КАМЕНИЧКО ОКО Весник на Општина Македонска Каменица
Број 19 Декември 2015 година
Бесплатен Примерок
СОДРЖИНА
3-5 страна Интервју со градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски 6-7 страна Инфраструктурно уредување на Македонска Каменица 8 страна Македонска Каменица гради Дневен центар за лица со посебни потреби Се гради нов Дом на култура 9 страна Ново детско игралиште во Македонска Каменица Маси и клупи за месните заедници Канали за собирање на атмосферските води 10-11 страна Каменичко Културно Лето 2015 12 страна Најдобрите македонски театри – гости во Македонска Каменица 13 страна True Sound Of Kamenica 2015 14 страна Еленец – најпопуларна туристичка локација во Македонска Каменица 15 страна SUP и Windsurf на Калиманско езеро Куп на Македонија во спортски риболов 16 страна Чествување на ликот и делото на Миле Јаневски Џингар Меморијален турнир 2015 17 страна Активности на ЈП Камена Река Градоначалникот на Белица ја посети Македонска Каменица 18 страна Одбележан меѓународниот Ден на лица со посебни потреби Спортски актуелности 19 страна „Куќа на спортот“ во Македонска Каменица
КАМЕНИЧКО ОКО 19 Општина Македонска Каменица тел/факс: 033 432 741 makedonskakamenica.gov.mk адреса: ул. Каменичка бб уредува: Васко Десподовски издавач: Општина Македонска Каменица за издавачот: д-р Дарко Митевски фотографија: Гоце Ангелов, Дарко Вангеловски дизајн и печатење: Арт принт студио Скопје тираж: 2000 примероци
Интервју со градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски 1. Градоначалник, ова Ви е втор мандат ВО општина Македонска Каменица. Кои се најзначајните проекти кои ги реализиравте во изминатите години?
3. Вие сте мала рударска општина, најголем стопански капацитет е Рудник „Саса“ кој од неодамна има нови сопственици. Каква е Вашата досегашна соработка со Рудникот и кои се Вашите очекувања во иднина? Наша среќа е што го имаме Рудникот, ама не помалку значајно е тоа што Владата во интерес на малите општини направи отстапки и поголем дел од надоместокот за концесија денес завршуваат во општинскиот буџет. Рудникот директно или индиректно вработува повеќе од 800 луѓе и со тоа обезбедува подобра еекономска и социјална состојба во општината. Рударството е традиција во оваа општина и практично се е поврзано со функционирањето на рудникот. Досегашното успешно менаџирање, континуираните истражувања и инвестиции, но и новите концесии ни даваат за право да веруваме дека рударството во овој регион има иднина. Промена на сопствениците има свои позитивни и негативни страни. Претходно направените разговори и водејќи се од согласноста од Владата на РМ не даваат простор за поголем немир или сомневање дека новите сопственици нема да продолжат со соработка со сите кои се релевантни фактори за негово успешно функционирање. Верувам дека и во иднина Рудникот ќе биде наш силен партнер и дека заеднички ќе реализираме уште многу проекти за доброто на нашите граѓани. Очекуваме да се продолжи со активностите и континуираната едукација за примена на мерките на безбедност на работните места, одржување и зголемување на бројот на вработени, инвестиции во истражувања и подготовка за експоатација. Да продолжиме со реализација на многубројни проекти од областа на спортот, културата и социјалната сфера. Општината била и ќе биде партнер и поддршка за успешно функционирање на рудникот. Согласно нашите надлежности целосно ќе ја поддржиме и помогнеме изградбата на нови рударски обејкти, за што веќе имаме донесено ДУП за тој дел и заеднички ќе работиме за негова реализација.
Во изминатите неколку години во Општина Македонска Каменица се случуваше вистинска градежна експанзија која нашата општина ја претвори во град со европски лик. Како посебно значајни проекти кои беа реализирани во изминатиот период би ги издвоил: Убавиот Градски плоштад, современиот пазар, новата секундарна водоводна мрежа, новата Градска капела, многубројните улици во централното подрачје, над 30 км локални патишта, целосно уредено речно корито, нова училишна спортска сала, повеќенаменско игралиште, нова училишна зграда во село Моштица, нов Дневен центар за пензионери во село Саса, нов противпожарен дом, туристичкиот комплекс Еленец во село Цера и многу други.
2. Кои се Вашите приоритети во идниот период? Кон што ќе се насочи и што ќе гради Македонска Каменица?
Главна преокупација во идниот период ќе ни биде изградбата на современ Дом на култура, за што градежните активности се веќе отпочнати, а средствата се обезбедени преку Светска банка. Започнавме изградба на нов Дневен центар за лица со посебни потреби, а распишана е и јавна набавка за изградба на „Куќа на спортот“, која ќе биде лоцирана на Градскиот стадион и која ќе биде дом на спортските клубови од Македонска Каменица. Пред неколку дена асфалтиравме локален пат во село Луковица, беше асфалтиран и дел од локалниот пат Луковица-Костин дол, а интензивно се работи и на неколку улици во централното градско подрачје. Во моментот се спроведува јавна набавка за изградба на локални патишта во село Косевица, а во наредниот период се очекува да отпочнат градежните активности за изградба на локални патишта во село Дулица, село Цера и село Саса за што се обезбедени финансиски средства преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исто така, во наредниот период со финансиски средства кои ќе бидат обезбедени од Светска банка ќе бидат изградени и локалните патишта во село Саса (Сарафско маало) и во село Моштица (Перчачко маало). Со овие проекти во најголема мера ке биде изградена и значително подобрена локалната патна мрежа на територијата на општината.
3
4. Која е алтернативата на Македонска Каменица? Има ли нови гранки на стопанството, занаетчиството, трговијата кои се развиваа во изминатите десет години? Рударството овде е традиција и затоа во минатото немало многу обиди за развој на други стопански гранки. Локалното стопанството го чинат и неколкуте текстилни фабрики, како и услужните дејности. Во селските средини има успешни приказни за одгледување на добиток, како и интерс за вложување во земјоделството. Како локална самоуправа сме свесни дека е потребна алтернатива на рударството, и од тие причини подготвивме целосна документација за изградба на индутриска зона и секојдневно работиме на нејзина промоција и анимирање на инвеститори. Очекуваме и Владата на РМ да ни помогне во тој поглед и некој од идните инвеститори да инвестира токму во Македонска Каменица. Битно е да напоменеме дека Македонска Каменица ги прави и првите чекори во развојот на туризмот, а и сите досегашни документи, стратегии и физибилити студии, покажуваат дека тоа може да биде убава опција за во иднина.
5. Го споменавте развојот на туризмот како можна идна алтернатива. Што прави Општина Македонска Каменица за побрз туристички развој? Туризмот е уште една алтернатива на која работиме и ги правиме првите чекори за развој на оваа гранка. Манастирскотуристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера секојдневно расте и се развива. Само годинава го посетиле повеќе од 30 000 посетители и ние ќе продолжиме да инвестираме во него. Развојот на ски туризмот не е фикција, туку процес на кој работиме повеќе од една година и кој бележи видлив прогрес. Со финансиски средства од ИПА- Програмата за прекугранична соработка на ЕУ изработена е физибилити студија која покажа деке изградбата на скијачкиот центар „Царев врв“ е изводлива и економски оправдана инвестиција. Во рамки на проектот, изработена е и стратегиска оценка за влијанието врз животната средина. „Царев врв“ е амбициозен проект за кој е потребно долгогодишно работење, но нема да се откажеме и наскоро ќе пристапиме кон изработка на мастер план кој би требало да биде готов во првата половина од идната година. Со поддршка на Центарот за развој на Источно планскиот регион изработена е Проектна документација за изградба на асфалтен пат до локалитетот „Калата“ на Калиманско езеро. Со овој проект ќе аплицираме во некој од меѓународните финансиски фондови за негово финансирање и реализација. „Калата“ и Калиманско езеро се дел и од Стратегијата за развој на туризмот во ИПР и ,од ден на ден, се поатрактивни за инвестиции и за туристички развој.
6. Каква е состојбата со патната мрежа Кочани-Каменица, Каменица-Делчево? Каква е состојбата со водоснабдувањето? Пие ли народот чиста и исправна вода од здравствен аспект? Состојбата со патиштата во овој момент не е добра, но радува фактот што согласно програмата на Владата за 2016 е планирано целосна реконструкција и проширување на овие магистрални патишта, па се надеваме дека навремено и квалитетно ќе бидат завршени овие проекти. Водоснабдувањето на општината, со изградбата на секундарната водоводна мрежа, но и со новиот зафат кој го направивме на река Горештица во село Саса, значително е подобрено. Нашето јавно претпријатие континурано работи на приклучување на корисниците на новата водоводна мрежа, но и на контрола на квалитетот на водата за пиење. Во урбаниот дел водата е исправна и чиста и континурано контролирана. Во селските средни каде се идентификувани проблеми со водоснабдувањето веќе работиме на подготовки на проекти по што ќе следи изградба на колективни водоснабдителни системи.
7.
Саса бргу создава и пензионери, како се грижите за нив?
Општина Македонска Каменица има склучено меморандум за соработка со локалното Здружение на пензионери и во континуитет ги поттикнуваме и помагаме пензионерските активности. Заеднички ја организираме најголемата пензионерска манифестација во Македонија „Бабина баница“, која традиционално се оддржува на локалитетот Еленец и која прерснува во препознатлив бренд за нашата општина со кој сите се гордееме. Сите настани кои ги организира локалното Здружение на пензионери, како и нивните учества на настани и манифестации се секогаш поддржани од наша страна. Со помош на финснсиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален равој изградивме нов Дневен центар за пензионери во село Саса, како катче каде што пензионерите ке го поминуваат своето слободно време. За пензионерите кои се со минимални пензии или со значително нарушена здравствена сосотојба доделуваме и социјални пакети.
4
8. Културата е значаен општествен сегмент. Како стои Македонска Каменица на културен план? Во изминативе неколку години, Македонска Каменица стана препознатлива во регионот по културните настани и манифестации кои беа организирани, а големиот број македонски и балкански ѕвезди кои беа наши гости помогнаа во промоцијата на нашиот град. Со финансиски средства добиени од Светска Банка го реализираме проектот за целосна реконструкција на Домот на културата во Каменица и градежните активности на терен се во полн ек. Целосно завршување на овој проект се очекува до август идниата година, кога ќе имаме еден модерен објект кој ќе биде уште една локална гордост. Со новиот Дом на култура ќе се подобрат и можностите за збогатување на културната понуда, а нашите инвестиции во културата континуирано ќе се зголемуваат и во иднина.
9. Ја поддржува ли Македонска Каменица работата на невладиниот сектор и на спортските клубови? Во моментов трае Јавниот повик на кој невладините организации, здруженијата на граѓани и спортските клубови може да аплицираат со сопствени проекти за нивно финансирање за 2016 година. Ако до 2009 година, поддршката за невладиниот сектор изнесуваше максимални 200.000 денари, ние континуирано ја зголемувавме и годинава ќе доделиме околу три милиони денари. Ќе ги поддржиме сите оние проекти кои се суштински, неопходни за Македонска Каменица и кои ќе допринесат за развој на културата, спортот, екологијата.
10. Порано имаше големо иселување на младите, одеа главно во Италија, како сега стоите по однос на тоа прашање? Колку млади ви се надвор од општината, се враќаат ли некои дома, градат ли куќи, купуваат ли станови и имоти? Проблемот со иселувањето на младите е сериозен и ние сме посветени на негово решавање. Забележително е дека најголем број жители на Каменица се иселиле во периодот од 2002-2006 година кога не работеше Рудникот. Според нашите информации, околу 1000 наши граѓани имаат регулиран престој во Италија. Актуелно е сега привременото заминување и сезонското работење во странските држави, но најважно е што сите се враќаат. Радуваат примерите кога наши иселеници, по подолг работен престој во странство, се враќаат овде и започнуваат сопствен бизнис со тоа што ги користат новите и поволни мерки за водење на сопствен бизнос кои ги овозможи Владата на РМ, но и ги имплементираат позитивните искуства од европските земји. Според нашите информации во општина Македонска Каменица најбрзо се продаваат станбени и деловни простори на истокот од Македонија и практично нема станови кои се на продажба долг временски период. Зголемениот број на барања за издавање на одобренија за градење, одобренија за доградби, надградби и слично јасно укажува на фактот дека и граѓаните веруваат во иднината на ова општина.
11.
Градоначалник, што ќе им посакате на Вашите сограѓани во Новата 2016 година?
Најпрвин сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои на било кој начин дадоа свој придонес во развојот на Македонска Каменица. Празниците се вистинска можност да се потсетиме на вистинските вредности, тоа се моменти на нова надеж и нова верба дека претстојната година ќе ни биде уште поуспешна. На сите граѓани им посакувам многу успеси, многу здравје и радост, среќа и благосостојба, да продолжиме заеднички да ја градиме општина Македонска Каменица според највисоки европски вредности и критериуми.
5
ИНФРАСТРУКТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Нов паркинг простор кај Градски пазар Инвестициите во изградба на локални улица и патишта на територијата на општина Македонска Каменица продолжија и изминатиот период од неколку месеци. Со средства од општинскиот буџет изграден е нов паркинг во непосредна близина на новиот Градски пазар. Паркингот зафаќа површина од 1500 метри квадратни, целосно е осветлен, а поставена е и нова атмосферска канализација. Со реализацијата на овој проект, како и со доуредувањето на кејот на река Каменичка и улиците кои беа изградени од двете страни на реката, овој дел од Македонска Каменица доби нов и модерен лик.
Асфалтирани се улиците „Миле Јаневски Џингар“ и „Орце Николов“ По долготрајна изработка на квалитетна проектна документација, по извршената експропријација на земјиштето и изградба на десетина потпорни ѕидови, асфалтирани се улиците „Миле Јаневски Џингар“ и „Орце Николов“. Со изградбата на овие две значајни улици, овој дел од Македонска Каменица добива на атрактивност, а конечно е решен еден долгогодишен проблем на граѓаните.
6
Нова улица во централното градско подрачје Започнаа градежните активности за изградба на улица „бр.2“ во централното градско подрачје во Македонска Каменица. Новата улица ги поврзува главната градска улица со кејот на река Каменичка, со што значително се подобрува пристапот до новата градска сала и повеќенаменското игралиште. Изградбата на улица „бр.2“ ја врши Хит градба Еуростил од Македонска Каменица, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Нови улици добија „Струјовска“ и „Карадачка маала“, а асфалтиран е и нов крак на улица „Каменичка“ Со средства од општинскиот буџет, општина Македонска Каменица изгради нови улици во „Струјовска“ и „карадачка маала“, а асфалтиран е крак и на улица „Каменичка“. На новите улици во овој маалски дел од Каменица е поставен соодеветен систем за одведување на атмосферските води, а фирма изведувач е Стојменов ДООЕЛ од Кочани. Реализацијата на овие проекти е од огромно значење за локалните жители, со оглед на фактот дека тие на овие делови од Македонска Каменица имаат изградено објекти за домување и пред повеќе од триесет години.
Пристапен пат и во маала Бачовци во Македонска Каменица Во изминатиов период е реализиран уште еден значаен проект кој беше приоритетен проблем за жителите од маала Бачовци во Македонска Каменица. Со општински средства изграден е пристапен пат во оваа маала, со вкупна должина од околу 360 метри, а фирма изведувач на проектот е Коле Транс ДООЕЛ од Штип.
Асфалтен пат во маала Ѓоковци во село Луковица и реконструкција на дел од патот Луковица-Костин дол Инвестициите во инфраструктурни проекти во руралните средини кои се наоѓаат на територијата на општина Македонска Каменица продолжија со изградба на нов асфалтен пат во маала Ѓоковци во село Луковица. Патот е во вкупна должина од околу 350 метри и ширина на коловозот од 3,5 метри. Паралелно се работеше и на реконструкција и ставање на нов асфалт на дел од патот ЛуковицаКостин дол во вкупна должина од околу 750 метри. Дел од оваа јавна набавка е и санирање на ударни дупки на локални улици и патишта. Фирма изведувач на овие проекти е Коле Транс ДООЕЛ од Штип. Со изградбата на ови локални патишта, општина Македонска Каменица продолжува со предвидената динамика да ја подобрува состојбата на постоечките улици и патишта, како и изградба на нови на нејзина територија. Во наредниот период, Општината ќе реализира уште неколку значајни инфраструктурни проекти кои се во насока на подобрување на целокупното општествено живеење и побрз економски развој.
7
Македонска Каменица гради Дневен центар за лица со посебни потреби Општина Македонска Каменица започна со изградбата на Дневен центар за лица со посебни потреби. Дневниот центар кој ќе биде изграден во непосредна близина на Детската градинка „Бамби“, зафаќа вкупна површина од околу 350 квадратни метри. Вкупната вредност на проектот е околу 12 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица. Фирма-изведувач е Хит Градба Еуростил од Македонска Каменица и целосна финализација на Дневниот центар се очекува кон средината на 2016 година. Со реализацијата на овој проект ќе биде надминат деценискиот проблем на лицата со посебни потреби и конечно и тие ќе добијат свое катче во Македонска Каменица.
Се гради нов Дом на култура Општина Македонска Каменица започна со целосната реконструкција на Домот на културата. Се гради уште еден модерен и капитален објект кој ќе биде гордост на сите каменичани. Реализацијата на овој проект е од исклучително значење за збогатување на културната понуда во Македонска Каменица, подобрување на урбаниот имиџ на Општината, а ќе овозможи и поефективно функционирање на Културно-информативен центар „Романса“. Фирма-изведувач на градежните активности е Декон Ком од Скопје.
8
Канали за собирање на атмосферските води Општина Македонска Каменица на неколку локации во централното градско подрачје гради нови канали за собирање на атмосферските води. По нивната изградба, ќе се пристапи кон асфалтирање на новите улици во маала Карадачка, Струјовска и крак на улица Каменичка. Очекувањата се дека овие проекти ќе бидат целосно завршени до крајот на месецов и официјално ќе бидат пуштени во употреба за празникот на градот28-ми август. Проектите се целосно финансирани од буџетот на општина Македонска Каменица.
Маси и клупи за месните заедници Општина Македонска Каменица обезбеди маси и клупи за Месните заедници во руралните средини. По изградбата на новите згради на Месните заедници неминова беше и потребата од нивно доопремување и за таа цел беа набавени вкупно 100 маси и 200 клупи. Вкупната вредност на набавката е околу 1,3 милиони денари, а масите и клупите се набавени преку фирмата Мериан Ас од Скопје. По приемот, новиот инвентар е распореден во сите Месни заедници.
Ново детско игралиште во Македонска Каменица Општина Македонска Каменица, со финансиски средства од сопствениот буџет, гради ново детско игралиште. Игралиштето зафаќа вкупна површина од околу 350 квадратни метри, а фирмаизведувач на проектот е Ројал инженеринг. Ова современо детско игралиште ќе биде наменето за деца на возраст од 3 до 12 години, а се очекува да биде завршено до март 2016 година.
9
Каменичко Културно Лето 2015 Се оддржа седмото издание на најголемата манифестација во Македонска Каменица. Каменичко Културно Лето 2015 ги урна сите досегашни рекорди на посетеност, потрошена храна и пијалоци. Фанови од цела Македонија и од соседните земји имаа можност да уживаат во неколкудневното музичко шоу кое го приредија Eye Cue, Нокаут, Суперхикс, Боби Мојсовски, диџејот Оливер Петковски, Силви бенд со „Коштана“ и балканската мега ѕвезда Лепа Брена. Македонските бендови Eye Cue и Нокаут настапија на првата вечер од Каменичко Културно Лето и со изведбите на нивните најголеми хитови предизвикаа воодушевување кај публиката. Втората вечер, прв на сцената се појави Боби Мојсовски кој настапи во придружба на неговиот бенд. Уште со првиот рефрен покажа дека не е случајност неговиот висок пласман на регионалното шоу Икс Фактор. Со излегувањето на Суперхикс се случи ерупција од енергија, восхит и насмевки. Час и половина траеше шоуто на најенергичната македонска музичка банда. Третата вечер колони возила пристигаа во Македонска Каменица. Реки народ по улиците со нетрпение го очекуваа спектакуларниот концерт на балканската дива, Лепа Брена. А концертот, два и полчасовно аудио-визуелно шоу кое долго ќе се памети. Лепа Брена ги испеа сите нејзини најголеми хитови, а нејзиниот настап беше заокружен со спектакуларен огномет. Водител на манифестацијата беше неприкосновената Снеже Велков.
10
И годинава, Македонска Каменица беше на висина на задачата. Уште еднаш покажа дека е подготвена за организација на големи настани кои стануваат не само македонски, туку и регионален бренд. Одличната организација се доволна препорака за гостите да дојдат и во 2016 година и да бидат дел од уште едно шоу кое уште сега се најавува.
11
Најдобрите македонски театари – гости во Македонска Каменица Годината исполнета со низа културни настани и манифестации, ја обележаа и гостувања на врвните македонски театарски установи. Детската претстава „Али Баба“ на скопскиот Театар Колозов ја проследија повеќе од 500 дечиња од Детската градинка „Бамби“, од Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и од Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево. Трендот на гостувања на најпопуларните стенд ап шоуа продолжи со настапот на Two Mothers Brothers кои ја изнасмејаа локалната публика. Извонредниот Драмски театар Скопје гостуваше со хит претставата „Последните Македонци – 2012“. Нивниот настап беше врвно театарско доживување и ретка можност за каменичани да ги видат некои од најголемите театарски имиња во државата. Штипскиот народен театар ја изведе претставата „Лулка“ и уште еднаш докажа дека прераснува во врвен македонски театар. Театарските претстави кои беа прикажани годинава се финансирани од приходи од влезници на Културно-информативниот центар „Романса“, од буџетот на општина Македонска Каменица и од Министерството за култура на Република Македонија.
12
Второ издание на „True Sound of Kamenica“ Македонска Каменица имаше можност да го проследи второто фестивалско издание на „True Sound of Kamenica“. Фестивалот годинава се одржа на 3-ти и 4-ти јули, на два стејџа, „Energy“ и „Live stage“, а настапија реномирани македонски и балкански диџеи, хип хоп артисти и поп-рок бендови. Промоцијата на урбаната култура и годинава беше основна цел на фестивалот. Креиран е урбан фестивал со потенцијал да прерасне во препознатлив бренд во регионот. Извонредна музика, огромна сцена, аудио-визуелно шоу, позитивна енергија и висок адреналин е она што ги дочека посетителите. Перфектни настапи на врвни музичари. Младиот DJ Nixar го отвори второто фестивалско издание, а по него следуваа бугарските диџеи Double D и Diass. Ѕвездата од годинашниот Tomorrowland, италијанецот Manuel De La Mare, со својот енергичен сет ја затвори првата вечер на фестивалот. Второта вечер настапија македонските урбани легенди Green Out и нивниот специјален гостин Da Dzaka Nakot, а за урнебесен финиш на фестивалот се погрижи босанскиот супер бенд Zoster, чиј концерт уште долго ќе се памети во Македонска Каменица. Фестивалот беше дел од Годишната програма за култура на КИЦ „Романса“, финансиски е поддржан од општина Македонска Каменица и градоначалникот д-р Дарко Митевски, како и од Министерството за култура на Република Македонија.
13
Црковно-народен собир на „Еленец“ По повод празникот „Покров на Пресвета Богородица“, кај истоимениот манастир на локалитетот Еленец во село Цера се оддржа традиционален црковно-народен собир. Илјадници граѓани од Македонска Каменица и од околните градови имаа можност да уживаат во преубавиот манастир, бескрајните зелени пејсажи, бистрата планинска вода и чистиот воздух. За сите гости, Здружението на граѓани „Еленец-Цера“ обезбеди бесплатен традиционален македонски ручек, а посетителите можеа да уживаат и во македонската народна песна. Црковно-народниот собир беше поддржан од општина Македонска Каменица и уште неколку локални институции.
Ден на дијаспората на Еленец во Македонска Каменица На 11-ти август, на манастирско-туристичкиот локалитет „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се оддржа втората манифестација „Ден на дијаспората“. Целодневното дружење на нашите иселеници беше збогатено со настапите на Орце Стефковски, Ирена Спасовска и Модерато бенд. За посетителите Здружението на граѓани „ЕЛЕНЕЦ-ЦЕРА“ подготви бесплатен традиционален македонски ручек. Претставници на иселениците беа дел и од презентацијата организирана од општина Македонска Каменица, на која градоначалникот д-р Дарко Митевски ги запозна со можностите за инвестирање во нашиот град. Каменичките иселеници едногласно донесоа одлука да донираат сопствени финансиски средства со кои ќе се реконструира старата кујна во манастирско-туристичкиот комплекс. Општина Македонска Каменица беше генерален покровител и на вториот „Ден на дијаспората“.
„Бабина баница 2015“ го урна рекордот за собир на пензионери „Бабина баница 2015“, пензионерскиот пикник на Еленец, во село Цера, Македонска Каменица, беше најмасовен собир на пензионери во Македонија. Повеќе од 6.000 посетители, од сите краеви на Македонија, беа дел од четвртата по ред манифестација „Бабина баница“. Покрај пензионерите од повеќе од 40 здруженија, и стотици помлади луѓе присуствуваа на настанот кој традиционално се оддржува на локалитетот „Еленец“ во селото Цера. Годинешнава манифестација, се разбира, го урна и својот рекорд, а гостите можеа да уживаат во живописниот пејсаж, традиционално подготвената баница под вршник и селска манџа. Во ревијалниот дел на манифестацијата настапија членови на Здруженија на пензионери од десетина градови, додека во натпреварувачкиот дел во подготовка на баница најдобри беа учесниците од Оризари, втори беа Градец, Виница, а трети натпреварувачите од Свети Николе. „Бабина баница 2015“ беше организирана од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, потпогната од повеќе локални институции и Здруженија на граѓани, а финансиски поддржана од Општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“.
14
SUP и Windsurf на Калиманско езеро Општина Македонска Каменица, Културно-информативен центар „Романса” и Спортско риболовно друштво „Шаран”, во соработка со Спортското здружениe Aqua-Terra од Скопје, организираа прв промотивен настан за презентација на водените спортови SUP StandUp Paddle (Исправено веслање на даска) и Windsurf (Едрење на даска) на Калиманско езеро во Македонска Каменица. Настанот опфати информативно-едукативна презентација од страна на инструкторот Зоран Станковски за водените спортови, нивните карактеристики, можностите и бенефитот за физичкото и ментално здравје на луѓето, презентација за однесување, заштита и спасување во вода, презентација и приказ на опрема и практична проба и промотивно возење на SUP и Windsurf. На настанот беа присутни 60-тина луѓе кои со големо внимание и ентузијазам ги следеа инструкциите и беа во можност да пробаат SUP. Целта за организација на овој настан е промоција на можностите за развој на туризмот на Калиманско езеро и на Македонска Каменица воопшто, отворање на SUP клуб/здружение, организација на трка и ставање на Македонска Каменица на мапа на натпревари во SUP.
Риболовен куп „Калиманци 2015“ На 16-ти август 2015 година, во Македонска Каменица, се оддржа Риболовниот куп „Калиманци 2015“. Организатор на Купот беше Спортско-риболовно друштво „Шаран“ од Македонска Каменица, а натпреварот беше од меѓународен карактер. Одличната посета за време на оддржување на Купот, не само од активни рибари, туку и од обични граѓани, покажа дека интересот за спортски риболов континуирано расте. Риболовниот куп „Калиманци 2015“ беше финансиски поддржан од општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“.
15
Чествување на ликот и делото на Миле Јаневски Џингар Општина Македонска Каменица и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ ја одбележаа 14-годишнината од трагичната смрт на херојот Миле Јаневски Џингар, кој го загуби животот кај тетовското село Вејце, во воениот конфликт во 2001 година. Чествувањето на неговото име и дело беше одбележано со положување на цвеќе на спомен обележјата во Македонска Каменица, со обраќања на директорката на СОУ„Миле Јаневски Џингар“, г-ѓа Лилјана Андоновска Димитровска и на градоначалникот, д-р Дарко Митевски, како и со пригодна програма подготвена од средношколците и нивните ментори. Веќе традиционално, дел од одбележувањето на името и делото на Миле Јаневски Џингар беа и припадниците наа неговата единица БСН „Волци“.
Меморијален турнир „Миле Јаневски Џингар 2015“ Со церемонија на доделување на награди и признанија, заврши Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2015“. Освојувачи на највредните пехари, медали и награди се Перо Веселиновски во пинг понг, екипата на „Иднина“ во баскет, екипата на „Клиф оф Мохер-Иднина“ во ракомет и екипата на „Делириум“ во мал фудбал. Наградите за шампионите ги врачи градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски.
16
Градоначалникот на Белица, Бугарија ја посети Македонска Каменица Делегација од Општина Белица, Бугарија, предводена од новиот градоначалник Радослав Ревански беше во официјална работна посета на општина Македонска Каменица. На состанокот беше потврдена соработката меѓу двете општини, најавено е нејзино интензивирање, а се договорија и проектите со кои Македонска Каменица и Белица заеднички ќе аплицираат на ИПА- Програмата за прекугранична соработка. Градоначалникот на Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски најави дека ќе се аплицира со проект за подобрување на енергетската ефикасност, односно замена на светилките од градското осветлување со нови лед светилки и со проект за обезбедување на финансиски средства за отворање на бизнис инкубатор.
Активности на ЈП Камена Река Јавното претпријатие „Камена Река“ континуирано го подобрува своето работење и бележи се подобри резултати. Полека, но сигурно, се создава вистински услужен сервис кој е од голема полза за локалните жители. Покрај редовните задачи, оддржување на јавната чистота и градското зеленило, успешно се реализираат и низа други активности. Во изминатиот период, ЈП „Камена Река“ работеше на расчистување на диви депонии, на санација на штетите од неколкуте елементарни непогоди кои ја погодија Македонска Каменица, на приклучување на корисниците на новата водоводна мрежа, на цветно уредување на Општината со цвеќе од сопствениот расадник. Спроведени се и неколку еколошки и едукативни акции, набавена е нова опрема за потребите на претпријатието, а во последниот период интензивно се работеше на новогодишното украсување на Македонска Каменица. Услугите кои ги врши Јавното претпријатие значително ќе бидат подобрени доколку и граѓаните повеќе внимаваат и поодговорно се однесуваат кон јавните добра.
17
Одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби Општина Македонска Каменица, традиционално, го одбележа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Во општинската Сала за состаноци беше организиран прием и скромен коктел за оваа категорија на граѓани од подрачјето на Македонска Каменица. За сите лица со посебни потреби беа обезбедени скромни подароци, а најавено е дека наредниот 3-ти Декември ќе се одбележува во нов Дневен центар кој е веќе во изградба. Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски повика на поголема сензибилност кон лицата со посебни потреби и нивно вклучување во сите општествени сфери. Грижата кон ранливите категории на граѓани ќе продолжи и во наредниот период, преку доделување на новогодишни пакетчиња и социјални пакети.
Спортски актуелности Во општина Македонска Каменица повторно се враќа спортскиот сјај кој беше нејзино обележје во изминатите неколку децении. Инвестициите во нова спортска сала, во ново повеќенаменско игралиште, најавената изградба на „Куќа на спортот“, како и континуираната финансиска поддршка за спортските клубови вродуваат со плод. Моментално, во Македонска Каменица функционираат неколку спортски клубови. ФК „Каменица Саса“ се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига и постигнува забележителни резултати. За поголеми успеси на фудбалски план најавено е зголумување на финансиската поддршка од страна на Општината. Футсал клубот „Рудник Саса“ е финансиран исклучиво од средства на најголемиот капацитет во Македонска Каменица, Рудникот за олово и цинк „Саса“. Клубот се натпреварува во Втората македонска футсал лига и постојано е во горниот дел на табелата, со што се зголемуваат и аспирациите за влез во најелитното футсал натпреварување. Еден од најголемите репрезенти на Македонска Каменица на спортски план е Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам – Рудник Саса“. Во клубот моментално членуваат повеќе од сто дечиња, а пријавени се екипи во три младински категории (две во машка и една во женска конкуренција). Одличната работа и организзација во клубот резултира и со повик на неколку каменички кошаркари во репрезентациите на Македонија. И годинава КК „Баскет Кам – Рудник Саса“ бележи одлични резултати и се најавува битка за освојување на некое од првите три места во сите категории на натпреварување. За одбележување е и работата на УСК „Астра – спорт“. Овој ракометен клуб иако функционира како училишен клуб дава огромен придонес во развој и промоција на ракометот во Македонска Каменица.
18
„Куќа на спортот“ станува реалност во Македонска Каменица Еден од најочекуваните и најбараните проекти станува реалност. Македонска Каменица ќе гради „Куќа на спортот“ на Градскиот стадион. Првата фаза од реализација на проектот започна со распишување јавна набавка за избор на најповолен изведувач кој ќе го гради овој современ објект. „Куќата на спортот“ ќе има вкупна внатрешна површина од околу 500 квадратни метри и ќе соддржи современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, простор за фитнес центар и канцелариски простории кои ќе им бидат ставени на располагање на сите спортски клубови од подрачјето на општина Македонска Каменица. Целосната реализација на овој проект ќе биде до месец октомври 2016 година, а со изградбата на овој и десетина други капитални објекти, Македонска Каменица добива нов и современ лик.
19
www.makedonskakamenica.gov.mk kultura@makedonskakamenica.gov.mk https://www.facebook.com/gradonacalnik.opstinamakedonskakamenica