Сепак се врти

Page 1

СЕПАК СЕ ВРТИ Лесно е да го живееш животот кога не знаеш како функционира. Многу работи ги земаме здраво за готово. Мислиме дека се е така едноставно, кога всушност се е збир на претходни акции и реакции, собир на многу движења. Да го земеме движењето на најмалиот наш прст. Лесно нели? Всушност, за да го помрднеме, најпрво треба да се создади слика во нашиот мозок, како се помрднува баш тој прст. Потоа, треба да се создади желба, која ќе испрати импулс до ’рбетниот мозок, кој испраќа импулс до соодветните мускули за контракција при што нашиот прст се помрднал. Цел еден процес, за толку мала работа, нели? Замислете тогаш колкав е процесот за целосниот живот на планетата... Да го подедноставиме, да замислиме дека целиот систем е всушност една машина, составена од многу жлебови и рачки, кои заедно го движат целиот свет. Тие се одговорни за секоја одлука која ја донесуваме, секое движење, секоја емоција. Тие се одговорни за секоја климатска промена. Тие, всушност, се единствената причина што се околу нас е онакво какво што е. Но, за тие да можат да се движат, треба нешто да ги движи нив. За таа работа е одговорно едно големо тркало, кое се врти благодарение на човечка сила. Него го врти човек, голем како карпа, посилен од ураган, 24 часа дневно, 7 дена во неделата. Без прекин. Тој, на почетокот, бил проколнат со безсмртност и оставен да го врти тркалото за секогаш. Во тој простор, тој немал ни глад ни жед. Не чувствувал никаква топлина. Немал никакви емоции. Што до некаде и е добро, замислете човек со било какви емоции да го работи тоа. Целосно ќе полуди. Благодарение на него, цел свет е во движење. Се се развива. Доколку и на момент тркалото престани да се врти, цел свет ќе се распадни. Единствено што можел да направи пауза е на секои 10.000 години. И тоа на само 24 часа. Тоа бил недостатокот на целиот механизам. Доколку не се направи таа пауза од 24 часа, целиот свет ќе почне неконтролирано да се променува: снег на сред лето, расцутување среде зима, неконтролирани еволуции на цел жив свет. Затоа, нашиот човек-карпа, бил присилен на 24 часовна пауза на секои 10.000 години. Кога започнувал периодот за пауза, се појавувала врата веднаш до него и се што требало е да зачекори низ неа и се појавувал на некое случајно место во светот. Имал точно 24 часа да се врати повторно на истото место. Првите неколку паузи не биле нешто посебно, светот и не бил толку развиен. Единствено имало само насилство од страна на природата, ништо не било стабилно. Секој момент можело да избие вулкан. Ненадејно можело ураган да помине. Едвај чекал да се врати на својата работа. Конечно дошол периодот за наредната 24 часовна пауза. Вратата се појавила и тој зачекорил низ неа. Се појавил во досега невидена средина. Се околу него било опкружено со зеленило. Се нашол среде ливада, каде од левата страна се наоѓале јаболкници, а од десната, борова шума. На ливадата имало неколку овци кои паселе. До нив бил и овчарот, кој мирно ги наблјудувал. Се спремале да одат кон потокот кој се наоѓал зад јаболкниците.

1


Штом го пречекорил прагот на вратата и зачекорил кон ливадата, за прв пат бил способен да ги чувствува сите емоции. Како за личност, која до сега не доживеала никакви емоции, ова за него било ново и застрашувачко. За прв пат почувствувал страв од непознат терен. Бил возбуден што гледа толку многу бои на едно место. Како што се оддалечувал од вратата, го почувствувал ветрот на своето лице кој доаѓал од боровата шума. Тој, благ допир кој поминал низ неговото лице, во него разбудил радост, чувство на исполнетост. Го слушнал и чврчорењето на птиците кои биле на јаболкниците. Полека зачекорил кон нив. Мирисот на јаболката бил запрепастувачки. Ја прушил раката кон една јаболка и ја скинал од гранката. Го гледа колку е прекрасно. Се воодушевува од мирисот. Го доближива до својата уста. И загризува. За прв пат во својот живот тој пробува јаболко. Тоа било највкусното нешто за него. Занесен од убавината во која се наоѓа, наслушнал некои необични звуци. Затрчал кон нив и видел луѓе како свират на разни инструменти. Тоа било циркуз. Имало разни жонглери, кловнови, животни... Се она што го прави циркузот, циркуз. На самиот влез, имало девојка која продавала билети за во циркузот. Штом ја здогледал, мешавина од чувства му навирале. Не знаел што се случува повеќе со него. Единствено знаел, дека мора да тргне на кај неа. Таа со широка насмевка ги пречекувала гостите. „Видете ги светските чуда за само 30 парички“ – со прекрасен глас им велела на сите посетители. Имала прекрасна жолтеникава коса која сонцето ја правело да изгледа како да свети. Била нешто што досега човекот-карпа немаше видено. Штом се доближил до неа, таа преговорила: „Видете ги светските...“ и штом го здогледала, била вчудоневидена од неговата големина. До сега немала видено човек како него. Прво нешто што изговорила било: „Дали би сакал да му се придружиш на циркузот?“ „Да“ – било единственото нешто што му доаѓало на ум. Штом почнала претставата, таа му го покажала целиот циркуз и какво надополнување би значел тој. Таква човечка сила им било тоа што му недостасувало на циркузот. Откако завршила претставата, го запознала со сите. „Ви го претставувам синот на Херкулес“ – го нарекла не знаејќи како да ги опише неговите способности. „До сега немам видено некој со толкава сила“ – рекол некој од присутните. Во него се појавило чувство дека припаѓа некаде, дека некој се грижи за него. Не сакал повеќе да го напушти ова прекрасно место. Сакал да остане таму засекогаш. Штом се стемнило, готвачот ја спремал вечерата и кога била готова, седнале околу масата да вечераат. По вечерата, запалиле оган и сите се собрале околу него. Запеале песна за пречек на новиот член на семејството. Изморени, заспале. Рано изутрина, штом се разбудил, 24 часовната пауза завршила. Морал да се врати. Вратата се појавила на местото од каде го оставила. Себичен, мислел дека светот му должи и дека е време да си го наплати долгот. Не сваќајќи ги последиците од своите акции, останал. За само половина час, небото од прекрасната сина боја, станало розево. Сите биле зачидени. Никој до сега нелам видено розово небо. Набрзо, од розево се претворило во црвено, темно црвено. Се наоблачило и почнало да грми. Дрвјата почнале нагло да овенуваат. Сите околу него почнале да се разболуваат. Цел свет почнал полека но сигурно да умира. Ја погледнал личноста која за него била цел свет, полека но сигурно умирала.

2


Сватил дека доколку навистина се грижи за неа и за светот во кој таа живее, мора да ја напушти. Знаел што мора да направи. Мора да се врати. Мора да ја жртвува својата среќа за сите да живеат. Кога тргнал, таа не знаела која е причината што ги напушта. Иако нешто чудно се случува со светот, тоа не е причина да ги напушти. Но тој, едноставно ја прегрнал и и рекол: „Би направил се за да те видам среќна, дури ако тоа значи повеќе да не те видам.“ Зачекорил кон вратата и ги напуштил засекогаш. Штом ја затворил вратата, таа исчезнала. А со тоа и светот се вратил онаков каков што бил. Сите биле зачудени од настанот. Што ли беше тоа што се случи? Како? Што го врати животот во колосек? Причината е едноставна: Тркалото почнало повторно да се врти. Штом ја затворил вратата, сите емоции од него исчезнале. Сите оние чувства станале сеќавања. Повторно постанал она што бил, празен, без емоции, без чувства. Имал една и едниствена цел: да го врти тркалото со што сите други ќе можат да живеат.

3


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.