Конкурс за консултант

Page 1

КОНКУРС за ангажирање консултант за развивање стандарди за услугите за превенција и поддршка во рамките на националниот одговор на епидемијата на ХИВ

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за ангажирање на: консултант за развивање стандарди за услугите за превенција и поддршка во рамките на националниот одговор на епидемијата на ХИВ Консултантската позиција се отвора во рамките на проектот „Одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на програмите за ХИВ превенција од националниот буџет“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, спроведуван здруженијата ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и ХЕРА од Скопје. За спроведувањето на оваа анализа консултантот ќе добие насоки и поддршка од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

Контекст Повеќе од 15 години во Македонија се спроведуваат услуги за ХИВ-тестирање, превенција и поддршка наменети за клучните популации засегнати од ХИВ (во понатамошниот текст: услугите за ХИВ). Овие популации опфаќаат мажи што имаат секс со мажи, сексуални работници, лица што инјектираат дрога, како и лица што живеат со ХИВ. Услугите за ХИВ ги спроведуваат 15-тина граѓански организации ширум земјата, а се дизајнирани на начин што ги прави лесно достапни за припадниците на овие популации, со цел да се постигне што поголем опфат со услугите. Овој пристап се потпира на докази и е во насока на успешно ставање на епидемијата на ХИВ под контрола и нејзино целосно потиснување. Услугите за ХИВ се централен дел од сите досегашни национални стратегии за ХИВ на Република Северна Македонија (од 2003 до денес). Од 2005 до 2017 година, овие услуги беа финансирани преку националните грантови за ХИВ од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, како комплементарно финансирање на Програмата за заштита на населението од ХИВинфекција во Република Северна Македонија (националната програма за ХИВ) на Министерството за здравство. Почнувајќи од 2018 година, услугите за ХИВ се целосно


интегрирани во рамките на националната програма за ХИВ и се финансираат со средства од буџетот на Република Северна Македонија. Услугите за ХИВ наменети за клучните популации опфаќаат: − бесплатно и доверливо ХИВ-тестирање, во стационарни центри и преку мобилна единица за тестирање, − дистрибуција на кондоми и лубриканти, − дистрибуција на стерилни игли и шприцеви за намалување на штетата од употребата на дрога со инјектирање, − едукација за заштита од ХИВ и други крвни и сексуално преносливи инфекции и дистрибуција на едукативни материјали, − поврзување со системот на здравствена заштита, − услуги за дијагностика и третман на сексуално преносливи инфекции, − психосоцијална и врсничка поддршка и поврзување со системот на социјална заштита, вклучувајќи и давање на одредени услуги во доменот на социјалната заштита. Дел од овие услуги содржат и медицински аспекти, како на пример преврски и лекување на рани кај лица што инјектираат дрога и пакетот на услуги за дијагноза и лекување на сексуално преносливи инфекции. За медицинските услуги во програмите се ангажирани здравствени професионалци со соодветно образование. ХИВ-тестирањето со брзи тестови досега се спроведува од тимови на обучени советувачи (кои доаѓаат од самите целни групи или уживаат соодветен углед кај нив) и лаборанти или медицински техничари коишто го спроведуваат самото тестирање; наспроти оваа пракса, Светската здравствена организација препорачува демедикализација на ХИВ-тестирањето (т.е. услугата да ја дава персонал со соодветна обука за тоа, но без формално медицинско образование – т.н. lay providers) со цел оваа услуга да стане што полесно достапна за што поголем број луѓе, првенствено од клучните популации засегнати од ХИВ. Потреба за развивање нови национални стандарди Услугите што моментално се даваат од граѓанските организации во рамките на националната програма за ХИВ се дизајнирани според поодамна прифатени дефиниции и стандарди на национално ниво (пред повеќе од 10 години), кои важеле и биле препорачани од релевантни меѓународни организации. Постои потреба од ревидирање на овие стандарди, односно развивање нови стандарди на национално ниво за услугите за ХИВ, во согласност со најновите препораки на СЗО, УНАИДС и други релевантни организации, како и врз основа на постоечкото искуство и пракса. Стандардите за услугите за ХИВ треба да ги дефинираат компонентите на овие услуги, начинот на спроведување, како и минимум условите за нивното спроведување со цел да се гарантира нивната ефективност и квалитет. Тие исто така би требало да одразат консензус помеѓу вклучените актери на национално ниво (потребно е да се развијат низ консултативен и инклузивен процес). Стандардите за услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВ би требало да бидат составен дел на националната програма за ХИВ, односно на механизмот на партнерство и соработка помеѓу Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и граѓанскиот сектор во спроведувањето на активностите од Програмата за ХИВ.

2


Опис на работните задачи Ангажираниот консултант ќе треба да ги исполни следниве задачи: − Да предложи методологија на работа за процесот на развивање стандарди за услугите за ХИВ што се даваат како дел од националната програма за ХИВ; − Да развие образец за стандардите во консултација со Националната комисија за ХИВ; − Да ги земе предвид последните меѓународни упатства и препораки за услугите за ХИВ; − Да координира тим од соработници – по еден експерт за секоја клучна популација засегната од ХИВ и за ХИВ-тестирањето како посебна област (услуги за мажи што имаат секс со мажи, сексуални работници, лица што инјектираат дроги, лица што живеат со ХИВ, ХИВ-тестирање) – и да им даде упатства за спроведување консултативен процес за секоја област и за развивање нацрт стандард за областа; − Да комуницира со партнерски организации за евентуална техничка помош во процесот на развивање на стандардите; − Да ги ревидира изработените стандарди за секоја од 5-те области и да осигура дека ги задоволуваат дадените упатства и се во согласност со меѓународните препораки. Краен производ До крајот на консултантскиот ангажман консултантот треба да достави: − Да испорача конечен документ што ги вклучува стандардите за секоја од 5-те области. Одговорности За својата работа консултантот одговара пред координаторот на активноста номиниран од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје. Времетраење на ангажманот, временска рамка и надомест За спроведување на анализата се предвидени 10 консултантски денови, а ангажманот треба да се спроведе до 28 феврурари, 2020 година. За ангажманот е предвиден хонорар во максимален (бруто) износ од 87.000,00 денари. Неопходни квалификации Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации: − Најмалку универзитетска диплома од областа на медицинските науки или јавното здравје; − Не помалку од 5 години искуство во областа на здравствените политики или менаџирање на услуги во здравствениот сектор; − Истражувачка работа во областа на здравството или јавното здравје;

3


− Познавање на програмите за превенција и поддршка во врска со ХИВ наменети за клучните засегнати популации; − Претходно искуство од работа на проекти релевантни за конкретниот ангажман (да се наведат во пријавата за конкурсот, со наслов, датум, времетраење и краток опис на ангажманот); − Докажани аналитички вештини; − Изградени способности за тимска стручна работа; − Одлично познавање на англиски јазик. Критериуми за избор За работното место предност ќе имаат кандидатите со: − Претходно искуство во истражувачка работа поврзана со програмите и услугите за ХИВ за клучните засегнати популации или работа на развивање слични стандарди за услуги во областа на здравството и јавното здравје; − Соодветна мотивација за конкретниот ангажман и квалитет на предложениот пристап за негово спроведување; − Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации. Краен рок и потребни документи за пријавување Најдоцна до 08.01.2020, 23:59 ч., заинтересираните кандидати треба да ги достават по електронски пат следниве документи: − професионална биографија со резиме на клучните квалификации релевантни за овој повик и осврт на претходното искуство од работа на релевантни ангажмани, наведени со наслов, датум, времетраење и краток опис на ангажманот); − писмо (300-600 збора) во кое ќе образложат начелен пристап на работа што го предлагаат за конкретниот ангажман и ќе се осврнат на личната мотивација; − контакт за препорака: име и презиме, адреса, телефон и е-пошта од раководно лице на една од институциите/организациите за коишто работеле претходно. Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс консултант за стандарди“ доставeте ги електронски на следнава адреса: kontakt@zp.mk Постапка за избор на кандидат/-ка: Комисијата за избор на кандидат/-ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранглиста од примените апликации врз основа на степенот на исполнување на квалификациите и критериумите опишани во овој оглас. Со најмногу 3 најдобро рангирани кандидати/-тки по потреба ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто и оценката на поднесената документација наспроти условите на Конкурсот ќе биде избран кандидат/-ка кому ќе му/ѝ биде понуден консултантскиот ангажман. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, една недела по затворањето на конкурсот.

4


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.