Бр. 23
08.04.2010
Фондација Аполонија
Четврти саем на книгата во организација на јавната установа “Пионерски Дом“
Содржина: Концерти на класична музика во
2
Ден на дрвото
3
Ликовна работилница
3
Ден со природата активности
3
За нас
4
Еко календар
4
ПРИЈАТЕЛИ:
www.gevgelija.gov.mk
www.gvg.com.mk
www.biblioteka.edu.mk
Ако донесувате заклучоци според сликите кои ги гледате на оваа страница, никогаш нема да погодите дека оваа статија е всушност за саем на книга. Традиционалниот саем на книгата кој се одржува во Пионерски Дом и кој оваа година е организиран по четврти пат е вообичаено збогатен со многу едукативни и натпреварувачки активности за деца како што се натпревар во аранжирање на цвеќе, креативни ликовни работилници, натпревар во изработка на најубаво Велигденско јајце, отворени часови по Хип Хоп и Ритам плус, игри и традиционалната Априлијада за денот на шегата. Во четирите дена додека беше отворен саемот многу деца и родители дојдоа да учествуваат во овие активности и да ги погледнат книгите кои беа понудени од седум и з д а в а ч к и к у ќ и .
“Зора на радоста” цветен аранжман изработен од децата “Ден со природата“
Децата од Фондација Аполонија кои се дел од проектот “Ден со природата“ зедоа активно учество скоро во секоја активност. Фондацијата Аполонија исто како и минатата година ги спонзорираше наградите за “Априлијадата“ и другите натпреварувачки активности. Од секое одделение од основните училишта и градинките кои беа дел од парадата беше избрана по една рачно изработена маска, но наградите кои оваа година се детски топки беа дадени за целото одделение. Можете да најдете повеќе слики од овој настан на нашата facebook страница http://www.facebook.com/reqs.php#!/
Apollonia Foundation INFO
Страна 2
Концерти на класична музика во Аполонија Прераснува во традиција децата од музичкото училиште во Гевгелија да настапуваат во хотелот Аполонија најмалку два пати годишно, за време на некои посебни празници. По повод Денот на жената на 9 ти Март тие одржаа посебен концерт на кој ги покажаа своите пијано вештини кои ги стекнале на часовите со нивата професорка Љубица Улишева. Дела од Дивернуа, Беркович, Бах, Дијабели беа изведени од триенаест ученици во едночасовна програма на класична музика. Сите присутни на концертот уживаа во изведбата на децата, а нивните мајки го добија најубавиот можен подарок за тој посебен ден. На 16 ти Март во хотелот Аполониа беше одржан третиот концерт од класичната музичка програма “Гевгелиска Пролет 2010“. За прв пат во Аполонија Гевгелиската публика имаше задоволство да види пијано дуо концерт кој беше изведен од Валери Стефановски и Јован Каровски - познати професори од ФМУ во Скопје. Тие настапија со дела од Ljubomir Brangjolica, Darius Mijo и George Gershvin. Концертите во класична музика кои се во програмата на манифестацијата “Гевгелиски музички моменти“ се составен дел од програмата на фондацијата за 2010 и од овогодинешната програма на Министерството за култура.
Велигденскиот концерт кој е исто така дел од манифестацијата “Гевгелиска Пролет“ беше одржан на 1 ви Април во просториите на хотел Аполонија, Велики Четврток и почеток на велигденските обичаи и празнувања. Овој концерт беше изведен од уметници од Гевгелија. Имавме задоволство да чуеме еден млад и талентиран музичар, средношколец - Михаил Петков. Започнал да го изучува пијаното на деветгодишна возраст и по седум месечна работа учествувал на меѓународниот натпревар Интерфест Битола каде ја освојува втората награда. Тој исто го има освоено и второто место на меѓународниот пијано натпревар во Крагуевац и највисоката прва специјална награда на државниот натпревар со што го потврдува неговиот раскошен талент и подем. На Велигденскиот концерт тој изведе дела од Шопен, Брамс, Менделсон, Дебиси. Она што ја збогати програмата беше настапот на специјалните гости градскиот мешан хор “Гортинија“ од Гевгелија. Со Кедров, Вербитски и “Алелуја“ тие направија свечена Велигденска атмосфера. Следниот концерт на нашата програма е закажан за Вторник, 13 Април во 20 часот, и ќе биде “Вечер на познати оперски арии и дуети“ во изведба на постдипломците од класата на проф. Марија Муартовска од Факултетот за музичка уметност во Скопје и пијано придружба на проф. Елена Атанасовска на пијано.
Страна 3
Apollonia Foundation INFO
Ден на дрвото На 30 Март Македонија повторно ја садеше својата иднина. Овој пат акцијата за садење дрвја имаше мисија да ги премине границите и разликите во име на Природата, со стремеш оваа акција да се прошири во светски рамки така да сите да се вклучат во неа. За прв пат имавме владини претставници од Грција, градочалниците на Поликастро и Бојмица, кои заедно со нашите локални власти посадија дрвца на двете страни од границата. Гевгелискиот регион посади 20.000 дрвја: црн бор, јасен и чемпрес, а овогодинешната локација беше рид во близина на селото Богородица. Групацијата Аполонија како и вообичаено ја подржа оваа акција со учеството на вработените во Аполонија, Фондацијата Аполонија со 42 деца од еколошкиот проект “Ден со природата“ и други волонтери. Всушност е и мисија на нашата компанија да бидеме активни членови на заедницата, но исто така е и задоволство и чест да се направи вистинската работа за нашата планета и да се даде вистинскиот пример на децата. “Се грижиме за природата“ тоа е нашето мото во проектот “Ден со природата“.
Ликовна работилница
Фондацијата Аполонија заедно со осигурителната компанија “Кроација Осигурување“ на 1 ви Април организираше ликовна работилница во центарот на градот во која учествуваа децата од проектот “Ден со природата“. Темата беше Природа, материјалите - креди и темперни бои, а резултатот - многу среќни и љубопитни деца кои се забавуваат цртајќи.
Ден со природата - активности
Минатиот месец “Ден со природата“ едукативно беше посветен на темата: Вода, Воздух, Почва и Енергија. Имавме работилници, драми, проекти, игри и други забавни методи за да ги научиме децата за штедење на најважните природни ресурси. Дали знаете дека: Ако ја оставите водата да тече додека си ги миете забите, до 40 литри вода може да заврши залудно во одводот.
2009 Година на многу настани
Фондација Аполонија
Аdress: Gevgeliski Partizanski Odred 1 1480 Gevgelija R. Macedonia
ИДНИ НАСТАНИ: 13.04.2010 20ч. Aполонија Концерт класична музика “Познати оперски арии и дуети” класа проф. Марија Mуратовска 16.04.2010 Хотел Аполонија Изложба Горан Јованов графики 24 - 25.04.2010 Проект Ден со природата Активности по повод Денот на Планетата Земја во Гевгелија
Тelephone: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk
Во соработка со Фондација Рамковски направивме промоција на романот “Еднонасочно“ од Стефан Марковски – првонаграден роман на оваа фондација. Во Јуни беше одржана осмата по ред традиционална ликовна колонија Аполонија во која учество зедоа 10 уметници од Македонија, Р.Србија и Р. Бугарија. На популарниот Скопски Џез фестивал веќе 15 пат сме спонзори. Ги подржавме активностите на 3 фолклорни групи од гевгелија, потоа на Градскиот мешан хор Гортинија, Театарската група Кабаре 6 од Гевгелија и групата Синтезис за презентирање на Македонската култура надвор од нашата земја. Спонзориравме 3 деца од Гевгелија кои учествуваа на Меѓународен пијано натпревар во Белград каде го освоија првото и второто место во нивните категории. Организиравме театарска претстава за граѓаните од Гевгелија. Како изминатите години така и оваа година помогнавме со средства за Гитаријадата, третата по ред Смоквијада, и тридневниот Мултимедиа Арт фестивал.
ЕКО КАЛЕНДАР