Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
КОНКУРС за ангажирање консултант за проценка на недостатокот во финансирањето на услугите за превенција, третман, грижа и поддршка во врска со ХИВ за популацијата на мажи што имаат секс со мажи и транс-лица
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за ангажирање на Консултант за проценка на недостатокот во финансирањето на услугите за превенција, третман, грижа и поддршка на ХИВ наменети за популацијата на мажи што имаат секс со мажи (МСМ) и транс-лица Консултантската позиција се отвора во рамките на проектот „Право на здравје“, дел од истоимената регионална програма раководена од Евроазиската коалиција за машко здравје со финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, спроведуван во Република Македонија од страна на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ во партнерство со Здружението ЕГАЛ Скопје и Здружението СТАР-СТАР. Спроведувањето на оваа анализа е предвидено како заедничка работа на консултантот и номиниран тим од конзорциумот од три организации – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, ЕГАЛ и СТАР-СТАР. Тоа исто така треба да вклучи елементи на градење капацитети на основно ниво за овој вид на анализи што ќе останат во самите организации. Опис на работните задачи Ангажираниот консултант ќе треба да ги исполни следниве задачи: Да прилагоди на националниот контекст веќе зададени методологии за пресметка на цена на услуга и за проценка на недостатокот во финансирањето на клучни услуги за МСМ во однос на достапните информации за големината на целната популација; Да развие стратегија за собирање на податоци; Да собере релевантни податоци во врска со финансирањето на постоечките услуги за превенција и лекување на ХИВ фокусирани на мажи што имаат секс со мажи; Да направи анализа на релевантни документи и податоци; Да фацилитира неопходни консултативни состаноци; Да изврши мапирање на сет од претходно договорени клучни услуги за ХИВ и сексуално и репродуктивно здравје наменети или релевантни за МСМ Да развие финален извештај; 1 |
|
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Да го презентира нацрт-финалниот извештај пред сите вклучени страни во процесот на проценката и да направи подобрувања на извештајот во согласност со добиените препораки; Да работи во тесна соработка со тимот на конзорциумот од организациите на засегнатите заедници. Краен производ До крајот на консултантскиот ангажман консултантот треба да достави конечен извештај од спроведената анализа според следниве насоки: Извештајот ќе содржи текстуално изложување на методологијата, процесот на анализата, наодите, заклучоците и препораките, како и детални сумарни прикази на клучните наоди и заклучоци од анализата, вклучувајќи табели и графички прикази. Извештајот ќе вклучи мапирање на достапните услуги за ХИВ и сексуално и репродуктивно здравје наменети или релевантни за мажите што имаат секс со мажи во Република Македонија Извештајот ќе ги инкорпорира насоките од тимот назначен од конзорциумот ЗАЕДНО ПОСИЛНИ – ЕГАЛ – СТАР-СТАР и препораките од консултативниот процес со сите вклучени страни (организации, институции, претставници на заедницата). Одговорности За својата работа консултантот одговара пред координаторот на активноста номиниран од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје. Времетраење на ангажманот, временска рамка и надомест За спроведување на анализата се предвидени 14 консултантски денови, а ангажманот треба да се спроведе почнувајќи од 15 декември заклучно со 28 февруари. За ангажманот е предвиден хонорар во максимален износ од 1400 евра во денарска противвредност, кој ќе биде исплатен во зависност од степенот на исполнување на задачите. Неопходни квалификации Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации: Релевантна универзитетска диплома од областа на јавните финансии, финансиско работење во здравствениот сектор или економија во здравството, статистика или сродна област Не помалку од 5 години искуство во областа на економија или финансиско работење, како и статистика на знаење и податоци, во здравствениот сектор Познавање на проекти финансирани од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија
2 |
|
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Претходно искуство од работа на анализи релевантни за конкретниот ангажман (да се наведат во пријавата за конкурсот, со наслов, датум, времетраење и краток опис на ангажманот) Докажани аналитички вештини Професионално ниво на познавање на Microsoft Office Excel Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи Изградени способности за тимска стручна работа Способност и подготвеност за градење капацитети за овој вид анализи на тимот назначен од Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје Апсолутна доверливост и сензитивност за работа со лица што живеат со ХИВ и припадници на групи/заедници изложени на поголем ризик од ХИВ Одлично познавање на англиски јазик Државјанство на Република Македонија Критериуми за избор За работното место предност ќе имаат кандидатите со: Претходно искуство во изработка на анализи на програми и услуги со фокус на финансиите конкретно во однос на ХИВ и на сексуално и репродуктивно здравје Потенцијал за градење капацитети на вклучениот тим за наведениот вид анализи Соодветна мотивација за конкретниот ангажман Повисок степен на исполнување на неопходните квалификации Краен рок и потребни документи за пријавување Најдоцна до 12.12.2017, 23:59 ч., заинтересираните кандидати треба да ги достават по електронски пат следниве документи: професионална биографија со резиме на клучните квалификации релевантни за овој повик и осврт на претходното искуство од работа на релевантни анализи, наведени со наслов, датум, времетраење и краток опис на ангажманот) писмо (300-600 збора) во кое ќе образложат начелен пристап што го предлагаат за изработка на именуваниот вид анализа и ќе се осврнат на личната мотивација за конкретниот ангажман контакт за препорака: име и презиме, адреса, телефон и електронска пошта од раководно лице на една од институциите/организациите за коишто работеле претходно Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс консултант за анализа на финансиите“ доставeте ги електронски на следнава адреса: association@strongertogether.mk
3 |
|
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
Постапка за избор на кандидат/-ка: Комисијата за избор на кандидат/-ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг-листа од примените апликации врз основа на степенот на исполнување на квалификациите и критериумите опишани во овој оглас. Со најмногу 3 најдобро рангирани кандидати/-тки ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто и оценката на поднесената документација наспроти условите на Конкурсот ќе биде избран кандидат/-ка кому ќе му/ѝ биде понуден консултантскиот ангажман. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, 4 дена по затворањето на конкурсот.
4 |
|