Волшебанта помошничка

Page 1

ВОЛШЕБАНТА ПОМОШНИЧКА Во едно планинско место, далеку од градот убав, во кој живе трговијата, културата, медицината, збиралиште на умови, се наоѓа една ливада. Во ливадата безброј шарени пеперутки. И од некаде по некоја пчелка че се подади, собирајќи полен. Од дрвата се слуша жагорот на птиците. Црцорејќи си довикуваат една на друга. Весело го минат денот од гранче на гранче. До ливадата и поточе. Биста вода како што не се видело. Поточето до дрвата формира езерце. Толку е чиста водата што се гледаат рибите како танцуваат. Од другата страна на поточето се наоѓа шумичка од зимзелени дрвца. Толку се густо нинкани, што мислиш ѕид од зеленило никнало. Над дрвата се гледа сив чад, како го напушта зеленилото. Движејќи се низ дрвата, се здогледува оџакот од кој излегува чадот. Така, мал дотрошен, оставен на забот на времето. Сепак успева да си ја врши својата задача, како некој дедо кој иако е веќе при крајот со својот живот, сепак секојдневно ги полева цвеќињата на гробот на својата сакана. Напуштајќи ги дрвата, се здогледува очакот, потпрен со една метла на ѕидот на една мала колибка. Не знам ни дали може да се нарече колибка, бидејќи во неа имаше само еден мал железен кревет и сепак немаше место за ништо друго. Прозорот едвај беше доволно голем за да може да се види сончевата светлина наутро како се издигнува над планината, но сепак наутро ги будеше тетка Ана и нејзината внука Бека. Пред вратата, секое утро тетка Ана го метеше прагот. Не дозволуваше нејзината внука да гази по некој залутан лист кој паднал од јаболкницата која се наоѓаше непосредно до колибата. Веднаш до јаболкницата, се наоѓаше и шталата во која ја чуваа и нивната крава Мери, која секој ден им даваше највкусно млеко. Додека таа метеше, Бека сеуште спиеше. Изморена од претходниот ден продавајќи јаболка и млеко во градот. Тетка Ана и’ велеше: „Мери можеби е мала и слаба. Но од неа секој ден пие млеко синот на градоначалникот, Петар. А тој еден ден ќе го замени неговиот татко и сите ќе живееме среќно“. Како да знаела жената што ја чека во иднината. Вистина е дека млекото беше многу вкусно. А и како нема да биде, Мери пасе од планинска трева, пие од најчистиот извор. Ќе биде чудно доколку не е најдоброто. А и тука е и целата љубов која и ја дава Бека. Бека и Мери се најдобрите пријателки. Немајќи други деца во околината, таа секој ден додека ја носи на ливадата, и и пее:

„Живеј среќно, живеј здраво, безгрижно ти помини. Секој ден ти нова радост, дома нас ни донеси“

Може да се каже дека кога тетка Ана не е дома, Мери и беше дадилка. Бека знаеше да заспие до неа, па Мери со главата ќе фрли од сламата врз неа, како ќебенце, да ја стопли. Откако дворот беше среден, тетка Ана појадокот го постави во дворот на малата троножна маса. Штотуку и лебот се испече во фурната која се наоѓаше зад колибата. Иако беше мала фурната,

Page | 1


ги хранеше тетка Ана и Бека од кога паметат за себе. Тетка Ана на масата го постави лебот, донесе кајмак во мало црно грне. Донесе и сирење, од пред две години кое и беше направено. Полека и Бека се разбуди. Го слушна мукањето на Мери, која и кажува дека тетка Ана ја поставила масата. Низ појадокт, тетка Ана и кажува на Бека дека ќе им требаат повеќе пари, наближува зима. Бека има идеја: со парите што ќе ги заработи од млекото и јаболката, да купи риби и јајца. Нив да ги продаде во другиот крај н градот, близу паркот и училиштата, каде биле двојно поскапи. Тетка Ана ја разубедува, велејќи и дека таму има многу трговци, многу крадци. Ќе и ги украдат парите, па ќе останат и без тоа малку кое го имаат. Бека ја теши, велејќи и дека со својата добрина се ќе среди. И за крадците ќе има и за нив. На тетка Ана не и беше јасна мислата на Беки, но го прекинаа разговорот и продолжија со појадокот. По појадокот, Бека ја однесе Мери на ливадата. По пат, и ја пееше песната:

„Живеј среќно, живеј здраво, безгрижно ти помини. Секој ден ти нова радост, дома нас ни донеси“

На ливадата, Бека трчаше по пеперутките, ги слушаше птиците, денот и беше исполнет со радост. Таа беше најведрата личност која ја знаевте. Немаше проблеми во нејзиниот живот. Откако ја врати Мери во шталата, тетка Ана и ги беше подготвила јаболките и млекото за на пазар. На одење, ја предупреди, да си дојде дома веднаш откако се ќе продаде, на кое Бека само потврдно се насмевна. Бека ја зеде дрвената едноколна количка на која беше пазарот натоварен и го исправи патот кон градот. По пат Бека е скршнуваше, знаеше дека има разни опасности по патот. Најчести опасности беа уличните разојници, кои знаеа и да убијат и за најмала пара. Конечно, Бека стигна во градот. Ја постави тезгата, која се наоѓаше во близина на дворот на градоначалникот. Му остави прво едно шише пред врата за неговиот син Петар. Скришум, на прозорот на Петар остави едно црвено јаболко. Петар, иако не јадеше јаболки, го обожаваше тоа црвено јаболко кое волшебно се појавуваше на неговиот прозор. Никогаш не успеа да види од кој е. Само ја гледаше Бека во далечината и додека изпадне до вратата, Бека веќе беше замината. Петар имаше страв да излези надвор од својот дом. Тој, секојдневно во својот дом пречекуваше по најмалку тројца учители, кои го учеа на сите современи науки. Денот на Петар почнуваше со тоа што ќе го разбуди звукот кој го успушта јаболкото кога ќе засане до неговиот прозор и тој ќе дотрча до вратата гледајќи силуета. Потоа, скришум го јадеше јаболкото и се придвижуваше кон кујната во која мајка му и татко му веќе се седнати по крај масата и желно го чекаат да почнат со појадокот. По појадокот, Петар обожаваше да прочита книга во која се опишани и најголемите паркови во светот. Петар, иако имаше страв да излези надвор, тој беше желен да го види светот. Се би дал да потрча низ некоја ливада, но стравот беше поголем од желбата. Потоа, после ручек, доаѓаше првиот учител, кој петар најмногу го сакаше. Тој му предаваше географија. Петар ги впиваше зборовите на учителот, како сув сунѓер кој ќе наиде на капка вода. Другите двајца секојдневно се менуваа: или се учители по биологија и математика, или се латински и науки.

Page | 2


Без разлика на настаните, секоја вечер си легнувал во креветот, кој се наоѓа веднаш до прозорот и слуша волшебен детски глас како пее песна:

„Живеј среќно, живеј здраво, безгрижно ти помини. Секој ден ти нова радост, дома нас ни донеси“

Бека штотуку ги продаде и последните јаболка. Реши да проба, да ги потроши сите пари и да купи риби и јајца и да ги продади во другиот крај на градот, во кој живееа најбогатите. Купи Бека и замина. Попат ја следел чуден лик со наметка на која не можела да му го види ликот. Од страв, таа почнала да брза и јајцата и паднале и се скршиле. Едвај успеа да избега од мистериозниот лик, но по цена: и да ги продаде сите риби, ќе се врати дома со помалку пари од тоа што требало да донесе. Застана Бека под една стреа на еден дуѓан и со својот мил и нежен глас почнала да пее: „Свежи риби, утрово уловени. Пред сонце намамени, за радост донесени“ Изпаднал продавачот на дуќанот и и се развикал дека му ги бркала муштериите. Ја натепал Бека, и ги земал рибите и ја избркал. Цела потиштена, се вратила под прозорот на Петар, како што правела секоја вечер, и запеала:

„Живеј среќно, живеј здраво, безгрижно ти помини. Секој ден ти нова радост, дома нас ни донеси“

Со солзи на очите, тргна накај дома. Тетка Ана се загрижи. Веќе беше доцна. Што ли се случило со Бека? Да не и текнало да оди во другиот крај на градот? Да не е повредена? Дали е жива? Тоа беа мислите кои и се вртеа на кутрата жена. Еднаш во животот веќе имаше доживеано таква болка, да ги загубиш саканите. Тетка Ана живеела со мајка и и татко и на Бека. И тие како Бека, биле мудри, знаеле како да заработат. Знаеле што каде е евтино, а каде скапо и правеле трговија. Живееле среќен живот. Се додека еден ден, не решиле да заминат во соседниот град, каде заработвачката била предобра да биде вистинита. Оставајќи ја на својата сестра, мајка и на Бека на одење и пеела:

„Живеј среќно, живеј здраво, безгрижно ти помини. Секој ден ти нова радост, дома нас ни донеси“

Page | 3


На пат кон дома, разбојници ги пресретнале родителите на Бека. Не само што им ги земале сите пари, туку ги затвориле во кочијата и ги запалиле. Тетка Ана не знаејќи што да праи по смртта на сестра и, решава да го продади цел имот и да се пресели во планината каде ќе живеат мирен живот со Бека. Кога се вратила Бека, се и раскажала на тетка Ана, која низ солзи едвај ја дослушува. Бека ја гушка и и кажува да не плачи. Бека со своети лице и ги брише солзите на тетка Ана. Бека се насмевнува, сваќајќи низ што поминала и преживеала. И кажува дека ќе го промени својот живот. Нема веќе да биде Бека млекарката од село. Ако трепа и ќе моли и проси, но таа ќе го врати животот кој го имале нејзините родители, едно од најценетото семејство во градот. Тетка Ана само се насмевнува. Утредента Бека заминува и бара работа како помошничка кај граддоначалникот. Му кажува дека и се потребни пари и дека ќе работи било каква работа. Градоначалникот, знаејќи ја од предходно, носејќи му секојдневно млеко, се согласува. Но под еден услов: да не носи никакви нејзини пријатели во неговата куќа. Бека се согласува и почнува со работа. Ја одржувала цела куќа, чистела, перела, се што било потребно за куќата да биде во беспрекорен ред. Се запознале и со Петар, но тој не бил заинтересиран да се запознава со персоналот. Тој претходно бил многу близок со претходната служителка, што ја сакал како втора мајка, но после долги години работа, го замолила Петар да го отвори сефот во кој стоел целиот накитот на мајка му, по што никогаш повеќе не ја виделе. Еден ден, Петар изнервиран од својот учител науки, кој го учел дека земјата е тркалезна, но Петар тврдоглаво бил убеден дека е рамна, го напушта предавањето и тргнува накај кујната. Одејќи така, не знаејќи што да му каже на татко му, слуша познат милозлив глас како пее:

„Живеј среќно, живеј здраво, безгрижно ти помини. Секој ден ти нова радост, дома нас ни донеси“

Ја отвара вратата и ја гледа Беки, како ги брише тањирите и тивко си пее. Таа се зачудила, што некој така ненадејно влегува и прекинала со пеењето. Петар ја прашал, од каде ја знае таа песна. Таа му одоворила дека тоа е песна што нејзината мајка секоја вечер пред спиење и ја пеела. Петар се заинтересирал за нејсиниот живот и таа му раскажала се како што се случило. Му раскажала и за убавините на ливадата, каде сега сугурно тетка Ана ја има однесено Мери на пасење. Петар и кажал како сака да ја виде таа убавина, но има страв да испадни од дома. Беки го прашува: „Што е најлошото што може да се случи доколку испаднеш од дома?“ „Најлошото нешто е што можеш да умреш. Но каков живот е тоа да не ги видеш убавините кои ги пружи природата? Тоа не е живот, тоа е смрт.“

Page | 4


Тие зборови целосно го разубедуваат Петар и тие го напуштаат домот на градоначалникот и се упатуваат кон тетка Ана. Мајка му на Петар претрчува да застани, но градоначалникот ја спречува, велејќи и дека доколку сега го спреќи, никогаш нема да испадни. Петар за прв пат во својот живот здогледува таква убавина каква што е ливадата. Немаше слушнато како звучи пеењето на птиците. Немаше видено толку чиста вода. Од својот прозор Петар можеше да види толку, колку да знае што е природа, но градот иако голем и убав, вакви убавини немаше никаде. Петар ја прашува Бека кое е најдалечното место на кое таа има отидено. Таа му одговара, дека тоа било другиот крај на градот. Петар полека се насмевнува и тивко ја прашува: „Што ќе кажеш да го прошетаме светот заедно?“

Page | 5


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.