Божиќното чорапче

Page 1


БОЖИЌНОТО ЧОРАПЧЕ Секоја година за Божиќ, семејството Трајковски ја украсуваа својата куќа најдобро што можат. Тие се четиричлено семејство: татко, мајка и две братчиња. На сред соба, се разбира им стоеше елката која обожаваа да ја украсуваат. Но, и покрај тоа што елката беше убава, таа не им беше најомиленото нешто за Божиќ. Тие имаа Божиќно чорапче, во кое секој ставаше поклони за остатнатите членови од семејството. Чорапчето стоеше веднаш над каминот. Чорапчето личеше на мал снешко. Имаше мали црни очиња, морковче за носе, шалче, нараквички и капа. Всушност, чорапчето изгледаше како снешко полн со подароци. Секое утро на Божиќ тоа беше веќе преполно со подароци од целото семејство. Дури и децата, иако мали, ставаа поклони. Секогаш, таткото ставаше полкони прв. Обично по некоја блуза за децата, но не забораваше да стави и некое чоколадо. За сопругата некој мал накит. Следна на ред беше мајката. Таа на своите деца секоја година им плетеше нараквички. Ќе ги здиплеше убаво и ќе ги ставеше внатре. Но, знаеше и да испечи неколку колачиња и нив да ги смести внатре. За сопругот, обично зимаше по некоја книга. Знаеше и да му земи некоја збирка на вкусни јадења, да го потсети дека и тој понекогаш треба да готви. Двете дечиња, правеа честитки од хартија. Помалото на лист ќе нацрташе нешто интересно, како семејтвото прави снежни анѓели, или некоја друга зимска идила. Поголемото, од другата страна на листот ќе напишеше збор-два и со ножиците ќе и дади интересна форма на честитката. Сите се радуваа. Без чорапчето, семејството Трајковски би ја немале онаа среќа и блискост која ја имаат денес. Една година, на Бадник, семејството Трајковски штотуку си легнаа да спијат. Во собата се слуша звук на тап предмет кој паѓа од висина. Се пали свеќа. Се гледа сенка на човек со долга брада и коса. Човекот ја вклучува светилката во собата. Тоа е Дедо Мраз. Им носи подароци на семејството Трајковски. Се приближува кон чорапчето да стави и тој некој важен подарок. Ја доближува раката кон чорапчето и забележува дека лицето на снешкото повеќе не е насмеано. Тоа е тажно. Нешто го измачува. Го става поклонот во чорапчето, а тоа длабоко издишува. Дедо Мраз решава да дознае за што станува збор. Што ли може да го измачува најсреќното чорапче на светот? Дедо Мраз во ниеден дом немаше видено толку среќно чорапче како она на семејството Трајковски. Но сега, тоа беше најтажното. „Што ти се случило“ – го прашува. „Зошто си волку тажно?“ Со тажни, насолзени очи, чорапчето презборело: Ги гледам сите други чорапи. Сите се во пар. Само јас сум оставено само. Секаде се заедно: заедно во перална, заедно на жица, заедно на нозе, а јас? Само висам над каминот и ги гледам сите како се среќни. Не можам веќе вака. Што ли толку згрешив? Дедо Мразо го гледа, му се насмевнува и му одговара: Зошто мислиш дека нешто си згрешил? Ти грешка размислуваш. Твојата цел не е ти да бидеш директно среќен. Твојата цел е ти да ги правиш другите среќни, а нивната среќа тебе да те прави среќен. Со тоа, колку повеќе ти другите ги усреќуваш, толку повеќе ти ќе бидеш среќен. А и зошто мислиш дека другите чорапи секогаш се заедно? Па после толку перања, секогаш еден од чорапите се губи за на крај да се спои со некој друг. Со некој друг на крајот ќе бидат споени, за на крај целосно да завршат сокинати, уништени и фрлени. А ти, ти ќе си останеш тука, над каминот. Секоја година.


Точно е тоа – му одговара, но на крајот тие, иако уништени имаат повеќе спомени од мене. Јас од каминот немам никаде мрднато. Само тука и во кутијата. А тука сум само еден месец во годината. Другите, животот им е интересен. Секој ден по нешто ново им се случува. Поарно сокинат, отколку без спомени. Повеќе немам сила да им донесувам радост и среќа на другите. Како што кажа, среќата на другите ме прави мене среќен. Еве, децата пораснаа, таткото и мајката се преокупирани со работа... Празникот и традициите не се тоа што беа. Веќе и не се толку радосни. Се е некако, со сила. Како што можеш да видеш, до мене имаат оставено неколку банкноти, секој да си купи што посакува. И на крајот, никој не е среќен. А кога тие не се среќни, јас немам од каде да соберам среќа. Со тоа, јас не ширам среќа. И се така. Се што ми е потребно е некоја барем мала среќа, колку да ме наполни со енергија. Сакам дури и да се пуштам од шајчето и да паднам во каминот. Дедо Мраз повеќе не можел да ги поднеси овие зборови. Го откачил од шајчето и го расплетил. Од него направил пар најубави чорапи. Истите му ги поклонил на првиот бездомник кој го сретнал. Овој пак, бил најмногу благодарен што во такво ладно време некој помислил на него. Му ги топлеле нозете се до последниот ден. Но за неколку дена, бездомникот починал и со него ги закопале и чорапите. А нашето чорапче, иако на кратко и на чуден начин, сепак, видело што значи вистинска среќа.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.