Click Magazine

Page 1

Microsoft Windows 7

Краток преглед на следниот Windows Број 09 • ЈАНУАРИ 2009 • www.clickmag.mk

Mirror’s Edge

ДОМАШНО

КИНО безжична

Влезете во светот на тркачите

Во влегуваат само најдобрите Интервју со Игор Трајковски

варијанта

Чистење на вируси Дали анти-вирусната програма сама по себе е доволна?

Sony Vaio VGN-AW110/N Razer Death Adder

MaxTV - IPTV

Asus EN9800GTX+ DK TOP

Мултимедијски дескбук за гејмери и професионалци

Дигитална телевизија со збогатени опции

Дополнителна доза на адреналин при играњето

Итар како глушец, брз како змија

ЈАНУАРИ 2009 90 ДЕНАРИ

9 771857 598002

09

Алтернатива која не го пробива буџетот


click/вовед/

БРОЈ 09 • ЈАНУАРИ 2009 • WWW.CLICKMAG.MK

УРЕДНИК ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ vladimir.kockovski@clickmag.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Владимир Кочковски vladimir.kockovski@clickmag.mk РЕДАКЦИЈА Игор Петрушевски • igor.petrusevski@clickmag.mk Иван Манчевски • ivan.mancevski@clickmag.mk Владо Велков • vlado.velkov@clickmag.mk Дарко Булдиоски • darko.buldioski@clickmag.mk Никола Пчински • nikola.pcinski@clickmag.mk Иван Јанкијевиќ • ivan.jankiјevic@clickmag.mk Александар Нешиќ • aleksandar.nesic@clickmag.mk Саша Лилчиќ • sasha.lilcic@clickmag.mk Зоран Ивановски • zoran.ivanovski@clickmag.mk Јазичен соработник Ана Манасиевска • ana.manasievska@clickmag.mk

Забавата се сели во удобноста и приватноста на домот

ИЗДАВАЧ

Адреса: Ул. Васил Ѓоргов бр. 21-2/7 Жиро сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 Директор Александар Попов • aleksandar.popov@gmp.mk ПРОДУКЦИЈА Графички уредник: Маргарита Сотировска marga.sotirovska@clickmag.mk Печатено во: „Софија“, Богданци Дистрибуција: МПМ, +389 (2) 3089 302 ISSN број: 1857-5986 ЗАКУП НА РЕКЛАМЕН ПРОСТОР Снежана Божиновска • snezana.bozinovska@gmp.mk КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 32 23 575, +389 (2) 32 23 125 Факс: +389 (2) 32 23 575 Е-mail: redakcija@clickmag.mk • СМС контакт: 070/14 55 85

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Списанието Click се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Click е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Сите информации во списанието имаат карактер на информативни материјали кои се проверени во однос на точноста во моментот пред да започне процесот на печатење. Сепак, и покрај ова, издавачот не е одговорен за одредени грешки кои може да се појават. Click ги советува читателите да контактираат со производителите на хардверските или софтверските елементи за дополнителни информации околу цените. Содржините и структурата на Click се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Издавачот не е одговорен за точноста на информациите содржани во рекламните огласи кои се објавуваат. ГРУПАТА НА ГЛОБАЛ МЕДИА Списанието Click е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со спортското списание Esport и списанието за автомобили AutoFocus.

Сакаме да гледаме тоа што го сакаме, кога сакаме и колку што сакаме, и никој повеќе не може да го сокрие тоа право од нас

К

ако што полека зачекорува Новата 2009-та година, нè осврнува на дел од благодетите кои веќе ги имаме и нè „подлажува“ со оние кои тек треба да дојдат. Еден од нив е домашното кино, кое веќе е станато стандарден елемент на домот. Поминати се времињата кога луѓето ја бараа својата забава по разни собиралишта и кога филмската индустрија се обидуваше да го искористи тој аспект за да принуди да се собираат во кино салите. Тесните столчиња, ниско хигиенските хали, прескапите цени за карти и додатна опрема (пуканки, сокче), зададениот „пазач“ во позадина и фиксниот временски термин за сето ова, не изгледаат веќе толку атрактивно за да ве натераат да се борите за единствениот преостанат атом на кислород во салата. Згора на сè, продукциските куќи во секој свој филм/производ, максимално ја промовираа идејата за домашното кино и причините зашто секој би требало да го има во својот дом по секоја цена (а секако, цените порано беа астрономски), за потоа истите тие да се жалат дека „луѓето не идат во кино“ и стравуваат дека нивните мулти-милијардерски профити може да се намалат дури за неколку милиони. И секако, единственото логично објаснување кое можеа да го дадат е дека нешто, наречено „пиратството“, е тоа што го предизвикува. Вистината е дека човекот и севкупното негово мислење, однесување, навики и обичаи еволуираат со текот на времето и ретко кој сака да се враќа на нешто на кое му е поминат рокот. Во денешниот

свет полн со дистракции, каде нашето време се растргнува на сите можни страни и секој сака да зграби дел од него, немаме време да чекаме да дојде 7 саат за да почне нашата омилена серија, уште помалку да го ослободиме тој термин за да ја догледаме до крај. Надминато е времето кога човекот се ориентираше според забавната програма. Сега е ерата кога забавната програма се ориентира според слободното време на човекот. Сакаме да гледаме тоа што го сакаме, кога сакаме и колку што сакаме, и никој повеќе не може да го сокрие тоа право од нас. Тие што го знаат и живеат според ова кредо, веќе имаат поставено домашни центри за забава и најдено соодветен начин како рутински да ги искусуваат овие цели. Следниот чекор, на кој ќе се осврнеме повеќе во овој број на Click, е да ја разгледаме алтернативата како да го изведат истото, но на безжичен начин кои го овозможуваат дел од новите технологии. Исто така, интересно е што се појавуваат и содржински провајдери кои се обидуваат да се прилагодат на новите времиња (и да ја комерцијализираат оваа потреба), како IPTV и симнување филмови по потреба, во секое време, директно од вашата конзола. Најважното од сè е тоа што сме тука во моментот, за да ја искусиме лично и да ја проследиме еволуцијата на технологијата, која се случува пред нашите очи. l Искрено, Владимир Кочковски


click/содржина/

БРОЈ 09 • ЈАНУАРИ 2009

ХАРДВЕР

12 - 41

12 Sony Vaio VGN-AW110/N Мултимедијски дескбук за гејмери и професионалци

21 Razer Death Adder

Итар како глушец, брз како змија

26 Половни лаптопи

Дали и колку се исплати да се купуваат

30 MaxTV

36

Домашно кино безжична варијанта

Дигитална телевизија со збогатени опции

33 Asus EN9800GTX+ Dark Knight TOP Дополнителна доза на адреналин при играњето

Алтернатива која не го пробива буџетот

42 - 67

СОФТВЕР

42 Чистење на вируси

Дали анти-вирусната програма сама по себе е доволна?

46 Во Google влегуваат само

најдобрите

Интервју со Игор Трајковски

52 Microsoft Windows 7 Краток преглед

ИГРИ

68 - 79

72 Darkfall Online

62

Новини во Adobe Creative Suite 4

Играч против играч во темна атмосфера

86 World of Warcraft:

Wrath of the Lich King Northrend ве очекува

Мали детали кои многу значат

РЕДОВНИ РУБРИКИ 6 80 82

68

Mirror’s Edge

Влезете во светот на тркачите 4

click јануари 2009

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ


click/вести/

Вежбајте со Nokia Nokia го најави моделот Nokia N79 Active, кој во пакувањето доаѓа со безжичен појас за мерење на пулсот на срцето. Овој додаток, кој се грижи за вашето здравје, е совршен уред доколку трчате со него. Навигацијата и новата верзија на популарната апликација Nokia Sports Tracker истовремено се достапни со првите испораки на уредот, со кои вашите рекорди и податоците за вежбањето ги објавува на интернет. Така можете да ја споделите музиката која сте ја слушале додека сте вежбале или останатите да ја преземат патеката по која сте трчале сликана со 5 мегапикселната камера. „Nokia N79 Active е креирана за забава и фитнес”, се зборови на директорот на Nokia, Juha Kokkonen. „Овој уред ве забавува во текот на долгите вежби , додека Polar се грижи за вашето здравје мерејќи го пулсот ”. Овој уред доаѓа со спортски слушалки и појас за околу рака. Nokia N79 Active ќе биде достапен на пазарот со цена од 375 евра. l

App Store достигна бројка од 500 милиони симнати програми

Intel објави 88 процентен пад на приходот во четвртиот квартал на 2008 Intel објави резултати од профитот од четвртиот квартал од 2008 година. Тој изнесувал 8.2 милијарди американски долари, односно 1.5 милијарди оперативен приход, што значи пад во однос на третиот квартал. Интеловиот претседател и директор Paul Otellini изјави како економијата и индустријата се во процес на „ресетирање” на нова стартна точка каде што растот повторно ќе продолжи, а стратегијата на компанијата е фокусирана на развиток како никогаш до сега. . l

App Store забрзано расте во однос на бројот на достапни апликации за симнување, кој изнесува 15.000 илјади. Додека бројот на симнати програми преку оваа апликација стигна на 500 милиони. Својата шанса да си ги протријат рацете (ако веќе не го сториле тоа) ја гледаат и развивачите на апликациите кои се наоѓаат на App Store и кои се надеваат на добар профит со секојдневниот раст на бројот на симнатите апликации. Иако iTunes чекаше цели две години за да го достигне бројот од 500 милиони симнати песни, за разлика од App Store кој тоа го направи за 6 месеци, сепак се должи на големиот број на бесплатни апликации кои се наоѓаат на App Store. Секако, поголемиот број на симнати апликации се должи и на зголемената употреба на iPhone и iPod Touch. l

Хакерски црв зарази 8 милиони компјутери Во есен минатата година, идентификувани се неколку програми кои ги загрозуваат незаштитените компјутери. Црвот кој се нарекува Downadup или Conficker, а се пренесува преку мрежа и USB стапчиња. До сега зарази над 8 милиони компјутери и покрај закрпата што ја објави Microsoft која има цел да го оневозможи натамошното ширење на овој вирус. Според Microsoft, црвот ја бара датотеката services. exe и се надградува на нејзиниот код. Потоа се копира

6

click јануари 2009

во системскиот директориум Windows како .dll датотека, каде што си задава име од 5 до 8 знаци и го модифицира регистарот за да работи како неопходен програм. Понатаму црвот продолжува да се шири преку HTTP. За да се заштитите од овој вирус, стручните лица препорачуваат да ја инсталирате закрпата на Microsoft – MS08-067. l


Нa CES претставени технологиите на иднината На годинешниов CES имаше што да се види. Рефлекторското светло беше свртено кон најавите за интегрирањето на интернетот со телевизорите, како што е Yahoo Connected Life платформата која на корисниците ќе им понуди достап на виџетите на Yahoo, eBay и Myspace, Мitsubishi изненади со нова технологија за HD телевизори, наречена LaserVue, која користи ласери за репродукција на сликата и според Mitsubishi ќе ги надмине плазмите и LCD во репродукцијата на боја, а потрошувачката на енергија е смалена до 4 пати. Сепак, цената од 5000 евра значи дека оваа технологија уште некое време ќе им остане недостапна на обичните смртници. За нив се грижат Vuzix очилата, развиени во Кембриџ кои можат да се приклучат на лаптоп или смартфон и кои нудат кинематско искуство за мали пари и со микропотрошувачка која нема да биде напорна за батериите. l

Е-ONE, Нова специјализирана продавница

Sony Ericsson објави загуба од 245 милиони долари

На 20.12.2008 во центарот на Скопје се отвори нова специјализирана продавница за фото/видео производи и друга потрошувачка електроника. Продавницата е со продажен простор од 100 метри квадратни и се наоѓа на плоштадот Македонија, на улица Максим Горки број 3. Во неа заинтересираните потрошувачи и вљубеници во технологијата можат да најдат производи од Canon, Olympus, Nikon, Sony, Dell, Toshiba, Nokia и Verbatim, во стандардното време – секој работен ден од 09:00 до 21:00. l

Глобалната економска криза не се одрази добро на долната линија на пресметките на една од водечките компании за мобилни телефони. Компанијата објави дека во последната четвртина од 2008 година има загуби од цели 245 милиони долари, драматичен пад од 495 милиони долари профит во истиот период од минатата година. Минусот се појави и покрај излегувањето на Xperia X1 и 8.1 мегапикслениот камера телефон кои добија доста внимание од медиумите. Ова значи барем 2000 отпуштања на работници од фирмата за Sony Ericsson да исплива над црвената линија. Покрај краткорочните црни прогнози за мобилната индустрија, SE објавија долгорочни планови како што е зачленувањето во Open Handset Alliance, со што планираат да изнесат на пазарот Google Android телефон во втората половина на годината. Во планови е и open source Symbian телефон за 2010 година. l

Објавени 25-те најголеми грешки кои се прават при кодирање Агенцијата за национална сигурност, ДБ-то на САД, помогна во составување на 25-те најголеми и најопасни грешки кои ги прават програмерите при кодирање. Имено овие грешки водат кон најчестите експлоатации и безбедносни дупки кои ги користат сајберкриминалците. Според институтот SANS од Мериленд, само две од овие грешки се одговорни за преку 1,5 милиони хакнувања на веб сајтови во 2008 година. Овој список го објавија над 30 организации, вклучувајќи ги NSA, Department of Homeland Security, Microsoft и Symantec. „Топ 25 листата им дава на развивачите на софтвер минимален сет на грешки кои мора да се исчистат пред софтверот да стигне до клиентите,“ изјави Chris Wysopal, технолошкиот директор на Veracode. l

Златна година за интернет криминалците Преку 20.000 нови малициозни програми на ден. Тоа е црната хроника од истражувањето на безбедносната компанија Sophos. На интернет криминалците и пишувачите на малвер и спајвер им тргна годинава. Лошите момци станаа сè пософистицирани. Од инбоксот и порно сајтовите, своите вируси и тројанци почнаа да ги шират и преку мејнстрим популарни сајтови како Facebook и МySpace, како и преку популарните IM клиенти. Најголемиот нивен успех во годината беа

таканаречените измамнички вируси, како Antivirus 2008, кои убедија над 5 милиони корисници да купат лажен антивирусен софтвер, а всушност пазарија уште повеќе спајвер и вируси. Органите на редот забележија по некоја победа, како што е затварањето на фирмата МcColo од која потекнувал 75% од интернет спамот, како и смрзнување на фондовите на некоја од фирмите со измамничкиот софтвер, но сепак криминалците испаднаа поуспешни и поитри. l

click октомври 2008

9


click/вести/

HP планира да го освои netbook пазарот со новиот HP Mini 2140 Eксплодирачкиот пазар за малите нетбукови ги надмина сите очекувања на експертите за 2008 година. HP реши да го освои овој сегмент на пазарот со импресивниот HP Mini 2140. За нетбук, под својата хауба има импресивен хардвер. Intel Atom N270 процесор на 1.6GHz, 1 GB DDR2 SDRAM, кој може да се прошири на 2 GB, 160 GB 5400 rpm SATA HDD, Intel GMA 950, 10.1 инчен екран со резолуција од 1024x576 пиксели, 802.11а/b/g/n, Bluetooth 2.0, Express Card и Secure Digital слотови, 2 USB 2.0 порта, гигабитен ethernet и VGA камера, а тежина од само 1 килограм. Оперативните системи на избор се XP, Vista или SUSE Linux. Цената му почнува од само 499$. l

Palm со конкуренција за iPhone Palm, компанијата која ги популаризира PDA уредите, но го загуби приматот на пазарот поради конкуренти како BlackBerry и Microsoft Windows Моbile, реши да се врати на пазарот со нов тркачки коњ. Palm Pre e мултитач телефон, со полна QWERTY тастатура и OS за кој некои тврдат дека го надминува дури и тој на iPhone. Оперативниот систем е базиран на Linux, а како графичка подлога е WebKit, развиен од Apple и open source заедницата. Сите апликации за Palm Pre се напишани во HTML, CSS и Javascript, но можат да повикуваат и подлабоки компоненти од системот заради некои функционалности. Од хардвер има сè што имаат и модерните телефони: 802.11b/g WiFi, 3G, GPS, 480x320 3.1 инчен LCD, 3 мегапикселна камера, 8 гига меморија, а Bluetooth и слични работи да не спомнуваме. Телефонот треба да излезе во првата половина од оваа година. l

експериментира со download на своите видеа Доаѓајќи во допир со вистината за многубројните Youtube даунлоудери, Youtube реши да проба да им даде шанса на своите корисници да симнуваат видеа директно од нив. За жал, под пилот проектот припаѓа само каналот на мегапопуларниот нов амерички претседател, Barack Obama's ChangeDotGov. Мали „Click to download“ линкови се појавија под видеата, дозволувајќи им на корисниците да го симнат видеото отколку само да го стримаат. Оваа опција е овозможена на Google Video од самиот почеток на тој сервис, кој бидејќи сега е во иста фирма со Youtube и му прави конкуренција, наскоро ќе биде затворен. l

Приказната за Марко Цаласан, малиот IT гениј, ја објавија и светските медиуми Марко Цаласан, 8 годишниот компјутерски гениј кој стана познат во Македонија по фактот што е најмлад држач на сертификат на Микрософт за системска администрација. Веста после објавувањето во англиските весници The Times и Telegraph, почна да кружи по нетот на огромен број на сајтови и јазици. Малиот компјутерски моцарт

10

click јануари 2009

Марко, својата иднина ја гледа во креирање на нов оперативен систем. Доста амбициозно за еден осумгодишник. Честитки на Марко за стекнатата светска слава и да се надеваме дека ќе има светла иднина во IT светот. l


click/вести/

Belkin плаќал за добри критики на сајтот на Amazon Референт за развој на бизнисот во Belkin, Michael Bayard, бил фатен како нуди пари за 100% добри критики за продуктите на Belkin на сајтот на Amazon.com и други е-продавници. The Daily Background ја откри оваа вест од сајтот на Amazon, Mechanical Turk. По галамата која се дигна на нетот, Belkin веднаш реагира и ги тргна постовите, а претседателот на компанијата Mark Reynoso, мораше да напише јавно писмо во кое се извинува за неетичката практика.l

Аpple со нов 17 инчен Macbook Pro, 15 инчен Мacbook Air на повидок?

Новите мобилни ги збунуваат корисниците Околу 61% од интервјуираните корисници во САД и Велика Британија се жалат дека прилагодувањето на нов мобилен телефон им е во ист ранг на тешкотија како менување на сметки во банка. Над 85% одговориле дека се фрустрирани од тешкотиите при активирањето на новите телефони. Од 4000-тите испитаници, 95% одговориле дека би пробале повеќе нови услуги ако нивните телефони би биле полесни за користење. Портпаролот на компанијата Мformation која ја изведе анкетата, изјави дека иако модерните телефони стануваат секој ден попаметни и имаат сè повеќе функции, ретко кој ги користи, заради лошите искуства со апликациите. Бидејќи телекомуникациските компании сакаат да ги преместат своите извори на приходи од обичните телефонски разговори и SMS на понапредни услуги како интернетот, нешто ќе мора да се направи за да се креира поедноставен интерфејс за обичните корисници. l

На презентацијата изведена при отворање на Macworld 2009, Apple го претстави својот нов 17 инчен aлуминиумски Macbook Pro. Големиот дескбук има импресивни перформанси: 2.66GHz Core 2 Duo, 4 GB 1066MHz DDR3 SDRAM проширлив до 8 гигабајти, како и две графички NVIDIA GeForce 9600M GT со 512MB сопствен рам и NVIDIA GeForce 9400M со 256MB DDR3 SDRAM делен со сметачот, кога сакате да заштедите од батеријата. Новост е и тоа што 17 инчникот е со вградена батерија, како кај Macbook Air, но за тоа да се компензира, батеријата трае до цели 8 часа, што е импресивно за таков голем лаптоп. Од кинескиот сајт Apple.pro, кој на времето ја пушти точната гласина за unibody Macbooks, дојде и гласина за можен 15 инчен Маcbook Air во втората половина на 2009. l

Microsoft повторно оптужен од страна на ЕУ Уште една новогодишна честитка од ЕУ до Микрософт. Се чини дека ЕУ реши редовно да си го полни буџетот со „донации“ од монополистичката компанија. Лани казните

беа 1.4 милијарди евра, а годинава на Микрософт пак црно му се пишува. На листата на гревови оваа година е нивното упорно пакување на Internet Explorer со Windows, со што Microsoft ја намалува конкурентноста на другите прелистувачи и им го намалува изборот на своите муштерии. Микрософт има осум недели да ја припреми својата одбрана. l

click јануари 2009 11


12 14 16 18 19 20 21 22 24 25 26 28 29 30 33 34 36

Sony Vaio VGN-AW110/N Asus X59SR лаптоп Fujitsu Siemens Amilo Xi3650 Apollo 1085VC Toshiba Portege M800 – 10Z Samsung SPF-86P Razer Death Adder Гејмерска конфигурација HP Color LaserJet CM2320fxi Zebra TLP-2844 термички принтер Половни лаптопи Toshiba Gigaframe Q81 GlacialTech GP-AL 650A MaxTV Asus EN9800GTX+ Dark Knight TOP Sapphire Radeon HD 4850 X2 Безжично, домашно кино

click/хардвер

Sony Vaio VGN-AW110/N Мултимедијски дескбук за гејмери и професионалци ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: SONY www.sony.com.mk • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Невада www.nevada.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Огромен 18.4 инчен XBRITE ECO екран Одличен дизајн  Одлични перформанси  Полна тастатура со посебен нумерички дел  Проблеми при пуштање на постари игри кога сте на Vista ЦЕНА

• 88.500 денари

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Вистинска алтернатива за вашиот десктоп

12

click јануари 2009

Н

а прв поглед, чудовиштето со екран од 18.4 инчи, со димензии 17,2, 11,4 и 1,6 инчи (43,6, 28,9 и 4 cm), кое тежи скоро 4 килограми нè застрашува. Доаѓаме до помислата дека некој би бил луд кога би купил вакво нешто, кое изгледа доста апсурдно за еден пренослив компјутер. Но, кога малце ќе се погледне во конфигурацијата и кога ќе се седне пред прекрасниот широк LCD XBRITE ECO екран со резолуција од 1680 x 945 точки и одличната полна тастатура на која би позавиделе повеќето десктопи, нештата добиваат нова смисла. Во конфигурацијата на овој лаптоп ќе забележите дека нема што нема. Core 2 Duo P8400 процесорот, навиен на 2.26 GHz, приклучен на 1066 Мhz FSB со 3MB L2

Симбиоза на елеганција и мултимедија со силна хардверска поддршка

меморија. Таа може да се прошири и до 1056 MB ако се позајми од лап-

от монитор, повеќе од сигурно гарантира одлични перформанси и педигре за

Во конфигурацијата на овој лаптоп ќе забележите дека нема што нема. Core 2 Duo P8400 процесорот, навиен на 2.26 GHz, приклучен на 1066 Мhz FSB со 3MB L2 cache и графичка картичка од NVIDIA, GeForce 9300M GS GPU со 256MB сопствена меморија cache e импресивен, како и графичката картичка од NVIDIA, GeForce 9300M GS GPU со 256MB сопствена

топот кој има цели 4 GB вграден DDR2 SDRAM. Ваквата конфигурација, во комбинација со огромни-

една лута играчка машина, како и работен влечен коњ за графичките и видео професионалци. Самите

димензии тука се јавуваат како предност, бидејќи има повеќе од доволно простор за дисипација на топлината која ја произведуваат овие компоненти под максимален напор, така што никогаш нема да почувствувате некое поголемо загревање на компјутерот. SATA хард-дискот од 320 GB е повеќе од доволен за сместување на инсталации на игри, кои се сè повеќе гладни за простор, како и за разни видеа и фотографии, ако се користи во


click/хардвер/ такви професионални или полупрофесионални цели. Дескбукот може да послужи и како медиски центар за гледање на високорезолуциски Blu Ray филмови, во што му помага BD-ROM oптичката единица, која има два ласери, едниот за читање на Blu-Ray дискови, а вториот служи како стандардна DVD+/-/R/RW единица. Иако самиот 18.4 инчен екран и 2.1. системот на звучници е добар за мобилно гледање на BR филмовите, ја имате и опцијата да го приклучите

теријата во ретките случаи кога ќе морате да бидете исклучени ќе ви заврши работа да си ги довршите важните задачи. Конкретниов модел на VAIO доаѓа со инсталирана Windows Vista Business 32 bit. Mораме да признаеме дека Vista овде се покажа во добро светло и покрај хендикепот на 32 битниот систем, со кој може да користите само 3 GB од рамот. Кога Vista има доволно хардвер кој ќе ја поддржува во нејзиниот глад за ресурси, недостатоците не

Доволно простор за целосна тастатура со посебен нумерички дел

Специјализирана Sony лента со алати

сметачот на HD телевизор преку HDMI излез, со што можете да уживате во целосниот потенцијал на форматот. За поврзување со светот, домашната или работната мрежа, ќе се погрижат одличниот гигабитен ethernet и Intel WiFi Link 5100AGN со 802.11n, а со вашите направи и периферии Bluetooth 2.1+EDR. За комуникација со пријателите и бизнис партнерите ќе ви помогне одличната 1.3 мегапикселна Motion Eye камера и вградениот микрофон. Батеријата со која доаѓа лаптопот, со вклучен Wi-Fi, во просек издржува 1:45 до 2 часа, што и не е лош резултат за толку голем екран и таква конфигурација под Vista. Сепак, овој лаптоп како алтернатива на десктоп е мислен да биде вклучен во струја повеќето од работното време, но ба-

се толку присутни. Секако, во тоа помага и редовното апдејтирање на системот и SP1 сервисниот пакет. Позитивно е тоа што при вклучување на лаптопот, Vista e веќе активирана, така што не мора да се мачите со тој процес. Единствениот проблем се појави при пуштање на постари игри кои ја немаат десигнацијата Games for Windows и не работат баш најдобро на Vista. Како и многу други PC произведувачи, Sony веќе не ве снабдува со системски оптички дискови, туку на самиот хард-диск постои скриена партиција од која може да го повратите компјутерот. Тука имате повеќе опции, да го вратите само Windows Vista во чиста форма, без програмите кои ги инсталира Sony, да го вратите во оригинална фабричка форма со Windows,Vaio

апликациите и разните trial понуди(препорачана опција), како и репарација на постоечката Windows конфигурација. Ако сте си направиле D партиција, recovery системот ја брише само C, односно зададена партицијата на која е инсталиран Windows. Самото враќање, т.е. форматирање на системот е колку што се може автоматски изведено и од иницијалното стискање на копчиња, не треба ништо повеќе да се мачите. Секако, Vista редовно ве потсетува и ние препорачуваме да си направите физички оптички recovery дискови за секој случај, бидејќи ако нешто му се случи на хард-дискот, ќе ја изгубите Windows лиценцата и софтверот за Vaio. Вградениот софтвер се состои од VAIO Startup Assistant кој се состои од упатства и разни помагала за вашиот VAIO систем,

автоматско апдејтирање на драјверите и софтверот, како и разни мултимедијални програмчиња кои не се многу корисни, но сепак ги има, како што се: VAIO Movie Story - Simple Movie Creation, VAIO MusicBox Music by Mood, VAIO Media plus - Multimedia Streaming Software кои се ставени наместо мултимедијалните програми на Windows, бидејќи Vista Business не доаѓа со такво нешто вградено. Тука е и Мagic-I програмчето на ArcSoft кое има интересни ефектчиња кои потсетуваат на PhotoBooth од Аpple. Инсталирана ви е и trial верзија на MS Office Small Business 2007, која може да ја активирате со купен клуч, како и trial Microsoft Works SE 9.0. Другите мали промоции не се

толку важни или релевантни за нашиот пазар, така што можете слободно да ги одинсталирате. Значи, можеме да заклучиме дека ова е еден одличен лаптоп кој претставува реална алтернатива за вашиот главен работен и играчки сметач, со конфигурација која им конкурира на најдобрите десктопи на нашиот пазар, со таа голема предност на лесна преносливост и флексибилност. Ако вашето работно место бара многу мобилност и моќен хардвер или, пак, сте страстен играч кој сака да има играчка машина на секое место во секое време, ова е идеалната солуција за вас. Вива ла дескбук! l [НИКОЛА ПЧИНСКИ]

СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА

1 година

ПРОЦЕСОР

Intel Core 2 Duo P8400 2.26 GHz, 1066MHz Data Bus

МЕМОРИЈА

4GB DDR2 SDRAM 800 Hz

ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ

256 MB NVIDIA GeForce 9300M GS

ХАРД-ДИСК

320GB

ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА

18.4-инчa 1680 x 945, 16:9, X-BRITE ECO

ОПТИЧКИ УРЕД

5X Blu Ray-ROM, 8X DVD+/-R/RW

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ

Windows Vista Business

КОНЕКЦИЈА

Ethernet 10/100/1000 Mbps, WiFi 802.11a/b/g/n со Bluetooth, 3 x USB, Memory Stick Pro, SD Card Reader, HDMI, VGA, stereo/optical audio out

ПЕРИФЕРНИ УРЕДИ

Вградена Мotion Eye Камера, микрофон, полна тастатура

click јануари 2009 13


click/хардвер/

Apollo 1085VC UPS уред за помалку главоболки ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Apollo www.apollotw.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: RHS www.rhs.com.mk ЗА И ПРОТИВ

   

Дизајн Капацитет Квалитет на изработка Богат и прегледен софтвер, интерфејс

Е

дна стара мудра изрека вели дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. Со тоа целосно се сложуваме, и затоа, решивме да се обидеме малку да влијаеме и на вас. Причината е едноставна, уредите од овој вид не се дел од домашниот инвентар и ставка при набавката на компјутерска опрема во онолкава мерка колку што би требало да бидат. Apollo 1085VC не е модел од производител со реноме

одредена скепса, но практичната употреба пријатно изненадува. За дизајнот нема што особено да се зборува, помалку-повеќе наликува на голем број други слични уреди. LCD дисплејот на предната страна прикажува информации за актуелната состојба на влезниот и излезниот напон, зачестеноста, изворот на напојување, оптовареноста и модусот на функционирање. Згоден детал – вградени

Иако Apollo 1085VC не е модел од производител со реноме на APC или SICON, не треба да се занемари поради тој податок на APC или SOCOMEC, на пример, но секако дека не треба да се занемари поради тој податок. На прв поглед предизвикува

се два класични штекери наместо приклучоци за компјутерски кабел, како што е честа пракса кај овие уреди. На овој начин и употребна-

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Оправдана инвестиција кога е во прашање заштитата.

18

click јануари 2009

Детален и прегледен интерфејс на софтверот за потполна контрола врз уредот при ракување со него, како и детален увид во тековната состојба

Едноставно и прегледно сите информации на LCD екранот како на дланка

та вредност на овој уред е мулиравме и најлошата вапоголема. Освен копчето за ријанта – снемување струја ресетирање на уредот, тука при работа со повеќе аплисе и два мрежни приклучоци кации – „режење” со NERO, и RS232 (COM) интерфејс за активна интернет конекција, поврзување на UPS-от со активен антивирус, отворен компјутерот. фолдер и работење со Word Пропратниот софтвер, документ. На стартот, капаосвен информациите за цитетот на батеријата беше статусот на батеријата, 96%, а 7 минути подоцна, загреаноста и актуелните кога заврши режењето, напони и оптоварувања, капацитетот падна на 28%. овозможува и програмиНакусо потоа почна автоматрање за извршување на од- ско гаснење на апликациите редени акции во одредено една по една и shutdown на време од денот или некој од системот. Значи, скоро 7,5 наредните денови. Тука се и минути, што е многу добар опциите за самотестирање резултат. Загреаноста на и бележења на настаниуредот беше максимални те: евентуални падови на 38�С. Не е проблем и ако напонот, снемувањето на капацитетот на батеријата напон и кога повторно се падне под 50%. И во тој слувклучил напонот (времиња). чај (UPS исклучен од струја) Овие известувања може да без проблеми се вклучуваа се пратат и на мејл на сопи компјутерот и мониторот и ственикот, доколку уредот се се подигнуваше оперативнаоѓа, на пример, во дуќан ниот систем. или друго место. Софтверот Apollo 1085VC навистине се интегрира со Windows на пријатно нè изненади. системската алатка од Настрана фактот дека се раPower Management, но тоа боти за релативно непознат не е прв ваков пример. производител, очигледно е Капацитетот од 850 VA дека е во прашање квалитее сосема доволен да го тен уред. l [ЗОРАН ИВАНОВСКИ] одржи компјутерот „буден” ако снема струја и до 12 минути под СПЕЦИФИКАЦИИ минимално/мало оптоварување, што КАПАЦИТЕТ 850 VA е податок наведен АВТОНОМИЈА 12 минути од производителот, (мало оптеретување) а што со проверка АВТОНОМИЈА 3,5 минути (полно оптеретување) се покажа како точен. Под полно ВРЕМЕ НА РЕАКЦИЈА 3 ms оптоварување, ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ 5-8 часа производителот гарантира 3,5 минути. ЗАШТИТА ОД УДАР 115 Ј За проверка, ја си-


click/хардвер/

Zebra TLP-2844 термички принтер Принтер со технологија за термички трансфер наменет за канцелариска употреба и едноставно печатење налепници

П

рв пат на тест добиваме принтер наменет за печатење на налепници (етикети). Zebra TLP-2844 претставува принтер од класата на термички преносници (Thermal Transfer) што овозможува печатење на најразличен тип на налепници. Најнапред да ги објасниме технологиите на ваквите принтери. Постојат два вида на термални принтери кои ја употребуваат топлина за да ја создадат или за да ја пренесат сликата на медиумот за печатење. Директните термички принтери се оние што ја користат

на налепниците. Zebra TLP-2844 по големина и по капацитет на печатење е наменет за канцелариска употреба, но може да се користи и во магацински простории според некои негови карактеристики. Всушност, целосно затвореното пластично куќиште на Zebra TLP-2844 му овозможува да работи во лоши услови за работа пропратени со многу нечистотии и прашина. Во кутијата со печатачот се испорачуваат пропратните кабли, софтвер, рибон за печатење, како и еден котур со налепници. Монтирањето на

Zebra TLP-2844 се наметнува како одличен избор на компаниите кои имаат потреба од сериско нумерирање на производите или, пак, едноставно ставање на бар кодови на некои артикли топлината за да реагира со специјално обработената хартија и така се создава сликата. Ваквите принтери како потрошен материјал ја имаат само хартијата, а тоа се всушност принтерите што ги печатат фискалните сметки кај нас. Принтерите со технологија на термички трансфер ја користат топлината на главата за печатење за да се пренесе мастилото од рибонот на медиумот за печатење. Оваа технологија најчесто се користи за печатење на налепници затоа што се вклучени многу фактори од околината и затоа што е потребно да се контролира сликата како и истрајноста

котурот со налепниците и рибонот со лентата за собирање на потрошениот материјал е малку комплицирано, но за среќа има одлично упатство со слики, па дури и слики во самиот принтер за начинот на монтажа. На принтерот има само едно копче кое свети во 3 различни бои во зависност од модусот во кој се наоѓа. Софтверскиот дел на инсталацијата е едноставен, а 20 годишното искуство на Zebra Technologies придонесува за испорака и на квалитетен пропратен софтвер. Имено, ZebraDesigner 1.0 ги содржи сите потребни можности за дизајнирање

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Zebra Technologies www.zebra.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Инфо-код www.info-kod.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Голем избор на димензии на налепници и рибони  Одличен пропратен софтвер  Добра надворешна заштита на самиот принтер  Различни начини на поврзување со компјутер  Многу тивок во работењето

Мини решение за разни видови етикети

и печатење на налепниците. Внесувањето на различен број нумерички податоци и бар кодови се изведува многу брзо и едноставно. Карактеристиките со брзина од 102 mm. во секунда и квалитет од 201 dpi не го прават Zebra TLP-2844 најбрз и најквалитетен принтер на пазарот, но затоа тивкиот режим во работењето и издржливоста го прават одличен избор како за мали, така и за големи компании. Максималната ширина на налепниците за печатење е 104 mm, а постојат многу најразлични

типови. За различните ширини на налепници можат да се користат и различни ширини на рибоните што овозможува значително намалување на трошоците за печатење. Рибони можат да се користат во неколку различни бои покрај стандардната црна. Со ниска цена на печатење, Zebra TLP-2844 се наметнува како одличен избор на компаниите кои имаат потреба од сериско нумерирање на производите или, пак, едноставно ставање на бар кодови на некои артикли. l

ЦЕНА

• 32.933 денари

ОЦЕНА

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Канцелариски принтер за налепници со одлични перформанси

[ИВАН МАНЧЕВСКИ]

СПЕЦИФИКАЦИИ Технологија на печатење

Термички трансфер

Поврзување со компјутер

Сериски, Паралелен и USB приклучок

Максимална ширина на печатење

104 мм

Максимална брзина на печатење

102 мм во секунда

Квалитет на печатење

201 dpi

Димензии

198 x 238 х 173 мм

Тежина

1.7 КГ

click јануари 2009 25


click/хардвер/

Toshiba Gigaframe Q81 Дигитална рамка за вашите спомени ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Toshiba www.toshiba.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: SENSO www.senso.com.mk ЗА И ПРОТИВ

 Автономија  Одличен дизајн со piano finish  Мултифункционалност  Сензорски тастери  Проширлива меморија  Лесно остануваат отпечатоци од прстите  Цена ЦЕНА

• 9.716 денари

Д

игиталните фото рамки од обичен гаџет, за многу кусо време станаа хит производ. Практичноста е неспорна – едноставно, фотографиите кои сакате да ги прикажете на своите блиски или пријатели префрлете ги во интерната меморија на рамката и забавата може да започне. TOSHIBA со својот Gigaframe Q81 модел направи забележлив исчекор кога се во прашање производите од овој вид. Да почнеме од дизајнот. Рамката е дводелна и овозможува дисплејот да се извади и да функционира самостојно. Црната боја од Glare тип дава дополнителна нота на елеганција и овозможува лесно вклопување во ентериерот на просторијата. На долниот дел се сместени

Дигитална фото рамка на Toshiba начин

одредено време на неактивност се гаснат. Дискретно и елегантно. Интерната меморија од

Подгответе го кафето, изладете го пијалакот и повикајте ги вашите пријатели. На еден сосема поинаков и несејкодневен начин заеднички разгледајте ги фотографиите од годишниот одмор или патувањето од кое штотуку сте се вратиле копчињата за пристап кон менито и расположливите опции, но кај Gigaframe Q81 копчињата се од сензорски тип. Истите се осветлени со сини LED диоди, кои при

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Интересен, едноставен и практичен начин на преглед на фотографиите.

28

click јануари 2009

солидни 128 мегабајти сега е проширлива и со мемориски картички (SD, xD, MMC, Memory Stick/Stick Pro). Новина е вградената батерија, која овозможува автономија на рамката. На тој начин е овозможено оваа рамка да ја носите со себе како класичен фото албум. За таа намена, вградено мени има опција на преглед на мемоСите опции се достапни со допир

рираните фотографии во мала форма (thumbnail) и поединечен преглед по избор. Може и да се зумираат фотографиите при прегледувањето. Прегледот на фотографии се врши според редослед, по поединечен избор и секако, како слајд шоу, со пропратна музика од позадина, кој може и да се исклучи. Слајд шоуто се изведува преку предефинираните ефекти во интерниот софтвер на рамката, при што се бира времето на приказ на секоја фотографија, саканиот ефект (предефинирани се 5 ефекти), мелодијата од позадина и секако, кои слики ќе се прикажуваат. Должината на времето на приказ варира од 5 секунди па до цела една недела. Toshiba Gigaframe Q81 може да репродуцира аудио и видео фајлови. Аудио фајловите можат да бидат во MP3 формат, но за репродукција на видеото неопходно е видео фајловите да се конвертираат за да бидат употребливи на рамката, а тоа се врши преку софтверот кој е на придружното CD. Други опции се приказ на кален-

дар, час и минути. Пописот на опции го заокружуваат алармот и тајмерот, како и сензорот за светлина кој автоматски ја гаси рамката во мрачна просторија. Интересен детаљ, кој сосема случајно го откривме – доколку рамката се сврти во вертикална положба, и сликата се прилагодува кон положбата. Се разбира, со измена на димензиите. Кога сме кај димензиите, дисплејот е со дијагонала од 8”, форматот е 4:3 и може да прикаже слика со резолуција 800 х 600. Не е проблем ако во меморијата на рамката се вметне и фотографија со поголеми димензии. Автоматски се прави измена и прилагодување на големината според можностите на екранот, но тоа знае да потрае одредено време. За крај, да наведеме уште еден детаљ кој потврдува дека се работи за класична рамка за слика. Освен „ногарката” на задната страна која служи за држење на рамката исправена, постои и лежиште кое овозможува истата да се закачи и на ѕид. l [ЗОРАН ИВАНОВСКИ]


click/хардвер/

Asus EN9800GTX+ Dark Knight TOP Дополнителна доза на адреналин при играњето

К

ај графичките картички на ASUS, ознаката TOP е синоним за графички картички кои според своите карактеристики отскокнуваат од стандардните модели. Во основа, тоа се картички кои фабрички се оверклокувани во одредена мерка и овозможуваат сразмерно повисоки перформанси. Дека не се работи за обичен производ, говори и самото пакување во кое се добива EN9800GTX+ Dark Knight TOP, како и начинот на кој е тоа изведено. Вкупно се три целини: картичката, папката со драјвери и упатства и со неопходните кабли за обезбедување на нејзина

картичка говори Децентниот заден дел го отсликува сè – веднаш е јасно темпераментот на дека не се работи картичката. за стандарден проИ жедта за моќ! извод. Според димензиите, оваа картичка го зафаќа првиот слот до PCI-E слотот во кој се вградува, што се должи на масивниот систем за ладење. Системот за ладење е изведен од алуминиум. цесор е изработен во 55 Основата на системот е nm процес. Содржи 128 врз графичкиот процесор, Streaming процесори и а топлината се одведува преку систем цевчиња кон со меморијата комуницира преку 256 битна ребрата кои се изведени лево и десно. На средина- трансверзала. Работнита, врз основата, е вграден от такт на јадрото е 775 MHz, односно 1950 на Streaming процесорите. Дозата на адреналин се зголемува Вградената меморија е од GDDR3 типот, вкупното веќе при првиот поглед на оваа количество изнесува 512 „ѕверка” од графичка MB и има работен такт од 2360 MHz ефективни. целосна функционалност. вентилатор. Самиот ладил- Оваа картичка е компатибилна со PCI-Express 2.0 Да почнеме од нив – ник како целина доприx16 стандардот, како и со VGA/DVI адаптер, DVI/ несува кон децентниот HDMI адаптер, 2 x Molex изглед на самата картичка сите актуелни технологии на nVidia. Неизоставно, и кон 6-pin PCI-E напоен и – и според изведбата, и S-Video кон трокомпоненспоред црната боја на алу- можност за SLI модус од две или три картички. тен видео адаптер. миниумскиот радијатор. Картичката побарува Погледот на самата G92b графичкиот продополнително напојување, за кое се предвидени два 6-пински конектори на СПЕЦИФИКАЦИИ задната страна. Со допол9800 GTX+ TOP МОДЕЛ 9800 GTX нителното напојување, DK оваа картичка повлекува ГРАФИЧКИ ПРОЦЕСОР G92 G92 до 262 W при полно оптоРАБОТЕН ТАКТ 675 MHz 775 MHz варување, односно 190 W под мало оптоварување STREAMING ПРОЦЕСОРИ 128 128 или мирување. Тоа е добар РАБОТЕН ТАКТ резултат, особено ако имаНА STREAMING 1688 1950 ме во предвид дека станПРОЦЕСОРИТЕ дардниот 9800 GTX модел МЕМОРИЈА 512 MB 512 MB троши 10-тина W повеќе, МЕМОРИСКИ додека потрошувачката кај 256 bit 256 bit ПОДСИСТЕМ моделите од повисоките РАБОТЕН ТАКТ НА 2.36 GHz (1.18 категории (Radeon HD 4870 2.2 GHz (1.1 GHz) МЕМОРИЈАТА GHz) / 4870 X2, 9800 GX2) изне-

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: ASUS www.asus.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: SET PC Центар www.set.com.mk ЗА И ПРОТИВ

Децентен изглед Одличен систем за ладење Богата опрема Одличнен однос цена/ перформанси  Високи перформанси    

сува осетно повеќе од 300 W при оптоварување. Оверклокувањето на оваа картичка не е нејзината посилна страна, со оглед дека тоа е веќе фабрички сторено. Сепак, може со малку „убедување” да се исцеди некој фрејм повеќе во игрите. A кога сме кај фрејмовите и игривоста, оваа картичка ќе обезбеди одлична игривост на резолуции и од 1680 х 1050 со опции вклучени на максимум. Приближно 28 фрејмови (просек) кај Crysis Warhead на вакви поставки (GAMER мод, 0хАА) не делува како којзнае што, но земајќи ги хардверските побарувања на оваа игра, ова е секако солиден резултат. Како и просекот од 24.5 fps во истата игра и истите поставки, но на резолуција од 1920 х 1200. Затоа пак Need for Speed Pro Street „вози” со 82 fps при резолуција од 1680 х 1050, 4хАА и детали на максимум. За картичка која сепак е во средната категорија, ова се добро просеци. Како и цената, со што е постигнат одличен однос цена/перформанси. l [ЗОРАН ИВАНОВСКИ]

ЦЕНА

• 12.981 денари

ОЦЕНА

10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Едно од најдобрите решенија ако сте на релативно ограничен буџет

click јануари 2009 33


42 44 45 46

Чистење на вируси Crossloop Microsoft Office Live Workspace Во Google влегуваат само најдобрите Xoopit Контрола на игри со зборење Microsoft Windows 7 Manga Studio 4.0 KidZui Дали форматирањето е единственото решение? Новини во Adobe Creative Suite 4 5 локални веб дестинации

49 50 52 56 58 60 62 66

click/софтвер

Чистење на вируси Дали анти-вирусната програма сама по себе е доволна?

О

дговорот на поднасловот гласи – НЕ. Ништо особено, и никаков повод за

напис...кога сите би знаеле дека тоа е точниот одговор. За жал – не е така.

На што сè мора да се посвети внимание? Верувањето дека со инсталирањето на антивирусната програма се целосно заштитени од вируси е најчестата заблуда кај најголемиот број не толку упатените корисници. Со инсталацијата на анти-вирусен софтвер, anti-spyware и anti-adaware алатка, не завршува приказната. Ниту крајот доаѓа со firewall-от. Сите овие алатки се чекор понапред кон постигнувањето на висок степен на безбедност, но сепак е потребна и извесна доза на самодисциплина. Тоа подразбира, пред сè – не кликнувајте на сè што ќе видите, не прифаќајте да кликнете на сè што ќе ви се понуди, не превземајте сè што ви 42

click јануари 2009

Не чуди незнаењето на обичните корисници, на почетниците, на сите оние

на кои компјутерот им е само алатка за работа и го гледаат само и исклучи-

телно од тој аспект. Чуди и лути незнаењето на сите оние кои не спаѓаат во наведениве категории. Ги има такви, за среќа малку се, но сепак ги има. Затоа, овој напис им е посветен и на нив. И авторот на текстот бил во нивната категорија сè додека не го закачи Win32 CIH Chernobyl, кој направи невидена хаварија и уништи многу потребни и актуелни фајлови, презентации и сл. Ова беше еден од мотивите да посветиме далеку поголемо внимание на оваа проблематика и што подетално да ја проучиме. Резултат на тоа е да денеска вирусите не се никаков проблем, а имаме и фолдер во кој чуваме „виросани” фајлови со разни вируси. Онака...да се најдат...


click/софтвер/ се нуди и не дозволувајте стартување н процеси кои не знаете што значат и за што би ви служеле воопшто. Не посетувајте ни сомнителни сајтови, меѓу другото. Но, и покрај сето ова, сте закачиле вирус. Следниве постапки го носат решението.

Стара школа - Проверено и ефикасно! Знаеме дека фановите на HijackThis и SmitFraudFix сметаат дека стандардниот начин е губење време и тежок за почетниците, но верувам во него и единствено него го практикувам. Секако, сум ги испробал и овие две алатки. Нивната ефикасност е висока, помагаат, но прашањето е колку ефикасно во поглед на комплетното чистење на системските регистри. Прво што треба да се направи во случај на „вироза” е надградба на анти-вирусните дефиниции на сите заштитни алатки кои се инсталирани во компјутерот. Тоа од причина што е голема веројатноста од „закачување” на некој свеж и скоро создаден вирус, за чиј код антивирусната програма нема информација. Затоа, потребно е да се направи т.н. Live Update, при што самата анти-вирусна програма/заштитна алатка го врши преземањето и инсталацијата на најновите дефиниции. Следниот чекор е особено важен, а токму него го прескокнуваат најголемиот број корисници. Потребно е да се исклучи System Restore, и за таа цел го правиме следново (кај WinXP): со десното копче кликнуваме на My Computer иконата, бираме Properties (слика бр.1), во прозорчето кое ќе се појави кликнуваме на System Restore потпрозорецот и ја исклучуваме оваа опција со отштиклирање (слика бр.2).

Зошто го правиме ова? Најголемиот број сајбер-гадинки имаат незгодна навика да се врзуваат токму за оваа системска алатка. Со враќање на системот во некоја претходна состојба, и вирусите/спајверите/адверите/што-и-да-е-во-прашање се префрлуваат во неа. Како со времеплов. Ако кон тоа го додадеме фактот дека System Restore кога е вклучен е постојано активен... Потоа, го рестартираме компјутерот во Safe модус и оттука вршиме скенирање на системот со сите расположливи алатки.

Готово? Далеку од тоа. Откако ќе го завршиме фронталниот напад врз виросаните фајлови и ќе ги пронајдеме и елиминираме натрапниците (чистење или бришење), доаѓаме до уште еден битен момент кој (повторно често) се заобиколува. Особено важно е при скенирањето да ги забележуваме називите на пронајдените вируси/ штетници. По чинот на скенирање и елиминација, на интернет ги пронаоѓаме најбитните податоци за секој пронајден вирус поединечно. Тоа што нас нè интересира е кои и

какви измени истиот прави во регистрите на системот. Познато е дека се креираат стрингови кои овозможуваат активација при некој одреден настан, зададен од самиот вирус, потоа креирање на стрингови кои овозможуваат нивно активирање со самото стартување на оперативниот систем и сл. Откако ќе пронајдеме сè што не интересира, преминуваме на последната, завршна фаза – чистењето на регистрите од непотребните стрингови и враќање во првобитна состојба на изменетите вредности во постојните системски регистри. За таа цел, навигираме: START>RUN (слика бр.3)>впишуваме regedit (слика бр.4), и стиснуваме ENTER. Се отвора едиторот на регистрите (слика бр.5), кој има неколку, така да ги наречеме, целини. Секоја од нив носи специфичен назив. Ја избираме потребна-

та (на пример HKEY_LOCAL_MACHINE), ја рашируваме (слика бр.5) и го бараме стрингот кој сакаме да го избришеме (притиснуваме DELETE) или уредиме/измениме (притиснуваме ENTER). Ова го повторуваме за сите пронајдени вируси/спајвери и сл. Откако ќе завршиме, го затвараме уредувачот на регистрите и го рестартираме компјутерот. Е дури сега можеме да речеме дека целосно и темелно сме ја завршиле работата! Крајот на креирањето на вирусите и слични продукти на сајбер-биоинженерингот и сајбер генетиката не се гледа. За социјалниот момент на оваа појава можеме да дискутираме во некоја друга прилика. А дотогаш, редовно скенирајте го компјутерот! l [ЗОРАН ИВАНОВСКИ]

click јануари 2009 43


click/софтвер/

Crossloop

Време е да го наплатите вашето искуство ИНФО

• CrossLoop • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • URL: www.crossloop.com ЗА И ПРОТИВ

 Не е потребно креирање профил  Апликацијата е едноставна за користење  Kорисничкиот интерфејс на сајтот не е сјаен  Апликацијата е достапна само за MS Windows

С

те ги прочитале сите шеги кои произлегуваат од искуството на секторот за ИТ поддршка на некоја организација. И згора на тоа, огромен дел од нив сте ги искусиле лично. Нема ден, а да не ви се јави некој на телефон или на чет за да побара помош од вас на тема компјутери. Време е да го искористите тоа знаење и искуство и да

потреби. Но, тоа не е ни од далеку причината која ќе ве мотивира да се помачите со недоволно добриот интерфејс за раководење со вашиот регистриран

Crossloop фокусот го става на заедницата на т.н. помагачи кои им стојат на располагање на илјадниците корисници на овој сервис. заработите малку. Како? Станете дел од Crossloop заедницата и од дома решавајте им ги проблемите на останатите. Во позадината на Crossloop стои едноставна апликација која овозможува преземање на екранот на друг корисник. Но, на оваа тема овој сервис не нуди ништо ново. Нивниот клиент нуди воспоставување на комуникација без да се регистрирате, обезбедува заштитена (128-bit Blowfish енкрипција) комуникација и едноставен пренос на документи. Се разбира, како и другите вакви апликации можете и оваа слободно и бесплатно да ја користите за вашите

профил. Crossloop фокусот го става на заедницата на т.н. помагачи кои им стојат на располагање на илјадниците корисници на овој сервис. Таму може да креирате свој профил каде ќе ги истакнете вашите знаења, искуство и цена на услуга. И потоа можете да започнете со градење на кариера. Секоја ваша сесија со клиент на кој му помагате е забележана и служи за градење на вашата репутација.

ОЦЕНА

6/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Инвентивен сервис изграден на база на апликации кои постојат веќе подолг период.

Едноставно за креирање и за иницијализирање на конекцијата 44

click јануари 2009

Помош за сите проблеми е достапна преку сајтот

Секако, таа ви носи повеќе нови клиенти и повисока цена. На почеток можете да се пробивате и со бесплатни услуги, но штом заработите, ќе мора 20% од заработката да ја оставите кај оние кои ви го овозможуваат тоа. Самата апликација за преземање на екранот е приспособена за максимално да користи во процесот на евалуација на услугата која сте ја испорачале или ви е испорачана доколку вие барате помош, се разбира. При нашиот тест на оваа апликација, не наидовме на некои предизвици, беше едноставна и лесна за инсталирање и употреба. Прозорот со преземениот екран не се

движеше со најнормална брзина, но тоа во ниту еден момент не ни пречеше да ја завршиме работата од другата страна на врската. За детална оценка на тоа како функционира заедницата, ќе ни треба повеќе време. Недостаток со кој се соочивме беше ограниченоста на оперативни системи во кои може да се инсталира апликацијата. CrossLoop бара Windows 2000 или понов оперативен систем вклучувајќи ја и Vista, 128 MB RAM, 2 MB празен простор и секако широкопојасна Интернет врска. Значи нема можност да се инсталира ниту на некоја од дистрибуциите на Linux ниту на Mac OS X. l [ДАРКО БУЛДИОСКИ]


click/софтвер/

Microsoft Office Live Workspace Онлајн веб базиран сервис за споделување и менаџирање на документи

M

icrosoft направи чекор нанапред со промовирањето на својот нов онлајн сервис под името „Microsoft Office Live Workspace” кој е се уште

документи со вашите пријатели. Со избирање и отворање на некој документ од листата, покрај неговата содржина, на горниот дел се појавуваат и неколку

ИНФО

• Microsoft Office Live Workspace • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • URL: www.workspace.officelive.com ЗА И ПРОТИВ

По примерот на Google Documents, сервисот кој се покажа како доста корисен при онлајн менаџирањето на документите, се појавија два нови онлајн сервиси развиени од двата добро познати гиганти Microsoft и Apple. во својата бета верзија. Овој сервис е бесплатен за употреба, а за да можете да го користите, треба само да се најавите со вашето Windows Live ID (истото што го користите за најава на вашиот MSN messenger акаунт). Со самото најавување пристапувате кон вашата работна околина која е доста едноставна. Од левата страна се наоѓаат опциите за преглед на вашите документи кои сте ги прикачиле и опцијата за преглед на споделените

копчиња со додатни опции. Ќе можете директно да го симнете документот на вашиот десктоп. Со инсталирање на додатокот за Microsoft Office ќе можете да го едитирате онлајн, исто како да работите локално на вашиот десктоп. Како една од поинтересните е опцијата за споделување на документите со вашите пријатели или соработници. Со едноставно внесување на електронската адреса на контактот, можете да му дозволите одредени привилегии. Едната е да има можност да го едитира

iWork.com

Слично на Microsoft Office Live Workspace, во делот на новата верзија од iWork софтверот развиен од Apple, се појави опција за онлајн споделување на креираните документи со вашите пријатели. Накратко ова е софтвер достапен само за корисниците на Mac OS со кој ќе можете да креирате работни документи. Овој пакет содржи три главни апликации. Со Pages апликацијата ќе можете да креирате обични текст документи и да изберете некој од готовите темплејти за подобар изглед на вашиот документ. Numbers е апликација со која имате опција да пресметувате и креирате најразлични математички функции или, пак, да цртате сложени графици. Додека со Keynote ќе можете да создавате кратки документи со слики и текст на кои ќе им прикачувате важни наслови и клучни зборови. iWork нуди можност за употреба и на документите од Microsoft Office пакетот, како и креирање на PDF фајлови.

 Пристап кон вашите документи од било која локација  Едноставна корисничка околина  Солидни решенија за онлајн менаџирање на документите  Се уште во рана БЕТА фаза  Зад понудата на конкуренцијата  Врзан за Microsoft Office документи

споделениот документ, а другата опција е да може само да го прелистува. Како дел од споделувањето е овозможено да му дозволите на некој контакт целосно да има пристап кон вашата работна околина и да може да ги прегледува сите ваши фајлови и моменталниот тек на вашата работа. Како други опции се појавуваат креирањето на контакт листи, создавање на белешки, организирање на настани, креирање на

студентски проектни групи, менаџирање на работни планови и креирање листи со работни задачи. Просторот кој ви е достапен за да можете да ги креирате сите овие работи изнесува 500 мегабајти и е повеќе од доволен. Microsoft Office Live Workspace е одличен додаток за Microsoft Office пакетот бидејќи вашите документи ќе ви бидат достапни во секое време без разлика каде се наоѓате.

Со притискање на iWork копчето на самата апликација ви се отвора поле во кое ја внесувате електронската адреса на контактот со кој ќе сакате да го споделите вашиот документ и при тоа не мора да се грижите дали вашиот колега или пријател користи Mac OS или Windows поради компатибилноста на софтверот. Со самото споделување на некој документ, на контактот му стига уникатна адреса преку која ќе може да го отвори фајлот. При тоа му се нуди можност да остави коментар за вашиот документ од десната страна или пак да селектира некое зборче од текстот и да остави клучен коментар за него кое соодветно ќе ви се прикаже во друга боја. l [АЛЕКСАНДАР НЕШИЌ]

ОЦЕНА

6/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Сервис кој на некој начин ќе ви го олесни и направи покорисен вашиот начин на работа, но кој е се уште во рана фаза и зад конкуренцијата

click јануари 2009 45


68 72 76

Mirror’s Edge Darkfall Online World of Warcraft: Wrath of the Lich King

click/игри Mirror’s Edge Влезете во светот на тркачите ИНФО

• Мirror’s Edge • ИЗДАВАЧ: EA Digital Illusions CE (DICE) • ПЛАТФОРМИ: PC, PS3, XBOX 360 • ЖАНР: Акција, Научна фантастика • URL: www.mirrorsedge.com ЗА И ПРОТИВ

 Прекрасна графика која ја дефинира следната генерација  Непрекинатите трчања во градот се права доза на адреналин  Одлична музика и звук  Кратко времетраење

СЦЕНАРИО

ОЦЕНА

68

ОДЛИЧНО

click јануари 2009

Faith e една од куририте тркачи кои се на маргините на репресивното општество во блиската иднина. Сестрата на Faith, која е еден од пионите и бранителите на овој режим, ја местат за убиство и нашата хероина се впушта во мисија да ја разоткрие заверата и да ја спаси сестра си.


click/игри/

В

о опресираното, фиктивно општество на Mirror’s Еdge, таканаречените тркачи (runners) творат подземна мрежа од курири кои во старата традиција на Трајче Дрварчето пренесуваат тајни, осетливи информации и пакети за попросветлените граѓани, кои баш и не се некои симпатизери на естаблишментот. Бидејќи вашата работа не е легална во очите на органите на редот и законот, не можете туку така да си шеткате весело по улица или да испорачувате пакети со велосипед, туку вашиот занает го печете по врвовите на зградите, скокајќи од еден кров на друг, по железнички станици и преку ѕидови. Во играта ја презимате улогата на Faith, една од курирките. За беља, сестра и, иронично полицајка, е наместена за убиството на кандидат за градоначалник, кој

Се лизгате под цевките, прекачувате преку разни огради и прескокнувате невозможни провалии меѓу зградите. Сево ова е многу поинтересно и подинамично поради фактот дека целата игра ја доживувате од аспект на прво лице сакал да направи промена во тоталитарната влада и да им донесе нова

надеж на куририте кои живеат на маргините на општеството. Така, покрај

разнесувањето на пратки, добивате нова главна задача: да го откриете целосниот заговор за убиството и да ја ослободите сестра си од лажните обвинувања. Самата приказна се дополнува со мали анимирани филмчиња кои по стилот се разликуваат од самата игра и даваат прилика за одмор и продлабочување во дејствието. И така, си трчкарате по разните кровови над градот и други сценографии, но како што трчате, акумулирате брзина и може да составите повеќе потези наеднаш во брза сукцесија. Се лизгате под цевките, прекачувате преку разни огради и прескокнувате невозможни провалии меѓу зградите. Сево ова е многу поинтересно и подинамично поради фактот дека целата игра ја доживувате од аспект на прво лице, отколку камера од трето лице како click јануари 2009 69


click/игри/ со притискање на копче ќе ве упати во вистинската насока, но не е толку прецизна алатка, бидејќи зависно од каприцот на играта, ќе ве упати или кон некоја блиска цел или, пак, кон крајната која се наоѓа преку многу „ридови и долини“ и нема баш многу да ви помогне во конкретниот момент. Покрај првата, имате и втора помош која иако исто неконзистентно корисна, ви доаѓа директно од импресивната графика и уметност во играта. Mirror’s Edge e игра исполнета со визуелни контрасти, каде што контрапункт на стерилната бела околина се јарките, живописни бои. Околината изгледа средено и медицински чисто, што на некој начин е метафора за бледилото на авторитативното општество, а како контраст доаѓа уникатниот начин на кој тркачите го гледаат светот. Имено, што сме навикнати кај овој тип на игри. Ова му додава нова димензија на гејмплејот, бидејќи целосно ве внесува

во фрката и брзата акција. Работи како балансирање на тенка шипка, лизгање под рабови и падобранските превртувања кога слетувате од подолг скок и поголема височина ви ги празнат резервите на адреналин. Секако, добро би било понекогаш и да

погледнете од друга камера, како се изведуваат сите овие акробации, но во интерес на реализмот, таква камера не ви е достапна. Нејсе, тоа е и силината на Mirror’s Edge. Кога веќе ќе влезете во штосот и ќе го пронајдете оптималниот пат кон вашата цел, можете непречено

Mirror’s Edge e игра исполнета со визуелни контрасти, каде што контрапункт на стерилната бела околина се јарките, живописни бои. Околината изгледа средено и медицински чисто, што на некој начин е метафора за бледилото на авторитативното општество да си ја претрчате целата урбана џунгла без ниедна секирација во животот, а Тарзан за вас да остане мало примитивно дете кое некогаш се заиграло со лијани на некои си таму дрва. Сепак, не бива мајстор од чирак преку ноќ и овие вештини ќе мора да ги вежбате неколку пати. Една мала грешка ќе ве поведе преку работ, а падобранот сигурно нема да ви се отвори, бидејќи го немате. За среќа, тука се чекпоинтите кои ќе ве вратат на последното безбедно место, како и runner’s vision кој

70

click јануари 2009

важните рампи, влезови, скалила и други точки на интерес се обоени во жива, треперлива црвена боја, што претставува значаен визуелен сигнал и помош за тоа во која насока треба да се движите. Сепак, оваа помош не е секогаш присутна и црвената боја нема да се појави се додека не сте доволно блиску, а некогаш нема ни да ја има бидејќи авторите мислеле дека некогаш треба да се снајдете и сами, без некој да ви ја држи раката цело време. За игра чиј главен


click/игри/

елемент е константното движење напред, Мirror’s Edge има повеќе начини со кои ќе ве сопре. Покрај гореспоменатите пропаѓања ако скокот ви е краток, тука се и некои комплицирани тунели кои ви го забавуваат движењето, како и лифтови во кои мора да подзастанете и да ги прочитате вестите, додека во позадината се вчитува следното ниво, со што се потсетувате дека ова сепак е игра, а не вистински свет. Тука се секако и вооружените непријатели, т.е. „цајкани“ кои дополнително ги комплицираат работите. Најдобро е да им побегнете, но некогаш ќе немате избор и ќе морате да се борите, бидејќи во спротивен случај може да ви ги скратат малку нозете

тркачки со своите автомати. Во арсеналот имате неколку удари за блиска борба, како и можност да го разоружате противникот и да пукате во него додека не ви снема муниција. Сепак, најдобра тактика е удри и бегај, додека е збунет пајканот. За заклучок, играва и покрај неколкуте недостатоци, сепак е премногу интересна за да се пропушти. Плени со својата иновативност и динамика, како и прекрасната графика. После 6-9 часа играње, ќе молите за уште и можеби ќе ви текне да поставувате и рекорди на некои нивоа кои може отпосле да ги објавите на нет. Во секој случај, не е лоша инвестиција на вашето време.l [НИКОЛА ПЧИНСКИ]

ЗАКЛУЧОК Одлична графика и доживувања исполнети со возбуда. Се надеваме на продолжение во блиска иднина. • ПОТРЕБНА КОНФИГУРАЦИЈА: Процесор: Pentium 4 @ 3 GHz / Athlon 64 @ 2 GHz Графичка: GeForce 7800 или RADEON X850 со 256 MB РАМ RАМ: 1GB Хард-диск простор: 8GB Оперативен систем: Windows XP/Vista

click јануари 2009 71


click/прашања/

ВО следниот број ќе читате:

Избор на блог платформа Одберете го најдоброто за вашите потреби

ВО ПРОДАЖБА ОД 20. февруари ПИШУВАЈТЕ НИ • Сеедно дали сакате да ни го соопштите Вашето мислење за тековниот број на списанието, или имате некое прашање. Вашиот коментар ни е важен! Не радуваат Вашите забелешки и барања, пофалби, но и критики.

КОНТАКТ Васил Ѓоргов 21-2/7 • 1000 Скопје Телефон: 02 32 23 125

Избришана D партиција

Вирус или хакер?

Го форматирав Windows-от и случајно ја избришав D партицијата. Дали и како може да ја повратам?

Имам проблем со прозорите во Windows и Start копчето кои нонстоп се отвораат против мојата волја. Дали е тоа некој вирус или хакер?

Од Емил Давидовиќ

Е-mail: redakcija@clickmag.mk Редакцијата го задржува правото да ги скусува писмата

BackUp Кoј е најсигурен начин за да направам BackUp на важните податоци?

Ако не си ја форматирал таа партиција и си направил нова, имаме добри вести. Податоците најверојатно не се избришани. Партицијата може да си ја повратиш со софтвер како Partition Magic. Најдобро е да работиш од CD-то на самиот софтвер, за случајно да не избришеш нешто. Ако не знаеш што правиш, најди некој кој е поискусен во тие работи, т.е. стручно лице. l

Oд Александра Христова Александра, можеш да користиш разни програми за бекапирање и скапи хардверски решенија, но денес имаш два евтини и сигурни начини за професионално бекапирање. Првиот и најсигурниот е да купиш 2 исти екстерни хард-диска (сега може да најдеш екстерни хард-дискови релативно евтино) и на нив редовно да си ги снимаш важните податоци. За додатна заштита (ако се ептен важни податоците), едниот чувај го дома, а другиот на различна локација надвор од живеалиштето (работа, баба, пријатели, кафекуварица) и така ќе ги заштитиш своите важни податоци од природни и неприродни несреќи. Втора, поевтина, но не толку сигурна опција е да снимиш DVD-a во 2 примеросци со податоците, редовно и да ја употребиш истата стратегија на чување на 2-рата копија на друга локација. Секако, тука се и некои опции како интернет хард-дискови, но повеќе физички копии на една работа се најсигурни. l

82

click јануари 2009

Од Стефан Крунев Една опција која често се заборава е дека проблемот може да е во твојата тастатура со некој краток спој кој го направила течност или некое заскитано ѓубре. Приклучи друга тастатура и провери дали го имаш истиот проблем. Ако проблемот не е решен, тогаш е некој чуден вирус, на кој лекот му е стандарден. Формат C и два аспирина за тебе. l

Помош! Инсталирав повеќе програми одеднаш и при скенирање ми се појавија 6 вируси, од кои два не можат да се исчистат. Приложувам слика од екранот. Од Едис Мехмедали Ситуацијата е сериозна. Тој вирус на сликата е дел од група на вируси кои се викаат Antivirus 2008 и 2009. Вирусот е сериозен и мораш што побргу да го елиминираш. Никако немој да ги симнуваш програмите кои ти ги нуди, зашто ќе пазариш уште повеќе вируси. За жал, единствен сигурен лек за овој вирус е форматирање

на дискот и повторна инсталација на Windows. Но, претходно погрижи се да ги снимиш сите важни податоци кои ги имаш (слики, музика, филмчиња и сл). Најдобро е тоа да го направи некој што повеќе се разбира од тие работи, како сервисер или некој пријател/роднина што професионално се занимава со компјутери. l


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.