Македонски ора - Бојана Пејоска

Page 1

Бојана Пејоска МАКЕДОНСКИ ОРА Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка традиција. Во зависност од стилот , кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат да се поделат во пет регионални групи: западни, југозападни, јужни, северни и источни. Постојат голем број на македонски ора. Се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите. Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите. Ората можат да бидат отворени и затворени, а играчите се држат за раце или за рамења, или за појасите или под рака или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч кои можат да


изведуваат додатни чекори и движења. Ората обично се играат на десно, но има и ора што се играат и на лево. Ората се придружувани од народни инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре. Македонските ора обилуваат со кореографски движења како: полу-свртување, клекнување, потскокнување, подрипнување, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други. Постојат голем број на македонски ора како што се:  Адана  Арнаутско  Бајраче  Беранче  Воденско  Глувонемо

 Калајџиско  Комитско  Копачка  Пајдушко  Русинско  Тешкото



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.