LG P500 Optimus One Број 33 • ЈАНУАРИ 2011 • www.clickmag.mk
16 МОБИЛНИ АПЛИКАЦИИ Немири во градинката Flock и RockMelt се степаа заради Facebook и Tweeter
Webroot
! X F A H О Н В А Т С ЕДО
Internet Security 2011 Солидно деби
СОН НА СЕКОЈ ГЕЈМЕР
ces
ИДНИНАТА ПОЧНУВА ВО вЕГАС
DC Universe
Online
ЈАНУАРИ 2011 90 ДЕНАРИ
ASUS K52F-EX692
Apple iPod Nano
Trendnet TEW-691GR
Dell Inspiron Mini
Згодниот црвен фраер од средната класа
Музика, музика и само музика
Најбрзиот 2.4 GHz Wireless N рутер на пазарот
Малото техничарче со високи перформанси
33
12 14 16 18 20 22 23 24
Хардверски грешки кои во 2010 довеле до фатални последици ASUS K52F-EX692 „САТЕЛИТ“ ЗА НАРОД HP ProBook 4520s MSI CX623 Notebook ЕДНОСТАВНО – HAF X! Напојување за секаква намена Малото техничарче со високи перформанси
26 28 29 30 31 32 34
ТЈУНИНГ ЗА МЕРАК! Trendnet TEW-691GR Wireless N450 Router Trendnet TV-IP522P PoE Internet Camera Музика, музика и само музика Trendnet TEW-655BR3G LG P500 Optimus One CES 2011 – тргнати се сите превези од новите технологии
click/хардвер/ Хардверски грешки кои во 2010 довеле до фатални последици Да згрешиш е човечки. За навистина да ги зезнеш работите ти е потребен компјутер
Д
енес безрезервно им веруваме на компјутерите. Не дека сакаме, туку дека мораме. Многу од нашите одговорности им ги имаме префрлено на нив и ги имаме оставено компјутерите да бидат главни. Во основа така мора и да биде, бидејќи брзиот и динамичен начин на живот одамна ги има надминато способностите на просечен човек за брзо обработување на информации, донесување на одлуки и извршување на истите, согласно на дадената ситуација и потребите. Банален пример, сообраќајните полицајци се одамна заменети со светлосна сигнализација, народски кажано семафори. Железничкиот сообраќај одамна го управуваат компјутерите. Индустриските процеси не би можеле да се одвиваат, да не ги управуваат компјутерите. А вселенските летови не би ни постоеле ако од првиот ден, компјутерите не биле контролни уреди. Како и секој уред од физичкиот свет, и компјутерот е само машина која има свој работен век и е подложна на дефекти. И имајќи ја врвната контрола, компјутерот кој е подложен на дефекти лесно може да предизвика несреќа. Во добро обмислен систем, во кој се имплементирани сигурносни мерки, настанатата штета е минимална. Но, понекогаш штетите можат да бидат катастрофални, со огромни финансиски загуби и во најлош случај, и со човечки жртви. Ова се некои од хардверските грешки во 2010 година и последиците кои ги предизвикаа:
12 click јануари 2011
• 19.Јануари – Како последица на огромното невреме делови од Америка останаа без струја. Во вакви ситуации,
секој голем податочен центар би требало автоматски да се потпре на резервните генератори кои би овозможиле непречено функционирање на системот. За жал, компанијата NaviSite на потешкиот начин дојде до сознанието дека нејзините генератори не се функционални. Благодарение на ова NaviSite - San Jose
податочниот центар кој го опслужува eBay ProStores сервисот беше отсечен од светот заедно со сите страници кои се корисници на eBay ProStores услугата. Последици: Финансиска загуба за корисниците на услугите на NaviSite
click/хардвер/
• 01.Март – грешка (bug) во системскиот часовник отсече илјадници Play Station 3 конзоли за играње од мрежата на Sony PlayStation и ги остави играчите без освоените титули. При обидот да
• 27.Септември – новата генерација на хард дискови без подвижни делови (Solid State Disk) која важи за максимално сигурна, се покажа нефункционална и по втор пат го онеспособи системот New Skies,
се најават на мрежата голем број од играчите ја добиле следнава порака: "8001050F - Hardware failure. Cannot update Firmware or connect to internet", додека помал број изјавиле дека воопшто не биле во можност да ги стартуваат игрите на конзолата. Интересно е дека конзолите на поголем број од играчите се ресетирале и системскокој авиопревозникот Virgin Blue го користи преку својот соработник Navitaire. Нивниот дефект, ги направи недостапни системите за букирање на авиобилети, резервации, најавување и бординг. Последици: Сметка од милиони долари за Navitaire за исплаќање на компензации, изгубени часови во чекање за повеќе од 50.000 патници.
берзанските индекси на Новозеландската берза, ги оставија брокерите без информации (нивното основно средство за работа) половина работен ден. • 16.Септември – нефункционалните сервери на компанијата NZX ltd. кои се задолжени за обработка на
Последици: Не функционирање на Новозеландската берза.
то бреме покажувало 31 декември, 1999 или 1 јануари, 2000. Очигледно милениумската грешка се уште ги зема жртвите. Последици: Изгубени виртуелни награди (Trophies), неможност за мрежно играње.
• 26.Октомври – несинхронизираното „пингање“ на компјутерот кој е одговорен за контрола
на 5 нуклеарни ракети во базата на воздушните сили во Вајоминг предизвикало несихронзираноста да се
пренесе на останатите контролни компјутери, со што комплетниот систем станал несигурен и потенцијално ризичен па морал да биде исклучен. Со тоа автоматски сите 50 нуклеарни ракети веќе не биле под контрола. Последици: Зголемување на ризик од не-
сакано активирање на нуклеарните проектили, а со тоа автоматски и започнување на Трета Светка Војна.
• 13.Декември – Европските веб сајтови на Амазон во домените .it, .de, .uk, .fr и .at на кратко беа недостапни, во моментот на најголемата навала за пред Божиќно онлајн купување. Иако хакерската група “Anonymous” недостапноста ја прикажа како свое дело како казна за исклучувањето на Wikileaks серверите, официјалните лица на Амазон излегоа со изјава дека е во прашање хардверска грешка, но не дадоа детали каква. Последици: Недостапноста на популарниот онлајн сервис за купување е лоша реклама, која влијае врз профитот. l (Игор петрушевски]
click јануари 2011 13
click/хардвер/
ASUS K52F-EX692 Згодниот темно-црвен претставник на класата сенаменски преносници ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: ASUS www.asus.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: СЕТ Компјутери www.set.com.mk
Тајната зад ваквиот заводлив изглед е всушност самата боја, која, од кармин-црвена кај надворешните рабови, се прелева во темно-црвена (бордо) кон оската на отворање
ЗА И ПРОТИВ
Одличен дизајн Примамлива комбинација на црвени тонови Солиден приказ на видео и репродукција на звук Задоволителни перформанси HDMI Недостаток на eSATA порта Мал капацитет на системска меморија Избор на тастатура ЦЕНА
• 27.005 денари
Н
ОЦЕНА
8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Солидни перформанси и фантастичен изглед
14 click јануари 2011
адворешниот, односно физичкиот изглед на нештата многу пати е еден од поважните, а понекогаш и пресуден фактор во изборот. Кога и да сме соочени со две или повеќе опции, најчесто, „на кантар“ ги ставаме изгледот и функционалноста. На пример, доколку би купувале автомобил, од една страна имаме изглед на каросерија, од друга моќност/потрошувачка, па според тоа, која страна „тежи“ повеќе, го правиме нашиот избор. Сосема слична ситуација имаме при изборот на преносник, кај што ги мериме надворешниот изглед (форма, боја, итн.) и перформансите. Но, некогаш одлучувањето знае да биде потешко отколку што треба. Со цел да го потпомогне изборот на помалку одлучните, ASUS во својот репертоар го додаде K52F-EX692, модел кој со својот дизајн, нема да ве
остави рамнодушни. Како и секогаш, ASUS обрнува посебно внимание на едноставноста
самиот преносник. На едниот раб од кутијата има посебна преграда во која се сместени водичот
Одличната силуета без остри рабови и интересна заобленост, збогатена со безобразно привлечниот Gradient Red сјаен финиш и текстурата од суптилни тенки линии кои се испреплетуваат, го прават дизајнот на овој преносник, вистински „празник за очи“ и функционалноста при пакувањето на своите производи. Пакетот е организиран така што најпрво е поставена кутијата во која се наоѓаат неопходниот кабел и адаптерот за приклучување на напон, заедно со батеријата. Веднаш под малата кутија, по страните се поставени картонски потпори, меѓу кои, во бела заштитна обвивка, е поставен
за брзо стартување, медиумите со вклучените драјвери и софтверски
алатки, како и останатата документација. Откако ќе го извлечете K52FEX962 од кутијата и ќе го „соблечете“, ќе бидете пријатно изненадени од изгледот на моделот. Одличната силуета без остри рабови и интересна заобленост, збогатена со безобразно привлечниот Gradient Red сјаен финиш и текстурата од суптилни тенки линии кои се испреплетуваат, го прават дизајнот на овој преносник, вистински „празник за очи“. Тајната зад ваквиот изглед е всушност самата боја, која, од кармин-црвена кај надворешните рабови, се прелева во темно-црвена (бордо) кон оската на отворање. Ваквата изведба има само еден мал недостаток, а тоа се отпечатоците од прсти кои можат многу лесно да го нарушат убавиот изглед после неколку допири на површината, но исто така лесно можат и да се отстранат. Поклопецот, покрај интересно заоблените рабови, гордо го носи сребренкастото лого на производителот, вдлабнато на неколку сантиметри над средината. Од другата страна на поклопецот е поставен 15.6-инчен HD LED BrightView дисплеј, со максимална резолу-
click/хардвер/
СПЕЦИФИКАЦИИ ГАРАНЦИЈА
1 година
ПРОЦЕСОР
Intel Pentium P6100 2 GHz
МЕМОРИЈА
2 GB DDR3 1066 MHz
ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ
Intel GMA4500MHD 400 MHz
ХАРД-ДИСК
320 GB SATA2
ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА
15.6” LED BrightView 16:9 (1366 x 768)
ОПТИЧКИ УРЕД
DVD Super-Multi
ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ
Нема
КОНЕКЦИЈА
Ethernet 10/100/1000 Mbps, WiFi 802.11b/g/n, Bluetooth,3 x USB, VGA15 pin, HDMI, 4-in-1 card reader, Audio mic/headphones
ТЕЖИНА
2.62 Kg
ДИМЕНЗИИ
380 x 255 x 35.7 mm
ција од 1366 х 768 пиксели која е вообичаена за панели со толкава дијагонала. Ваквиот избор на дисплеј исто така ги дефинира и димензиите на преносникот кои изнесуваат 380 x 255 x 35.7 mm (W x D x H). Вклучувајќи ја и 6-ќелијната батерија, која овозможува околу 3 часа нормална работа, преносникот тежи 2.62 килограми. Доминацијата на црвената боја ја нарушува рамката околу дисплејот, која е во црно издание и истата е украсена со VGA веб камера во средината на горниот раб и со името на производителот на долниот раб. Интересен детаљ е способноста за пријавување на системот преку препознавање на лица (Facial recognition logon) со што се додава уште едно ниво на заштита на вашиот систем. K52F-EX692 доаѓа со стандардниот сет на приклучоци, кои се распоредени по страничните рабови на основата. На левиот раб се поставени две USB порти, HDMI и 15-pin VGA портите, аудио при-
клучоците за микрофон и слушалки и Kensington сигурносната порта, додека на десниот има една USB порта, еден RJ-45 (LAN) приклучок, приклучок за напон и
читачот на мемориски картички. Исто така, во кај десниот раб е одвоен простор за DVD SuperMulti оптичкиот уред, а на другата страна е поставен главниот отвор за вентилација. Црната површина со ситни дупчиња во горниот дел од основата лесно може да ве наведе на помислата дека тука е сместен звучниот систем, но тоа не е случајот кај овој модел, иако на левата страна е испишано Altec SRS Premium Sound. На наше изненадување, звучниците беа поста-
вени на другиот крај, односно на долниот раб на основата. Најдоминантна на основата е црната full-size чиклет тастатура, за која е неизбежно да се напомне дека поради изразената мекост, нејзината површина претрпува видливи деформации, па поради тоа и истата не се карактеризира со тивкост при работата. Веднаш под тастатурата, вдлабнат во основата е тачпадот. MultiTouch технологијата, која веќе е стандард кај ваквиот вид на покажувачки уреди, во голема мера ја зголемува неговата функционалност, па во овој случај, функционалната површина е прекриена со заштитна пластика на која се означени функциските гестови и нивното изведување. Основните функциски контроли, односно левиот и десниот клик, се споени во едно темно-сиво копче, кое ја врши соодветната функција зависно каде ке го притиснете. Веднаш под тачпадот се сместени диодите кои вклучуваат сигнализација за напон, батерија, Num и Caps заклучувањата, харддиск и безжичен уред. Иако конфигурацијата на ASUS k53FEX692 лесно можете да ја видите од налепницата залепена десно од тачпадот, ние сепак во продолжение подетално ќе ве запознаеме со тоа што овој преносник го крие во својата внатрешност. Системот е базиран на Intel архитектура, па со тоа се подразбира и користењето на Pentium P6100 двојадрен процесор со брзина на процесирање од 2 GHz и L3 меѓумемориски простор
со капацитет од 3 MB. За графички подсистем е избран интегрираниот Intel HD GMA 4500M графички процесор со работен такт од 400 MHz. Системската меморија е изградена од еден DDR3 модул со капацитет од 2 GB и брзина на работа од 1066 MHz. Со самото тоа што е искористен еден модул, имате простор за доколку ви е потребно, да си набавите додатен модул и двата да ги поставите во dual-channel режим. Чувањето на податоците е организирано од SATA2 хард-диск, со капацитет од 320 GB и брзина на работа од 7200 вртежи во минута. Во поглед на мрежното поврзување, K52F-EX692 е опремен со Gigabit Ethernet 10/100/1000 Mbps LAN, како и со Wireless 802.11b/g/n контролер.
Системот се испорачува без инсталиран оперативен систем, но исто така и пакувањето не вклучува медиум со оперативен систем. Бидејќи капацитетот на системската меморија е помал од 4 GB одлучивме дека не е потребна 64-битна платформа па затоа на K52F-EX692 инсталиравме Microsoft Windows 7 Professional 32-bit оперативен систем. За да му ги измериме силите, на него спроведовме низа тестови и резултатите ви ги презентиравме во приложената табела. Иако перформансите не му се силна страна, овој модел се покажа способен да ги задоволи потребите на просечниот корисник, но при тоа, со својот изглед, да го привлече вниманието и на најпребирливите. l (Димитровски Мирослав]
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОВИ
PC MARK VANTAGE
SISOFT SANDRA
EVEREST ULTIMATE
WINDOWS EXPERIENCE INDEX
CINEBENCH
Score
3981
Memory Score
2210
TV and Movies
3230
Music
4060
Gaming
2519
Aggregate Arithmetic Performance
26.52 GOPS
Dhrystone iSSE4.2
26.8 GIPS
Whetstone iSSE3
26.24 GFLOPS
CPU Queen
14606
CPU PhotoWorxx
13021
Memory Read
7474 MB/s
Memory Write
5979 MB/s
Memory Copy
6635 MB/s
Memory Latency
57.5 ns
Processor
6.9
Memory (RAM)
5.5
Graphics
3.8
Gaming Graphics
5.2
Primary Hard Disk
5.9
OpenGL
2.59 fps
CPU
2.13 pts
CPU (Single-core)
0.54 pts
click јануари 2011 15
click/хардвер/cooler_master_haf_x/
ЕДНОСТАВНО – HAF X! Задоволството на допирот, слободата и изгледот! ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Cooler Master www.coolermaster.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: СЕТ Компјутери www.set.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Квалитетна изработка Дизајн Можности Лесно и едноставно монтирање на компонентите Вградени 4 вентилатори Навистина – ништо!
ЦЕНА
• 10.400 денари со ДДВ
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Немаме што да додадеме, а што не е напишано во текстот. Врвна класа!
Погледот на задната страна го открива потенцијалот на куќиштето
22 click јануари 2011
О
д 2008 година, на радост на ентузијастите, љубителите на добро куќиште и фановите, HAF серијата куќишта повторно е во понудата на Cooler Master. Мразот го скрши моделот HAF 932, следен од нешто поевтиниот и поскромен модел 922, да минатата година Cooler Maѕter ги нападне сетилата со HAF X. HAF е кратенка за High Air Flow, значи, куќишта со висок степен на проток на воздухот. Дизајнот веднаш асоцира дека целната категорија купувачи првенствено се гејмерите, и тоа оние со подлабок џеб, кои немаат проблем да одвојат 160Е за задоволство од ваков калибар. На останатите, но не толку богати ентузијасти, на располагање им се моделите 932 (125Е) и 922 (115Е). Кој вели дека изборот на гејмерско куќиште е лесна работа ☺? Надворешност и вентилација Од која страна да го погледнете, ова Fulltower куќиште „боде очи“ со детали кои јасно асоцираат на можностите. Изработено е од комбинација на челик и пластика, што му дава особена механичка цврстина...и тежина од 16 кг! Многу? Можеби, но затоа пак звучната изолација е на високо ниво, а тоа е факт кој не смееда се прескокне. На задната страна, деветте експанз-
Децентен изглед и завидни димензии
иски слотови говорат за можност за креирање Quad-SLI или CrossFire X системи од четири
приклучување. Предниот панел на куќиштето е беспрекорен. Покрај USB 3.0, тука се и по еден FireWire, eSATA, два USB 2.0 и класична аудио секција. Копчињата за вклучување и ресетирање се придружени со копче за вклучување на LED осветлението на фронталниот вентилатор (200 mm), со што се добива убав визуелен ефект во
Задоволството со работењето со овој „монструм“ на Cooler Master може да се спореди само со чувството кое го доловува најпосакуваната активност во животот на секој од нас... графички картички. Поглед нагоре –еден 140 mm вентилатор за извлекување на воздухот и три отвори заштитени со гума. Намена – инсталирање на систем за водено ладење. Едниот е наменет за извлекување на каблите за USB 3.0 приклучоците на предната страна на куќиштето, а кои е предвидено да се приклучат на задниот панел на матичните плочи кои располагаат со USB 3.0 приклучоци. Актуелните матични плочи сеуште не располагаат со дополнителни соодветни конектори на самата плоча за интерно
затемнети простории. Копчињата се заштитени со лизгачки поклопец – одлична опција за заштита од хиперактивни четиригодишни клинци (авторот на текстот рас-
Богатите опции во внатрешноста го заокружуваат впечатокот
полага со еден таков) кои сакаат да ги притискаат кога не треба. Футуристичкиот изглед на горниот дел го доловуват лежиштата за вентилаторите од 200 mm – еден таков е фабрички вграден, за „екстра промаја“ можете да вградите дополнителен. Проѕирна страница на куќиштето се подразбира во оваа категорија, а тука е вграден и четвртиот вентилатор (200 mm). На долната страна бележиме четири гумени влошки, кои помагаат при абсорбирање на вибрациите доколку воопшто се решите да го поставите куќиштето без монтирани тркалца, кои се дел од дополнителната опрема на овој монструм. Внатрешност и опрема На предната страна се вградени 6 лежишта за 5.25“ уреди, од кои два се „hot-swap“ систем, и наменети само за хард дискови. Изведбата на тие два е во вид на фиока, и поддржува вградување на 3.5“ и 2.5“ дискови. Ова подразбира и наменски заден панел за нив, со вградени SATA податочни и напојни конектори – дисковите се „набоцкуваат“ во нив.
click/хардвер/cooler_master_haf_x/
Футуристичкиот дизајн сокрива два 200 mm вентилатори – едниот е фабрички вграден
Доколку е во план градење на RAID поле, во внатрешноста се предвидени 5 „фиоки“ за хард дискови, од кои едната е комбинирана, и поддржува 3.5“, 2.5“ и 1.8“ хард дискови. Вградувањето на хард дисковите и оптичките уреди е без употреба на алат – вградените механизми ја вршат целата работа. За дополнителна цврстина на актуелните топ модели на графички кар-
тички (вградувањето на средна и пониска класа картички би била небулоза, зарем не?) постои наменски држач кој се монтира на рамот од куќиштето и дополнително ги фиксира картичките. Како дополнените, приложена е пластична рамка дизајнирана за насочување на воздухот од фронталниот вентилатор директно кон графичките картички.
Измена/вградување на хард дискови и без отварање на куќиштето
Страничните отвори на оваа рамка овозможуваат фиксирано вклучување на 6 и 8 пинските кабли од дополнителното напојување за картичките. HAF X е upside down изведба, што значи, напојувањето е поставено на долниот дел. Гужвата од кабли, неминовна за конфигурации од ваков вид, се прикрива со типски поклопец, чиј отвор на горната страна овозможува насочено извлекување на каблите. Тука треба да се спомне и панелот врз кој се вградува матичната плоча – вовлечен е во внатрешноста на куќиштето доволно да овозможи главниот напоен кабел (24 пинскиот)
Панелот за приклучување на хард дисковите од предната страна
да се провлече помеѓу него и задната страница од куќиштето (и уште некој кабел покрај него). Впрочем, и „рамката“ со фиоките за хард дисковите во внатрешноста е вовлечена со иста цел. Така, со едноставно отстранување на задната покривна страница, добивате пристап за работа од сите страни. Наместо заклучок Заклучокот сам се наметнува – блазе си му
кој може, а сака вакво куќиште. Целната категорија е јасна, па не е ни чудо што некому може и дане му се допадне изгледот. Но, целта е постигната. Цената од 160 Е нема да ја коментираме – „солено“, навистина. Но, тоа што се добива за таа сума вреди секој цент. А во тој случај, таа е и очекувана. И покрај фактот што напојувањето треба да се купи дополнително! l (Зоран Ивановски)
Напојување за секаква намена Доволно моќ и за високоперформансни системи
C
ooler Master Silent Pro M850 е модуларно напојување, што подразбира избор на напојни кабли кои се потребни за системот кој го асемблираме. Популарноста на овој вид напојувања е голема, бидејќи изборот на кабли значи и ергономија и елиминација на гужвата во внатрешноста на куќиштето, аналогно на тоа и подобра вентилација. На задната страна ги сретнуваме задолжителните основни 24 пински и 4/8 пински 12V ATX кабли, шест PCI-E конектори за 6+2 пински кабли, првенствено наменети за графичките картички и 5 петконтактни приклучоци за класични Molex/SATA/ Flopy напојни кабли. Во комплетот се приложени 3
кабли со вкупно 9 SATA конектори, 2 кабли со 6 Molex (и еден Flopy) и шест PCI-E кабли (6+2). Дополнително, како заштита привградувањето и елиминација на вибрациите, во комплетот се приложени две гумени рамки за предната и задната страница. Внатрешноста на напојувањето крие се што едно напојување од високата класа треба да поседува. Интегралното коло врши мониторинг и овозможува заштита од превисок (OVP) или пренизок (UVP) напон. Вградени се два термал-
ни сензори за заштита од прегревање (OTP), секако и заштита од краток спој. Филтрирањето на напоните се врши преку две феритни јадра, два керамички и еден метализиран полиестерски кондензатор. Тука сретнуваме интересна изведба – наместо вообичаените 4, ова напојување располага со само една 12V гранка, но преку која испорачува максимални 66А. Хендикеп? Не, напротив – шансите за недоволна силина на струјата кога се во прашање топ моделите на графички картички е поголема кај класичниот 4-гранков дизајн, поради фактот дека во таков случај секоја од четирите
ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Cooler Master www.coolermaster.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: СЕТ Компјутери www.set.com.mk ЗА И ПРОТИВ
гранки е лимитирана во поглед на амперажата. Напојувањето е декларирано на 850W, но во пик можеда повлече и 1020 W. И да „преживее“ притоа. Напојувањето се лади со еден 135 mm вентилатор, чија брзина на вртењето не преминува 1500 врт/мин. Речиси нечујното работење на вентилаторот го оправдува називот Silent. Гаранцијата е 5 години, а цената 10.269,оо денари. l (Зоран Ивановски]
Квалитетна изработка Напредна изведба на 12V гранка Висока моќност Тивко работење ЦЕНА
• 10.269 денари со ДДВ
ОЦЕНА
10/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Одличен избор за високоперформансен систем кој има потреба од силно напојување.
click јануари 2011 23
click/хардвер/
Музика, музика и само музика Apple iPod Nano (шеста генерација) ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Apple www.apple.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Дуна Компјутери www.duna.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Мал и едноставен преносен музички плеер Голем капацитет Висока цена Нема можност за проширување на меморијата со картички ЦЕНА
• 11.000 денари
Н
ајмалиот модел од фамилијата iPod стигна до својата шеста верзија. Во својата најнова реинкарнација Nano по многу наликува на своите поголеми роднини iPod Touch, iPhone и iPad, но сите споредби завршуваат само кај
претходници Nano нема ништо заедничко. Па така покрај комплетно новиот изглед и значително намалените димензии, новиот Nano има и нов оперативен систем кој претставува ослабена верзија на познатиот iOS. Условно
Едноставното користење отсекогаш била најјаката карактеристика на Nano, па затоа од Apple се решија во оваа генерација да ја исфрлат поддршката за прикажување на видео, камерата, календарот, контактите, нотесот и игрите. Со други зборови сите оние работи кои потсетуваа на iPod Touch повеќе ги нема, со што е направена поголема разлика помеѓу овие модели. Од Apple се правдаат дека ова е направено со цел да се намали збунетоста на корисниците при изборот на уредот, а ние им замеруваме што при исфрлувањето на опциите заборавиле да ја намалат и цената изгледот и поставеноста на екранот по целокупната предна страна. Освен името, со своите
кажаниот голем екран (39mm) е multitouch и има резолуција од 240х240 точки. Новина
кај оваа генерација е multitouch командите кои по скоро 6 години успеаjа да го заменат легендарното командно тркало на Apple. Мора да нагласиме дека комндувањето на уредот е многу поедноставен со „пипкањето“ на екранот, посебно кога сме во движење. На себе Nano
грам ќе ви помогне да не осетите дека имате нешто на себе. Едноставноста при користењето отсекогаш била најјаката карактеристика на Nano, па затоа од Apple се решија во оваа генерација да ја исфрлат поддршката за прикажување на видео содржини, а исто така ја нема и камера-
поседува само 3 копчиња кои се поставени на горната страна и тоа копчето за вклучување и исклучување на уредот, како и две копчиња со кои ја контролираме јачината на звукот. Куќиштето на Nano е изработено од алуминиум во седум достапни бои и на задната страна има голема штипка која ќе ви биде од голема корист кога ќе сакате уредот да го прикачите на вашата облека или на прерамката од торбата. Тежината од само 21
та која беше присутна во уредите од петата генерација. Исто така се исфрлени и календарот, контактите, нотесот како едноставните игри, со други зборови сите оние работи кои потсетуваа на iPod Touch повеќе ги нема, со што е направена поголема разлика помеѓу овие модели. Од Apple се правдаат дека ова е направено со цел да се намали збунетоста на корисниците при изборот на уредот, но исто така при исфрлувањето на опциите забравиле да
ОЦЕНА
9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
одлично Кога ваделе од опциите заборавиле да ја намалат цената.
30 click јануари 2011
Му го извадија кормилото за управување и сите дополнителни опции. Му ставија мултитач екран и сега е најмала верзија на iPad
click/хардвер/CES_2011/
Што се случува во Вегас влијае на целиот свет CES 2011 – тргнати се сите превези од новите технологии
C
ES 2011 ги затвори вратите за посетителите, што значи дека годината за технологијата може и официјално да започне. Веќе 44 години ова шоу претставува рампа од каде се лансираат новите технологии низ целиот свет. Сите големи иновации, нови технологии нови производи своето деби го доживуваат на почетокот на годината во Вегас. Со одлично замислен концепт за саем на кој ќе се сретнат иноваторите, производителите и медиумите CES е растеретен од гужвата која ја создаваат обичните посетители и е фокусиран исклучиво на
34 click јануари 2011
бизнисот и иновациите (барем до онаа мера колку што тоа го дозволува Вегас). Токму затоа и бројката од 140 000 посетители колку што забележа CES 2011е импозантна. Радува и фактот дека е зголемен бројот на компании кои ги претставија своите производи на саемот и секако радува оптимизмот кој го пренесоа производителите и кој навестува мало но забележливо помрднување од мртвата точка во која се наоѓаше оваа индустрија во изминативе неколку години. Она што за жал не нè радува е фактот дека овој CES не
понуди ништо ново, ништо пред што би застанал здивот или би морале гласно да воздивнеме. За најголемиот број на претставени производи се шушкаше подолго време, а оние кои потајно се очекуваа, како на пример таблетите на Microsoft и HP воопшто не беа претставени. Intel ја официјализираше својата SandBridge технологија, Motorola го тргна превезот од „таинствениот’’ Xoom таблет за кој сите знаевме како ќе изгледа, а условно речено малите производители од азискиот континент, уште еднаш покажаа дека тие всушност владеат со светот.
click/хардвер/CES_2011/
CES во бројки Бројките од секогаш биле одличен начин да се пренесе вкупната оценка за некој настан. Во продолжение ви ги претставуваме бројките кои се однесуваат на оваа година. 2700 – Број на технолошки компании кои годинава имаа свои штандови на саемот, полни со прекрасни нови играчки и не толку прекрасни хостеси (секоја чест на исклучоците меѓу кои мора да се спомене LG) 140000 – претставници на индустријата, најголемиот број од нив од машки пол, дојдоа во Вегас да ги пробаат гореспоменатите играчки и да си поиграат. Ова најверојатно е фрустрирачки факт за настанот кој со години се одржува паралелно со CES- Порно Оскарите. 140000 луѓе и секој од нив подлабоко воздивнува на некаков си таблет отколку на деколтето на старлетите, кои во исто време шетаа по улиците на Вегас. Што сорта ќе беа гиковите?? 30.000 – Претставници на компании од другите континенти кои дојдоа на саемот. 80 – Овие 30.000 посетители беа дел од 80 официјални интернационални делегации кои го посетија саемот. 99.9 – Процент на посетители на CES, кои се обиделе со своите акредитации да влезат и на Adult Entertainment Expo. Сепак има надеж и за гиковите ☺. 1 – Број на технолошки новинари кои успеале да истестираат ѕвезда од Adult Entertainment Expo. Тешко дека резултатите од тестот ќе и станат достапни на јавноста.
Зелена технологија Иако CES е познат како најголемиот изложбен салон за технологија во светот, сепак една од најголемите вредности на овој настан се панел дискусиите на кои најголемите умови во технологијата ја споделуваат својата визија за иднината. Со години наназад едни од најинтересни се дискусиите за зелената технологија и просто е неверојатно да се слушне колкави напори и колку средства се вложуваат во идејата за поефикасно искористување на енергијата од алтернативни извори. Се чини дека времето кога уредите ќе ги полниме со енергијата која ја испушта нашето тело и не е така далеку.
22 – Бројка на врвни менаџери кои имаа свои излагања и земаа учество на панел дискусиите. Во оваа бројка спаѓаат Стив Балмер од Микрософт, Иван Сајденберг од Веризон, Руперт Стадлер од Ауди, Бо Кин Јон од Самсунг, Алан Мулеј од Форд, Урсула Барнс од Ксерокс, Џон Чамберс од Циско, Ред Хастингс од Нетфликс и ред други. 80 – Бројка на компании кои понудија таблети. 1 – Бројка на електронски модели на Ford кои беа претставени. Ford Focus Electric првото возило на електричен погон на Ford беше официјалното возило на CES 2011. Во Вегас имаше многу повеќе муабети за ова возило отколку реален број на возила. Иако поради добриот маркетинг, сите слушнаа за Ford Focus Electric, дефинитивно најмногу насмевки привлече малиот EN-V на GM, за кој ќе можете да прочитате малку повеќе на следните страници. 250 – Број на конференциски сесии одржани на CES International 2011. 900 – Бројка на говорници кои се појавиле зад микрофонот на овие конференциски сесии. 3.0 – Верзијата на Android позната како Honeycomb наменета за таблет компјутери. 158,000 – Број на твитови поврзани со CES кои биле напишани од 3 јануари. 4 – Просечна бројка на часови сон кој некој посетител може да си ги дозволи, доколку сака да ги види најважните случувања на овој саем. 0 – Задоволни посетители од интернет инфраструктурата на CES. Неверојатно но вистинито, на најголемиот саем за технологија пристапот на интернет беше скоро па невозможен. click јануари 2011 35
click/софтвер/
Генијално решение за драјверите Driver Genius 10 ИНФО
• НАСЛОВ: Driver Genius • ВЕРЗИЈА: 10 • ИЗДАВАЧ: Driver-soft • ЛИЦЕНЦА: 29.95$ • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.driver-soft.com ЗА И ПРОТИВ
Брзо анализирање на драјверите на системот Опција за архивирање на старите драјвери Презема само финални верзии Прави надградба на нови верзии на драјверите Интерфејсот може да ги збуни почетниците
Н
овата инсталација на оперативниот систем повлекува и инсталација на еден куп дополнителни апликации кои ни се потребни за секојдневно работење. За овој проблем пронајдовме одлично решение кое ви го презентираме во рубриката Интернет. Но, пред да можете да започнете со инсталирање на апликациите, потребно е да ги средите драјверите, со цел сите ваши хардверски компоненти да функционираат оптимално. А драјверите се делот што секогаш забораваме да го архивираме и делот кој е најдосаден за пронаоѓање и инсталација. И да биде уште пострашно, проблемот со драјверите не завршува со една
Наместо да изгубите часови во барање на соодветните драјвери обидете се проблемот да го решите со алатката Driver Genius
ција која со задоволство ќе ја превеземе грижата за драјверите во свои раце и во сто време вас ќе ве ослободи од оваа обврска а системот ќе го
Хардверските компоненти покрај името имаат и своја ознака, според која се распознаваат и разликуваат. Една бројка или буква во ознаката прави голема разлика. Затоа кога барате нов драјвер за некоја компонента потребно е да ја имате целосната ознака. Ова е најчесто т ешка мисија освен ако не сте педантни и не ги чувате сите CD-a и прирачници. Но дури и кога ќе ја имате ознаката барањето на дрјавери трае и трае и трае, до недоглед
ОЦЕНА
9,5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
ОДЛИЧНО Апликација која ќе ви го скрати времето за надградба на драјверите и ќе го одржува вашиот компјутер во топ форма
44 click јануари 2011
инсталација. Компаниите редовно издаваат нови верзии, а сите ние редовно забораваме да направиме надградба. Ако има опција за автоматско надградување тогаш тие самите ќе се освежат. Ако нема, најверојатно е дека до следната преинсталација ќе останете на истите. Driver Genius е аплика-
освежува и одржува во топ форма. По завршувањето на процесот на инсталација, апликацијата ќе направи анализа на сите хардверски елементи кои се инсталирани на системот по што ќе добиете извештај дали и каде е потребна надградба на нова верзија. Следниот чекор е автоматско пребарување во базата на
Driver Genius која редовно се ажурира и пронаоѓање на соодветните драјвери. Ова е една од најгенијалните опции на оваа апликација, бидејќи наместо со часови да го барате најновиот драјвер за таа и таа картичка со онаа или оваа ознака, некој тоа ќе го заврши автоматски наместо вас. Па уште ако имате некое парче хардвер кое датира од времето на дедо Ное за кое драјвери треба да барате по P2P страниците, ќе ви е јасно дека за пронаоѓање на еден драјвер можете да соберете куп вируси. Пред да се изврши надградбата со новите верзии на драјверите, препорачливо е да се искористи опцијата за архива на постоечките драјвери. Архивирањето е брз и автоматизиран процес, а резултатот кој го добивате од оваа акција е .zip датотека или самоекстрахирачка .exe датотека што овозможува нејзино користење и кога апликацијата не е инсталирана на компјутерот. Оваа архива е многу важна, затоа што доста често се случува
компаниите да исфрлат нови драјвери кои не се доволно истестирани и кои знаат да направат проблеми. Доколку налетате на таков, доволно е од архивата да го повлечете стариот драјвер и да причекате неколку недели за подобра и исправна верзија. Во зависност од вашите потреби и навики, ажурирањето на драјверите можете да го правите рачно или пак можете да го искористите планерот, во кој ќе прецизирате на колку време да се прави анализа на вашите постоечки драјве-
ри и да се пребара базата за нови верзии. За која и опција да се одлучите, треба да знаете дека оваа апликација нема да инсталира ништо на вашиот компјутер без дозвола. Имено, откако ќе ја добиете листата на застарени драјвери вие можете да изберете кои од драјверите сакате да ги надградите а кои сакате да ги оставите во стара верзија. Кога се разгледува некоја апликација, најчесто се рангира според бројот на опциите кои ги нуди. Но понекогаш е важно да ги измериме и функционалностите. Driver Genius има малку опции, но тие што се дадени функционираат навистина беспрекорно и претставуваат вистински спас за една од најдосадните работи на светот- барање на нови драјвери. l [ЈУЛИЈАНА ПРЧКОВСКА]
click/софтвер/
Font Forge Направете си сопствен Фонт
И
дејата е да се создаде фонт, текстуална азбука што ќе се користи потоа за пишување и споделување на некаков јазик. Typography е заедничкиот збор, на Англиски јазик, за сите нешта што се споени во оваа наука. Создавањето на фонт за некоја азбука е една од поблагодарните дарови што можеме да ги споделиме со општеството каде што живееме. Со вашите букви што ќе ги нацртате ќе можам јас слободно да пишувам по тастатурата, да го прочитам тоа што ми излегува од главата и истовремено да го споделам со вас. FontForge е слободен софтвер што е наменет за создавање на фонтови. Тоа на повеќето графички дизајнери што имаат некаква блискост со цртање букви ќе им асоцира на Inkscape, Illustrator Corel, FreeHand и слично. Апликациите што се занимаваат со создавање на знаци за Фонт обично се сродни со алатките за креирање векторска графичка содржина. Единствената разлика е што апликациите како FontForge се наменети и потковани специјално за креирање на знаци односни букви и бројки за креирање на Фонт. Реалноста за оваа работа е што припаѓа на категоријата занаетчиска. За да направиш добро ќумбе треба многу добро вежбање. Вештината на рацете тука е многу значајна, но потребно е да се има и добро поткована едукативна позадина околу типографијата. Еден таков уредувач на знаци за некој фонт ќе ја направи работата по-
ИНФО
• НАСЛОВ: Font Forge • ВЕРЗИЈА: 0.1 • ИЗДАВАЧ: Џорџ Вилијамс • ЛИЦЕНЦА: Слободен софтвер • ПЛАТФОРМА: GNU/Linux, Windows , Mac итн. • URL: www.fontforge.sourceforge.net ЗА И ПРОТИВ
Богатство со алатки Стабилност Комплицирана инсталација за Windows/ Mac
Приказ за креирање на буквата Љ во FontForge
лесна со тоа што самиот ќе ги собере сликите што сте ги нацртале и ќе ги комплетира во знаци од букви и бројки за Фонт, што ќе може да прикажува текст на вашиот компјутер. Инсталација Од моето искуство можам да пренесам дека се работи за солидно изработена алатка што е наменета пред се за
GNU/Linux средина во Microsoft Windows оперативен систем. Запознавање со терминот Фонт Фонт е колекција од знаци што претставуваат букви. На пример, еден буква е прикажана на мониторот со некаков знак. Надополнувањето на тоа е што една буква може да биде претставена од повеќе знаци.
Со вашите букви што ќе ги нацртате ќе можам и јас слободно да пишувам по тастатурата, да го прочитам тоа што ми излегува од главата и истовремено да го споделам со вас GNU/Linux оперативните системи, но и за корисниците на Microsoft Windows. Последниве, пред да почнат со работа треба да се подготват за користење на FontForge, односно треба да инсталираат cygwin што претставува емулатор на
Таа збирка од знаци сочинува концепт со едно име што е заеднички познато како Фонт. Е сега тој фонт е распореден на систем на мапа каде што е преведен во збир на бајти. Тие збирки од бајти ни презентираат текст на нашите екрани.
Постојат три видови на репрезентација на некаков фонт. Едниот е со цртање на контурите на знаците од азбуката, додека вториот е преку поплнување на мрежа од пиксели во правоаголна рамка. Третиот вид не е толку популарен и е познат како Фонт-Линија. Најчести се среќаваат PostScript и True Type (Open Type) фонтовите каде што е нацртана контурата на буквата, а внатрешноста на таа контура е пополнета со боја. Тоа би било на кратко околу запознавање со создавањето на текстуална уметност, останатиот дел ви го препуштам на вас. Овој слободен софтвер му овозможува слобода на секој што има инспирација и желба да креира букви и бројки што ќе ги сподели со сите нас во креирање на текстуална содржина слободно. l (Благој Капсаров)
ОЦЕНА
9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
ОДЛИЧНО Создадено за користење во GNU/Linux оперативни системи, но доколку заинтересираноста постои секако дека може со малку припремање да се користи и на останатите оперативни системи. Овој софтвер ви го препорачувам бидејќи и јас самиот со него ќе се обидам да направам Фонт.
click јануари 2011 45
click/софтвер/webroot_internet_security_2011/
Нова главоболка за сајбер-штетниците Солидно деби, но со простор за подобрувања
И
ИНФО
• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Webroot www.webroot.com • ДОСТАПНО ВО: Сет Компјутери www.set.com.mk ЗА И ПРОТИВ
Брз и високо ефикасен скенер Одлична Firewall, Antispyware и Antivirus заштита Корисни дополнителни опции Оптеретувањето на системот е во рамките на прифатливото Нема Parental Contrоl модул Нема мрежно скенирање на вмрежените компјутери Слаб Antispam модул ЦЕНА
• 1.127 денари
ОЦЕНА
8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
многу добро Webroot Internet Security 2011 несомнено е на добар пат да стане чест избор на корисниците. Сепак, одредени подобрувања и дополнувања не се на одмет.
50 click јануари 2011
зборот на овој релативно непознат производител на заштитни софтвери падна поради фактот што отсега ќе може да се купи и на нашиот пазар. Говориме за целосен пакет за заштита, кој обединува Firewall, Antivirus, Antispyware и Antispam. Постои и засебна антивирусна програма, но ако барем малку ги следите актуелните трендови, секако ќе се сложите дека пакетите за заштита се се почест избор. Да не должиме, и да ги погледнеме опциите кои ги нуди Webroot Internet Security 2011.
ната на инсталацијата зависи од актуелната брзина на download-от. Доколку во тој момент наидете на оптретеност на серверот, како што, највероватно, наиде авторот на текстот и процесот течеше со просечна брзина од некои 90-тина КB/s, процесот на инсталација може да биде – „сафра“. За среќа, нема Едноставен и модерен изглед. Сепак, распоредот на опциите во да бидете возменијата може и мора да биде подобар немирувани со разноразни прашања и градбите проблем или се е во ред понуди – инсталацијата Пробната верзија трае (ова многу потсетува е автоматизирана. Отка- 30 дена, и по изминуна други програми.... ко ќе заврши процесот, вањето на тој период Kaspersky, на пример). автоматски стартуваат можете да го купите Со кликнување врз Инсталација, скенирање на системот и активирате пакетот „икончето“ ќе добиете интерфејс и први и преземање на надили...да го деинсталиотчет за природата на впечатоци известувањето. Пакетот нема да го За жал, не е толку едWebroot Internet Security 2011 преземете цел, туку ноставно да се совлада однеодамна е достапен и на нашиот само инсталациската програмата како што датотека (12 МВ). Инпазар. Се работи за софтверски пакет изгледа на прв поглед. сталацијата се одвива Изборот на било која за целосна заштита, кој освен добрите од четирите икони online, и при тој процес во вашиот компјутер се (PC Security, Sync & перформанси нуди и дополнителни „слеваат“ приближно Sharing, System Cleaner вредности за цената. Но, има и 100 МВ датотеки, пои Identity & Privacy) води простор за подобрувања! требни за програмските кон засебен прозорец компоненти. Брзиво кој се сместени опциите, категоризирани во рате. Доволно фер, во одреден број подменија. секој случај. Е, тука ви се потребни Корисничкиот интермалку интуиција и малку фејс пријатно изненаду- повеќе трпение, секако ва, барем на прв поглед. и ангажирање на мемоЕдноставно, концизно, ријата за да пронајдете со четири големи икони што е што и да запаза пристап кон опциите метите каде е. На овој и исто толку опции во детаљ би морало малку менито сместено на повеќе да се поработи долната лента. Ценво наредните верзии... трално место завзема Опциите од долната иконата која го индицилинија овозможуваат ра статусот на заштинагодување на протата (и менува боја во грамата како целина Инсталацијата е целосно автоматизирана и не бара интервенција зависност од статусот), (закажано скенирање, на корисникот. Но, зависно од конекцијата, знае да потрае подолго отколку што е „културно“ односно дали има некој proxy нагодувања...),
click/софтвер/webroot_internet_security_2011/
Преглед на заштитните модули
понатаму колку време е преостанато до истекот на лиценцата, на колку и кои компјутери е инсталирана програмата (лиценцата е за максимум три), во секцијата за поддршка е вметнат и телефонскиот број за контакт со центарот за поддршка (ова баш и не е толку интересно за нас). Заштитни модули Во овој поглед, немаме што да наведеме, а што би се разликувало од веќе виденото кај досега опишаните заштитни пакети. Антивирусот не покажува компромиси во поглед на детекцијата и елиминацијата на штетниците. Скенерот е доста брз – скенирањето на целосно исполнета партиција од 80 GB на дополнителен хард диск траеше 34 минути и 13 секунди. Одличен резултат, тука немаме замерки. За разлика од некои други антивирусни програми, не дозволува малициозните програми прво да пенетрираат во системот па дури тогаш да ги елиминира, туку ги пресретнува во сам старт, не дозволувајќи им никаков пристап во системот. Не само при скенирањето на системот или екстерните дискови, туку и при преземањето на датоте-
ки од интернет. Секоја детектирана заразена датотека уредно се става во карантин.
дулот потфрли. Оптимизиран е само за Outlook и Outlook Express, што е голем хендикеп и превид, особено во услови кога огромен број корисници користат и Mozilla Thunderbird. Покрај тоа, Outlook Express пред извесно време е заменет со Windows Live Mail. Затоа, корисноста на овој модул е симболична, и тоа е првата голема измена која мора да се направи веќе во наредната верзија на Webroot. Втора голема
Модулот за бришење на непотребни датотеки може да се нагоди на автоматско извршување. Не е на одмет, напротив...
„Подобро да се спречи отколку да се лечи“ филозофијата секако е најдобар избор, но сепак, релативно брзиот скенер знае и да претера со својата ревност во некои случаи – повремено гледа закани каде што не постојат. Параноја....можеби, но сепак говориме за еден од најефикасните скенери кои воопшто сме ги сретнале. Секоја чест! На висина на задачата се покажаа и двонасочниот Firewall и Antispyware модулите. Пенетрациските тестови (Core Impact, PCFlank's Exploits Test и Spycar. org) не минаа низ филтрите, кои успешно ја елиминираа секоја закана. За жал, Antispam мо-
замерка е отсуството на Parental Control модул и мрежно скенирање на компјутерите во
што ова не може а да не го земеме како недостаток. System Cleaner секцијата е наменета за бришење на привремените датотеки и остатоците од History трагите врзани за Windows програмите (Cleanup Windows items). Никаква новост, но закажувањето на чистењето на системот од непотребни датотеки и остатоци секако не е на одмет. Понатаму, со оваа алатка се бришат датотеките и останатите елементи кои се поврзани со пребарувањето на интернет. При инсталацијата се врши проверка кои интернет прегледници се инсталирани и истите се покажуваат на листата во оваа секција. За секој прегледник поединечно се нагодува однесувањето на Cleanup Internet items опцијата. Постојат уште две опции – за бришење на остатоците асоцирани со другите програми, и целосно бришење на непотребните датотеки, со елиминирање на можноста за нивно враќање со наменски програми. Оптоварувањето на системот не е алармант-
Извештај за извршеното скенирање. Скенерот е брз и еден од најефикасните кои воопшто сме ги сретнале!
домашната мрежа. Најголемиот број пакети за заштита располагаат со овие две опции, така
но, но сепак е забележително, особено при стартувањето. Доколку имате активни десктоп
гаџети (Windows 7), нивното стартување се одвива осетно забавено. Најголемиот број активности се одвиваат во позадина, така што не додева многу со пораки, а и надградбите ги врши автоматизирано. Сепак, кога активната заштита работи поинтензивно, извршувањето на апликациите, преминот од една во друга, нивното стартување и копирањето на датотеки знае видно да се забави. Дополнителни опции и заклучок Со регистрацијата добивате 10 GB online простор за чување податоци или бекапи и лиценца за три компјутери. Програмата располага и со модул за заштита на приватноста и идентитетот на корисникот, безбедно online плаќање и проверка на банковните сметки, менаџирање на корисничките шифри и сл. По желба, корисникот има опција за автоматска синхронизација на датотеките. Во целина, Webroot Internet Security 2011 е добар заштитен пакет. Брилира во поглед на антивирусната и antispyware заштита, Firewall-от и брзината на скенерот. Наведените забелешки сметаме дека се реални – на тоа едноставно мора да се поработи во наредната верзија. Елиминацијата на истите би значела чиста десетка за овој пакет, која во оваа верзија – не ја заслужи. Дали го препорачуваме пакетот? Доколку не ви пречат нашите забелешки и „можете да живеете со тоа“, нема никакви пречки да не го пробате Webroot Internet Security 2011. l [Зоран Ивановски]
click јануари 2011 51
click/интернет/
Дали е време за паника? Нет неутралност или голем профит
Н
е ја знаеме вредноста на она што го имаме, се додека не го изгубиме. Се чини дека оваа мудра мисла во иднина ќе се однесува и на слободниот интернет каков што познававме. Неколку години наназад слушаме и читаме за нет неутралноста, но од октомври 2010 оваа тема вистински започна да ги потресува нетизените на кралството Интеренет. Што е нет неутралност? Постојат стотици дефиниции со кои се објаснува принципот на неутралност, но се чини дека пораката “Сите битови се создадени подеднакво„ (All bites are created equal) е најдобрата појдовна точка од која би можел да се разложи овој принцип. Со идејата дека сите битови се подеднакви и сите го имаат правото на еднаква брзина на патот кон корисниците, поборниците за неутралност јасно го дигаат својот глас против големите телеком компании, кои пак се обидуваат на ситна врата
наплаќаат дополнителни средства и од корисниците, но и од големите провајдери на содржини како еден вид гаранција дека нивните содржин побрзо би го нашле патот до корисниците. Или ако направиме споредба, тие би сакале одредени содржини на интернет да патуваат со големи брзини и по модерен автопат, додека останатите би можеле да се движат по друм од макадам.
Дали има битови од прв ред и битови од втор ред. Дали некоја компанија има право да ги протежира едните и да ги деградира другите? Ние сме навикнати на оваа појава и како по правило молчиме. Но, зад океанот врие... да ги протуркаат идеите за протежиран пристап. Со други зборови, во битката за поголем профит, големите провајдери на интернет услуги би сакале да го регулираат протокот и видот на содржината која се пренесува и да 60 click јануари 2011
Во оваа битка не се штедат пари и телекомите трошат милиони долари за лобирање кај американските конгресмени и американската агенција за телекомуникации (FCC), се со цел да го добијат правото за целосно
регулирање на протокот. Од другата страна на приказната се наоѓа заедницата и организацијата Save the Internet, која од петни жили се обидува интернетот да го прикаже како фундаментално човеково право и која смета дека никој не би смеел да поставува ограничувања на протокот, затоа што на тој начин се ограничува и иновацијата и развојот. Америка и Европа два различни света И додека во Америка прашањето на неутралност се разгледува на највисоко ниво и за него ќе одлучуваат конгресмените, во Европа ситуацијата е релативно мирна и стабилна, со делумни навестувања дека за оваа тема допрва ќе се дискутира. Се чини дека преку океанот, огнот го разгореа двата гиганти Google и Apple, кои во договор со големите понудувачи на интернет својата услуга за интернет телевизија би сакале да ја стават на пиедестал во однос на
другите содржини и да ја наплаќаат посебно. Оваа најава ги збесна корисниците кои сметаат дека интернет е интернет и нема разлика дали тој се троши за да се промени статусот на профилот на Facebook или се гледа филм. Последните преговори помеѓу FCC и големите компании завршија без конечно решение што за сега овозможува дискриминација на содржините и корисниците. Интересно е дека оваа појава во Европа ја има одамна, но се чини никој гласно не реагира. Само како пример ќе ги споменам услугите на интернет телевизија и VoIP кои се достапни и кај нас, кои имаат предност при преносот на податоци и кои се наплаќаат посебно. Тоа школски пример за нарушување на неутралноста кој никој не го санкционира. А Македонија? И за крај едно мало потсетување за постарите читатели кое во вистинско светло ќе им го доло-
ви проблемот со неутралноста и ќе им помогне да разберат на што ќе се сведе интернетот доколку големите телекоми успеат да го добијат правото да го контролираат протокот и сообраќајот. Во првите години од дваесет и првиот век, интернетот во Македонија беше во зачеток. Многу компании во давањето на интернет услуги ја видоа шансата за брза заработка, но се соочија со мал број на корисници за кои требаше да се борат со сите расположливи сили. Во тоа време се случи таканаречената војна на провајдери, во која провајдерите го блокираа или максимално го отежнуваа пристапот до страниците и сервисите хостирани кај конкурентите. Така се случуваше доколку сте корисник на МОЛ да не можете да ја отворите страницата на On.net, или пак доколку сте корисник на On.net да не можете да си ја преземете електронската пошта од МОЛ. l [јулијана прчковска]
click/интернет/
Анатомија по Google Google Body Browser
О
ткако успеаа да ги измапираат копното, океаните, месечината, небото и планетата Марс, иноваторите од лабораторијата Google решија да го разголат човечкото тело. Google Body Browser претставува 3D модел на човечкото тело. Во првата фаза на располагање за преглед е само женски модел, но во иднина можеме да очекуваме промоција и на машкиот и детскиот модел и најверојатно опции за директна компарација на градбата. Постоечкиот модел е конструиран од неколку анатомски леери како што се скелет и коски, органи и системи, мускули, крвоток и кожа, кои можат да се отвораат, како би имале увид во внатреш-
ната градба. Навигацијата низ овој 3D модел се одвива идентично како кај Earth што значи дека можете да се движите во сите правци, да зумирате со помош на глувчето или лизгачот и да пребарувате. Пребарувањето се одвива според регија од телото, според орган или според систем на органи. Со кликнување на некој дел (во зависност од леерот на кој прегледуваме) се добива информација за името на органот на кој сме посочиле. Бидејќи се работи за нова алатка (нејзината промоција беше на средината на декември минатата година), не би било фер да очекуваме дека таа ќе работи совршено. Првиот проблем (ако воопшто може така да
се нарече) е опцијата за пристап до овој сервис. Имено Google Body Browser функционира со помош на WebGL 3D графичкиот интерфејс, кој претставува успешна замена за Flash, но не е поддржан од поголемиот број на прегледници. Всушност за да можете да пристапите до овој сервис потребно е да ја инсталирате или последната бета верзија на Firefox 4 или последната бета верзија на Chrome 9. Според изјавите на Google во текот на 2011 година ќе се обезбеди поддршка за сите прегледници. Откако ќе го инсталирате потребниот компатибилен прегледник, единствениот проблем со кој ќе се соочите е повременото сецкање при приказот на поголемите органи или целите леери и понекогаш иритирачки долгиот временски период кој е потребен за да се смени приказот или да се освежи страницата.
Комплетна мапа на човечкото тело и најдобар метод да се научи анатомија
Она што за сега недостасува, но знаејќи ја манијата на Google за креирање на интеракција сигурно ќе следи, е комбинирање на информациите. Имено многу би
студентите по медицина и хипохондриците кои сакаат да знаат како се вика и како изгледа органот што ги боли. Иако ретко ви препорачуваме да превземате
Ако го изземеме фактот дека основната цел на Google е дебело да заработи од нашите информации, тогаш би можеле да кажеме дека оваа компанија има намера да ги собере, систематизира и да ги класифицира сите податоци од овој свет (па и од подалеку ☺) било корисно, кога при кликнување на одредена регија или орган би имале опција за добивање на повеќе информации, опции за пребарување или опции за преглед на видео материјали. Со вакво дополнување, овој сервис ќе стане идеална алатка за учениците,
прегледници кои се во бета фаза од својата изработка, овој пат тоа ќе го направиме бидејќи е неопходно за да можете да пристапите до сервисот. А таму ве чека интересно и невообичаено доживување за човечкото тело. l [јулијана прчковска]
click јануари 2011 61
68 70
DC Universe Online Back to the Future: Episode I
click/игри/ DC Universe Onедliноnмеeсто херои и негативци сите на
ИНФО
• DC Universe Online • ИЗДАВАЧ: Sony Computer Entertainment • Развој: Sony Online Entertainment • ПЛАТФОРМА: компјутер, PlayStation 3 • URL: www.dcuniverseonline.com ЗА И ПРОТИВ
Перфектна графика и одлична звучна позадина и гласови на хероите Многу акција и интересен начин на борба Мноштво интересни задачи и борби со шефови Најразлично дефинирање на херојот кој го играме или избор на веќе познат супер херој Можности за играње на добри и лоши супер херои Висока месечна претплата од 15$ Во некои борби кога има повеќе непријатели, нападот врз точно одреден непријател е збунувачки тежок
ОЦЕНА
одлично
68 click јануари 2011
С
ите ги сакаме супер хероите, а што е чудно има и луѓе што ги сакаат мрачните супер херои. Сите љубители на филмови или игри кои вклучуваат супер херои едноставно се поистоветуваат со самите ликови. Згора на тоа многу често се наметнува прашањето кој супер херој е посилен или кој би победил во меѓусебен дуел. За сето тоа да стане реалност се погрижија во Sony, издавајќи ја DC Universe Online, масивна role-playing игра сместена во универзумот DC. Ова е пионерски обид да се вклучат многу супер херои во една игра, а притоа таа да биде MMO, но во Sony мислат дека токму тоа и ќе биде клучот за успехот
на DC Universe Online. Дебито на играта е меѓу најдобрите и може да се носи рамо со рамо до World
Во голема битка помеѓу доброто и злото, Лекс Лутор брутално го убива Супермен. Но, се испоставува
Ова е пионерски обид да се вклучат многу супер херои во една игра, а притоа таа да биде MMO, но во Sony мислат дека токму тоа и ќе биде клучот за успехот на DC Universe Online of Warcraft. Лансирањето на игрите многу често се проследени со проблеми, споро превземање, лагирање на серверот итн. Тоа не е случај со DC Universe Online и како за чудо се изгледа и работи без значајни проблеми. Почетната анимација ни ја објаснува приказната.
дека во моментот додека фракциите на земјата се бореле меѓу себе, Brainiac кроел план за инвазија на светот. Сцената потоа не враќа во денешно време и Лутор им ја раскажува приказната на Супермен, Бетмен и Wonder Woman. Причината зошто не можеле да се борат со Brainiac е
во неговата технологија со која со тек на време ги краде моќите на супер хероите. Brainiac имал намера да ги користи украдените моќи при креирањето на металуѓе кои би биле под негова контрола и би се користеле за освојување на Земјата. Лутор објаснува дека бил единствениот преживеан од војната и дека не можел да ја одбрани Земјата од инвазијата. Она што можел да го направи пред да се врати во времето е да ги украде моќите од вселенскиот брод на Brainiac во форма на ексобајти, нанобот уреди кои можат да ја проектираат енергијата во живо суштество. Лутор се вратил во времето за да ги пушти ексобајтите во
click/игри/DC Universe Online/
атмосферата на Земјата во денешно време. Заради ова набргу ќе се создадат многу металуѓе со херојски моќи од обичните луѓе. Супер хероите треба да ги пронајдат и да ги обучат овие нови металуѓе затоа што во блиска иднина Brainiac ќе се појави и Земјата треба да биде подготвена за борбата со него. Ние ја играме улогата на едно од овие нови супер суштества, а иако примарната цел е да се бориме против Brainiac, доброто и лошото сепак се борат на своја страна и се едни против други. По завршувањето на воведната анимација и запознавањето на приказната на ред е креирањето на карактерот. Процесот на прилагодување на карактерот може да биде едноставен и брз но во исто време е многу длабок. Ги одбираме полот и физичкиот изглед, одбираме дали ќе се бориме на страната на доброто или на злото, одбираме оружје, одбираме
мод за транспорт и начин на борба. Како дополна одбираме кои супер моќи сакаме да ги имаме и херојот кој сакаме да ни биде ментор. Во зависност од менторот ќе ни зависат и задачите кои ќе ги добиваме во играта а на располагање ни се Superman, Batman и Wonder Woman на страната на доброто и Joker, Lex Luthor и Circe на страната на злото. На избор се и многу преддефинирани карактери кои ги претставуваат супер хероите како Catwoman, Deathstroke, Plastic Man, Wonder Girl, Penguin, Scarecrow итн.
Од изборот на моќите на карактерот всушност определуваме што ќе играме па така доколку одбереме Defense for Fire и Ice powers значи дека ќе можеме да играме танкер, доколку одбереме Control for Gadgets и Mental powers ќе играме за контрола на толпата и ќе имаме моќи за зашеметувања и успорувања, а доколку одбереме Healing for Nature и Sorcery powers ќе играме како лечач. Изгледот на херојот кој го креираме мора да биде во стил на DC Universe со комбинација од максимум 3 бои, а изборот на костумот кој ќе го носите најверојатно многу брзо ќе го смените како што ќе отклучувате нови модели во текот на
играњето. Одкога го креиравме карактерот време е да започнеме со играње. Само да напоменеме, DC Universe Online не е игра за деца. Кога играме на страната на злото треба да совладуваме полицајци, да вшприцуваме отров во карактери во играта, женските херои се полу голи, а улиците на Готам или Метрополис се исполнети со знаци на урбано распаѓање. Доколку имате доволно години и сте спремни за да навлезете во овој свет ве очекува феноменална акција. Голем дел од системот на борба
е превземен од останатите MMORPG наслови кои ги играме, како ладење на вештините, но на страна од тоа борбата изгледа како стандардна акција во трето лице. Бурните борби се изведуваат со комбинација на удари со раце, магии, вештини и специјални удари во зависност од способностите на херојот кој го играте. Задачите кои ги добиваме се стандардни со собирање на одреден број предмети
или совладување на одреден број луѓе или суштества. Посебните задачи се изведуваат како инстанци кои траат околу 30-тина минути и вклучуваат совладување на некој шеф. Овие се специјалните делови во DC Universe Online каде што ќе ги сретнеме многуте супер херои и ќе треба да ги совладаме. Графиката во играта е на највисоко ниво. Визуелниот изглед на карактерите, анимациите како и меѓу сцените се изработени за да ве тераат да играте по цел ден. Целата атмосфера се доживува како навистина да сме присутни во градот во кој играме. Позајмените гласови како и целокупниот звучен елемент во DC Universe Online е перфектен. Многу од гласовите на хероите ги изведуваат самите актери кои ги глумеле тие ликови во филмовите. Целата звучна позадина и гласови на ликовите во играта уште
повеќе ќе ве завлече во самата приказна. Во моментов, затоа што играта е сеуште нова, има само три типа на предмети за собирање кои ни
се здобивате со награда во форма на искуство и предмети. Пред да се стигне до 30-то ниво PvP модови како и да нема, а борбата меѓу добро-
овозможуваат пристап до одредени оружја, оклопи итн. Зелените знаци кои ги собираме најчесто се поврзани со задачите кои ги изведуваме и можат да се најдат често низ градот. Жолтите прашалници ги собираме за да дознаеме повеќе за приказната во играта или за да дознаеме
то и злото како и познати херои кои ќе ја застапуваат секоја страна сеуште не е добро издефинирана. Арена секако постои, но сега за сега сите играчи се фокусирани на качување на ниво на карактерите. Како што изгледа DC Universe Online е на добар пат да стане многу популарна игра која можеби и ќе го превземе приматот во ММО светот. Сеуште е рано да се предвидуваат многу работи, првенствено е рано да се види дали играта ќе се развива според играчите, дали ќе се претставуваат
Ги одбираме полот и физичкиот изглед, одбираме дали ќе се бориме на страната на доброто или на злото, одбираме оружје, одбираме мод за транспорт и начин на борба за одредени настани кои се случуваат и се поретки во играта. Плавите Player Briefs се мали аудио логови кои го комплетираат DC светот и можат да се фокусираат на некои ликови или на самата приказна, а тука можат да се сретнат и многу забавни и хумористични содржини. Доколку соберете сет од било кои предмети
нови содржини во соодветно куси рокови за да го задржат интересот на играчите итн. Се на се Sony има направено одличен проект кој може да пружи многу забава на љубителите на акциони MMORPG наслови, со посебен нагласок за уживање на прврзаниците на одредени супер херои. l [Иван Манчевски]
За сите љубители на MMORPG игри кои сакаат да испробаат и сакаат да играат нешто ново DC Universe Online треба да биде нивниот нов дом. Многу комбинации на херои, многу вештини пропратени со брза и интересна акција во перфектна графичка и звучна атмосфера. click јануари 2011 69