Заедно посилни група за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ
РЕЗИМЕ НА ПРЕПОРАЧАНА ТЕРМИНОЛОГИЈА ВО ВРСКА СО ХИВ
Имајќи ги предвид предрасудите и заблудите во врска со ХИВ-инфекцијата, кои на различни нивоа сè уште постојат ширум светот, релевантните меѓународни институции и организации 1 преземаат различни мерки и активности со цел да се влијае на нивното намалување и на соодветно прифаќање во општеството на лицата што живеат со ХИВ. Во таа насока се и прeпораките за начинот на комуникација и употребата на јазик кој е позитивен и кој не стигматизира дополнително. Во табелата е прикажан дел од препорачаната терминологија која се однесува на оваа проблематика, а која веќе претставува светски стандард.
ТЕРМИНОЛОГИЈА ШТО НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА (со црвено) ХИВ-вирус
ПРЕПОРАЧАНА ТЕРМИНОЛОГИЈА (со зелено) > ХИВ Се употребува само „ХИВ“ бидејќи самата кратенка го содржи во себе зборот „вирус“, односно „вирус на имунодефицит кај луѓе“ или „вирус на имунолошки недостаток кај човекот“
Болеста СИДА сида
> ХИВ-инфекција / напреден стадиум на ХИВ-инфекција / синдром на стекнат имунодефицит или само СИДА Терминот „СИДА“ е кратенка која означува „синдром на стекнат имунодефицит“. СИДА не претставува болест, туку синдром кој се одликува со присуство на повеќе различни заболувања и симптоми што се јавуваат како резултат на намален имунитет при ХИВ-инфекција. Според тоа, терминот „СИДА“ не е име на болеста и треба да се пишува како кратенка, со големи букви. Медицински гледано, СИДА го означува напредниот стадиум на ХИВ-инфекцијата.
ХИВ/СИДА
> ХИВ и СИДА или само ХИВ Треба да се настојува двата термина да се употребуваат одвоено, секој во своето значење соодветно на контекстот. Термин „СИДА“ не треба да се користи како синоним за вирусот ХИВ или за ХИВ-инфекцијата како заболување, освен во ретки исклучоци – фрази кои така останале познати, на пр. „Светски ден против СИДА“.
1
Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, УНДП и другите агенции на ОН; Глобалната мрежа на луѓе што живеат со ХИВ, Меѓународната федерација за планирано родителство, Меѓународното здружение за СИДА и многу други светски невладини организации. Овие насоки се прилагодени на македонски од UNAIDS Terminology Guidelines 2011.
1 „Дебарца“ 56-4, 1000 Скопје | тел.: 02/3290395 | моб.: 070/344693 | e-mail: zaedno.posilni@hera.org.mk
Заедно посилни група за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ
болни (заболени) од ХИВ; ХИВ-позитивни
> луѓе што живеат со ХИВ или лица што живеат со ХИВ Секогаш кога тоа е можно треба да се користи оваа позитивна фраза.
заразени со ХИВ; ХИВ-инфицирани заразување со ХИВ
> инфицирани со ХИВ > инфицирање со ХИВ Зборовите „заразен“, „заразување“ имаат многу негативна конотација и асоцираат на нешто страшно (на пример чума) и нешто што се пренесува лесно. ХИВ-инфекцијата не претставува заразна болест која се пренесува низ вообичаен секојдневен контакт, па оттука терминот „зараза“ е мошне навредлив за лицата што живеат со ХИВ или се засегнати од него.
пациент со СИДА
> лице со напреден стадиум на ХИВ-инфекција / пациент со заболување поврзано со ХИВ
СИДА вирус
> ХИВ / вирус на имунодефицит кај луѓе Не постои СИДА вирус, туку вирус кој предизвикува СИДА, односно вирус на имунодефицит кај луѓе (ХИВ)
ризик од СИДА
> ризик од ХИВ-инфекција / ризик од изложеност на ХИВ
СИДА тест
> ХИВ-тест
антивирусни лекови/терапија
> антиретровирусни лекови/терапија Терапијата за ХИВ се нарекува „антиретровирусна терапија“, бидејќи ХИВ спаѓа во групата на т.н. ретровируси. Како кратенка се користи АРТ
борба против СИДА
> одговор на ХИВ Се препорачува да се избегнуваат зборови со негативна конотација како „борба“ и да се заменат со „одговор“, „справување“ и слично. На пр. „национален одговор на ХИВ“
наркомани интравенски корисници
> корисници на дрога > лица кои инјектираат дрога Лицата кои користат дрога по пат на инјектирање, не секогаш дрогата ја инјектираат во вена, па затоа подобро е да се каже „лица кои инјектираат дрога“ наместо „интравенски корисници“
2 „Дебарца“ 56-4, 1000 Скопје | тел.: 02/3290395 | моб.: 070/344693 | e-mail: zaedno.posilni@hera.org.mk