ФОЛКЛОР И ЛИТЕРАТУРА Во фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, легендите, раскажаната историја, хуморот, популарните верувања, обичаите, и сè она што го опфаќаат културата, подкултурата и традицијата на одреден народ. Исто така, тоа претставува склоп на обичаи преку кои овие изразни жанри се споделуваат.
-Фолклор и книжевност
БАЈКИ Бајките се измислени приказни кои изобилуваат со суштества како самовили, гоблини, џуџиња, тролови, џинови, животни кои зборуваат и волшебства.Тие се одвиваат во некое нереално или многу далечно време. Во модерно време овој поим се објаснува со принцези и со живот како Пепелашка. Бајките обично им одговараат на деца бидејќи тие се поистиветуваат со ликовите од бајките. Во културите кои веруваат во вештерки и ѓаволи, бајките станале легендарни раскажувања. Најчесто бајките,за разлика од легендите и другите форми на раскажување не заземаат конкретно време туку се одвиваат во некои неопределени времиња и простори. Бајките можат да се забележат во усно раскажаните фолклорни приказни или во книжевни форми. Историјата на бајките тешко може да се одреди бидејќи единствено книжевните форми опстојуваат. Сепак,книжевните форми на бајките укажуваат на тоа дека бајките постоеле илјадници години наназад иако не биле признати за конкретен жанр. Бајките постојат насекаде низ светот а тоа го докажале и фолклористите кои ги собирале од различни земји.Тие се пишуваат и денес. Првенствено биле
наменети за возрасни но подоцна биле прилагодени и за децата: тоа го покажува и книгата на браќата Грим „Приказни за децата и за целото семејство“ Бајките како усно пренесена книжевност, се еден подвид на фолклорната приказна. Браќата Грим, на пример, иако пишувале бајки се труделе и да ги задржат усните форми на бајките. Нивните напишани бајки подоцна биле преформулирани за да одговараат на книжевниот стил. Напишаните и усно пренесените бајки имаат слична содржина, слични мотиви и слични елементи во однос на сите бајки кои се раскажуваа во светот. Многу писатели од 18-от век се обиделе да го доловат чистиот фолклор во напишаните приказни. Сепак,бидејќи усно раскажаните бајки постоеле многу години пред напишаните , не успеале да го задржат чистиот фолклор. Првите собирачи на бајки кои се обиделе да ги зачуваат нивните содржини и ликови се браќата Грим кои собирале германски сказни; нивното прво издание,во 1812 и 1815 година останало како наследство за останатите фолклористи. Некои од бајките кои ги собирале браќата Грим имале француско потекло па затоа тие не ги прифатиле ако такви туку направиле нивна верзија на тие бајки; таков пример е бајката за „Трнорушка“/ „Заспаната Убавица“.Тие ги задржале елементите на ликовите во бајката: необразованите, чесни селани бидејќи тие во себе содржат фолк елементи. Целокупната работа на браќата Грим инспирирала други собирачи на бајки да се занимаваат со оваа професија,и да собираат бајки кои се во духот на романтичниот национализам. Во 19-от и 20-от век за прв пат бајките се претвориле во детска литература. Едни од најпознатите бајки за деца се „Снежана и седумте џуџиња“,„Црвенкапа“ и „Јованче и Марика“.Првата бајка која била наменета за возрани луѓе а потоа била преработена во
детски стил е „Убавицата и ѕверот“ од Жана Мари Лепренс де Бомон. Браќата Грим при приспособувањето на бајките за деца ги оттргнале сексуалните елементи и насилството. Но, во бајките засилено било учеството на негативни ликови, како вештерки и змејови. Адаптација направил и Волт Дизни на некои бајки како на пример на „Снежана и седумте џуџиња“.
Бајка за Снежана, адаптирана од Волт Дизни.
Антонио Ѓорѓиески