Informator na fondacijata Apolonija Br 39

Page 1

Бр. 39

08.08.2011

Фондација „Аполонија“

Ден со природата Активности во месец јули 2011

Содржина: Ден со природата Активности во месец јули 2011

1

2 Концерт на Тони Китановски во Гевгелија

Изложба на дела од Владимир Темков

2

Концерт на ПМГ Колектив

2

Жената - симбол и инспирација

3

Биографија на Ацо Филиповски Учесник во ликовната колонија „Аполонија“

3

За нас

4

ЕКО КАЛЕНДАР

4

ПРИЈАТЕЛИ:

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com

Во месецот јули, децата од проектот „Ден со природата“ истражуваа и ја проучуваа географијата на Гевгелија и Македонија. Првиот викенд учевме за реката Вардар, придружувани од екологиститот Лазар Николов кој имаше задача да им објасни на децата каде реката започнува, каде се празни во морето и колку е важна оваа природна карактеристика за Македонија. Децата го тестираа квалитетот на водата од реката и резултатите покажаа дека таа е разумно чиста. Денот заврши со правење мали речни долини во песокот по течението на реката. Следниот викенд продолжи со пешачење и истражување на водените карактеристики на браната Топлик. Децата повторно ја тестираа водата во браната. Поради жешкото време водата повеќе не истекува од езерото, па нивото на растворен кислород во неа се покажа дека е многу ниско. Пред пешачењете назад децата одиграа забавна игра која вклучуваше и прскање со вода. Во следните два викенди тема на изучување беше геологија на нашата област. со потрага по камења и минерали во близина на реката Вардар и посета на подножјето на планината Кожуф, учење за ерозија на земјиштето и кои последици ги имаа земјотресите на ридовите. Месецот заврши со посета на планината Кожуф заедно со планинарскиот клуб Кожуф од Гевгелија кои им даваа инструкции на децата како најдобро да пешачат низ планините и како да преживеат на отворено. Децата имаа можност да видат поставување на шатор, а потоа сами да се погрижат да си подготват свој ручек. Сè беше подготвено на стап вклучувајќи колбаси, зачинети јаболка, па дури и леб. На децата им беше посочено како се прави оган, како безбедно да се користи нож и како целосно да го изгаснат огнот. Денот заврши со пливање во реката.

Следниот месец тема на која ќе се фокусираат децата е фауна и диви животни во Македонија.За повеќе информации во врска со активностите,начинот на учество на децата во овој проект посетете ја групата „Nature Day“ на www.facebook.com


Фондација „Аполонија“ Информатор

Стр. 2

Концерт на Тони Китановски во Гевгелија Џез гитаристот Тони Китановски и оркестарот „Черкези“, на 8 јули одржаа концерт на терасата на хотелот „Аполонија“ во Гевгелија во рамките на манифестацијата „Гевгелија, град на културата“ за 2011 година организирано од Дом на култура. Ромскиот оркестар „Черкези“ соработува со македонскиот џез-гитарист и композитор Тони Китановски со кој настапувале на музички фестивали во повеќе земји во Европа како што се Франција, Англија, Австрија, Германија, Белгија, Холандија, фасцинирајќи ја http://www.tonikitanovski.com/ публиката со својот уникатен звучен колорит и емотивниот пристап. Тони Китановски е роден во Скопје во 1964 година. Одличен композитор и гитарист со извонредна техника и имагинација. Од 1990 до 1997 година престојува во САД, на студии. Во 1997 година се враќа во Македонија и во Скопје го формира составот Луна. Соработува со голем број реномирани светски музичари, меѓу кои и Грег Хопкинс, Чарли Мариано и Мет Дариау. Тони Китановски е оснивател на скопското школо за џез и современа музика.

Изложба на дела од Владимир Темков Во изложбената галерија на хотелот „Аполонија“ во рамките на манифестацијата „ Гевгелија - град на културата “,на 11 јули беше отворена изложбата на дела од Владимир Темков. Уметникот од Кавадарци пред гевгелиската публика се претстави со дваесетина слики кои се дел од неговиот последен циклус „Моите житни полиња“. „Темков цртежот го носи во себе. Неговите слики се негово видување, размислување за полето, за животот, пораката што ја носи нашиот крај, Македонија, нашето сонце. Делата му се трансформирани на еден информалистички начин, експресно претставени на платното, онака како што тој гледа и чувствува. Сликарството на Темков говори со јазикот на робусен лиризам, целосно спонтан и ослободен од било каков строго рационален концепт“, вели критиката за Темков.

Концерт на ПМГ Колектив Уште еден настан реализиран во просторот на „Аполонија“ кој предизвика доста интерес кај помладата публика. Концерт на ПМГ Колектив со промоција на нивниот најнов албум , четврти по ред насловен како "А векот така добро започна". Ова е најорганскиот и веројатно најзрел албум на бендот досега. Синиша Евтимов, гитара, Александар Гавровски, бас, Здравко Кеврешан, тапани и Мирко Попов, вокал, е составот кој стои зад овој материјал. Настанот беше организиран од страна на Дом на култура Гевгелија, а во рамките на манифестацијата „Гевгелија - град на културата “.


Фондација „Аполонија“ Информатор

Стр. 3

Жената - симбол и инспирација Во галеријата на хотел “Аполонија“, во Гевгелија на 20 јули беше отворена изложбата со наслов “Жената како симбол и инспирација“, уште еден културен настан од областа на уметноста во склоп на манифестацијата “Гевгелија – град на културата за 2011“. Презентирани се дела од шест македонски жени уметници кои незаборавната улога на жената во животот и креативната инспирација ја пренесуваат и на своите сликарски платна. Триесетината авторски дела го носат потписот на уметниците: Марија Светиева, Христина Зафирова, Симонида Филипова Китановска, Афердита Кики, Дита Старова и Љиндита Бекири. Делата на овие генерациски различни ликовни уметници, пренесени со масло на платно, комбинирани техники на хартија, платно и лесонит, го носат печатот на новото креативно време, но и новите патувачки манири на оваа динамична животна енергија низ која се презентира денешната жена—рече Миле Ничевски од Дом на култура-Гевгелија при поздравниот говор на отварањето на изложбата. По гостувањето во Кавадарци, и десетдневната изложбена поставка до крајот на месецот во Гевгелија, патувачката изложба на македонските жениакадемски сликари продолжува со своите ликовни претставувања и пред љубителите на уметноста во Охрид и Прилеп.

Биографија на Ацо Филиповски Учесник во ликовната колонија „Аполонија“ 2011 Еден од учесниците во овогодинешната јубилејна ликовна колонија „Аполонија“ 2011 организирана од фондацијата „Аполонија“ беше Александар - Ацо Филиповски. Роден е на 15. март 1936 година во с.Никифорово - Гостиварска околија како шесто дете од мајка Митра и татко Русе Филиповски. Во родното Никифорово ги поминува првите детски години. По горењето на Никифорово во 1943 година и губењето на целиот имот и куќа, фамилијата е принудена да се пресели во Гостивар. Уште од најрана младост покажува голем интерес и љубов кон цртањето. Во 1958 година ја завршува Школата за применета уметност во Скопје, отсек графика во класата на познатите сликари - професори: Љубомир Белогаски и Драгољуб http://www.acofilipovski.com.mk/ Мартиноски – Пенкин. По завршување на училиштето заминува во Гостивар и работи во осмолетка како наставник по ликовно воспитување. Во 1965 година се вработува во Графичкиот завод "Гоце Делчев" како ликовен креатор занимавајќи се активно со применета уметност. Од 1968 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и досега има учествувано на преку 60 заеднички изложби на друштвото во земјата и странство. Приредува самостојни изложби и учестува на други изложби во земјава и странство: Скопје, Гостивар, Куманово, Битола, Охрид, Белчиште, Прилеп, Струмица, Штип, Суботица, Белград, Почитељ, Загреб, Берлин и Москва. „...Изминаа повеќе од 50 години откако активно се бавам со најубавата магија наречена уметност. Во моето творештво сакам да ја прикажам радоста и убавината на животот, и возвишеноста на духот. Уметноста според мене треба да биде полна со позитивна енергија која ќе го храни и воздигнува духот на човекот. Да го облагороди, да биде празник за очите и благодет за душата. Таа треба да зрачи со спокојство и душевна утеха.“ Ацо Филиповски Дела создадени за време на ликовната колонија „Аполонија“ 2011


Фондација „Аполонија“

Адреса:

ИДНИ НАСТАНИ:

08 август 2011, 21ч Изложба на Миомир Вемиќ Хотел Аполонија *******

11 авуст 2011 ,21ч Поетска вечер со Михаил Ренџов Градина - Хотел Аполонија *******

18 август 2011 21ч Изложба на групата „Кулата“ од Хајдерлх, Германија Хотел Аполонија *******

21 август 2011, 21 ч Концерт на Владимир Четкар Трио Тераса - Хотел Аполонија *******

22 август 2011, 21ч Изложба на фотографии од Константин Плевнеш Тераса - Хотел Аполонија

Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р.Македонија Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk

За уметниците - учесници во ликовната колонија „Аполонија“ Уметниците, учесници на ликовната колонија „Аполонија“, го продолжуваат патувањето низ сите страници на убавината, духовната светлина, хармонијата... Нивните дела претставуваат обид да се допре есенцијалното, магиското, имагинарното, неоткриеното, вечното. Тоа нивно патување е мистично, божествено, таинствено, богозарно, живописно. Уметниците се во вечна потрага по соновите, по таа слика на потсвеста, по таа скриена стварност, по тие архетипи кои се откриваат како визии, согледби, имагинации, митови, симболи... Уметниците со нескротлива сила ги продолжуваат своите патувања низ столетните ноќи,соочувајќи се со фасцинантната дихотомија на реалното и имагинарното, стварното и сонуваното, видловото и невидливото. На тој начин тие се враќаат кон животворните извори на една праслика на колективното потсвесно, а нивните дела продолжуваат да живеат како фасцинација на апсолутот, вечно време на креативниот ритам, хармонија на човековата душа. Илија Карајанов

ЕКО КАЛЕНДАР


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.