Конкурс за консултант ЗАЕДНО ПОСИЛНИ

Page 1

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

30 декември, 2017

КОНКУРС за ангажирање консултанти за анализа на податоци во врска со континуумот на услуги за превенција, лекување, грижа и поддршка поврзани со ХИВ наменети за мажи што имаат секс со мажи Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за ангажирање на 1. Консултант за анализа на податоци и изготвување извештај во врска со континуумот на услуги за превенција, лекување, грижа и поддршка поврзани со ХИВ наменети за мажи што имаат секс со мажи во Република Македонија 2. Консултант за проценка на вкупниот број на лица што живеат со ХИВ и вкупниот број на МСМ што живеат со ХИВ во Република Македонија Консултантските позиции се отвораат во рамките на проектот „Право на здравје“, дел од истоимената регионална програма раководена од Евроазиската коалиција за машко здравје со финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, спроведуван во Република Македонија од страна на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ во партнерство со Здружението ЕГАЛ Скопје и Здружението СТАР-СТАР. КОНТЕКСТ Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје е основано како организација на самата засегната заедница на луѓе со ХИВ. Тоа дејствува за зајакнување на луѓето што живеат со ХИВ како рамноправни членови на општеството, за почитување на нивното достоинство и за остварување на нивните здравствени и човекови права. ЗАЕДНО ПОСИЛНИ посебно се залага за обезбедување континуиран пристап до современа антиретровирусна терапија и сеопфатен третман на ХИВ-инфекцијата и на состојби поврзани или неповрзани со ХИВ, во согласност со најсовремените достигнувања на науката. Во партнерство со здруженијата ЕГАЛ и СТАР-СТАР, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ спроведува активности на национално ниво во рамките на програмата ‘Право на здравје’ раководена од Евроазиската коалиција за машко здравје со финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Програмата ‘Право на здравје’ има за цел да придонесе кон поголем опфат на континуумот на услуги во врска со ХИВ наменети за мажи што имаат секс со мажи и 1 „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk


Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје транс луѓе, како и поголем степен на задржување на корисниците на услугите во тој континуум на грижата поврзана со ХИВ во Централна и Источна Европа и Централна Азија. Во рамките на специфичната цел да се придонесе за поголема вклученост на заедниците на луѓето што се МСМ и и транс лица во донесувањето одлуки во рамките на националниот одговор на ХИВ, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и конзорциумот спроведуваат мониторинг користејќи алатка за анализа на континуумот на услуги поврзани со ХИВ. Како дел од оваа активност работна група составена од национални експерти и активисти од засегнатите заедници ќе спроведе анализи со цел да ја анализира континуумот на услугите за ХИВ специфично во однос на МСМ, што ќе вклучи и проценка на вкупниот број на лица што живеат со ХИВ врз основа на достапните клинички и епидемиолошки податоци. Покрај домашни експерти, ќе биде ангажиран и странски експерт со цел да ја поддржи работата на работната група. Овој повик се однесува на следниве позиции: 1. Консултант за анализа на податоци и изготвување извештај во врска со континуумот на услуги за превенција, лекување, грижа и поддршка поврзани со ХИВ наменети за мажи што имаат секс со мажи во Република Македонија 2. Консултант за проценка на вкупниот број на лица што живеат со ХИВ и вкупниот број на МСМ што живеат со ХИВ во Република Македонија Опис на работните задачи 1. Консултантот за анализа на податоци и изготвување извештај во врска со континуумот на услуги за превенција, лекување, грижа и поддршка поврзани со ХИВ наменети за мажи што имаат секс со мажи треба да ги изврши следниве задачи: - Да учествува како клучен експерт во работната група за анализа на континуумот на услуги за ХИВ за МСМ; - Да подготви методологија за собирање и анализа на податоци во однос на континуумот на услуги за ХИВ за МСМ и за анализа на клиничките податоци релевантни за елементите на каскадата на лекувањето за лицата со ХИВ; - Да развие стратегија за собирање на релевантните податоци; - Да направи преглед на релевантни документи и податоци; - Да подготви нацрт-извештај од анализата според насоките на работната група; - Да подготви финален извештај со инкорпорирање на забелешките од работната група. 2. Консултантот за проценка на вкупниот број на лица што живеат со ХИВ треба да ги изврши следниве задачи: - Да учествува како клучен експерт во работната група за анализа на континуумот на услуги за ХИВ за МСМ;

2 „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk


Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје - Да учествува во подготвувањето на методологијата за собирање и анализа на податоци во однос на континуумот на услуги за ХИВ за МСМ и за анализа на клиничките податоци релевантни за елементите на каскадата на лекувањето за лицата со ХИВ; - Да направи проценка на вкупниот број на лица што живеат со ХИВ и проценка на вкупниот број на МСМ што живеат со ХИВ во Република Македонија врз основа на собраните клинички и епидемиолошки податоци; - Да учествува во подготовката на извештајот за анализата на континуумот на услуги за ХИВ за МСМ.

И двајцата консултанти имаат обврска при изготвувањето на анализите да ги земат предвид насоките на работната група, како и насоките на надворешниот експерт. Обем на ангажманот и временска рамка Ангажманот и на двајцата консултанти треба да се спроведе почнувајќи од 15 јануари заклучно со 28 февруари. 1. За извршување на ангажманот од консултантската позиција бр. 1 предвидени се 7 консултантски денови. 2. За извршување на ангажманот од консултантската позиција бр. 2 предвидени се 5 консултантски денови. Неопходни квалификации Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве основни квалификации: Неопходни квалификации за двете позиции: - Релевантна универзитетска диплома од областите на јавното здравје, медицината и/или епидемиологијата - Не помалку од 5 години искуство во научна или стручна работа областа на јавното здравје, националниот одговор на ХИВ или статистика во здравствениот сектор - Претходно искуство од работа на анализи релевантни за конкретниот ангажман (да се наведат во пријавата за конкурсот) - Одлично познавање на програмите и услугите за превенција, лекување, грижа и поддршка во врска со ХИВ - Докажани аналитички вештини - Способности за планирање и организација и навремено исполнување на зададените задачи - Изградени способности за тимска стручна работа - Апсолутна доверливост и сензитивност за работа со лица што живеат со ХИВ и припадници на групи/заедници изложени на поголем ризик од ХИВ, како и работа со сензитивни и доверливи информации - Одлично познавање на англиски јазик 3 „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk


Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје Кандидатите за позицијата број 1, треба да имаат познавање и на клиничките аспекти од следењето и лекувањето на ХИВ-инфекцијата. Критериуми за избор За работното место предност ќе имаат кандидатите со повисок степен на исполнување на неопходните квалификации и прифатлива финансиска понуда. Краен рок и потребни документи за пријавување Најдоцна до 12 јануари 2018 г. заинтересираните кандидати треба да ги достават по електронски пат следниве документи: - професионална биографија - писмо за интерес (до 300 збора) со резиме на клучните квалификации релевантни за овој повик, во кое ќе биде наведена и консултантската позиција за која се аплицира - финансиска понуда изразена во бруто износ за консултантски ден и вкупен износ за наведениот број денови Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс – анализа на ХИВ континуум“ доставeте ги електронски на адреса: association@strongertogether.mk

4 „Васко Карајанов“ 2/4, 1000 Скопје | тел.: 02/3129200, моб: 078/235632 | e-mail: association@strongertogether.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.