Informator na Fondacijata Apolonija br.5

Page 1

01.10.2008

No. 5 Фондација Аполонија

Спектакуларен концерт на традиционални песни и ора Вчера во Хотелот Аполонија се одржа концерт на традиционална песни и ора од Македонија и Србија. Фолклорниот ансамбл “Бојмија” од Гевгелија, кои беа организатори а воедно и учесници на овој настан, настапија заедно со фолклорната група “Будуќност” од Србија, а дополнително изненадување беше и настапот на Распеани Гевгеличани. Околу 300 луѓе го посетија овој концерт, а 100 фолклорни уметници од сите генерации се погрижија за добро расположение на публиката. Настанот беше поддржан од Фондацијата Аполонија.

Во ова издание Ден со природата за Чиста и Европска Македонија

2

Пикник на Ден со природата до Смоларски Водопади

2

Писмо за благодарност од Манасторот Лесново

3

Климентина Јаулески, 3 живот и дело За нас

4

Еко календар

4

По втор пат Смоквијада во Гевгелија НАШИ ПРИЈАТЕЛИ:

www.gevgelija.gov.mk

www.biblioteka.edu.mk *можете да го видете нашиот весник

на нивните веб страни.

Смоквијадата започна со фолклорно дефиле кое тргна од Библиотеката во Гевгелија а се лоцираше на ракометното игралиште. Учесници во културно-уметничката програма беа „Распеани гевгеличани“, КУД „Браќа Толеви“ од Прдејци, КУД „Пискавица“ од Бања Лука, ансамблот „Бојмија“, Боби и Коце, Оливера Станковска, Јова Радева Анета Ристова како пејачи. Хотелот Аполонија, по втор пат, зеде учество во овој прекрасен настан, кој се надеваме ќе прерасне во традиција.

Во сабота на 30 август се одржа втората Смоквијада во организација на здружението на граѓани „ТеРа“ од Гевгелија. На оваа манифестација која годинава ја посетија повеќе од 5000 граѓани од Републикава и соседна Грција учествуваа 16 екипи .


Apollonia Foundation INFO

Страна 2

“Ден со природата” за Чиста и Европска Македонија На 21-ви Септември под слоганот “За чиста и Европска Македонија”, владата организираше акција за чистење и ги покани сите институции, невладини организации, индивидуи... да земат учество во овој настан за заштита на човековата околина. Акцијата беше организирана за да се промовира новиот закон за јавна чистота кој е веќе во сила. Фондацијата Аполонија учествуваше во овој настан со децата од проектот “Ден на Природата” и волонтери од вработените во Аполонија. Децата и возрасните ги споија силите против нередот и штетата околу нас за кои всушност ние луѓето сме одговорни.

Ние работивме на 2 локации, улиците во центарот на Гевгелија, и на Вардарски Рид, околу Мотелот Вардар и археолошкото пронаоѓалиште таму. Многу е добро што владата организира ваква акција, и нашите деца завршија прекрасна работа тој ден, но веќе цела година ние ги чистиме областите кои ги посетуваме со проектот “Ден на Природата”, и се надеваме дека и возрасните ќе го следат нашиот пример.

Пикник на Ден на Природата до Смоларски Водопади Со повод започнувањето на новата школска година тимот на Ден на Природата на 6-ти Септември организираше пикник до Смоларските Водопади за сите деца кои беа многу активни во нашите активности преку летото. Можете да видите од сликите како поминавме, и доколку го немате посетено оваа место не двоумете се да одите и да ги видите убавините кои нашиот апарат не успеа да ги долови.

Смоларските Водопади се наоѓаат на 30 километри од Струмица, близу селото Смолари. Патеката што води до водопадите е долга повеќе од 1 километар и поголемиот дел од неа е каменлив. Смоларските Водопади се високи 35 метри и се наоѓаат на Реката Ломница на надморска висина од 651 метар. Погледот од дрвениот мост е прекрасен како и околната природа во која владеат звуците на водопадот.


Страна 3

Apollonia Foundation INFO

Писмо за благодарност од Манастирот Лесново Задоволство ни е да го претставиме писмото кое во знак на благодарност го добивме од манастирот во Лесново, по повод паричната помош од 30.000 денари која Фондацијата Аполонија ја донираше на оваа црква.

Древната црква и манастир “Пресвета Богородица – Источен Петок Балаклија” на Злетовската река, која потекнува дури од 13. век и е под управа на Лесновскиот манастир, а кој, за жал, во последните 50-тина години беше во целосно руинирана состојба. Овој манастир е од големо културно-историско значење за нашиот народ, пред сè затоа што во него се одвивала богата книжевна и препишувачка дејност во целиот среден век, под закрила на Лесновскиот и на Кратовскиот книжевен центар, со која многу придонел во ширењето на писменоста и во зачувувањето на идентитетот, националноста и културата на нашиот македонски народ. Целосното возобновување на овој манастир го започнавме ова лето во 2008 година, најпрвин со изградба на новата црква и камбанарија, а веќе се прават подготовки и за изградба на конак. Веќе повеќе општини и фирме, а и голем број на верници до кои се обративме за помош, како и Вашата фондацијата Аполонија, несебично и дарежливо ни излегоа во пресрет и ни помогнаа за обновата на манастирот. Со голема почит, ја изразуваме нашата голема благодарност и кон Вас како Фондација, за вашата љубов и грижа кон нашиот манастир, и се надеваме дека и понатаму ќе најдете сили да ни помогате во обновата на манастирите, во рамките на Вашите можности. Божји благослов и успех во работата и животот. Игумен Дамаскин со братството

Климентина Јаулеска, живот и работа Еден од помладите учесници во овогодинешната Ликовната Колонија Аполонија беше и Климентина Јаулеска. Таа е родена 1984 во Струга и дипломира во 2008 на Универзитетот св. Кирил и Методиј, Факултет за ликовни уметности - Скопје, сликарство со графички дизајн. Има работено на повеќе проекти меѓу кои: проектот “Плаошник”: како реставратор и конзерватор на керамика. Климентина досега имала 3 самостојни изложби, една во Белград и две во Македонија Скопје и Струга, и 19 групни изложби. Ќе спомнеме само некои од нив: 2007 – Прага, Интернационална изложба на постери, 2007 - Македонски Центар во Њујорк, слики, 2007 - Македонски Музеј во Скопје - Видео експресии, 2006 - Скопје “Visual noise” фотографии. Хоби и сe пишувањето и фотографијата, а воедни има издадено и збирка поезија и цртежи наречена “Заталкан свет”.

“Сите религии, уметности и науки се гранки од едно исто дрво. Сите овие аспирации се насочени кон оплеменување на човечкиот живот, подигнувајќи го од сферата на само физичкото постоење и водејќи го кон слободата.” Алберт Ајнштајн


Нашиот допринос во полето на музиката Apollonia Foundation

• Организирање концерти на класична музика во хотелот Аполонија, Гевгелија. Во претходните осум години одржани се преку 200 концерти: - Солистички концерти репродуктивни уметници.

Address:

ИДНИ НАСТАНИ

Gevgeliski Partizanski Odred 1 1480 Gevgelija

Октомври: Ликовна колонија Аполонија - изложба во Хотел Аполинија

македонски

и

странски

- Редовен годишен концерт на класата студенти по пијано на професорите Романови.

Phone: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk

17-21 Октомври Џез фестивал во Скопје, Фондацијата Аполонија е официјален спозор

на

“Музиката е форма на уметност којашто ги надминува јазичните бариери.” -Херби Ханкок

- Солистички и групни концерти на ученици од средното музичко училиште Илија Николовски – Луј од Скопје. - Солистички и групни концерти на студенти на Факултетот за Музички Уметности – Скопје. - Три концерти на Симон Трпчески, со парите собрани од последниот негов концерт беа купени играчки за децата од градинката “Детска Радост” од Гевгелија. - Концерти на ученици од нижото музичко училиште од Гевгелија.

• Веќе 13 години ексклузивен спонзор на Скопскиот Џез Фестивал.

• Ги спонозиравме активностите на локалните фолклорни групи кои ја негуваат традицијата на националниот фолклор. - Ансамбл за традиционална музика и игри “Бојмија ” од Гевгелија, донација за учество на два фестивала во Италија. - КУД “Браќа Толеви” од Прдејци, за учество на етно фестивал во Бања Лука и КУД “Негорци” од Негорци, за учество на меѓународни фестивали низ светот.

ЕКО КАЛЕНДАР НЕДЕЛА

ПОНЕДЕЛНИК

ВТОРНИК

ОКТОМВРИ 2008 Научете за климатските промени овој месец! Светски Ден на живеењето

Светски Ден на Учителите

Денес одиме до Кованец, да видиме и научиме за кикириките.

Околу светот има скоро 100 милиони бездомници а многу од нив се жени и деца.

Пикник во планинското село Ума. Ќе посетиме овоштарник со јаболки.

NATURE DAY Денес организираме ден на пешачење. Придружи ни се!

Глобалното затоплување се случува кога јаглен диоксид и други загадувачи на возухот се собираат во атмосферата заробувајќи ја топлината на сонцето.Ова прави планетата да се затопли.

Заштеди енергија држи ги капаците на тенџерињата затворенои за да користат помалку енергија.

Меѓународен Ден за намалување на уништување на природата Секој ден недвижечки возила ослободуваат 8 милиони кг. гасови во нашиот воздух.

Силни урагани, топлински бранови, диви пожари можат да станат редовни во светот заради глобалното затоплување.

Дали глобалното затоплување е поврзано со природните катастрофи? Размисли!

Користи ја микробарноват а печка наместо обичната за да зготвиш

Заради глобалното затоплување мапите на светот ќе мора да се изменат.

Ден на народното востание

Органскиот отпад како расипана храна ослободува штетни гасови во депониите.

Светски Ден на Храната

ДАЛИ ЗНАЕТЕ? Заштеди енергија исклучи го компјутерот кога не го користиш.

Ден на Востанието

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

Нуклеарната енергија прави штетен радиоактивен отпад од кој нема прифатен начин да се ослободиме.

САБОТА

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

ДАЛИ ЗНАЕТЕ? Луѓето испуштаат јаглен диоксид побрзо отколку што океаните и растенијата можат да примат.

ПЕТОК

Светски Ден на Животните

ДАЛИ ЗНАЕТЕ? Гасовите од стаклената градина ја заробуваат топлината во атмосферата на Земјата. Но кога ќе изгориме премногу фосилни гасови, премногу гасови се ослободуваат правејќи ја Земјата потопла отколку што треба да биде.

NATURE DAY

ЧЕТВРТОК

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

Многу луѓе во светот немаат каде да живеат. Ова може да се промени.

NATURE DAY

СРЕДА

Кога ќе ја видиме земјата како заедница во која припаѓаме, може ќе почнеме да ја користиме со љубов и почит. -Алдо Леополд

Арктичкиот лед брзо исчезнува, и областа може да го има првото неледено лето во 2040г. или порано.

ДАЛИ ЗНАЕТЕ? Климатските промени прават глечерите на планините да се топат.

Ноќ на Вештерките


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.