Прекрасна илузија

Page 1

ПРЕКРАСНА ИЛУЗИЈА ГЛАВА 1

ПРЕНАСЕЛЕНОСТ Секој организам се стреми да преживее. Кога околината во која живее ќе нема опасности, организмот се размножува. Очигледно нема поопасно од човекот бидејќи условите за човечко размножување се повеќе од идеални. Во 19тиот век, на планетата имало околу милијарда луѓе. Истиот број, двнојно се зголемил за само еден век. За нешто помалку од половина век, бројот достигнал 3 милијарди. На секои десетина години бројот се зголемува по 1 милијарда. Моментално, по светот чекорат 7,6 милијарда луѓе. Се предвидува, до крајот на 2050, бројот да достигне до 11 милијарди луѓе во светот. Направени се истражувања од Светската Организација за Храна и Здравје (СОХЗ) според кои од токсичноста на отпадот кои човекот го произведува, до крајот на 2100 година, планетата ќе биде неплодна за одгледување на растенија. До крајот на 22риот век, водата ќе исчезни од површината на планетата. Драстични мерки морале да се превземат со цел човештвото да преживее.

1


ГЛАВА 2

ЕКОНОМИЧНОСТ Вештачки се создадени болести кои ќе го намалат бројот на населението. Во среднината на 20тиот век е создаден вирус кој го напаѓа имуниот систем. Целта била за време на војна, да се жртвува мал број на војници да бидат заразени и фатени од непријателските сили како би ги инфицирале и брзо поразиле. Но сето тоа избегало од контрола и во 1983 националниот центар во САД, потврдува дека овој вирус е причината за СИДА. Фармацевтите иако имаат решение за прекин на секоја болест тие решаваат да ја третираат болеста отколку пациентот. Тие не сакаат да ја уништат болеста, туку да заработат што е можно повеќе пари од пациентите кои ги купуваат нивните производи. Додека една фармација креира решение за намалување на светската популација, друга наоѓа решение за заработка во процесот. Со развивањето и достапноста на интернет насекаде низ светот, луѓето ја зголемија меѓусебната комуникација и сватија дека фармацијата повеќе штети отколку што лечи и голем дел се ориентираа кон поздрава храна и нутриционузмот. Со тоа довербата кон фармациите полека се на и населението повторно доживеа пораст. СОХЗ мораа да изнајдат друго решение за контролирање на бројот на популацијата во спротивно човештвото ќе стане историја.

2


ГЛАВА 3

ДЕЦАТА СЕ НАША ИДНИНА Брзината со која бројот на населението се зголемува достигна критична точка. Мораше да се превземат акции доколку сакавме да опстанеме. На собирот на Обединетите Нации и СОХЗ се разгледуваат неколку можности, од кои едната е населување на Марс. Тоа една од идејата која има најголема шанса. Но, еден млад претставник од Либија, Омар Ал-Кубар, побарал шанса да каже свое мислење. Омар прашал: -

Зошто војуваме? Бидејќи сакаме територии кои не се наши. – одговорил. Зошто сакаме повеќе територии? Бидејќи немаме простор каде да живееме. Зошто немаме доволно простор? Поради зголемениот број на население. Зошто е зголемен бројот на населението? Поради неконтролираното размножување.

Омар им посочил дека светскиот проблем е всушност недостаток на контрола на размножување. Неговиот предлог бил, за почеток, секоја нова брачна двојка да има до две деца. Тоа, иако нема да го реши проблемот, ќе го прекини неговиот пораст.

3


ГЛАВА 4

НОВО ОПШТЕСТВО Со изгласувањето на новиот закон за контрола на човечко размножување, СОХЗ ја превзеде целосната контрола на негово спроведување. Според новиот закон, секое семејство имало право на најмногу две деца. После второто родено дете, врз родителите се вршело операција за спречување на плодноста. Со тоа родителите повеќе не би можеле да имаат деца. Доколку се родело трето дете, тоа им се одземало на родителите и се носело во камп за обука и развој. Во тој камп децата учеле заеднички да пронаоѓаат решение за проблеми. Целта била овие деца да бидат мозокот на светот и заедно да пронајдат решение за сите светски проблеми. Оние деца кои не биле доволно инетегентни, ги праќале во воен камп. Таму, тие ја создавале совршената воена сила која ќе го штитела светскиот ум. Како идеја, ова било прекрасно, но голем број од децата биле немирни и постојано биле во конфликт еден кон друг. СОХЗ развила третман со која им ги отстранила емиците. Им ја зголемила мозочната активност на децата од Светскиот Ум, а на Штитоносците, мускулната сила и рефлекси. Иако ова решение било најдобро за цел свет, голем деле од населението се здружиле против него. Формирале тајни организации за борба против СОХЗ. ОН иако се борела против нив, но без успех. Неколку од камповите на СОХЗ биле целосно уништени.

4


Но, по само неколку години, СОХЗ го претставила првиот успех. Светсккиот Ум успеал да го пронајде најголемиот собир на бунтовниците. Штитоносците, иако биле создадени за одбрана, ги нападнале и поразиле бунтовниците. Со тоа, СОХЗ докажале дека се способни да го пронајдат и она кое е длабоко скриено и да се одбранат и од најмоќната сила. После 20 години, СОХЗ ја постигнале својата цел. Тие знаеле се. Ја имале најголемата воена сила. Сега, тие можеле да направат се што ќе посакаат и никој не им стоел на патот. СОХЗ конечно можеле да почнат да го решаваат главниот проблем: Преживување на човечката раса. Веќе почнале со нацрти за нови градови, во кои претежно ќе се градат облакодери, како би сместиле што повење население. Во новите згради, би можеле да сместат и до 500.000 луѓе во една зграда. Светот полека почнал повторно да личи на место за живеење. Но, СОХЗ на едно не сметала: иако уништиле голем дел од бунтовниците, не ги уништиле сите.

5


ГЛАВА 5

НЕЗНАЕЊЕТО Е БЛАГОСЛОВ Годината е 2152. Светската популација не надминува 6 милијарди. СОХЗ е светска велесила. На планетата владее полициски час. Светот е прекрасно место за живеење. Насекаде преовладуваат облакодери. Најниската зграда е 150 ката. Фасадата на сите згради е покриена со стакло. Улиците се покриени со бел асфалт кој ја намалува топлината. Докажано е дека црната боја на асфалтот придонесува за зголемување на температурата. Не само патиштата, туку и сите улици се бели, со што ја одбива светлината, а благодарение на стаклата на зградите создава неверојатно чувство кога се чекори. На секој километар има мали паркови. Целта на парковите е да се зголеми кислородот. Повеќе не се користат фосилни горива. Единствено се користи соларна енергија. Личните превозни возила се заменети со велосипеди. Средства за транспорт се електричните возеви, чии шини се наоѓаат на висина од 5 метра над просторот за пешачење. Изгледа необично недостатокот на метеж и бучава, но тоа е животот кој се трудеше човештвото да го изгради. Но, мал дел од општеството не се согласувало со методите на СОХЗ. Голем број од родените деца биле неплодни, населението немало правода одлучи што ќе работи, туку општеството му наметнувало обврски на секој жител. Не учеле тоа што сакаат, туку тоа што требало. Миграциите биле строго регулирани. Право на глас немал ниту еден жител. Всушност, немало

6


никакво гласање. Сите одлуки биле донесувани од страна на СОХЗ. Доколку некој с противел, Штитоносците настапувале во акција и го згаснувале секој бунт. Светскиот Ум знаел за сите локации на бунтот и немало место за криење. Како и се на светот, и на СОХЗ му се ближел крајот на постоење. Народот се повеќе и повеќе се бунел. Бројот на Штитоносците секојдневно се зголемувал на цена на Светскиот Ум. Иако силнен, Умот не бил повеќе семоќен. Не можел да ги обработи сите проблеми, туку бил фокусиран кон само едно нешто: Целосно истребување на бунтовниците. Не биле свесни дека со тоа што ги напуштиле сите други проблеми, само го влошиле проблемот. Со тоа речиси цел свет полека но сигурно се кревал против управувањето на СОХЗ. Бунтовницие се собирале во подземјето, каде Светскиот Ум немал пристап. Таму, тие живееле во примитивни и неконтролирани услови. Не ни биле свесни дека со начинот на кој што живеат, самите себеси биле причина за својот неуспех. Се завртеле кон употреба на фосилни горива, нешто што го уништувало опстанокот на планетата. Својот број за 20 години го зголемиле 10 кратно. Планетата повторно била во опасност. Но, овој пат СОХЗ не можеле да најдат решение. Тие не биле свесни за постоењето на бунтовниците. Не знаеле од каде потекнува проблемот. Што ли можело да ја уништува планетата? Повторно сите средства ги насочиле кон тој проблем со што постепено повторно бројот на Штитоносците се намалил, а со тоа и Светскиот Ум станал ранлив на напад. Тоа бил моментот кога

7


бунтовниците го чекале. Конечно тие имале шанса да го птекинат постоењето на СОХЗ еднаш и засекогаш. Решени на таквиот потег, бунтовниците од целиот свет се собрале и го нападнале главниот штаб на СОХЗ. Бидејќи одбраната била неверојатно слаба, тие успеале и целосно ги освоиле сите објекти. Кога навлегле во зградата на Светскиот Ум, единствена цел им била да уништат се што постоело. Конечно навлегле во просториите каде се наоѓале луѓето кои всушност ги анализирале сите движења во светот и наоѓаат решение за сите проблеми. Бунтовниците решени да ги погубат Умовите не ги интересирало никое ннивно мислење. Сакале само да се ослободат од нив. Ослепени од одмазда, не виделе како еден часовник одбројува. Не им ни било чудно што никој не пружал отпор. Откако ги погубиле сите членови на Светскиот Ум, го приметиле часовникот кој одбројува. До часовникот имало монитор на кое имало паузирано видео. Еден од бунтовниците, кој најблиску бил до него, го пуштил видеото. Во него се објаснувале резултатите за тековниот проблем. Светот бил осуден на пропаст. Не само човештвото, туку цел жив свет во него ќе згасне за само 10 години. Светскиот Ум неможејќи да го пронајде изворот на проблемот, не можеле повеќе ништо да превземат. Секое едно дополнително намалување на популацијата било бескорисно. Ресурсите необјаснливо се намалувале. Единствен сомнеж било постоењето на бунтовниците, но Светскиот Ум не можел да најде ни трага од нивното постоење. Иако светската популација била околу 6 милијарди, потрошени ресурси и направен отпадок се како за 20 милијарди луѓе. На

8


крајот на видеото, СОХЗ признава дека не биле идеални во решавање на проблемите, но понекогаш треба да се донесат тешки одлуки за преживување на сите. Датумот на видеото бил од пред 10 години. Бунтовниците приметиле дека часовникот одбројува нешто помалку од 10 часа. Тие, конечно сватиле дека самите себеси се осудиле на пропаст. Ништо повеќе не може да ги спаси. По завршувањето на 10те часа, ништо не се случило. Мислеле дека сето тоа е лага. Но, кога побарале храна, виделе дека нема ништо што би можеле да јадат, како на површината, така и под неа. Водата била токсична за пиење. Воздухот полека станувал тежок за дишење. Птиците почнале да паѓаат. Било тоа страшна глетка. Брзале да се вратат во подземјето мислејќи дека таму ќе го пронајдат својтот спас. Но, од преголемата тежина на планетата, настанал голем земјотрес со што не преживеал ниту еден.

9


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.