FAD Annual exhibition 2012 - 2013

Page 1


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013

ЧИФТЕ АМАМ - НГМ, СКОПЈЕ ЈУНИ 2013 ИЗДАВАЧ: УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ОРГАНИЗАТОР: ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН ПЕЧАТИ: СОФИЈА, БОГДАНЦИ ТИРАЖ: 300 ПРИМЕРОЦИ


2012 ЧИФТЕ АМАМ - НГМ | СКОПЈЕ | ЈУНИ 2013

2013




0 2 4 6 8 10


Каде се движи нашата приказна ? ...е прашањето кое си го поставивме оваа година, обидувајќи се да ги сумираме резултатите од едногодишната работа на факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Следејќи ги новините и предизвиците со кои во континуитет се соочувавме во претходниот период, постојано не поставуваше во нови улоги на решавачи на проблеми, какви што сакаме да стануваат постепено и нашите студенти.

компатибилност на програмите и студиите, овозможувајќи на таков начин, вистинска и конструктивна соработка. Востановувајќи ја првата летна меѓународна школа за архитектура и дизајн во Охрид оваа година, приклучувајќи се кон иницијативата за меѓународен летен семестар во Скопје, во соработка со голем број светски факултети и универзитети, само ја докажуваме компатибилноста на проверената едукативна агенда која во иднина ќе произведува уште изложби, настани, предавања, гостувања... Архитектурата пред се...

Оваа традиционална изложба на архитектонски програми и проекти, кои произлегуваат од тековната работа во оваа академска година, е збогатена со информации кои не се директен производ на изложбата, ама имаат значења и вредности кои секако ќе влијаат врз понатамошната профилација на студиските програми на факултетот и универзитетот. Пред се, со новата акредитација, со која се изврши прилагодување и преструктуирање на одредени студиски програми, создадовме услови за избор на насока уште на додипломските студии. Со овие последни промени, веќе на додипломски студии, студентите можат да изберат помеѓу архитектура, внатрешна архитектура, визуелни уметности и архитектура и менаџмент, збогатувајќи ја подоцна мастер понудата со насоката градителско наследство и сите други претходно наведени, како избор за вториот циклус за студентите од ФАД. Со ваква структура на студиските програми, кои се компатибилни и специфично уредени, дефинитивно ја одредуваме и главната насока на нашето понатамошно делување во доменот на архитектонското образование, за чие унапредување, како факултет, зборувавме на многу места, актуализиравме сериозни проблеми, нудевме конструктивни решенија. Меѓународната профилација и ориентација на факултетот за архитектура и дизајн, оваа година ја збогативме со уште неколку потпишани меморандуми за целосна академска соработка и

Ќе остане веројатно мотото кое ќе го трасира таквиот пат.

Деканат на Факултетот за архитектура и дизајн Универзитет Американ Колеџ Скопје

uacs_ school of architecture and design.


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 01

ВИЗУЕЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ 1

ПРОЕКТ ВИЗУЕЛНА ПЕРЦЕПЦИЈА И ПРОСТОРЕН ПРИКАЗ СТУДЕНТИ АНА МАРИЈА ЈОВАНОВСКА | НАТАЛИЈА СТОЈАНОВСКА | ФИЈОЛА САИТИ | АНДРЕЈ ПЕТРОВСКИ

ТЕМА: Продлабочено и унапредено запознавање студентите со методологиите и принципите на визуелното изразување во функција на потполна визуелна презентација на проектни задачи, идеи и концепти. Основите алатки во креирањето на архитектурата и дефинирањето на спецификите на архитектонскипот простор, цртежот и бојата се третираат со продлабочено истражување на нивните изразни својства со што добиваат имаат исклучително значење за оспособување на студентите за просторна перцепција и соодветно графичко прикажување на феномените на просторот: композиција/ цртеж/ соодноси и перспектива/ боја/светло/структура и материјализација.

08 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 09


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 02

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 2

ПРОЕКТ АНАЛИЗА НА ОДБРАНИ КУЌИ СТУДЕНТИ ДОРА ТОДОРЧЕВСКА, МАРИО ЦВЕТАНОСКИ | ФЈОЛА САИТИ, ВАЛМИРА МАКСУТИ | СОФИЈА СТОЈАНОСКА, АНА МАРИЈА ЈОВАНОВСКА

ТЕМА: Запознавање на студентите со основната методологија на проектирање преку изучување на процесот на проектирање со помош на методите на анализа, синтеза, верификација и имплементација, а во согласност со проектантските принципи и стандарди. Се изучува функционалната организација на просторот во зависност од неговата намена и содржина. Програмата предвидува запознавање со карактеристични примери од историјата на индивидуални станбени објекти. При изработка на графичките вежби студeнтите се оспособуваат за совладување на аналитичкиот дел од процесот на проектирање.

MOBIUS HOUSE- UN STUDIO

10 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


MORIYAMA HOUSE - SANAA

HOUSE H - SOU FUJIMOTO

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 11


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 02

ВИЗУЕЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ 2

ПРОЕКТ МОДЕЛОТ ИЗРАЗНО СРЕДСТВО ВО АРХИТЕКТУРАТА СТУДЕНТИ ЈОАНА ЗОГРАФУ | ЉУШО БЕРИН | БЛАЖЕ МИХАЈЛОВ | ЗОРАН ТРАЈКОВСКИ | СОФИЈА СТОЈАНОСКА АНА МАРИЈА ЈОВАНОВСКА | ЈОВАНА МИХАЈЛОВСКА | БОЈАНА ТАСЕВСКА | ПАВЛЕ КОЛЕЌЕВСКИ | ЕЉОН ЕМИНИ | ЈАКУП ДАУТИ |

ТЕМА: Овој едносеместрален предмет е дизајниран така да го отвори визуелниот потенцијал кај студентите! Примарните елементи на моделирањето, макетирањето, уметноста, дизајнот ќе се воведат и ќе се насочат кон моделирањето и употребувањето на макетата како изразно средство во архитектурата. Целта е да се осознае начинот и функцијата на употреба на макетата, што е архитектонска макета, архитектонската макета како изразно средство, функција и намена, материјали за употреба и изработка, техники и методи на изработка во макетирањето, со цел за постигнување на ефектите и изборот за развитокот на индивидуалните способности. При работењето на вежбите студентите ќе се оспособат за изработка и применливост на макетата како збогатување со техничките и изразните вредности во архитектурата и проектите кои ќе се изработуваат во нивниот професионален развој.

12 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 13


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 02

СЛИКАЊЕ И ПЛАСТИЧНО ОБЛИКУВАЊЕ

ПРОЕКТ ВИЗУЕЛНА ПЕРЦЕПЦИЈА И ПРОСТОРЕН ПРИКАЗ СТУДЕНТИ АНДРЕЈ ПЕТРОВСКИ | АНА МАРИЈА ЈОВАНОВСКА | ЗОРАН ТРАЈКОВСКИ | ДОРА ТОДОРЧЕВСКА | НАТАЛИЈА СТОЈАНОВСКА

ТЕМА: Овој едносеместрален предмет е дизајниран така да го отвори визуелниот потенцијал кај студентите! Примарните елементи на уметноста, дизајнот и теоријата на бојата ке воведат и и насочат кон сликањето. Употребата на боја е примарна за ефектите на изборот и развитокот на индивидуалните способности. При работењето на сликарските вежби студентите ке се оспособат за сликање и применливост на сликањето и бојата како збогатување со ликовни вредности во архитектурата и проектите кои ке се изработуваат во нивниот професионален развој.

14 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 15


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 02

ТЕОРИЈА И ИСТОРИЈА НА АРХИТЕКТУРА, УМЕТНОСТ И ДИЗАЈН 1

ПРОЕКТ ВИЗУЕЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АРХИТЕКТУРАТА, УМЕТНОСТА И ДИЗАЈНОТ ОД НИВНИТЕ ПОЧЕТОЦИ ДО ПОЈАВАТА НА РЕНЕСАНСАТА ВО ЕВРОПА СТУДЕНТИ РАКИБ АМДИУ | ДЕМИР ЗЕЌИРОСКИ | СОФИЈА СТОЈАНОСКА | ВИКТОРИЈА ВИТАНОВА | АНТОНИО МИЛОШЕВСКИ

ТЕМА: Целта на предметот е да ги запознае студентите со основните теориски поставки, како и со развојот на архитектурата, уметноста и дизајнот од нивните почетоци, па се до појавата на ренесансата на културната и уметничката сцена во европа. Во програмата се застапени сите позначајни историски и стилски периоди, единечните стилови како продукти на степенот на равој на технологијата, науката и културата како особено значаен за развојот на севкупната архитектура и уметност. Материјалот се претставува низ повеќе форми на визуелна презентација. Истото треба да овозможи полесно совладување на основните методолошки алатки, со кои подоцна се врши препознавање, идентификација и вреднување на основната визуелно аналитичка граѓа.

16 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 17


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 03

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 3 ТЕМА: Три проекти на едносемејна куќа: 1. Куќа и прироида: проектирај минимална куќа за 2+1 член како сооднос на природни и архитектонски елементи во даден исечок од природата; 2. Двокуќа, куќа за две семејства: во поле од 9 х 9 модули (модул 3.20мх3.20мх3.20м) проектирај просторна конфигурација како интеракција на двете семејстава (семејство од 4-5 члена со 10 модули и семејство од 2-3 члена со 6 модули)

18 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ПРОЕКТ ТРИ ПРОЕКТИ НА ЕДНОСЕМЕЈНА КУЌА СТУДЕНТИ МАРТИНА АТАНАСОВСКА | ТЕА ДАМЈАНОВСКА | БЕТИ СТОЈАНОВА | МАРТА НОВАКОВИЌ | ИВАНА ЧАЛОВСКА


3. Куќа на граница: проеектирај станбена единица од станбена низа на граничната линија кон реката Вардар, Криви дол, Скопје

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 19


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 04

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 4

ПРОЕКТ ГРАДСКИ КУЌИ ЗА ГРАДСКИОТ ЦЕНТАР, СКОПЈЕ СТУДЕНТИ МОНИКА КОЦАРЕВА | ИЛИРИЈАНА НЕЏИПИ | МАРИЈА ГРЧЕВА | САРА РАМАДАНОВА | СИЛВИЈА ШАЛЕВА

ТЕМА: Повеќесемејно домување, за различни типови на домаќинства и различни животни стилови, во избрани локации од градот. Основни типови на објекти: централен ходник, секција, галерија, кула. Дали на рецентниот стихиен процес на згуснување на градот, исполнување на празните места, може да дадеме нова смисла, да го разбереме и како можност на обнова на физичката и социјалната структура на градот? Дали можеме да избереме критични места од градот каде може да понудиме еден нов креативен сооднос на приватниот и јавниот простор, на домувањето и заедничкиот живот ? На платото пред Олимпискиот базен на бул.Кочо Рацин и во соседство на фрагментите на Ново маало, Скопје, е понудена локација за повеќесемејно домување. Цел: да се изберат модели на домување кои ќе одговорат на современите станбени потреби на жителите како и на заедничките потреби на дадениот контекст. Проектна програма: визба – паркирање; приземје –деловни простори, катови-домување, 1/3 станови за 6-лица, 1/3 станови за 4-лица, 1/3 станови за 2-3 лица. Урбанистички услови: мах 30% изграденост (20% станбени сдржини + 10% заеднички содржини).

20 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 21


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 04

АРХИТЕКТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ 2

ПРОЕКТ СИТЕ СТУДЕНТИ ОД ВТОРА ГОДИНА СТУДЕНТИ КАТЕРИНА ТРАЈКОВСКА | ЈУСУФ ВЕЛИОВ, МИХАИЛ СЕРВИНИ | НИКОЛЧЕ ВАЈДЕВСКИ | ДЕЈАН СПИРОВ, ЕМИЛИЈА ТАСЕСКА

ТЕМА: Преку програмата на овој предмет се предвидува запознавање на проектирањето, материјализацијата и изведбата на специфични делови од објектите како што се темелите, подрумските ѕидови и сутерените. Деловите од објектот кои се надземни се изучувани од аспект на дрвените конструкции (класичен и современ бондрук). Во предметот е предвидено да се проучат принципите на проектирање и вградување на градежната столарија (дрво, алуминиум, PVC и слично). Предвиден е посебен осврт на скалиштата и другите вертикални комуникации од објектите од аспект на материјализација на конструкцијата, како и конструктивните принципи на ослонување. Голем дел од термините е посветен на класичните дрвени кровови - отворени, прости кровови, кровови со подроженици, мансардки, решетики и сложени кровови со баџи. Вежбите се цртаат на рака во молив и се од типот на индивидуални вежби во согласносто со предавањата (секој час се задава и предава нова вежба). Во рамки на делот од вежбите посветен на класични дрвени кровови, студентите изработија четири макети на кровови од дрво (сложен кров, единечна и двојна висулка и прост кров).

22 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 23


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 04/06

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН ТЕМА: Целта на предметот е да ги запознае студентите со теоријата и историјатот на графичкиот дизајн, поврзаноста и разликите со ликовната уметност, основите и методите на визуелната комуникација, практично совладување на основите и можностите за креативно изразување, интерактивно осознавање на теничко-технолошките можности на технологијата и графичката индустрија, рзвојот и тенденциите во графичкиот дизајн, запознавање со софтверските апликации и нивна употреба. Со програмата е предвидено изучување на грaфичкиот дизајн преку теоретски предавање и практични вежби.

24 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ПРОЕКТ ОСНОВИ И МЕТОДИ НА ВИЗУЕЛНАТА И ГРАФИЧКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА СТУДЕНТИ МАРИЈА ГРЧЕВА | МАРТИНА АТАНАСОВСКА| МИРЈАНА ЛОЗАНОВСКА | ИРЕНА ГРАОРКОВСКА | ДИМИТАР ГАСПАР | МИРЈЕТА ЈАШАРИ | МАРИЌ САЊА | ВИКТОР ПЕТРЕСКИ | МАРИЈА КРИВАШИЈА | МАРИЈА АЛТИПАРМАКОВА | ЈУЛИНДА ГЕГА | КОЛАРОВА ТИНА | ДОАРСА ТУШИ | БЛЕРИНА ХАМИДИ | СТЕФАН РУСЕВ | МАРТИН РЕЏЕПАГИЌ | БЕТИ СТОЈАНОВА | МОНИКА КОЦАРЕВА | ИВАН ХРИСТОВ | ДИМИТАР МАНЕВСКИ | ЗЛАТКО СТОЈАНОВСКИ | СТОЈАН СТАМЕНКОВИЌ


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 25


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 5

ПРОЕКТ ГРАДСКИ ХОТЕЛ - ЕXPО Скопје 2014 СТУДЕНТИ ВИКТОР ПЕТРЕСКИ, ЕМИЛИЈА МАРИЌ | ЛЕОНА ЗДРАВЕВА, МАГДАЛЕНА ТЕНЕСКА | НАТАЛИЈА АНДОНОВА, МАЈА ЗДРАВЕВСКА | МИХАИЛ СЕРВИНИ, ЈУСУФ ВЕЛИОВ

ТЕМА: Скопје 2014 е домаќин на ЕXPО! За таа цел на градот му се потребни хотели за сместување на гостите од целиот свет. На локација долж левиот брег на реката Вардар, каде ќе се одржи ЕXPО и ќе се сместат националните павиљони од целиот свет, одберете место и тип на Хотел. Хотелот треба да го привлече вниманието на гостите, да одговори на нивните разнородни потреби а истовремано да придонесе за градската панорама и да ги покаже незаборавните погледи на градот и неговата околина. Типологија: линиски блок, павиљон, кула/атриумски тип Проектен програм: обезбеди сместување за 150-200 гости.

26 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 27


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

ЕНТЕРИЕР 1

ПРОЕКТ ПРОСТОРНА КОМПОЗИЦИЈА | СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ | РЕКОНСТРУКТИВНИ ЕНТЕРИЕРИ СТУДЕНТИ ЕМИЛИЈА ТАСЕСКА | ВИКТОР ПЕТРЕСКИ | МАГДАЛЕНА ТЕНЕВСКА

ТЕМА: Програмата опфаќа вовед во поимот ентериер како организиран систем на просторни релации помеѓу функционалните елементи во внатрешниот архитектонски простор. Во почетокот студентите се запознаваат со елементите кои го градат ентериерот како елементи на композиција без нивна функционална компонента. Овој воведен дел има за цел студентите да ја прифатат дисциплината не само како дел од архитектонското проектирање туку и како дел од визуелните уметности. На воведот се надоврзува разработката на проблемот домување од аспект на организација на станбениот простор како резултат на истражување на објективните дадености – архитектонско опкружување, социо-културните карактеристики и на корисниците и други фактори.

28 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 29


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

ДЕТАЛ ВО АРХИТЕКТУРАТА

ПРОЕКТ ОСНОВЕН ПРОЕКТ НА КУЌА ВО НИЗА СТУДЕНТИ ОЛГИЦА СТЕФАНОВА | ДЕЈАН СПИРОВ | КАТЕРИНА ТРАЈКОВСКА | АНА ГОЦЕВА

ТЕМА: На предметот Детал во архитектурата, студентите стекнуваaт знаења од областа на архитектонските конструкции преку изработка на основен проект од архитектонско решение на проект од претходен семестар, во конкретниот случај - куќа во низа од петтиот семестар. Освен обработка на ситуација, основи, фасади и пресеци на ниво на основен проект, семестралната задача опфаќа обработка на специфични детаљи како: - детељи на надворешни и внатрешни ѕидови; - детаљи на подови и спуштени плафони; - детаљи на надворешна и внатрешна градежна столарија; - надворешна обработка на фасада и покривање; - детаљ на кујна, и; - детаљ на бања;

30 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 31


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

ДИЗАЈН НА УРБАНА ОПРЕМА

ПРОЕКТ УРБАН ДИЗАЈН НА ГРАДСКИ ПРОСТОР (УРБАНА ОПРЕМА КАКО СИСТЕМ, НЕЈЗИНА УНИФИКАЦИЈА И ТИПИЗАЦИЈА) СТУДЕНТИ КАТЕРИНА ТРАЈКОВСКА | ДЕЈАН СПИРОВ , ЕЛЕНА БУНТАШЕСКА | ЕМИЛИЈА ТАСЕСКА | ОЛГИЦА СТЕФАНОВА

ТЕМА: Во рамките на предметот Дизајн на урбана опрема студентите изучуваат елементи од урбана опрема, нивно осмислување и техничко исцртување. Во текот на семестарот добиваат повеќе задачи, преку кои постепено ја совладуваат проблематиката на детаљи и процесот на дизјанирање. Последниот програм е синтезно решение на дел од градскиот простор, во кој студентите предлагаат партерно решение заедно со: - програмска и просторна организација - урбана опрема Семестраланата задача опфати две локации од централно градско подрачје, плочникот како дел од градски ѕид позади слаткарницата “Малага” и “Форум” кај Рекорд. Студентите преку своите проекти направија еден вид на ревитализација на урбаните простори кои се значаен дел од урбаниот живот на Скопје.

32 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 33


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 05

ТЕОРИЈА НА ФОРМА

ПРОЕКТ ЖИВЕЕЊЕ ВО ГРАД: СТАНБЕНА НИЗА СО ВНАТРЕШНИ ДВОРОВИ СТУДЕНТИ ОЛГИЦА СТЕФАНОВА, РАКИП АМДИУ, АРДИАНА АЗЕМИ, ДЕЈАН СПИРОВ, ЕЛЕНА БУНТАШЕСКА, ЕМИЛИЈА ТАСЕСКА, ЈАНА АНДЕВА, АНАСТАСИЈА ШУМИНОВСКА

ТЕМА: Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со основните дефиниции на формата, развојот и компонентите на архитектонската и општата уметничка форма (преку сите уметнички дисциплини, архитектурата, уметноста и дизајнот). Пристапот е компаративен, синтетички и се надоврзува во континуитетот со претходните предмети од областа на теоријата и историјата на архитектурата, уметноста и дизајнот. Во текот на предавањата и вежбите посебен осврт е направен на поимот на стилот, и начинот на естетизирање на формата во процесот на создавање на стилот. Практичните вежби се презентираат преку графички презентации на тематски одбрани проблеми, пропорциски и стилски анализи и аналогии преку исцртување на конкретни изборни примери, употреба на различни цртачки техники во дефинирањето на архитектонската презентација, како еден од мошните начини за анализа и утврдување на својствата на архитектонската и уметничката форма.

34 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 35


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 06

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 6 ТЕМА: Прототип на градинка за деца - made in Скопје Дали во периодот на пост-социјалистичката транзиција можеме да ја обновиме општествената грижа за децата? Како да одговорима за нараснатите потреби за згрижување на децата од предшколска возраст а истовремено да го уважиме физичкиот , социјалниот и културниот плуралитетот на градот? Како да направиме детска градина за секое маало - архитектура за децата од соседството? Состави детска градинка за 4 воспито-образовни групи(детска градина + детска јасла) Направи прототип на детска градинка според специфичниот социјален-просторен контекст, за жителите покрај реката Вардар, Кривидол, Скопје.

36 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ПРОЕКТ ПРОТОТИП НА ГРАДИНКА ЗА ДЕЦА - MADE IN СКОПЈЕ СТУДЕНТИ МАРТИН АТАНАСОСКИ | ЕЛЕНА АНТЕВСКА, КАТЕРИНА МИТЕВСКА | ДЕЈАН СПИРОВ, ЕМИЛИЈА ТАСЕСКА | НИКОЛЧЕ ВАЈДЕВСКИ


Студентско домување / Живеење & едукација во индустриска зона Скопје Какво треба да е студентското домување за XXl век ? Како да се редефинира домувањето во светлото на учењето? Какви програмски и какви просторни својства треба да промовира? Локација на пристапот од правецот на центарот на градот кон Универзитетот Американ колеџ Скопје, долж булеварот Трета македонска бригада, се предвидува домување за студенти/гости на архитектонскиот факултет (60 студенти и 10% визитинг наставници) како и содржини поврзани со учењето (наставниот програм и лабораторија за истражување во архитектурата, учење, ресторан, спорт+рекреација) на архитектонскиот факултет;

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 37


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 06

ЕНТЕРИЕР 2

ПРОЕКТ МОДНО СТУДИО | CONCEPT STORE СТУДЕНТИ КАТЕРИНА ТРАЈКОВСКА | МИХАИЛ СЕРВИНИ | МАЈА ЗДРАВЕВСКА

ТЕМА: Наставната програма на овој предмет опфаќа подрачје во ентериерот кое ги обработува работните простори, трговските и угостителските простори преку запознавање со проектантските норми и стандарди за проектирање на административни, трговски и угостителски објекти заради запознавање на спецификите на содржинско функционалните просторни елементи. Следниот чекор е изучување на секундарните елементи на ентериерот – потребниот мебел и опрема како и нивната меѓусебна зависност определена со технолошките процеси кои се одвиваат во ваквите простори. Комбинирањето на ваквите елементи градат едноставни, помалку сложени и сложени просторни композиции со издржани функционални и естетски квалитети.

38 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 39


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 06

МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА XIX - XX ВЕК

ПРОЕКТ ИЗРАБОТКА НА ЕЛАБОРАТ ЗА ПОСТОЈНА СОСТОЈБА НА ОБЈЕКТИ ВО ОХРИД СТУДЕНТИ ОЛГИЦА СТЕФАНОВА, МАЈА ЗДРАВЕВСКА, ЕЛЕНА БУНТАШЕВСКА, МИХАЕЛА ПОПОВИЌ, МАРТИН ПЕТРОВСКИ, ИГОР ЛАВЧАНСКИ | ГОРАН СПИРОСКИ, АНАСТАСИЈА ШУМИНОВСКА, КРИСТИНА ЈОВАНОВСКА

ТЕМА: Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со сите аспекти на развојот на Македонската архитектура и уметност, посебно во текот на 19-тиот и првата половина на 20-тиот век. Како недеволно истражено подрачје, овој период претставува исклучителна временска рамка низ која може да се согледа македонското вградување во традициите на Балканот и Медитеранот, а исто така укажува на темелното македонско вградување во традициите на Европа. Вежбите по овој предмет се состојат од теренско мерење и исцртување на одбрани објекти, кои со своето архитектонско-историско значење, треба да бидат, а сеуште не се заштитени како културно наследство. По изработката на елаборатите за нивната постојана состојба, овие објекти влегуваат во програмата за заштита на споменици. Оваа година теренската работа опфати мерење и изработка на елаборати за постојна состојба за седумнаесет објекти во Охрид.

40 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 41


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 06

ОСНОВИ НА УРБАНИЗМОТ

ПРОЕКТ УРБАНИСТИЧКИ РЕЛАЦИИ КОН КОНТАКТНИТЕ ЗОНИ НА ЗАШТИТЕНАТА ЗОНА ЧАРШИЈА СТУДЕНТИ МИХАИЛ СЕРВИНИ, ЈУСУФ ВЕЛИОФ, НИКОЛЧЕ ВАЈДЕСКИ | ГОРАН СПИРОСКИ, ОЛГИЦА СТЕФАНОВСКА, ЕКАТЕРИНА НАМИЧЕВА

ТЕМА: Оваа задача која беше поставена на студентите од 3та година беше замислена да креира нов поглед кон урбанистичкото реконфигурирање на градот а со тоа да воспостави релации преку кои студентите полесно би ја совладале материјата урбанизам. Проектната задача беше од слободен карактер и наметнуваше да студентите сами ја изберат проектната програма и току преку неа да ги постават темелите на своите размислувања. Протегајќи се од Универзитетскиот кампус Св Кирил и Методиј па се до Мурат Пашината Џамија задачата фактички ги опфати сите контактни зони на Чаршијата и со тоа му додели нов контекст на пазаришниот простор на Бит Пазар.

42 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 43


ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 06

ПРОЕКТИРАЊЕ НА ЈАВНИ ЗГРАДИ

ПРОЕКТ ДЕЛОВНА ЗГРАДА НА МОДНА КУЌА СТУДЕНТИ КАТЕРИНА ТРАЈКОВСКА | ЈУСУФ ВЕЛИОВ, МИХАИЛ СЕРВИНИ | НИКОЛЧЕ ВАЈДЕВСКИ | ДЕЈАН СПИРОВ, ЕМИЛИЈА ТАСЕСКА

ТЕМА: Студентите стекнуваaт знаења потребни за професионално решавање на задачи при проектирање објекти за деловни и административни потреби. Програмата предвидува запознавање со каратеристични примери од историјата на соодветните објекти, како и запознавање со клучните аспекти во планирањето, програмирањето и организацијата на истите во современи услови: - програмска, типолошка генеза и класификација на зградите; - планерски прорамски аспекти (зонирање, регулатива и нормативи); -просторно-организациони аспекти (типолошки и морфолошки обрасци, нормативи и стандарди, корелација со конструктивните и другите технички и технолошки барања; - синтеза на претходниот анлитички процес во единствена контекстуална архитектонско-урбанистичка целина. Семестралната задача во учебната 2012/13 година се бави со организација на просторот на објект за потребата од деловен простор на Модна куќа според зададена содржинска програма, лоциран на слободна локација.

44 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 45


ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ


ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

АРХИТЕКТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ 1

ПРОЕКТ КОНСТРУКТИВНО РЕШЕНИЕ НА ОБЈЕКТ ОД ЈАВНИ ЗГРАДИ СТУДЕНТИ СТЕФАН ТОДОРОВСКИ, ЕЛЕНА ЈОВАНОВСКА, БРАНКО СТОЈАНОВСКИ, БОРЈАН КОЛЕВСКИ | ДАМЕСКИ МИЛАН, АНАКИЕВСКА ЕЛЕНА, ОЛИВЕР ТОШЕСКИ, ИГОР МАРКОВ | АДРИАТИК ИМЕРИ, МАНУШАКЕ СУЛЕМАНИ, АРМЕНД ШАКИРИ

ТЕМА: Во рамките на предметот Архитектонски конструкции 3, студентите изучуваат сложени челични и армитано-бетонски конструктивни системи разработени преку основи, пресеци, фасади и специфични детаљи. Семестралниот проект вклучува конструктивно решавање на постоечки архитектонски проект изработен во претходен семестар, во случајот беа земени објекти од јавни згради од шестиот семестар. Главната задачата на студентите е да ја прилагодат веќе постоечката архитектура на објектот кон избраното конструквино решение (студентите сами ги избираат конструктивните системи). Проектите од оваа година вклучија конструктивни решенија и детаљи на: челични решетки (просторни и рамнински), споеви на челични профили, споеви на арминран-бетон и челик, стаклени фасадни обвивки и покривање.

50 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 51


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

АРХИТЕКТОНСКА ТИПОЛОГИЈА СОВРЕМЕНИ ИНЖЕНЕРСКИ КОНСТРУКЦИИ ТЕМА: Програмата на предметот офпаѓа вовед во инженерските конструкции во архитектурата, преку запознавање на видовите и типологијата на конструкциите и нивните елементи кои се потребни за изработка на проекти од областа на јавни згради, трговски центри, објекти од културата или спортски објекти. Семестраланата задача претставува архитектонско-конструктивно решение на пет зададени типови на објекти: покриен базен, катна гаража, магацин/фабричка хала, бензинска пумпа и салон за коли. Предметот Архитектонска типологија – современи инженерски конструкции е последниот од редот на конструктивните предмети и токму затоа, освен решавање на конструктивниот дел од објектот е предвидено и негово архитектонско проектирање (во претходните предмети од архитектонски конструкции беа дадени готови проекти со цел решавање на конструкцијата). При проектирање на конструкцијата, студентите ги користеа армирано-бетонски дрвени и челични конструкции како главни конструктивни системи:

48 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ПРОЕКТ АРХИТЕКТОНСКО-КОНСТРУКТИВНО РЕШЕНИЕ НА ПОКРИЕН БАЗЕН, КАТНА ГАРАЖА, МАГАЦИН/ФАБРИЧКА ХАЛА, БЕНЗИНСКА ПУМПА И САЛОН ЗА КОЛИ СТУДЕНТИ МИЛАН ДАМЕВСКИ, ОЛИВЕР ТОШЕВСКИ, ЕЛЕНА АНТЕВСКА | СТЕФАН ТОДОРОВСКИ, БРАНКО СТОЈАНОВСКИ, БОРЈАН КОЛЕВСКИ, ЕНА САВЕВА


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 49


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

СТУДИО ГРАДИТЕЛСКО НАСЛЕДСТВО 1 И 2

ПРОЕКТ УРБАНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ЈАНЧЕ | УРБАНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА БИТ ПАЗАР СТУДЕНТИ ЕМИЛИЈА ЗАНЕВА | ЕЛВЕДИН САИТИ | ДРЕН НЕВЗАТИ | БОЈАН НАУМЧЕВСКИ | НАЏИЕ ХАМЗАИ

ТЕМА: Наставата овозможува стекнување знаења потребни за професионално решавање на задачи при проектирање објекти за потребите на образованието и здравството како теоретско запознавање со развитокот на објектите низ времето и изучување на клучни аспекти од планирањето, програмирањето и организацијата на истите во современи услови и практична изработка на семестрален проект. Семестралната задача во учебната 2012/13 година за предметот Архитектонско проектирање 1 предвидува програмирање и проектирање на еден образовен објект и еден објект за примарна здравствена заштита за потребите на населението на с. Јанче . Семестралната задача во учебната 2012/13 година за предметот Студио проектирање 1 предвидува програмирање и проектирање на комплекс јавни објекти: амбуланта, подрачно основно училиште, бутик хотел, административен објект, музеј, како и уредување на јавниот отворен простор во село Јанче.

52 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 53


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

СТУДИО ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА 1

ПРОЕКТ СЦЕНОГРАФИЈА СПОРЕД ДРАМСКИ ТЕКСТ „ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ“ СТУДЕНТИ НЕНАД СИМОСКИ | СТЕЛА ВЕЛИЌ

ТЕМА: Целта на предметот е запознавање на студентите со методологијата на создавање, како и запознавање и изучување на основните поими на сценскиот простор, негово проектирање односно организирање и обликување на архитектонско-сценски простор. Програмата опфаќа вовед во сценскиот простор, негово оформување преку изработка на скици, цртежи, работни цртежи, модели, од идеја (текст) до идејно решение на сценографски проект. Студентите изработуваат проект за сценографија според драмскиот текст „изгубени германци“ на дејан дуковски.

54 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 55


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

ЕНТЕРИЕР 1

ПРОЕКТ БРЕНДИРАЊЕ НА ПРОФЕСИЈА АРХИТЕКТ / ДИЗАЈНЕР СТУДЕНТИ МАРИЈА ДИМИТРИЕВСКА | НАДИЦА АНГОВА | МИЛАН ДАМЕСКИ

ТЕМА: Да се брендира сопствената професија, а преку неа и професионалната личност е голем предизвик за денешниот архитект – дизајнер. Во таа насока истражувањето на суштината на професијата од аспект на делување на истата во економскиот, културниот и физичкиот простор ќе го дефинира проблемот на брендирањето. Работните процеси, комуникацијата со бизнис светот, психологијата на глобалниот пазар се основа за поставување на методологијата на проектниот процес. Во таа смисла учеството на експерти од другите области вклучени во овие процеси – бренд менаџери, експерти по маркетинг и организациски науки, графички дизајнери и други, се од непроценлива важност за креирањето на работниот простор и на архитектотдизајнерот, но и за технолошкото функционирање во него.

56 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 57


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07

СТУДИО ПРОЕКТИРАЊЕ 1 АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 1

ПРОЕКТ КОМПЛЕКС ЈАВНИ ОБЈЕКТИ ВО СЕЛО ЈАНЧЕ СТУДЕНТИ МАРИЈА ДИМИТРИЕВСКА, ИГОР МАРКОВ | СИМОНА ГАРЕСКА, НАДИЦА АНГОВА, ЕМИЛИЈА ЛИПТОВА | ЕЛЕНА АНАКИЕВСКА, ЕЛЕНА ЈОВАНОВСКА

ТЕМА: Наставата овозможува стекнување знаења потребни за професионално решавање на задачи при проектирање објекти за потребите на образованието и здравството како теоретско запознавање со развитокот на објектите низ времето и изучување на клучни аспекти од планирањето, програмирањето и организацијата на истите во современи услови и практична изработка на семестрален проект. Семестралната задача во учебната 2012/13 година за предметот Архитектонско проектирање 1 предвидува програмирање и проектирање на еден образовен објект и еден објект за примарна здравствена заштита за потребите на населението на с. Јанче . Семестралната задача во учебната 2012/13 година за предметот Студио проектирање 1 предвидува програмирање и проектирање на комплекс јавни објекти: амбуланта, подрачно основно училиште, бутик хотел, административен објект, музеј, како и уредување на јавниот отворен простор во село Јанче.

58 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 59


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

СТУДИО ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА 2

ПРОЕКТ ДИЗАЈН НА МЕБЕЛ ОД РЕЦИКЛИРАНИ ПРОИЗВОДИ ОД ХАРТИЈА СТУДЕНТИ НЕНАД СИМОСКИ | СТЕЛА ВЕЛИЌ

ТЕМА: Студентите изработуваат елементи од мебел од рециклирани производи од хартија. Истражувањето започнува со испитување на носивоста на материјалот за различни производи изработени од рециклирана хартија. Преку референтни примери студентите ги анализираат техниките на спојување и поврзување на деловите од кои се формирани елементите од мебел. Во оваа задача тие ги анализираат начините на спојување на елементите без употреба на дополнителни материјали. Врз основа на овие испитувања, претставуваат идејни решенија на елементи од мебел и опрема, преку работни цртежи – скици, експериментални модели преку кои ги прикажуваат развојните фази на изработка на елементите од мебел и презентација преку фотографии и видео анимации. Изработените елементи од мебел од студио внатрешна архитектура 2 се применети во проектот за модно студио што студентите го изработуваат по предметот ентериер 2.

60 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 61


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

ЕНТЕРИЕР 2 ВИЗУЕЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ 1

ПРОЕКТ МОДНО СТУДИО СТУДЕНТИ СТЕФАНИЈА ЏЕПОВСКА | СТЕЛА ВЕЛИЌ | НЕНАД СИМОСКИ

ТЕМА: Наставната програма на овој предмет опфаќа подрачје во ентериерот кое ги обработува работните простори преку запознавање со проектантските норми и стандарди за проектирање на административни објекти заради запознавање на спецификите на содржинско функционалните просторни елементи. Следниот чекор е изучување на секундарните елементи на ентериерот – потребниот мебел и опрема како и нивната меѓусебна зависност определена со технолошките процеси кои се одвиваат во ваквите простори. комбинирањето на ваквите елементи градат едноставни, помалку сложени и сложени просторни композиции со издржани функционални и естетски квалитети. Студентите ја разработуваат семестралната задача преку просторен модел, за кој ги изработуваат сите елементи кои го дефинираат просторот. Во проектот се применети елементите од мебел и опрема кои студентите ги изработуваат во рамки на предметот студио внатрешна архитектура 2.

62 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 63


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 2 ОБЈЕКТИ ОД КУЛТУРА

ПРОЕКТ ДОМ НА КУЛТУРА СТУДЕНТИ ЛИНДИТА БАКИУ | ЕЛЕНА АНТЕВСКА | СИМОНА ГАРЕСКА | ИГОР МАРКОВ | МИЛАН ДАМЕСКИ | АДЕЛИНА РАКИПИ | АДРИАТИК ИМЕРИ | МАРИЈА ДИМИТРИЕВСКА

ТЕМА: Наставата во рамките на предметот, овозможува стекнување знаења потребни за професионално решавање на задачи при проектирање на објекти од областа на културата. Процесот подразбира теоретско запознавање со развитокот на објектите низ времато и изучување на клучни аспекти од планирањето, програмирањето и организацијата на истите во современи услови и практична изработка на семестрален проект. Семестралната задача во учебната 2012/13 година се бави со специфичен однос кон градителското наследство низ решавање на проблемот на организација на просторот за потребата на институција од областа на културата, со комлексна, повеќефункционална програмска содржина. Објектот е лоциран во споменикот на културата: стара скопска чаршија. Големината на локацијата сугерира просторно димензионирање на содржините на новопроектираната културна институција со камерни капацитети.

64 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 65


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

СТУДИО ПРОЕКТИРАЊЕ 2

ПРОЕКТ ХИБРИДЕН ТРГОВСКИ ПРОСТОР НА МЕСТОТО НА БИТ ПАЗАР ВО СКОПЈЕ СТУДЕНТИ НАДИЦА АНЃОВА; СИМОНА ГАРЕСКА, ЕМИЛИЈА ЛИПТОВА | 3АДРИЈАТИК ИМЕРИ, АЛБУЛЕНА БЕКИРИ, МАНУШАКЕ СУЛЕМАНИ |

ТЕМА: Програмата на Студио архитектонско проектирање 2 предвидува планирање, програмирање и проектирање на комплексни објекти од област на трговијата при што студентите се запознаваат со карактеристиките на историскиот развој на ваква значајна локација со импресивен временски континуум на функции и содржини; програмска и типолошка генеза на трговските зградите и нивната класификација во епохата на модерниот развој на Скопје; планерско-програмски аспекти (зонирање – стокавработени-купувачи, регулатива и нормативи); просторно организациски аспекти – комуникациски системи во поедините зони: сегрегирани, преклопени измешани; конструктивно-технолошки барања. Предмет на ваквото студиско работење во 8 семестар – школска 2012/2013 е Изработка на архитектонско-урбанистички проект за Хибриден трговски простор на местото на Бит пазар во Скопје. Зададениот простор е ограничен со јаки просторно-историско-ментални енергии, напластени историски периоди кои во голема мера влијаат врз просторно-обликовните концепти, а воедно претставуваат и инспиративни моменти за архитектонска креација.

66 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 67


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

УРБАН ДИЗАЈН 2

ПРОЕКТ ДЕЛОВНА ЗГРАДА НА МОДНА КУЌА СТУДЕНТИ СИМОНА ГАРЕСКА, НАДИЦА АНЃОВА, ЕМИЛИЈА ЛИПТОВА | 3АДРИЈАТИК ИМЕРИ, АЛБУЛЕНА БЕКИРИ, МАНУШАКЕ СУЛЕМАНИ |

ТЕМА: Во контекст на оваа задача студентите добија предизвик урбанистички да ги преиспитаат контактните зони на заштитената зона на Чаршијата а во склоп на тоа да ја земат во предвид пазаришната зона Бит Пазар. Аналитичи задачата беше разложена на повеќе сегменти кои варираа од група до група. Проектната програма и методолшкиот пристап беше слободно оставен на студентите саим да го изнајдат и предложат. Зафатот се протегаше од појасот долж булеварот Крсте Петков Мисирков па се до Албанскиот Театар и конекцијата со Куршумли Ан. Синтетскиот дел беше замислен да студентите креираат своја програма и истата ја имплементираат во ново замисленото урбанистичко опкружување и вметнување во непосредниот контекст.

68 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 69


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 08

АРХИТЕКТУРА НА СЦЕНСКИ ПРОСТОР

ПРОЕКТ АДАПТАЦИЈА НА БЕЗИСТЕН СТУДЕНТИ НЕНАД СИМОСКИ | СТЕЛА ВЕЛИЌ | СТЕФАНИЈА ЏЕПОВСКА

ТЕМА: Целта на предметот е запознавање на студентите со методологијата на создавање, како и запознавање и изучување на основните поими на сценскиот простор, негово проектирање односно организирање и обликување на архитектонско-сценски простор. Програмата опфаќа вовед во сценскиот простор, негово оформување преку изработка на скици, цртежи, работни цртежи, модели. За предметот архитектура на сценски простор, студентите прават анализа на постојната состојба на безистен и изработуваат проект за адаптација на просторот на безистен преку воведување на нови содржини.

70 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 71


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 09

СТУДИО ПРОЕКТИРАЊЕ 3

ПРОЕКТ ПАВИЉОНИ НА EXPO ВО СКОПЈЕ СТУДЕНТИ ЛУЦИЈА МАТИЌ, ФИЛИП КОЧЕВСКИ, ИГОР НИКОЛОВСКИ | АНА ХРИСТОВА, ДИМИТРА ЈОВАНОВСКА |

ТЕМА: Програмата на Студио архитектонско проектирање 3 генерално предвидува планирање, програмирање и проектирање на комплексни објекти при што студентите се запознаваат со карактеристиките на историскиот развој; програмска и типолошка генеза на зградите и нивната класификација; планерско-програмски аспекти (зонирање, регулатива и нормативи); просторно организациски аспекти; конструктивно-технолошки барања. Предмет на ваквото студиско работење во 9 семестар – школска 2012/2013 е Изработка на архитектонско-урбанистички проект за Светската изложба ЕКСПО Скопје. Локација на вака замислената програма е просторот на левата страна на реката Вардар во месноста позната како Подкале. Зададениот простор е ограничен со јаки просторно-историско-ментални енергии кои во голема мера влијаат врз просторно-обликовните концепти, а воедно претставуваат и инспиративни моменти за архитектонска креација.

72 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 73


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ | СЕМЕСТАР 07 / 09

ДИЗАЈН НА МЕБЕЛ И ОПРЕМА ЕЛЕМЕНТИ НА ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА

ПРОЕКТ ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТЕН ПРОСТОР СТУДЕНТИ БИЛЈАНА СТОЈКОСКА | НЕНАД СИМОСКИ | СТЕЛА ВЕЛИЌ

ТЕМА: Студентите прават анализа на референтни елементи од мебел и опрема, преку анализа на целокупното творештво на авторите. Се анализираат материјалите и носивоста на елементите од мебел, како и технологијата на изработка. Врз основа на направените анализи студентите проектираат елементи од мебел, кои ги разработуваат преку цртежи – идејни решенија, предлог за примена на материјали и начин на спојување. Студентите изработуваат серија на елементи од мебел кои во последната фаза од семестралниот проект ги применуваат во ентериерно уредување на работен простор.

74 | УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ · ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013 | 75


СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ПРВ ЦИКЛУС

НАСОКА

АРХИТЕКТУРА

ПРВ СЕМЕСТАР Архитектонско проектирање 1 Нацртна геометрија со техничко цртање Математика Изборен Изборен Изборни предмети: Вовед во менаџмент Дизајн на мебел 1 Визуелно изразување 1 Западна цивилизација ВТОР СЕМЕСТАР Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 1 Сликање и пластично обликување Перспектива Визуелно изразување 2 Изборен Изборен Изборен Пракса 1 Изборни предмети: Архитектонско проектирање 2 Техники на визуелно изразување 1 Философија Англиски јазик 1 Компјутерски апликации 1 Компјутерски апликации 2

ТРЕТ СЕМЕСТАР Компјутерска графика 1 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 2 Материјализација на архитектонски простор Изборен Изборен Изборни предмети: Архитектонско проектирање 3 Архитектонски конструкции 1 Техники на визуелно изразување 2 Дизајн на мебел 2 ЧЕТВРТИ СЕМЕСТАР Компјутерска графика 2 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 3 Графички дизајн Изборен Изборен Пракса 2 Изборни предмети: Архитектонско проектирање 4 Архитектонски конструкции 2 Основи на скулптура Дизајн и мултимедија

ПЕТТИ СЕМЕСТАР Детал во архитектурата Ентериер 1 Теорија на форма Дизајн на урбана опрема Изборен Изборни предмети: Архитектонско проектирање 5 Техники на визуелно изразување 3 ШЕСТИ СЕМЕСТАР Ентериер 2 Проектирање на јавни згради Македонска архитектура XIX - XX век Изборен Изборен Дипломски труд или завршен испит Пракса 3 Изборни предмети: Основи на урбанизмот Архитектонско проектирање 6 Менаџмент на информациони системи Архитектура на сценски простор


СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ПРВ ЦИКЛУС

НАСОКА

ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА

ПРВ СЕМЕСТАР Нацртна геометрија со техничко цртање Архитектонско проектирање 1 Изборен Изборен Изборен

ТРЕТ СЕМЕСТАР Компјутерска графика 1 Архитектонско проектирање 3 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 2 Изборен Изборен

Изборни предмети: Вовед во менаџмент Техники на визуелно изразување 1 Визуелно изразување 1 Англиски јазик 1 Философија Западна цивилизација

Изборни предмети: Ентериер 1 Дизајн на мебел 1 Техники на визуелно изразување 3 Архитектонски конструкции 1

ВТОР СЕМЕСТАР Сликање и пластично обликување Перспектива Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 1 Визуелно изразување 2 Изборен Изборен Пракса 1 Изборни предмети: Архитектонско проектирање 2 Техники на визуелно изразување 2 Компјутерски апликации 1 Менаџмент на информациони системи

ЧЕТВРТИ СЕМЕСТАР Архитектонско проектирање 4 Компјутерска графика 2 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 3 Изборен Изборен Пракса 2 Изборни предмети: Ентериер 2 Материјализација на архитектонски простор Основи на скулптура Архитектонски конструкции 2

ПЕТТИ СЕМЕСТАР Детал во архитектурата Индустриски дизајн 1 Теорија на форма Дизајн на урбана опрема Изборен Изборни предмети: Ентериер 3 Техники на визуелно изразување 3 Стратешки Бренд Менаџмент ШЕСТИ СЕМЕСТАР Индустриски дизајн 2 Македонска архитектура XIX - XX век Изборен Изборен Дипломски труд или завршен испит Пракса 3 Изборни предмети: Дизајн на мебел 2 Архитектура на сценски простор Графички дизајн 1 Дизајн и мултимедија Менаџмент на информациони системи


СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ПРВ ЦИКЛУС

НАСОКА

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

ПРВ СЕМЕСТАР Техники на визуелно изразување 1 Нацртна геометрија со техничко цртање Изборен Изборен Изборен

ТРЕТ СЕМЕСТАР Компјутерска графика 1 Ентериер 1 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 2 Изборен Изборен

ПЕТТИ СЕМЕСТАР Архитектура на сценски простор Осветлување Теорија на форма Изборен Изборен

Изборни предмети: Вовед во менаџмент Архитектонско проектирање 2 Стратешки Бренд Менаџмент Визуелно изразување 1 Англиски јазик 1 Екологија и одржлив развој Балкански студии

Изборни предмети: Техники на визуелно изразување 3 Графички дизајн Архитектонско проектирање 2 Ентериер 3

Изборни предмети: Индустриски дизајн 1 Основи на скулптура Архитектонско проектирање 3 Архитектонски конструкции 2

ЧЕТВРТИ СЕМЕСТАР Компјутерска графика 2 Ентериер 2 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 3 Изборен Изборен Пракса 2

ШЕСТИ СЕМЕСТАР Филмска сценографија Индустриски дизајн 2 Костимографија Изборен Дипломски труд или завршен испит Пракса 3

Изборни предмети: Дизајн на мебел 1 Графички дизајн 1 Материјализација на архитектонски простор Архитектонски конструкции 1

Изборни предмети: Дизајн и мултимедија Архитектонско проектирање 4

ВТОР СЕМЕСТАР Сликање и пластично обликување Перспектива Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 1 Визуелно изразување 2 Изборен Изборен Пракса 1 Изборни предмети: Техники на визуелно изразување 2 Менаџмент на информациони системи Компјутерски апликации 1 Западна цивилизација


СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ПРВ ЦИКЛУС

НАСОКА

АРХИТЕКТУРА И МЕНАЏМЕНТ

ПРВ СЕМЕСТАР Архитектонско проектирање 1 Нацртна геометрија со техничко цртање Математика Изборен Изборен Изборен

ТРЕТ СЕМЕСТАР Архитектонско проектирање 3 Архитектонски конструкции 1 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 2 Компјутерска графика 1 Изборен

Изборни предмети: Вовед во менаџмент Графички дизајн 1 Англиски јазик 1 Визуелно изразување 1 Техники на визуелно изразување 1 Философија

Изборни предмети: Бизнис Етика Графички дизајн 1

ВТОР СЕМЕСТАР Компјутерски апликации 1 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 1 Сликање и пластично обликување Визуелно изразување 2 Изборен Изборен Пракса 1 Изборни предмети: Архитектонско проектирање 2 Техники на визуелно изразување 2 Дизајн на мебел 1 Компјутерски апликации 1

ЧЕТВРТИ СЕМЕСТАР Архитектонско проектирање 4 Архитектонски конструкции 2 Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 3 Изборен Изборен Пракса 2 Изборни предмети: Менаџмент на информациони системи Стратешки Бренд Менаџмент Ентериер 2 Техники на визуелно изразување 1

ПЕТТИ СЕМЕСТАР Детал во архитектурата Архитектонско проектирање 5 Ентериер 1 Теорија на форма Изборен Изборни предмети: Деловен модул 3 Графички дизајн 1 ШЕСТИ СЕМЕСТАР Основи на урбанизмот Проектирање на јавни згради Архитектонско проектирање 6 Графички дизајн Изборен Пракса 3 Изборни предмети: Облигационо право Ентериер 3


СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ВТОР ЦИКЛУС

СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ВТОР ЦИКЛУС

НАСОКА

НАСОКА

АРХИТЕКТУРА

ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА

4-ТА ГОДИНА МАСТЕР

5-ТА ГОДИНА (МАСТЕР)

4-ТА ГОДИНА (СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА)

5-ТА ГОДИНА (МАСТЕР)

СЕДМИ СЕМЕСТАР Архитектонски конструкции Урбан дизајн 1 Ентериер 1 Изборен Изборен Изборни предмети: Архитектонско проектирање 1 Студио проектирање 1 Историско и градителско наследство 1 Визуелно изразување 1

ДЕВЕТИ СЕМЕСТАР Боја, дизајн и архитектура Естетика/Визуелна реторика Одржливо проектирање Изборен Изборен Изборни предмети: Архитектонско проектирање 3 Студио проектирање 3 Историско и градителско наследство 3 Претприемништво

СЕДМИ СЕМЕСТАР Естетика/Визуелна реторика Елементи на внатрешна архитектура Боја, дизајн и архитектура Изборен Изборен Изборни предмети: Ентериер 1 Студио внатрешна архитектура 1 Историско и градителско наследство 1 Визуелно изразување 1

ОСМИ СЕМЕСТАР Архитектонска типологија Урбан дизајн 2 Изборен Изборен Изборен Пракса 4 Изборни предмети: Архитектонско проектирање 2 Историско и градителско наследство 2 Визуелно изразување 3 Студио проектирање 2 Научно истражување и критичко размислување Деловен англиски јазик

ДЕСЕТИ СЕМЕСТАР Теорија на архитектурата и дизајнот Изборен Магистерски труд Изборни предмети: Современа арх. ентериер и дизајн Квалитативни истражувања

ОСМИ СЕМЕСТАР Ентериер 2 Теорија на архитектурата и дизајнот Изборен Изборен Специјалистички труд Пракса 4 Изборни предмети: Студио внатрешна архитектура 2 Историско и градителско наследство 2 Научно истражување и критичко размислување Деловен англиски јазик

ДЕВЕТИ СЕМЕСТАР Одржливо проектирање Дизајн 1 Ентериер 3 Изборен Изборен Изборни предмети: Студио внатрешна архитектура 3 Современа архит.,ентериер и дизајн Квалитативни истражувања Историско и градителско наследство 3 Визуелно изразување 3 Претприемништво ДЕСЕТИ СЕМЕСТАР Теорија на архитектурата и дизајнот Изборен Магистерски труд Изборни предмети: Дизајн 2 Архитектонско проектирање 3


СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ВТОР ЦИКЛУС

СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ВТОР ЦИКЛУС

НАСОКА

НАСОКА

ГРАДИТЕЛСКО НАСЛЕДСТВО

АРХИТЕКТУРА И МЕНАЏМЕНТ

4-ТА ГОДИНА (МАСТЕР)

5-ТА ГОДИНА (МАСТЕР)

4-ТА ГОДИНА (СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА)

5-ТА ГОДИНА (МАСТЕР)

СЕДМИ СЕМЕСТАР Архитектонски конструкции Урбан дизајн 1 Ентериер 1 Изборен Изборен Изборни предмети: Историско и градителско наследство 1 Студио градителско наследство 1 Ентериер 3 Визуелно изразување 1

ДЕВЕТИ СЕМЕСТАР Боја, дизајн и архитектура Одржливо проектирање Естетика/Визуелна реторика Изборен Изборен Изборни предмети: Историско и градителско наследство 3 Студио градителско наследство 3 Визуелно изразување 3 Претприемништво

СЕДМИ СЕМЕСТАР Архитектонско проектирање 1 Урбан дизајн 1 Ентериер 1 Изборен Изборен Изборни предмети: Деловен модул 1 Претприемништво Архитектонски конструкции Визуелно изразување 1

ДЕВЕТИ СЕМЕСТАР Архитектонско проектирање 3 Одржливо проектирање Естетика/Визуелна реторика Изборен Изборен Изборни предмети: Деловно планирање Студио проектирање 1 Студио визуелно изразување 3 Современа архитектура,ентериер и дизајн

ОСМИ СЕМЕСТАР Конзервација и ревитализација Урбана и арх. Ревитализација Изборен Изборен Изборен Пракса 4 Изборни предмети: Историско и градителско наследство 2 Студио градителско наследство 2 Визуелно изразување 3 Дизајн 2 Научно истражување и критичко размислување Деловен англиски јазик

ДЕСЕТИ СЕМЕСТАР Теорија на архитектурата и дизајнот Изборен Магистерски труд Изборни предмети: Современа арх. ентериер и дизајн Квалитативни истражувања

ОСМИ СЕМЕСТАР Архитектонско проектирање 2 Урбан дизајн 2 Изборен Изборен Изборен Специјалистички труд и пракса Изборни предмети: Дизајн 2 Деловен модул 4 Научно истражување и критичко размислување Современа арх. ентериер и дизајн Квалитативни истражувања Деловен англиски јазик

ДЕСЕТИ СЕМЕСТАР Теорија на архитектурата и дизајнот Изборен Магистерски труд Изборни предмети: Деловен модул 2 Визуелно изразување 3


СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ВТОР ЦИКЛУС

НАСОКА

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

4-ТА ГОДИНА (СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА)

5-ТА ГОДИНА (МАСТЕР)

СЕДМИ СЕМЕСТАР Естетика/Визуелна реторика Ентериер 1 Боја, дизајн и архитектура Изборен Изборен Изборни предмети: Визуелно изразување 1 Студио визуелно изразување 1 Архитектонско проектирање 1 Историско и градителско наследство 1

ДЕВЕТИ СЕМЕСТАР Композиција и фотографија Дигитална уметност Дизајн 1 Изборен Изборен Изборни предмети: Визуелно изразување 3 Студио визуелно изразување 3 Архитектонско проектирање 3 Студио проектирање 3

ОСМИ СЕМЕСТАР Визуелно изразување 2 Теорија на архитектурата и дизајнот Изборен Изборен Специјалистички труд Пракса 4 Изборни предмети: Студио визуелно изразување 2 Архитектонско проектирање 2 Научно истражување и критичко размислување Деловен англиски јазик

ДЕСЕТИ СЕМЕСТАР Теорија на архитектурата и дизајнот Изборен Магистерски труд Изборни предмети: Историско и градителско наследство 3 Претприемништво Дизајн 2 Современа архитек,ентериер и дизајн


ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

НАСТАВЕН И СОРАБОТНИЧКИ КАДАР

НАСТАВНИЦИ

СОРАБОТНИЦИ

Проф. Викторија Еремеева, декан Проф. Кокан Грчев, продекан Проф. Мишко Ралев, продекан

Љупчо Јованов Дита Старова Владимир Десков Сашо Блажевски Иван Мирковски Максим Наумовски Бранислава Ѓорѓевиќ Оливер Илиевски Нина Карангелеска Елена Пазарџевска Тина Крлиу Ирина Грчева Ана Велинова Фетах Фетаху Паолина Милушева Мартин Деловски Дамјан Момировски

Проф. Владимир Ладински Проф. Андреј Лепавцов Проф. Мартин Гулевски Проф. Ермис Лафазановски Доц. Зоран Поповски Доц. Тони Васиќ Доц. Виолета Бакалчев


СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗА

ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ

ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

1. Програма за архитектура

1. Програма за архитектура

2. Програма за внатрешна архитектура

2. Програма за градителско наследство

3. Програма за визуелни уметности

3. Програма за внатрешна архитектура

4. Програма за архитектура и менаџмент

4. Програма за визуелни уметности 5. Програма за архитектура и менаџмент


ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2012/2013

ЧИФТЕ АМАМ - НГМ, СКОПЈЕ ЈУНИ 2013 ИЗДАВАЧ: УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ОРГАНИЗАТОР: ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН ПЕЧАТИ: СОФИЈА, БОГДАНЦИ ТИРАЖ: 300 ПРИМЕРОЦИ



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.