. Во четири области сме во средината на групата. Во други четири области навистина не сме добри и тие заслужуваат посебно внимание . На пример, претпоследни сме во политиките што треба да им помогнат на малите и средни претпријатија да ги искористат можностите што ги нуди единствениот европски пазар. Тоа значи недоволна хармонизација со „акито„ на ЕУ, слабости кај стандардизацијата и сл. Конечно, најслаби сме од сите земји на Западниот Балкан во три области. Првата е создавање на амбиент во кој претприемачите и сопствениците на семејни бизнис ќе просперираат. Тука спаѓаат политиките поврзани со претприемничкото учење и особено со дизајнирањето на политиките, имплементацијата и мониторингот на женското претприемништво. Втората област кадешто сме на дното на регионот е можноста за брза втора шанса за претприемачи што се соочиле со банкрот. Тука земјава е подобра од сите други кај превентивните мерки, но не е добра кај преживувањето и процедурите за банкрот. Третата област што посочува


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

25

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР слабост на политиките за мали и средни претпријатија е надградбата на претприемачките вештини. Се разбира, извештајот нотира и подобрувања. На пример, малите и средни претпријатија од земјава имаат помали трошоци за извезување затоа што Институтот за акредитација има потпишано билатерални и мултилатерални спогодби со кои се отстранува потребата од дополнително тестирање на стоките што се извезуваат. Или, зголемен е капацитетот на Фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на претпријатијата . Понатаму, процесот на јавни набавки е рационализиран со тоа што е укинат Советот за јавни набавки, итн. Приоритетни области кон кои, според Извештајот, треба да се насочат идните активности, меѓу другите, се: Ø подготовка на сеопфатна анализа на недостигот на одредени вештини кај претприемачитеи потребите за обука; Ø воспоставување на координативно тело за ефективна примена на Стратегијата за мали и средни претпријатија, при што се сугерира водечка улога да се даде на Агенцијата за промоција на претприемништвото; Ø воспоставување на Национална Асоцијација на мали и средни претпријатија; Ø завршување на „Зелена“ стратегија за развој на мали и средни претпријатија како насока за прифаќање на практики што се во склад со грижата за животната средина; Ø зголемување на поддршката од јавниот сектор за зацврстување на соработката помеѓу малите и средни претпријатија и мултинационалните компании што работат во земјава; Ø поддршка од јавниот сектор за малите и средни претпријатија за нивна поголема вклученост во е-трговијата во услови кога продажбата на домашните претпријатија преку е-трговијата има најниско учество во регионот. Зошто е сето ова важно? Малите и средни претпријатија се многу важен дел на македонската економија. Дизајнирањето на добри политики за нивна полесна, поефикасна и поуспешна работа е нешто што може да донесе голема корист. Во тој контекст, ваквите извештаи подготвени од релевантни мултилатерални институции треба да се читаат и анализираат многу внимателно. Тие ни кажуваат каде се слабостите на земјава и каде се наоѓаме во споредба со другите во регионот, што е многу важно за конкурентноста на македонската економија. Добра можност да се извлечат поуки.


26

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

27

НОВИ ПРОПИСИ 27.05.2019 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ Со измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции се уредува:- Проширување на опфатот на субјекти кои можат да користат финансиска поддршка согласно овој закон, односно се овозможува користење н ...

27.05.2019 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА Измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовински плаќања се однесуваат на следните решенија:1. Се прецзизираат одредбите кои се однесуваат на исклучокот кога не се издава фискална сметка во моментот на п ...

27.05.2019 ЗАКОН ЗА ПРАКТИКАНТСТВО Со Законот се уредува постапката и условите за остварување на практикантството, правата и обврските на практикантот, на работодавачот кај кој се реализира практикантската работа, договорот за практикантска работа и евиде ...

27.05.2019 ЗАКОН ЗА УСЛУГИ Законот за услуги произлезе од потребата за усогласување со Директивата 2006/123/ ЕЗ со што ќе се реализираат предвидените активности утврдени во Националната програма на Република Македонија за усогласување со законодавс ...

27.05.2019 ЗАКОН ЗА ТУТУН, ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ () Со Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се уредуваат односите во врска со производството, откупот, обработката и прометот на необработениот и обработениот тутун, како и производството и прометот на пр ...

28.05.2019 ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР („Службен весник на РСМ“ бр. 102 од 22 мај 2019 година) Новиот Закон за инспекциски надзор содржи XVI глави: Глава I. - Општи одредби, содржи четири членови со кои се пропишуваат: предметот на законот, примената на законот, значењето на изрази употребени во овој закон и употр ...

27.05.2019 ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се создава законска можност за даночните обврзници – резиденти во земјата кои не се обврзани на регистрација, а, кои доброволно се регистрираат за да ...

Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


28

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

29


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 6.6.2019 година (четврток) 9:30 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ КАКО ФАКТОР ВО КОРПОРАТИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ (HUMAN RESOURCES AS A FACTOR IN CORPORATE SECURITY)

Современите корпорации секојдневно се соочуваат со обврски кои произлегуваат од законите и прописите кои се однесуваат на физичка и техничка безбедност, заштитата на деловни тајни и доверливи информации, информации за безбедноста на ИКТ-системите, прва помош, противпожарна заштита, безбедност и здравје при работа, заштита од несреќи при работа и слично. Овој семинар има за цел да сподели нови сознанија, методи и алатки за спроведување на ефикасна корпорациска безбедност и да ја истакне важноста на човечките ресурси во спроведување и одржување на системот за корпоративна безбедност. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, за владиниот и невладиниот сектор кој е вклучен во процес на менаџирање на безбедноста во корпорациите, менаџирањето со човечките ресурси, превенција, заштита и одржување на здравствената безбедност на човечките ресурси, и сл. Знаењата и вештините на менаџерите и вработените треба да бидат на високо ниво со цел да се координираат сите неопходни мерки за време на изготвувањето на потребните документи и нивна соодветна примена во пракса, бидејќи се среќаваат со голем број обврски: • примена на национални и меѓународни стандарди; • изработка на документација и нејзино приспособување кон големината и видот на бизнисот; • приспособување на организациската структура и реалните потреби.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

31

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 07.06.2019 година (петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ДАНОЧНО ИЗВЕСТУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ОБВРСКИТЕ ПОВРЗАНИ СО ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Следејќи ги најновите измени во законските и подзаконските акти, Стопанската комора на Македонија во соработка со ПрајсвотерхаусКуперс (PwC) на 7 јуни 2019 година, организира бесплатен еднодневен семинар на тема: „ДАНОЧНО ИЗВЕСТУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ОБВРСКИТЕ ПОВРЗАНИ СО ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ“. Овој семинар има за цел да ги презентира најновите измени во законската регулатива, како и даночните обврски предвидени во Правилникот за формата и содржината на извештајот за трансферни цени, видовите методи за утврдување на цената на трансакцијата во согласност со принципот на „дофат на рака“ и начинот на нивна примена (во понатамошниот текст “Правилник”) објавен во “Службен весник на РСМ” бр.59 од 20.03.2019 година. Предавачи: - Ана Шајноска, Постар даночен менаџер, ПрајсвотерхаусКуперс, со 12 годишно работно искуство од областа на даноците - Ели Боцевска, Даночен менаџер, ПрајсвотерхаусКуперс, со 15 годишно работно искуство, од кое 12 години во даночната област; - Ивана Лекиќ, Даночен менаџер, ПрајсвотерхаусКуперс, со 10 годишно работно искуство од областа на даноците. Сите заинтересирани за учество на бесплатниот семинар можат да се пријават најдоцна до 03.06.2019 година, пријавите по тој термин нема да се земат во предвид. Пријавувањето треба да се направи со пополнување на пријавен лист и проследување на следниот e-mail: mihajlo@mchamber.mk

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Сараево, од 11-12 јуни 2019 година

Бизнис средби на „ЕНЕРГА 2019“ во Сараево, од 11-12 јуни 2019 година

Агенцијата за развој на Сараево и Enterprise Europe Network во Босна и Херцеговина организираат Бизнис средби „ЕНЕРГА 2019“, за време на 9-тиот Меѓународен саем за енергија, рударство, заштита на животната средина и сродните индустриски дејности. Бизнис средбите на „ЕНЕРГА 2019“ ќе се одржат на 11-12 јуни 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина и би сакале да ве поканиме да учествувате на настанот. Бизнис настанот „ЕНЕРГА 2019“, ќе обезбеди дополнителна поддршка на компаниите во изнаоѓањето меѓународни партнери на Саемот. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и интереси и да разговараат за можната соработка. Во изминатите години, изложбата и конференцијата „ЕНЕРГА 2019“, со нивните програми и структура на учесниците, беа потврдени како успешен и атрактивен бизнис настан и го зазедоа своето место меѓу најзначајните настани поврзани со енергијата во регионот. Саемот „ЕНЕРГА“ е местото каде што се среќаваат истакнати домашни и странски компании, како и сегашните трендови и различни истражувачки и производствени достигнувања во производството и дистрибуцијата на електрична енергија, фосилни горива, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, сродна индустрија (метал, машини, градежништво и инженеринг) и различни форми на деловна соработка меѓу домашните и меѓународните компании. Свесни за фактот дека иновациите и технолошкиот напредок претставуваат основа за понатамошен развој на секторот, за деветтото издание на „ЕНЕРГА 2019“, објавуваме поголемо присуство на студенти, млади експерти и нови компании кои ќе можат да ги презентираат своите бизниси преку специјално дизајнирана програма, сесии и дизајнирани идеи и проекти за Саемот. Контакт лице: Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244090, M. 070 271 731 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

33

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18 јуни 2019 година (вторник) 10:00- 15:00 часот Стопанска коморa на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА МОТИВИРАЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Стопанската комора на Македонија, на 18 јуни 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА МОТИВИРАЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА“. Целта на семинарот е преку интерактивни вежби да научите како да ги унапредите своите вештини при креирање на ефикасен систем за мотивирање, оценување и развој на вработените, се со цел да се постигнат подобри и поефикасни резултати од самите вработени, а со тоа и постигнување на целта на самата компанија, притоа не занемерувајќи го нивното задоволството за вложениот труд. Креирањето на систем за оценување и мотивирање е еден од важните механизми за развој на организацијата. Многу често организациите се базирани на постојано бркање на рокови, интензивно работење и влегување од еден проект во друг. Недостатоците и грешките се корегираат во тек на работење. Таквиот пристап прави вработените да немаат јасна претстава кои се нивните силни и слаби страни, каде грешат и каде треба да се поправат. Многу пати и менаџерите имаат сознанија за тоа што не им се допаѓа од начинот на пристап и работење на своите вработени, но немаат канал како тоа да го изразат. Таквата состојба создава недореченост и незадоволство на двете страни. Тоа директно се одразува на начинот на работење и на ефикасноста на организацијата. За кого е наменет семинарот? • Менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите; • Раководители и останати вработени од сите нивоа во човечки ресурси, правен сектор, финансии, производство, набавки и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења на дадената тематика;

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18.06.2019 година (вторник) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат

ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИЈА И НАЧЕЛА НА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на организација на водење и управување со документите, нивна распределба, чување и складирање, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, како и начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување. Целна група за семинарот се директори, раководители на сектори за нормативноправни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење. Предавач: м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

БИЗНИС ИНФО

35

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.06.2019 година (среда) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

НАПРЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА MICROSOFT EXCEL

Многу организации и поединци во својата секојдневна работа го користат Excel, но повеќето корисници не употребуваат дури 95% од неговите функции со што губат од својата ефикасност, односно не го користат времето кое им е на располагање на вистински начин. Excel претставува моќна алатка во аналитичките процеси чии резултати можат да се употребат за донесување на многу значајни деловни одлуки од каде и произлегува потребата за подлабоко запознавање со оваа програма за табеларно пресметување. Овој семинар има за цел учесниците да стекнат понапредни вештини и знаења во Excel – да се запознаат со користењето на многубројните напредни опции кои ги нуди оваа програма, а потоа и стекнатите знаење да ги применат на своето работно место. Резултатот ќе бидат извештаи, табели и графикони кои резултатите од работата ќе ги прикажат на еден модерен и разбирлив начин. Семинарот е наменет за претприемачи, искусни менаџери и раководители на тимови со цел да ги комплетираат и осовременат своите вештини, за лица кои се занимаваат со напредна калкулација на трошоци и обработка на податоци, за сите оние кои сакаат да ги унапредат своите аналитички способности во насока на донесување правилни одлуки или едноставно кажано семинарот е наменет за секој кој веќе имал прилика да се запознае со основите на користењето на Excel, а има желба или потреба стекнатите знаења да ги подигне на едно повисоко ниво. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер, со посебен акцент на основното користење на програмата Excel. НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


36

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи и огради Потекло на понудата: Грција Валидност на понудата: 07.08.2019 TSIRONIS WOODEN TOYS & LOGISTICS Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 ДОО КТ Украина 1999

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 Арјес Украина ДДО 2013 Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

37


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 31 мај 2019, Бр. 397

T

15

38

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.