Бр. 25
10.06.2010
Фондација Аполонија
Кикбокс клубот Аполонија - Балкански Шампион
Содржина: Концерт на класична музика во Аполонија
2
Промоција на книга
2
Вклученост во заедницата
2
Мирјана Крстева Массетти со изложба во Куманово
3
Фестивал на ученици по флејта во Кавадарци
3
Изложба “Eтно моменти”
3
За нас
4
Еко календар
4
ПРИЈАТЕЛИ:
www.gevgelija.gov.mk
www.gvg.com.mk
www.biblioteka.edu.mk
На 29-ти и 30-ти Мај во Бургас, Бугарија беше одржан Балканско првенство во кикбокс, во кој учество зедоа 11 држави: Хрватски, Босна и Херцеговина, Турција, Србија, Романија, Грција, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Бугарија и Албанија. Кикбокс клубот Аполонија од Гевгелија со претставникот Горан Грошев го освои златниот медал за Македонија. Горан се натпреваруваше во категоријата low kick над 91 килограм, и ја освои титулата Балкански шампион доминирајќи во сите три рунди во финалната битка против Бугарскиот репрезентативец Лазар Лазаров. Фондацијата Аполонија ја подржа оваа активност на кикбокс клубот Аполонија, а за оправданоста зборуваат самите резултати. Ние сме многу горди на овој успех и се надеваме дека ова ќе биде мотив за останатите млади спортисти во Гевгелија кои се дел од овој клуб, како и за промоција и развој на спортот во Гевгелија.
Аполонија наминирана за награди за филантропија 2009 доделени од Центар за институционален развој - ЦИРа На 27 Мај во Скопје Центарот за институционаен развој - ЦИРа, по трет пат во Македонија, ги додели годишните Награди за Лидери на општествената одговорност за 2009 г. со кои им се оддаде признание на граѓаните, претпријатијата, граѓанските организации, медиумите и институциите кои во текот на изминатата година негувале позитивни донаторски практики и активности во делот на општествената одговорност за поддршка на заедниците и оние на кои им требало помош во Република Македонија. Фондацијата Аполонија доби Признание од ЦИРа за особен придонес кон р а з в о ј о т н а филантропијата во Република Македонија во 2009 год. Групацијата Аполонија доби Признание како компанија за севкупен интегриран пристап кон општествената одговорност во 2009 година.
Apollonia Foundation INFO
Страна 2
Концерт на класична музика во Аполонија “Концертна вечер со хармоника“ беше насловен седмиот по ред концерт на класична музика од програмата “Гевгелиска пролет 2010“. На 27 Мај во хотелот Аполонија за прв пат пред Гевгелиската публика беше изведен концерт со хармоники од десетина студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска. Со изведбата на дваесетина дела на познати композитори како Матвеев, Власов, Григ, Бизов, Кусјаков, Вебер, Семјонов, Пјацола, Гардел, Дербенко младите студенти покажаа исклучителна мизичка зрелост. На почетокот на концертот проф. Зорица ја изрази својата благодарност и задоволство за поддршката на Фондација Аполонија и вложувањата да се донесе концертната програма во друг град освен Скопје, преку постојано организирањето на манифестацијата “Гевгелиски музички моменти“ во последната декада. Зорица Каракутовска има добиено повеќе од 130 награди со нејзините студенти на многубројните државни и меѓународни натпревари, ќе споменеме неколку: 3-то место во категоријата камерна музика на “Светскиот куп 2002“ во Данска, 3-то место за клавирска хармоника на “Светскиот куп 2004“ во Франција, награда “Клементина Рафајловска“, ГРАНД ПРИ награда на државниот натпревар за ученици и студенти по музика, и во последните 5 години Зорица е добитник на годишна награда од Здружението на музичките и балетски педагози на Македонија за најдобар педагог во областа на музичката педагогија. Можете да видите видео од настанот на следниот линк: http://gevgelijanet.com/index.php?option=com_yjstudio&Itemid=210
Промоција на книга На 25-ти Мај во хотелот Аполонија се одржа поетска вечер и промоција на книгата “Посакувани копнежи“ од Љубица Стојчева од Гевгелија. Професорот Илија Карајанов за ова поетско дело ќе рече дека претставува имагинарен дијалог со убавината на живеењето, трепет на младешката љубов и патување низ сите страници на светлината. Поетесата трага по невидливите скриени светови на … Градини цветни се раѓаат в пролет, младешките емоции. Пишува искрено, ја вдахнуваат желби, надеж и полет. отвара својата душа и како сеизмограф ги Сончевите лачи радоста ја пијат, забележува бранувањата, копнежите и светлина мека незапирно лијат … трепетите на една неповторлива младост. На самиот крај од критиката Карајанов вели Извадок од “За тебе, роден крају мој” “Се надеваме дека стиховите од лирски светопис ќе стигнат и до Австралија, кајшто живее поетесата и ќе иницираат нови дела како симбол на човекољубието, алтруизмот и возвишените цивилизациски и космополитски вредности.“
Вклученост во заедницата
Трка на келнери, за прв пат во Гевгелија како дел од програмата за прослава на празникот “Св. Спас“. Аполонија учествуваше со 4 свои келнери
Аеро митинг во сеќавање на Игор Ѓорески - пилот од Гевгелија кој трагично загина во хеликоптерска несреќа пред 2 години.
Аполонија учествуваше на конференции за Алтернативен туризам во Брајчино, и Животна средина во Велес, како дел од проектот MK @ EU, каде експерти зборуваа за можностите за користење на европските фондови.
Страна 3
Apollonia Foundation INFO
Мирјана Крстева - Массетти со изложба во Куманово
Фестивал на ученици по флејта во Кавадарци
Од 27 Мај до 10 Јуни, во во изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ публиката од Куманово имаше можност да ги погледне делата на младата уметничка од Гевгелија, Мирјана Крстева - Массетти. „Ги цртам нештата за кои на јаве не се зборува. Можеби тоа ги прави моите слики езотерични, но верувајте, тие зрачат со искреност“, вели КрстеваМассетти. Таа има дипломирано на Академијата за ликовна уметност во Благоевград – Бугарија, на отсекот за графика во класата на проф. Борислав Стоев и е основач и член на Мултимедиа – невладина организација за развој и унапредување на културата, организирање на културни случувања и едукација за уметноста. Во моментот е претседател на Друштвото на ликовни уметници во Гевгелија. Можете да прочитате повеќе за нејзината работа на http:// mirjanakmassetti.com/. Оваа изложба беше потпомогната од Фондацијата Аполонија.
На 29.05.2010 година ученичките по флејта Гогова Нада, Стамкова Сара, Костовска Ивана и Гоцевска Ана во класата на проф. Сузана Стефанова при ООМУ„Васо Карајанов“ Гевгелија, учествуваа на Првиот Фестивал на ученици по флејта од основните и средните музички училишта во Македонија. Организатор на фестивалот беше ООМБУ „Лазо Мицев – Рале“ во рамките на „Кавадарци – град на културата“ под покровителство на општина Кавадарци и со поддршка од Министерството за образование и наука. Фестивалот беше со ревијален карактер каде учениците имаа можност да се запознаат, да другаруваат и да музицираат заедно со останатите ученици од Скопје, Тетово, Охрид и Кавадарци. Фондацијата Аполонија го помогна нивото учество на фестивалот, со организирање на патувањето.
Изложба “Eтно моменти” на Драги Хаџи - Николов Aџи На 13 Мај во изложбениот салон на хотелот Аполонија беше отворена изложбата со наслов “Етно моменти“ од гевгелискиот уметник Драги Хаџи-Николов Аџи. Овој настан е дел од програмата по повод прославата на Св. Спас кој е заштитник на Гевгелија. Изложбата беше отворена од претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите МАНУ професорот Георги Старделов, кој истакна дека во делата на Аџи се насликани многу предмети кои повеќе ги нема или не се употребуваат во секојдневниот живот, и тоа го враќа гледачот во минатото, во детството. Старделов вели: “Можеби Достоевски имаше право кога рече дека убавината ќе го спаси светот, еве уште еден доказ за тоа дека убавината прави се да сме жиснорадосни, да сме хумани, да сме осветлени, озарени со една Божја сила која не крепи, која ни вели дека на овој свет сме привремено, и така да се крепиме сите заедно, да веруваме во љубовта, да веруваме во светлината, да веруваме во убавината.“ Драги Хаџи-Николов е роден 1956 год во Скопје. Има дипломирано на Факултетот за ликовна уметност - отсек сликарство во Скопје. Живее и работи во Гевгелија.
Фондација Аполонија
Аdress:
ИДНИ НАСТАНИ:
15-25 Јуни
Деветта ликовна колонија Аполонија 2010 Мотел Вардар 20 Јуни Државно првенство во Кикбокс “Аполонија“ Сала Партизан - Гевгелија 17 Јуни 19 часот Љубовта водилка - Поетска манифестација Хотел Аполонија
Gevgeliski Partizanski Odred 1 1480 Gevgelija R. Macedonia Тelephone: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk
Рециклирање пластика - активности * 50 деца кои учествуваат во проектот “Ден со природата“ на Фондацијата Аполонија, преку интерактивни игри беа едуцирани за рециклирањето на пластиката. Децата го поделија стекнатото знаење со останатите граѓани на општината со делење на преку 1,000 флаери. * Две акции за собирање на отпадоци беа направени на четирите нови локации за селектирање и рециклирање на пластиката, и сите пластични отпадоци беа сместени во контејнерите за рецикирање на пластика. Жителите од овие локации беа поканети да помогнат, а посебно не радува фактот што ни се приклучија деца во оваа акција. Жителите од овие локации ни донесоа пласични шишиња со што го означија почетокот на рециклирањето во Гевгелија. * 15 нови канти за рециклирање на пластика беа поставени во основните училишта Владо Кантараџиев и Крсте Мисирков. * Сите 1,523 ученици од училиштето Владо Кантараџиев и Крсте Мисирков преку интерактивни часови од страна на нивните учители беа едуцирани за рециклирање на пластика, а најмалиде деца учеа од брошурите “Зошто треба да рециклирам“ кои беа донација од OXO, како придонес кон програмата за рециклирање пластика. Дознајте повеќе за нивните еколошки активности на овој линк http:// www.oxo.org.mk/planeta/e_index.html
ЕКО КАЛЕНДАР