ФАКОМ информатор

Page 1

Декември 2011

Информатор Бр. 1

ФАКОМ ИНФО Стипендии за најдобрите ФАКОМ е компанија која секогаш e на страната на младите инженери

Согласно Рамковниот договор за научна и техничка соработка во областа на развојот и унапредувањето на челичните конструкции, потпишан помеѓу ФАКОМ АД – Скопје и Машинскиот и Градежниот факултет на УКИМ-Скопје, а со цел да се стимулира едукацијата во рамките на производното и конструктивното инженерство, ФАКОМ АД – Скопје, водечка компанија за производство и монтажа на челични конструкции и опрема во овој дел на Европа, додели по две стипендии на најдобрите студенти од Машинскиот и Градежниот факултет за учебната 2011/2012 година. Стипендиите во износ од 40% од просечната нето плата во ФАКОМ ги добија Ристо Анастасов и Филип Кедиоски од Градежниот факултет. Постапката за селекција на Машинскиот факултет сеуште е во тек. Ова доаѓа како резултат од долгогодишната соработка на компанијата со овие два факултета, како на полето на размена на студенти така и во поглед на техничкото и едукативно унапредување на инженерскиот кадар кој работи во ФАКОМ АД – Скопје. Ова стипендирање, со тенденција да стане традиционално уште еднаш потврдува дека ФАКОМ е компанија која постојано вложува во својата ефикасност, но истовремено ја поддржува едукацијата и професионалното усовршување на идните инженери во Република Македонија.

Ќе читате: ФАКОМ продолжува со стимулирање на најдобрите

2

ФАКОМ воведува модерна метрологија

2

Посета на Германија

3

Арена за големи победи

3

ФАКОМ гради големи индустриски објекти

4

ФАКОМ на меѓународни научни собири

5


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.