Етнички заедници во Р. Македонија

Page 1

ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-Прилеп Македонска етничка заедница во Р.Македонија Изработиле учениците од Vг: Леонардо Ризовски Виктор Трајкоски Фросина Илиовска Леонид Пажески Младен Бошкоски Стефан Стеваноски


МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ НОСИИ Народните носии во Македонија имаат многувековна традиција. Тие се дел од материјалната култура на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво. Создавани како колективна придобивка на сиот македонски народ, тие во долга низа години се пренесувале од поколение на поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу елементи од разните културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од Балканот. Во долготрајниот процес на оформување на народните носии во Македонија учествува сиот македонски народ - творец и создавач на народните носии. Во нивното оформување се одразени разните историски, општествени, економски и културни настани. Различните културни влијанија низ вековите, во различни историски епохи, се примани во народните носии, преработувани со творештвото на народното сознание, прилагодени на народниот бит и начин на живот, развиени и усовршени со народните естетски сфаќања. Така се создале народните носии во Македонија како израз на народните колективни, естетски и психички диспозиции.


ЕЛЕМЕНТИ НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ НОСИИ


ЖЕНСКА MАРИОВСКА НОСИЈА Женската носија во пределот Мариово, по своето стилско и ликовно обликување, по складното единство на украсувањето, по изобилството на црвени волнени рески, како и низата извезени орнаменти со геометриски и стилизирани вегетабилни мотиви, се вбројува во најубавите, но и најтешките носии во Македонија и претставува врвен домен на народното творештво.


МАШКА МАРИОВСКА НОСИЈА Во селата од изолираниот планински предел Мариово, машката носија, составена од бројни бели клашнени облеки, ги има сите карактеристики на изразито планинско сточарска носија. Под кошулата од бело дебело домашно ткаено платно се носи аба, а врз неа џамадан од клашна. На нозете се носат бели клашнени ѕиври - ногавици од бела клашна кои се придржуваат за појасот со волнени врвци; бели ажурно плетени чорапи со подвески - тесни појасчиња за придржување на чорапите под колената и опинци од говедска кожа. Се опашуваат со волнен ткаен појас - кемер врз кој се носи ремен од кожа.


ГАЛИЧКИ НОСИИ Посебно карактеристична е народната носија на Мијаците, зачувана како единствена, не само кај оние во матичната област, туку и кај нивните преселници во другите предели во Македонија. Машката мијачка носија, компонирана со бројни облеки од дебела волнена валана клашна, ги носи сите белези на планинско сточарска носија. Носијата на жените ја карактеризираат белата долга платнена кошула со ракави богато извезени со специфичен ажурен вез "кинатица" и обилни црвени волнени рески, како и повеќе клашнени облеки со раскошна декорација од срмен вез и црвени гајтани. Масивен метален накит ја дополнува целокупната композиција на оваа изразита и богата народна носија.


Главната одлика на општествениот живот на Мијаците е силно изразената патријархалност, присутна во сите сфери на живеењето, мошне нагласена преку носијата. Како резултат на тоа, таа се задржала статична и непроменета во својата позната форма скоро до наши дни. Подетално ќе дадеме излагање за машката и женската носија.Машката носија е составена од кошула, џамадан (минтан), бечви, појас, долама, кепе (зобанче), зобан, чорапи, објала, опинци, капи, ќустек.


БАДНИК Традиционално, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите


БОЖИК Божиќ (Божик) или Рождество Христово — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари. Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.


ВЕЛИГДЕН Црвеното јајце е симбол на Велигден. Првите три јајца се вапсуваат на Велики четврток пред изгрејсонце за да не ги види сонцето и затоа, според верувањата, не се расипуваат со години Старите адети кажуваат дека в зори на Величетврток треба да се вапса барем едно црвено јајце. - Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. - Второто е за домаќинот на семејството. - Третото за бериќет и за стоката. За првото јајце се верува дека има магиска моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести. Обичаите велат дека домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапсувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапсува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапсува да биде несреќен и болен... Сепак, и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката (или кој било што ги вапсува јајцата) ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело! Инаку, вапсувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што, всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.



ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-Прилеп

Албанска етничка заедница во Р.Македонија Изработиле учениците од Vг: ● Евгенија Илиовска ● Изабела Божиноска ● Христина Ствановска ● Ерика Николоска ● Давид Темелкоски ● Тамара Петреска


Албанците во Македонија се најголемата малцинска заедница т.е претставуваат 25% од населението. Најмногу живеат во Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Кичево и Скопје. Главна религија на Албанците во Р.македонија е исламот.


МАШКА И ЖЕНСКА АЛБАНСКА НОСИЈА


Во албанската традиционална музика се користат народните инструменти како: кавал, гајда, тапан и лахута (виолина со една жица) Најчесто во народните ора, играчите се движат во правоаголник, изведувајќи пируети.


Рамазан Бајрам

Рамазан — исламски празник кој трае во текот на целиот деветти месец одисламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце и трае до зајдисонце. Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.


Рамазан

е

еден

од петте

столба

на

исламот.

Останатите

се

верата,

молитвите,

поклонението

и

давањето

милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот се отвараат, портите на џехенем се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.

Куран


Курбан Бајрам

Курбан Бајрам — голем исламски празник кој трае 7 дена (10-13

зулхиџет,

односно

дванаесеттиот

месец

според арапскиот

календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва - курбан, обично овни и им се делат на сиромасите. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.


ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп

Турска етничка заедница во Р.Македонија Изработиле учениците од V г: -Бисера Петреска -Ивана Цветкоска -Кирил Геговски -Емилија Станкоска -Христина Аческа -Дарко Маркоски -Симона Темелкоска


Турски носии


Турска кујна Турската кујна има долга историја и во голема мера претставува наследство од отоманската кујна, која што може да биде опишана како соединување и прочистување на централно-азиските, блискоисточните, средоземноморските и балканските кујни. Турската кујна имала влијание на овие кујни, но и на другите соседни, вклучувајќи ги и оние од западна Европа. Турците негувале различни и создале специјалтети, кои денес се познати во различни делови од светот. Имињата на турските специјалитети, понекогаш вклучуваат име на град или регион, било да се во или надвор од Турција, и може да се однесуваат до специфични техники или состојки користени во тој регион. На пример, разликата меѓу ќебапот Урфа и ќебапот Адана е во употребата на лук наместо кромидот и лутиот пипер којшто го содржи ќебапот.

Ова е една турска традиционална софра


Баклава е вид на многу сладок десерт, колач. Всушност, тоа е слатка пита која може да има и до 70 тенки кори. Баклавата е ориентален десерт популарен во нашите краишта и околните земји.Историјата на баклавата не е доволно документирана и кaj неа се јавуваат цел ред етнички групации, но најверодостојно е турското потекло од Средна Азија, a актуелната форма е развиена во царската кујна на палатата Топкапи во Истанбул. Тенкото тесто и фил што се употребува денес, беше произведено најверојатно во кујната на палатата Топкапи. Всушност, султанот на секои 15 дена во месецот нудел баклава за Рамазан по повод прославите наречени "Баклава алаи". Oстанатите тврдења говорат дека ова е потекло од Мала Азија и било увезено од месопотамиската кујна..


Турско кафе Турско кафе има посебен метод на подготвување: фино мелено кафе се вари во ѓезве, често со шеќер. Турското кафе се служи жешко, во мали шолји за кафе (филџани) — талогот (кашестиот остаток) паѓа на дното на шолјата. Спротивно на популарното верување, ’турско кафе‘ ја опишува подготовката, а не самите зрна од кафе; не постои посебен турски вид на растението кафе. Овој метод е широко распространет низ Средниот Исток, Северна Африка,Кавказот и Балканот. Култура на пиење кафе е доста развиена во поранешните отомански земји и е доминантниот начин на подготвување таму.


Турски бројаници Бројаниците најчесто се изработуваат од коска, камен, абанос, змиско дрво, розово дрво, слонова коска, рог од носорог, коска од камила, бисер, килибар, тиркиз (син камен), злато, сребро, различни дрва и камења, па дури и од дијаманти. Според изработувачите, најголем интерес има за бројаниците изработени од скапоцени материјали. Бројаниците најчесто се изработуваат од коска, камен, абанос, змиско дрво, розово дрво, слонова коска, рог од носорог, коска од камила, бисер, килибар, тиркиз (син камен), злато, сребро, различни дрва и камења, па дури и од дијаманти. Според изработувачите, најголем интерес има за бројаниците изработени од скапоцени материјали и скапоцени камења.капоцени камења.


Ова е турска џамија. Во неа луѓето се молат на нивниот господ Алах.


Поздрав и обраќање Поздравот е важен дел од традицијата, и му даде големо внимание. Старите и почитувани лица помладите ги поздравуваат со бакнување на раката и принесување на раката кон челото. Жените кога се поздравуваат се бакнуваат, а мажите само се допираат со образите. Луѓето кои штотуку се запознаваат само се ракуваат. Оние кои го следат турските серии веројатно забележале како љубезно се обраќаат на турски јазик. Луѓето кои не се познаваат му се обраќаме со г. (Beyefendi) и г-ѓа (Хан ımefendi), и ако им се обратиме по име се додава по името на зборот господин бег) или госпоѓа (Hanim.) - На пример, Селим-бег, Зејнеп Hanim. Дури и ако сте блиски со лицето, секој пат со името на лицето му се изрекува и титули. Истото правило важи и за имињата на професии и занимања.


Гестови и правила на однесување Кога се влезе во една куќа во Турција треба да ги соблечете чевлите и домаќинот веднаш ќе обезбеди влечки. Ова е особено важно бидејќи Турците нивната молитва се одвива со поклонување на подот, па затоа е многу важно подот да не биде валкан. И во џамиите, исто така, треба да ги слечете чевлите.


Кога станува збор за бројките во Турција постои одредена симболика која се врзува за бројот еден, седум, четириесет и илјада. Симболиката на овие броеви доаѓа од светата книга Куранот.

Еден од симболите на муслиманите.


ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-Прилеп Ромска етничка заедница во Р. Македонија Изработиле учениците од Vг: ● Виктор Аризанкоски ● Марија Ристеска ● Александар Кузески ● Барбара Стојкоска ● Стефан Трајчески ● Ивица Паноски ● Христијан Велкоски


РОМСКИ ОБИЧАИ

Ромската свадба

се слави шест дена. Свадбата почнува во среда. Жена оди од куќа на куќа и кани на свадба. Гостите ги кани со бонбонче. Млади девојки плетат венче од цвеќе и ја китат капијата со него. Во четврток е мала кна на која се канат само жени. Кната се става на косата на младата а свекрвата и носи дарови. Во петок пристигнува музиката (оркестар). Маж од потесната фамилија со накитена ракија ги повикува гостите на свадбена вечера во недела навечер. Жените со младата снашка одат во Амам каде ја капат а после тоа се служи баклава.


Сабота е ден кога се оди на пазар по намирници. Попладне пристигнува музиката и се собират поклони. Ја облекуват снашката во шалвари со свилена кошула и елек. Челото и е украсено со бела боја и на него се лепи разни цветни украси. На струкот носи колан а на нозете папучи извезени од златна и сребрена срма. Попладне на свадбата кај младоженецот се игра Оро на свекрвата. Ова оро го играт исклучиво жени облечени во шалвари и елеци. Прва игра свекрвата а музиката се дарува со многу пари.


Недела е ден кога се оди по снашката. Снашката е облечена во бела венчаница. Снашката излегува во присуство на својот брат на кого младоженецот симболично му дава пари. Во куќата на младоженецот прво влегува свекрвата која со себе носи сито во кое има леблебии, бонбони, жито и јаболко и го дава на младата. Ситото се фрла на кровот на куќата и ако остане таму бракот ќе биде долготраен. Во понеделник наутро кај младоженецот се пали огин, музиката свири Невестинска песна за да ја разбуди снашката.


РОМСКИ НАРОДНИ НОСИИ


РОМСКИ ТРАДИЦИИ

ПОЗНАТА РОМСКА ПЕАЧКА – ЕСМА РЕЏЕПОВА


Ѓурѓовден е христијанско – ромски празник кои се слави на 6 мај (23 април по стариот христијански календар), со што се обележува споменот на “Свети“ Ѓорѓи. Ѓорѓи или Георгије (Јурај) бил римски војник во гардата на царот Диоклецијан, кој што е убиен во прогонот на христијаните. Главни обичаи за време на Ѓурѓовден се: - Плетење на венец од растенија. Миење со водата во која се потопуваат растенија - Бањање во река


Ноќта, наспроти Ѓурѓовден, некој од домашните ќе скине зелени гранки во најблиската шума и со нив ги закитува вратите и прозорите на куќите и останатите простории, како што се влезните порти и капии. Ова се прави (според христијанското верување) поради тоа да годината и домот бидат “бериќетни“ – “да има здравје, плодови и род во домот, полето, во трлата и шталите“.


БЛАГОДАРИМЕ ЗА ВНИМАНИЕТО !!!


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.