Писмо до Дедо Мраз
Драг Дедо Мраз, Јас и брат ми оваа година бевме послушни. Како и секое дете и ние имаме неколку желби, ако ни ги исполниш ќе бидеме пресреќни. Нашата прва желба е да бидеме здраби и среќни цело мое семејство, сакам да добиеме многу играчки,книги и колети. Секоја година ми се исполнувале желбите што сум ги посакал,па се надевам и обаа година. Нашата најголема желба со брат ми која што ја посакуваме години наназад е да имаме некое милениче. И Дедо Мраз да те потсетам да не заборавиш да ги пробаш вкусните колачиња и топлото млеко тие ќе бидат до елката! Давид
ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ
Драг Дедо Мраз, Оваа година сакам прво да ти се пофалам. Бев добро дете,добар ученик, ги слушав родиелте,не се карав со сестра ми и сакам да ми исполниш неколку желби.Како прво сакам сите деца во светот да бидат среќни, да нема глад во светот,да нема војни и секаде во светот да царува мир. Бидејки оваа година сум поголем имам многу играчки те замолувам да ми испратиш една вреќа полна со среќа. И ако ми ја исполниш оваа желба ќе ти бидам најблагодарно дете на светот. Марко
Писмо до Дедо Мраз
Драг Дедо Мраз, Јас се викам Мила и ученичка сум во IV одделение. Изминатава година бев добра,умна,ги слушав родителите и многу учев,па затоа сметам дека заслужувам да ми ги исполниш овие желби. Мојата најголема желба е да има мир во светот ,сите деца да бидат среќни и да нема гладни .Јас имам уште една желба ,таа е да ми донесеш папагал. Јас се надевам дека ќе го добиеш моето писмо и ќе ми ги исполниш желбите.Ти благодарам однапред.
Со почит Мила
Писмо до Дедо Мраз
Драг Дедо со бела брада што не знам дали постоиш. Јас не верувам во нашите Дедо Мразовци, ама верувам дека има еден Дедо Мраз кој оди насекаде низ светот и усреќува многу дечиња, се надевам дека ова писмо ќе ти стигне токму тебе. Нема да ти посакам ниту пакетче, ниту играчка, туку ќе ти посакам едно мало кученце со кое ќе си играм ден и ноќ. Нема да ти посакам облека, па ни најнов телефон, ќе ти посакам здравје, среќа и љубов за мене и за моите најблиски. Со почит, едно мало девојче со име Тамара.
Писмо до Дедо Мраз Драг Дедо Мраз, Јас со нетрпение ја чекав Новата година. Ги слушав родителите, не се карав со мојата сестричка, бев добра, вредна и послушна. Па како и секое дете и јас имам неколку желби кои би сакала да ми ги исполниш. Прва желба ми е низ целиот свет да завладее мир, љубов, разбирање и сите да си помагаме и да не се караме. Втора желба ми е да добијам еден прекрасен, голем таблет. И како трета и последна желба ми е да добијам ролерки со кои што ќе можам да се возам по цел ден. Но Дедо Мраз не заборавај да ми донесеш и една вреќа полна со радост, здравје, љубов и среќа. Те поздравувам тебе и твоите мали џуџиња помошници и се надевам дека моите желби ќе станат реалност. Од Стефани до Дедо Мраз
Драг Дедо Мраз Јас сум Теодора Ѓ.,годинава имав петки ,читав многу книги ,вежбав за тестовите за на училиште.Како и секое дете и јас имам свои желби.Со нетрпение ја чекав следнава Нова година за да ти ги посакам моите две желби.Првата желба е сите деца да бидат покрај своите родители. Заедно да ги прославуваат сите празници низ годината.Никогаш да не бидат тажни,а секогаш весели,радосни и насмеани.Втората желба е утрото кога ќе станам на први Јануари под мојата украсена елка да има голема книга .Таа да има поголем број страници и интересна содржина.Јас се надевам дека ќе ја исполниш мојата желба,и минатите години бев задоволна од подароците што ми ги ооставаше Дедо Мраз. Теодора Ѓ.
ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ
Драги Дедо Мраз Најпрвин да ви ја честитм новата 2019 година со желба ,успех и среќа во понатамошната работа. Дедо Мраз јас имам бесктајсно желби : една од тие желби е сите луѓе да ги прати стејќа,здравје,љубов и радост,а сите деца и јас да имаме многу петки. Дедо Мраз мојата нај нај голема желби ми е за Ноба година да добија нов мобилен телефон Голем поздрав Дедо Мраз се надевам дека моето писмо ќе го прочитапш и дека мојта жеба ке биде исполната.
Од Антонио 4-г
Писмо до Дедо Мраз
Драг Дедо Мраз, Јас сум Милена.Оваа година бев мирна и се сложувавме со моите две помали братчиња исто така и отценките ми се петки. Мислам дека ќе го заслужам овој подарок и дека ќе ми се исполни мојата желба. Сакам да ми донесеш едно мало бело коњче кое кога ќе порасне сакам да биде голем бел коњ.Коњот сакам да биде женско бидеќи кога ќе порасне да можам да ѝ ја сплетам косата во мали плетенчиња,а кога ќе ги извадам плетенките косата ќе ѝ биде виткана.Таа е мојата желба што сакам да ми ја исполниш. Милена
ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ Драг Дедо Мраз, Со нетрпение ја чекав Нова Година.Јас бев добро дете, имав петки, ја слушав мојата мајка,а исто така и го слушав и мојот татко, но и наставничката.Си учев редовно, читав, секогаш пишував домашни, дури и се пријавував на различни натпревари. Па како и секоја година сакам да ми исполниш неколку мои желби. Сакам најпрвин да имам здравје исто така и моето семејство, но и среќа. А,за мене сакам за оваа 2019 година нов телефон. Драг мој Дедо Мраз, На сите лиѓе им посакувам Среќна Нова Година како и на тебе. И го очекувам мојот подарок под мојата новогодишна елка. Ива
Pismo do Dedo Mraz. Dragi moj Dedo Mraz i ova godina kako I minatata resiv da ti napisam pismo. Porano mojot spisok na zelbi bese mnogu dolg,a ova godina imam samo edna zelba. Dedo Mraz ova godina sakam da mi doneses samo eden golem Atlas,a igracki odnesi im na siromasnite deca. So ljubov Leonid
ПИСМО ЗА ДЕДО МРАЗ Драг Дедо Мраз ,едвај ја чекам Нова Година бидеќи секогаш те гледам само за Нова Година.Твојата насмевка ги топли срцата на децата.За оваа година сакам на сите деца во светот да му ги исполниш желбите.Сите деца да бидат среќни и весели,да имаат среќно детство и топол дом пол н со љубов. А за мене. За мене Дедо Мраз за подарок оваа година сакам голема новогодишна книга која би ја читала цело зимо полна со слики и со знаење.И уште нешто,би сакала и едно убаво колетче. За сето ова Дедо Мраз од срце однапред ти се заблагодарувам!!!! Марија Ј.
Здраво драг Дедо Мраз. Јас сум Дариа, имам 9 години. Јас за Нова година посакувам да добијам хаверборд и нов поголем точак. И бидејќи јас бев умна и послушна цела година,се надевам дека ќе ми ја исполниш мојата желба бидејќи верувам во тебе. Дариа
Писмо до Дедо Мраз
Драг Дедо Мраз, помина скоро една година откако ти го пронајдов последното писмо. Се што посакав за оваа година ми се исполни. Те замолувам и за новата 2019 година да ми донесеш пред се здравје за мене и за моето семејство, а се надевам дека нема да заборавиш и по некој подарок. На доаѓање кон мојата земја те замолувам да им помогнеш на децата кои немаат каде да живеат и кои новогодишните празници ќе ги поминат без или со многу малку храна. Погрижи се ако можеш да има мир во светот и никогаш да нема несреќни лица. Јас нестрпливо те чекам. Засега те поздравувам и до скоро видување. Андреј
Писмо до Дедо Мраз
Драг Дедо Мраз, Јас со нетрпение ја дочекав и оваа Нова 2019 година. Најпрво, како и сите деца во светот посакувам еден мал подарок.Јас оваа година и не бев баш најдобар, но ти ветувам дека во годината што доаѓа ќе се потрудам да бидам одличен ученик и повеќе да ги слушам моите родители.Најпрво сакам сите деца на овој свет да имаат топол дом, да не бидат гладни и жедни и да добијат подарок од тебе. Да има мир во светот и сите да бидеме среќни. Дедо Мраз јас за Нова година сакам да ми донесеш телефон. Однапред ти благодарам за овој подарок. Ведран
ДРАГ ДЕДО МРАЗ,
Како и секоја година така и оваа знам дека ќе ме посетиш мене и моето семејство. Јас мислам дека мојот поклон од Дедо Мраз го заслужив бидеќи сум добар ученик кој ги слуша своите родители ги почитува.Иза време на летниот распуст јас му помагав на мојот татко каде што местевме ролетни,желозини,вариол завеси,ден ноќ и комарници. Драг Дедо Мраз ти секогаш ги исполнуваш желбите на децата од целиот свет. Сигурно се прашуваш шо би сакал за Нова Година? Јас најпрвен сакам да има здравје љубов и слога во мојата фамилија а и во сите други. Јас сакам еден нов велосипед и една гитара. Среќна Нова 2019год.Да има среќа здравје и љубов во неа. Дедо Мраз исполни ги желбите на луѓето кој му си потребен. Марио
Писмо до Дедо Мраз Драг Дедо Мраз, Оваа година јас имав повисоки отценки,ги слушав родителите,не се карав со сестра ми и добив многу награди затоа мислам дека треба да ми исполниш неколку желби.Јас сакам да добијам голема книга која ќе ме води во секакви авантури и на сите деца во светот да им однесеш една вреќа полна со среќа.Ако ми ги исполнеш овие две желби ќе ти бидам многу благодарна,се надевам сум го заслужила овој прекрасен подарок и кога ќе дојдеш не заборавај да се напиеш од млекото и да изедеш некое колаче. Јас од се‘срце ти ја честитам новата 2019 година. Со почит Ви посакува Тамара
ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ Драг Дедо Мраз, Јас те познавам по твоите добри особини.На пример бессебичното давање подароци, но тоа самон за децата кои биле добри минатата година, а за немирните нема подарок!Тоа да им биде поука за следната година. Јас со нетрпение чекав да дојди Нова година за да ти го пратам ова писмо со моите желби и посакувања.Ден по ден минуваше, а јас секој ден бев уште повеќе нетрпелива и бликав од радост.Но, не заборавам да ти кажам дека бев мирна и послушна оваа година. -Не се карав со родителите и децата, -отценките ми беа добри, -не се однесував неубаво, -добивав награди и пофалници, -добро се сложував со даде, -а и напредував во јазиците А сега да преминеме на моите желби. Дедо Мраз, да направиш едно чудо!За миг сите да бидат со своите семејства, да ја прославуваат Новата година, а и другите празници, без глд туку со бериќет и љубив.Тоа е првата желба, а втората е следнава: Да ми го оставиш подарокот под мојата елка за кога ќе се разбудам да ме изненади.И Дедо Мраз не заборавај да каснеш колаче и млеко, тие ќе бидат ставени под елката.Сигурно се прашуваш што би сакала за подарок.Ништо посебно, само едно мало кученце- лабрадорче. Овие две желби би биле моите две омилени работи што сум ги посакала! Откако ќе ми ги задоволиш барањата ти посакувам среќни празници и ти се заблагодарувам однапред, затоа што јас нема да те видам кога ќе го оставаш подарокот, но уште одсега те поздравувам!
ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ ДРАГИ ДЕДО МРАЗ, ЈАС СУМ БОЈАНА. ЈАС СО НЕТРПЕНИЕ ЈА ДОЧЕКУВАВ НОВАТА ГОДИНА . ПА ЗАТОА ШТО ИМАВ 5КИ,НЕ СЕ КАРАВ СО СЕСТРАМИ И НЕ СЕ КАРАВ СО РОДИТЕЛИТЕ ,САКАМ ДАМИ ДО НЕСЕШ LOL SUPRISE PETS BALL.ВО МОЈОТ СТАН ИМАМЕ УКРАСЕНО ЕЛКА СО ЗЛАТНИ И ЦРВЕНИ ЛАМПИОНИ И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КОГА ЌЕ СЕ РАЗБУДАМ ДРУГИОТ ДЕН ДЕКА ПОКЛОНОТ ЌЕ БИДЕ ПОД НАШАТА ЕЛКА.ПОКРАЈ ОВАА ЖЕЛБА САКАМ СИТЕ ДЕЦА ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ДА ИМААТ СРЕЌНО ДЕТСТВО,ДА ИМААТ ТОПОЛ ДОМ И ДА ИМАА СМЕА НА НИВНИТЕ ЛИЦА.ПОЗДРАВ ДО ДЕДО МРАЗ И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ МИ СЕ ОСТВАРАТ ЖЕЛБИТЕ.
ОД БОЈАНА П. 4Г ОДДЕЛЕНИЕ
ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ ДРАГ ДЕДО МРАЗ ЈАС СЕ ВИКАМ ЛЕОНАРДО. ЈАС МНОГУ ВРЕМЕ ТЕ ЧЕКАМ ДА ДОЈДЕШ СО ПРЕКРАСНИТЕ ИРВАСИ И ЦРВЕНО РАЗЛИЧНАТА САНКА МОЈАТА ЖЕЛБА ЗА НОВА 2019 ГОД.ШТО ЗНАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ПРЕКРАСНА МОЈАТА ЖЕЛБА МИ Е ДА МИ ДОНЕСЕСШ ТОЧАК ОД УБАВ ПОУБАВ И НАЈВАЖНО ДА БИДИМЕ СРЕЌНИ РАДОСНИ И ПОСВЕТЕНИ ОД СИТЕ ЗДРАВЈЕ ЉУБОВ РАДОСТ МИЛОСТ И ШТО ДРУГО ДЕДО МРАЗ ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ ШТО КЕ МИ ЈА ИСПОЛНИШ ЖЕЛБАТА ДА СИ МИ ЗДРАВ И ЖИВ.
Леонардо С. IV Г СРЕЌНА НОВА ГОДИНА
Писмо до Дедо Мраз Мил и сакан Дедо Мраз, Ова писмо Ви го пишувам бидејќи се ближи крајот на уште година, а ние среќни и задоволни ќе ја испратиме, а уште по среќни и со радост ќе ја пречекаме Новата година. Јас сум добро и секогаш послушно дете, вредна и одлична ученичка и како награда за сето тоа имам посебни желби до тебе Дедо Мраз. Како и секое дете така и јас имам свои желби во Новата година кои посакувам да ми се исполнат. Во Новата година пред сé посакувам да имам многу здравје, мир, среќа и љубов меѓу луѓето. Посакувам да имам и многу успех во учењето. Бидејќи јас сум сеуште дете кое се радува на секој мал подарок и оваа година Дедо Мраз сакам да ми донесеш многу подароци, играчки и други изненадувања. Дедо Мраз ти благодарам што секоја година ми ги исполнуваш моите желби, а бидејќи не се големи се надевам дека и оваа година ќе ме изненадиш и ќе ме израдуваш. Со нетрпение те очекувам. Матеа
Писмо до Дедо Мраз Драг Дедо Мраз, Јас сум Теодора.Оваа година учев имав многу успеси и добивав многу награди, а исто играв сложно со моите другарчиња.Бев мирна и послушна.Ги извршував обврските кои ми беа зададени од моите родители.А,сега да поминеме на главното се разбира на мојата желба.За Новата година сакам една книга со многу страници за да ја прочитам и да си ја запишам исто така сакам и понатаму да имам успеси и да освојувам награди.Многу ќе ти бидам благодарна ако ми ја исполниш желбата.Се надевам дека едно утро ќе видам еден подарок под мојата елка и многу ќе се израдувам.Со нетрпение сите мои другари , братучеди набргу те очекуваме. Теодора Т.
Писмо до Дедо Мраз Драг Дедо Мраз, кога ќе тргнеш со санката да ги носиш подароците за сите деца,а исто така и за мене, твоите ирваси ја знаат мојата адреса.Јас сакам Дедо Мраз да ми донесеш подарок,бидеќи учам, се однесувам добро кон сите деца, не се тепам со децата,ги слушам родителите затоа го заслужувам тој подарок.Во мојата соба има накитена голема елка со црвени лампиони и ќе го очекувам твојот подарок.Ламбичките трепкаат секоја вечер и ја чекаат твојата посета.Дедо Мраз ќе ги направиш сите деца радосни.Се надевам дека и мене ќе ме направиш радосна и ќе го донесеш мојот подарок.Едно утро под мојата елка ќе има таблет и новагодишно колетче и ќе знам дека ти Дедо Мраз ќе го имаш посетено мојот дом.Твојата санка да ги собере сите подароци за сите деца.Ти благодарам драг Дедо Мраз што ми ја исполни мојата желба да ми донесеш таблет и новагодишно колетче. Денес сум многу среќна и радосна за подароците. Мелани
ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ Драг Дедо Мраз, јас оваа година бев добар и ги слушав моите родители Во наредната година ќе бидам подобар ВЕТУВАМ. Сакам оваа година да ми ја исполниш мојата најголема желба. Сакам сите деца на светот да имаат топол дом, да се здрави и среќни исполнети со многу љубов. А за мене оваа година сакам телефон и едно големо колетче. Ти се заблагодарувам однапред Александар
Писмо до Дедо Мраз Драг Дедо Мраз, Среќна Нова 2019 година, многу здравје и успех во работата. Дојде зима има снег, има студ, но нема подароци. За да има како и секоја година,како и секоедете и јас сакам домашно милениче. Бидејки во текот на годината бев умна,послушна, паметна и несебична,те молам исполни ми ја желбата. Биди поздравен,сакан и здрав. Марија Ц. IV г одд.
Писмо до Дедо Мраз
Драг Дедо Мраз, Јас сум Невена.Оваа година јас мислам дека бев подобра.Јас со мојата поголема сестра не се карав толку многу и ги слушав моите родители. Добив некои училишни пофалници имав успеси во одбојката.Те молам Дедо Мраз да ми ги исполниш моите желби.Најпрвин мојата најголема желба е да има љубов, среќа и здравје во сите фамилии.Втора исто голема желба ми е да добиам прибор за сликање на платно.Овие се моите желби Дедо Мраз.И мислам дека ги заслужив овие подароци.Јас верувам во тебе и однапред ти се заблагодарувам. Невена