КОНКУРС за координатор за комуникации - ЗАЕДНО ПОСИЛНИ

Page 1

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје 17.05.2019 година КОНКУРС за вработување на координатор за комуникации Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата координатор за комуникации Позицијата се отвора за период од шест месеци во траење до крајот на годината, со тримесечен пробен период и со можност за продолжување по 31.12.2019 година. Опис на работната позиција Координаторот за комуникации ги организира и координира комуникациските активности на Здружението со јавноста, медиумите и специфичните целни групи на нашата мисија, осмислува стратегии за комуникација, организира конференции за медиуми, состаноци и обуки, раководи со веб-страната на Здружението и со профилите на социјалните медиуми, подготвува извештаи, координира процеси на продукција на комуникациски продукти. Работни задачи Поконкретно, координаторот за комуникации:  ги организира и координира комуникациските активности на Здружението со јавноста, медиумите и специфичните целни групи на мисијата на Здружението;  осмислува стратегии за комуникација, комуникациски пораки и содржини и комуникациски алатки;  координира активности за подигнување на јавната свесност за ХИВ и промоција на ХИВтестирањето и превенцијата;  раководи со веб-страната на Здружението и службените профили на социјалните медиуми;  координира процеси на продукција на комуникациски продукти;  подготвува прес-клипинг извештаи и извештаи за својата работа;  одговорен е за трошењето на средствата и административни задачи поврзани со комуникациската работа. Работно време Работната позиција подразбира полно осумчасовно работно време, од понеделник до петок, од 8:30/9:00 до 16:30/17:00 ч, со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. 1 |

|


Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје Неопходни квалификации Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации:  завршено високо образование;  солидни вештини за уредување, развивање содржини и комуникација преку нови и традиционални медиуми;  одлични вештини на усна и писмена комуникација;  познавања или искуство од областа на дигиталните комуникации (особено twitter, facebook, youtube, instagram и др.);  одлично познавање на стандарден македонски јазик и напредно користење со англиски јазик;  најмалку 2 години работно искуство (не задолжително во бараната област);  одлично познавање и сензитивност во врска со прашањата што ги засегаат ЛГБТ луѓето;  силна мотивираност за унапредување на здравјето и квалитетот на живот на луѓето засегнати од ХИВ;  апсолутна доверливост и сензитивност за работа со луѓе што имаат ХИВ и припадници на групи/заедници изложени на поголем ризик од ХИВ;  солидно познавање на Microsoft Office;  изградени вештини за логистика и спроведување на административни задачи;  способност за навремено исполнување на зададените задачи. Предности За работното место предност ќе имаат кандидатите со:  работно искуство во областа на комуникации и/или односи со јавноста;  работно или волонтерско искуство во граѓанскиот сектор;  образование во некоја од следниве области: филологија, комуникациски студии, психологија, хуманистички науки, медицина или други сродни професии;  вештини за користење програми за графичко уредување;  познавања од областа на издавачката дејност и/или процеси на продукција на видео и аудио материјали;  познавања на интерсекцијата меѓу проблемот на ХИВ и прашања што ги засегаат ЛГБТ луѓето;  одлично познавање на албански јазик;  динамичност, амбициозност и самоиницијативност  повисок степен на исполнување на неопходните квалификации Постапка за избор на кандидат/-ка: Комисијата за избор на кандидат/-ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг-листа од примените апликации врз основа на степенот на исполнување на квалификациите и критериумите опишани во овој оглас. Со најмногу 5 најдобро рангирани кандидати/-тки ќе биде 2 |

|


Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје спроведено интервју и тестирање. Во зависност од резултатите од тестирањето и интервјуто ќе биде избран кандидат/-ка кому ќе му/ѝ биде понудена работната позиција. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, најдоцна 20 дена по затворањето на конкурсот. Потребни документи Најдоцна до 27.05.2019 заинтересираните кандидати треба да достават по електронски пат:  професионална биографија во која ќе бидат резимирани клучните квалификации што одговараат на барањата на овој повик,  писмо за мотивација (200-300 збора) во кое ќе објаснат зошто сакаат да работат на конкретната позиција и во конкретната организација и на кој начин би придонеле за унапредување на работата на Здружението кога би ја добиле работната позиција, На кандидатите што ќе влезат во потесниот избор може да им биде побаран и контакт за препорака во текот на процесот на избор. Важно: Особено се охрабруваат да се пријават на конкурсот лица што живеат со ХИВ и припадници на ЛГБТ заедницата без разлика на ХИВ-статусот. Доверливоста во однос на ХИВстатусот е строго гарантирана. Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс координатор за комуникации“ доставeте ги електронски на следнава адреса: association@strongertogether.mk

3 |

|


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.