Newsletter mk 3

Page 1

Mај 2013

Информатор Бр. 3

ФАКОМ ИНФО

Реконструкција на собраниската зграда ФАКОМ ја конструираше геодетската купола на собраниската зграда

Во склоп на реконструкцијата и доградбата на зградата на Собранието на Република Македонија, во нејзиниот централен дел предвидена е изградба на повеќе административни содржини во функција на работата на Собранието, како и собраниска сала за репрезентативни намени. Она што е интересно кај реконструкцијата е собраниската сала за репрезентативни намени, која комплетно е изработена во челична конструкција, со кружен облик во основа и се состои од подна конструкција и покривна конструкција од типот геодетска купола. Ваков тип на покривна конструкција за прв пат се гради во Република Македонија. Геодетската купола датира уште од времето после Втората светска војна и е дело на генијалниот американски инженер, мислител и иноватор Бакминстер Фулер. Геометриската структура на геодетската купола е всушност икосахедрон, едно од петте Платонови идеални геометриски тела со 20 идентични рамнокраки триаголници како страни.

ФАКОМ го направи комплетниот дизајн на геодетската купола Собранието на Република Македонија.

Во овој број ќе читате: Реконструкција на собраниската

1

зграда Конструкција на нова собраниска сала

2

Континуитет од три години на наградата ФАКОМ

3

Нови компании—нови проекти

4

на


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.