Повик за акција до владите, фармацевтската индустрија и засегнатата заедница

Page 1

ПОВИК ЗА АКЦИЈА до владите, фармацевтската индустрија и засегнатата заедница Ние, активисти и граѓанските организации на луѓе што живеат со ХИВ и организации за нивна поддршка, од 18 земји во Централна и Југоисточна Европа, сакаме да истакнеме дека: Бројот на нови ХИВ-инфекции во регионот на Централна и Југоисточна Европа постојано расте. И покрај тоа што стапката на ХИВ-инфекција е сѐ уште релативно ниска, ние и понатаму се соочуваме со проблеми во пристапот до терапија за ХИВ во нашите земји. Овие предизвици подразбираат: -

Ограничени и застарени тераписки опции, вклучувајќи и ограничени педијатриски лекови за ХИВ;

-

Опасни и неприфатливи прекини во континуитетот на лекувањето, кои можат да доведат до појава на резистентни форми на ХИВ, чие понатамошно лекување е потешко и далеку поскапо;

-

Несоодветно планирање на буџетите за терапија и неефикасни механизми за нејзино навремено и континуирано обезбедување;

-

Недоволен број на регистрирани антиретровирусни лекови и предолги процедури за нивно покривање од националните здравствени фондови;

-

Системски пречки за навремено пристапување кон антиретровирусна терапија, како што е на пример недостатокот на здравствено осигурување за определени засегнати поединци и групи;

За да се надминат овие проблеми имаме потреба од зголемено внимание и заложби во врска со ХИВ, подобро стратешко планирање и буџетирање на соодветни средства. Само на тој начин може да се обезбеди одржливо снабдување со квалитетни лекови и тестови за следење на инфекцијата, како и сеопфатна здравствена грижа. 1


Затоа, упатуваме повик до владите, фармацевтските компании, како и самата засегната заедница, сите да ги зголемат своите напори за обезбедување одржлива и квалитетна терапија. Поконкретно, ги повикуваме владите и министерствата за здравство: 

 

Да буџетираат доволно средства за антиретровирусни лекови, врз основа на достапните епидемиолошки податоци и проекции, земајќи ги предвид реалните цени на лековите во нашиот регион; Да ги оптимизираат трошоците за обезбедување на терапија преку создавање услови за поголема компетитивност на пазарот во однос на оригинаторски и генерички антиретровирусни лекови и преку сериозно разгледување на можноста за отпочнување со групни набавки на лекови од регионален, односно меѓународен карактер; Да инвестираат во ХИВ-тестирање и рана дијагноза за да можат луѓето навремено да пристапат кон терапија. На тој начин би се заштедиле и средства на подолг рок; Да преговараат со фармацевтските компании, при што ќе ја вклучат и засегнатата заедница, со цел навремено да се обезбедат најновите тераписки опции по достапни цени.

Ги повикуваме фармацевтските компании, како оригинаторите, така и генеричките: 

    

Да препознаат дека пациентите се повеќе од потрошувачи, лековите се повеќе од производи, а пристапот до најдобрата можна терапија и грижа се основни човекови права и му служат на јавното здравје; Без одложување да ги регистрираат своите лекови во сите земји од нашиот регион и да определат достапни цени; Да соработуваат и да влезат во преговори – со добра верба – со владите и засегнатата заедница; Да го поддржат раното откривање на ХИВ, особено преку доброволно, но целисходно тестирање во рамките на самите заедници; Да ја поддржат едукацијата за терапија наменета за клиничките лекари и за луѓето што живеат со ХИВ или коинфекции и други коморбидитети; Да ја земат предвид специфичната ситуација во секоја земја од нашиот регион.

Како заедница, ние ја ветуваме нашата соработка со цел да се спроведат овие важни должности. Ги повикуваме нашите членови да придонесат за подобар пристап до 2


терапија преку постојано следење и давање препораки базирани на докази. Оттаму, ние се заложуваме: 

Да градиме капацитети со цел да ја осигураме нашата суштинска вклученост и да придонесеме за порационално планирање на расположливите средства и за постигнување на достапни цени;

Да продолжиме да ги едуцираме пациентите за лекувањето и придржувањето до терапијата, и да обезбедиме поддршка, со цел да осигураме најдобар можен резултат од лекувањето;

Да ја подигнеме свесноста за ХИВ и да придонесеме за рано откривање, преку зголемено ХИВ-тестирање во рамките на заедницата;

Да се вклучиме во преговорите помеѓу владите и фармацевстката индустрија како еднакви партнери;

Да се справиме со стигмата и дискриминацијата.

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

Мрежа на земји со ниска ХИВ-преваленца во Централна и Југоисточна Европа (NeLP), вклучувајќи активисти од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Турција

3


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.