Spring feasts

Page 1


дојде пролетта!

Македонскиот народен календар претставува богата ризница на културно и духовно богатство, поврзано со многу верувања и обредни активности. Луѓето, животот и активностите ги организирале според својот народниот календар кој е сложен систем на правила на однесување. Народниот календар ги објаснувал цикличните промени на природата и природните појави. Годината се доживувала како затворен круг кој има почеток и крај, но исто така има и особина на препородување, обновување. Почетокот на нов годишен циклус претставувал реактуализација на космогонијата која подразбира повторување на времето од неговиот почеток, какво било во моментите на неговото создавање. Новиот циклус треба да обезбеди обновување на се што времето истрошило, а времето го трошело човекот, општеството, космосот. Преку воспоставување на системот на празници низ годината, луѓето ја остварувале периодичната реактуализација на првобитните создавања. Затоа, „празникот не е неработен ден, не е празен ден, туку напротив, тој е густо исплонет со многу обредномагиски активности“, преку кои учесниците успеваат да извршат еден друг вид на работа. Важноста и значењето на празниците и празничната обредност, има пресудно значење за културите кои во својот систем го имаат празничниот систем како форма на регулирање на социјалните односи" (Љ. Ристески 2005), каков што е во народната култура на Македонците. Календарските обредни циклуси се динамични системи, кои се подложни на трансформации, кои се јавуваат како резултат на разни историски и културни промени и влијанија. Народниот календар на Македонците е


сложен систем чиj редослед на празнувања воглавно го следи христијанскиот црковен календар и го одредува неговиот состав, распоред, хиерархија на единиците, но богат е и со елементи од аграрниот и астралниот светоглед, како и претхристијански сакрални аспекти од старословенското и старобалканското религиско наследство. Во народната култура на Македонцитe пролетниот циклус на обичаи завзема важно место, поради верувањето за почетокот на новата година со доаѓањето на пролетта. Пролетта е период на заживување на земјата, тоа е почеток на вегетативниот циклус и во овој период голем дел од обредната активност има за цел прослава на обновувањето, воскреснувањето на природата и нејзината плодоносна моќ. Бидејќи плодоносната моќ е женска карактеристика, а обредни активности требало да се обезбедат плодност и бериќет, главни учесници во активностите биле женските членови од заедницата. Затоа, пролетниот циклус на празници изобилува со мноштво на обичаи поврзани со вегетацијата, како што се берење на билки, цвеќе, запотки, нишање на нишалки закачени на родно дрво, обичаи поврзани за здравјето и плодноста на луѓето, верувања и обичаи во врска со будењето и излегувањето на животните, како и враќањето на птиците преселници. Паралелно со будењето на природата и вегетацијата, се започнувало со стопански активности, пропратени со многу обичаи и верувања поврзани со почетокот на земјоделските активности, стоката, колењето на првото јагне, обичаите за почетокот на нови работи и слично. Почетокот на секој нов циклус, секогаш бил проследен со голем број стравови и надежи за она што ќе го донесе претстојниот период, па затоа

во пролетниот циклус се содржани и голем број обичаи поврзани со претскажувања и магиски елементи. И христијанскиот календар, во овој период структурирал голем број важни христијански празници меѓу кои најголемиот, Велигден или Христово Воскресение, кои со својата сила и важност ги препокриле постарите културни слоеви и верувања. Христијанските празници се наметнале како примарен белег на годишниот календар, но сепак голем дел од постарите слоеви на верувања и активности кои биле од особена важност за организирање на социјалниот и стопанскиот живот на луѓето, опстојале инкорпорирани во христијанскиот празничен систем. Изложбата „Пролетни празнувања“ има за цел да го презентира богатсвото на верувања и обичаи кои луѓето од Скопје и скопските села ги практикувале, а во симплифицирани и трансформирани форми ги практикуваат и денес. Пролетниот циклус на празници започнува со Летник, но презентацијата започнува со Прочка, обредната структура од Покладниот период, како важен период на премин од зимскиот во пролетниот циклус.


04

ПРОЧКА – ПРОСТУВАЊЕ Подвижен празник „се паѓа на различни денови“, но секогаш 40 дена пред Велигден Прочка е празник пред најважниот и најдолгиот пост во годината, Велигденскиот пост. Цела седмица наречена „Бела недела“ или „Сирници“ пред Прочка се јаделе млечни производи. Последниот ден од неделата се прославува Прочка, ден на простување, чистење на гревовите и лошите мисли. Прошка бара помладиот од постариот, од најблиските баба и дедо, родители, кум, и сите останати. Прошка се бара со зборовите: „Прости ми ако сум ти згрешил!“, а соговорникот одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога!“. Прочка се прославувала во кругот на семејството со семеен ручек, за кој се подготвувала богата трпеза. Во градот Скопје при чинот на простување се дарувал портокал или чурек (специјално припремен леб) на оној од кого се барала прошка. (А. Крстева, С. Христова, Т. Ѓорѓиовска, Прославување на Прочка, МГС, 2007). Главната активност во текот на ручекот бил обичајот „амкање на јајце“. Најстариот член на семејството го врзувал јајцето (некаде и бела растеглива алва) со коноп или конец на сукало или фурка, и го закачувал на таванот или на лустер. Јајцето се вртело околу масата и децата се обидувале да го дофатат со устата. Дедето кое ќе успее да го дофати јајцето се верувало дека ќе биде најсреќно таа година. По завршување на амкањето, конецот со кој било врзано јајцето се горел за секој член од семејството, и во зависнот од јачината на пламенот се претскажувало за среќата и за животот на секој член од семејството. Овој обичај се правел во градот Скопје, и во селата од Скопска Црна Гора. Денес сеуште се практикува во некои семејства како забава за децата.

Главна карактеристика на обичаите на премин од еден циклус во друг, било маскирањето. Надвор од семејните прославувања, Прочка се прославувала и на јавен простор и во градот Скопје и во околните села. Главното собирање се одвивало на плоштадот во градот и на главните улици Краљ Петар (денешна улица Македонија) и улицата Војвода Путник (кејот на река Вардар). Во градот Скопје, во периодот помеѓу двете светски војни луѓето се маскирале во народна носија, облеки од модата „ала турка“ или „ала франга“ или во ромска облека. Во Офицерски дом, Поштенски дом биле организирани забави под маски (А. Крстева, С. Христова, Т. Ѓорѓиовска, Прославување на Прочка, МГС, 2007) По Втора светска војна во градот се минимализирала јавната прослава на Прочка, а во периодот на 70- тите и 80- тите години, прославувањето на Прочка повторно добило јавен карактер, преку собирање на скопјаните на плоштадот и на Скопското Кале (А. Крстева, С. Христова, Т. Ѓорѓиовска, Прославување на Прочка, МГС, 2007). Денес, во градот Скопје нема организирана прослава со маски за Прочка. Во околината на Скопје, во селата Љубанци, Кучевиште, Глуво, Бразда и Бањани и во минатото, а во селата Кучевиште и Љубанци до денешен ден се оддржува прослава на Прочка со маски. Во овој предел обичајот под маски се нарекувал „сурати“ или „сурети“. Во минатото, обредната дружина била сочинета само од маскирани мажи кои се маскирале во невеста, младоженец, баба, дедо, кум, старосват, момак, поп, доктор, страшните маски сурети и сл. Денес, маскенбалот добил нов и модерен карактер. Основната традиционална група на маски и сурати и денес се неизоставни и ја имаат клучната улога во современиот перформанс. Освен мажите се маскираат


Детско фустанче за маскирање за Прочка Инв бр. 3038

Девојки во ромска облека на Прочка, 1930 година. Инв бр. 19408

Children's masking dress for PROČKA Carnival Inv. No. 3038

Girls dressed in Romani clothes for the Pročka (Forgiveness Sunday) Carnival, year 1930. Inv No. 1948

Девојче со магаре, облечено за Прочка, Фамилија Чучукпетрови. Инв бр.3426 Girl with a donkey, masked for Pročka Carnival, a photo from the album of the Family Chukchupetrov. Inv No.3426


06

и жени и деца во најразлични модерни маски инспирирани со теми од општественото и политичкото опкружување. Маскирната поворка прави обиколка на сите главни патишта низ селото, задржувајќи се на позначајните раскрсници, на мостови, чешми и на сред село. Во современата варијанта на маскирните дефилеа учествуваат сите мажи, жени и деца. На клучните места каде поворката застанува, играат и пеат само традиционалните маски на невестата, зетот, бабата и дедото. Во минатото маскирната поворка имала изразени еротски елементи на мотивот селска свадба и еротските сцени на „смрт“, „лечење“, „оживување“. Учесниците зет и невеста, баба и дедо кои претставувале нова и стара плодна двојка, всушност претствувале единство на машките и женските космички принципи. Во поново време играта е многу посимплифицирана, еротската конотација е присутна, но не толку експлицитна, а перформансот се сведува на играње оро и конзумирање на алкохол од страна на "невестите", „бабата“, „дедото“, „зетот“ и другите. Обредите со маски од овој тип, претставуваат своевидни миметски игри кои имале за цел обезбедување на плодородието и благосостојбата во претстојниот период (Трпески Д. , 2015). Во некои села (селата од Скопска Црна Гора, Водно, Лисиче, Романовце, Дељадровце, Дивље), прославувањето на Прочка завршувало со палење на обредни огнови. Младите ги прерипувале огновите и се црнеле со пепелта. Палењето обредни огнови и нивно прескокнување е обичај кој има очистителна моќ. Првиот ден по Прочка е Чист понеделник. Се чистел домот и се переле сите алишта. Целата покуќнина за готвење на храна се чистела со вриење со пепел, за да се исчисти маснотијата. Целата седмица била посветена на чистота на куќата и душата на луѓето.

ТОДОРОВА САБОТА-ЗДРАВЈЕ Подвижен празник, првата сабота по Прочка Првата сабота по Прочка е празникот Тодорица или Тодорова сабота. Празникот бил посветен на стоката- воловите. Овој ден воловите биле ослободени од работа. Празникот започнувал претходниот ден. Во селата од Скопска Црна Гора и Скопска Блатија, жените вареле пченично и пченкарно семе и го носеле во црква и раздавале за душа на умрените. Дел од житото го фрлале нагоре, и она што успевале да го фатат пред да падне на земја го чувале за лек на децата и стоката. Останатото жито се употребувале за крмење на стоката. Во селото Драчево житото што го раздавале во црквата, го раздавале за „тиќе“ односно за здравје на живината. Житото во селата се раздавало за „машко здравје“, „женско здравје“, „ воловско здравје“, „ коњско здравје“ и друго. Во црква жените носеле и обреден леб „тодоречки леб“. Обредниот леб бил погача, печен со главица лук ставена на тестото. Лебот бил украсен со разни фигури како трло, јагниња, волови, јареми, а некаде со поскурници. Во средината лебот имал вдлабнатина за свеќа. Погачата се раздавала за здравје на стоката. Дел од погачата се чувал за лек, а лукот служел за лечење од очобол. Младите верувале дека на овој ден со разни обичаи можат да го предвидат идниот брачен другар, а преку преносна магија младите девојчиња почнувале да учат да везат. На Тодорова сабота луѓето кои постеле еден или три дена строг пост оделе во црква на причесна. Децата, старите и болни луѓе се причестувале бидејќи неможеле да го издржат целиот Велигденски пост, а постеле само првата недела. Невестите кои се омажиле во годината меѓу две Тодорици, со свекрвите оделе во црква, каде се молеле за пород. На соборот пред црквата, невестите заигрувале оро.


Сурети, Карневал за Прочка, с.Љубанци. Фотографија од терен 2016 година “Sureti” masks, Pročka Carnival in the village Ljubanci. Photography from a eld research, year 2016

Баба, дедо, зет и невеста, Карневал за Прочка, село Љубанци. Фотографија од терен 2016 година Masks of ” grandmother”,” grandfather”, “groom” and “bride”, Pročka Carnival in the village Ljubanci. Photography from a eld research, year 2016.


08

Во Скопје празникот имал посимплифицирани обичаи. Се одело на причесна во црква, после првиот тримир. Се прославува и денес и се оди за причест во црква. Празникот добил форма на домашна прослава или именден кои го прославуваат поединци со име на светецот. Продолжува пролетното прославување со воведување на обреди кои се посветени на култот на природата, нејзиното заживување, обезбедување на бериќет и пород. Лебот и пченицата се симболи на плодноста, а младите девојки и невести, симболично се воведуваат во женската плодоносна сила. ЛЕТНИК - МЕЃА Фиксен датум 1 март по стар или 14 март по нов календар Празникот кој го одделува зимата од пролетта е Летник и се именува како меѓник. Се верувало дека од овој ден времето „се врти“ кон лето. На Летник се изведувале многу обичаи. Обредите со вегетацијата биле прослава на обновувањето на природата. Претходниот ден се береле билки (дрен, кукурек), а од нив се правеле запотки со кои се запотнувале вратите од куќите, креветите, ношвите, огништето и стопанските објекти. Верувањето во заштитната моќ на одредени растенија, значело впрегнување на плодоносната енергија, која преку преносна магија ќе донесе бериќет на се во домот. Некаде на Летник се практикувал и обредот на занишување. На Летник се изведувале обичаи за бркање на змии, гуштери, болви и други. Во Скопска Блатија се палеле буништа, или малку слама (да чади),

со цел заштита на овошките од слана или мраз (село Зелениково), заштита од болви (село Горно Лисиче) или змии (село Драчево). Поради заштита на куќите и чист почеток на пролетта, освен метењето на куќата, била забранета другата секојдневна работа. Амајлии – заштита на Летник биле мартинките. Се изработувале во цела Македонија. Мартинките се носеле како алки на рацете, околу врат, се зашивале околу појасот, на нозете, а понова варијанта како брош над градите. Се изработувале со усукување на бел и црвен конец, со верување „детето да биде бело и црвено“, а двата краја се спојувале со восок. Некогаш се украсувале и со дупната стара пара. На децата се ставале „одвечер“ додека спиеле или наутро. Мартинки носеле и возрасните. Главната апотропејска моќ на амајлијата е во бојата на конците, црвената боја е симбол на крвта, на животната сила, а белата боја го симболизира хтонскиот подземниот свет, таа е боја на смртта. Со амајлијата се спојуваат принципите на животот и смртта, со давање симболична жртва за умилостивување на хтонските сили, и обезбедување заштита, здравје, напредок (Петреска В, 1998). Мартинките се носеле до првото видување на ластовица или штрк. Во градот Скопје се изработувале мартинки кои децата ги носеле најчесто на раката, а и до денес оваа практика, иако многу поретко, сепак се практикува. Денес во скопското култно кафуле за млади „Љубов“, сите гости на 1 март со кафето добиле мартинка од увртен бел и црвен конец, кои биле изработени од деца со посебни потреби.


Мартинки, амајлии изработени од бел и црвен конец, и украсени со пара, копче, реси и друго. “Martinki", amulets made by twisting white and red threads and decorated with a coin, button, fringes etc.

Поскурник, мал дрвен печат со квадратна форма. Површината на печатот претставува издлабена птица - ластовичка. Инв бр.1276. Poskura, a small wooden seal with square shape. On the surface of the seal there is a carved bird- swallow. Inv No.1276


10

МЛАДЕНЦИ - МЛАДОСТ Фиксен празник на 22 март (Христијански празник 40 Севастијски маченици) Младенци е ден на пролетната рамноденица и почеток на пролетта. Во народната обредна практика на овој празник преовладуваат обичаи кои имаат претхристијански карактер. Празникот е поврзан со бројот 40, кој има големо симболичко значење во народната религија, па затоа на овој ден се изведувале активности каде бројот 40 играл важна улога. Така во село Горно Лисиче требало да испијат 40 чашки ракија, некаде се „сучеле“ 40 кори и друго. Христијанскиот празник е посветен на Свети 40 великомаченици од Севастија. Се верувало дека на овој ден доаѓаат птиците преселници, и секој требал „да касне“ барем еден залак леб за да не ги пречека „на гладно срце“. Во селата од Скопска Црна Гора и Скопски Дервен се верувало дека излегувале змиите од своите скривалишта. Култот кон змиите особено бил развиен во селото Орман. На ридот Змијарник и црквата Свети 40 маченици, во близината на селото Орман се собираат многу луѓе од околните села, и денес. Доаѓале луѓе на кои им била потребна помош, болни, жени неротки, немажени девојки и други. Пред дупките од каде што се очекувало да излезат змиите, оставале разни нишани, најчесто облека и чекале змиите да излезат и да поминат преку нивниот нишан. Се верувало дека ако змијата помине преку нишанот, болниот ќе оздраве, жената без деца ќе роди, девојката ќе се омажи. Според кажувањата на луѓето, „и снег да имало дента и да било ладно времето“, сепак змијата излегувала Овој култ кон змиите во село Орман опстојувал до скоро. Денес на Младенци луѓе од целата Скопска околија сеуште редовно одат во селото Орман каде се оддржува голема селска слава со панаѓур.

Понова форма на прослава на Младенци е посета на младите брачни парови кои стапиле во брак во текот на годината. Се спрема богата трпеза, а гостите доаѓаат со подароци за младите. Гостите не се канат. Во 90-тите години, хотелот Континентал, ги поканувал сите брачни парови кои претходната година правеле свадба во нивниот хотел, на „Бал на Младенци“. Сите брачни парови биле облечени во свадбената облека. БЛАГОВЕЦ - БЛАГОСТ Фиксен празник на 7 април (Св. Благовештение- ден кога Дева Марија ја дознала радосната вест дека, по божја промисла, е во блажена состојба и дека ќе го роди Синот) Благовец или Благ ден е еден од поголемите пролетни празници. Обичајната практика се темели на верувањето дека денот е благ, и треба да „се касне“ мед или шеќер. Поради верувањето дека денот е благ се верувало дека и раните не болат. Затоа, обичај на Благовец да им се дупнат ушите на девојчињата е многу важен. Ушите се дупнувале со вжештена игла, а потоа се протнувал копринен (свилен) конец, додека да задрави местото. Овој обред има иницијациски карактер. Благовец бил сметан за тежок празник, па затоа на тој ден не се работело. Имало многу верувања поврзани со змиите, кои на благиот ден не биле опасни, не касале. Се верувало дека животните кои ја преспивале зимата, се буделе на овој ден и излегувале надвор од своите скривалишта. Верувањата поврзани со доаѓањето на птиците преселници, и нивната моќ да ја разбијат среќата на човекот, доколку тој наутро ги слушнел на гладно срце, постои и на овој ден.


11

Во некои предели, девојчињата околу 12 годишна возраст, за прв пат замесувале благо тесто без маја, од типот на гурабии (В. Петрсека 1998). Овој обичај имал карактер на иницијација, воведување на девојчињата во тајните на женското создавање- леб, симбол на животот. На Благовец се јадела риба, обичај кој и денес се практикува. Денес на овој ден, се организираат семејни прослави, имендени и куќни слави. ЛАЗАРОВА САБОТА ДЕВОЈЧИЊА - БЛАГОСЛОВ Подвижен празник (Според христијанскиот календар ден на Лазаровото воскреснување, ден кој се празнува во спомен на праведниот Лазар, кого Исус Христос на неговиот пат кон Ерусалим, го воскреснал од мртвите) Лазарова сабота е подвижен празник, саботата пред Цветници, поврзан со велигденскиот циклус на празници, кој секогаш се прославува во саботата пред Исусовата страдална недела. Бидејќи се слави во сабота, се третирал како задушница, ден за чевствување на душите на мртвите. Се одело на гробишта и се раздавала храна. На Лазарова сабота, најкарактеристичен обичај во селата од околината на градот, биле женските обредни дружини. Дружините биле составени од 4 до 6 девојки, некогаш и побројни, на возраст од 16- 18 години. Лазарките најчесто биле облечени во бели кошули, а некоја од повозрасните лазарки облекувала и невестинска облека, позајмена од некоја другарка која веќе се омажила. Тие се кителе со разни пролетни цвеќиња и билки. Женските обредни дружини извршувале обредно полазување, односно обиколка на сите куќи во селото. Домаќинката и

семејството ги пречекувале, а групата пеела пригодни песни посветени на сите членови на домаќинството кое го посетиле, посакувајќи им здравје, среќа, успех, бериќет, љубов, удомување (мажачка/ женачка) и слично. Песните биле прилагодени на возраста, статусот и потребите на секој член од семејството поединечно. По обредното пеење и благословување на куќата и на нејзините членови, домаќинката ги дарувала лазарките со брашно, јајца, лепче и друго, а во поново време ги дарувале и со пари, кои тие по завршувањето на обиколката си ги делеле. Кога обичајот почнал да го губи своето значење, тој се изведувал за забава за децата. И во градот Скопје оделе лазарки, најчесто една лазарка Ромка, пратена од нејзината мајка, која одела од куќа до куќа, пеејќи и свирејќи на дајре. Лазарки бил обред на премин1 со кој девојчињата добивале статус на моми- девојки спремни за мажење. Празникот е и обред за плодност, на луѓето и на целото селско стопанство.

1. Обредите на премин подразбираат умирање на старата и раѓање на новата личност, поминувајќи низ трите фази на обредот: фаза на сепарација или одделување од секојдневата состојба, фаза на кулминација кога се случува преодот, т.е умирањето на старата и раѓањето на новата личност, и фазата на агрегација, која подразбира адаптирање во секојдневието на новата личност која има нова општествена улога. Лазарките во моментот на обредното полазување биле во кулминативната фаза, а тоа е моментот на премин преку смрт на старата и повторно раѓање на новата личност, и во тој момент тие престанувале да бидат членови на селската заедница и постанувале членови на "другиот свет, светот на светото ", каде особено е нагласен женскиот плодоносен принцип на смртта и на раѓањето. Како претставници на светот на светото, тие дарувале благослов за сите, изведувајќи го особено пред домаќинките на куќите, покровителките на домот и плодородието, а со тоа како да полагале и тест за зрелост пред нив. Со оглед на тоа дека лазарувањето претствувал обред на премин, по изведувањето на истиот, девојките влегувале во онаа група од која потоа се бирале невестите. Во минатото, со оглед на тоа дека овие обреди на премин имале улога на регулатори и дефинирачи на општествениот статус на поединците, тие биле задолжителни, односно секоја девојка на одредена возраст морала да лазарува за да можела да се омажи.


12

ЦВЕТНИЦИ - ЦВЕЌЕ Подвижен празник Исус Христос свечено влегол во Ерусалим Неделата после Лазарова сабота, се празнува празникот Цветници. Во Скопска Црна Гора на Цветници, сите оделе во црква и земале китка цвеќе и здравец, со кое се закитувале или го носеле дома. Неделата по Цветници започнувала последната, седмата, недела од постот или најголемата, страдалната, која уште се нарекувала и „Велика недела“, „Страсна“ или „Страшна недела“. Сите денови од оваа недела се нарекуваат Велики, кога се завршувале главните припреми околу празникот, чистење и припрема во куќата во понеделник и вторник, а деновите од средата, а особено од Велики четврток, па се до Велигден се сметале за големи и тешки денови. На овие денови не се работело ништо, ни во поле, ни дома. Овие денови биле исполнети со обредни активности. ВЕЛИГДЕН – „ВЕЛИК“ Велигден или Воскресението Христово е најголемиот христијански празник 2 . Најголемиот христијански празник, во македонската традиционална култура е проследен со голем број обичаи. Централната обредна активност, белег на Воскресението е фарбањето на јајца во црвена боја. Јајцето има голема улога во митологијата и религијата на 2. Согласно одлуката на Никејскиот Вселенски собор, оддржан во 325 година, празникот Христово Воскресение може да се поместува во период од пет седмици, за да се прославува во првата недела по полна месечина, која настапува по пролетната рамноденица. Па така, Велигден најрано може да падне на 4 април, а најдоцна на 8 мај (Трпески д, 2015).

многу народи. Тоа е извор и симбол на животот, симбол на зачетокот. Но, јајцето е и симбол на повторно раѓање, според космогонискиот образец. Тоа го потврдува и поттикнува воскреснувањето, кое не е раѓање туку враќање, повторување (Елијаде). Таа цикличност на животот која е содржана во симболот на јајцето, всушност е и во циклусот на природата, го симболизира Христовото воскресение, но се вклопува и во претхристијанските пластови на верувања, каде го симболизира и воскреснувањето на природата и вегетацијата во пролетниот период. Домаќинката на куќата, рано пред изгрејсонце, на Великиот четврток ги вапсувала првите три јајца, внимавајќи да не биде гладна. Во некои села од скопскиот регион, другите јајца се вапсувале и во сабота. Голема важност имало првото јајце „првак“. „Првакот“ имал особена моќ, со него се галеле децата со благослов да бидат „бели и црвени“. Јајцето се чувало цела година со верување дека ја чува куќата од секакво зло до следниот Велигден. Јајцата се боеле со варзиво („бакам“ црвена боја која се добивала од некои видови мехунарки кои се увезувале од Мала Азија), со растенија од природата, листови од ореово дрво, лушпи од кромид итн. Јајцата се украсувале и шарале на различни начини, најчесто со украсни листови од растенија. Деновите Велики четврток, Велики петок и Велика Сабота се денови посветeни на богослужбите во црквите, носејќи вапцани јајца. Луѓето во четврток или во сабота задолжително се капеле со првото вапцано јајце. Целото семејство имало нова облека за Големиот ден. На Велики петок Исус Христос бил распнат, се сметал за најтежок ден, а црквата пропишала најстрог пост. Тој ден не се готвела храна, не се работело ништо, а постарите луѓе тој ден јаделе нафора од црква. На Велика сабота биле последните подготовки за празникот и припремата


Велигденски јајца од збирката на Музејот на град Скопје Easter eggs from the Skopje Museum collection

Поскурници, дрвени печати со кружна и правоаголна форма, за втиснување на обреден леб. Инв броеви 1271, 1273,1274 и 1929 Poskuri, circular and rectangular wooden seals with carved decorations on their surfaces. They were used for pressing on the top of the ritual bread to make decoration. Inv numbers 1271, 1273, 1274 and 1929

Велигденска погача, шарана со вилушка и лепчиња шарани со поскурници Easter round loaf of bread, decorated with ornaments made by fork and small pastries with ornaments made by wooden seals "poskuri"

Разгледница со девојче и велигденски јајца, честитање за Велигден бб Postcard, little girl with Easter eggs, Greetings for Easter

Кршење на велигденски јајца, с. Драчево, Скопско(од фототека на етнолошки музеј) Egg tapping, village Dračevo, Skopje region (from the Photography archive of the Ethnological museum)


14

за свечената велигденска трпеза. Најмладата невеста во куќата замесувала обреден леб украсен со црвени јајца. Вечерта се одело во црква, се носело јајце, свеќа и зелено гранче или цвеќе. Велигден е најголем и најсреќен ден и се прославувал три дена. Првиот ден Велигден наутро се одело во црква каде се вршела литургија, потоа се одело на гробишта со јајце и храна за мртвите. Се подготвувал празничен ручек, кога сите се кршеле со јајца. Јавната прослава на првиот ден на Велгден во скопскиот регион, била на селските собори каде се играле ора и игри со драмски елементи. Собори се организирале сите три дена, и биле заедничка прослава која имала голема општествена улога. Младите се запознавале на соборите, се бендисувале, а повозрасните членови на заедницата го земале тоа во предвид за остварување на идните брачни врски. Вториот ден на Велигден бил исполнет со посети меѓу роднини и пријатели и семеен велигденски ручек. Третиот ден се одело во црква на литија, а со икони и бајраци се поминувале нивите, лозјата и ливадите со пеење пригодни песни „Крсти носиме, бога молиме“. По Велигден, сите следни четвртоци до Спасовден, не се работела домашна и полска работа со верување за заштита од град. Се претпоставува дека ваквото верување е остаток од претхристијанските верувања, според кои, денот четврток бил посветен на старословенското божество Перун (Трпески, 2015), и заштита на летнината. Првиот петок по Велигден е празникот Балаклија. Во селата на Скопска Црна Гора и Скопска Блатија се нарекува „Богородица Балаклија“ или „Рибја Богородица“. На тој празник се јаде риба и се посетуваат изворите каде се вршело обредно измивање. Во Скопје празникот Велигден, како најголем христијански празник, бил одбележуван и во периодот на социјализмот кога христијанските

празници биле сосема маргинализирани. И во тој период се одржала традицијата на фарбање на јајца. Во периодот на 80 те години од 20 век, на Велика сабота младите од Скопје масовно се собирале пред црквата Свети Димитрија, каде со црвено јајце и свеќа го дочекувале Христовото Воскресение. Денес празникот Велигден во Скопје се прославува многу помасовно, и во рамките на семејството, во христијанските храмови и во јаниот простор. ЃУРЃОВДЕН - ЗЕЛЕНИЛО Најоголемиот пролетен празник Ѓурѓовден го прославуваат повеќе етнички групи. Мноштвото на обредни активности имаат претхристијански, аграрен, стопански и друг вид обележја. Обредите со вегетација биле поврзани со берење разеленети билки и правење букети- запотки. Дента пред Ѓурѓовден се береле билките. Во Скопска Црна Гора се береле лековити билки (здравец, коприва, дебелика, вратлика, петров крс, среќиче, срчаник, лепич или лепавец, млечка и други). Со набраните билки се кителе стопанските објекти, ведрото во кое се собрало млекото од првото замолзување, бутинот и овцата молзница и луѓето. Вечерта пред Ѓурѓовден, дел од набраните билки и цвеќиња се ставале во вода, во која имало и црвено јајце, и со водата наредниот ден нив се бањале децата. Со другиот дел од набраните билки измешани со „светена сол“, утрото пред изгрејсонце се закрмувала стоката. Жителите од Скопје на Ѓурѓовден рано наутро (на „уранак“) оделе во Кисела Вода, каде береле гранки од врби и тополи со кои ги кителе вратите на куќите. Вечерта на Ѓурѓовден цвеќињата ги врзувале со


Излетници инв бр. 3419 Excursion. Inv No. 3419

Селски собор, Скопска Црна Гора, Инв бр. 219 Village festive gatherings, Skopska Crna Gora. Inv. No. 219

Селски собор 1906 година, с. Кучевиште, Скопска Црна Гора. Инв бр. 221 Village festive gatherings, year 1906, village Kucheviste, Skopska Crna Gora region. Inv. No. 221

Селски собор, Скопска Црна Гора, албум Јакшиќ Village festive gatherings, Skopska Crna Gora region. Photography from the album of Jakshich family


16

црвено-бели кончиња, тревки и парички, а утредента се миеле со водата од цвеќињата во која имало црвено јајце за здравје. (Качева А., Христова С., Ѓорѓиовска Т., Животот во Скопје 1918 -1941, Музеј на град Скопје, 2003). На Ѓурѓовден се спремала богата празнична трпеза со јадења кои се спремаат на овој празник. Се готвеле јадење со јагнешко, најчесто шкето со магдонос и елбасан тава-печено јагнешко месо прелиено со млеко и јајца ( Качева А., Христова С., Ѓорѓиовска Т., Животот во Скопје 1918 -1941, Музеј на град Скопје, 2003).

е нишањето на младите кои биле пред стапување во брак, кои јавно преку песна ги искажувале своите симпатии. Постарите биле сведоци на нишањето, преку кое се носела порака за желбите на младите луѓе. Тоа бил еден од начините да се покажат чувствата на младите и нивната желба за идниот брачен партнер, кои заедницата требала да ја разбере. „Мерењето на кантар“ на Ѓурѓовденскиот собор, значел симболично премерување на зрелоста како доказ за подготвеноста за влез во новиот статус на брак и активирање на плодоносната сила.

Со берење на билките и закитувањето се верувало во преносливата моќ на заживеаната „плодна“ природа и пренесувањето на моќта и својствата на самите растенија врз се што се закитува. Здравец се берел за здравје, огојка, дебелика или тиквинка за згојување (здебелување на стоката и луѓето), млечка за млеко на стоката, среќиче за среќа, лепич или лепавец за да се лепат ергените на девојките и обратно, врбови гранчиња и верувањето поврзано со врбата како симбол на обновената вегетација и плодноста. Плодотворната и заштитната сила на растенијата се пренесувала на се и на секого во куќата.

Сточарските активности се особено присутни, бидејќи Ѓурѓовден е најголем сточарски празник. На празникот, јагнињата се одвојувале од овците кои за прв пат обредно се замолзувале. Ведрото во кое се молзело првото млеко се китело со билки заврзани со црвени конци, а првата овца околу вратот се китела со венец од билки. Обредно биење на млекото во накитен бутим со најразлични билки, го вршела жената која на главата имала погача (село Булачани). На Ѓурѓовден, пред изгрејсонце се давал курбан-обредно колење на бело и најубаво јагне. Се верувало дека крвта од закланото јагне има магиска моќ. Обичаите со магиски елементи и верувања биле поврзани со магиско одземање или заштитување на млекото, бериќетот и плодноста на семејството и луѓето. Составен дел на обредните практики биле и обредните претскажувања за временските прилики или предвидувања на идни брачни партнери.

Обредни миења се одвивале во изворите во кои младите фрлале дел од набраните растенија, а потоа се замивале со водата. Се миеле и со утринската роса. Се верувало во прочистителната моќ на водата, а пролетните миења го штителе здравјето и обезбедувале плодност. Водата во овие обичаи е прочистувач и обновувач на животот (Петреска В., 1998). На Ѓурѓовден, на родно дрво (даб, дрен, леска) се закачувале јажиња на кои се извршувало обредното нишање. Се нишале моми и ергени и пееле песни со кои отворено се искажувале симпатиите. Во актот на нишањето била содржана оплодителната и брачна функција (Петреска В., 1998). Нишањето значело симулација на полов акт, па во тој контекст

Ѓурѓовден е голем празник на Ромите од Скопје кои го славеле 5 дена. Првиот ден на Ѓурѓовден го колеле јагнето. Курбанот се колел со читање молитва и свирење на дајре. На местото на колењето се палела свеќа, која според верувањата морала да догори до крај. Месото од јагнето се готвело. Прославувањето продолжувало со одење на веселба каде се палеле огнови и се седело цела ноќ. Тогаш секој на секого си простувал.


Славски колач на Ѓурѓовден за славата на Скопскиот извиднички совет во 1923 г. Инв бр. 5000 Festive Cake for the St. George's feast of the Skopje Scouts Council in 1923 Inv. No. 5000

Китење на бутим за Ѓурѓовден во с. Текија, Скопска Блатија. Инв бр, 4199 Decorating the milkcan on St. George's Day in the village Tekija, Skopska Blatija region. Inv. No 4199

Роми на прослава на Ѓурѓовден. Албум Бадеви Romani from Skopje celebrating St. George's Day. Photography from photo collection of family Badev.


18

Третиот ден се посветувал на веселба, а четвртиот бил посветен на природата. Во периодот помеѓу двете светски војни, го прославувале во паркот Идадија, со зурли и тапани. Оделе со полни фијакери, корпи со јадење и пиење, а жените биле дотерани со нови свилени шалвари. Оделе и во Кисела вода. Активностите биле најразлични, читале молитви, жените со црвени нокти намачкани со к’на, баеле, палеле свеќа, фрлале пари во водата, а делови од облеката „нишани“, закачувале на некое родно дрво. Сите постапки биле за здравје и плодоност и заштита од болести, магии, зло. Од изворите полнеле вода која ја чувале како света вода „аџијазма“(Митинг скопских цигана, Вардар 15 мај, 1934 година). ЕРЕМИЈА - ЗАШТИТА Фиксен празник на 14 мај (Посветен на старозаветниот пророк Еремија) За празникот Еремија се чистело се. Ѓубрето се палело со верување дека ќе се истераат инсектите, болвите и змиите. Празникот бил посветен на заштита од змиите и обичаи за нивно бркање. Се обиколувале нивите и куќите, пропратено со ѕвонење со ѕвонци, удирањето со маши и лажици во тепсии, со цел симболично да се заградат куќите и нивите, а звукот требало да ги исплаши. Во Скопска Црна Гора на Еремија се вршело обредно изработување на црепни. Освен на Еремија во некои делови од Скопскиот регион тие се изработувале и на Руса среда (четвртата среда по Велигден). Глината за црепните се копала и мешала на одредени места „мајдани“, без присуството на мажи (во спротивно се верувало дека црепната нема да биде цврста). Црепните ги изработувале само жените. Црепната е

масивен плиток сад со тркалезна форма, изработен од непечена земја. Се употребувал првенствено за печење леб под вршник. Лебот бил основната храна на луѓето и симбол на животот, а црепната сад во кој се создавал тој плод, доведувајќи ја во релација со плодоносната улога на жената и земјата. Затоа црепните ги изработувале само жени кои преку преносна магија, на садот му давале дел од својата родоносна способност, односно аналогна функција создавање плод-леб. СПАСОВДЕН - СПАС 40 дена по Велигден (ден на Христовото Вознесение) Пролетниот циклус на празници привршува со Спасовден, голем и тежок празник, шестиот четврток по Велигден. На овој ден не се работела домашна и полска работа. Доколку некој „се фател“ за рало или мотика на овој ден, се верувало дека посевите ќе му бидат уништени од град. На овој ден се славеле селки слави со селски собори. Во Скопска Блатија се организирале литии кои биле молитви за дожд. ДУХОВДЕН- МРТВИ 50 дена по Велигден (Симнување на Светиот дух на апостолите) Со Духовден завршува циклусот на пролетни обичаи. Тоа е празник целосно посветен на култот на мртвите. Се посетуваат гробовите, се раздава храна, но и грнчарски производ (бардаче) или во поново време чаши, тањири, филџани. Духови се празнуваат три дена- петок сабота и недела.


Сечење на славскиот колач, Пеачко друштво Вардар, 1936 година. Инв бр. 19135 Cutting the Festive cake, on the festive day of the Chorus Vardar, year 1936. Inv No. 19135

Жена со црепни Инв бр. 1500 A woman with earthenware pans called "crepni". Inv No. 1500


20

SPRING IS HERE! The Macedonian folk calendar is a chest full of cultural and spiritual treasure pertaining to different beliefs and ritual activities. It used to explain the cyclical changes in nature. The year was seen as a closed circle with a beginning and an end, but it also pertains to rebirth and renewal. The folk calendar of the Macedonians is a complex system with and order of observances which is basically followed by the Christian church calendar, defining its composition, order, hierarchy of the entities, but it is also rich with elements of the agricultural and astral viewpoints, as well as with pre-Christian sacral aspects of the old Slavic and old Balkan religious heritage. Spring is a period of revival of the earth, it is the beginning of the vegetative cycle and in this period most of the ritual activities are dedicated to the renewal, the resurrection of nature and its productive power. This is why the spring cycle of festivals maintain many customs related to vegetation, like picking herbs, flowers, making bundles, swinging on swings suspended form a fruitful tree, customs pertaining to the health and wealth of people, beliefs and customs related to the awakening and coming out of the animals and the return of the migratory birds. As nature and vegetation awakened, people started their activities followed by many customs and beliefs related to the beginning of the works in the fields, the cattle, the slaughter of the first lamb, or customs related to the start of new work cycles, etc. The beginning of each new cycle was always followed by fears and hopes awaiting in the new season, so the spring cycles included many customs related to foretelling and magical elements. The exhibition “Spring Feasts” is meant to present the abundance of beliefs and customs that people of Skopje and the surrounding villages used to practice and in simplified or modified forms do so even today. PROČKA - PROSTUVANJE (Forgiveness Sunday) movable feast - 40 days before Easter Pro ka is the day before the beginning of the Great Easter Lent. This day is dedicated to forgiving and to purifying from sins and bad thoughts. The younger usually ask for forgiveness from the elders, from close relatives like grandparents, parents, godfathers and all the others. Forgiveness is asked with the words: “Forgive me if I did you wrong!”, and the other replies: “You have my and God's forgiveness!”. This day was commemorated with a solemn family diner where the main ritual was "biting the egg”. It was believed that the child who could catch the egg with its mouth will be the happiest in the coming year. This day was also commemorated in public spaces with festivities and masquerades.

TODOROVA SABOTA - ZDRAVJE (St. Theodore Saturday) movable feast - the first Saturday after Forgiveness Sunday The first Saturday after Forgiveness Sunday is called “Todorica” or “Todorova sabota” (St. Theodore Saturday). On that day, those who have observed the strict fast went to church to receive communion. The feast was dedicated to the cattle - the oxen, and it was also considered a women's festival. On that day wheat was distributed for the health of the cattle and the people and a special bread was made - “todorečki leb” (Theodore's Bread). LETNIK - MEGJA (Summer announcement, Borderline) fixed feast - the 1st of March The day that separates winter from spring is called “Letnik” and is considered a borderline. It was believed that on this day the weather "turns" towards summer. It was commemorated with rituals related to vegetation, picking herbs and making bundles for decorating the houses and farm facilities. The belief in the protective power of certain plants meant that by engaging the productive energy the transformed magic would bring wealth into the home. Special amulets“martinki” - were made on that day by twisting white and red threads. MLADENCI - MLADOST (Youngsters' day, Youth) fixed feast - the 22nd of March This is the day of the spring equinox and the beginning of spring. In the folk ritual practice this was the day when mostly pre- Christian rituals were observed. The feast is related to the number 40 that has a considerable symbolic meaning in the folk religion. In the villages near Skopje it was believed that on this day snakes leave their shelters, a cult especially worshiped in the village Orman. It was believed that on this day the snake has a healing power. BLAGOVEC - BLAGOST (Annunciation, Sweet Day) fixed feast - the 7th of April Blagovec (Annunciation) or the Sweet Day is one of the more significant spring feasts. It was believed that the day is sweet and one should eat something sweet, like honey or sugar. It was believed that on this day wounds don't hurt, so on this day the girls usually had their ears pierced.


21

LAZARUS SATURDAY - GIRLS - BLESSING movable feast Lazarus Saturday is a movable feast, the Saturday before Palm Sunday, related to the Easter feasts cycle which is always observed on the Saturday before the Holy Week. This day was typically commemorated in the villages near the city with the ritual groups of girls called “lazarki”. They were usually composed of girls of 16-18 years that went from house to house, signing festive songs dedicated to all the members of the households, wishing them health, happiness, success, wealth, love, marriage, etc. It is a ritual pertaining to the fertility of the people and the entire farm. This ritual also marked the transition of little girls to maids fit for marriage. CVETNICI - CVEKJE (Flower Day, Palm Sunday) movable feast The Sunday after Lazarus Saturday is dedicated to the feast Flower's Day. People went to church and took bundles of flowers from there, adorned themselves or took them home. EASTER movable feast Easter or Christ's Resurrection is the greatest Christian holiday. The greatest Christian holiday is commemorated in the Macedonian traditional culture with many customs. The central ritual activity, the mark of the Resurrection, is staining eggs in red on Holy Thursday, before sunrise. The circle of life which is included in the symbol of the egg is, actually, following the cycle of nature. It symbolizes Christ's resurrection, but it also pertains to the pre- Christian beliefs where it symbolizes the resurrection of nature and vegetation in spring. It is the greatest Christian holiday and its celebration lasted for three days. People attended church services, they wore their best clothes, they had solemn family dinners and after that, they attended the village gatherings. GJURGJOVDEN - ZELENILO (St. George's Day) fixed feast - the 6th of May This is one of the greatest spring feasts that is commemorated by different ethnic groups. Many of the rituals have pre- Christian, agricultural, material and other kinds of aspects. Most typical are the rituals involving vegetation. It was believed that the picking of plants and the adorning of people, farm facilities, objects and cattle would convey the power of the revived nature and the power of the features of the plants upon everything that was adorned.

The activities related to cattle were particularly intense because this is also the greatest holiday of the cattle breeders, the day when lambs were separated from their mothers and the sheep were ritually milked for the first time. On this day, before sunrise, the sacrificial lamb was ritually slaughtered. Gjurgjovden is an important holiday for the Romani in Skopje who celebrated it for five days. EREMIJA - ČISTOTA (Jeremiah, Cleaning) fixed feast - the 14th of May This was the feast when houses and fields were cleaned from snakes, fleas and insects. On this day women made special earthenware pans called “crepni” meant for bread baking. SPASOVDEN - SPAS (Holy Thursday, Ascension Day) movable feast - 40 days after Easter One of the last of the spring cycle of feasts. It is an important and serious feast, the sixth Thursday after Easter. On this day people were not supposed to do field or house works. DUHOVDEN - MRTVI (Pentecost) movable feast - 50 days after Easter This is the last feast of the spring customs. This day is completely dedicated to the cult of the dead.


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Качева Алла, Христова Славица, Ѓорѓиовска Татјана,Животот во Скопје 1918 – 1941, Музеј на град Скопје, 2002 Крстева Ангелина, Христова Славица, Ѓорѓиовска Татјана, Прославување на Прочка, Музеј на град Скопје, 2007 Петреска, Весна, Пролетните обичаи, обреди и верувања кај Мијаците, Институт за Фолклор Марко Цепенков, Скопје, книга 30, 1998 Петреска Весна, Обреди со вегетација во некои пролетни обичаи, Етнолог, год.II, бр.3, Скопје,1993, 151-157 Петровски Блаже, Ѓурѓовденските песни при лулање во македонското народно творештво, МФ, год. VI, бр.12, Скопје , 1973, 125-129 Пенушлиски Кирил, Тематиката на македонските пролетни обредни песни, Македонски Фолклор, год.VI, бр.12, Скопје, 1973, 11-14 Петровић, Атанасије (1907). Народни живот и обичаји у Скопској Црној Гори. Српски етнографски зборник VII. Београд: Српска краљевска академија Ристески, Љупчо (1998). Регулативните функции на обредите со маски во традицијата на Македонците. Обичаи со маски. Зборник на трудови од Меѓународниот симпозиум „Обичаи со маски“, Вевчани – Струга 1996. Ур. Владимир Боцев. Скопје: Музеј на Македонија, 45–51. Светиева, Анета,Сакрални и профани елементи на Обредните лебови кај Македонците, Социјални и духовни аспекти на материјалната култура, Природно – математички факултет, Институт за етнологија и антропологија, 2009, 240-248 Светиева, Анета, Ѓурѓовденските обредни лебови во Македонија и нивната функција во обичаите и верувањата, Македонски Фолклор, год.XXIII БР.46, 1990, 13- 25 Светиева, Анета, Процес на естетизација и рационализација во обликувањето на некои обредни лебови во Македонија, Македонски Фолклор, год.XVII БР.34, 1984, 133- 137 Трпески, Даворин, Годишни обичаи кај Македонците, Младинска книга, Скопје, 2015 Д-р Филиповиħ Миленко, Обичаји и веровања у Скопској котлини, Београд 1939 Хаџи Василевиħ Јован, Скопље и његова околина, Београд,1930


Издавач: Музеј на град Скопје

Publisher: Museum of the city of Skopje

Главен и одговорен уредник: Фросина Зафировска

Editor in Chef: Frosina Zafirovska

Автори на изложбата: кустос етнолог Оливера Џартовска Тачевска, кустос советник М-р Славица Христова, кустос советник М-р Татјана Ѓорѓиовска.

Author of exhibition: Custodian ethnologist Olivera Djartovska Tachevska, ma Slavica Hristova, ma Tatjana Gorgiovska.

Фотографии: Станимир Неделковски

Photographs: Stanimir Nedelkovski

Превод на англиски: Марија Хаџимитрова

English translation: Marija Hadzimitrova

Техничка екипа: Душко Николовски, Зоран Младеновски, Борче Чанкуловски

Technical support: Duško Nikolovski, Zoran Mladenovski, Borche Chankulovski

Репарација: Никола Кекеновски

Reparation: Nikola Kekenovski

Дизајн и компјутерска подготовка на каталог: Дамјан Момировски

Design and layout: Damjan Momirovski

Печати: ДатаПонс, Скопје

Print: DataPons, Skopje

Тираж: 500

Number of printed copies: 500

Благодарност до: Н.У.Природонаучен музеј, Кинотека на Македонија, Здружение Вешта жена, З.З.К.Н Љубански карневал Прочка, Ј.П" Паркови и зеленило" и Interingenering DOOEL за соработката при реализација на изложбата

Thanks to: National Institution "Macedonian Museum of Natural History" - Skopje, Cinematheque of Macedonia, Zdruzenie Vesta zena, Z.Z.K.N Ljubnski karneval Pročka. PE "Parks and Greenery” and Interingenering DOOEL for the cooperation in the realization of the exhibition

Скопје 2018

Skopje 2018

Изложбата и каталогот се реализирани со финансиска поддршка на Град Скопје

The exhibition and the catalogue were supported by the City of Skopje

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

398.332.1(497.712)(083.824)

ПРОЛЕТНИ празнувања / [главен и одговорен уредник Фросина Зафировска ; фотографии Станимир Неделковски ; превод на англиски Марија Хаџимитрова] = Spring celebrations / [editor in chef Frosina Zafirovska ; photographs Stanimir Nedelkovski ; English translation Marija Hadzimitrova]. - Скопје : Музеј на град Скопје = Skopje = Museum of the city of Skopje, 2018. - 24 стр. : илустр. ; 23 см

Текст на мак. и англ. јазик. - Библиографија: стр. 22

ISBN 978-608-233-092-1 1. Насп. ств. насл. а) Народни обичаи и верувања - Пролетни празници - Скопско - Каталози COBISS.MK-ID 106767882



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.