Со читање до лидерство
Прирачник за обука
Октомври 2015
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Дневен ред 9:00-10:30 Презентација на алатките за креирање на приказни,
анимации, огласни табли и стрипови и нивна употреба во образовниот процес.
10:30 – 10:45 Кафе пауза 10:45 – 12:15 Изработка на активност со апликација за креирањеприказна и нивна презентација
12:15 – 13:00 Ручек 13:00 – 14:30 Изработка на активности со апликација за креирање анимации и огласни табли и нивна презентација.
14:30 – 14:45 Кафе пауза 14:45 – 16:15 Изработка на активности со апликација за креирање стрипови и нивна презентација
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Сесија 1 Важноста на алатки за креирање на содржини и нивни карактеристики и групирање.
Цел
Наставниците да ја разберат важноста на алатките за креирање на дигитални содржини
Очекувања
Да може да ги групираат различните алатки според дадени параметри
Чекори
Времетраење
1. Листа на одбрани алатки
30 минути
2. Групирање на одбрани алатки
40 минути
3. Презентација на групите
20 минути
Вкупно времетраење: Ресурси
90 минути ЛЦД проектор, Лап Топ за секој учесник и Интернет врска
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
1. Листа на одбрани алатки
30 минути
На учесниците на обуката им се презентира кратка листа со 15 алатки и сајтови за бесплатна музика и слики. Софтвер 1. https://storybird.com/ 2. http://www.toondoo.com/ 3. http://goanimate.com/ http://en.linoit.com 4. http://en.linoit.com 5. http://www.capzles.com/ 6. http://www.comicmaster.org.uk/ 7. http://www.comicmaster.org.uk/ 8. http://www.makebeliefscomix.com/ 9. http://zooburst.com/ 10. http://www.renpy.org/ 11. http://www.visualnovelty.com/ 12. http://fr33mind.github.io/Belle/ 13. http://www.englishotomegames.net/create 14. http://bassnovel.com/ Страни со бесплатна музика 1. http://audiofarm.org/ 2. https://archive.org/details/audio 3. http://www.freeplaymusic.com/ Страни со бесплатни слики 1. http://www.clker.com/ Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство 2. http://www.publicdomainpictures.net/ 3. http://www.turbophoto.com/Free-Stock-Images/ 4. http://www.4freephotos.com/
Фокусот е само на клучните работи и карактеристики на секоја од наведените алатки.
2. Групирање на одбрани алатки
40 минути
Секој учесник индивидуално, на својот компјутер ги разгледува алатките и ги класифицира во една од следниве четири групи: 1. Алатки за креирање приказни 2. Алатки за креирање на анимации 3. Алатки за креирање на огласни табли 4. Алатки за креирање на стрипови Заедно со класификацијата, секој учесник треба да напраби првична анализа за можностите на алатките и како истите би можеле да се поврзат со наставниот процес.
3. Презентација на класификациите
20 минути
Секој учесник независно презентира како ги има групирано алатките. Доколку постои разлика во групирањето, или иста алатка е категоризирана во повеќе групи, тогаш може да се развие дискусија за тоа во која група е најсоодветно да остане алатката.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Сесија 2 Цел
Наставницте да се оспособат за корисатење на алатки за креирање на приказни и да креираат сопстветни приказни
Очекувања
Секој наставник да има креирано една дигиталн приказна по завршувањето на обуката
Чекори
Времетраење
1. Прествавување на StoryBird
30 Минути
2. Изработка на активност со StoryBird
40 Минути
3. Презентација на Активност
20 Минути
Вкупно времетраење:
90 минути
Ресурси
Лап Топ компјутер за секој учесник, ЛЦД проектор, Интернет врска
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
1. Претсавување на Storybird
30 минути
Storybird Storybird е програма која овозможува на многу едноставен и лесен начин да се креираат интерактивни е-приказни. Секоја приказна е тематизирана со помош на слики од кои потоа настанува е-книга. Едукаторите, родителите и децата би требало да ја употребат својата имагинација и креативност како би ја направиле е-приказната со користење на слики. Прилагодена е за возраста на детето и му овозможува слобода да ја употреби својата имагинација при креирањето. Готовата е-приказна може да се печати, да се гледа на екран и да се сподели во големата онлајн библиотека низ целиот свет. Примери
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Во упатството следете ја црвената стрелка како на сликите Програмата Storybird можете да ја најдете на адресата https://storybird.com/ Се отвора почетната страна која изгледа на следниот начин:
За да ја користите правилно програмата најпрво морате да се пријавите, притиснете на Sign up for Free
Одберете Educator или Teacher
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Пријавата која изгледа на следниот начин пополнете ја со Вашите податоци, па потоа притиснете на Create Account
За Username и Password можете да напишете што сакате, но е-маилот мора да биде точен односно да биде тој што навистина го поседувате. Доколку програмата ви побара активација на вашиот е-маил, отворето го е-маилот и активирајте го така што ќе притиснете на соодветниот линк, во случај програмата да не ви побара активација можете да пристапите кон логирање на страната со притиснување на копчето Sign in.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство Се отвора нов прозорец во кој ќе ги внесете Вашите податоци кои сте ги навеле во пријавата и потоа ќе притиснете на Sign in.
Се отвора почетната страница на програмата Storybird каде се наоѓаат Classes, Your Stuff, Following...
Исто така во левиот горен агол се наоѓа мало мени, за да направите приказна притиснете на Write
Се отвора низа со слики од каде што можете да ја изберете таа која највеќе ви се допаѓа, таа ќе ви послужи како logo за целата приказна, Одбраната слика е означена со црвена стрелка. Притиснете на сликичката. Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Потоа притиснете на Use this Art.
Use this Art може да се користи на повеќе начини, кои можете да ги искористите подоцна при работата со децата и учениците, а тоа се, Longform Book (приказна со повеќе поглавија), Picture Book (приказна со повеќе страници) , Poem (песничка со една слика). Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Овој пат ќе одбереме Picture Book (приказна со повеќе страници и слики) Се отвора главниот дел за креирање на приказната, во средината се наоѓа објаснувањето на англиски јазик, каде можете да внесете односно да напишете текст од левата страна, како и да ја преместите сликата на десната страна (обележано е со црвената стрелка).
Кога ќе го напишете текстот на левата страна и сликата ќе ја поставите на десната страна, првата страница ќе ви изгледа вака. Важно: Ве молиме напишете го текстот со англиска подршка како би можела книгата подоцна полесно да се објави.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
За да ја додадете следната страница во долниот десен агол се наоѓа + на кој треба да притиснете како би ја додале следната страница.
Се отвора нов празен прозорец, во кој можете да додадете текст и слики, ако преминете со курсерот преку празниот простор ќе забележите дека постојат повеќе позиции за внесување на текст и слики на пр. Од лева, десна страна итн.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Текстот може да биде од левата страна а сликата од десната страна како што е прикажано на следната страница.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство Ја додаваме третата страница со помош на копчето +, го пишуваме текстот на десната страна а сликата на левата страна.
Ја додаваме четвртата страница со помош на копчето +, и ја поставуваме сликата преку целата страница.
Како и во секоја програма притиснете на копчето Save за да ја сочувате приказната
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Ја додаваме уште Cover page одн. насловната страница која е прва во низата од сите страни
Ја одбираме првата опција Classic...
Потоа ја одбираме бојата за насловната страница...
Го додаваме текстот...
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
И на крајот ја добиваме насловната страница.
Доколку сакате да се вратите на сите страници на е-приказната се притиснува на десната страна на низата страници
На левата страна се наоѓа менито
Притиснете на Menu и ќе се отвори, па потоа притиснете на Publish
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Доколку сакате да ја објавите книгата првиот дел пополнете го како што сакате, додека вториот дел треба да се пополни како што е прикажано на сликата за да можете да ја видите.(тоа што е обележано со црвените стрелки) ВАЖНО !!! Privacy : Public па потоа притиснете на Publish
ВАЖНО!!! Во случај да не ви се прикажува опцијата Public одберете Private, но кога ќе сакате да ни го испратите линкот задолжително испратете ни ги и Вашите Username и шифра за Storybird како би можеле да ја погледнеме Вашата работа. Потоа ќе се прикаже е-приказната, за да би можеле да ни ја претставите на нас и да го копирате линкот притиснете на следниот знак кој што е обележен со црвената стрелка
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
ВАЖНО!!! Потоа ископирајте го линкот кој што се наоѓа во Share link и предадете го како решение како би можеле да го оцениме
Доколку сакате да направите нова приказна или да ја измените веќе направената притиснете на Your Stuff каде се прикажуваат сите е-книги
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Притиснете на ѕвездичката, За да ја измените е-приказната притиснете на Edit Story, а за да ја избришете на Delete Story
Доколку сакате да излезете од програмата
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Ви посакуваме пријатна работа...
2. Изработка на приказна со StoryBird
40 Минути
Задача: Согласно наставните планови и одделенија во кои предаватате, креирајте активност со помош на алатката StoryBird. Линкот до прикаската, испратете го по емаил на Вашиот обучувач.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
3. Презентации
20 Минути
Секој учесник презентита што сработил пред групата и го испраќа линкот од својот продукт на обучувачот на мејл.
Сесија 3 Изработка на активности со апликација за креирање анимации и огласни табли и нивна презентација. Цел
Наставниците да се оспособат да користат алатки за креирање анимации и огласни табли и истите да ги врзат со наставните планови.
Очекувања
Секој наставник самостојно да изработи продкут со алатка за креирање анимации и огласни табли.
Чекори
Времетраење
1. Презентација на алатки за креирање анимации и огласни таби
30 минути
2. Изработка на активност со алатки за креирање анимации и огласни табли
40 минути
3. Презентација на изработки
20 минути
4 Вкупно времетраење: Ресурси
90 минути Лап топ за секој учесник, интернет конекција и ЛЦД проектор/
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
1. Презентација на алатки за анимации и огласни табли
30 минути
LINOIT LinoIt или Lino е бесплатна онлајн огласна табла која може да се користи и како огласна табла во вистинскиот живот. Lino има многу едноставен интерфејс,адаптиран за сите возрасти, може да се користи за известување на учениците, за правење наставни единици, за совладување на наставните теми, како во училиште така и во образовната работа со најмладите. Lino се состои од налепници(етикети) кои едноставно се прикачуваат(прилепуваат) на огласната табла – пано, кои што можат да бидат текстуални, како слики или како видео записи. Пример на една огласна табла :
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Во упатството следете ја црвената стрелка на сликите Програмата LinoIt или Lino можете да ја најдете на страната http://en.linoit.com Се отвора почетната страна која изгледа на следниот начин:
За да ја користите правилно програмата најпрво морате да се пријавите со притиснување на копчето
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство Пријавата која изгледа на слениот начин пополнете ја со вашите податоци
За Username и Password можете да напишете што сакате, но е-маилот мора да биде точен односно да биде тој што навистина го поседувате. Исто така ставете штикла Accept our Terms of Use па потоа Sign up Доколку програмта ви побара активација на вашиот е-маил, отворето го е-маилот и активирајте го така што ќе притиснете на одговарачкиот линк, во случај програмата да не ви побара активација можете да пристапите кон логирање на страната со притиснување на копчето Login.
Се отвора нов прозорец во кој ќе ги внесете вашите податоци кои сте ги навеле во пријавата и потоа ќе притиснете на Login
Се отвора почетната страна на програмата Lino каде се наоѓаат My Page, My Canvases, My Groups итн. Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
За да направите огласна табла - пано притиснете на My Canvases па потоа на Create New Canvas
Потоа на огласната табла ќе и дадеме име, и ќе избереме позадина по желба
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Во овој чекор е многу важно да одберете Show stickies to everyone како би можеле да ја видиме вашата огласна табла, во иднина ќе можете да одберете дали сакате вашата огласна табла да биде само за ваша приватна употреба или пак да можат сите корисници да поставуваат налепници(етикети) на неа. Потоа ќе притиснете на Create a canvas. Огласната табла е креирана и изгледа на следниот начин:
На оглaсната табла можете да поставите најпрво текстуални налепници(етикети), потоа слики, видео записи како и разновидни формати на документи. За поставување на текстуални налепници(етикети), едноставно притиснете на жолтата налепница која се наоѓа во горниот десен агол на огласната табла.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Се отвора нов прозорец во кој го внесувате текстот и потоа притиснувате на Post.
Креирана е првата налепница(етикета), можете да ја поставите каде што сакате на огласната табла со едноставно „влечење“ по самата табла. Исто така можете да ја измените со помош на малото моливче кое се наоѓа на секоја налепница како и да ја бришете со помош на знакот за штиклирање кој се наоѓа исто така на самата налепница на долниот десен агол(црвета стрелка на сликата подолу го прикажува тоа).
На секоја налепница(етикета) можете да ја менувате големината на фонтот, бојата и сл. Ја креираме втората налепница(етикета) каде што стрелките ни го прикажуваат токму менувањето на фонтот, за да ја креирате налепницата секогаш треба да притиснете на копчето Post.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Освен текстуални налепници(етикети) на огласната табла можете да поставите и слики
Се притиснува на сликата која е прикажана со стрелката, сликата може да биде во три големини: Small, Medium, Large исто така може да биде со рамка или без неа, со сенки и др. Притиснете на Choose File, внесете слика од вашиот компјутер и притиснете на Post.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Освен слика можете да внесете и видео запис, притиснете на сликичката која изгледа како филм
Се внесува името на видео записот и потоа се притиснува на Post.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Исто така може да се постави и некој документ на огласната табла. Се притиснува на спајалицата .
По изборот на документот од вашиот компјутер притиснете на Choose File па потоа Post.
Огласната табла е креирана... Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Во долниот десен агол се наоѓа целата огласна табла, бидејќи е многу голема можете да се движите по неа со помош на правоаголникот.
Во долниот лев агол ќе се наоѓаат сите огласни табли кои сте ги креирале, доколку ви попречуваат при работата, можете со помош на стрелките да ги сокриете како што прикажува црвената стрелка на сликата подоле.
Ако сакате да се вратите на почетната страна на програмата притиснете на првата црвена стрелка која што е прикажана на следната слика, а доколку сакате да излезете од програмата притиснете на втората црвена стрелка.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
За да ја предадете вашата завршена работа едноставно ископирајте го линкот кој што се наоѓа горе во address bar-от.
Ви посакуваме пријатна работа со оваа едноставна, но многу корисна програма...
Go Animate Go Animate е програма која служи за правење анимација одн. Анимациони видеа бидејќи има голем број опции со чија помош може да се креира дури и мал филм. Многу е едноставен за работа и прилагоден за корисникот. Наменет е за млада возраст но секако може да им послужи и на постарите ученици. Единствен недостаток му е тоа што сеуште не може да се користи нашиот јазик, но би било многу забавно и кога ќе напишете нешто на нашиот јазик а програмата ќе го изговори со странски нагласок. Особено може да се примени во наставата за предметите по странски јазик. Да започнеме… Почетната страница на програмата Go Animate изгледа вака
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
За да можете да ја користите програмата потребно е да притиснете на Sign Up
Пополнете ги полињата со Вашите податоци на стандардниот начин
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Потоа логирајте се
Откако ќе се логирате можете веднаш да почнете да го правите вашето прво анимационо видео Притиснете на Make a Video
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Постојат два вида за правење на видео 1.Брзо видео 2.Целосна верзија на видеото Најпрво ќе притиснете на Filter Themes кое се наоѓа во десниот горен агол… потоа на Templates како би го виделе изборот на бесплатни примери за анимациони видеа
Ќе изберете брзо видео со нацртана жирафа Wildlife,
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Ќе се отвори животински свет па потоа ќе кликнете на Next
Ќе одберете сцена на која би сакале да се наоѓаат вашите објекти, програмата има доволно бесплатни сцени кои можете да ги користите, потоа ќе притиснете на Next
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Ќе ги изберете ликовите кои би сакале да учествуваат во сцената, постојат голем број на објекти кои можете да ги користите, потоа повторно ќе притиснете на Next
Го пишуваме дијалогот кој ќе го зборуваат ликовите во сцената наизменично, ви препорачуваме да пишувате на англиски јазик но ако сакате можете и на македонски, но при изговорот ќе го почувствувате и слушнете акцентот. Се надеваме дека наскоро ќе има и Voice за нашиот јазик. Потоа ќе притиснете на Preview.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Треба да го сочувате анимационото видео со користење на опцијата Save now
Напишете наслов, опис и одберете thumbnail и притиснете на Publish.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Постои и опција која ќе ви овозможи на пријатели да им испратите дека сте објавиле видео, најважно е на овој дел да не заборавите да го напишете линкот кој ќе го предадете како резултат на вашата работа.
2.Начин за креирање на целосна верзија на видеото Со притиснување на некое од понудените теми и потоа на Make a video
Се отвора прозорец со сите елементи, за почеток можете да додадете уште една сцена Преминувањето помеѓу сцените можете да го направите со помош на Scene Settings потоа Effects и на крајот Add Transition
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
На сцената ги внесуваме ликовите со едноставно повлекување, тие можат да зборуваат...
Да се движат,..
да влегуваат и излегуваат…
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Поставивме два лика на сцената и им додадовме движења и говор. Бидејќи нема опција за македонски јазик зборовите можете да ги вметнете со помош на облачиња.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Ќе го одберете видот на облачето исто како и големината на фонтот со која ќе биде испишан текстот(може и кирилично писмо)
Пример за текст во облачето. Освен текстот одн. Зборувањето можете … …да ја измените позадината
…да додадете објекти Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
…да додадете музика
…да додадете ефекти на сцената
Филмот можете да го погледнете со помош на опцијата Preview и потоа да го снимите со помош на опцијата Save as
Напишете го насловот и таговите како и опцијата Public за да биде јавен а потоа одете на Save and Share
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Целата ваша работа ќе ја предадете во облик на овој линк
Успешна работа!!!
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
2. Изработка на активност со алатка за креирање анимации и огласни табли
40 минути
Задача: Согласно наставните планови и одделенија во кои предаватате, креирајте активност со помош на алатката за креирање анимации и огласни табли. Линкот до изработката испратете го по емаил на Вашиот обучувач.
3. Презентации
20 минути
Секој учесник презентита што сработил пред групата и го испраќа линкот од својот продукт на обучувачот на мејл.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство Сесија 4 Изработка на активности со апликација за креирање стрипови и нивна презентација Цел
Наставниците да се оспособат да користат алатки за креирање стрипови и да креираат содржини со истите
Очекувања
Дигитални содржини креирање на стрипови
креаирани
Чекори
со
алатки
за
Времетраење
1. Презентација на алатка за креирање на стрипови
30 минути
2. Изработка на содржини со алатка за стрипови
40 минути
3. Презентација
20 минути
Вкупно времетраење: Ресурси
90 минути ЛЦД Проектор, Лап Топ за секој учесник и интернет врска
1. Презентација на алатка за креирање стрипови
30 минути
ToonDoo Програмата ToonDoo на интересен начин им овозможува на децата и возрасните на многу лесен начин да креираат сопствени стрипови комбинирајќи различни сликички и облици. Од стриповите може да се направи и мала е-книга, а во составот на самата програма постојат и опции(апликации) за цртање и креирање на различни човечки ликови. Ликовите можат да се креираат дури и со вметнување на сопствени фотографии во програмата или со користење на фотографии од интернет. Наставниците Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство и воспитувачите оваа програма можат да ја искористат за различни оригинални содржини во наставата и комуникацијата со децата. Пример на еден стрип:
Во упатството следете ја црвената стрелка прикажана на сликите: Програмата ToonDoo можете да ја најдете на следната адреса http://www.toondoo.com/ Се отвора почетната страница која изгледа на следниот начин:
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
За да ја користите програмата најпрво треба да направите регистрација. Во горниот десен агол се наоѓа квадратче на кое пишува Sign Up for FREE. Притиснете на него.
Потоа ќе се отвори страна со два прозори како што е прикажано на сликата:
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Притиснете на десниот прозорец каде што пишува Sign up for Toondoo. Потоа ќе се отвори следната страна на која се наоѓаат полињата со податоци за регистрација:
Се внесуваат Username и Password по сопствен избор кои треба да се запамтат или запишат, и е-маил адресата преку која се пристапува до програмата. По внесувањето на овие податоци треба да се притисне на опцијата Register. Се отвора повторно почетна страница, но овој пат на неа на врвот би требало да пишува здраво и персоналниот Username. Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Сега веќе можете да пристапите кон изработка на стрипот. Притиснете на опцијата ToonDoo Maker.
Се отвора следниот прозорец каде што може да се одбере бројот на полињата и изгледот на стрипот. Најдобро би било стрипот да има барем 3 полиња..
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Откако ќе се одбере изгледот на стрипот може да се пристапи кон неговата изработка на страната која ќе изгледа на овој начин кога ќе се отвори:
Првата алатка е избор на ликовите кој ќе се појават во стрипот, таа се наоѓа на почетокот на траката, веднаш покрај самото лого на програмата. Постојат голем број на ликови што можат да се вметнат во стрипот, а изборот се врши со притиснување на иконата со човечки фигури каде што потоа се појавува лизгачко мени со различни групи човечки и животински ликови. Доколку сакате да се појават сите ликови од одредена група треба да се притисне на стрелките во долниот десен агол. Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Откако ќе се одбере ликот треба да се притисне на него со левото копче на глушецот и едноставно да се повлече на одредено место на празниот простор во стрипот. Ликот може да се преместува и поместува само во рамката на полето.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Можат да се одберат повеќе ликови. Потоа може да се одбере и позадината на стрипот, која се наоѓа во полето покрај ликовите.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
На истата трака се наоѓаат уште многу различни илустрации соодветни за различни предмети или од делови на животот. На четврто место на оваа трака се наоѓаат облачињата во кои може да се напише текст по желба. На долната трака се наоѓаат алатките за прилагодување на ликовите и позадините (Shrink-смалување, Enlarge-зголемување, Rotate, Flip....). Пред да се искористи некоја од овие алатки, се бележи објектот на кој ќе се изврши промената. Доколку постои потреба нешто да се избрише од сликата се оди на опцијата Delete, но пред тоа повторно мора да се обележи објектот или ликот кој што треба да се избрише. По исполнувањето на сите три полиња се оди на опцијата Save и програмата ќе го сочува направениот стрип, кој што потоа ќе може да се отвори секогаш кога ќе се пристапи на програмата. Стрипот треба да се сочува под некое свое лично име, а тоа може да се направи со опцијата UNTITLED каде што овој збор се бележи и се впишува насловот на стрипот.
Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Направениот стрип секогаш може да се отвори кога на почетната страна се оди на опцијата TOONS,My ToonDoos.
Предавање на работната задача: Проект на УСАИД „Со читање до лидерство’’ Фондација „Чекор по чекор’’ – Македонија бул. Партизански одреди бр.72a 1000 Скопје, Македонија Тел/Факс: + 389 2 3077-900 www.stepbystep.org.mk
Со читање до лидерство
Одете на опцијата TOONS, My ToonDoos, под секој стрип се наоѓа опцијата Goto Page. Притиснете на Goto Page, потоа ќе ви се отвори стрипот и само ископирајте го линкот и предадете ја работната задача
. Ви посакуваме успешна работа!
2. Изработка на активности со ТоонДоо
40 минути
Задача: Согласно наставните планови и одделенија во кои предаватате, креирајте активност со помош на алатката ТоонДоо. Линкот до прикаската, испратете го по емаил на Вашито обучувач. 3. Презентација на активности со ТоонДоо
20 минути
Секој учесник презентира што сработил пред групата. Финалта изработка ја сподеува по емаил со обучувачот.