Enter 45

Page 1


02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Гоце Постоловски - gp@division.mk Заменик уредник Ана Симоновска - as@division.mk Маркетинг marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Веб уредник Ирена Постоловска - ip@division.mk Лектор Верица Неделкоска Фотографија Благоје Ѓорѓевиќ - bdj@division.mk Графичка подготовка Глигор Постоловски Редакција и соработници Дејан Зафировски dz@division.mk Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Ивица Анѓелески Жарко Петровски Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година

Постојани соработници

контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава

Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел: 02/511 99 77, факс:02/511 97 97 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: ПЛУС ПРОДУКЦИЈА Тел: 02/2580020

ЗБОР-ДВА ОД УРЕДНИКОТ Најверојатно уште сте во шок (се надеваме, позитивен) од тоа што ви се случи во киоскот кога за вашиот омилен ИТ магазин ви побараа само 77 денари и сега барате која е „финтата“, што е помалку, бидејќи нема никаква логика да платите двојно помалку пари за истиот квалитет. И веднаш да ви признаеме, точно е, нè фативте. Има финта. Овој „Ентер“ иако има ист број на страници, исто dual layer DVD како и оној од 150 денари, сепак по нешто се разликува од претходниот. ПОДОБАР Е! Да, да, токму така. Си зедовме слобода да ставиме црвена капа, бела брада, да ги впрегнеме ирвасите и да ви подариме „Ентер“ за половина цена од онаа што досега ја плаќавте. И тоа не е само за Нова година, така планираме да остане уште долго време, со цел да го зголемиме нашиот клуб на читатели и да ги наградиме редовните со кои се дружиме неколку години по ред. Новогодишното расположение што нè зафати може да се забележи и преку содржините, не само во цената. Одбравме неколку интересни софтвери кои на вашиот компјутер ќе му помогнат да го почувствува празничниот дух и со кои ќе можете да дизајнирате и да испратите убави честитки до најмилите. Исто така, разгледајте ги и многуте хардвери што ги имавме на тест, па на некој од нив слободно додајте му ја етикетата „новогодишен подарок“ кој може да го навестите на оној што сака да ви подари нешто или, пак, да се почестите самите. А ги има многу. Голем избор на матични плочи од новата генерација, лаптопи и десктоп-конфигурација на која посебно ќе им се израдуваат гејмерите, но и оние кои сакаат моќна конфигурација која ќе им ги задоволи апетитите за повеќе простор, поголема меморија и брзина. Претставуваме и три моќни графички картички, како и она што е најново од светот на Apple, каде што во последно време иновацијата и убавиот изглед се клучните зборови. Темата на бројот е Windows 7. Некој ќе каже дека доцниме со рецензијата, но ние сакавме да ја тестираме, да уживаме малку во неа, да ги откриеме евентуалните недостатоци и сето тоа убаво да ви го презентираме вам. Во тој „филм“ се и дел од советите во рубриката „Како да...“, како и софтверот кој ја носи титулата Про-софтвер, се разбира, во делот Про. Моќните комуникатори и мобилни телефони, исто така, можат да бидат убав подарок. Ви ги презентираме најдобрите што постојат, а она за што разбравме дека ќе се појави наскоро ви го прикажуваме како најава. Во делот Про ја вративме колумната како рубрика, а по позитивните реакции од ваша страна, ја задржавме и онаа која ја започнавме од минатиот број, а се однесува на технологии и прототипи кои засега се само во лабораториите, но знаејќи со која брзина се движат работите во оваа сфера, ништо чудно набрзо да ви ги презентираме и како комерцијални. Другите рубрики се истите, сите на број, со иста „зафатнина“ како и претходно, но квалитативно подновени. Од делот Гејминг, покрај стандардните најави и рецензии, ексклузивно ви претстатвуваме репортажи од две светски првенства. Првото, WCG, се одржа во Кина, а таму беше и нашата репрезентација. Прочитајте како си поминаа и што направивме ние, а што остатокот на светот, каде што сајбер-културата се негува како што треба. Второто, пак, беше светското првенство во една од најинтересните друштвени игри. За детали, исто така, пред самиот крај на списанието. Секогаш присутното DVD е пак тука. И кај него нема никакви скриени финти кои би биле изговор да ја снижиме цената на „Ентер“. Повторно е со зафатнина од 8,5 GB, до последен бит исполнети со интересни, корисни, но и забавни содржини. Како игра на бројот ја одбравме Avatar: The Game која е направена по истоимениот филм на Џемс Камерон кој сите со нетрпение го очекуваме. Како посебна секција ставивме избор софтвери со наставката 2010 во името, а тука се и стандардните рубрики со најновите програми и игри соодветно распоредени низ нив. За крај, среќни празници и уживајте. Се читаме наскоро. Гоце eAbacus Постоловски


НАСТАНИ

12 Иновативни во образованието Иновативни наставници, проекти, училишта. Се избраа најдобрите во три категории, кои ќе ја претставуваат земјава на Microsoft Европскиот иновативен образовен форум во Берлин.

14

ВЕСТИ Контра ефект акција

Обидот на кинеските власти да го исчистат интернетот од порнографски материјал, нудејќи парична награда за пријавување неморална содржина, предизвика бааги зголемена фреквенција на порно сајтовите.

17

ИНТЕРВЈУ СО... Проф. Маја Ржарова Галев

Во категоријата „Креативност и иновативност во употреба на технологијата“, како најдобар беше оценет проектот на ООУ „Блаже Конески“ од Велес, „Образовен портал“, чиј носител е Маја Ржарова. Што вели таа за овој проект?

ИНТЕРНЕТ 20 Веб-селектор 24 Дознајте што е „ин“

Веќе пишувавме за трендовите во блогосферата, а овој пат ќе ја земеме предвид една од најпопуларните микроблог-платформи. Бројот на Twitter корисници забележително се зголемува од ден на ден и сосема е очекувано да се запрашаме за моментните трендови во оваа сфера. Одредени веб-сајтови веќе нудат солидни можности за детална анализа и приказ на најексплоатираните теми и термини.

ХАРДВЕР 30 Слика без жица

Колку пати досега сте посакале да гледате филм на вашиот телевизор, а филмот бил во меморијата на вашиот компјутер? Колку метри кабел имате спроведено во вашиот дом само за да го поврзете вашиот телевизор со уред кој не е близу него? „Анхоч“ нуди решение со уредот PC to TV Wireless за безжично да го поврзете вашиот компјутер/видеоуред со телевизор.

32 Четири можности за полн погодок

Ако сте во потрага по нова матична плоча или сè уште не сте одлучиле која матична плоча да биде основа на вашиот систем, ќе се обидеме да ви ги скратиме маките претставувајќи ви четири различни модели на матични плочи од производителот J&W (JandW Technology), секоја со своја приказна.

26

ТЕМА НА БРОЈОТ

Убав на мама, арслан на тато Еве го. Намерно малку подоцна од сите оние што „се истрчаа“ да напишат ексклузивна и прва рецензија и резултати од тестови. Ние го добивме, го инсталиравме и го „измачивме“, буквално. Додека тој се мачеше (колку и да звучи ова лошо), ние уживавме. Уживавме во брзината, уживавме што не мораше да бараме драјвери и да сетираме мрежи. Уживавме во Windows 7...

СОФТВЕР

36 Играч за играчи

Квалитетно потрошете го времето за новогодишните и божикните празници со добра игра на компјутер, а тоа нека биде конфигурацијата од AMC со име Gamer 9202. Ова е десктоп PC со четиријадрен процесор, 4 GB DDR3 системска меморија и хај-енд графичка картичка, кој нуди одлични резултати, а сепак нема да го оптовари домашниот буџет кој за време на новогодишните празници често може драстично да се намали.

48 Гага (без Лејди:) апликации

Пакетот Аpple Logic Studio 9 се состои од неколку апликации кои одлично функционираат една со друга, а се наменети за аудиопродукција отпочеток до крај: од создавањето на нумерата, па сè до нејзиното монтирање, на пример, во видеоспот и снимање на CD. Што сè нудат Logic Pro 9, MainStage 2, Soundtrack Pro 3, WaveBurner 1.6 и Compressor 3.5, читајте понатаму.

38 По патот кон реалноста

Графичкото процесирање стана неопходна компонента на модерните компјутери. Денес, ние едноставно бараме од нашиот компјутер одлична графика, фантастично видео, кристално уредување слики и неспоредливо гејминг-искуство. Серијата графички картички Palit GeForce GT може да ви ги овозможи овие импресивни побарувања, а тоа ќе ве чини поевтино отколку што сте замислувале.

42 Вашиот влез во мобилниот свет Понекогаш кога сме во потрага по преносен компјутер не ни се најважни неговите димензии или моќ. Отпорноста на течности е една од тие комплексни карактеристики што може да ни бидат важни, а со која би биле заштитени од мали незгоди. Покрај сите останати работи, Fujitsu Siemens Li3710 нуди и отпорност на течности, а за да ги дознаете и останатите негови перформанси, прочитајте нешто повеќе за овој модел.

50 И гејмерите сити и фрејмовите на број

Го паметите ли времето кога сите игравме „Нинтендо“ дома и кога „кисневме“ по локалните флиперници? Помладата генерација можеби не ги знае Galaxian, Street Fighter или Wonder Boy. E, па, тие времиња беа мирни, навистина полни со игра и безгрижност.

61

ION Аudio Tape Express – конвертор на магнетни аудиокасети во MP3

44 Кликни ја магијата

Приказната започна со iPhone. На ред дојде iPod touch. Потоа и MacBook Pro. Интуитивна, паметна и динамична, Multi-Touch технологијата претставува неспоредливо подобар начин на интеракција со компјутерското глувче.

КАКО ДА...

47 Го оптимизирам Google Chrome

Ветувањата мора да се исполнуваат. Така, ние минатиот број почнавме, но не довршивме со објаснувањата за тоа како да го оптимизирате новиот интернет-прелистувач од компанијата од Редмонд.

ГАЏЕТИ SteriShoe – „убиец“ на непријатната миризба од вашите обувки Botanical Air Purifier – природен пречистувач на воздухот Self Stirring Lazy Mug – термос-шолја за мрзливи љубители на инстант-напитоци Knock Lock – тропај „среќен роденден“ за да влезеш

66

МОБИЛНИ

Иновација која возбудува

Изминатата година финскиот гигант Nokia на пазарот се појави со неколку извонредни мобилни телефони, па ни долгонајавуваниот N900 не е исклучок. Иако во голем дел наликува на својот постар„брат“ N97, сепак нуди некои новитети кои го прават негова достојна конкуренција. Едноставно, Nokia станаа толку квалитетен бренд што единствена конкуренција си се самите себеси.


Проф. Сатки Исмаили

На „Мicrosoft форум на иновативни наставници“, во категоријата „Иновации во содржината на проектот“ со прва награда се закити проектот „Различни јазици, култура и националност не се пречка за добра комуникација“ на основното училиште „Кирил и Методиј“ од Тетово. Проектот ќе биде еден од трите кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Microsoft Европскиот иновативен образовен форум во Берлин, што ќе се одржи во март 2010 година. Ја искористивме можноста да му поставиме неколку прашања на носителот на овој проект, професорот Сатки Исмаили, кој накусо ни го претстави проектот.

Цел на проектот? Целта на проектот беше да овозможува развивање на вештини за критичко размислување на учениците, тимска работа и решавање на разни проблеми за комуникација меѓу учениците. Вештини што ќе им овозможат на учениците без оглед на различниот јазик, култура и националност, да комуницираат, со цел – размена на разни искуства, запознавање на културата, историјата и обичаите на другите. Исто така, образовна цел на целиот проект беше совладување на техниките на комуницирање преку примена на информатичко-компјутерската технологија, каде што учениците практично имаат комуникација со своите врсници од земјата и од странство. Опис на содржината? Проектот „Различни јазици, култура и националност не се пречка за добра комуникација“ се реализира од ученици Албанци, Македонци и Турци од О.У. „Кирил и Методиј“ - Тетово и се одвиваше во шест фази. Проектот траеше неколку години и сè уште е во примена. Во текот на реализацијата, учениците имаа многу работилници каде што успешно ги покажаа вештините за тимска работа и успешно користење на современата компјутерска технологија. Учениците имаа чести он-лајн комуникации со врсниците од неколку градови на нашата Република и надвор од неа. Вреди да се напомене

Комуникација – без граници

тридневната он-лајн комуникација со учениците од Сколеком-Алборг од Република Данска и со учениците од Буенос Аирес од Аргентина. Конкретна примена на информатички технологии и алатки? Целиот проект беше реализиран со помош на иновативна примена на технологијата. Исто така, една од целите на проектот беше преку употреба на техношките алатки да се комуницира на поедноставен и разбирлив начин. Сите работилници, анкети, интервјуа, анализи, презентации и друго беа реализирани со примена на производите на Microsoft. Учениците ги применија MS Word и MS Excel за изработка на разни формулари за анкети, извештаи, анализи и друго. За меѓусебна комуникација со учениците од земјата и од странство го користеа Windows Live Messenger. Презентациите за учениците, родителите и другите претставници беа подготвени и реализирани со помош на MS PowerPoint. За видеопрезентациите беа користени Windows Movie Maker и Windows Media Player.

подобрени во голема мерка, благодарејќи на USAID и PEP проектот, особено компонентата за ИКТ и компонентата за математика и групата на предмети од природните науки, мислиме дека уште повеќе ќе ја шириме мрежата за комуникација меѓу учениците и наставниците во земјата и надвор од неа, бидејќи во нашето училиште има и услови и желба од страна на учениците и наставниците.

За крај, сакам да упатам голема благодарност и до редакцијата на списанието „Ентер“, чии редовни читатели сме и ние, која во голема мерка придонесе во развивањето на употребата на компјутерската технологија кај младата популација кај нас.

Предизвици и проблеми при реализацијата на проектот? Најголем предизвик ни беше да ги зближиме учениците од различни националности преку примена на информатичко-компјутерската технологија за комуницирање. При реализацијата на проектот најголем проблем ни беше тоа што не можевме да им излеземе во пресрет на сите ученици кои имаа голема желба да комуницираат со своите врсници од земјата и од странство. Понатамошен развој и одржување на проектот? Бидејќи реализацијата на проектот не е временски ограничена, а сега техничките можности во училиштето ни се

16

www.enter.net.mk

Проф. Сатки Исмаили, носител на проектот „Различни јазици, култура и националност не се пречка за добра комуникација“.


Проф. Маја Ржарова Гелев

Образовен портал за поефикасно учење Во категоријата „Креативност и иновативност во употреба на технологијата“, како најдобар беше оценет проектот на ООУ „Блаже Конески“ од Велес, „Образовен портал“, чиј носител е Маја Ржарова. Што вели таа за овој проект?

Цел на проектот? Целта на овој проект е создавање платформа за електронска комуникација и дисеминација на информации, споделување на знаења и размена на искуства помеѓу субјект (професор) и објект (ученик, родител) преку образовниот портал на Microsoft. Новите современи текови во информатичкото општество ја детерминират употребата на информатичките алатки во секојдневното работење и имплицираат нови концепти за развивање и подобрување на постојните алатки. Аналогно на тоа, оваа студија на случај (проект) нуди платформа на вклучување на триаголникот „наставник – родител – ученик“ во едукативинот процес. Образовниот портал како веб-решение нуди платформа за комуникација и презентација на образовни содржини детерминирани од курикулумот, а приспособени за корисниците субјект (наставникот) –

објект (ученикот). Со образовниот портал се овозможува интерактивна комуникација на триаголникот (настаник – ученик – родител). Опис на содржината? Проектот се состои од две фази. Првата фаза е оспособување на учениците за користење на WIKI во осовременување на процесот на учење. WIKI е веб-место од каде што лесно може да се додаваат, отстрануваат или уредуваат содржини од страна на наставникот и учениците. WIKI нуди решение кое го олеснува процесот на учење и стекнување со нови знаења и вештини. Стратегиите за совладување на овој начин на учење за изработка на проекти кои ги ангажираат учениците за решавање на комплексни и нови проблеми, земајќи ја предвид нивната возраст, им овозможија да се постигнат повисоки нивоа на когнитивен развој преку ис-

тражување, структуирање, донесување одлуки, поттикнување да размислуваат критички во процесот на континуираното вреднување на сопствените постигнувања. Втората фаза од проектот претставува сукцесивно развивање на едукативниот процес преку образовниот портал на Microsoft. Имено, Образовниот портал претставува транзитен модус на далечинско учење и комуникација помеќу субјектот и објектот. Тој претставува транспарентна автоконтрола на сите учесници во неговиот „сообраќај“. Придобивките од него имплицираат нов дискурс на колаборативната релација субјект – објект. Со „Образовниот портал“ се овозможува споделување на наставните материјали од страна на лицата коишто ги креираат. На тој начин се зголемува колаборацијата меѓу лицата коишто креираат материјали, а едновремено се зголемува и фондот на материјали со чијашто помош образовниот процес може да биде поинтересен, современ и динамичен. Предизвици и проблеми при реализацијата на проектот? Употребата на образовниот портал претставува зародиш на позитивна комуникација во триаголникот „наставник – ученик – родител“, идентификување на слабостите кај ученикот,

примена на методи и техники за анулирање на амонизитетот на ученикот кон некоја образовна содржина. Несомнено дека во почетокот на изработката на проектот постоеја предизвици проектирани преку сомнеж за неговата примена и автентична информатичка природа. Но, прагматиката и забавата што ја нуди, несомнено, го сместија во врвот на приоритети кај сите анимирани субјекти – објекти. Понатамошен развој и одржување на проектот? Сложените образовни и информатички структури и импрегантната технолошка историја даваат значан белег и печат во современите технички процеси. За целосна имплементирање на овој проект неопходно е негова примена и користење во секојдневната настава. Целите заради кои се користи образовниот портал се промена на неиновативното и некреативното учење, идентификување на слабостите кај ученикот и воведување поинаков вид на комуницирање на триаголникот наставник – ученик – родител. Во практична смисла на ова, користењето на образовниот портал генерира долгорочни цели и ги трансформира слабостите на ученикот во негови предности.

www.enter.net.mk

17


Убава, паметна и добро организирана. Ова веднаш асоцира на атрактивна девојка, но и на атрактивна веб-локација. Следува еден токму таков сајт, наменет за припадничките на понежниот пол, но и за оние „посилните“ кои сакаат да ѕирнат во светот на девојките.

Доколку ви е преку глава од стандардните икони во вашиот систем и сакате да и дадете поинаков визуелен шмек на вашата работна околина, едноставно, сменете ги со свежи и атрактивни графички решенија. Ви го препорачуваме „Ајконспро“.

20

www.enter.net.mk

www.femina.mk Femina претставува несекојдневно атрактивен македонски веб-сајт кој има потенцијал да ве шармира и заведе уште при првата средба, а веруваме дека многумина ќе искусат и љубов на прв поглед. Од визуелен аспект, на порталот доминира розовата боја што,

секако, соодветствува на неговата целна група. Убаво е дизајниран, а содржините се исклучително прегледно организирани, па навигацијата низ него претставува вистинско уживање. Изобилува со теми, а секоја од нив е смес-

тена во посебна секција. Така, посетителите можат да прочитаат за убавина и мода, љубов и секс, здравје, семејство, кариера и многу друго. Femina нуди и низа забавни содржини, па оние кои сакаат можат да си го прочитаат дневниот хороскоп, да видат колку среќа имаат во љубовта или да повежбаат паркирање пред да се соочат со автомобилите на соседите. Сајтот нуди низа поволности за своите регистрирани членови – дневен хороскоп, профил на форумот на Femina, можност за оставање коментари и друго. Доколку некоја содржина ви се допадне, можете да ја споделите на Facebook, Myspace или Кајмакот. Femina е млад, но сериозен веб-сајт, a со оглед на тоа дека дел од секциите се сè уште во изградба, сметаме дека допрва ќе го даде најдоброто од себе. Она што го нуди и сега е за пофалба.

www.icones.pro Ајконспро е веб-сајт кој не побарува никаква регистрација, зачленување, ниту пак наплаќа за своите услуги. Тој на своите корисници им нуди

одличен и богат избор на икони, кои без никаква мака можат веднаш да се „одомаќинат“ во вашиот систем. Откако ќе го внесете клучниот збор во

пребарувачот, сервисот ви дава избор од икони, асоцирани со тој збор. Сè што треба понатаму да сторите е да ја изберете посакуваната големина на иконата и тоа во кој формат сакате да ја преземете. Освен преку користење на пребарувачот, кој функционира одлично, големата база со која располага Ајконспро можете да ја разгледате и преку категориите на икони. Интересна опција, која ќе им се најде на многумина, е тоа што веднаш можете да проверите дали иконата што сте ја одбрале е компатибилна со бојата на заднината каде што сакате да ја поставите. Иако овој сајт е само на француски јазик, сепак сметаме дека нема да наидете на никаков проблем при неговото користење и брзо и лесно ќе дојдете до вашите нови икони, со кои ќе го освежите и разубавите изгледот на вашата дигитална работна маса.


Веб-селектор

www.kliknime.com.mk Зошто да талкате барајќи некоја македонска веб-локација, кога можете да најдете сè на едно место. Kliknime.com.mk

Првиот впечаток неретко е оној пресудниот. Особено кога аплицирате за работа. Следува веб-сервис кој ќе ви помогне да креирате квалитетно резиме кое ќе ве претстави во вистинското светло пред потенцијалниот работодавец.

„Кликни ме“ претставува македонски сервис кој има за цел да понуди почетна точка на патот кон посакуваната локална веб-дестинација. Регистри-

раните сајтови се организирани во категории, па иако сервисот не нуди класичен пребарувач, веруваме дека со леснотија ќе најдете одредена за-

бавна содржина, информација поврзана со културата или, пак, некоја фирма или организација. Веб-локациите се прикажани со „скрин-шотови“ од нивните почетни страници, со кус опис за нивната ориентација, па така веднаш ќе имате претстава како изгледа сајтот и дали е тоа што го барате. Интересна е опцијата која им овозможува на посетителите да гласаат за одреден веб-сајт, па така веднаш можете да ги одберете оние кои уживаат најголема популарност. Доколку и самите поседувате сајт кој би сакале да се најде во базата на „Кликни ме“ треба да го пријавите, да приложите слика од почетната страница и кратко објаснување. Тоа е тоа. Едноставно, брзо и корисно, како за македонските сурфери, така и за оние кои сакаат да бидат најдени и видени во македонскиот интернетпростор.

www.ceevee.com Најважно, но понекогаш и најтешко е човек во неколку реченици да ги претстави своите лични квалитети, работни вештини и способности, достигнувања и слично, без притоа да пропушти нешто важно или да

звучи претенциозно и нескромно. Но, токму така треба да изгледа едно добро резиме или популарно познато како CV. Тука на помош доаѓа сервисот ceevee.com. По брзиот и едноставен процес на регистрација

или логирање со постоечка Фејсбук или Твитер корисничка сметка, можете да почнете со брза изработка на уредно и квалитетно лично резиме. Преку едноставна постапка во само неколку чекори ги внесувате потребните информации во готовите форми, за секоја поединечна категорија. Сервисот нуди можност, доколку одредена категорија не е присутна во резимето, неа да ја додадете дополнително. Откако сè ќе биде онака како што сте замислиле, одредувате дали сработеното резиме да го сочувате локално како PDF документ и да го отпечатите или да го објавите на некоја социјална мрежа, форум или можеби сајт за вработување. Едноставно, нели!

www.enter.net.mk

21


Дознајте што е „ин“ Веќе пишувавме за трендовите во блогосферата, а овој пат ќе ја земеме предвид една од најпопуларните микроблог-платформи. Бројот на Twitter корисници забележително се зголемува од ден на ден и сосема е очекувано да се запрашаме за моментните трендови во оваа сфера. Одредени веб-сајтови веќе нудат солидни можности за детална анализа и приказ на најексплоатираните теми и термини. Во продолжение ви претставуваме избор на најчестокористените од нив.

Тренди-прелистување What the Trend (whatthetrend.com) e веб-сајт на кој можете да дознаете кои се актуелните теми во Twitter-сферата. Откако ќе го посетите веб-сајтот, ќе ви биде понудена листа со најпопуларните теми кои се „вртат” во моментот. Од левата страна се наоѓа името на темата, а од десната страна е нејзиното кратко објаснување. Доколку кликнете на некоја тема, ќе се отвори нова страна со последните твитови поврзани со избраната тема, но и со најновите новости и фотографии. Ние ја избравме

Секогаш први информирани Twit Scoop (www.twitscoop.com) располага со една интересна опција доколку сакате да бидете запознаени со трендовите, а тоа е можноста за прикажување на најпопуларните термини во облак со ознаки, односно tag cloud. За да прегледате tag cloud, откако ќе го посетите официјалниот веб-сајт, кликнете на Hot Trends. Во облакот со ознаки, големината на зборот кажува колку често се споменува зборот од твиткорисниците. За да прочитате постови поврзани со терминот, сè што треба да направите е да кликнете за зборот, а доколку сакате, можете да ја набљудувате популарноста на термините и најновите коментари во реално време. Twit Scoop е многу повеќе од обичен генератор на најпопуларните термини. За да ги

24

www.enter.net.mk

користите сите можности на овој сајт и да твитувате на полесен и позабавен начин, потребно е првин да се пријавите на нивниот веб-сајт со вашата Twitter корисничка сметка. Интересна и поразлична алтернатива за читање на најновите твитови во реално време е сајтот http:// monitter.com/. Monitter прикажува постови со најактуелните зборови кои се разменуваат помеѓу твитерчленовите, со можност да внесете ваши термини и да го прочитате мислењето на корисниците за нив. Monitter нуди и посебна миниапликација, виџет, која можете да ја поставите на вашиот сајт. Уште една слична, но визуелно посиромашна алтернатива ќе најдете преку ликот http://tweetgrid.com/.

темата Google Wave и добивме многу корисни мислења од корисниците на Twitter, ги прочитавме најновите новости за оваа технологија, а за подобра претстава, прошетавме и низ галеријата од најпопуларните слики. Неисцрпноста на темите овозможува секогаш свежи и интересни информации во кое било време и за која било област. А доколку некоја тема нема објаснување, вие можете да додадете ваше објаснување или, пак, да го промените веќе постоечкото.


Трендови во Twitter-сферата

Тема за секој час, ден, месец... Нешто поразличен преглед на моментните трендови можете да најдете на twopular.com. На овој сајт, трендовите се прикажуваат во зависност од времето. Можете да добиете приказ од теми кои се актуелни во последните два часа, осум часа, ден, недела, месец или, пак, трендови од моментот кога сајтот почнал да работи, во декември 2008 година. Иконите кои се наоѓаат од левата страна ви кажуваат дали трендот се качува, опаѓа или, пак, стои во место. Особено интересна можност е прикажување на актуелните трендови по ваши детални нагодувања. За таквото нешто ви стои на располагање таканаречената heat map која се наоѓа на десната страна од најпопуларните трендови. Со кликнување на мапата, избирате број на актуелни трендови кои сакате да се појават, број на денови, како и последниот од хронологијата со која располага сајтот. Со кликнување на копчето Heat it up, ќе добиете детален приказ за тоа колку се актуелни термините според вашите претходно зададени поставки.

Радикални енциклопедии?

Повеќето ќе го препознаат вистинскиот потенцијал на алатките што ги прикажавме во горните редови. Во борбата за знаење, моќта на Twitter нема граници. Оваа микроблог-платформа има пуштено корени во сите аспекти на нашиот дигитален живот, а бројните корисници, со нивните мислења, овозможуваат инстантно задоволување на нашата љубопитност. Дали ваквата експлоатација на Twitter-сферата ќе се покаже како еден радикален начин да се дојде до свежа информација, оставаме на вас да одлучите.

URL-манија Многу корисници во своите твитови оставаат најразлични линкови кои водат до интересни информации и отвораат низа последователни дискусии. Би било убаво кога би можеле да добиеме информација за најпопуларните линкови кои секојдневно ја бомбардираат Twitter-сферата. Токму за таа цел ви препорачуваме не еден туку три исклучително интересни веб-сајтови кои ќе ве информираат за ваквиот тренд. Првиот веб-сајт е http:// twitturly.com и тука ви се понудени детални информации за најпопуларните линкови во моментот. Во зависност од видот на содржината, линковите се поделени во три категории и тоа вести, слики и видеа. На вториот сајт, http:// tweetmeme.com, имате повеќе категории и поголема прегледност. Покрај

трите категории што ги споменавме за првиот сајт, во twit meme можете да прегледувате линкови кои се поврзани со забава, играње, наука, спорт и слично. И, за крај, ако не сте задоволни од овие два сајта, ви препорачуваме да го посетите и http://microplaza.com. Веб-сајтот ги прикажува линковите на малку поразличен начин и нуди интересни можности за персонализирање на резултатите. Доколку имате веб-сајт и сакате да дознаете колку постови ја содржат адресата на сајтот, Back Tweets (http://backtweets.com/) ќе ви помогне да дојдете до саканите резултати. Овој пребарувачки енџин користи напредна технологија за да ја пронајде бараната адреса дури и ако е маскирана со некој од сервисите за кратење линкови, како tinyurl.com или, пак, bit.ly. Мартин Јованчевски www.enter.net.mk

25


Еве го. Намерно малку подоцна од сите оние што „се истрчаа“ да напишат ексклузивна и прва рецензија и резултати од тестови. Ние го добивме, го инсталиравме и го „измачивме“, буквално. Додека тој се мачеше (колку и да звучи ова лошо), ние уживавме. Уживавме во брзината, уживавме што не мораше да бараме драјвери и да сетираме мрежи. Уживавме во Windows 7.

УБАВ НА МАМА, АРСЛАН НА ТАТО

Здраво, Windows 7, да се запознаеме

Веднаш по инсталацијата и првото подигање на системот, полека станувавме свесни дека брзината и стабилноста е она што прво ќе го забележиме кај Windows 7, што не можевме да го кажеме за неговиот претходник. Еден поглед врз множеството на инсталирани драјвери беше доволeн да се забележи дека сите хардверски делови функционираат, иако за да можете целосно да ги искористите можностите, секако, се препорачува инсталација на дополнителен драјвер од производителот. Најдобар доказ за тоа беше мрежното поврзување. Само го поврзавме компјутерот со рутер и веднаш добивме конекција, што е уште еден показател за тоа со колкав сет на драјвери доаѓа самата инсталација. Бројот на активни процеси, без вклучени додатни програми, беше помал од она на што сме навикнати, а поради тоа тие побаруваа и помалку ресурси, што секако, позитивно влијаеше на брзината на работење. Најдрастична визуелна промена забележавме во долната лента, попозната како таскбар. Активните програми се прикажуваат како икони без додатен текст коишто слободно може да се поместуваат налево и надесно, да се ставаат или вадат од полето за quick launch, а со мало задржување на нив ќе можете да ја видите и содржината на активниот прозорец. Колку ќе биде успешно ова, ќе покаже времето. Иако на прв поглед се симпатични и изгледаат модерно, сепак ќе видиме понатаму како корисниците ќе реагираат на оваа, не само козметичка, промена и колку таа ќе влијае врз брзината и рутината при извршувањето на секојдневните задачи. Новина се и Jump Lists кои свое деби имаат токму во Windows 7. Тоа, всуш-

26

www.enter.net.mk

ност, се контекстуални менија кои се појавуваат доколку застанете врз иконата на најчестокористените програми. На пример, доколку стоите врз Internet Explorer, ќе ви се појави историјата на страните што последни сте ги прелистувале, додека Paint ќе ви даде опција да ги погледнете последните работени графики или, пак, да започнете нова. Windows Explorer-от, исто така, претрпел неколку визуелни подобрувања, но сега и функционално е унапреден. Од него директно можете да пристапите до преземените документи, десктопот или неодамна користените фолдери, а подобрен е и начинот на навигација


Windows 7 име, ето кодно

ws 7? нето сво оето Windo нема изме Неш, корп м го и ј е ко , д а ft к so 2009. Мајк лучните ro и р Од ic в M м д то о к к 22 о стем нува кои се ата, изација на ративен си

пе ајн еал истак e првиот о формата, крајната р еби најзнач апи Windows 7 на својот развој до ток на Windows плат отег. Првата, и мож ст и р п и кот азличн ов п азви од почето а еден вак имаме преземено р ројот на неговата дател за р н е д тс н е о р м д тп е о тп од Р оред б д те, ние ративнио але луѓето indows сп рекари“ о на години и ги натер „Со текот енувано W ред „аспиративни п секоја м а. и ст е о м н работи ко ав ав ст им ows и спо ва на едно indows. Претходно и на Wind ows 98, ил се однесу нови верзи то сакаме всушност како Wind на W и со то е ум е ат ам ањ д в ув д гу е ш е кон имен s 3.1, спор јќи не изл решение“ иди за тоа ли Window Windows Vista. Биде равдаат нашите об ако најприфатливо верзија, и п к и стем, еве е ги P си X е indows изгледаш миња н перативен и третата о ј о в о е типот на W ите „аспиративни“ и ерзија на Windows, зија 2.0 нов по ред вер а Windows , 98, 98 SE седма в година, а за тоа која 1.0, вторат ак 7, како 95 п s и s w се ти w o , о o е d d м сн in е in ја W s еше 3.1. W да постигн еш. Иако имаше не ows беше б d е in м о. Window и W р д а о н н ја аН верзија осно 9х вото код , н а д го ta ат е о в is , н V р о – истакнув T, р П е . N д ш s ја n-NT зија бе снувањето вањето на Window ебуваа No s 5.1. Следната вер систем ви го обја излегу сите употр w о o и С еративен d . п .0 in о .0 4 3 в W s s о е w н w o ш d е за б in р P о W X Windo е s зб м w а и анув Windo со кодно ја, сепак ст .0, додека и ME, беа дно име 5 e 6.1 верзи 7 ко s w со o е d ш in е 2000 б . Иако W indows 6.0 дноставно, 7. односно W не е ч е ар вен и како тако

низ логично поставените икони за драјвовите за складирање. Овде пронајдовме уште еден нов концепт за организација на документи од сличен тип, кој овде се нарекува Libraries. Оттука можете да пристапите до конкретен вид на фајлови, без разлика на која локација и во кој харддиск се наоѓаат. Како предефинирани се библиотеките за документи, музика, слики и видео. Кога зборуваме за Windows 7 и предностите што ги нуди, никако не смееме да ја заборавиме и најновата верзија на DirectX, со реден број 11. Directx11 е целосно редизајниран и за разлика од порано, оваа верзија многу поефикасно ја искористува архитектурата на повеќејадрените процесори. Освен подобрувањата при играњето 3Д игри, Windows 7 има можност и за искористување на силата на графичките процесори за побрзо работење на стандардни апликации. Тоа е навистина голема новост и вистински чекор напред кога станува збор за вкупните перформанси, нешто што навистина ги воодушеви и производителите на графички акцелератори, но и целата стручна јавност. А покрај нив, се разбира, и крајните корисници кои секогаш го имаат последниот збор.

Апликации и игри Стандардно, со Windows 7 доаѓаат цела низа софтвери подготвени од инженерите од Редмонд. Ако порано овие апликации служеа само колку да завршите работа пред да инсталирате скапи и специјализирани програми, во оваа верзија можеме да кажеме дека овие апликации се сосема доволни, во многу случаи, за остварување основни и средно комплицирани задачи. Така, Paint сега со својата рибон-лента (со која се запознавме во Office 2007)

е и повеќе од доволен за основна манипулација, но и креирање на нови графички елементи и композиции. Internet Explorer 8 кој, иако е воден како посебен проект, и покрај противењето на антимонополистите посебно во Европа, сепак е дел и од финалната верзија на Windows 7. Вклучува неколку подобрувања, посебно во полето на сигурноста и приватноста. Тука ќе ја споменеме опцијата InPrivate која претставува целoсно безбеден начин на сурфање, при што во системот не се запишуваат историја, лозинки, ниту Cookies за време на сурфањето. Тоа е одлична можност доколку не сакате да оставате траги од вашето сурфање. Постои и вграден download акцелератор, а сите овие функции се одговор на сè помоќната конкуренција која одзема голем дел од пазарниот удел. IE8 можеби нема да го поврати тој удел (имајќи го предвид растот на Firefox, Chrome и Opera), но барем ќе

го задржи оној што го има и доволно е да им понуди на корисниците солиден прелистувач кој доаѓа со оперативниот систем. И множеството игри е збогатено. Наместо неколкуте игри (најчесто со карти), сега имате цела низа на онлајн и оф-лајн игри коишто со својата графика и игривост можат да се носат и со многу поскапите и комерцијални наслови. Наједноставно, игрите во Windows 7 можеме да ги поделиме на оф-лајн (десктоп) и он-лајн (интернет) изданија или игри кои можете да ги играте сами против компјутерот и игри за кои ви е потребна активна интернет-конекција

и противник-човек кој ја дели љубовта кон истата игра. Во групата десктоп-игри спаѓаат игрите кои и досега се појавува во претходните верзии на Windows оперативните системи. Добропознати им се на сите корисници, од оние на Windows 2000, преку XP, па сè до најмладите кои мислат дека светот започнал со Windows Vista. Според графичкиот интерфејс и игривоста, една од покомплексните е Chess Titans. Оваа шаховска симулација може да ви одземе многу време и да ве натера да вежбате ментална гимнастика дoдека смислувате начини и тактики како да го надмудрите противникот, да ја уништите неговата армија и да го заробите кралот. Или пократко, да му дадете шах-мат. Други десктоп-игри се и прастарата Minesweeper во која треба да ги пронајдете сите мини без притоа да згазнете на ниту една од нив и едукативната Purble Place со која на лесен и забавен начин се учи за боите, формите и текстурите. Следуваат уште три, сите со предзнакот „Интернет“ во името: Internet Backgammon, Internet Checkers и Internet Spades. Internet Backgammon се игра на добропознатата табла на која вие и вашиот противник се натпреварувате кој попрво ќе ги извади 15-те парчиња кои се во две бои, по една за секој играч. Се игра во три нивоа, а има и опција за размена на кратки пораки со противникот, за време на играњето. „Дама“ или Checkers е една од најстарите игри на светот, а во Windows 7 е претставена како интерактивна онлајн игра помеѓу двајца противници. Последната, Internet Spades, е тимска игра со карти во којашто само со тимска игра и добро познавање на партнерот можете да победите и да го надмудрите другиот тим. www.enter.net.mk

27


Windows 7 vs Apple Mac OS X Snow Leopard

Заштитата на прво место Заштитата на податоците и на конекциите, како една од основните потреби на секој корисник, е препознаена и од Microsoft и во секој следен оперативен систем во тој дел се забележува само подобрување. Трендот продолжува и кај Windows 7. Во продолжение, за дел од сигурносните мерки кои се интегрирани во овој нов оперативен систем.

Action Center – ова е командниот центар кој, за разлика од претходните верзии, веќе не е наменет исклучително за решавање сигурносни проблеми, туку неговата улога е проширена и на евентуалните грешки во системот и начините за нивно отстранување. Значи, покрај мониторирањето на антивирусната и антиспајвер-заштитата, тука се

ниците имаат четири нивоа на кои може да ја наместат UAC и тоа: да нè алармира кога корисникот или програмите се обидуваат или прават промени во системот, да алармира само кога програмата се обидува да направи измена (но не да го затемни екранот и да го замрзне системот), да алармира кога програмата, но не и корисникот, се обидува да измени нешто во системот, и последно, да алармира секој пат кога програма се обидува да инсталира софтвер и кога таа или корисникот се обидуваат да направат системски промени. Биометриска заштита – Windows 7 доаѓа со поддршка за инсталирање на биометриски уреди. Повеќето

Суштински разлики меѓу Windows Vista и Windows 7 Најзначајната разлика помеѓу Windows Vista и Windows 7 e неговото јадро. MinWin, како што всушност е наречен овој kernel, има претрпено неколку значајни промени. Имено, кодот во кој е пишуван новиот оперативен систем отсега е оптимизиран за да употребува помалку системски ресурси за сметка на побрза работа, но и начинот на кој се вклучуваат сервисите (додека не ви се потребни), намалени се големината на file page-от, како и побарувачката на количеството меморија. Поседува поголема база на драјвери, а со тоа и поголема компатибилност. Една друга разлика се однесува на начинот на пребарување во виртуелните библиотеки. Иако од Vista-та можевте директно да пребарувате од Windows Explorer и Start менито, а индексирањето беше прилично бавно, сега во „седмицата“ се пребаруваат и синонимите, додека во библиотеките ќе можете да ги сместите сите ваши најважни датотеки, од каде што навигацијата низ нив е навистина лесна, брза и едноставна. Windows 7 e првиот оперативен систем од Microsoft кој го има применето Touch-навигирањето на системско ниво.

28

www.enter.net.mk

Двата конкурента, Аpple и Microsoft, како договорени, рака под рака, излегоа со свои (р)еволутивни оперативни системи. Првата асоцијација кај секој корисник при купување на нов оперативен систем е длабочината на неговиот џеб. Apple Mac OS X Snow Leopard може да го купите, односно може само да го надградите на претходните 10.4 или 10.5 верзии (Tiger и Leopard) за само 29$, односно 169$. Најниската цена, во смисла на надградување, кај Windows 7 e 119,99 $. Во поглед на слободното место за инсталација, пуленот од Apple побарува само 5 GB слободен простор, додека Windows 7 побарува 16 GB или 20 GB, соодветно, за 32 или 64-битните верзии, иако минималните побарувања се од 6 до 8 GB. Јадрото на Windows 7, пред сè, е напишано за подобрување на паралелното процесирање, додека во оперативниот систем од Apple се работело на Grand Central Dispatch, со што паралелното процесирање ќе биде побрзо благодарејќи на софтверски апликации, користејќи ги хардверските можности на повеќејадрените процесори. Мултимедијалниот плеер QuickTime X сега има подобрен интерфејс, а за разлика од неговиот претходник, QuickTime 7, оваа верзија се вклучува за 2,8 пати побрзо. Windows Media Player, благодарејќи на интернет и мрежната поврзаност, природно може да ги стримува вашите библиотеки без никаков проблем. Поддршката за H.264, Divx, Xvid или AAC форматите е уште еден плус.

и нагодувањата за firewall-от и сигурноста на мрежната конекција, а нови се сегментите за отстранување на системски грешки и враќање на системот во претходната состојба. UAC (User Account Control) – Оваа новина која за прв пат беше воведена во Vista на почеток создаваше многу нервоза кај корисниците бидејќи системот, по дефиниција, за секоја промена, било од корисникот било од системот, бараше потврда пред да ја изврши. Да, има начин и да се исклучи, но тоа никако не е препорачливо. Согледувајќи дека корисниците полека се навикнаа на оваа новина прифаќајќи ја како „нужно зло“, дизајнерите ја инкорпорираа во новиот Windows 7 само со проширени можности и многу повеќе user friendly. Така, сега корис-


Windows 7 лаптопи кои имаат таков читач, за правилно да работат, требаше да имаат инсталирано посебни драјвери. Сега не е така. Оперативниот систем го препознава читачот, ви овозможува да внесете свој отпечаток кој подоцна можете да го користите за да заштитите одредени податоци или, пак, да обезбедите авторизиран пристап до некои чувствителни податоци на интернет, како што е на пример, банкарска сметка. Подобрен BitLocker – BitLocker, како алатка за енкрипција на содржината на хард-дисковите, за прв пат се појави во Vista. Нејзина примарна задача беше да се направи енкрипција на содржината на хард-дискот и тој да остане нечитлив за секој оној кој неовластено ќе дојде до него (читај: кражба на лаптоп). Но, таа заштита се однесуваше само на хард-дисковите, а не и на преносните мемории кои реално се почест и полесен плен за крадците. Сè досега. Во Windows 7 можете лесно и едноставно да ги енкриптирате вашите мемориски картички и УСБ преносни мемории поедноставно од порано, преку интерфејс кој овозможува работење и на корисници кои не се толку запознаени со процесот на енкриптирање и со начинот на неговото функционирање.

Windows XP mode Windows XP mode е креиран за малите и средни бизнис-компании, пред сè, им да им помогне во процесот на миграција од Windows XP во Windows 7, и го има во сите верзии, освен во Starter едицијата. Исто така, тука е да им понуди компатибилност на постарите апликации од „стариот“ осумгодишен оперативен систем. Првин мора да напоменеме дека сите корисници кои сакаат да го имаат инсталирано овој XP mode, треба да поседуваат процесор со можност за виртуeлизција и да ги преземат и двете апликации, Windows Virtual PC и Windows XP mode, кои можете да ги најдете на http://www.microsoft.com/windows/virtual-pc/download.aspx. По инсталирањето на виртуелната машина, ќе бидете запрашани за новата лозинка и веќе сте подготвени да го користите Windows XP SP3 на вашата машина со Windows 7. За жал, прикаченото USB стикче нема да можете да го користите паралелно и од „седмицата“ и од XP. Апликациите кои се веќе инсталирани во „виртуелниот“ свет на XP, магично ќе бидат сместени во Windows Virtual PC фолдерот во Start менито на Windows 7. Jump-list од редизајнираниот таск-бар од „реалниот“ оперативен систем може да ви послужи и како пристап кон вашите неодамна користени апликации/датотеки во Windows XP режимот. Интересна идеја и уште подобра реализација. Чувствувајте се како дома со XP, но немојте да бидете и гости во Windows 7.

Windows 7 – „мулти“ е клучниот збор За разлика од претходните системи од Microsoft, Windows 7 е најоптимизиран досега, во смисла на искористување на повеќе јадра од еден процесор за да извршуваат една задача. Сега оперативниот систем е доволно интелигентен и може самиот да ги дефинира задачите кои побаруваат повеќе хардверски ресурси, да ги раздели на повеќе процеси и истите процеси да ги насочи кон различни јадра од процесорот за да се извршат истовремено. По процесирањето, системот повторно ги презема обработените информации, ги спојува и враќа еден резултат. Колку и да изгледа едноставно теоретски, тоа воопшто не беше така во практиката. За правилно да работи сето ова се користи технологијата SMT Parking која беше развиена заеднички помеѓу Intel и Microsoft и применета во Windows 7. Со нејзина помош системот правилно го прави распоредот на процесите при делењето на задачите и нивното адресирање до вистинската нишка или јадро на процесорот. Покрај мултипроцесирањето, Intel и Microsoft работеа и на оптимизирање на процесот на подигање на системот и негово гаснење, со цел, како што изјавуваат од двете компании, да постигнат максимално оптимизирано работење, искористување на сите ресурси, а со тоа и подобрување на севкупното корисничко искуство. Гоце Постоловски Дејан Зафировски

www.enter.net.mk

29


Ако сте во потрага по нова матична плоча или сè уште не сте одлучиле која матична плоча да биде основа на вашиот систем, ќе се обидеме да ви ги скратиме маките претставувајќи ви четири различни модели на матични плочи од производителот J&W (JandW Technology), секоја со своја приказна.

Четири можности

за полн погодок

JW-P43S-FUSION Оваа матична плоча е базирана на Интеловиот P43 чипсет и има LGA775 лежиште. Ги поддржува следните серии на процесори: Intel® Core™ 2 Extreme, Core™ 2 Quad, Core™ 2 Duo, Pentium® Dual Core, Celeron® (Conroe-L) и новата генерација на 45nm Yorkfield и Wolfdale процесори. Што се однесува до системската меморија што може да ја користи, оваа матична плоча поддржува DDR2 системска меморија (800/667 MHz мемориски модули), но и DDR3 системска меморија (1333/1066/800 MHz мемориски модули) поседувајќи по два слота за двата типа на системска меморија, а поддржува максимален капацитет на системската меморија од 4 GB и за DDR2 и за DDR3. Дополнително содржи 1 x PCIe x16, 1 x PCIe x4, 2 x PCIe

x1, 2 x PCI слотови. Производителот тврди дека е базирана на 100% „Solid“ транзистори, а работната фреквенција на FSB изнесува 1333/1066/800 MHz. За квалитетниот звук кај оваа матична плоча се грижи Realtek ALC883/888 8-канален HD Audio Codec, а поседува и Marvell® 88E8056 Gigabit Ethernet контролер и Super I/0 класа на контролер преку интегрираниот Winbond W83627DHG чип. За брз и квалитетен пренос на податоци се грижат 6 SATA 3GB/s конектори, има 3 USB 2.0 заглавја за дополнителни 6 USB 2.0 порти и еден e-SATA конектор.

JW-NF750A-SLI Матичната плоча е базирана на NVIDIA® MCP72P [nForce® 750a SLI] чипсетот и е со AM3/AM2+/AM2 лежиште. Поддржува AMD Phenom™ II/ Phenom™/ Athlon™ II/ Athlon™/ Sempron™ процесори, а покрај нив поддржува и 140W TDP процесори. Системската меморија што ја користи е Dual Channel DDR2 со 1066/800/667/533 поддршка и максимален дозволен капацитет од 8 GB, а поседува вкупно четири слота. Дополнително поседува 2 PCIe x16 слот со поддршка на NVIDIA® SLI™ технологијата, 2 x PCI-E x1 и 3 x PCI слотови. Поседува и еден eSATA порт и по еден DVI и VGA порт, а има и интегриран HDMI конектор. Оваа матична плоча ги има и новите графички технологии на NVIDIA, така што со неа ќе може да уживате работејќи на Windows Vista и да ги играте актуелните најпопуларни игри

32

www.enter.net.mk

со DirectX 10 поддршка. Исто така, ќе ви овозможи без проблем да гледате Blu-ray и HD-DVD наслови благодарејќи на интегрираната NVIDIA PureVideo HD технологија. За сите оние што се зависни од видеоигрите, одлична можност е новата GeForce Boost технологија за постигнување одлични графички карактеристики. HybridPower технологијата, пак, ќе ви понуди одлични графички перформанси кога тоа е потребно, но и low-power тивки операции кога, едноставно, само сурфате на интернет, процесирате текст или гледате HD видео.


J&W матични плочи JW-N61P И оваа матична плоча е со AM2 лежиште и е наменета за AMD Sempron™, Athlon™ 64, Athlon™ 64 x2 типови на процесори. Чипсетот врз кој е базирана е NVIDIA® GeForce® 6150SE + nForce® 430. За разлика од JWNF750A-SLI која поддржува брзина на трансфер на податоци од 5.200 MT/s со HyperTransport™ 3.0 интерфејс, оваа матична плоча поседува брзина на трансфер на податоци од 2000 MT/s, исто така, благодарејќи на HyperTransport™, но овој пат верзија 1.0. Што се однесува до системската

меморија, поддржува максимални 4 GB системска меморија од типот DDR2 (800/667/533 x 2 мемориски модули). JW-N61P поседува и GeForce™ 6150SE интегрирана графичка картичка која притоа дава можност за поврзување преку DVI или VGA порта. Но, покрај интегрираната графичка картичка, поседува и еден 1 x PCI-E x16 доколку сакате да користите засебна графичка картичка, а покрај него поседува и два PCI слота. За добриот звук се грижи интегрираната Realtek® 6-канална High-Defintion звучка картичка. Од останатите карактеристики, поседува 4 USB2.0 порти, 4 SATA2 конектори 1 IDE конектор и 1 IR конектор.

JW-RS780UVD-AM2+ Последната матична плоча која ви ја претставуваме е наменета за AMD процесорското семејство. Поседува AM2+/AM2 лежиште и е наменета за следните типови на процесори: AMD Phenom™FX / AMD Phenom™* / AMD Athlon™ 64 FX / AMD Athlon™ 64 X2 / AMD Athlon™ 64 / AMD Sempron™ при што не ги поддржува 125W TDP модели на процесори. Базирана е на AMD® 780G + SB700 чипсетот. Оваа матична плоча, воедно, претставува прва матична плоча со onboard DDR2frame buffer. Поддржува системска меморија од типот DDR2 (1066/800/667/533 мемориски модули) со максимален капацитет од 8 GB при што поседува вкупен број од 4 DIMM слотови. За брз трансфер на податоци и кај оваа матична плоча се грижи HyperTransport™ 3.0/1.0 дозволувајќи брзина на пренос од 5200 од-

носно 2000 MT/s. JW-RS780UVD-AM2+ поседува интегрирана ATI Radeon™ HD 3200 графичка картичка со DirectX10 поддршка и притоа е HDMI / DVI / VGA ready. За оние што не сакаат да ја користат интегрираната графичка картичка, матичната плоча поседува еден PCI-E x16 слот, а од останатите слотови поседува и два PCI слота. ATI Hybrid CrossFireX технологијата што ја поседува ќе ви овозможи повисоко ниво на искуство во светот на компјутерските игри дозволувајќи ви да ја користите интегрираната графичка картичка симултано со дискретен графички процесор, со што ќе постигнете многу подобри графички перформанси. Од останатите технологии, вреди да се спомене и ATI SurroundView која поддржува приклучување на четири или повеќе независни монитори кога интегрираниот графички чипсет е комбиниран со дискретен графички процесор. ATI PowerPlay, пак, ќе ви помогне да се направи редукција на потрошувачката кога графичкиот процесор се користи минимално. Драгана Миладиновиќ

За крај, може да заклучиме дека навистина секоја матична плоча нуди различни можности и претставува приказна за себе. Затоа сметаме дека поради нивната разноликост секој ќе може да ја пронајде онаа матична плоча што најмногу одговара на неговите потреби и барања. Сите вие што сакате подетално да се информирате за овие матични плочи, пред да го направите вашиот избор, посетете ги „Анхоч“ од каде што и ние ги позајмивме.

JW-P43S-FUSION

JW-NF750A-SLI

JW-N61P

JW-RS780UVD-AM2+

Лежиште

LGA775

AM3/AM2+/AM2

AM2

AM2+/AM2

Чипсет

P43

NVIDIA® MCP72P [nForce® 750a SLI]

NVIDIA® GeForce® 6150SE + nForce® 430

AMD® 780G + SB700

Поддржани процесори

Intel® Core™ 2 Extreme, Core™ 2 Quad, Core™ 2 Duo, Pentium® Dual Core, Celeron® (Conroe-L) и 45nm Yorkfield и Wolfdale процесори

AMD Phenom™ II/ Phenom™/ Athlon™ II/ Athlon™/ Sempron™

AMD Athlon™ 64 X2, Athlon™ 64, Sempron™

AMD Phenom™FX / AMD Phenom™* / AMD Athlon™ 64 FX / AMD Athlon™ 64 X2 / AMD Athlon™ 64 / AMD Sempron™

Системска меморија

DDR2 x 2 и DDR3 x 2

DDR2 x 4 (max 8GB)

DDR2 x 2 (max 4GB)

DDR2 x 4 (max 8GB)

Слотови за проширување

1 x PCIe x16, 1 x PCIe x4, 2 x PCIe x1, 2 x PCI

2 PCIe x16, 2 x PCI-E x1, 3 x PCI

1 x PCI-E x16, 2 x PCI

1 x PCI-E x16, 2 x PCI

www.enter.net.mk

33


Ги користам кратенките на тастатурата во Windows 7 Месијата пристигна! И сега дефинитивно е на големи врати за придобивање на армијата корисници која по XP не знаеше за друг оперативен систем. Тука нема да ја споменуваме Vista, токму поради субјективното позитивно искуство. Затоа, пак, Windows 7 не само што НЕ е шминка на Vista, туку е вистински нов оперативен систем (барем тоа што требаше да биде Vista). По речиси месец и пол од официјалното објавување на новиот оперативен систем, ние решивме да ве почестиме со неколку трикови. Верувајте дека ќе бидете изненадени од тоа што сè можете со Windows 7.

Во овој број решивме да ви ги претставиме кратенките на тастатурата, а глувчето може само да моли за повторно да биде во вашите раце.

Windows + P Оние кои се занимаваат со видеомонтажа, со презентации, каде што се потребни повеќе од еден монитор или прожектор, ќе се согласат дека понекогаш било тешко да си ги конфигураат своите монитори или прожекторот. Отсега, користејќи ја оваа кратенка, ќе можете веднаш да изберете опција за тоа како сакате да ви бидат поврзани дополнителните монитори (прожектор) без дополнителни талкања низ софтверот од графичката картичка.

Windows + T Исто како и една од најпознатите кратенки во оперативните системи од Microsoft, Alt + Tab, така и оваа кратенка ве „шета“ визуелно низ иконите (програмите) кои се отворени во моментот на вашиот таскбар.

Windows + + (плус) или Windows + (минус) Windows + лево/десно Уште една многу практична опција во новиот Windows 7 e можноста за автоматско креирање на прозорецот во којшто работите на половина од вашиот екран. Овие два пара кратенки ја извршуваат истата функција како и глувчето, без да имате потреба да го влечете прозорецот налево или надесно. Оваа функција е повеќе од добредојдена, повторно за оние кои користат повеќе од еден монитор, со што користењето на глувчето повторно ќе биде заборавено.

Со помош на овие кратенки вие ќе можете да го зумирате работниот простор. Всушност, ова е опцијата Magnifier, но сега со далеку подобрени опции и функции. Оставаме на вас да ги најдете новите опции.

Windows + број Програмите кои се „закачени“ на таскбарот отсега си имаат свој редоследен број. Па, така, ако сакате да пристапите кон Google Chrome (како во нашиот случај), треба само да притиснете Windows + 1, за Skype – Windows + 3 и така натаму.

46

www.enter.net.mk

Иако овие трикови не беа многу важни за побрзо работење со најновиот Windows 7, сепак мораше да почнеме од некаде. Самите кратенки на тастатурата се само зрно сол во однос на сето она што е ново во новиот оперативен систем. А, верувајте дека има многу! Се читаме во следниот број со нови трикови. Дејан Зафировски


Го оптимизирам Google Chrome Имајте повеќе табови на вашата почетна страница

На ред дојде да ви ги претставиме триковите со кои повеќе ќе го „исцрпите“ еден од подобрите прелистувачи, Google Chrome. Иако е прилично брз, овој пат ќе ви кажеме како да заштедите некој ресурс повеќе од вашиот систем, но и како вашето скапоцено време да биде повеќе искористено, со помош на некои од кратенките на вашата тастатура.

Иако по дефиниција, thumbnail интерфејсот на вашите најпосетувани интернет-страници на почетната страна од Chrome изгледа прилично интересно и убаво, сепак некои корисници ќе

Неколку трикови со тастатурата Shift + Escape – го отвора таск-менаџерот во Google Chrome Ctrl + L – го носи курсорот во линијата за адреси Ctrl + К – го носи курсорот во линијата за адреси и можете да пребарувате со Google Search Ctrl + Shift + T – го отвора последниот затворен таб Ctrl + Tab – ви овозможува да „шетате“ низ веќе отворените табови Ctrl + H – пристапувате кон интернетисторијата Ctrl + J – пристапувате кон папката во која преземате од интернет

Користете го прозорецот Incognito

сакаат да им се отвораат посебно дефинирани табови секогаш кога ќе го стартуваат овој интернет-прелистувач. Во горниот дел лево, кај иконата која наликува на работнички клуч, во менито ќе најдете Options. Оттука во табот Basics ќе ја одберете опцијата Оpen the following pages и со кликнување на копчето Add треба само да ја внесете посакуваната адреса. Кога сме веќе кај табот Basics, односно во потсекцијата On startup можете да изберете Chrome автоматски да ги врати табовите од вашата последна „сурферска“ сесија.

Знаете што значи самиот збор – инкогнито. Нешто скриено, тајно, без да го покаже својот идентитет. Ctrl + Shift + N. Со помош на оваа опција сигурно ќе бидат заштитени вашите дигитални траги низ интернетот, почнувајќи од сите лозинки, па сè до некои торент или порнографски сајтови што ги посетувате.

Зголемете или намалете го бројот на предложените сајтови во линијата за адреси Благорадејќи на „паметниот“ Chrome и неговите претходно дефинирани пребарувачи, линијата за адреси, наречена Omnibox, може да ви предложи најмногу пет интернет-страници. За да го зголемите или евентуално да го намалите нивниот број, доволно е само да впишете една магична команда во shortcut-от на Google Chrome. Избирајќи Properties, во полето Target треба да впишете -omnibox-popup-count=10. Секако, доволно е да впишете која било бројка по знакот еднакво. Гледајте да не претерувате со трицифрени броеви.

Google Chrome ни оддалеку не е тоа што мислиме дека е – еден од најбрзите интернет-прелистувачи моментно во светот. Тој е уште побрз од тоа. Во следниот број очекувајте уште совети за тоа како да го направите можеби и најбрзиот прелистувач. Се читаме! Дејан Зафировски

www.enter.net.mk

47




Почувствувајте го духот на Нова година и на вашиот монитор Нова година и божикните празници отсекогаш биле деновите кога сите сакаме да одмориме, да се релаксираме, едноставно, да уживаме. Но, тогаш се гледаме и со најблиските, праќаме честитки, разменуваме впечатоци за тоа како сме си поминале на најлудата вечер. Затоа, пак, ние сме тука да ви понудиме неколку празнични софтвери кои ќе ви помогнат да бидете уникатни пред пријателите кога им праќате некоја честитка, да ви заблеска мониторот со некој виџет, гаџет, Windows-тема, скрин-сејвер или, пак, да заиграте некоја игра.

Честитки за секого SW Quicker

SW Quicker е интересен Flash-едитор и креатор. Со негова помош ќе можете да изменувате разни облици, дизајни, а секако дека имате и вие можност да се испробате во светот на Flash. Е-картичките нема да бидат никаков проблем со оваа програма. Освен тоа што го поддржува SWF форматот, ќе можете да ги менувате буквално сите елементи во целиот проект, како што се: текстот, линковите, обликот, па дури и ActionScript кодот. Има вградени доволно ефекти со што ви овозможува да креирате уникатни анимации

проследени со текст, видеоматеријали и слично. Слајд-шоу, банер, Flash-албум, копчиња за навигација и временска линија со која лесно се ракува, панели кои можете да ги поместувате, сето тоа е добар мотив при избирање на софтвер наменет не само за креирање новогодишни честитки, туку и за професионална изработка на flash-анимации. Тука е и бесплатниот центар за подучување, со што и самото учење при справувањето на и онака лесниот софтвер ќе биде уште побрзо и полесно. Бидете уникатни и препознатливи со SW Quicker.

www.moonpig.com

Ви претставуваме слична алтернатива на претходниот софтвер, овојпат на интернет-локација. www.moonpig. com e веб-сајтот на којшто, исто така, можете буквално да си „играте“ со новогодишните честитки. Првин треба да се регистрирате за да почнете да создавате уникатни креации. На почетната страница на сајтот, иако има повеќе секции за избирање честитки, секако, за оваа пригода би било пожелно да изберете Christmas Cards, од каде штот

62

www.enter.net.mk

ви стојат на располагање повеќе потсекции од типот на: Family to Family, Mum and Dad, Grandparents и слично. Оттука пристапувате само кон сите наредни чекори, коишто всушност претставуваат чекори во вашата креативност. Можете да го менувате фонтот на самата порака, да прикачувате своја фотографија. Потоа следува испораката кон корисникот кој ќе го дефинирате вие. Посакајте му среќни празници и од нас, доколку ви се допадна и овој наш избор.


Празничен софтвер

Малку украсување и на вашиот десктоп Во овој дел ќе ви понудиме повеќе апликации, скрин-сејвери и виџете со цел да му вдахнете празничен дух и на вашиот, условно речено, „истрошен“ десктоп. Новата „седмица“ веќе жари и пали насекаде низ светот, па веројатно би било и кај да има голем број корисници. Армијата секојдневно се зголемува, а ние

како официјални тестери, максимално ги воочивме нејзините, како функционални, така и визуелни квалитети. Овој пат, визуелните впечатоци ќе бидат наша тема на пишување. Доволно е да го испишете следново во вашиот прелистувач: www. windows.microsoft.com/ en-US/windows/downloads/personalize

од каде што пристапувате кон галеријата на теми, скрин-сејвери и гаџети. Иако имате многу на располагање, ние ви препорачуваме да ја инсталирате Winter Fun Pack темата, токму поради интересните фотографии кои асоцираат на зима, а со самото тоа и на новогодишните празници.

3D New Year‘s Countdown 3 Овој скрин-сејвер, како и сите други, е наменет, пред сè, за уживање и релаксација. 3D New Year’s Countdown 3, претставува часовник кој ги одбројува деновите до почетокот на Новата година. Сето тоа е убаво визуелизирано, а имате на располагање и доволно опции да го нагодите според вашите потреби. Тука се срценцата и разни

Santa Sleigh Countdown

Овој десктоп виџет претставува слична алтернатива на претходно опишаниот скрин-сејвер. Но, сега, наместо часовник, имате еден Дедо Мраз кого го влечат две ирвасчиња, од кои едното е Рудолф – црвеното носе :).

други симболи кои паѓаат додека чука часовникот, а тука е и mp3 подлогата, која и не е толку интересна. Повеќе би кажале дека е иритирачка, бидејќи цело време „отчукува“ и, нормално, тоа знае понекогаш и многу да иритира. Секако, доволно е да го намалите звукот на музичкиот ефект и работата е завршена.

Christmas Tree Collection Поновогодишно – здравје! Ако немате украсена елка во домот, исто како да не знаете дека доаѓа Новата година. Така е и со вашиот монитор. Доколку немате една, две, па и повеќе елки низ десктопот, исто како да живеете во каменото време. Christmas Tree Collection ќе ви понуди осум различни анимации и слики од новогодишни елки, а ќе можете и да додавате колку што ви душа сака. Отсега, нека вашиот монитор заблеска во боите на новогодишните светилки. Ние поставивме три елки, а вие?

За крај, малку релаксација Кога веќе се подготвивте за претстојните празници, земете ги предвид следниве игри: Santa’s Vilage, Christmas Eve Crisis и Christmas Gems. Сите три се интересни, занимливи, не ве пуштаат да се тргнете од нив, создаваат зависност и... мора да ги купите доколку сакате да продолжите да играте. Оставаме барем да ги пробате овие игри и да се оттргнете од сивото секојдневие. Зимата нека донесе белина и некои посвежи бои, како во домот, така и во вашиот живот. Среќна Нова година и божикни празници! Дејан Зафировски

www.enter.net.mk

63


Изминатата година финскиот гигант Nokia на пазарот се појави со неколку извонредни мобилни телефони, па ни долгонајавуваниот N900 не е исклучок. Иако во голем дел наликува на својот постар „брат“ N97, сепак нуди некои новитети кои го прават негова достојна конкуренција. Едноставно, Nokia станаа толку квалитетен бренд што единствена конкуренција си се самите себеси.

Иновација која возбудува На прв поглед, моделите N97 и N900 се скоро идентични – слична големина, елегантно црно куќиште, QWERTY лизгачка тастатура... Од страните се наоѓаат вообичаените порти – USB за поврзување со компјутер, излез за слушалки, копчиња за нагодување на јачината на звучниот сигнал итн., како и посебен држач на извлекување чијшто агол може да се нагодува во зависност од тоа во која положба сакате да стои телефонот додека е на вашето биро или, пак, додека гледате некој видеоклип на него. Но, сличноста со кој било претходен модел на Nokia престанува по вклучувањето, бидејќи N900 доаѓа со сосема нов оперативен систем наречен Maemo 5.0. Тој е базиран на Linux платформата и значително се разликува од Symbian S60 v5 кој е стандард за сите досегашни тач-скрин уреди на Nokia. Меѓутоа, овој систем е сè уште во почетна фаза, така што ќе мора да му „простиме“ некои почетнички грешки, како што е на пример, неможноста да работи во вертикален (portrait) мод, со исклучок на неколку апликации. Меѓутоа, Nokia најавува дека со новиот firmware, кој треба да се излезе до крајот на оваа година, и тоа ќе биде овозможено, што е одлична вест. Основниот екран (homescreen) се состои од четири посебни екрани до кои пристапувате со скролување. Секој од овие екрани може да се наполни со виџети како што се кратенки до интернет-страниците што често ги користите, контактите со кои често комуницирате и слично. Maemo оперативниот систем е особено оптимизиран за мултитаскинг, така што сите активни апликации ќе ви бидат прикажани како прозорци на коишто лесно можете да им пристапите или, пак, да ги исклучите. Ова е решено многу подобро отколку во Symbian системот, каде што увидот во вклучените апликации е малку покомплициран. Инаку, N900 лесно се „справува“ со обемните операции што треба да ги извршува, особено оние на графички план бидејќи е опремен

66

www.enter.net.mk


Nokia N900 со исклучително квалитетен 600 MHz Cortex A8 CPU процесор и дури 256 мегабајти системска меморија. Што се однесува до останатите карактеристики, тие се на нивото на претходните Nokia модели што ги споменавме, значи – на одлично. Делот од оперативниот систем, задолжен за организација на контактите е многу сличен со оној на Symbian S60 v5 системот, со мала разлика што Maemo не содржи лог онаков каков што сме навикнале да има, туку постои една долга лог-листа со сите појдовни и примени повици, пратени пораки итн., а за подетален лог потребно е само да кликнете на некој од контактите и целата логирана историја во врска со тој контакт (кога ве барал или сте го барале, пораки што ги имате примерно или пратено итн.) ќе ви биде прикажана. Инаку, вградениот сензор овозможува автоматско исклучување на дисплејот на телефонот во моментот кога ќе го доближите до лицето. Што се однесува до пораките, N900 е во можност да прима и праќа SMS и e-mail пораки, но за жал, не и MMS. Нивното внесување е олеснето со QWERTY тастатурата на извлекување, но доколку по некоја случајност не сакате да ја користите (можеби сте во движење или имате само една слободна рака), можете да ја активирате виртуелната тастатура на екранот, па преку тач-скринот да го внесувате текстот. Доколку некој документ или, пак, можеби примена слика сакате да ја префрлите во фолдер наменет за тоа, тоа можете лесно да го сторите преку File Manager-от, кој располага со едноставен и ефектен графички интерфејс. Организаторските способности на овој уред се во класата на веќе докажаните Nokia модели – иако се работи за сосема нов оперативен систем, тие воопшто не заостануваат од она што го нуди Symbian платформата. N900 располага со календар/организатор, калкулатор, аларм, како и (за жал) нецелосна верзија на Office пакетот со којшто можете само да отворате, но не и да креирате .xls, .doc

и .ppt фајлови. Мултимедијалната страна, исто така, е на завидно ниво – уредот располага со FM радио, аудио и видеоплеер, 5-мегапикселна камера со Carl Zeiss леќи и максимална резолуција од 2576 x 1936 пиксели за фотографии и WVGA резолуција од 848 x 480 пиксели и 24 фрејмови во секунда за видео. Сепак, најјаката страна на N900 се неговите мрежни карактеристики – располага со infrared, USB, Bluetooth 2.1, WiFi како и GPRS, EDGE и 3G+HSPA можности за конектирање било со друг уред или, пак, за поврзување на интернет. Интернет-пребарувачот е базиран на технологијата што ја користи Mozilla, така што додека сурфате од Nokia N900 имате впечаток како да сте на вашата десктоп-машина. Поддржана е и Flash платформата, така што нема да ви биде ускратено сурфањето на такви сајтови. Вградениот GPS уред, пак, е софтверски поддржан со Ovi maps, што е сосема доволно во случај да ви требаат информации за некоја локација. Инаку, доколку сакате малку да одморите од работните обврски, на располагање ви се неколку игри и тоа шах, Mahjong, Marbles и Blocks (верзија на „Тетрис“). Сето ова што го набројавме можете да го надградите со дополнителни апликации, кои можете да ги преземете од сајтот www.maemo.org. Сепак, бидејќи оперативниот систем е сè уште „тазе“, ги нема во многу голем број. Крајниот заклучок за овој интернет-таблет/ телефон е позитивен – најважно од сè е тоа што Nokia не стојат во место и не заработуваат на „стара слава“, туку постојано лансираат нови, иновативни уреди и самите себе си прават конкуренција. Моментно ги имаат едни од најдобрите PDA уреди на пазарот (N97 и N900) со два одлични оперативни система кои постојано се развиваат, така што кој било систем да го преземе водството, никој не губи – ниту Nokia, а ниту ние, потенцијалните муштерии. Милан Крстевски

Nokia N900 Мрежи: GSM 850 / 900 / 1800 / 1900 3G мрежи: HSDPA 900 / 1700/ 2100 Димензии: 110,9 x 59,8 x 18 мм Тежина: 181 грам Екран: TFT resistive тач-скрин, 16M бои, 800 x 480 пиксели, 3,5 инчи, акцелерометар

Системска меморија: 256 МB RAM (+ максимум 32 GB мемориска картичка) Камера: 5 MP, 2576 x 1936 пиксели, Carl Zeiss optics, автофокус, Dual LED блиц, video light Батерија: Li-Ion 1320 mAh (BL-5J)

www.enter.net.mk

67


иднината сега_

Новите технологии за претстојната 2010 година веќе се наѕираат, па во текстот што следува ќе се обидеме да ви претставиме и опишеме десет од нив кои во блиска иднина би требало да се пуштат во употреба.

Нема да одиме во оние крајности да претставуваме „вонземјански“ технологии затоа што во многу наврати досега се случило да се најават, а реализацијата на тие идеи да се одолговлекува многу година потоа. Неколку примери за тоа се: кога за компјутерите во 2010 г. се велело дека ќе бидат комплетно изработени од оптички уреди, а употребата на силициумски плочи ќе биде исфрлена, дека мониторите веќе нема да се употребуваат туку дека ќе се работи на 3Д просторна слика, дека компјутерите од денешнината ќе бидат толку интелигентни што луѓето ќе комуницираат со нив итн. Ниту една од овие технологии не доживеала свое „раѓање“, но исто така има и многу потврдени технологии кои биле претпоставувани, а по неколку години веќе се применети во ИТ светот. Ова се технологиите што со голема сигурност ќе доживеат свое издание и ќе се најдат на пазарот во блиска иднина.

2010 денес Intel-овите нови CPU и GPU

AMD

Ќе започнеме со компаниите од „силиконската долина”, Intel и AMD, како компании со голем број иновации, нови технологии и производи. Како што може да се прочита и во насловот, од Intel може да очекуваме три нови Lynnfield socket LGA1156 процесори и тоа Core i7 870 и 860, а исто така и Core i5 750. Core i7 ќе остане и во варијантата со socket LGA1366, но веќе нема да се вбројува во хај-енд класата, додека тој примат ќе го заземе Core i7 950, а подоцна и 960, додека на врвот ќе се наоѓа Core i7 975XE со работен такт од 3,33 GHz. Hexacore Guftown чипот со 32nm технолошки процес се очекува да се исфрли во употреба кон крајот на 2010 година. Следната година ќе го означи почетокот на крајот на Core 2 Duo процесорите, а нивното место ќе го заземат Clarkdale 32nm процесори со работен такт од 3,2 до 3,6 GHz. Новите Интелови чипсети ќе се базираат на постојните P55 и X58, така што голем напредок во овој сегмент нема да се забележи. Најновата информација е дека долгоочекуваните intel-ови Larrabee графички процесори најверојатно нема да ги видиме во продажба иако беа најавени за наредната година, но затоа Intel ќе вградува графички чипови во самиот централен процесор а истите ќе може да ги видиме во продажба многу брзо во новите Core i3 и i5 од Clarkdale семејството на процесори.

За жал, нема да ги израдуваме фановите на AMD со онолку новини како што има Intel. Имено, во 2010 година AMD ќе прави измени и варијанти на постојните процесори, но кон крајот на 2010 г. се надева дека ќе почне да ги изработува првите 32nm чипови базирани на нова, Bulldozer микроархитектура со 4 и повеќе јадра и 8 MB кеш-меморија со кои ќе му објави нова војна на својот ривал Intel.

Графика Досега светот имаше можност да ја запознае најсилната графичка картичка, Radeon 5870 со 2,15 милијарди транзистори и 1600 шејдери спакувани во RV870 чипот изработен во 40nm технолошки процес. Но, nVidia во последно време не може да се пофали со огромен скок на перформансите како кај својот конкурент и е

невообичаено тивка. Нејзиниот нов Fermi чип би требало само да се доближи до перформансите кои веќе ги покажуваат картичките на ATI па инженерите на nVidia во следната година имаат многу работа доколку сакаат да бидат на врвот на high-end графичките картички.

PCI Express 3.0 Овој нов интерфејс со сигурност ќе обезбеди поголем проток на информации и поголема ефикасност, за разлика од постојниот PCI Express 2. Добрата околност е тоа што со зголемениот проток на информации кој е од голема важност за графичките картички

78

w w w.enter.net.mk

што го бараат тоа, ќе се зголемат графичките можности на DirectX 11 стандардот. PCI Express 3 драстично го зголемува протокот од 5 на 8 гигатрансфери во секунда. Новиот интерфејс, исто така, треба да овозможи 128 и 130-битно енкодирање што е многу повеќе од сегашните 8/10 бита.


Технологијата денес Touch-screen Многумина ќе искоментираат дека ова е веќе постојна технологија која е применета и се користи, но досега сме ја виделе само кај Tablet-PC-јата и кај десктоп-конфигурации со наменет софтвер кој поддржува тач-монитор. Колку што можеме да се информираме, Microsoft веќе длабоко навлегува во тач-технологијата, па може да

USB 3.0 очекуваме во иднина наместо основниот покажувач (глувче), на новите оперативни системи да биде применета можноста за „touch“. Останува да причекаме да се исполнат хардверските и софтверските можности и услови за да ги видиме и првите Touch screen десктоп-компјутери.

Зголемувањето на податоците со кои се служиме со текот на времето ја зголемува потребата од универзална порта која ќе има поголема брзина на трансфер. USB 2.0 со брзина на трансфер од 480mbps на почетокот од неговото создавање беше сосема доволен, пропорционално на големината на податоците

што се користеа тогаш, но сега веќе податоците се 10 и повеќе пати поголеми оттогаш. Затоа USB 3.0 треба да ја зголеми брзината на трансфер за 10 пати што би изнесувало околу 400 MB/секунда користејќи full дуплекс комуникација за разлика од USB 2.0 кој користи half дуплекс.

Display Port Оваа технологија веќе може да се забележи кај некои производители, па може да се заклучи дека Display port-от во 2010 година ќе биде дел од „стандардната опрема“ кај производителите на монитори и графички картички. Овој приклучок, за разлика од VGA и DVI приклучоците, треба да ги исфрли иритирачките шрафчиња за осигурување на приклучокот. Тој е многу помал, па така и самите

кабли треба да бидат потенки, а изработката на таквиот приклучок да ја намали цената на овие уреди. Исто така, трансферот на податоци што ќе го има овоа порта е многу поголем од горенаведените, па резолуциите над 1920 x 1200 пиксели ќе бидат лесно прикажани само со еден кабел што не е случај со DVI каде што за поголеми резолуции сè уште се користи dual-link DVI поврзување.

Light Peak Во минатиот број на „Ентер“ комплетно ја разработивме содржината на оваа технологија. Имено, станува збор за технологија на Intel која директно ја загрозува USB 3.0 технологијата со тоа што е нејзин конкурент.

Од една страна, брзините што може да се постигнат со помош на оваа технологија се многу поголеми од USB 3.0, но од друга страна, цената која би требало да се плати за оваа технологија е многу повисока во споредба со достапната USB.

Nintendo Wii Сите знаеме дека Nintendo Wii ги помести границите на гејминг-конзолите. Но, инженерите не застануваат тука! Веќе на големо се работи на нов проект за Nintendo, кое наместо постојните палки, треба да користи само headset со чијашто помош ќе може да се играат игри кои ќе бидат умствено контролирани. Самиот сет треба да има повеќе сензори кои ќе ги отчитуваат реакциите на мозокот

и со тоа ќе ја контролираат играта. Колку и да ви звучи „вонземјански“, овој проект е на добар пат наскоро да биде реализиран со оглед на тоа дека првите тестови се веќе успешно завршени.

Ивица Анѓелески

w w w.enter.net.mk

79


Systerac Tools for Windows 7

софтвер_

Никој не е совршен Изгледа симпатично Само што се појави, а на пазарот веќе почнаа да се појавуваат пакети што ќе му помогнат подобро да работи, пооптимално да ги користи хардверските можности на системот, а со тоа и подобро да им служи на корисниците. Веќе погодувате, зборуваме за Windows 7 и за првиот посериозен комплет алатки за системски подобрувања и забрзувања, наменети исклучително за овој најнов оперативен систем.

На прв поглед, Systerac Tools for Windows 7 е, всушност, само еден прозорец со многу секции, убаво распоредени низ неколку категории. Изгледа одлично, како што и очекувавме од една програма наменета за визуелно најпривлечниот оперативен систем од Microsoft што воопшто е произведен. Интерфејсот е достапен на неколку светски јазици, а освен тоа, речиси нема други дополнителни функции од лентата со алатки сместена во самиот врв на програмата. Сето друго што ќе ви притреба се наоѓа во главниот екран кој е и повеќе од интуитивен. Оптимизира Првата секција, Optimize, обединува шест различни алатки кои заеднички реализираат една цел – оптимизација на меморијата, хард-дискот и интернет-конекцијата. Работната меморија се скенира и максимално се приспособува на моменталните потреби на корисникот, а потоа се ослободува за нови процеси. Дефрагментацијата во оваа програма е подигната на едно ниво погоре од она на што сме навикнати кај системските дефрагментатори кои доаѓаат со секој оперативен систем. Ова посебно се однесува на Deep Defrag со чијашто помош ќе можете да ги отстраните фрагментите мемориски простор кои ги креираат малите фајлови и да добиете и на

простор и на брзина. Internet Booster ќе ја провери вашата конекција и нагодувањата. Доколку тие не се оптимално нагодени, автоматски ќе го направи тоа и ќе ви дозволи максимално да уживате во физички максимално дозволените брзини на вашата конекција. Во случај да не сакате сето тоа да го работите едно по едно, последна опција тука е OneClick Optimization којашто наместо вас ќе ги нагоди сите поставки, така што максимално ќе одговорат на вашите потреби и ќе се приспособат на вашите можности. Чисти и поправа Секцијата за чистење и поправање во Systerac Tools for Windows 7 претежно се фокусира врз два важни сегмента од компјутеркиот систем – регистрите и дисковите. Со алатките сместени тука ќе можете да ги поправите, но и да ги исчистите харддисковите од непотребните фајлови насобрани при инсталацијата и деинсталацијата на програмите или сурфањето на интернет. Од истите причини настануваат и голем број проблеми со регистрите кои, исто така, ќе можете да ги средите автоматски, но за секој случај, претходно направете резервна копија. Алатките за овие операции се исто така во оваа секција, заедно со оние кои ја чуваат вашата приватност на интернет, бришејќи ги трагите што ги оставате во системот додека сте он-лајн.

84

Нуди екстра можности Како последен сет на апликации се оние коишто се именувани со едно општо име – Tools. Тука можете детално да се запознаете со вашиот систем и сите компоненти во него, да закажете автоматско исклучување на компјутерот по одреден период, како и неповратно да избришете документи кои нема да можат повторно да се вратат назад со никаква програма. Доколку сте по украсувањето, со Wallpaper Slideshow, вашиот десктоп ќе го направите место на коешто наизменично ќе се прикажуваат оние десктоп-заднини коишто сте ги дефинирале. Сè на сè, 16 алатки со чијашто помош системот ќе работи неоптоварен од грешки, ќе ги користи сите перформанси што му се на располагање и долго ќе ве служи. Без разлика дали сте почетник или професионалец, секако треба барем да ја тестирате оваа апликација. Гоце Постоловски

w w w.enter.net.mk


Silverlight 4 beta

интернет_

Ново изненадување за развивачите Името Silverlight прв пат се спомна на конференцијата MIX, во април 2007 г. Во меѓувреме се појавија уште две финални и најновата, четврта верзија во бета-фаза, со која Silverlight ја зајакнува својата позиција како технологија за развој на богати интерактивни и деловни апликации. Во последните неколку месеци, распространетоста на Silverlight порасна за 12 проценти, па моментно е инсталиран на околу 45% компјутери конектирани на интернет, на глобално ниво. Не е лошо за релативно тазе-технологија.

За развој на апликации во Silverlight и понатаму е потребен Visual Studio, но овој пат мора да се работи со верзијата 2010, која исто така е сè уште во бета-фаза. Таа донесува цела низа новости, а од перспектива на Silverlight, најважни се поддршката за визуелно дизајнирање апликации, XAML IntelliSense, значително потранспарентната работа со податочни контроли, како и можноста за таргетирање на апликации за третата и четвртата верзија. За оние што се дизајнерски расположени, тука и понатаму е Expression Blend.

Интеракција

За работа

Една од најпожелните можности е користењето веб-камера и микрофон од корисничкиот компјутер. Тоа, се разбира, најпрвин треба да се дозволи, од безбедносни прични. Згодно е тоа што изворот од веб-камерата може да се користи како „brush“, па сликата можете да ја аплицирате на што било, како и да ја трансформирате во реално време, користејќи пиксел-шејдери. За помалку амбициозните, тука е олеснетото „фаќање“ статични слики, со кои може да се прави што било, а може да се сочувуваат и видеозаписи снимени со веб-камерата, и тоа не нужно на сервер, туки и локално на корисничкиот компјутер (local storage претставен во претходната верзија). Има и сет од можности за кои би се запрашале како досега не биле вклучени – поддршка за copy/ paste, drag/drop за повлекување датотеки од компјутерот и можност за користење десен клик на глувчето и скрол-тркалцето.

Silverlight во новата верзија најголемо придвижување направи на полето на деловните апликации, па можеме да кажеме дека е создадена нова хит-платформа за деловни опкружувања. Покрај сите корисни можности што ги донесоа старите верзии – мултиплатформност, вонпрелистувачко искуство и безбедност за корисниците, додадена е поддршка за нешта без кои, реално, воопшто не можеме да зборуваме за некоја посериозна деловна примена. За полесен развој на апликации се грижат два framework-а, вклучени во новата верзија. Првиот е WCF RIA Services кој може да ја заврши целата работа на поврзување со базата на податоци, автоматски генерирајќи ASP.NET и Silverlight код за пристап кон податоците. Ако земеме предвид дека Silverlight е клиентска технологија и како таква не е наменета за директен пристап кон базите на податоци на серверот, овој додаток решава еден од најголемите проблеми во практика. Вториот framework е Managed Extensibility Framework (MEF), кој овозможува едноставен развој на апликации со поддршка за плагини. Истиот framework е вклучен и во .NET Framework 4.0. Со оглед на насоченоста кон деловните апликации, една од најчесто користените функции е приказот на податоците. И тука се направени практични промени, па така сега имаме низа додатни функционалности, како што е унапредената DataGrid контрола, асинхроната валидација преку вебсервис, поедноставено форматирање на врзани податоци и многу друго.

Silverlight во прелистувач, прелистувач во Silverlight Една од најбараните можности, секако, е таа за приказ на HTML код во Silverlight. Голем број содржини на интернет се форматирани во тој јазик и сосема е основано барањето да добие поддршка во Silverlight. Ова се реализира преку вклучување на контролата WebBrowser која ќе го користи постоечкиот веб-прелистувач во системот за приказ на вебстраници. Освен приказ на надворешни веб-страници, на контролата може да се проследи и парче HTML код, кој потоа ќе биде рендериран и прикажан. Најдобра „финта“ е тоа што содржината на таа контрола може да се користи како „brush“, односно со него може да се „обои“ кој било елемент во Silverlight. За жал, споменатата контрола работи исклучително во вонпрелистувачки сценарија, што наиде на големо негодување. Се надеваме дека до лансирањето на финалната верзија ова ограничување повеќе нема да постои.

w w w.enter.net.mk

85


ТЕМА НА БРОЈОТ

PC

Call of Duty: Modern Warfare 2

По две години, Infinity Ward се враќа во FPS жанрот со продолжение чиј публицитет е незапаметен во изминативе неколку години. Но, дали и покрај публицитетот Call of Duty: Modern Warefare 2 може да ги достигне превисоките стандарди што ги постигна Call of Duty 4?

92

// ЕНТЕР GAMING EDITION


Игрите Call of Duty отсекогаш нуделе одлично акционо доживување, многу иновации и кинематски секвенци од кои запира здивот. Неспорно е нивното влијание во индустријата на видеоигри. Со секој нов наслов тие ја поместуваа границата до која ретко можеше да се доближи некоја друга игра од жанрот. Можеби единствено нешто што ги влечеше наназад беше постојаното враќање на темите на Втората светска војна. Во 2007 година Infinity Ward решија да свртат нова страница во серијалот и да започнат од почеток, па така ја издадоа Call of Duty 4: Modern Warfare. Оваа игра се отргна од историскиот фокус, беше создадена фиктивна модерна војна, нови ликови и уште еднаш, овој пат уште повисоко, ги кренаа стандардите за тоа што треба да покаже една воена игра. Популарноста што ја доживеа Call of Duty 4 беше огромна. Со самото тоа, публицитетот и исчекувањата за новата Modern Warfare 2 беа уште поголеми. Уште пред да излезе официјално, Modern Warfare 2 стана најпродавана игра во преднарачка, но помпата не стивна со тоа. По излегувањето, таа стана најпродаваната во историјата на игрите, па дури и во забавната индустрија. Оние од вас кои сè уште не ја заиграле, сигурно се прашуваат дали играта навистина вреди за вревата што се крева околу неа? Веднаш ќе ви одговорам: вреди, и тоа како! Modern Warfare 2 најмалку се придржува на традициите од серијалот. Целиот пакет е поделен на три главни гејмплеј делови. Сингл-плеер играчите си ја имаат својата главна кампања, за која не верувам дека некој ќе ја пропушти, доколку сте за малку co-op играње, било офлајн или онлајн, тука е Spеc Ops модот и, за крај, неверојатниот мултиплеер, подобар од кога било досега. Сите модови се целосно независни едни од други, така што добивате

три комплетно различни доживувања во еден пакет. Да започнеме со синглплеер доживувањето, кое е најбитниот дел од секоја успешна видеоигра. Кампањата продолжува пет години од завршетокот приказната во претходната игра, но со нов терорист на сцената. Приказната се врти, помалку или повеќе, околу истите ликови што ги запознавме во Call of Duty 4 – „Soap“ MacTavish, Nikolai и капетанот Price, но има и некои нови ликови за кои сум сигурен дека ќе ви се допаднат, како Ghost – чие лице е секогаш маскирано. Уште еднаш ќе играте како неколку различни војници (во најголем дел од играта како поручникот „Roach“ Sanderson), на различни страни на светот. Мисиите се одвиваат низ голем број егзотични локации, како сончевиот Бразил, преку снежните предели во Русија, Казахстан, па сè до Вирџинија и Вашингтон, кој е целосно разрушен од војната. Не би сакал да откривам премногу детали од заплетот во играта, но ќе кажам дека таа е ужасно кратка. На средно ниво на тежина, ми беа потребни не повеќе од пет часа да ја комплетирам играта, додека при преигрувањето, на најтешкото ниво на тежина ја завршив за 7,5 часа. Можам да кажам дека делот каде што најмногу потфрла сингл-плеер кампањата е то-

кму во раскажувањето на приказната. Настаните се само нафрлани и приказната се раскажува преку разговори од NPC-а низ кратките load екрани, додека чекате да се вчита мисијата или повремено за време на битките, кога читање на текст и не ви е баш некој приоритет. Многу често ќе се случува да завршите мисија која ви била интересна, но кога ќе се подзамислите, нема да ви текне каде и зошто сте го правеле тоа што сте го правеле во контекст на приказната. Верувам дека сите би сакале подолго да уживаат во мисиите. Најголем дел од нив се одлично дизајнирани, имате огромен број видови на оружје и нова технологија на располагање и во нив се вклучени одлични гејмплеј-концепти. Но, тоа не е случај за сите мисии. Една од мисиите во играта наречена „No Russian“ предизвика вистински контраверзи во светот.

ЕНТЕР GAMING EDITION //

93


ТЕМА НА БРОЈОТ

PC

Call of Duty: Modern Warfare 2 Имено, во оваа мисија ќе имате можност да играте како агент на ЦИА, кој е инфилтриран во терористичкото гнездо. Како таков, вие заедно со другите терористи одите на некој аеродром во Русија и добивате задача да убивате невини цивили. Поради оваа мисија, играта доби забрана за продажба во Русија. Доколку не сакате да ги убивате цивилите, може да пукате во ѕидови или, пак, во воздух, но има и предупредување пред да започне мисијата, со кое можете целосно да

94

// ЕНТЕР GAMING EDITION

ја прескокнете. Доколку го направите тоа, ќе ви биде прикажана кратка cut сцена, која накратко ги објаснува случувањата во мисијата. Голем дел од проблемите во сингл-плеер кампањата од COD4 се поправени. Така, сега нема да наидувате на места каде што постојано излегуваат непријатели, секогаш има икона за насоката во која треба да се движите или, пак, кого да следите, а разговорот помеѓу вашите соборци е навистина многу подобрен. На пример, кога вашиот пријател ви кажува: „Двајца непријатели стојат зад жолтиот автомобил“, навистина можете да видите двајца непријатели зад жолтиот автомобил. Вакво нешто тешко дека ќе може да видите во некоја друга игра. Но, за жал, и понатаму постојат проблеми со пријателскaта AI. Соборците и понатаму знаат да го блокираат вашето движење, да застануваат пред вас додека пукате и слично, но во секој случај, тоа е многу подобро изведено

од првата Modern Warfare. Една од поголемите визуелни промени во HUDот на играчите е системот на прскање крв на екранот. Во претходните COD наслови, кога ќе ве погодат, екранот започнуваше да трепка црвено, па тогаш моравте да барате место да се затскриете, за екранот да се исчисти и видот да ви се врати во нормалата. Modern Warfare 2 има нов систем, со кој кога ќе ве погодат, на екранот прска крв, со што се додава на реализмот во играта. Како целина, сингл-плеер кампањата е повеќе од задоволителна, во неа ќе уживате во ликовите, ќе сфатите најголем дел од заплетот во приказната и ќе уживате во пресвртите, но кога ќе ја завршите нема да имате чувство како да сте постигнале нешто. Infinity Ward, очигледно свесни за тоа колку е кратка сингл-плеер кампањата, го додале одличниот Spec Ops мод. Тој е аркадно дизајниран challenge мод, составен од 23 мисии, каде што во најголемиот дел ќе имате можност да играте сами (без неколку предизвици кои се стриктно наменети за двајца), но очигледно е дека овој мод е примарно наменет за тимска игра со двајца играчи. Модот е поделен во пет дела, секој со различни мисии, каде што е можно да добиете до три ѕвездички, во зависност од тежината и брзината на завршување на мисиите. Тука ќе видите многу области што се повторуваат, земени директно од сингл-плеер кампањата, но задачите што ги добивате (а во најголем дел и изгледот на нивото) се целосно нови. Верувам дека Spec Ops

модот ќе изненади многу гејмери, бидејќи е заразен и изненадувачки интересен. Сè на сè, тој е подолг од сингл-плеер кампањата и е заразен до тој степен што ќе сакате да преиграте некои предизвици само за да ги соберете сите 69 ѕвездички. Мисиите во овој мод се разновидни, од преживување напад од непријатели, движење од точка А до точка Б без да ве видат, елиминирање одреден број непријатели, завршување мисија за одредено време, трки со сноумобил итн. Мисиите се навистина многу поинтересни кога играте со некој пријател, без разлика дали е тоа на split screen или мрежно. На пример, има мисија во која еден од играчите ќе треба да го одбива непријателскиот напад од брод, додека другиот незабележливо се прикрива зад нив. Во друга мисија, пак, еден од играчите ќе управува со мини-ган од хеликоптер и ќе го покрива другиот кој се пробива низ непријателските барикади. Потребата од добра комуникација помеѓу соборците е многу битна и ако таа не е добра, мисијата брзо ќе пропадне. Верувајте ми, толку ќе се вовлечете во овој мод, што кога ќе го завршите, ќе молите за уште. Мултиплеер зависниците, ако сакаат, можат комплетно да ја игнорираат и кампањата и Spec Ops модот и целосно да бидат среќни со Modern Warfare 2. Нездраво заразната и возбулива мултиплеер формула, која дебитираше во Call of Duty 4, е во полн ефект и тука, подобра од кога било досега. Сржта на играњето, во основа, е иста, па на оние на кои не им се допадна мултиплеерот во оригиналната игра (а верувам дека такви има многу малку), мали се шансите дека ќе им се допадне и овој пат. Но, она што беше одлично пред две години, останува одлично и денес, а како додадок има голем број нови работи и подобрувања на старите за да го направат мултиплеерот во новата игра


значително различен и многу подобар од неговиот претходник. Мултиплеер акцијата е побрза и посмртоносна од кампањата, а убивањето непријатели, завршувањето задачи и комплетирањето предизвици ви носи искуствени поени. Овие поени го зголемуваат вашиот ранг и ви отклучуваат нови оружја, нова опрема и нови вештини. Очигледно е дека Infinity Ward многу се фокусирале на балансирањето во мултиплеер методите. Сега играчи со каков било ранг и знаење можат да придонесат за својот тим на еден уникатен начин. Системот на класи се враќа многу подобрен, па можете да дизајнирате класа и да ставите поголем акцент на одредени вештини. Killstreak-овите се проширени од оригиналната игра (сега ги има 25), па сега им се овозможува на играчите да отклучуваат награди како невидливи бомбардери, AC-130 напади, EMP експлозии, заглавување на непријателскиот радар, па дури и разорнувачка нуклеарка која ја завршува рундата со голема експлозија, со што автоматски се доделува победата на вашиот тим и многу други. Системот на perk-ови, исто така е подобрен. Тие сега можат да се надградуваат со тоа што ќе ви овозможат и секундарни способности, како на пример, побрзо менување на оружјето, побрз reload и слично. Додадени се и нови т.н. dethstrike perkови, кои ќе бидат од голема помош на новите играчи. Perk-овите се добиваат откако ќе загинете неколку пати по ред, без притоа да направите убиство. Painkiller perk-от ви овозможува повисоко ниво на здравје за краток период откако ќе се respawn-увате, што прави потешко да ве убијат при respawnнување. Copycat ви овозможува да ја имитирате класата на оној што ве убил, со што го добивате неговото оружје, опрема и слично. Многу од досадните тактики во COD4 се отстранети, па играчите повеќе нема да можат да фрлаат по три гранати во секој живот, martyrdom-от е отстранет од главното множество perk-ови и со воздушните напади и огромното количество опрема, кампирањето претставува многу помал проблем. Всушност, дури и мултиплеер мапите самите по себе решаваат многу од честите проблеми во COD4 и со тоа придонесуваат за подобро доживување. Мапите имаат повеќе висина, повеќе алтернативни патишта до областите и се многу поразновидни. Има нездраво ниво на длабочина и стратегија во мултиплеерот на Modern Warfare 2 и тој е многу повеќе од надградба на оној во COD4. Infinity Ward направиле одлична работа со создавањето пореалистичен Modern Warfare свет. Временските ефекти се одлично измешани со теренот и овозможуваат реалистичен

поглед на светот. Моделите на ликовите се многу интуитивно направени и во некои моменти нема да знаете дали играте игра или гледате високобуџетен филм. Некои сцени во играта се толку моќни и добро направени што ќе ве остават со подотворена уста. Продукциските вредности на Modern Warfare 2 се импресивни и кога станува збор за звукот во играта, каде што исто така има големо подобрување. Борбените звуци и пукотниците од оружјето се прва лига и ќе прават да помислите дека се наоѓате на вистинско борбено поле, особено ако поседувате сараунд систем. И гласовната глума е совршена и мислам дека не може да биде подобра од тоа што е. Музиката во играта, за која бил задолжен познатиот светски композитор Ханс Зимер, го прави уживањето комплетно. Како цел пакет, Call of Duty: Modern Warfare 2, несомнено, е една од најдобрите FPS игри што воопшто се направени и е задолжителна за секој гејмер, без разлика дали е сопственик на PC, Xbox 360 или PS3. Можеби ќе поминат барем две години додека излезе Modern Warfare 3, но оваа игра нуди доволно содржини за да имате што да играте дотогаш. Жарко Петровски

9,5 ГРАФИКА: ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: АТМОСФЕРА: ПРОИЗВЕДУВА: Infinity Ward ИЗДАВА: Activision ЖАНР: FPS ПЛАТФОРМА: PC, XBOX 360, PS3 ЕНТЕР GAMING EDITION //

95


РЕЦЕНЗИЈА

PC

Dragon Age: Origins По цели пет години работа и неколку ултрапопуларни наслови, авторите Bioware ја освоија гејмерската популација со уште една RPG. Dragon Age: Origins се одликува со уште поголема кампања, проширен гејмплеј и традиционално добри музички изведби. Но, дали ова ја прави играта совршена?

Нема здодевни моменти во Dragon Age: Origins. Уште на самиот почеток, кога го креирате вашиот лик, слатките маки започнуваат и мора да се одлучите за една од трите можни раси, односно дали да играте со Human, Elf или Dwarf, а потоа и да решите дали ќе бидете Warrior, Mage или Rogue. Во зависност од избраната раса и класа, почетната приказна е различна. Со воведување шест уникатни почетни приказни кои се разликуваат и во поглед на локацијата, расите со кои стапувате во контакт и последиците од вашите одлуки, се овозможува оригинално искуство и одлични услови за преигрување на играта. Дури

96

// ЕНТЕР GAMING EDITION

и откако ќе ја завршите почетната приказна за вашето потекло, последиците на некои ваши одлуки ќе ве следат до крајот на самата игра. По завршувањето на почетната приказна, се приклучувате на елитната група воини наречени Grey Wardens. Целта на Grey Wardens е да го сопре константниот напредок на расата Darkspawn – безмилосни суштества водени од моќен Arch-Demon. Додека бројката на Darkspawn суштества сè повеќе расте, Grey Wardens се наоѓаат на работ на изумирање. Нивните редови се намалени, а населението е растргнато во граѓанска војна. Не дека сето тоа не е интересно, приказната е одлично разработена


и крајно веродостојна, но потсетува на некои претходни наслови на Bioware (како Knights of the Old Republic). Урнекот е потполно ист, само амбиентот е сменет. Гејмерите кои ги имаат прескокнато претходните игри на Bioware, ќе бидат одушевени од ваквиот начин на раскажување, додека на ветераните може да им здосади инсистирањето на една иста формула. Како што напоменавме на почетокот, Dragon Age Origins поседува една од најкомплексните нелинеарни кампањи што се видени досега. Со останатите ликови комуницирате преку избирање на некој од понудените одговори, при што секој одговор ќе предизвика одредена реакција од соговорникот. Последиците од вашите одлуки може да бидат мали, но може и целосно да влијаат на приказната. Секој од вашите сопатници е уникатно лице кое следи одреден кодекс на однесување. Доколку вашите мислења се поклопуваат, улогата на вашите сопатници се менува во текот на играта, ви доверуваат различни информации, вештини и квестови, а доколку сакате, можете да стапите и во романтична врска со некој од сопатниците. Во случај сопатниците да не ги одобруваат вашите одлуки, мислењето за вас станува негативно, а конфликтите може да резултираат и со напуштање на вашата група. Колку и да сте харизматична личност, не можете да се извлечете од сите ситуации со нежни зборови или заплашување. Во ситуации кога оружјето е подобар дипломат, борбата се изведува на три начини. Првиот и, според нас, најдобриот начин кој ќе овозможи целосно да ги искористите потенцијалите на вашиот лик и вашите сопатници е паузирање на борбата и издавање наредби на секој член посебно. Вториот начин е за помалку трпеливите, односно без користење пауза при што издавате наредби во реално време. Третиот начин е претходно нагодување на офанзивни и дефанзивни

тактики. Не препорачуваме постојано користење на некој од последните два начина затоа што во практика не функционираат баш најдобро. За координирано управување без пауза треба да имате наднормални рефлекси или, пак, да не ви е важно како ќе се одигра битката. Третиот начин не е добар затоа што колку и да сакате некој сопатник да се однесува како што сте му кажале, порано или подоцна, вашите наредби ќе бидат игнорирани. Првиот начин за колективно управување на вашата група можеби одзема повеќе време, но покрај споменатите предности ќе ви помогне и полесно да изведувате моќни комбоа преку користење неколку магии или взаемно помагање (на пример, mage-от го замрзнува непријателот, а некој друг сопатник, како warrior, го уништува). Во зависност од избраната класа, вашиот лик поседува општи вештини, таленти својствени за избраната класа и специјални вештини кои ги учите низ кампањата преку читање прирачници или од NPC лица. Играта излезе за PC, Playstation 3 и Xbox 360, но сопствениците на PC верзијата се тие кои максимално ќе уживаат во благодатите на оваа игра. PC верзијата поседува можност за прегледување на битките во Top-down перспектива што не е така и кај верзиите за Xbox 360 и Playstation 3. Втората предност се однесува на графиката. На највисоките опции, Dragon Age е значително поубава од верзиите приспособени за двете конзоли. Независно од верзијата, корисниците можат да преземат интересни содржини кои ќе го прошират искуството. Па, така, на http://tiny.cc/ daoadd имате на располагање уникатна личност (Shale - The Stone Prisoner), нова локација, опрема и квестови (Warden's Keep, Blood Dragon Armor и Return to Ostagar). Најважната алатка, бесплатна за преземање и само за PC корисниците, која ги израдува повеќе-

то гејмери е „developer-grade“ сетот од алатки. Се работи за истиот сет од алатки кои се користени за создавање на играта Dragon Age и со него, доколку имате време и мотивација, можете да креирате ваши сопствени светови и да ги споделите со останатите играчи. Повеќе информација за сетот од алатки и неговото преземање ќе најдете преку линкот http://tiny.cc/daotool Графиката можеби е најдобра во PC верзијата, но сосема е просечна кога ќе се спореди со некои од останатите наслови кои се актуелни во моментот. Ова, секако, има и позитивна страна, а тоа е можност играта да ја заиграат и гејмери со релативно послаби компју-

терски конфигурации. Од друга страна, звукот, глумата и музичката подлога се толку добро изведени и усогласени што градат епска атмосфера која ретко може да се спореди со некоја друга игра. Доколку ги имате изиграно претходните игри на Bioware, Dragon Age: Origins ќе ви разбуди многу топли сеќавања. Епските ситуации и одлуки кои можат драстично да го сменат светот во кој играте и понатаму се тука, интеракцијата со NPC ликовите е вистинско задоволство, а битките, и покрај одредени недостатоци, и понатаму го наоѓаат местото во вашите соништа. Мартин Јованчевски

8,75 ГРАФИКА: ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: ПРОИЗВЕДУВА: BioWare ИЗДАВА: Electronic Arts ЖАНР: Role-playing game ПЛАТФОРМА: XBOX 360, MICROSOFT WINDOWS, PLAYSTATION 3 ЕНТЕР GAMING EDITION //

97


РЕЦЕНЗИЈА

PC

Borderlands

Сметајќи дека во екпериментирањето е забавата, а со тоа и парите, сè повеќе автори навлегуваат во други гејмерски жанрови, внесуваат нови елементи, со хируршка прецизност ги подобруваат постојните и се стремат да понудат игра која ќе биде мешавина од неколку жанрови. По тригодишна работа, експериментот на Gearbox, насловен како Borderlands, се покажа како целосно успешен обид кој, преку симпатична стриповска графика и вешто напишани дијалози, ги обединува двата најдобри жанра во гејмерската индустија – FPS и RPG.

Во Borderlands играта ја започнувате така што се одлучувате за една од четирите можни класи. За секоја класа имате претходно одреден лик кој поседува способности различни од останатите ликови. Па, така, силата на Brick, од класата Berserker, е во тупаниците и во моментот кога ќе се активира Berserk Rage Mode, Brick може екстра брзо да ги претепа сите несреќници што ќе му се најдат на патот. Lilith припаѓа на класата Sirens, а нејзината уникатна моќ е привремено навлегување во друга димензија и предизвикување силен удар при излегување од димензијата. Третиот лик, Mordecai, од класата Hunter, е потпомогнат од неговата смртоносна птица, Bloodwing, а војникот Roland, од класата Soldier, поставува turrets за блиски пресметки.

98

// ЕНТЕР GAMING EDITION

Според грчката митологија, Пандора е љубопитната девојка која ја отворила кутијата во која се наоѓале сите зла и болести што боговите ги собрале на едно место. Кога ќе ја видите планетата Пандора во Borderlands, би можеле да помислите дека тука биле отворени повеќе кутии, а во нив се наоѓале многу полоши нешта. Планетата Пандора е една огромна пустелија од физичка, но и од психичка гледна точка. По неколку неуспешни обиди да се колонизира планетата, луѓето кренале раце од неа. Оние кои можеле, побегнале уште на самиот почеток, а помалку среќните останале во друштво на крволочните ѕверови и древните вонземски урнатини. Токму овие урнатини се причината


поради која ќе се најдете на Пандора. Се верува дека на планетата се наоѓаат вредни богатства и артефакти на дамнешна вонземска цивилизација, а бидејќи слава и пари никогаш не се доволни, вие сте меѓу првите кои ќе сакаат да прошетаат и да се запознаат со негостопримливото население. Приказната не изгледа премногу оригинално, повеќето од главните пресврти се веќе видени и да не се вешто осмислените дијалози и веродостојната глума, би помислиле дека авторите го ставиле

овој дел во втор план. За време на мисиите ќе се соочите со разновидни непријатели, некои мали, а некои застрашувачко големи, но сите до еден преферираат одредени пристапи и офанзивни методи. Некои од непријателите се повнимателни и се кријат зад предмети додека пукаат, додека поагресивните се решаваат за директен напад и користат сè што имаат на располагање. За ефикасно и забавно соочување со нив ќе ви треба многу оружје, а во оваа игра, верувајте, оружје воопшто не недостига. Borderlands користи таканаречен „Procedural Content Creation System“.

Овој систем е способен автоматски главни мисии кои може да се завршат да генерира разновидно оружје и за петнаесетина часа и 120 секунпредмети при што секое оружје ќе се дарни мисии, што во комбинација со разликува од останатите во поглед четирите уникатни класи и огромниот на деструктивната моќ, брзината на избор на оружје, може да понуди пукање, прецизноста и други еднакво долга забава независно дали играте со корисни бонуси (како, на пример, вашите познаници во co-op мод или, користење елементарна моќ или пак, соло. обновување на муницијата со текот Експериментирањето е забележително на времето). Зошто e толку импреи во поглед на симпатичната графика сивен овој систем? Десет години да која вдишува cartoon-like атмосфера во ја играте Borderlands не би можеле светот на Пандора. Локациите се огрода ги пробате сите видови оружје и мни, но за жал, некои од нив се премпредмети што може да ги осмисли овој ногу слични меѓу себе и недоволно систем. Се предвидува дека системот интересни за истражување. Од друга може да креира преку 17 милиони страна, немаме никакви забелешки за (17.750.000!!!) варијации на оружје и анимациите и визуелните ефекти кои предмети. Како една позитивна работа заедно со аудиоефектите и музичката во поглед на вештачката интелигенција подлога придонесуваат за квалитетно е тоа што овој систем, исто така, се искуство. користи за осмислување на нападите Независно дали сте FPS фанатик, на непријателите, при што никогаш RPG Warlord или од двете по малку, нема да бидете целосно сигурни на кој Borderlands е ултразабавна игра со начин ќе ве нападне некоја раса. оригинален шарм и револуционерни Кога одењето не е веќе „ин“ во играта, додатоци. Секоја чест на Gearbox и ви стојат на располагање возила за понивниот успешен експеримент. Без брзо поминување дестинации, но и за многу размислување, преминете ја соочување со непријателите. Возилата границата и навлезете во земјата каде се интересни за управување и нудат што сè е можно. одредена свежина при играњето. Мартин Јованчевски Со секој убиен непријател и по секоја успешно завршена мисија или предизвик, добивате искуствени поени. Овие поени ви ГРАФИКА: овозможуваат разни доградувања кои ќе го ГЕМПЛЕЈ: направат вашиот лик посилен и повешт во со- ЗВУК: очувањето со непријаМУЗИКА: телите и при користење на нивните уникатни ПРИКАЗНА: способности. Поради ваквиот спој ПРОИЗВЕДУВА: Gearbox Software на FPS и RPG елементи, Borderlands нуди двојна ИЗДАВА: SCEA 2K Games забава во едно пакување. Сите елементи во ЖАНР: Role-playing shooter гејмплејот, иако повеќеПЛАТФОРМА: XBOX 360, то сосема стандардни и веќе видени, одлично MICROSOFT WINDOWS, се избалансирани и се PLAYSTATION 3 надополнуваат еден со друг. Постојат 30

8,5

ЕНТЕР GAMING EDITION //

99


НАЈАВА

PC

Command & Conquer 4: Tiberian Twilight

Command & Conquer 4: Tiberian Twilight е најновата стратегија во децениски стариот серијал. Со цел да помине уште подобро на глобалниот пазар, играта има претрпено драстични промени во скоро сите аспекти. Дали со овие промени играта ќе успее да го задржи истиот шарм или, пак, целосно ќе ја промени сржта на серијалот? За оние кои никогаш досега не заиграле C&C игра, Command and Conquer е серијал чиј гејмплеј е заснован на собирање ресурси, градење објекти, создавање борбени единици и уништување на непријателската фракција. Авторите EA Los Angeles, кои работат на четвртиот дел, дојдоа до интересна (фикс) идеја дека C&C4 ќе биде уште подобра игра, а со тоа и ќе привлече нови гејмери, доколку повеќето традиционални елементи се променат или заменат со нивните поактуелни алтернативи. Пред да почнеме со набројување на разликите што ве очекуваат, прво да го споменеме можеби единственото нешто кое е базирано на најмногу елементи од претходните игри – приказната. Кампањата започнува со враќањето на Kain. Овој пат, Kain не е тука да

100 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

уништи уште невини животи, туку да ја спаси планетата од добропознатата закана – тибериум. За да успее во ова, Kain нуди GDI (Global Defence Initiative) да ги здружи силите со Brotherhood of Nod и заедно да се ослободат од тибериумската зараза. По петнаесетгодишна соработка, планот на Kain вродува позитивни резултати, но двете фракции не уживаат долго во нив. Новонастанатиот конфликт помеѓу GDI и Brotherhood of Nod предизвикува укинување на сојузот, а светот се фрла во уште една безмилосна војна. Во C&C4 ќе имате можност да контролирате една од двете гореспоменати фракции преку избирање класа. Секоја од трите класи се одликува со слаби и силни точки во поглед на офанзивните или дефанзивните аспекти на борбата. За максимална одбрана од напаѓачките

армии, класата Defense располага со heavy turrets и супероружје, а класата Offense го прави сосема спротивното и нејзиниот акцент е на напаѓање со супериорни единици, а не на одбрана. Специјалноста на третата класа, Support, е во користење авиоединици, артилерија и побрз транспорт на одредени единици. Подразбирливо, единиците и објектите на GDI се разликуваат од тие на Brotherhood of Nod. Во C&C4 ќе бидат воведени и RPG елементи. Како што ќе убивате единици, уништувате објекти и завршувате задачи, така ќе бидете наградувани со искуствени поени. Овие поени отклучуваат супериорни единици кои можат да бидат клучни за извојување победа. Доградувањето на вашите единици, чиј број изнесува 80, исто така, ќе биде овозможено. Во кампањата ќе учеству-

ваат и две фракции кои се имаат појавено во претходните игри од серијалот, но со нив нема да можете да заиграте. Се работи за фракциите The Scrin, од играта C&C3: TW и the Forgotten, од играта Tiberian Sun. Како кај Red Alert 3, така и во C&C4 ќе има co-op мод кој ќе ви овозможи кампањата да ја играте со некој од вашите познаници. Преку co-op модот можноста за повеќе класи и заедничко, стратешко организирање против непријателот ќе овозможи нови и интересни начини за играње затоа што она што вашата класа може да го направи не може другата и обратно (на пример, користење супероружје како Defense класа или, пак, барање авиоподдршка од Support сојузникот). Повеќемина би се согласиле дека ваквите промени се повеќе од добредојдени и нудат одредена свежина во


целиот серијал, а притоа привлекуваат гејмери кои не беа воодушевени од гејмплејот од претходните игри. Но, што се случува кога EA Los Angeles, како автори на C&C4, поради комерцијални цели менуваат традиционални елементи кои беа како заштитен знак низ претходните игри? Првата промена која предизвика бурни реакции кај фановите е барањето постојано да бидете поврзани на интернет додека ја играте C&C4, дури и ако играте соло во кампањата или во skirmish модот. Најверојатно се работи за заштита на правата – DRM (Digital rights management), иако авторите велат дека C&C4 бара постојана интернет-врска само за да се следи напредокот на играчите. Во меѓувреме,

EA сериозно размислува да овозможи офлајн мод за кампањата. Да се надеваме дека во финалната верзија не само кампањата, туку и skirmish модот нема да бараат постојана интернет-врска. Поради можноста за три класи, само доколку се одлучите за класата Defense ќе можете да изградите целосна база. Останатите две класи ќе можат (само) да создаваат армии преку огромната подвижна единица наречена Crawler (некои класи, како што напоменавме погоре, нема да можат ни да градат супероружја). Друга промена, која е како трн во окото на тврдокорнитe фанови, е сосема новиот интерфејс, при што традиционалниот Sidebar ќе биде заменет со Bottom Bar – интерфејс кој наликува на оној во играта

Command & Conquer: Generals. Исто така, нема повеќе рaфинерии кои ќе праќаат жетвари (уф, „harvester“ звучи многу поубаво) до одредени локации. Новиот принцип на собирање ресурси подразбира градење апаратури на претходно одредени локации кои автоматски ќе ги собираат ресурсите. И уште една негативна промена се однесува на воведувањето Population Gap. Овој систем го ограничува бројот на единици што можете да ги креирате (слично како во повеќето стратегии). Графиката е стандарно добра и одржува чекор со денешните наслови. Огромен труд е посветен на подобрувањето на анимациите и специјалните ефекти со цел да се овозможи пореално искуство. Во динамичните

cut-scenes повторно ќе се вратат некои од претходните глумци, како Joe Kucan aka Kain, а ќе се појават и некои сосема нови. Кога се прават темелни промени на децениска, ултрапопуларна игра, негативните реакции се повеќе од очекувани. И додека фановите на серијалот се делат на две групи, гејмери кои никогаш досега не биле импресионирани од серијалот C&C, по прв пат со нетрпение ја исчекуваат играта. Tiberian Twilight е драстичен пример за тоа како еволуираат игрите за да го одржат чекорот со времето. Дали радикалната хирургија ќе придонесе за уште подобра забава или, пак, за драстично нарушување на идентитетот, останува да видиме. Мартин Јованчевски

ПРОИЗВЕДУВА: EA Los Angeles ИЗДАВА: Electronic Arts ЖАНР: Real-time стратегија ПЛАТФОРМА:Microsoft Windows

ЕНТЕР GAMING EDITION //

101


РЕЦЕНЗИЈА

XBOX360, PS3

Assassins’ Creed 2

Шармот на првиот Assassins’ Creed беше во раскошната графика, акцијата, качувањето по згради, скокањето од нив и неверојатното чувство на возбуда кога се убиваа негативци. Assasin’s Creed 2 комплетно ја дополнува претходната игра со брилијантноста на овие централни идеи и создава едно целосно и кохерентно доживување. Assasin’s Creed 2 може да се опише со многу зборови: заразна, возбудлива, епска..., но има еден збор кој може да ја опише целосно – УБИСТВЕНА.

Кога Ubisoft ја издадоа Assassin’s Creed во 2007 година, играта збуни некои луѓе. Од една страна имавме прекрасен отворен свет со безброј скришни места, илјадници луѓе во него и едноставни контроли, кои правеа истражувањето и борбите да бидат навистина едно прекрасно доживување. Од друга страна, моравме да се справуваме со малку чудно направениот прогрес во приказната, која беше составена од делови кои се повторуваа. Колку и да беше интересно да се трча и убива низ „Светата земја“ во времето на Крстоносните војни, за голем дел од гејмплејот може да кажеме дека не функционираше совршено. Како и да е, играта привлече огромна публика и доби (можам да кажам, заслужено) одлични критики. Assassin’s Creed 2 е сега тука и веднаш да напоменам

102 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

дека претставува вистинска еволуција. Assassin’s Creed 2 е многу подобра игра од својот претходник. Најважно е тоа што е комплетна и има почеток, средина и крај, за разлика од оригиналната игра, која имаше многу интересен почеток и не толку лош крај, кои беа поврзани со 20-часовна монотонија. Можеби ова продолжение не е толку свежо како првата игра, но верувајте дека играњето ќе ви биде интересно од почетокот до крајот. За оние што не ја играле првата игра, заплетот во Assassin’s Creed е мешавина од филмот „Матрица“, многу историска фикција и елементи со теории на заговор, какви што може да се сретнат во новелите на Ден Браун („Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“). Верувам дека сите ќе бидат задоволни со тоа што ова продолжение разјаснува многу отворени и

нејасни работи од приказната на првата игра. Assassin’s Creed 2 продолжува таму каде што застана првата игра, со киднапираниот шанкер Дезмонд, заклучен во ќелија во корпорацијата Abstergo. Оваа корпорација е модерна верзија на витезите Темплари и тие го киднапираат Дезмонд поради неговите скапоцени генетички сеќавања. Abstergo имаат направено машина преку која Дезмонд може да живее делови од животите на своите предци – атентатори. Токму неговите гени го ставаат во центарот на војната помеѓу Темпларите и Асасините. Играта започнува навистина динамично, со бегството на Дезмонд од затворот и неговото запознавање со модерните Асасини во нивното тајно скривалиште. Тука тој ја прифаќа понудата да стане еден од нив и да им се придружи во борбата

против Темпларите. Асасините ја имаат истата технологија како и Abstergo, која ќе му овозможи на Дезмонд да го живее животот на еден негов друг предок. Сега тој самиот прифаќа да подлежи на оваа процедура, па така тој се релоцира во Италија од 15. век, да ги научи тајните на Асасините преку очите на Ezio Audituerre de Firenze. Заплетот е навистна интересен и е одлично оправдување да се патува низ времето и да се преземе контролата на некој лик во најинтересните моменти од неговиот живот. Играчите ќе се запознаат со Ezio уште од моментот на неговото раѓање, како дел од многу паметно осмислен туторијал за движењето во играта. Потоа се оди низ годините кога ќе го проживеете неговиот живот како голем љубовник, уличен борач и син на богат банкар и


преку ривалството помеѓу неговото и друго аристократско семејство ќе минете низ многу интересна приказна на одмазда и искупување. За разлика од првата игра, овде нема да има често менување на перспективите на играње од современо во минато време и обратно. Дезмонд се појавува само на почетокот и на крајот на играта, па така во Assassin’s Creed 2 целосно ќе бидете исклучени од модерниот свет додека играте, што според мене, е многу добра работа. Самиот ренесансен период во кој е сместена играта ја додава многу потребната доза на бои и хумор во серијалот. Како што полека учите за животот на Ezio и се запознавате со неговиот роден град Фиренца, добивате и многу информации за тоа како да ја играте играта. Ќе поминат околу три часа играње, пред да го направите првото убиство. Дотогаш приказната е фокусирана на завршување задачи што ви ги даваат татко ви и мајка ви – да собирате пердуви од орел за браќата или да претепувате љубовџии за да ја одбраните честа на сестра ви. Сите овие задачи и мини-мисии што ги добивате се постојано различни и воопшто нема да ви здосади додека постојано се тркате со часовникот. Кога таткото и браќата на Ezio ќе бидат неправедно осудени и егзекутирани на плоштадот за велепредавство, како дел од заговорот на Темпларите, Ezio ја

започнува својата мисија за одмазда. Ezio има многу повеќе движења и способности од Altair во првата игра. Јасно е дека Ubisoft ги слушнале поплаките за првата игра, па во Assassin’s Creed 2 има многу повеќе работи што ќе ви го држат вниманието и воопшто нема да се создава чувство на монотонија. На пример, можете да прифаќате дополнителни мисии за да заработувате пари, да наоѓате ковчези со богатсво, ќе можете да крадете пари од минувачите, да наоѓате и да кинете постери со вашиот лик за да се намали нивото на вашата озлогласеност и многу други работи. Има многу начини на кои можете да дојдете до пари, па многу брзо ќе имате голема сума на пари, кои ќе можете да ги трошите на различни костуми, оружја, штитови или да ги наградувате вештините на Ezio. Во играта постои целосно функционална економија. Главниот дел од приходите што ќе ги добивате е вилата на вашиот вујко, која служи како ваша база за операции, но е воедно и туристичка дестинација. Пари можете да трошите и на проширување на вилата, како купување бордел, црква или разни продавници, па така вилата ќе заработува повеќе пари од туристите. Вашето здравје веќе не се обновува автоматски како во претходната игра и затоа ќе морате често да го посетувате и лекарот, кој ќе ве лечи и снабдува

со медикаменти. Во играта и понатаму има голем број места за криење од стражата, како стогови со сено, клупи, градини на покривите и слично. Сега Eizo може да се измеша со толпата луѓе, па дури и се нурне под вода и да плива за да им избега на непријателите. Можеби поинтересен пристап да им се избега на непријателите е со изнајмената помош. Крадците, питачите и проститутките може да се најмат за одредена сума и да се пратат кон непријателите, како еден вид живи алатки за оттргнување на вниманието. Ќе можете дури и да фрлате пари за да се создаде турканица од селаните, која ќе ги попречи непријателите да стигнат до вас. Ако наместо да се криете, решите да се борите, ви се отвора голема лепеза од опции. На тркалото за избор на оружја има мечеви, сабји, ножеви, димни бомби, фрлачки ножеви, двојни атентаторски сечива и едно посебно оружје, кое не би сакал да го откријам за да остане изненадување за оние што ќе ја играат играта. Секое од оружјата има свои предности во поглед на јачината и брзината, како и множество од разни анимации кога се ракува со нив. Уште една новост е можноста да ги разоружувате непријателите и да го земете нивното оружје, па дури и да им фрлате песок во очите за да им го попречите видот. Искусните играчи ќе можат да направат вистинска уметност

од борбите. Главните мисии во играта се многу подобрени, па сега наместо да прислушувате или да претепувате некого за информации, ќе треба да спасувате затвореници, да следите одредени луѓе од покривите, да убивате лоши луѓе и многу други работи. Можеби најинтересните мисии ќе ви бидат оние што ви ги дава вашиот ултраталентиран пријател, Леонардо да Винчи, кој ќе ве снабдува и со многу интересни направи. Во играта постојано има некоја нова активност или мисија, која најчесто бара различен пристап на решавање. Така ќе имате можност да ги истражувате и катакомбите кои се наоѓаат под градот, но и да возите гондола, да летате со летачката машина на Да Винчи и слично. Брзината на движење во Assassin’s Creed II е значително зголемена во споредба со првата игра, што овозможува играчите многу пофлуидно да се движат низ градовите. Анимациите се неверојатни и телото на Ezio реалистично се приспособува на околината, без разлика дали се качува по згради или прескокнува пречки. Графиката во играта е маестрална и четирите места во кои играте, Фиренца, Венеција, Тоскана и Монтерегиони се неверојатно детално моделирани. Додаток е одличната гласовна глума (сите зборуваат англиски со изразен италијански изговор), како и музиката која ве следи додека играте. Дијалогот е впечатлив и свеж, со повремен хумор од одредни ликови со кои комуницирате. Можеби на почетокот ќе ви изгледа дека Assassin’s Creed II има многу повеќе додатоци отколку што може да издржи самата игра, но откако ќе се навикнете на новостите, се создава магија каква што ретко може да се доживее во некоја игра. Ubisoft Montreal слободно може да отвори училиште, каде што ќе им држи предавања на другите издавачи на игри за тоа како да се направи успешно продолжение. Оваа игра е навистина редок случај кога продолжението е подобро од оригиналот и е игра што вистински вреди за сите пари. Жарко Петровски

9,5 ГРАФИКА: ГЕМПЛЕЈ: ЗВУК: МУЗИКА: АТМОСФЕРА: ПРОИЗВЕДУВА: Ubisoft Montreal ИЗДАВА: Ubisoft ЖАНР: Aкција ПЛАТФОРМА: XBOX 360, PS3 ЕНТЕР GAMING EDITION // 103


НАЈАВА

XBOX360

Just Cause 2

Ако од некаде ви е познато името Рико Родригез, тогаш сигурно е од првиот дел на култната игра Just Cause. Доколку имате искуство со оваа игра, верувам дека со нетрпение го очекувате новиот дел од овој серијал. Токму така, за неколку месеци треба да излезе на пазарот уште едно ремек-дело на Eidos Interactive. Поучени од фактот кој говори за заразата предизвикана од игрите на оваа компанија, решивме да кажеме неколку убави и свежи информации за играта чие име е Just Cause 2. Главната улога повторно му е доделена на Рико Родригез, но за разлика од првиот дел, нашиот главен јунак е малку пософистициран и располага со повеќе вештини. Една од нив, а можеби и најинтересна, е управувањето со падобран. Освен падобранот кој може да се отвори речиси во секое време, на помош му доаѓа и куката на извлекување. Слично како Бетмен кој има јаже на својот појас и со негова помош може да се искачи каде што сака. Ако ме прашате како ќе изгледа нашиот главен лик, слободно може да ви одговорам дека тој е идеално избалансирана комбинација од Бетмен и Evil Carnival (од Star Trek). Мора да погледнете барем еден трејлер за оваа игра. Родригез бега од лути војници, се наоѓа на врвот на некој облакодер и во истиот момент го отвора својот

104 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

падобран и веднаш им збришува на исфрустрираните непријатели. Исто така, лесно управува со мотор и во секој момент може да го отфрли и притоа да се фати за хеликоптерот кој го брка. Играта е вистинска лудница. Со други зборови, сите акции добиваат адреналинска инјекција која дополнително ќе им овозможи на играчите квалитетно да го поминат времето пред мониторот. Целата акција во Just Cause 2 ќе се одвива во еден нов и масивен залив (или остров, сè уште не знаеме). Имено, нашиот јунак кој работи за некоја владина разузнавачка агенција (а замислете, не се вика ЦИА) и притоа неговата главна мисија е да го пронајде својот добар пријател кој е изгубен на големиот остров наречен Панау. Овој остров е сместен во водите на Атлантскиот Океан и е


своевидна мешавина на тајландски и азиски пејзажи што лесно може да им го оттргне вниманието на оние играчи кои нема да бидат сконцентрирани на борбата. Панау е вистински рај за играчите од сите возрасти. Тука ќе се сретнете со разни климатски промени: од силно пустинско сонце, па сè до снег кој ќе претставува огромна пречка за совладување. Ќе најдете прекрасни градби како што се стокатници, големи мостови, но и густи шуми и што ли уште не. Не грижете се за големината на овој остров. Покрај летањето со падобран, Рико има добра способност на крадење автомобили (GTA искуство) и многу нови акции во трето лице кои ќе му помогнат, буквално кажано, да го прелета целиот остров. Мислам дека досега немаме сретнато олку динамична игра. Освен тоа што Родригез сака да го спаси својот пријател (кој, замислете, е секси девојка) ќе има и кратки мисии со кои ќе се труди да заработи малку екстра пари и да дознае нешто повеќе за својот корумпиран шеф. Па, така, ќе треба да спасите по некој сведок кој ќе се најде на островот или притоа да разнесете предавател на локалната телевизија... Со ова продолжение Eidos Interactive им вети поголема акција и гејмплеј на верните консументи на нивните игри, што многу лесно ќе го прифатат дури и понеискусните играчи (изгледа мислеше на женската популација). Од трејлерите што ги видовме и сликите од самата игра, може да кажеме дека оваа игра

ќе биде празник за очите. Прекрасно моделирани објекти, како оние кои се наоѓаат во непосредна близина, така и оние кои се подалеку и служат само да го дефинираат пејзажот. Нешто од што устата ни остана подотворена е начинот на кој нашиот јунак се справува со непријателите. Така, освен стандардните оружја кои може да ги употребува: пиштол, гранати и машинки, тој може да ја користи и својата подвижна кука. А кога се користи куката, сè станува многу поинтересно. Имено, може да ги прикачите непријателите кон некој

авион и заедно да полетаат, може да го повлечете непријателот кон себе и притоа да го разнесете со граната. А како највпечатливо е врзувањето на непријателот со некоја хелиумска боца која, кога ќе биде погодена од куршум, почнува да лета, а со тоа го крева и нашиот непријател. Забавно, мора да се признае. Куката му помага на Рико да се префрла од еден на друг авион, па на нареден, сè додека не стигне до првиот камион од конвојот и го уништи главниот непријател... Со други зборови, Рико Родригез може да

направи хаос каков што досега немате видено ниту во еден холивудски филм или, пак, друга игра од ваков тип... Но, да не зборуваме премногу. Сакам да ја почувствувам оваа игра на прсти. Како и да е, таа доаѓа веднаш по мојот роденден, па веројатно ќе ми ја подари некој другар или колега. Ако Eidos Interactive ме прашаат мене за сите овие работи што ни ги покажаа за оваа игра, ќе им порачам само едно: Дај боже да биде навистина лудо како што само вие можете да замислите.

Кирил Кироски

ИЗДАВА: Eidos Interactive ПРОИЗВЕДУВА: Avalanche Studios ЖАНР: Modern Action Adventure ДАТУМ НА ИЗЛЕГУВАЊЕ: 23.3.2010 Г.

ЕНТЕР GAMING EDITION // 105


НАЈАВА

XBOX360

Aliens vs Predator

Иако официјалниот почеток на оваа игра е закажан за февруари следната година, тимот на SEGA се одлучи да ги почести новинарите со демо-верзија од оваа игра која се состои од неколку кампањи.

За оние кои не забележаа од сликите, да споменам дека Aliens vs Predator спаѓа во жанрот на FPS игри. Во сингл-делот ќе има три различни приказни, т.е. три мода на игра, додека мултиплеерот би требало да биде она за што секој би ја посакал оваа игра. Дејството се случува триесетина години по настаните во Alien 3. Веднаш се забележува дека оваа игра црпи инспирација од претходниот филм на славниот Џемс Камерон. „Друштвото од дојденци“ е дојдено да колонизира. Па, откако тие ќе се населат, луѓето ќе ги откријат мистичните пирамиди каде што предаторите одгледуваат вонземјани со цел подоцна да ги ловат. Сигурен сум дека го знаевте сето ова.

106 //

ЕНТЕР GAMING EDITION

Всушност, ловот не е нивно хоби, туку на него гледаат повеќе како на спорт. Не е јасно што се случува подоцна, но како и да е, останува фактот кој говори дека колонијата станува претесна од суштества низ чиишто вени тече зелена киселина наместо крв. Вашата мисија, поточно зборуваме за делот кога вие сте маринец, ќе биде спасување на преживеаните маринци кои се наоѓаат во колонијата. Но, од тоа што го видовме не сме сто отсто сигурни дека токму тоа се бара од вас. Имено, ксеноморфите може да ве нападнат во секој момент. Тие излегуваат од дупките, од ѕидовите, од мрачните сенки и речиси е невозможно да ги видите без употреба на некоја светилка или прскалка. Се

разбира дека имате сензор за движење на вашата пушка, но за да не се изгуби од драматичноста, оваа направа прави страшна бучава доколку е вклучена, така што лесно може да го навлечете непријателот на вас. Додека ја игравме демо-верзијата на оваа игра, стравот често ни влегуваше в коски. Звуците кои излегуваа од повредените маринци беа вистински хорор за нас. Напнатоста беше на максимално ниво. Откако првиот пат нè уништија (прободеа во стомак), цело време имавме чувство дека огромен вонземјанин ни е зад грб. Вештачката интелигенција е доведена на солидно ниво. Вонземјаните ќе ве напаѓаат одвреме-навреме и со неколку испукувања ќе може да

се решите од нив. Тие се одлични во криенка, така што многу почесто вие ќе налетувате на некои скриени отколку што некој ќе ви пријде од зад грб. Арсеналот на оружје е солиден. Делот кога вие сте ставен во улога на маринец не е којзнае колку спектакуларен, немате никакви посебни моќи, располагате со обични оружја, повеќе бегате отколку што убивате... Но, за разлика од делот кога вие играте како предатор, страстите кон играта растат. Кампањите со предаторот ќе ви овозможат неколку интересни способности и модерни оружја. Во оваа улога ќе можете да употребувате камуфлажа за никој да не може да ве види, ќе користите


термална слика која ќе ви ги прикаже сите топлински разлики во просторот, а со тоа и сите потенцијални мети, ласерски сечач кој се состои од три точки кои ја бараат целта уништувајќи сè пред себе (многу често ќе го гледате на себе доколку играте како маринец). Со други зборови, доколку сте предатор, вие сте физички и умствено способни да ја осетите целата страст што ја нуди ловот. За вистинскиот предатор не постојат опасности, тоа се само мети кои треба да бидат уништени. Ако мене

ме прашате, јас кревам два прста за предаторското искуство. Заборавив да споменам дека предаторот има одлични и невообичаени трикови од типот на визуелен зум со чијашто помош ќе може да ги види непријателите, но и да ги прислушува. Нивниот разговор може да се сними и подоцна да им се пушти со цел психички да ги дестабилизира (нехумано, зарем не ). Освен што е многу побрз од Хусеин Болт, предаторот може да скока многу далеку и да доскокне попрецизно од

кој било друг. Начинот на изведување прецизен скок е премногу едноставен. Доколку саканата дестинација ви е во домет, ја нишаните и притискате на тастерот за скок и за миг сте на саканото место. Но, не мислете дека сè е така едноставно. Доколку на местото каде што сакате да доскокнете има Риплиев ефект, кога ќе доскокнете до него ќе предизвикате огромен шум кој ќе ве постави да бидете потенцијална цел на напад. Во тој случај можеби и камуфлажата не би

ве извадила и затоа мора да внимавате каде го користите. Иако предаторот има екстра арсенал, мора да нагласам дека Stealth-от е неговото најважно оружје. Главна работа на предаторот е собирањето трофеи. Веќе знаете дека черепите на непријателите се неговите трофеи. Во демото не ги употребуваме овие трофеи, но во финалната верзија тие ќе имаат некаква важна улога која засега не успеавме да ја дознаеме... Иако оваа игра е во развој, ние сме премногу задоволни од искуството што го имавме со неа. Морам да ги пофалам филмските ефекти, и визуелните и звучните. Не ми е јасно зошто ваква игра не се појави порано на пазарот. Дали поради фактот што истоимениот филм не предизвика голем интерес или поради нешто друго. Останува да почекаме и можеби уште еднаш да изгледаме некој филм од овој серијал. Кирил Кироски

ПРОИЗВЕДУВА: Rebellion ИЗДАВА: Sega ЖАНР: FPS ДАТУМ НА ИЗЛЕГУВАЊЕ: ФЕВРУАРИ 2010 Г.

ЕНТЕР GAMING EDITION //

107



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.