Бр. 13
04.06.2009
Apollonia Foundation
Фондација Аполонија номинирана за награди за Филантропија за 2008 во организација на ЦИРа Содржина: Златен медал за персоналот на Аполонија
2
Донација за Ѓорги Калински
2
Во спомен на Игор Ѓорески
2
Следејќи ги успесите на КУД Негорци
2
Проект– Јас и полицијата
3
Поетска музичка вечер
3
Концерт и изложба по 3 повод “Св. Кирил и Методиј” За нас
4
ЕКО КАЛЕНДАР
4
ПРИЈАТЕЛИ:
На 18ти Мај во Музејот на град Скопје, по втор пат свечено, Центарот за Институционален Развој - ЦИРа ги додели годишните награди за филантропија за 2008. “Во време на растечки кризи подршката од заедницата е повеќе од потребна... Ние во ЦИРа не зборуваме само за едноставно давање тука за вложување во заедницата во која сите ние живееме.” велат организаторите. Со оваа годишна свечена церемонија ЦИРа сака да им се оддаде признание на граѓаните, претпријатијата, граѓанските организации, медиумите и институциите, кои во текот на изминатата година негувале позитивни донаторски практики за подршка на заедницата и со своите активности го поттикнале понатамошниот развој на добротворството во Република Македонија. Фондацијата Аполонија б е ш е една од номинираните во категоријата за здружение на граѓани, институција или медиум кои дале посебен придонес кон креирање на позитивно опкружување за развој на филантропски практики во Република Македонија, заедно со Емисија ПОРТИК, АЛФА ТВ, МРТВ, Медиа Принт Македонија и Фондација Тоше Проески. Наградата ја доби националната телевизија МРТВ. За нашата фондација беше големо изненадување и чест што некој се сетил да не номинира за награда, и тоа ни дава признание за важноста на она што ние го работиме, како и инспирација да продолжиме напред. За повеќе информации околу останатите добитници посетете ја страницата: www.cira.org.mk .
"Ден со природата" активности
www.gevgelija.gov.mk
www.gvg.com.mk
www.biblioteka.edu.mk
Проектот за деца од областа на заштита на човековата околина продолжува со своите активности секоја Сабота и Недела со зголемен број на деца. 50-60 деца на возраст од 6 -12г. неделно учествуваат во нашите едукативни пикници.
Досега вкупно 170 деца биле дел од проектот. Овој месец покрај посетата на овие прекрасни места што ги гледате на с л и к и т е организиравме и 4 акции за чистење: 2 на Кованска Река и 2 на браната Паљурци.
Apollonia Foundation INFO
Страна 2
Донација за Ѓорги Калински
Златен медал за персоналот на Аполонија По успешното презентирање на Хотелот Аполонија на вториот Интернационален саем за туризам во Охрид, и освојувањето на 6 златни, 5 сребрени и 1 бронзен медал изминатите 2 години, вработените во Аполонија продолжуваат со успеси. Од 22-23 Мај во Сараево, БиХ беше одржан Меѓународен саем за туризам и туристичка берза насловен како “BiHoreca fest” во организација на БАХА и ИХРА. Во склоп на саемот беа организирани и гастро натпревари во кои зедоа учество Србија, БиХ, Црна Гора и Македонија. Во тимот на Македонија учествува ше и претставник од Хотелот Аполонија кој се натпреваруваше во поединечните натпревари во барменство и во таа дисциплина го освои првото место - златен медал. Александар Василев (28) работи веќе 4г. во Аполонија, а има искуство во барменство 12г, моментално е супервајзор за пијалок. Горди сме на неговиот успех, што всушност е и успех за Аполонија.
Во Април 24-25, 2009 на Државниот Универзитет во Њујорк, поточно на John Jay колеџот за криминално право беше одржана 63-тата Годишна конференција - NYSPSA - New York State Political Science Association Conference. На оваа конференција Ѓорги Калински од Македонија го презентира својот труд насловен Македон: Дискусија за Политичкото, Историското, Клутурно и Етничко несогласување на студентите од овој универзитет. Задоволство не е да кажеме дека фондацијата Аполонија даде донација на овој млАд и успешен новинар кој всушност работи во полето за заштита на културно-историското наследство на Македонија во Државниот Институт за заштита на културните споменици. За повеќе информации посетете ја оваа страна http://www.nyspsa.org/
Во спомен на Игор Ѓорески Игор Ѓорески, беше капетан пилот од Гевгелија, кој трагично загина во хеликоптерска несреќа заедно со уште 10 војници, враќајки се од мировна мисија од БиХ, на само 5 мин од слетување. Неговите најблиски пријатели и роднини, заедно со Ансамблот Бојмија, групата Панта Реи, и други Гевгелиски м у з и ч а р и организираа концерт во негово сеќавање. На 6ти Мај, на датумот на неговото раѓање беше почесно отворена спомен бистата на овој херој кој го даде својот живот во мирни времиња. Со поставувањето на споменикот во центарот на градот неговите пријатели, и заедницата сакаа да му се оддолжат за сè што направи и даде за оваа земја. Фондацијата ќе се грижи за одржување на паркот во кој неговиот бронзен лик секогаш ќе ги потсетува идните генерации, да застанат за момент и да се поклонат на неговото дело.
Следејќи ги успесите на КУД Негорци
Во Април 15-19, 2009 фолклорната група “KУД Негорци” зеде учество на Интернационалниот Фолклорен Фестивал во Турција, кој е во организација на Тарсус Американски Колеџ. Повеќе од 30 деца од општината, на возраст од 12-14 год. ја имаа таа можност да ја претставуваат нашата култура и Македонското национално богатство кои се многу впечатливо изразени во фолклорните песни и игри. Сакаме да им изразиме благодарност на оваа и останатите фолклорни групи во Гевгелија, за тоа што се дел од нашата заедница, и за градењето културни вредности помеѓу децата членови кои се всушност нашите амбасадори за култура во странство.
Страна 3
Apollonia Foundation INFO
Проект – Јас и полицијата
Поетска музичка вечер во Аполонија
Одделот за превенција при Министерството за внатрешни работи заедно со инспекторот за превенција од полициската станица во Гевгелија,во Април, во 7 о с н о в н и училишта од Гевгелија, Богданци и Стар Дојран реализираа проект со име “Јас и Полицијата”. За овој проект децата имаа задача да цртаат за полицијата, и на крајот најдобрите 7 цртежи кои беа избрани ги донираа на Детскиот оддел во Болницата во Гевгелија. Децата кои победија на натпреварот беа поканети во полицијата по повод 7-ми Мај, Денот на полицијата, каде што ги примија наградите. Спонзор за наградите беше Аполонија Фондација. Кога станува збор за децата и нивната заштита, и м а м е планови за соработка со о в о ј департман и во иднина за проблемите к о и с е случуваат често во н а ш а т а општина.
“ Љ у б о в т а водилка” е темата која во Мај ги инспирираше децата од основните и средни училишта во Гевгелија да бидат креативни и да напишат поезија. Дом на к у л т у р а “Maкедонија” од Гевгелија, пред неколку месеци распиша конкурс за деца на возраст од 13-18 години за љубовна поезија. На крајот беа собрани 100 творби, а околу 40 од нив се објавени во книгата со истиот наслов. Презентацијата на книгата беше за време на поетската музичка вечер одржана во Аполонија Хотел на 27-ми Мај 2009. Балет, мандолинска изведба, кореодрама и настап на млади уметници беа исто дел од оваа манифестација. Истата вечер б е ш е промовиран литературниот клуб “Огледало” и беа доделени награди на победниците на конкурсот.
Концерт и изложба по повод “Св. Кирил и Методиј”
По повод Св. Кирил и Методиј, на 21 Мај 2009 во Аполонија Хотел, општина Гевгелија организираше концерт и изложба . “Неколку годишното постоење на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија (ДЛУГ) и големиот број на уметници од нашиот град налага организирање на ликовни манифестации. Една од тие манифестации е и овогодишната приредба во чест на денот на просветителството во чест на Св. Кирил и Методиј ” рече Драги Хаџи-Николов од Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија. Еден час по отворањето на изложбата, прославата продолжи во Банкет салата на Аполонија Хотел, каде се одржа музички концерт на хорот Гортинија од Гевгелија и други музички изведувачи.
Ликовна колонија Аполонија 2009
Apollonia Foundation
НА 15 Јуни, традиционално по осми пат ќе започне ликовната колонија Аполонија 2009 која ќе трае 10 дена. Уметници кои ќе бидат дел од оваа ликовна колонија се:
ИДНИ НАСТАНИ: Аdress:
05 Јуни 2009 Изложба на Христина Зафировска oд Скопје 15-25 Jуни 2009 Apollonia Ликовна колонија во Мотел Вардар Јуни, Apollonia Hotel Изложба на Мита Ристич од Србија
Gevgeliski Partizanski Odred 1 1480 Gevgelija R. Macedonia Тelephone: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk
1. Васко Ташковски 2. Ниче Василев 3. Миле Петров 4. Гордана Петрова 5. Боре Минов 6. Панде Петровски 7. Симонида Филипова - Китановска 8. Марија Стефановиќ од Србија,
My contribution to the world is my ability to draw. I will draw as much as I can for as many people as I can for as long as I can. Drawing is still basically the same as it has been since prehistoric times. It brings together man and the world. It lives through magic. Keith Haring
ЕКО КАЛЕНДАР
а сеуште чекаме потврден одговор од уште еден уметник од Бугарија, така да оваа година ликовната колонија добива ингернационален карактер. Повеќе за колонијата во наредниот Информатор.