Бр. 16
06.09.2009
Apollonia Founation
Tрета по ред Смоквијада во Гевгелија
Содржина: Ден со природата активности во Август
2
Ансамбл “Бојмија” на
2
Семинар на “Подршка” во Аполонија
3
Баскет турнир Гевдион 3 Изложба - “1 час визуелна светлина”
3
За нас
4
Еко календар
4
ПРИЈАТЕЛИ:
www.gevgelija.gov.mk
www.gvg.com.mk
www.biblioteka.edu.mk
На 29 Август Гевгелија беше домаќин на третата традиционална Смоквијада фестивал на смоквата, натпревар во варење на слатко од смокви по традиционалните стари рецепти од ова поднебје, кој беше организиран од ЗГ Тера. За прв пат, меѓу тринаесетте тима и 26 натпреварувачи имаше 3 групи составени од машки учесници кои се натпреваруваа еднакво со жените за тоа кој ќе го направи највкусното слатко од смокви. Нина и Аника Стоилови, снаа и свекрва од Гевгелија, го добија првото место. Бројната публика на фестивалот имаше можност да ужива во богатата музичка програма на фолкорните групи и ансамбли, гратскиот хор, како и локалните музички поп изведувачи и ди-џејот Ерик Фокс, како и да ги проба с пец иј а л ит ет ит е и д ес ер ти те направени од ова овошје кои беа изложени на штандот на хотелот Аполонија. Како и во изминатите две години хотелот Аполонија ја спонзорираше оваа културна и посебно карактеристична манифестација која наскоро ќе прерасне во заштитен Гевгелиски бренд.
Отворени Забавни Фудбалски Школи 2009 Од 18ти до 22ри Август, 200 деца од Гевгелија и Валандово ја имаа таа можност да земат учество во спортскиот настан за деца Отворени Забавни Фудбалски Школи, кој оваа година се оддржа традиционално по осми пат. Ова е хуманитарен проект кој користи весели игри и педагошки “забавно - фудбалски - концепт” како средство за стимулација на демократијата, мирот, стабилноста и социјалната соработка во општествата. Оваа програма се насочува кон зближување на деца од воените подрачја преку фудбалот. Фондацијата Аполонија беше една од локалните донатори на овој настан, спонзорирајќи оброци за децата и организацискиот тим. Децата се наша иднина и ним им е потребна нашата www.offmacedonia.com.mk
Apollonia Foundation INFO
Страна 2
Ден со природата активности во Август Ден со природата - проектот за деца не запре преку целото лето, туку напротив децата беа активно вклучени во повеќе различни активности. Една од нив беше посетата на Фабриката за преработка на овошје и зеленчук “Хира“ од Гевгелија и фабриката за леб која е исто дел од компанијата Техноалат - Комерц. Фабриката е сместена во индустирската зона на нашиот град и работи според Европските стандарди за квалитет ISO9001 и HACCR. Љубезниот персонал ни организира тура за рагледување на фабриките, објаснувајќи го процесот на работа, што произведуваат, а децата исто научија и повеќе за стерилизација и пастеризација. За повеќе информации во врска со оваа фабрика посетете http://hinaproducts.com.mk Друга интересна активност беше акцијата за чистење на излетничкото место Смрдлива Вода која беше успешно изведена со помош на ЈП Комуналец од Гевгелија. По чистењето децата имаа активност во која научија колку време е потребно за различни видови отпадоци да се распаднат. Во соработка со ова јавно претпријатие ќе правиме акции од овој вид секој месец, се со цел да го направиме нашиот град почист и да ја подигнеме јавната свест на граѓаните по ова прашање. Се надеваме дека и другите граѓани, локални жители, ќе ни се придружат во овие активности за заштита на човековата околина.
Ансамбл “Бојмија” на фолкорна турнеја во Италија
Фолклорниот ансамбл за традиционална музика и игри Бојмија од Гевгелија во Август учествуваше на Меѓународниот фестивал во Италија и успешно ги презентираше Македонскиот фолкор, музика и култура. Фестивалот беше организиран од фолклорната група “Norbenis” од Норма во деновите од 19-26 Август, со учество на осум интернационални групи: Романија, Полска, Шпанија, Буркина Фасо, Турција, Италија, Македонија како и домаќинот. Сите настапи на нашата група им беа проследени со големо внимание, а не заостанаа и поканите за учество на други фестивали низ светот. За време на турнејата во Италија, членовите на Бојмија имаа можност да ги посетат Венеција, Рим, како и туристичките летувалишта Lido di Jesoli и Lido di Latina. На враќањето назад во Гевгелија групата сврати во Дубановце, Белград, каде со нивните домаќини КУД Будучност одржаа заеднички концерт. Фондацијата Аполонија во своите напори да ја подржува културата и локалните фолкрорни групи, даде донација на Бојмија за овој проект. Горди сме што имаме активни ансамбли кои се амбасадори на нашите стари традиции и обичаи кои се едно големо изворно богатство на Македонската култура.
Страна 3
Apollonia Foundation INFO
Семинар на “Подршка” во Аполонија “Подршка” е невладина организација основана во Август 2001 со цел решавање на проблеми од социјалните сфери. Основните активности им се фокусирани во три области: трговија со луѓе, здрави животни стилови за младите и злоупотреба на недозволени средства.
На 30 и 31 Август Подршка направи стратешко планска работилница водена од Билјана Гинова, експерт во оваа област со долгогодишно искуство во невладиниот сектор. Оваа работилница беше овозможена со грант на US AID и подршка на фондацијата Аполонија. Како резултат на работилницата, Подршка одреди три стратешки цели на кои ќе се фокусира во наредните три години: да го зацврсти капацитетот на невладината организација, да работи на превенција на децата и младите од влегување во негативните слоеви на општеството и подобрување на квалитетот на живеење на оние кои се борат со зависноста од дрога.
Баскет турнир Гевдион Под мотото “Спортот е светот на мадите” и присуство на бројна публика, во спорстката сала во Гевгелија од 20-27 Август се одржа Баскет турнир “Гевдион“, кој беше организиран од Здружението на граѓани за подобрување на квалитетот на животот на младите - Гевдион. Дваесет екипи, 100 учесници, фер плеј игра, забава и музичка програма беа дел од овој проект. Резултатите беа следни: Самбабојс од Гевгелија - прво место, Бурунди од Кавадарци второ место, Спејсклуб од Кавадарци - трето место, Кафе Бар Q - фер плеј и Кафе Бар Шуте најатрактивен тим.
Фондацијата Аполонија беше една од подржувачите на овој проект кој има цел популаризација на спортот и насочување на младите луѓе кон вистинските правци на животот.
Изложба - “1 час визуелна светлина” На 18 Август во Apollonia Green Garden Café се одржа многу интересен настан наречен “Еден час визуелна светлина“ кој беше во организација на Мултимедиа Центар од Гевгелија. Настанот беше уметнички - видео - музички перформанс на младите уметници од Гевгелија кои ги презентираа своите уметнички креации. Горан Јованов, Перо Кованцалиев, Миле Ничевски, Стела Динова, Динка Карајанова, Димитар Мицев, Мирјана Крстева Массети, Дамјан Ѓуров, Билјана Каровска, Катерина Чугунска, Вангел Срнаков, Ангел Миов, Сотир Хаџи-Николов и Ирена Пејовиќ ги презентираа своите најнови дела, а Ице Капсаров и Стефчо Стефанов - Аџамија прикажаа видео арт проекции. Она што ја збогати уште повеќе атмосферата беше музичката изведба на Боби Гошев, Фондацијата Аполонија го подржа овој проект на Мултимедиа Центар, кој беше сумирање и покажување на јавноста во Гевгелија резултатите од творењето и работата на младите, талентирани и се поуспешни уметници.
Apollonia Foundation
Адреса:
ИДНИ НАСТАНИ: 11, 12 и 13.09.2009 во Дом на Култура “Македонија, Кафе Бар “У“ , Стара Чаршија Мултимедиа Aрт Фестивал БОШ Гевгелија Посветен на животот на починатиот актер Бошко Бозаџиев
Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р.Македонија Тeлефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk
За Нас Проектот Ден со природата е составен од прошетки и излети во природа, со цел децата ја запознаат и сватат поврзаноста на човекот со природата, да ја видат важноста на природата за постоењето на човекот, преку игри и забава да научат како да се однесуваат со природата, групно да се грижат за околината и да ги собираат отпадоците на местата кои ги посетуваме, и секогаш да учат интересни факти за екологијата и нашата околина. Едукативен дел - секој месец имаме тема на која работиме: кратки едукативни факти, нешто што е разбрливо за децата соодветно нивната возраст, забавни квизови и натпревари во групи, приказни, активности и игри. Имаме 4 области на кои работиме преку годината, што значи дека по завршувањето на 4тата тема се навраќаме повторно на првата со повторување и проширување на истата. Темите се: Екологија во нашата заедница - Рециклирање, Редуцирање и Реупотребување, Глобално Затоплување, Воздух, Земја, Вода, Енергија и Биодиверзитет. Посетете ја страницата http://www.facebook.com/ group.php?gid=37503956985&ref=ts
ЕКО КАЛЕНДАР