Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
КОНКУРС за ангажирање консултанти
Датум на објавата: 20.6.2019 Краен рок за пријавување: 27.6.2019 I. УВОД Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за два консултантски ангажмани: 1. Консултант за изготвување национален протокол за постекспозициска профилакса при изложување на ризик од ХИВ-инфекција;
2. Консултант за изготвување национален протокол за пропишување и медицинско следење на употребата на предекспозициска профилакса од ХИВ-инфекција со концепт за пилот програма за предекспозициска профилакса како мерка на превенција. Консултантските ангажмани се отвораат во рамките на проектот „Одржливост на сервисите за клучните популации во регионот на Источна Европа и Централна Азија“ спроведуван на национално ниво во Република Северна Македонија од страна на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ во партнерство со здруженијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и ХОПС – Опции за здрав живот, и во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија преку Националната комисија за ХИВ, како дел од истоимената регионална програма раководена од Меѓународната добротворна фондација Алијанса за јавно здравје од Киев, Украина, со финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Овие консултантски ангажмани се администрирани од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, а исполнуваат задачи зацртани во Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција за 2019 година и ќе се остварат во соработка со Националната комисија за ХИВ и под нејзин надзор. Консултантите ќе работат со поддршка од работни групи за изработка на нов национален протокол за постекспозициска профилакса, односно национален протокол за предекспозициска профилакса со концепт за пилот-програма, кои ќе бидат определени од Министерството за здравство или предложени од Националната комисија за ХИВ. II. РОКОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
1 „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје Краен рок и потребни документи за пријавување Најдоцна до 27.06.2019, заинтересираните кандидати треба да ги достават по електронски пат следниве документи: професионална биографија со резиме на клучните квалификации релевантни за консултантската позиција за која се пријавуваат; писмо за интерес (300-600 збора) во кое ќе образложат начелен пристап што го предлагаат за изработка на предметот на ангажманот, соодветно за позицијата за која се пријавуваат (види ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ И УСЛОВИ) Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс консултанти за ПЕП / ПрЕП“ доставeте ги електронски на следнава адреса: association@strongertogether.mk Постапка за избор на кандидат/-ка: Комисијата за избор на кандидат/-ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. За секоја од двете консултантски позиции посебно Комисијата ќе изработи ранг-листа од примените апликации врз основа на степенот на исполнување на квалификациите и критериумите опишани во овој оглас. Со најмногу 3 најдобро рангирани кандидати/-тки за секоја од позициите посебно по потреба ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто и оценката на поднесената документација наспроти условите на Конкурсот ќе биде избран кандидат/-ка кому ќе му/ѝ биде понуден консултантскиот ангажман. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, 10 дена по затворањето на конкурсот. Одговорности За исполнување на обврските од овој ангажман консултантот одговара пред одговорно лице од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје. Квалитетот на испорачаната работа ќе биде оценет од Националната комисија за ХИВ.
III. ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ И УСЛОВИ 1. Консултантска позиција 1: Консултант за изготвување национален протокол за постекспозициска профилакса при изложување на ризик од ХИВ-инфекција Опис на работните задачи Ангажираниот консултант треба да ги исполни следниве задачи: Да предложи структура на сеопфатен национален протокол за постекспозициска профилакса (ПЕП), кој ќе опфаќа ситуации на професионално, како и на сексуално изложување на ХИВинфекцијата, како и методолошки пристап за негова изработка; Да ја координира комуникацијата со работна група за изработка на националниот протокол за ПЕП определена од Министерството за здравство или предложена од Националната комисија за ХИВ и да го вклучи стручниот придонес на работната група при изработката на протоколот;
2 „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Да ги идентификува најновите препораки за примена на ПЕП на меѓународно ниво, односно на национално ниво во барем три земји од Европскиот регион на Светската здравствена организација; Да комуницира со надворешен експерт, избран во консултација со Националната комисија за ХИВ и Канцеларијата на Светската здравствена организација, за техничка помош при конципирањето на нацрт-протоколот и ревидирање на завршниот нацрт усогласен со работната група.
Краен производ До крајот на консултантскиот ангажман консултантот треба да достави:
Предлог текст на нов сеопфатен национален протокол за постекспозициска профилакса при изложување на ризик од ХИВ-инфекција, која ќе опфати ситуации на професионално, како и на сексуално изложување на ХИВ-инфекцијата.
Времетраење на ангажманот, временска рамка и надомест За спроведување на ангажманот се предвидени 12 консултантски денови, а ангажманот треба да се спроведе почнувајќи до 31 август, 2019 година. За ангажманот е предвиден хонорар во максимален (бруто) износ од 130,00 долари во денарска противвредност за еден консултантски ден, кој ќе биде исплатен во зависност од степенот на исполнување на задачите. Потребни квалификации Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации: Релевантна универзитетска диплома од областа на медицината, јавното здравje и/или епидемиологијата; Искуство во научна или стручна или истражувачка работа во рамките на јавното здравство, националниот одговор на ХИВ, јавното здравје или медицината; Солидно познавање на проблематиката на ХИВ-инфекцијата од медицински (инфектолошки) и епидемиолошки аспект и познавање на спецификите на епидемијата на ХИВ во Македонија; Докажани аналитички вештини; Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи; Изградени способности за тимска стручна работа; Одлично познавање на англиски јазик. Критериуми за избор За работното место предност ќе имаат кандидатите со: Претходни трудови релевантни за конкретниот ангажман (да се наведат во пријавата за конкурсот, со наслов, датум, времетраење и краток опис на ангажманот); Стручно познавање на употребата на антиретровирусните лекови во лекувањето и превенцијата на ХИВ-инфекцијата; Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации. *******
3 „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје 2. Консултантска позиција 2: Консултант за изготвување национален протокол за пропишување и медицинско следење на употребата на предекспозициска профилакса од ХИВ-инфекција со концепт за пилот програма за предекспозициска профилакса како мерка на превенција Опис на работните задачи Ангажираниот консултант треба да ги исполни следниве задачи: Да предложи структура на национален протокол за пропишување и медицинско следење на употребата на предекспозициска профилакса (ПрЕП) од ХИВ-инфекција, како и методолошки пристап за негова изработка; Да развие концепт за пилот програма за предекспозициска профилакса како мерка на превенција на сексуално изложување на ХИВ-инфекцијата кај најзасегнатата клучна популација на национално ниво; Да ја координира комуникацијата со работна група за изработка на националниот протокол за ПрЕП определена од Министерството за здравство или предложена од Националната комисија за ХИВ и да го вклучи стручниот придонес на работната група при изработката на протоколот; Да ги идентификува најновите препораки за примена на ПрЕП на меѓународно ниво, односно на национално ниво во барем три земји од Европскиот регион на Светската здравствена организација; Да комуницира со надворешен експерт, избран во консултација со Националната комисија за ХИВ и Канцеларијата на Светската здравствена организација, за техничка помош при конципирањето на нацрт-протоколот и ревидирање на завршниот нацрт усогласен со работната група.. Краен производ До крајот на консултантскиот ангажман консултантот треба да достави:
Предлог текст на национален протокол за пропишување и медицинско следење на употребата на предекспозициска профилакса (ПрЕП) од ХИВ-инфекција; Концепт за пилот програма за предекспозициска профилакса како мерка на превенција на сексуално изложување на ХИВ-инфекцијата кај најзасегнатата клучна популација на национално ниво.
Времетраење на ангажманот, временска рамка и надомест За спроведување на ангажманот се предвидени 15 консултантски денови, а ангажманот треба да се спроведе почнувајќи до 31 август, 2019 година. За ангажманот е предвиден хонорар во максимален (бруто) износ од 130,00 долари во денарска противвредност за еден консултантски ден, кој ќе биде исплатен во зависност од степенот на исполнување на задачите. Потребни квалификации Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации: Релевантна универзитетска диплома од областа на медицината, јавното здравje и/или епидемиологијата;
4 „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Искуство во научна или стручна или истражувачка работа во рамките на јавното здравство, националниот одговор на ХИВ, јавното здравје или медицината; Солидно познавање на проблематиката на ХИВ-инфекцијата од медицински (инфектолошки) и епидемиолошки аспект и познавање на спецификите на епидемијата на ХИВ во Македонија; Докажани аналитички вештини; Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи; Изградени способности за тимска стручна работа; Одлично познавање на англиски јазик.
Критериуми за избор За работното место предност ќе имаат кандидатите со: Претходни трудови релевантни за конкретниот ангажман (да се наведат во пријавата за конкурсот, со наслов, датум, времетраење и краток опис на ангажманот); Стручно познавање на употребата на антиретровирусните лекови во лекувањето и превенцијата на ХИВ-инфекцијата; Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации.
5 „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk