Оваа публикација е изработена како дел од проектот Промовирање на младински активизам во мултиетнички заедници, спроведен од Здружение Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) со поддршка од Национален фонд за демократија (National Endowment for Democracy - NED).
Целта на оваа публикација е да се даде фокус на методот „Младински повик” (Youth Call) како метод за младинско учество во донесување на одлуки и остварување на промени во заедниците преку овозможување пристап на младите до ресурси за финансирање и управување. Публикацијата споделува примери од 5 успешно спроведени иницијативи за застапување поддржани преку „Младинскиот повик” кои обезбедија поголемо влијание врз локалните заедници каде што учесниците беа сопственици на инцијативите за застапување и нивните семејства, пријатели и претставници на нивните заедници ги гледаа како активни придонесувачи кон општеството. Во оваа публикација може да најдете како, чекор по чекор, да се адресираат потребите на заедницата, да се поттикнат младите да развиваат усп