Бизнис ИНФО, број 362

Page 1

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

Број 362 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 31.08.2018

ОТВОРЕН ДЕН НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЉУБЉАНА - ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

КЛУЧНА Е СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И БИЗНИСОТ

ИНСТИТУЦИОНАЛНО РЕГУЛИРАЊЕ НА ФИНАНСИРАЊЕТО ПРЕКУ МОДЕЛОТ „БИЗНИС АНГЕЛИ“

СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА во друштвата „Раде Кончар - Сервис“ и „Раде Кончар - ТЕП“ до забрзан развој

ДОНАЦИИ ОД РУДНИКОТ „БУЧИМ“ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ГРУПАЦИЈАТА НА ПАЗАРИ И КОМОРАТА НА ТРГОВЦИТЕ НА ТЕЗГИ И ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ – ПРЕКУ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗАЕДНИЧКИ ВО РЕШАВАЊЕ НА ТЕКОВНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ДЕЈНОСТА Со цел унапредување на работењето и решавање на тековните проблеми во дејноста, поттикнување на имплементацијата на европските правила и стандарди, иницирање и остварување соработка по прашања од заеднички интерес, а имајќи ги предвид интересите на двете страни, Групацијата на пазарите во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија и Комората на трговците на Македонија на тезги и зелени пазари склучија Меморандум

за соработка, информираше на денешната прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Предмет на овој Меморандум за соработка е да се воспостави и да се развива деловна соработка во рамките на дејноста, да се иницираат заеднички активности, да се пренесува и разменуваат знаење и искуства на двете страни. Целта на потпишувањето на Меморандумот е да се обезбеди размена на информации од областите кои се од заеднички интерес, соработка за решавање клучни прашања од значење за дејноста, иницирање измени и дополнувања на законската рамка на дејноста согласно потребите на субјектите кои функционираат во рамките на дејноста,


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА заедничко учество, соработка, аплицирање и реализација на проектни активности поврзани со дејноста, обезбедување квалитетни деловностручни услуги за членовите на двете страни, како и иницијативи за заедничко учество на разни саемски манифестации, форуми, бизнис средби, стручни расправи, работилници и слично во земјата и во странство, посочи претседателот на Групацијата на пазарите во рамките на Комората, Звонко Стојчев. Двете страни согласно овој меморандум ќе имаат можност заеднички да организираат разни средби, конференции, тркалезни маси, форуми, стручни расправи, работилници и други настани. Комората на трговците на Македонија на тезги и зелени пазари е формирана согласно одредбите од Законот за трговија на зелените пазари, донесен на почетокот на годината, согласно кој Комората треба да ги застапува интересите на закупците на тезги и треба да врши јавни овластувања. Истовремено се уредуваат условите и начинот на вршење трговија на пазарите во земјата, субјектите кои може да вршат трговија на зелените пазари, условите и начинот на организирање на зелените пазари, евиденцијата на трговците на зелени пазари и правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари, информираше претседателот на Комората на трговците на Македонија на тезги и зелени пазари, Златко Шекеров. Јавното овластување кое го доделува Министерството за економија, значи дека Комората треба да води регистар на закупците, да ги впишува и да издава легитимација за закупците, како и да ја води комуникацијата со Централниот регистар за закупците. Исто така, Комората на закупци на тезги ќе има обврска да доставува информации до Управата за јавни приходи за трговците на зелени пазари регистрирани во регистарот на Комората со цел изготвување решение за паушално оданочување на истите, како и да има континуирана комуникација со Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Исто така, една од клучните обврски на Комората на закупци на тезги ќе биде да ја следи и да ја разгледува проблематиката на работата на пазарите, да дава предлози до надлежните државни органи за подобрување на условите за работа, да ги застапува интересите на трговците на зелени пазари и да ги претставува трговците на зелени пазари пред државните органи и тела во Република Македонија. Ќе има и можност согласно Законот да дава мислења и предлози при донесувањето прописи од областа


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА на трговијата на мало на тезги и пазари, како и да формира суд на честа, со цел издигнување на професијата на ниво достојно да ги почитува правата на потрошувачите. Комората на трговците на Македонија на тезги и зелени пазари, како што објасни Шекеров на денешната прес-конференција, е формирана од закупци од 10 градови во Македонија, вклучително и Скопје, односно покриени се сите големи градови каде гравитираат закупците на тезги. Во таа насока и беше иницирана активноста да се потпише Меморандум за соработка со Групацијата на пазарите во рамките на Комората бидејќи во оваа групација членуваат организаторите на пазарите во градовите, кои се всушност главните партнери на закупците на тезги во нивното секојдневно работење. Паралелно со носењето на Законот за трговија на зелени пазари (кој предвидува закупците на тезги да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување), се овозможува преку измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пазарџиите кои што продаваат на тезги на зелените пазари и се запишани во регистарот на Комората на трговци да станат осигуреници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Со ова, се врши усогласување со Законот за трговија на зелени пазари, донесен на почеток на годината. Придонесите ќе ги плаќаат по тарифата за земјоделец поединец, односно 20 отсто од просечната плата во претходната година. Според пресметките, тие за пензиско осигурување ќе плаќаат по 1.500 денари, наместо 5.000 денари колку што се придонесите за најниска плата, додека за здравствено осигурување ќе плаќаат 540 денари. За да работат на тезги на зелените пазари, секој од нив ќе треба да има легитимација која ќе им ја издава Комората на трговци. Висината на износот што ќе треба да се плаќа за легитимацијата засега не е утврден, а целта е да биде минимален износ со цел да не ги оптоварува закупците, а сепак да бидат запазени законските обврски. Според Законот за трговија на зелените пазари, на пазарите нема да се издаваат фискални сметки се` до влез на нашата земја во ЕУ, а пазарџиите наместо да талкаат низ Централниот регистер за регистрација на фирма, ќе работат со лиценци издадени од Комората на трговци. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ВЕТЕРИНАРНОМЕДИЦИНСКИ ПРЕПАРАТИ ДО ПОЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА КОМПАНИИТЕ - Основен приоритет на Агенцијата за храна и ветеринарство е заштита на здравјето и интересите на потрошувачите, - истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, на прес-конференцијата што се одржа на 20.8.2018 година во Стопанската комора на Македонија Во таа насока, Агенцијата во последната година презема соодветни активности со цел подигнување на степенот на заштита на потрошувачите, но истовремено и обезбедување поволна клима за деловните оператори и креирање соодветна регулатива преку соодветна законска рамка.

Во моментот Агенцијата е државен орган на управа надлежен за спроведување на 8 основни закони, како и одредени делови од други закони: 1. Закон за безбедност на храната; 2. Закон за ветеринарно здравство; 3. Закон за заштита и благосостојба на животните; 4. Закон за нус-производи од животинско потекло; 5. Закон за идентификација и регистрација на животните; 6. Закон за ветеринарно-медицински препарати; 7. Закон за безбедност на храна за животни и


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА 8. Законот за органско земјоделско производство. Измените и дополнувањата на Закон за ветеринарно-медицински препарати се одвиваат во две основни групи: 1. подобрување на деловната клима со - поедноставување на административните постапки и - вршење одредени активноста по службена линија без оптоварување на операторите и 2. засилување на механизмите на заштита на потрошувачи со - детално уредување на ставањето во промет, издавањето и употребата на ветеринарно медицински препарати; - унапредување на обврските на професионалните лица; - уредување на огласувањето на ветеринарно-медицински препарати; - засилени контроли во областа на потенцијално фалсификувани ветеринарномедицински препарати; - воспоставување на систем за собирање и анализа на податоците за прометот и употребата на ветеринарно-медицински те препарати; - воспоставување на Национален центар за информирање за ветеринарномедицински те препарати; - обезбедување механизми за континуирано снабдување на пазарот; - изработка на листа на есенцијални ветеринарно-медицински препарати; - програма за рационална употреба на ветеринарно-медицински препарати и - програма за снабденост и достапност на ветеринарно-медицински препарати. Блажо Јаневски, раководител на Сектор во Агенцијата за храна и ветеринарство, истакна дека административните постапки се олеснуваат и се скратуваат со директно преземање и проверка по службена линија на документацијата за нивно одобрување во земјите-членки на ЕУ. - За ветеринарно-медицински те препарати кои се употребуваат за третман на ретките болести нема да се наплатуваат трошоците за издавање одобрение за ставање во промет. Со наведеното се обезбедува нормална снабденост на пазарот со наведените производи за кои не постои комерцијален интерес на деловните субјекти, - истакна тој.


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Увозот на ветеринарно-медицински препарати се олеснува со поедноставување на административната постапка и поврзување со прописите на царина. Увозот на ветеринарно-медицински препарати ќе се одобрува од страна на царинските служби согласност со прописите за царина врз основа на Списокот на одобрени ветеринарномедицински препарати. Тоа практично значи дека нема да има потреба за чекање на посебен документ од Агенцијата и дека сите контроли ќе се спроведат по службена линија. Со новите одредби, како што информираа од Агенцијата, се засилуваат законските одредби во однос на забраните за ставање во промет, издавање и употреба на ветеринарно-медицински препарати. Одредбите се засилуваат во правец на детално дефинирање на кои ветеринарно-медицински препарати и во кои услови може да се користат, кој може да ги користи (само високо квалификувани професионални лица) доктори по ветеринарна медицина, и кај кои видови животни може да се користат (само кај оние видови кај кои односот ризик – бенефит е поволен за животното, како и оние видови кај кои употребата не може да доведе од загрозување на здравјето на луѓето. Воедно и се зголемуваат обврските на професионалните лица кои ги ставаат во промет и користат ветеринарно-медицинските препарати (ветеринарните веледоргерии и ветеринарни друштва). Ветеринарната комора на Република Македонија ќе ја одземе лиценцата за работа на носителот на дејност доколку се утврдат неправилности во однос на наведените ограничување на употреба. - Со цел промовирање на правилната употреба на ветеринарно-медициските препарати детално се уредува начинот на огласување и рекламирање и се забранува огласување на начин кој доведува до заблуда, како и огласување на несоодветен и сензационалистички начин. Забрането е огласување преку припишување на особини што тој ги нема, пренагласување на неговите позитивни ефекти, претерување во опишувањето на ефектите од препаратот на несоодветен начин, или на друг начин со кој се доведува во заблуда корисникот на ветеринарно-медицинскиот препарат. Системски се уредува контролата во областа на потенцијално фалсификуваните ветеринарно-медицински препрати. Забрането е да се произведуваат, увезуваат, извезуваат, ставаат во промет или да се користат, издаваат или дистрибуираат на друг начин, со наплата или во вид на подарок или мостра, фалсификувани или под сомнение дека се фалсификувани ветеринарно-медицински препарати и фармаколошки супстанции, - истакна Јаневски. Агенцијата ќе воспостави посебен систем на официјални контроли во однос на фалсификуваните ветеринарно-медицински препарати, систем на собирање податоци и пријавување за сомнение за фалсификувани производи и посебен систем на увид и официјална контрола при нивното отстранување од промет, информирањето на надлежните институции и ветеринарните друштва и нивното нештетно уништување.


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Агенцијата во наредниот период ќе воспостави систем за собирање и анализа на податоците за прометот и употребата на ветеринарно-медицинските препарати. Системот би ги опфаќал податоците за достапност, снабденост, прометот и употребата на ветеринарно-медицинските препарати. Податоците ќе се однесуваат на производството и увозот (ветеринарни веледрогерии носителите на одобрението за ставање во промет на ветеринарно-медицинските препарати) – податоци за производството, увозот, прометот и залихите, како и употребата (ветеринарните друштва) на ветеринарно-медицинските препарати.

Системот би обезбедил континуиран увид во моменталната состојба со снабденоста, достапноста и употребата на ветеринарно-медицински препарати со цел Агенцијата да може благовремено да преземе мерки во случај на недостиг или смалена достапност на одреден ветеринарно-медицински препарат или зголемена потрошувачка на одреден ветеринарно-медицински препарати (потреба за реакција и утврдување на причината). Со наведените одредби се обезбедува континуирано снабдување на соодветен асортиман и количина на ветеринарно-медицински препарати од есенцијалната листа за оптимално задоволување на потребите за ветеринарно-медицински препарати на пазарот, во соодветен временски период, зголемено ниво на одговорност на носителите на дејност кон корисниците (ветеринарните друштва) и крајните корисници (физичките лица) во правец на зголемена фармаколошка внимателност и правилна и рационална употреба на ветеринарно-медицинските препарати. Васко Ристовски


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ СОРАБОТКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕС СВЕТСКИ СТАВ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК

ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА НАБАВКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА РАЗГЛЕДАНИ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија одржа состанок со фирми кои се занимаваат со трговија на моторни возила и градежна механизација, во врска со техничката спецификација на Министерството за одбрана за набавка на моторни возила и градежна механизација. Состанокот го водеше в.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева - Ѓуриќ, која ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивниот интерес за овој состанок, кој ќе придонесе што поголем број фирми да учествуваат во тендерските постапки на Министерството за одбрана. На состанокот присуствуваше

министерката за одбрана на РМ, Радмила Шекеринска, која ги охрабри компаниите, нивните забелешки по техничките спецификации да ги достават и дека истите ќе бидат земени предвид. Таа истакна дека Министерството за одбрана сака да обезбеди чесна, транспарентна и конкурентна постапка која ќе даде можност да победи најдобриот понудувач, при што Министерството ќе добие подобра опрема по поконкурентна цена. Раководителот на Секторот логистика во Министерството за одбрана, Бранкица Гацова, ги образложи техничките спецификации за моторни возила и градежна механизација и ги замоли присутните да дадат свои забелешки по истите на сајтот за јавни набавки. Се разви дискусија во која се побара од изготвувачите на техничките


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА СОРАБОТКА СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС спецификации во Министерството за одбрана, да бидат допрецизирани техничките спецификации за да може да се даде квалитетна понуда. Фирмите ја поздравија ваквата иницијатива на Министерството и се согласија да достават забелешки по техничките спецификации. Министерството за одбрана ќе ги разгледа и ќе ги земе предвид сите искажани забелешки на состанокот и тие што ќе бидат доставени на сајтот за јавни набавки, со цел на тендерите да учествуваат поголем број фирми, со што ќе се зголеми конкурентноста во јавните набавки кои ги распишува Министерството за одбрана. Перо Авакумовски


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ УСПЕШЕН ЕВРОПСКИ СВЕТСКИ ПИКНИК БИЗНИС ФОРУМ

СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА во друштвата „Раде Кончар - Сервис“ и „Раде Кончар - ТЕП“ до забрзан развој Со инвестиција од 3 милиони евра, членовите на менаџерскиот тим, на чело со искусниот и познат бизнисмен Аце Антевски, станаа 100 отсто сопственици на две друштва на „Раде Кончар“. Тие најавуваат враќање на дел на капиталот кај акционерите со исплата на дивиденда.„Одлуката за вложување на 3 милиони евра во сопственичката

структура на „Раде Кончар - Сервис и поправки на електрични производи“ и „Раде Кончар – ТЕП“ ја донесовме со верба за натамошно успешно работење на двете друштва на македонскиот и на странските пазари и развој на вкупната македонска економија. Новата деловна политика е извозно ориентирана кон освојување на нови пазари, со нови производи, нови партнери, што ќе значат отворање на нови работни места во стратешкиот сектор, електро и металната индустрија. Токму сега созреа потребата од окрупнување на сопственичкиот капитал, кој ќе донесе нови развојни предизвици“, се вели во Соопштението на менаџерскиот тим на „Раде Кончар - Сервис и поправки на електрични производи“ и „Раде Кончар - ТЕП“, во годината во која „Раде Кончар“ одбележува значаен јубилеј - 70 години од своето постоење. Менаџерскиот тим на почетокот од месецов, со докупување 33 отсто од акционерскиот капитал и вложување на 3 милиони евра, стана сопственик на 100 отсто од капиталот на овие две друштва и се очекува исплата на дивиденда.


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА РЕГИОНАЛНА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА УСПЕШЕН - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА БИЗНИС СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС

„Раде Кончар“ е познат бренд во регионот, кој опстојува долги години на пазарот и има значаен удел во развојот на вкупната македонска економија. Следењето на светските трендови и инвестициите во нови софистицирани технологии целосно посветени на безбедноста и квалитетот на производите, овозможуваат долгогодишна успешна работа што ја потврдуваат лидерската позиција на компанијата во електро и металната индустрија. Новите времиња носат нови предизвици, а храбрите чекори на менаџерскиот тим на двете друштва „Раде Кончар - Сервис и поправки на електрични производи“ и „Раде Кончар - ТЕП“ ќе отворат нови можности за враќање на компанијата на светската сцена. Одделение за информирање


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ЈУБИЛЕЈ

ДОНАЦИИ ОД РУДНИКОТ „БУЧИМ“ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ На 28.8.2018 година, со пригодна свеченост во рудникот „Бучим“ – Радовиш, беше одбележан Денот на рударите, со што го прославија своето 39-годишно постоење. Свои поздравни обраќања пред присутните имаа генералниот директор на „Бучим“, Васил Борутскиј, како и неговиот заменик Николајчо Николов.

- Раководството на рудникот„Бучим“ ја има доставено потребната документацијата за добивање дозвола за отворање на новото рудно тело „Боров Дол“, што треба да ја продолжи работата на единствениот рудник за бакар и злато во земјава. Новото рудно тело, кое се наоѓа на неколку километри од рударскиот комплекс ќе значи сигурна работа за рударите, а не ставање катанец на врата на овој рудник по 2019 година, бидејќи рудните резерви се веќе исцрпени, - истакна Николајчо Николов, кој е воедно и претседател на Македонската асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија.


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА ЈУБИЛЕЈ УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА На свеченоста присуствуваа и министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија, д-р Зоран Шапуриќ, како и градоначалниците на општините Радовиш и Конче.

– Оваа Влада е исклучително посветена на стопанството. Ќе направиме се` што е во наша моќ и, секако, во рамките на законите, „Боров Дол“ да може да се користи од страна на „Бучим“ и овој рудник да си остане како еден од примарните репрезенти на рударството во Македонија. Тоа е од исклучително значење ако се знае дека од рударството во државата живеат 12.500 лица, а оваа гранка остварува извоз од 250 милиони долари“, - истакна во своето обраќање Шапуриќ. „Бучим“ по повод Денот на рударите награди 46 работници, три смени и шестмина раководители. Во однос на бројот од 700 вработени, наградени се осум проценти од вработените. Исто така, на свеченоста, Плакета за особени заслуги доби и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. „Бучим“ како општествено силно одговорна компанија на комуналното претпријатие „Плаваја“ од Радовиш му подари камион за собирање и изнесување смет, а на Општинската организација на Црвениот крст му подари автомобил за секојдневни потреби. Моника Стоичева


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ПОСЕТА

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ „ВАРДАР ДОЛОМИТ“ - ГОСТИВАР И „КОСТАЛ“ - ОХРИД Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, реализираше работна посета во компанијата „Вардар Доломит“ од Гостивар, која е европски производител на синтер доломит, доломитни опеки и маси, во сопственост на групацијата „Хазнедар Рефракторис“ од Турција. Компанијата бележи континуиран раст на производството и на извозот, при што повеќе од 95% од производството е наменето за извоз, на повеќе од 25 пазари во Европа, Азија и Африка, а побарувачката за производите од врвен квалитет кои ги произведува компанијата ги надминува моменталните капацитети. -Со производствен капацитет од над 60.000 тони годишно, „Вардар Доломит“ ги снабдува своите потрошувачи со доломитни огноотпорни материјали од највисок квалитет, добиени по највисоки стандарди, од најчистата суровина на доломит во Европа, - посочи Ремзи Абдулаи, директор на компанијата. При тоа, компанијата има работна сила од 120 стручни квалификувани кадри, а нивниот број постојано се очекува да расте. Компанијата е во фаза на реализација на нова инвестиција – набавка на нова печка, во вредност од 1 милион евра, при што новата инвестиција се очекува двојно да го зголеми обемот на производството на компанијата. Компанијата бележи значаен раст на годишниот обрт од 6,6 милиони евра во 2016 година, 9,3 милиони евра во 2017 година, а се очекува обрт од 12 милиони евра во 2018 година. Со инвестицијата во новата печка, која е планирано да биде пуштена во употреба во текот на следниот месец, се очекува следната година овие износи да бидат двојно зголемени, до износ од 25 милиони евра.


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОСЕТА УСАИД ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Претседателот на Стопанската комора на Македонија реализираше посета и на компанијата „Костал“ во Охрид, која како браунфилд инвестиција во просториите на поранешен „ЕМО“ во Охрид е отворена во 2016 година. Компанијата е дел од германска семејна компанија основана во 1912 година, која има свои производствени погодни во 21 држава на пет континенти и произведува технолошко напредни и иновативни производи од областа на автомобилската индустрија. Производите на „Костал“ како електронски и електромеханички производи се вградуваат во познати и луксузни автомобили во светот, како „Мерцедес“, „БМВ“, „Порше“ и други. Корпорацијата „Костал“ на светско ниво има повеќе од 20.000 вработени и годишен обрт кој достигнува 2,8 милијарди евра, при што во просек 8% од годишниот обрт е наменет за нови истражувања и развој, што и` овозможува на компанијата да биде една до водечките компании во овој сектор на светско ниво. -Компанијата во Охрид во моментот има 280 вработени, при што до крајот на годината е планирано да се достигне бројката од 350 вработени, и на годишно нивно да реализира извоз од 8 милиони евра, при што овие бројки континуирано се очекува да растат, - посочи Виктор Мизо, директор на компанијата. Компанијата е во фаза на реализација на нова инвестиција, нов производствен погон и дистрибутивен погон, кои ќе ги прошират производствените капацитети на компанијата, и ќе овозможат реализација на планираните 1.000 вработувања, и достигнување на годишен обрт од 230 милиони евра за пет години од отворањето на компанијата, и годишен извоз од 240 милиони евра за 10 години од отворањето на компанијата. д-р Татјана Штерјова


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ФОРУМ СРЕДБА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕС СВЕТСКИ СТАВ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК

ИНСТИТУЦИОНАЛНО РЕГУЛИРАЊЕ НА ФИНАНСИРАЊЕТО ПРЕКУ МОДЕЛОТ „БИЗНИС АНГЕЛИ“

На Форумот се дискутираше за можностите и потенцијалот во Република Македонија за воспоставување регулатива за инвеститори т.н. ,,Бизнис ангели“, како и потребите од измени и дополнувања на позитивните законски прописи, а сè со цел зголемување на бројот на инвестициите што би довело до севкупен економски развој на државата. Во насока на зголемување на бројот на инвестициите и креирање долгорочен раст на економијата, Стопанската комора на Македонија во заедничка соработка со Кабинетот на проф. д-р Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија во Владата на РМ, го организираа Форумот за афирмација на потребата од институционално регулирање на финансирање преку моделот „Бизнис ангели“. - Посакуваниот забрзан економски раст на македонското стопанство се соочува со многу предизвици, од кои најголем е тешкиот пристап до финансиски средства, посебно за малите и средните претпријатија. Стопанската комора на Македонија како бизнис асоцијација која ги претставува интересите на околу 15.000 компании - членки, од кои 9.000 се мали и средни претпријатија, континуирано се залага за изнаоѓање


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

19

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА ФОРУМ УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА алтернативни извори на финансирање на бизнис секторот. Во таа насока, Комората ја поддржува Владата на РМ во мерките кои ги презема за поголема поддршка на малите и средни претпријатија, старт-ап компаниите и т.н. „Бизнис ангели“, што ќе доведе кон диверзификација на ризикот и приближување кон модерните трендови во бизнисот. За таа цел, се одржува и денешниот Форум кој треба да придонесе за поставување на постулатите за институционализација на моделот „Бизнис ангели“ како еден од тие алтернативни извори на финансирање, - истакна во поздравното обраќање претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија во Владата на РМ, професор д-р Зоран Шапуриќ, истакна дека во Владата се веќе започнати активностите за испитување на можностите за изменување и дополнување на постојните прописи, како и донесување нова регулатива со цел овозможување полесен пристап на инвестирање преку моделот „Бизнис ангели“. Следејќи ги заложбите за постојана комуникација со претставниците од бизнис секторот, посочи дека Владата ќе продолжи да организира вакви средби во насока на унапредување на овој модел на финансирање, што ќе придонесе и за унапредување на севкупниот економски амбиент во државата, истакнувајќи дека на годишно ниво во светски рамки преку овој модел се инвестираат 50 милијарди САД долари. - Во Република Македонија има млади и иновативни луѓе кои имаат идеи за реализација на бизнис планови, на кои им е отежнат пристапот до финансиски средства, поради тоа што не ги исполнуваат потребните услови за пристап до банкарските


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ФОРУМ кредити. Ваквата празнина може да ја надополнат луѓе кои имаат капитал и знаат да препознаат добра идеја и бизнис план во кој ќе ги вложат своите средства. Поради тоа, Владата на РМ е поддржувачки ориентирана кон моделот на финансирање преку т.н. „Бизнис ангели“, како една од иницијативите за развој на стопанството, пред сė на претприемништвото, - истакна во своето обраќање д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, посочи дека форумот е од особено значење за афирмирање на концептот на ризичен капитал во нашата држава, при што појасни дека моделот на финансирање преку „Бизнис ангели“ е само еден сегмент, додека другиот го сочинуваат фондовите. - Најголема предност за претприемачите преку моделот на финансирање„Бизнис ангели“ е тоа што тие покрај пристап до капитал имаат можност и да ја искористат експертизата на ангели-инвеститори при носењето на клучните одлуки за нивните бизниси бидејќи ангели-инвеститори најчесто се луѓе со искуство кои инвестираат во дејноста која веќе им е добро позната,- заклучи академик Таки Фити. Д-р Јован Маџоски, генерален менаџер на CEED, во своето обраќање информираше дека во Република Македонија веќе е стартуван клубот на „Бизнис ангели“ и дека во моментот има 16 претприемачи и 4 започнати инвестиции. Тој истакна дека во насока на понатамошен развој на овој концепт на финансирање е неопходна поголема едукација, соработка помеѓу научната јавност и бизнис заедницата, како и унапредување на законската регулатива со цел да се овозможи оние кои се заинтересирани за инвестирање тоа да го направат на најлесен начин.


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

21

ФОРУМ

Проф. д-р Бајбарс Алтунташ, претседател на Светскиот инвестициски форум на „Бизнис ангели“ во своето обраќање акцентот го стави на фактот дека во модерното време повеќе не се зборува за откритија, туку за иновации бидејќи тие креираат нови

вработувања и бенефит за државите. Д-р Алтунташ истакна дека бизнис ангелите освен финансиски средства, со претприемачите може да го споделат и своето искуство, know-how и мрежа на контакти. Затоа ја поддржа Владата на РМ во активностите


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ФОРУМ покрај претприемачите да ги поддржи и оние кои нив ги поддржуваат, а тоа се ангели-инвеститори. На крајот на своето излагање тој посочи дека се планира првата канцеларија на Светскиот инвестициски форум на „Бизнис ангели“ во Југоисточна Европа да биде отворена во Македонија.

Проф. д-р Леонид Наков, од Економскиот факултет при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, кој воедно е и сенатор на Светскиот инвестициски форум на „Бизнис ангели“ во својата презентација потенцираше дека бизнис ангелите се насочени кон развојот на малите и средни претпријатија на кои во најголем дел се потпира и светската економија. Д-р Наков во своето обраќање сподели податоци за моделот на финансирање „Бизнис ангели“ истакнувајќи дека просечната инвестиција на меѓународно ниво се движи околу 170.000 евра, додека поединечните вложувања се движат од 25.000 до 500.000 евра, при што просечниот век на инвестицијата е од 1 до 8 години. - Основното правило е ангел-инвеститорот да е членка на една од националните стопански комори, поради што сите настани за промоција на овој


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

23

ФОРУМ модел на финансирање во нашата држава се одвиваат во соработка со коморите, истакна д-р Наков. Согласно светската терминологија, бизнис ангели или ангели-инвеститори претставува терминолошки израз за лица кои имаат вишок финансиски средства и се спремни истите да ги инвестираат во нови бизниси или во регионален развој. Односно, тоа е начин на финансирање и претставува неформален ризичен капитал. Бизнис ангелите средствата може да ги инвестираат во вид на грант, без камата, со минимална или нормална камата. Во рамките на Форумот беше посочено дека во креирањето на законската рамка за овој вид на инвеститори ќе се користат искуствата од Турција, Естонија, Хрватска, но не се исклучува и можноста на предлог на бизнис секторот и другите инволвирани чинители да се користат и други светски позитивни искуства. Во таа насока, д-р Наков информираше каква е постојната законска регулатива за развој на моделот „Бизнис ангели“ во Македонија и во неколку фази што во иднина треба да се направи за да се комплетира целиот процес и да се овозможи инвестициски бум преку овој модел на внесување свеж капитал во македонското стопанство. На Форумот присуствуваа и претставници од државните институции, универзитетски професори, претставници на македонските мрежи на бизнис ангели, претставници на бизнис заедницата, домашни и странски експерти. М- р Нена Николовска


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ БИЗНИСОТ СРЕДБА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕС СВЕТСКИ СТАВ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК И -ОБРАЗОВАНИЕТО

ОТВОРЕН ДЕН НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЉУБЉАНА - ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА КЛУЧНА Е СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И БИЗНИСОТ

Во Стопанската комора на Македонија се одржа Oтворен ден на Економскиот факултет – Љубљана, каде во фокусот беше презентацијата на мастер-програмата за Меѓународната бизнис академија (International Business Academy - Master program). Пред голем број претставници од бизнис секторот во своето обраќање на самиот почеток на настанот, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ги истакна позитивните искуства во соработката помеѓу Република Македонија и Република Словенија. - Словенија во нашата земја е присутна во повеќе важни сфери, правејќи ја еден од главните чинители кои поттикнуваат развој на нашето стопанство, а тука би сакал да го потенцирам и преносот на знаење и вложувањето во образование и наука. Образованието е една од клучните алки на долг рок да се креира адекватен образовен профил кој со своите знаења и вештини ќе знае да одговори на пазарните потреби и ќе биде во можност да креира дополнителна вредност. Само на тој начин, преку креирање општество базирано на знаење ќе се придонесе за континуиран раст и развој – колку ќе вложиме, толку ќе ни се врати. Член сум на Советодавниот борд на Економскиот факултет од Љубљана, кој е составен главно од членови кои доаѓаат од


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

25

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА БИЗНИСОТ НОВА ИПРОЕКТ ОБРАЗОВАНИЕТО КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА бизнисот. Особено ме радува што сум единствен член кој доаѓа од Балканот помеѓу моите колеги од западноевропските земји, - истакна Азески. Министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции, д-р Бардул Даути, кој своите докторски студии ги завршил токму на Економскиот Факултет Љубљана, пред присутните го претстави стекнатото искуство во текот на студиите. Воедно даде посебен осврт за инвестиционата клима и поддршката која ја обезбедува Република Македонија на странските инвеститори.

За обемот на активности на Економскиот факултет - Љубљана дискутираше проф. д-р Метка Текавчич, декан на Факултетот, која нагласи дека приближувањето на Македонија кон европското семејство ќе ја зголеми и потребата од вештините кои студентите ги стекнуваат преку постдипломските студии и бизнис академии организирани согласно потребите на команиите. - Десетгодишното присуство на Економски факултет - Љубљана во регионот, преку својот центар во Скопје, резултира со остварени соработки и партнерства со бизнис секторот, но и интензивна соработка со академската сфера и работа на повеќе меѓународни проекти со неколку факултети во Македонија. Посебно би ја истакнала изведбата на меѓународните мастер студии од областа на економијата и менаџментот со којашто создадовме десет генерации на успешни менаџери и лидери. Стекнатата диплома им овозможува да бидат високо конкурентни на македонскиот и на меѓународниот пазар на труд.


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Намерата на Економски факултет - Љубљана е стратешки и интегрирано да ја интензивираме соработката со институциите, а особено со компаниите преку мастер студии, проекти, истражувања, консалтинг... Сметаме дека за ова сега е погодно време особено во претстојниот период на подготовки за влез на Македонија во ЕУ. Токму за

тоа и сакаме да создадеме реномиран центар во Македонија“, - истакна Текавчич. За предизвиците што ги носи процесот за пристапување кон ЕУ, на презентацијата излагање имаше проф. Мојмир Мрак, на тема: „Патот на Западен Балкан за пристап кон ЕУ: Каде се наоѓаме?“. Професорот Мрак ја нагласи потребата за интензивирање на соработка и преку соодветно едуцирани кадри во македонската бизнис заедница. Во современиот свет конкурентноста на економиите, меѓу останатото, се базира на знаења и вештини, кои пак се стекнуваат низ процесот на квалитетно образование. Постојаните и брзи промени на пазарот првично иницирани од новите технологии ја потенцираат важноста на концептот на доживотно учење и постојаното надградување на веќе стекнатите знаења. Како резултат на образовниот процес и постојаната едукација и инвестирање во човечките ресурси доаѓаме до една од најбитните индикатори низ кои се оценува конкурентската способност на економијата, а тоа е нивото на иновации кои ги продуцира националната економија. Иновациите се еден од најбитните елементи за развој на современите економии. Додадената вредност креирана преку комерцијализација на иновациите може да има повеќекратни финансиски бенефити за националната економија, а тоа не може да се реализира без добро подготвен и стручен кадар. м-р Борис Тримчев


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

27


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ПОСЕТИ

АМБАСАДОРОТ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП На 30.8.2018 година, делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, предводена од амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, остварија средба со бизнисмените - членки на Регионалната комора со седиште во Прилеп во рамките на Стопанската комора на Македонија. Фокус на разговорите беше вложувањето на домашните компании во насока на регионално поврзување, отворање кон европските и светските пазари, од аспект на конкуретност, стандардизација и иновативност на производството.

Во присуство на членовите на Управниот одбор на Регионалната комора, претседателката на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ирена Јакимовска, дискусијата ја водеше и од аспект на перспективите на стопанството во прилепскиот регион како на домашниот пазар, така и кон надвор, за влијанието на странските инвестиции врз севкупниот стопански живот во регионот. Како една од главните теми се наметна проблемот со недостиг на работна сила во сите сегменти на стопанството, особено недостиг на високостручен и средно квалификуван кадар, односно профили на кадри кои имаат познавање на одредени специфични вештини.


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

29

ПОСЕТИ Во дискусијата свои видувања во однос на овој проблем искажаа главните менаџери на водечките компании во регионот. Притоа, се заклучи дека овој проблем е присутен и во нашето поблиско опкружување, односно во земјите во регионот. Во разговорот се опфатија и други тековни проблеми со кои се среќаваат компаниите и се дадоа одредени предвидувања за натамошниот раст на компаниите, како и конкурентноста на европскиот и на светскиот пазар. Горан Попоски


30

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

31


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.9.2018 година (вторник) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

Овој семинар ги обединува маркетингот и човечките ресурси во нов напреден концепт на холистички маркетинг од кој неодврзлив дел е таканаречениот интерен маркетинг. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на маркетинг комуникации, социјални мрежи, односи со јавноста, организација и човечки ресурси. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за ургентноста од практикувањето на интерниот маркетинг насочен кон вработените, за потребата од негово усогласување со екстерниот маркетинг, за моделите и функционалноста, како и планот (темплејт) за примена на стратегијата за интерен маркетинг. Особено е важна оваа дисциплина во компаниите од областа на ИКТиндустријата и останатите динамични индустрии. Предавач: -Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односите со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност. Последен рок за пријавување: 7.9.2018 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14 септември 2018 година (петок) 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

Изработката на добар бизнис план е од особено значење за една компанија, особено ако се земе во предвид дека истиот го објаснува концептот на бизнисот, ги сумира неговите цели, ги идентификува ресурсите кои ќе му бидат потребни на бизнисот, дава опис како ќе се добијат тие ресурси и објаснува како бизнисот ќе ги оствари тие цели. Бизнис планот не е еднаш за секогаш поставен, истиот потребно е да се ажурира во текот на постоењето на компанијата и да ги следи промените во делокругот на работењето. На долг рок потребна е стратешка насоченост за остварување на Вашата визија! Пократкорочно пак, потребно е тактичко размислување за тоа како да се насочи бизнисот во правец на остварување на целите и мисијата. Токму тоа е задачата на бизнис планот - преку детална анализа на моменталните поставености во интерното и екстерното окружување и издржани проекции на идните пазарни трендови и насоки, истиот да се насочи правилно. Предавач: - Александар Илиќ, магистар на економски науки при Универзитетот во Белград, извршен директор на консултантската компанија „Certus consaltung“ од Р.Србија со повеќе од 10-годишно работно искуство во приватниот и во јавниот сектор, консултант во областа на инвестиционо-финансиски и менаџмент услуги. Во своето професионално искуство ја вбројува и специјализацијата на тема „Pricing Optimization Strategy“ (Стратегија на ценовна оптимизација) при Универзитетот Вирџинија во САД. Последен рок за пријавување за семинарот: 10 септември 2018 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14.9.2018 година (петок) 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Стопанската комора на Македонија, на 14 септември 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: 5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ - ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ. Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на успешно управување со компaнијата, преку употреба на техниките „5 ЗОШТО“ и „ДИЈАГРАМОТ РИБЈА КОСКА“ и создавање навика да со примена на овие техники, се размислува не само процесно туку и систематски, со што се овозможува да се добие пошироката слика за работата. Доколку се констатира грешка, најпрвин потребно е да се разбере интеракцијата помеѓу сите причинителни кои довеле до истата, да се анализираат поединечно и да се пронајдат меѓусебните врски со што ќе се оневозможи нивно дополнително преплетување. Доколку не се користи сисематски пристап за анализа на некое случување/проблем, можеме да се добие погрешна слика и да се детектираат причинители кои не се клучни, да се потроши време и ресурси на нивно отстранување и за кратко време да се повтори истиот проблем и целата ситуација. Секундарната цел се однесува на оние кои веќе ги користат технологиите „5 ЗОШТО“ и „ISHIKAWA“ за анализа на клучни причинители, а немаат резултат од овие анализи во согласност со очекуваното, т.е и покрај примената на овие техники, клучните причинители им бегаат од фокусот и тогаш е потребно да се открие постоењето на некоја “систематска грешка“ кај нивното применување. Рок за пријавување: 7.9.2018 година. Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20-21 септември 2018 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите. Целна група: - извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурсите (човечки, технички и останати); - директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на обукаѕа, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот за архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење на е-деловодник). Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент; - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 23 години искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје. Последен рок за пријавување: 14.9.2018 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

36

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20 септември 2018 година (четврток) Стопанска комора на Македонија (сала 4 на 5-ти кат)

МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби. Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од областа на металната и металопреработувачката индустрија, поконкретно во делот на: • производство на метални конструкции и делови на конструкции; • производство на садови, префабрикувани гасоводи, хидраулични агрегати и механичка обработка; • производство на метални и челични делови; • добавувачи на компоненти за земјоделски машини; • добавувачи на заварени констукции од алуминиум, повеќе компонентни конструкции и монтажа, лиење и обработка на лиени делови, обработка на делови на автоматски струг и ЦНЦ машини; • заварување и обработка на метали и др. Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на деловните средби, на коишто ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 17 септември 2018 година, за да може да се организираат средби со соодветни партнери. Контакт: м-р Сања Николова Телефон: ++ 389 2 3244091 E-адреса: sanja@mchamber.mk


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

На 26 септември 2018 година, во Нови Сад, ќе се одржи Меѓународен брокерски настан – Бизнис средби, за време на Регионалниот бизнис форум. На Регионалниот бизнис форум и на бизнис средбите ќе бидат претставени секторите: - Земјоделство и храна; - Метална преработувачка индустрија; - Туризам. Настанот ќе ја промовира деловната соработка меѓу регионите, вклучувајќи и договори за трговија и производство, заеднички вложувања и заеднички пристап на трети пазари, како и размена на технологија и „know-how“ и соработка на проекти со цел зголемување на конкурентноста и иновациите, финансирани од ЕУ и други донатори. Зошто да учествувате: Бизнис средбите обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите да најдат меѓународни партнери на Форумот. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа се изготвува листа на состаноци што се одвиваат на одредено место и во точно одредено време. Секој учесник ја добива својата листа на состаноци најмалку еден ден пред настанот. Учеството на меѓународниот брокерски настан е бесплатно. Пријавете се преку линкот: http://rbf2018novisad.talkb2b.net/ Забелешка за учесниците: превозот од аеродромот во Белград до Нови Сад го обезбедуваат организаторите. Контакт лице: Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


38

БИЗНИС ИНФО

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032

Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода


Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

БИЗНИС ИНФО

39

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 31 Август 2018, Бр. 362

T

15

40

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.