Конкурс за финансиски и административен асистент (23.5.2018)

Page 1

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

КОНКУРС за вработување на асистент за финансиско и административно работење

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за вработување на асистент за финансиско и административно работење Позицијата е овозможена во рамките на проектот „Одговорна транзиција кон одржливо национално финансирање на програмите за ХИВ превенција во Република Македонија“, поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија и проектот „Сеопфатна поддршка за луѓето што живеат со ХИВ и превенција кај МСМ“ како програмска активност во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ во Република Македонија за 2018 година на Министерството за здравство. Позицијата се отвора од 15 јуни 2018 година во траење до крајот на годината, со тримесечен пробен период и со можност за продолжување по 31.12.2018, како и со можност за унапредување и повисок надомест. Работни задачи и одговорности Основни работни задачи Aсистентот за финансиско и административно работење врши задачи поврзани со севкупното финансиско и административно работење на Здружението, поконкретно: - му помага на координаторот на финансиското и административното работење - ја средува финансиската документација и помага во нејзиното организирање - подготвува налози за исплата, благајнички извештаи, договори и други документи - комуницира со сметководството, снабдувачите и други соработници - помага во изготвување годишни буџети на Здружението како и поединечни буџети за определени проекти и проектни апликации - подготува постапки за набавка на материјали и услуги во согласност со условите пропишани од донаторите и правилата и процедурите на Здружението - комуницира со банките, сметководството, лицата одговорни за финансиското работење од страна на донаторите, снабдувачите, партнерските организации/институции и други соработници - учествува во процесите за прибирање средства за Здружението - помага во водењето на архивата на Здружението 1

„Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk


Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

- врши и други задачи поврзани со финансиското и административното работење на Здружението во договор со координаторот на финансиското и административното работење и извршниот директор Одговорности Проектниот и административен асистент: - запознаен е, ги следи и ги применува законските и подзаконските акти, како и политиките и внатрешните процедури на Здружението, особено во делот на финансиското и административното работење - се грижи за навремено и ефикасно спроведување на сите активности за кои е одговорен, во согласност со определениот буџет, работниот план на организацијата, односно определените временски рамки на проектите - за својата работа одговара пред координаторот за финансиско и административно работење Работно време Работната позиција подразбира полно осумчасовно работно време со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и 20 денови за одмор. Неопходни квалификации Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации: - диплома за завршено високо образование - минимум две години работно искуство во финансиско и административно раководење на проекти - изградени вештини за информатичка технологија (Microsoft Office и/или сметководствени програми) - апсолутна доверливост и сензибилност за работа со лица што имаат ХИВ и припадници на групи/заедници изложени на поголем ризик од ХИВ - одлично познавање на стандарден македонски и на англиски јазик - способности за планирање и организација - изградени способности за тимска работа - способност за навремено исполнување на зададените задачи - државјанство на Република Македонија Критериуми за избор За работното место предност ќе имаат кандидатите со: - силна мотивираност за работа во областа на конкретното работно место - динамичност, амбициозност и самоиницијативност 2

„Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk


Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

- образование во некоја од следниве области: економија, финансии, сметководство или други сродни професии - претходна работа во граѓанскиот сектор - повисок степен на исполнување на неопходните квалификации - познавања или искуство од областа на работата со маргинализирани групи, јавно здравје, сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ, човекови права Постапка за избор на кандидат/-ка: Комисијата за избор на кандидат/-ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг-листа од примените апликации врз основа на степенот на исполнување на квалификациите и критериумите опишани во овој оглас. Со најмногу 6 најдобро рангирани кандидати/-тки ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од тестирањето и интервјуто ќе биде избран кандидат/-ка кому ќе му/ѝ биде понудена работната позиција. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, 15 дена по затворањето на конкурсот. Потребни документи Најдоцна до 3.6.2018 заинтересираните кандидати треба да достават по електронски пат: - професионална биографија - писмо за мотивација (200-300 збора) во кое ќе објаснат зошто сакаат да работат на конкретната позиција и во конкретната организација - контакт за препорака: име и презиме, адреса, телефон и електронска пошта од раководно лице на една од институциите/организациите каде што работеле претходно Важно: Се охрабруваат лица што живеат со ХИВ да се пријават на конкурсот, при што доверливоста во однос на ХИВ-статусот е строго гарантирана. На конкурсот се охрабруваат да се пријават и лица од пошироката заедница на луѓето што живеат со ХИВ, која ги вклучува и оние што се засегнати од ХИВ како партнери и блиски роднини или пријатели на луѓето со ХИВ; притоа, да се биде засегнат подразбира да се биде запознаен со здравствениот статус на својот близок кој има ХИВ, да се има конкретно искуство на давање поддршка на лицето со ХИВ и да се биде апсолутно доверлив. На конкурсот се охрабруваат да се пријават и припадници на некоја од заедниците што се особено засегнати од ХИВ во Република Македонија. Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс фин./админ. асистент“ доставeте ги електронски на следнава адреса: association@strongertogether.mk

3

„Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.