КОНКУРС за ангажирање консултант за идентификување, преглед и мапирање на сет услуги за сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ за мажи достапни во рамките на јавниот и приватниот здравствен систем и граѓанскиот сектор во Македонија Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за ангажирање на консултант за идентификување, преглед и мапирање на сет услуги за сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ достапни во рамките на јавниот и приватниот здравствен систем и граѓанскиот сектор. Консултантската позиција се отвора во рамките на проектот „Право на здравје“, дел од истоимената регионална програма раководена од Евроазиската коалиција за машко здравје со финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, спроведуван во Република Северна Македонија од страна на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ во партнерство со Здружението ЕГАЛ Скопје и Здружението СТАР-СТАР. За спроведувањето на оваа анализа консултантот ќе добие насоки и поддршка од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје. Опис на работните задачи Ангажираниот консултант ќе треба да ги исполни следниве задачи: Да предложи методолошка рамка за идентификување, преглед и мапирање на национално достапни услуги за сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ во Република Северна Македонија; Да идентификува сеопфатен сет на услуги достапни во државата и да направи преглед на начинот на достапност, покриеноста од здравственото осигурување, односно покриеноста во рамките на посебни владини програми, трошоците за пациентите/клиентите; Да се осврне на препораките за потребата од одредени услуги со фокус на машката популација, мажите што имаат секс со мажи, вклучително и оние што живеат со ХИВ, во согласност со национални и релевантни меѓународни упатства и стандарди; Наодите од анализата да ги артикулира на тој начин што ќе може да послужи како мапа за упатување на корисниците на услугите на граѓанскиот сектор и како алатка за застапување за активисти од заедниците засегнати од ХИВ; Да изготви завршен наративен извештај од студијата, кој ќе вклучи и евентуални графички прикази, табели или илустрации, во опсег од 8-12 страници (при текст во Word, фонт Calibri со големина 11 pt, единечен проред); Да подготви концизно упатство за снаоѓање на активисти и лица од целните групи во однос на услугите за сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ, кое ќе биде погодно за дизајнирање на инфографик во опсег 2 до 4 дизајнирани страници А4 формат.
1 |
|
Краен производ До крајот на консултантскиот ангажман консултантот треба да достави: Наративен извештај од студијата, кој ќе вклучи и евентуални графички прикази, табели или илустрации, во опсег од 8-12 страници (при текст во Word, фонт Calibri со големина 11 pt, единечен проред); Предлог текст и нацрт графички решенија, табели или илустрации за концизно упатство за снаоѓање за активисти и лица од целните групи во однос на услугите за сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ, кој ќе биде погоден за дизајнирање инфографик во обем од 2 до 4 дизајнирани страници А4 формат; Одговорности За својата работа консултантот одговара пред координаторот на активноста номиниран од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје. Времетраење на ангажманот, временска рамка и надомест За спроведување на анализата се предвидени 10 консултантски денови, а ангажманот треба да се спроведе почнувајќи од 1 март до 20 март, 2019 година. За ангажманот е предвиден хонорар во максимален (бруто) износ од 60.000,00 денари, кој ќе биде исплатен во зависност од степенот на исполнување на задачите. Неопходни квалификации Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации: Релевантна универзитетска диплома од областа на јавното здравство, здравствени политики и сл.; Дополнителни обуки од областа на финансиите и економијата во здравството; Не помалку од 5 години искуство во областа на здравствените политики, податоци во здравствениот сектор или истражувачка работа во областа на здравството; Познавање на проекти финансирани од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија; Претходно искуство од работа на анализи релевантни за конкретниот ангажман (да се наведат во пријавата за конкурсот, со наслов, датум, времетраење и краток опис на ангажманот); Докажани аналитички вештини; Професионално ниво на познавање на Microsoft Office Excel Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи; Изградени способности за тимска стручна работа; Одлично познавање на англиски јазик. Критериуми за избор За работното место предност ќе имаат кандидатите со: Претходно искуство во изработка на анализи на здравствени програми и услуги со фокус на финансиите, особено во однос на ХИВ и на сексуално и репродуктивно здравје; Потенцијал за градење капацитети на вклучениот тим за наведениот вид анализи; Соодветна мотивација за конкретниот ангажман; Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.
2 |
|
Краен рок и потребни документи за пријавување Најдоцна до 26.02.2019, 23:59 ч., заинтересираните кандидати треба да ги достават по електронски пат следниве документи: професионална биографија со резиме на клучните квалификации релевантни за овој повик и осврт на претходното искуство од работа на релевантни анализи, наведени со наслов, датум, времетраење и краток опис на ангажманот); писмо (300-600 збора) во кое ќе образложат начелен пристап што го предлагаат за изработка на именуваниот вид анализа и ќе се осврнат на личната мотивација за конкретниот ангажман; контакт за препорака: име и презиме, адреса, телефон и електронска пошта од раководно лице на една од институциите/организациите за коишто работеле претходно. Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс консултант за анализа на финансиите“ доставeте ги електронски на следнава адреса: association@strongertogether.mk Постапка за избор на кандидат/-ка: Комисијата за избор на кандидат/-ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг-листа од примените апликации врз основа на степенот на исполнување на квалификациите и критериумите опишани во овој оглас. Со најмногу 3 најдобро рангирани кандидати/-тки ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто и оценката на поднесената документација наспроти условите на Конкурсот ќе биде избран кандидат/-ка кому ќе му/ѝ биде понуден консултантскиот ангажман. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, 4 дена по затворањето на конкурсот.
3 |
|