ХИВ во Европа ја повикува европската заедница да се обедини во текот на една седмица во ноември, од 18 до 25 ноември за да се зголеми свесноста за тестирањето на ХИВ и хепатит, а со цел повеќе луѓе да се информираат за нивните ризици, да го дознаат својот ХИВ и/или хепатит статус и да разберат дека има ефективна и достапна терапија за ХИВ и хепатит..
Во 2015 година, Европската недела на ХИВ тестирање го прошири спектарот и го вклучи тестирањето за хепатит, бидејќи хепатит Б и Ц се многу чести кај луѓето под ризик и помеѓу луѓето што живеат со ХИВ. Поради тоа сега се нарекува Европска недела на ХИВ-хепатит тестирање. Оваа промена се случи бидејќи овие два вируси се пренесуваат на истите начини како што се пренесува и ХИВ, а тоа е преку инјектирање на дрога и секс без кондом.
Знаењето на сопствениот статус може да го превенира пренесувањето на вирусот на други лица.