ЕДЕН СИСТЕМ НА МОДУЛАРНИ МОНТАЖНО-ДЕМОНТАЖНИПАРКИРАЛИШТА ВО ЧЕЛИЧНА КОНСТРКЦИЈА

Page 1

ДГКМ

MASE

ДРУШТВО НА ГРАДЕЖНИТЕ КОНСТРУКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА

MACEDONIAN ASSOCIATION OF STRUCTURAL ENGINEERS

subj.-no.

Partizanski odredi 24, P. Box 560, 1001 Skopje Macedonia

Tihomir NIKOLOVSKI1 and Boris TASEVSKI2 A SYSTEM OF MODULAR DISASSEMBLING CAR PARKS OF STEEL STRUCTURE SUMMARY A system of modular disassembling car parks of steel structure developed in FAKOM AD has been shown. The system is characterized with unlimited and multiple use according to the principle “erectuse-disassemble-erect again-use again on other location”, without any repair or correction and at no additional costs, and with highest standardization of load bearing members (columns, beams, bracings, assembling joints) manufactured with high precision which enables unlimited changeability for different car parks solutions. The structural concept and variants of the deck structure have been shown (“gitter-rost”, Alu-foam panels and orthotropic panels), as well as alternative solutions with accessing ramp and lift segments. The structural concept is illustrated with characteristic 3D details. Key words: Modular car parks, steel structure

Тихомир НИКОЛОВСКИ1 и Борис ТАСЕВСКИ2 ЕДЕН СИСТЕМ НА МОДУЛАРНИ МОНТАЖНО-ДЕМОНТАЖНИ ПАРКИРАЛИШТА ВО ЧЕЛИЧНА КОНСТРКЦИЈА РЕЗИМЕ Прикажан е еден систем на модуларни монтажно-демонтажни паркиралишта во челична конструкција развиен во ФАКОМ АД Скопје. Системот се одликува со неограничена и повеќекратна употреба според принципот “монтирај-користи-демонтирај-повторно монтирај-повторно користи на друга локација“, без никаква поправка, доработка и дополнителни трошоци и со максимална стандардизираност на носечките елементи (греди, столбови, спрегови, монтажни врски) изработени со висока прецизност што овозможува неограничена изменливост за различни диспозициони решенија. Прикажан е конструктивниот концепт, типовите на подната конструкција (“скара“, панели од Alu пена и ортотропни панели) како и алтернативните решенија со пристапна рампа и лифтовски сегменти. Конструктивниот концепт е илустриран со карактеристични 3D детаљи. Клучни зборови: Модуларни паркиралишта, челична конструкција

1

Prof. PhD, Development adviser, FAKOM AD, Alexandar Makedonski Blvd b.b., MK 1000 Skopje, tihomir.nikolovski@fakom.com.mk; tifani@t-home.mk 2 Struct.Eng., Designer, FAKOM AD, Alexandar Makedonski Blvd b.b., MK 1000 Skopje, boris.tasevski@fakom.com.mk


1.

ЗА ПРОБЛЕМОТ НА ЈАВНО ПАРКИРАЊЕ И МОЖНИТЕ РЕШЕНИЈА

Паркирањето, во светски размери, од одамна претставува еден од главните проблеми во урбаните средини, на сите места и локации со поголема фреквенција на луѓе. Искуството ни покажува дека зафаќањето на уличните ленти, тротоарите и дури и зелените површини (без оглед на ригорозните казнени мерки) дополнително ги влошува и внесува вистински хаос во и така лошите сообраќајни услови. Решението е, паралелно со организирањето на ефикасен јавен превоз, во обезбедувањето на посебни простори (привремени или трајни објекти – надземни и подземни) наменети исклучиво за паркирање. Какви решенија за јавно паркирање можат да се понудат: • Отворени паркиралишта. Се лоцираат на слободни простори во урбани средини. Неможат да претставуваат трајно решение во централните градски јадра бидејќи, по правило, се организирани на атрактивни локации со висока цена на градежното земјиште. • Надземни катни гаражи. Според искуствата на големите градови не претставуваат долгорочно оправдано решение за градските јадра бидејќи на тие локации може да им се даде многу поквалитетна функција, а евентуалната идна пренамена за други функции (деловна, трговска) е проблематична бидејќи според архитектонските и функционалните барања тие се де факто “типски” објекти со ограничена катна височина, практично без инсталации, санитарни и други функции и со ограничен број лифтови. Се поприсутна е тенденцијата “типскиот“ изглед да се сокрива со поатрактивна архитектонска форма (пред се преку фасадното обликување). • Подземни катни гаражи. Значително се поскапи (ободните ѕидови, хидроизолација, вентилирање, заштита од пожар), но имаат долгорочно економско и функционално оправдување, пред се затоа што не зафаќаат квалитетно градежно земјиште (коешто, посебно во централните градски јадра, се наменува за други, поатрактивни комерцијални функции и содржини) и не го пореметуваат урбаното ткиво (се градат под плоштади, паркови, јавни површини). Дополнително, во современо организираните урбани средини претставуваат задолжителен урбанистички услов за сите јавни, деловни и објекти за колективно домување во централните градски јадра. • “Компактни” паркиралишта (надземни или подземни). Со терминот се опишуваат модуларни просторни системи (слични на палетните складишта) кај кои возилата се паркираат или повикуваат компјутерски (со оператор или кодирана електронска картичка), без учество на возачот. Тие се најскапи (подвижни делови, редуктори, хидраулика, електроника), но просторно најекономични. Помалите системи (10-20 возила) се идеални решенија за ограничени простори, постоечки подруммски простории, во објекти од историското и културното наследство, или генерално за објекти каде не смее да се пореметува интегритетот на објектот или постоечката функција. Може да биде оправдано решение за специфични локации и категории на објекти како и за помали објекти со колективно домување, поточно за одреден слој на клиенти. • Привремени паркиралишта. Се градат, најчесто, како привремени објекти, таму каде што ќе се оцени дека за тоа има потреба, а урбанистички предвидената намена на таа локација неможе, од било кои причини, да се реализира во периодот кога таа локација би се користела како паркиралиште, или која во моментот се користи како отворено паркиралиште но нема доволен капацитет. Познатите привремени паркиралишта претставуваат челични монтажно-демонтажни модуларни еднокатни конструкции со кои се удвојува расположивиот паркинг простор. Составени се од греди, столбови (со можност за прилагодување на височината) и подни “плочи“. Сите носечки елементи се споени со завртки, со директно налегнување на столбовите на тлото или (поретко) со мали фундаменти. Имаат мала корисна височина (до 2,10m), конструктивна височина од 40-50cm и пристапни рампи со наклон и до 20%. Производителите на ваквите системи наведуваат дека нивната основна предност е што по истекот на предвидениот период на користење можат да се демонтираат и повторно монтираат на друга локација. Монтажата со примена на стандардизирани челични елементи и унифицирани монтажни врски по правило е брза и едноставна. Се проценува дека досега, само во земјите на Европската Унија (но и во Србија, Црна Гора и Хрватска, се изградени повеќе стотици вакви паркиралишта со капацитет од 50 до преку 1500 паркинг места, најчесто во близина на трговски цетри, болници, аеродроми итн, со вкупен капацитет кој се оценува на преку 180.000 паркинг места.


2.

ФАКОМ МОДУЛАРНИ МОНТАЖНО-ДЕМОНТАЖНИ ПАРКИРАЛИШТА

Основната причина ФАКОМ АД Скопје да развие свој сопствен систем на модуларни монтажнодемонтажни паркиралишта, покрај неспорната и се поизразена потреба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко, е фактот дека најголем број од постоечките системи не се типично монтажнодемонтажни. Имено, кај овие системи подните плочи не можат да се “демонтираат“ бидејќи се изработуваат како спрегнати, од профилирани челични лимови со конектори (чепови) заварени за главните и секундарните носачи, арматурни мрежи и бетон вграден на лице место, врз кои се изработува класична хидроизолација и слој од асфалт. За повторна изградба на нова локација, покрај неопходните поправки на челичната конструкција, треба да се изработи нова подна плоча со хидроизолација и асфалт, чии трошоци може да достигнат 50% од вкупните трошоци за комплетно ново паркиралиште. ФАКОМ Модуларните монтажно-демонтажни паркиралишта го немаат овој проблем. Подните плочи се готови панели изработени од тенки челични ленти (скара), експандирана Алу-пена (Аl-foam)(1) или ортотропни панели (ОТП), целосно монтажни и демонтажни. Можат да се издвојат неколку суштински предности на ваквиот пристап: • Неограничена и повеќекратна употреба според системот “монтирај-користи-демонтирај-повторно монтирај-повторно користи на друга локација“, без никаква поправка или доработка и без никакви дополнителни трошоци освен трошоците за демонтажа и повторна монтажа; • Максимална стандардизираност на елементите (греди, столбови, спрегови, сите монтажни врски) изработени со висока прецизност на најсовремени CNC машини што овозможува неограничена изменливост на носечките елементи во рамките на една иста или различна локација; • Максимална прилагодливост на габаритите и диспозиционото решение на новата локација, без оглед на габаритите и диспозиционото решение на претходната локација. Можат да се користат елементи од повеќе паркиралишта за изградба на едно ново, или обратно, а невградените елементи да се складираат за идни потреби; • Значително поекономична потпорна челична конструкција (греди, столбови, спрегови), како резултат на смалената тежина на подната конструкција од монтажни панели; • Не е потребна хидроизолација. За панелите од алуминиумска пена и ОТП панелите горната (нагазна) површина може да биде завршна, а за панелите од челични скари не е потребно одводнување, нема лизгање, нема заледување и нема потреба од чистење на снег во зимски услови. 2.1

Функционален концепт

250

250 (230)

175

Функционалниот концепт на ФАКОМ Модуларните монтажно-демонтажни паркиралишта базира на минималната зафатнина на единично место за паркирање (Слика 1.) и потребната широчина на внатрешната комуникација во паркиралиштето (Слика 2.) за двонасочно движење на возилата, преземени од меѓународните стандарди и други типови модуларни паркиралишта:

470 500

Слика 1. Стандардни димензии на единично место за привремени паркиралишта (1)

500

550

500

Слика 2. Типичен распоред на возила за влезен агол на паркирање од 900

Развоен проект со Фраунхофер Институтот во Хемниц, Германија. Производот е патентиран.


Сл.3 Привремени паркиралишта од системот FastPark

Во најголем број познати системи на привремени паркиралишта усвоен е распоред на паркирање со влезен агол од 90о и квадратна модуларна диспозиција на потпорна конструкција од 5.00/5.00m (Слика 3). Според германски извори, полната широчина на место за гаражно паркирање со целосно отворена една врата на возилото изнесува 2,50m за VW Golf, 2,60m за Audi A4 и 2,80m за Mercedes S класа. За ФАКОМ Модуларните монтажно-демонтажни паркиралишта избран е единствен модул 5.25/5.25m. Тој обезбедува нешто поширока комуникација (5.75m), поповолна ефективна широчина на рампите (5.0m) и за 12.5cm поголема широчина на секое паркинг место(1). 2.2

Алтернативни решенија

ФАКОМ Модуларните монтажно-демонтажни паркиралишта се развиени во два основни алтернативни под-системи:

min 4x525 = 21.00m max Nx5.25

Ram p i

20%

• Со класични пристапни рампи, наменети за локации со соодветни габаритни димензии и, генерално, за поголем број паркинг места. Корисниците сами ги паркираат своите возила со задолжителен пристап до наплатен пункт со оператор или со читач на електронски претплатни паркинг картички (Сл.4).

500

Entrance to bottom level 500 500 525 575 min 4x525 + 3nx525 for n=0: L = 4x5.25 = 21.00m; for n=1: L = 7x5.25 = 36.75m; for n=2: L = 10x5.25 = 52.50; etc. 575

500

Сл.4 Пример на ФАКОМ Модуларно паркиралиште со пристапна рампа (2х38 пм)

• Со лифтовски сегменти (без пристапни рампи), наменети за локации со барем една ограничена габаритна димензија и, генерално, за помал број паркинг места. Возилото, по регистрацијата (1)

За вклопување во условите на Член 53 до Член 59 на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, Сл.весник на РМ бр.78/2006, предвидени се модули 5.80/5.80m и 5.80/7.20m, со напомена дека Правилникот не прави разлика меѓу привремени и трајни јавни паркиралишта.


со електронски картички на наплатниот пункт пристапува на платформата на лифтот (опремена со плитки безбедносни бариери - фиксни на страниците и ротирачки на предната и задната страна) која автоматски ги затвора двете ротирачки бариери, го подига возилото на горното ниво и ја спушта предната бариера отворајќи го патот до местата за паркирање. Предвидени се два лифтовски сегменти – еден за подигнување и еден за спуштање.

500

575

500 500 575 L = 4x5.00 + 2x5.75 = 31.50m

B = 3x5.25 = 15.75m

Entrance to bottom level

Top level arrangement

500

Сл.5 Пример на ФАКОМ Модуларно паркиралиште со лифтовски сегменти (18+22=40 пм)

2.3

Конструктивен концепт

ФАКОМ системот на модуларни монтажно-демонтажни паркиралишта се состои од неколку основни сегменти. Ќе бидат прикажани сегментите со модули 5.25/5.25m. (1) Подни панели. Се изработуваат во неколку варијанти: Готови панели изработени од тенки челични ленти (скара), слични на индустриските газишта(1), Готови подни панели ОТП (ортотропна плоча) и Готови панели од експандирана Аlu-пена. Панелите се целосно монтажни и демонтажни. Во варијантите со “скара“ и Аlu-пена димензиите на панелите се 1050/1750mm (проста греда), а кај ОТП 5250/1750mm (континуирана греда преку три полиња). Сите врски на панелите за секундарните и главните носачите се изведуваат со сигурносни направи. Врските меѓу панелите се предвидени како фиксни, со што се обезбедува нивно содејство во приемот на натоварувањата, интегритет на подната конструкција и се спречува нивното независно диференцијално деформирање. (2) Подни секундарни и главни носачи. Се изработу ваат како заварени или од топловалани профили. Сите врски на секундарните за главните носачи и на главните носачи за столбовите се изведени со “чешел“ за навлекување (Сл.7-горе). (3) Столбови. Сите столбови имаат ист пресек од цев каст квадратен профил, со идентични поврзни плочи на сите четири страници за приклучува ње на главните носачи и/или одбојната и пешач ката ограда (Сл.7-десно). Во зависност од диспо зиционото решение, се додаваат приклучни еле менти за хоризонталните и вертикалните спре гови (Сл.7-лево).

Слика 6a. 3D-детаљ на подниот панел - скара и врската за носачите (1)

(4) Вертикални и хоризонтални спрегови. Нивниот распоред во диспозиционото решение зависи од комуникациите на долното ниво, а проектирани се да примат натоварувања од девет соседни мо-

Во текот на развојот на системот беа присутни сериозни забелешки во поглед на удобното движење по газиштата на припадничките на женскиот пол (штикли). Меѓутоа, оценето е дека ваквите подни панели се подобри во поглед на економичноста на градбата (нема потреба за одводнување и атмосферска канализација) како и во поглед на погодностите при користењето и одржувањето (нема лизгање, нема заледување, нема чистење на снег во зимски услови).


дули (од кои најмногу шест “полни“ – натоварени со возила). За притегање на вертикалните спрегови предвидени се “Меро“ завртки, а за притегање на хоризонталните спрегови – “шпан“ завртки (turnbuckles) Слика 7.

Injected two component Epoxy resin s ≈2mm

80

Expanded Al foam panel

25

NE W PR EL I MIN A RY PR OPOSA L F OR EXPA N D ED A L -F OA M D EC K PA N EL VER SI ON A U GU ST 2009

4 Steel profile C80.30.4

1050 (1750)

80

27.0

25

44.8

M8 Bolt Grade 8.8 at max 500mm distance

5.5 Rubber element 02 056 E7 Sava Kranj (Slovenia)

∼4mm Connection of adjacent panels

Слика 6b. Поден панел од експандирана Alu- пена

(5) Одбојна и пешачка ограда и скали. Оградата се состои од вертикални “С“ столбчиња поставени во третини од распонот на модулот (1750mm) и елементи на одбојна ограда тип А или В (Сл.7 долу) и едноставна пешачка ограда од кружни цевки. Скалите се стандардни, со конзолен препуст, кои на долниот крај се анкеруваат во мал бетонски подест кој служи и за евентуално прилагодување со котата на долната (асфалтирана) површина на паркиралиштето. Подестот и скалниците се, во сите варијанти, подни панели од типот “скара“. 6) Пристапна рампа. Ги содржи истите основни елементи како и носечката конструкција на паркиралиштето. Без оглед на типот на подните панели усвоен за подната конструкција. Рампата се состои од вкупно 8 сегменти. Најниските два сегменти (со вртлив дел за прилагодување на котата на долната површина – асфалтот) претставуваат конструкција со променлива височина со нагазна површина од ребраст лим, а на преостанатата должина се предвидени подни панели од типот “скара“. За да се избегнат оштетувањата од удар (“гребење“) на браниците, спојлерот или каросеријата под возилото со рампата или асфалтната површина, особено кај возила со нископрофилни или недоволно напумпани гуми, или во случај aко се претоварени, предвидена е рампа со преполовен наклон на првата и последната осмина од должината. 2.4

Коментари

2.41 Внимателниот читател веднаш ќе ја уочи разликата во димензиите на единично паркинг место и широчина на комуникацијата меѓу основниот систем на ФАКОМ монтажно-демонтажните паркиралишта (модули 5.25/5.25m) и MK системот прилагоден на одредбите на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, Сл.весник на РМ бр.78/2006 (модули 5.80/5.80m и 5.80/7.20m). Без намера да се дебатира за оправданоста на овие одредби, сепак треба да се потсети дека напр. познатите производители на катни гаражи и паркиралишта (Corus, Arcelor Mital, FastPark, Intrapark, Reidsteel и др) применуваат паркинг места со димензии 2.50/5.0m или дури 2.30/5.0m со двонасочна комуникација соодветно 5.50m и 6.50m. Во текот на 2009 год, извршивме мерења на вкупно 13 отворени паркиралишта во Скопје. Одредбите на правилникот се задоволени само на две паркиралишта. 2.42 Може да се заклучи дека Проектот за подни панели од експандирана алуминиумска пена (Al-foam) е сеуште во развојна фаза. Присутни се одредени дилеми пред се во однос на нив-


ното индустриско производство кои што имаат директно влијание на нивната (барем засега) неконкурентна цена споредена со цените на другите варијанти (“скара“ и ортотропна плоча).

Modular Car Parks Assembling details

Слика 7. 3D-детаљи на конструкцијата на ФАКОМ Модуларни монтажно-демонтажни паркиралишта. Горе: Врски на секундарните и главните носачи; Лево: Детаљ на столбот со приклучоци на вертикалниот спрег, належната плоча и анкерите (не е прикажано решението со директно налегнување на асфалт); Десно: Врски на пешачката и одбојната ограда (во поле и кај столбовите).


3.

РЕЗИМЕ

Потребата за паркирање е неспорна Со порастот на бројот на возила, потребата за паркирање е поголема од било кога досега и постојано се зголемува. Градските центри се гушат, а паркирањето на зелените површини и тротоари станува редовна појава. Ограничувањето на времето на паркирање, високите казни за погрешно или неавторизирано паркирање и ревносната работа на “пајак“ службата воопшто не го решаваат проблемот (во услови на неефикасен јавен превоз возилата МОРА некаде да се паркираат) туку само ја зголемуваат нервозата кај возачите. Посебна “приказна“ се инцидентните, но драстично зголемени потреби за паркирање за време на јавни собири, спортски натпревари, културни и верски настани. Тогаш, во околината на тие објекти настанува вистински хаос. Дилема: Какви паркиралишта Во градските јадра цената на градежното земјиште е екстремно висока, со тенденција на понатамошен пораст. Слободните локациии стануваат премија. Катните гаражи како трајни објекти се нерационални решенија бидејќи зафаќаат најквалитетно градежно земјиште со објективно и многу реално очекување никогаш да не ги вратат вложените инвестиции, а нивната пренамена за деловни или трговски функции е проблематична. Богатите земји решението го бараат во подземни катни гаражи во склоп на јавни и деловни објекти и, особено, под површини “слободни“ од комунални инсталации: паркови, плоштади итн. Без оглед на богатството и стандардот на една земја, се додека не се стекнат поволни економски и други услови за изградба на подземни катни гаражи или други решенија, монтажно-демонтажните паркиралишта можат да бидат, без оглед на предвидената намена на локацијата, извонредно привремено решение: економично, рационално, со кус период на градење и со минимални или никакви интервенции за доведување на локацијата во првобитна состојба. Дополнително, заради максималната типизација, монтажно-демонтажен концепт и изменливост на елементите, можат да се преселат на нова локација каде што ќе се оцени за потребно, со сосема ново диспозиционо решение на паркиралиштето. Зошто модуларни монтажно-демонтажни паркиралишта Модуларните монтажно-демонтажни паркиралишта нудат: • Брза испорака и монтажа: Елементите на монтажно-демонтажните паркиралишта се произведени на современи машини со висока прецизност и во фабрички контролирани услови. Елементите се високо типизирани, со едноставни типски врски, што резултира во брза и едноставна монтажа и можности за изменливост на елементите. • Минимални подготовки на тлото: Во зависност од локацијата и претходната подготовка на постоечкото тло, монтажата на конструкцијата е брза, едноставна и сигурна. Конструкцијата може да се постави директно на претходно подготвена површина (асфалт) или на типски фундаменти со симболични димензии и мала длабочина на фундирање. • Единствен дизајн: Со лесни димензии и мал габарит, обликувани според правилата на модерното проектирање на челични конструкциии, лесно се вклопуваат во околината. • Се во челик: ФАКОМ модуларните монтажно-демонтажни пракиралишта се градат комплетно во челична конструкција за да овозможат повеќекратна употреба, на повеќе локации, доследно исполнувајќи ги условите за заштита на животната средина. • Флексибилни решенија: Ги исполнуваат барањата за дополнителен број места за паркирање, со можност тој број лесно да се зголеми или смали согласно потребите. • Комплетни паркиралишта: Пристапни рампи (или лифтовски сегменти), пешачки скали, одбојни и пешачки огради. Дополнително, елементи за мануелна или автоматска наплата и сигнализација за пополнетост на местата за паркирање.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.