Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ Почитувани, Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, ул. Васко Карајанов бр. 2-4, за Проектот Кампања за поддигнување на свесноста за ХИВ кај здравствените работници во рамки на проектот Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програма за погранична соработка Косово - Македонија, телефон за контакт ++3892129200, електронска пошта association@strongertogether.mk има потреба од продукциска услуга согласно спецификацијата во прилог. За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка со барање за прибирање на понуди без објавување на оглас, во согласност со Законот за јавните набавки. Ве молиме да ни доставите Ваша понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 15.06.2016 на горната адреса. Во прилог на оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Ве молиме при изготвување на Вашата понуда да ги користите оригиналните обрасци кои се составен дел на тендерската документација. Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје 09.06.2016 година
Извршен директор Андреј Сених
„Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Инструкции за понудувачите 1. Предмет на договорот за јавна набавка Предмет на договорот за јавна набавка е продукциска услуга. Детален опис на предметот на набавката е даден во техничкиата спецификација во прилог на оваа тендерска документација. 2. Разлики во цена (корекција на цени) Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка. 3. Рок на испорака на стоките / за извршување на услугата / за завршување на работите Главниот настан – аудиовизуелно снимање на форум театарот ќе се одржи на 1 јули 2016. Финален рок за доставување на сниманиот материјал на лицето одговорно за организација e до крајот на истиот ден од настанот. Обработка на звукот и сликата се очекува да се заврши во периодот 20-30.08.2016 Здружение ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје го задржува правото на измена на временската рамка на изготвување на продуктот во зависност од претходно реализираните активности поврзани со оваа консултантска услуга. 4. Начин на плаќање Начин на плаќање е вирмански, во рок до 30 дена по доставувањето на фактурата за конкретната испорака. Набавувачот врши исплата на цените без вклучени давачки. Данокот на додадена вредност, царината и акцизата, избраниот економски оператор е должен да ги регулира согласно Правилникот за спроведување на ослободување од царина и други давачки, акциза и данок на додадена вредност (ДДВ), при увоз на добра-стоки и за обезбедување на средства за плаќање на акциза и ДДВ за прометот на добра и услуги во земјата, потребни за реализирање на проекти финансирани со парични средства на странски донатори (Сл.весник на РМ бр.54/2003). 5. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите 5.1. За да учествува во постапката за доделување на договор, понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. 5.2. За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да има на располагање документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, кој го доставува заедно со понудата во оригинал или копија заверена од понудувачот. 6. Изготвување и поднесување на понудите 6.1. Начин на изготвување на понудата Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација. Понудата мора да ги содржи сите елементи кои се предвидени во образецот на понуда во прилог на оваа тендерска документација Понудувачот подготвува еден оригинален примерок. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. 6.2. Елементи на понудата Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед: - Образец на понуда (Прилог 2), - Доказ за регистрирана дејност, - Референци (портфолио) за Продукциската куќа во аудиовизуелно запишување на настани и обработка на звук и слика 6.3. Период на важност на понудата Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
6.4. Запечатување на понудата Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса. Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој: - е адресиран со точна адреса на договорниот орган, - го содржи бројот на огласот, Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. 6.5. Принцип на една понуда Едно право или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поедиечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат. 7. Критериуми за доделување на договорот Критериум за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за јавна набавка е: Најниска цена 8. Известување на понудувачите Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за јавна набавка со барање за прибирање на понуди ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за јавна набавка, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката. 9. Правна заштита Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. 10. Течничка спецификација Продукцијата ќе има за задача аудиовизуелно да запише настан во времетраење од 6 часа. Форматот на настанот ќе биде форум театар. За оваа цел, потребни се: 3 камермани кои ќе снимаат од различни агли 1 аудио техничар, кој ќе се грижи за снимањето на звукот од дијалогот и дискусијата која ќе следи 3/4 камери со ХД капацитет 7-8 безжични микрофони, во зависност од бројот на учесници дополителна поддршка и опрема, по препорака на продуцентите Продукциската куќа нема да е одговорна за монтажа на видеото, но ќе треба да ги обработи звукот и сликата на конечното 2минутно видео. Продукциската куќа нема да е одговорна за креирање на сценариото на настанот, режија или организација на самиот настан. Продукциската куќа ќе има за задача да го достави целиот снимен материјал на лицето одговорно за организација до крајот на истиот ден од настанот. Предвиден ден за настанот е 1 Јули 2016. Продуцентите ќе имаат можност да ја посетат локацијата на настанот и да одредат каква опрема е најсоодветна за самата локација и дали е потребно дпоплнително осветлување. Продуцентите ќе имаат за задача да се состанат со лицата одговорни за организацијата на настанот 2-3 пати за да дискутираат детали за продукцијата. Еден од овие состаноци ќе се случи на 30 Јуни 2016.
„Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Прилог 2 – Образец на понуда [меморандум на понудувачот]
Врз основа на поканата за поднесување на понуди _____________________ [се внесува бројот на поканата] за доделување на договор за јавна набавка на ___________________ [се внесува предметот на договорот за јавна набавка како што е наведен во поканата] во постапка со барање за прибирање на понуди, и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава: ПОНУДА Дел I – Информации за понудувачот I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________ I.2. Контакт информации Адреса: ______________________________________________________________ Телефон: ____________________________________________________________ Факс: ________________________________________________________________ Е-пошта: _____________________________________________________________ Лице за контакт: _______________________________________________________ I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________ I.4. Даночен број: ____________________________________________________________ Дел II – Техничка и финансиска понуда II.1.Согласни сме да го понудиме следново: Опис
единица мерка
производител
количина
единечна цена без ДДВ
ДДВ
вкупна цена со ДДВ
Вкупно: [Во оваа точка понудувачот ги наведува стоките/услугите/работите кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација и ги наведува цените. Доколку е попрактично, табелата може да се прилагоди или да се замени со друга форма која договорниот орган ја смета за соодветна. Доколку договорот за јавна набавка е поделен на делови, треба да се предвидат табели за секој дел посебно со идентификување на кој дел се однесува секоја табела]
II.3. Во прилог ги доставуваме бараните референци (протфолио) за Продукциската куќа во аудиовизуелно запишување на настани и обработка на звук и слика, и тоа: ______________________________________________________________. II.4. Ги прифаќаме начинот и рокот на извршување утврдени во тендерската документација. II.5. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација. „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
II. 6. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација. Место и датум ___________________________
Одговорно лице ___________________________ (потпис и печат)
„Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk