Народно творештво - Кирил Талески

Page 1

Музичко народно творештво Во македонското народно музичко творештво спаѓаат: Народните песни Народните ора Народните инструменти

НАРОДНИ ПЕСНИ Македонските народни песни претставуваат дел од богатото фолклорно наследство на нашиот народ. Народните песни потекнуваат од најдалечното минато. Нивниот автор е непознат (анонимен), а се зачувале со усно пренесување од колено на колено.Македонските народни песни почнале да се запишуваат во средината на деветнаесеттиот век, во времето на Преродбата. Први интерес покажале научници од соседните народи, како што се: Вук Караџиќ од Србија, Стефан Верковиќ од Хрватска, Словенецот Станко Враз, Виктор Иванович Григорович од Русија итн. Под влијание и поттик на последниов во Македонија започнува Преродбата, па Димитар Миладинов се посветува на собирање народни умотворби, како и на отварање училишта и наоѓање приврзаници и наследници. Со макотрпна работа и со помош на брат му Константин, во 1861 година успеваат да го објават Зборникот со народни песни.Освен браќата Миладиновци со собирачка дејност се занимавале и: Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Ѓорѓија Пулевски и др.Народните песни се делат на: лирски, епски и лирско-епски. Имаме лирски, обредни, Лазарски, додолски, религиски, митолошки, трудови, љубовни, песни за деца – лирски песни. Еве една љубовна песна:

На Струга дуќан да имам

Што ми е мило ем драго На Струга дуќан да имам Оф леле леле либе ле Срцево ми го изгоре.


На Струга дукан да имам На кепенците да седам Оф леле леле либе ле Срцево ми го изгоре.

На кепенците да седам Струшките моми да гледам Оф леле леле либе ле Срцево ми го изгоре.

Струшките моми да гледам Кога ми одат на вода Оф леле леле либе ле Срцево ми го изгоре.

Песната е весела, разиграна, но стихот: срцево ми го изгоре, ја покажува силната љубов и страст што ја чувствува момчето, секојдневно чекајќи да помине неговата сакана крај него.

Народни ора Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка традиција.Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат да се поделат во пет регионални групи: западни, југозападни, јужни, северни и источни.Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите.Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите. Какви може да бидат ората? Ората може да бидат отворени и затворени, а играчите се држат за раце, или за рамо, или за појасите, или под рака или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин,


освен челниот играч и последниот играч, кои може да изведуваат додатни чекори и движења. Ората се вијат обично на десно, но има и ора што се вијат на лево.Ората се придружувани од народни инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре. Чалгииските дружини, кои обично имаат виолина, кларинет, ут, лејта, канон и дајре, се карактеристични за градовите.Македонските ора обилуваат со кореографски движења како: полу-свртување, клекнување, потскокнување, подрипнување, трусање, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други.Промената на ритамот се јавува кај повеќе ора, и тоа обично од бавно кон брзо.

Народни инструменти Македонските народни инструменти начелно се делат во следниве групи: традиционални и ориентални инструменти. Гајдата, кавалот, шупелката, дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето се сметаат за традиционални инструменти. Со мали варијации, грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и обично се составен дел од ансамблите во ориентален стил наречени чалгии. Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации: -Зурлата/тапанот можат да се слушнат на свадби и други слави каде се свири народна музика. -Гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено по селата. Обично се свири со пар кавали, тамбура и некои ударни инструменти (тапанче/дајре/тарабука). -Тарабуката исто така се смета за традиционален инструмент, иако истата била донесена во Македонија во XV и XVI век век од Турците.

Дувачки народни инструменти:     

Двојанка Дудук Гајда Зурла Кавал


 Шупелка Ударни народни инструменти: o Тапан o Дајре o Тарабука

Жичени народни инструменти:  Ќемане  Уд  Тамбура

Изработил: Кирил Талески Vг


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.