ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
365/ДЕЛА
ГРАДОНАЧАЛНИК Д-Р ДАРКО МИТЕВСКИ
ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОД МАРТ 2013 ДО МАРТ 2014 ГОДИНА www.makedonskakamenica.gov.mk
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
Почитувани сограѓани, Поминува првата година откако по втор пат ја добивме Вашата доверба и одговорноста да ја водиме Општина Македонска Каменица. Во првиот мандат успеавме да ја извлечеме Општината од незавидната финансиска состојба во која се наоѓаше, да ја деблокираме и да започнеме со втората фаза на децентрализација. Започнавме со решавање на круцијални инфраструктурни и комунални прашања. Во првата година од вториот мандат продолживме со исто темпо и најголем дел од предвидените инфраструктурни проекти се веќе реализирани, а денес сме сведоци и на Новиот Градски пазар кој е комплетно финансиран со средства од Буџетот на Општината. Целосно е реконструирана и градската секундарна водоводна мрежа, а започнавме и со нов зафат за водоснабдување на река Горештица во село Саса, со што овој вид проблеми ќе бидат решени долгорочно. Успеавме да го задржиме и епитетот Општина-лидер по проекти успешно реализирајќи ги веќе добиените проекти, како што е Изградбата на манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, кој ќе биде уште една наша гордост. Наскоро ќе биде набавено и ново возило за собирање на смет, со финансиски средства од Програмата „Форуми во заедницата“, а со средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка ќе биде изработена и Физибилити студија за развој на ски туризам на Осоговските Планини. Почитувани, Сега кога најголем дел од инфраструктурните и комуналните проблеми се зад нас, Општината ќе се насочи кон подобрување на социо-економската состојба на сите наши граѓани. Во периодот кој е пред нас ќе се посветиме на уредување и развој на Индустриската Зона како еден од предусловите за трајна економска одржливост и просперитет. Наш приоритет е и имплементацијата на многу социјални програми кои ќе го олеснат севкупното општествено живеење, а културните и образовните активности ќе продолжат со многу нови содржини и во насока на промоција на општина Македонска Каменица како во државата, така и надвор од неа. Со почит, д-р Дарко Митевски Градоначалник на општина Македонска Каменица
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР
Со отпочнувањето на вториот мандат на градоначалникот, д-р Дарко Митевски, се стави во функција и новоизградениот градски пазар, кој е еден од најубавите градски пазари во регионот. Новиот градски пазар е составен од три функционални целини и е во вкупна површина од 2500 м2. Пазарот е изработен од специјални огноотпорни материјали заради задоволување на стандардите за безбедност, составен е од покриен отворен дел за зеленчук и покриен затворен дел за трговија со месо, млеко и останати прехранбени производи и ги исполнува HACCP-стандардите. Тој е една од поголемите инвестиции на општината Македонска Каменица во последните десет години и е целосно финансиран од буџетот на општината. Со изградбата на новиот пазар, Македонска Каменица добива уште едно обележје на современа урбана населба.
ИНДУСТРИСКА ЗОНА Еден од главните приоритети на општината Македонска Каменица е отворањето индустриска зона и нејзино ставање во функција. Во таа насока, општината веќе изработи детален урбанистички план и се формира тим што ќе го доразвива, промовира и ќе го афирмира овој проект. Во наредниот период ќе се пристапи и кон инфраструктурно уредување на индустриската зона, кое ќе вклучува патна и комунална инфраструктура. Планираната површина на зоната е 10 хектари и ќе биде наменета за лесна и незагадувачка индустрија.
2
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
3
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ЛОКАЛНИ УЛИЦИ И ПАТИШТА
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕКУНДАРНАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
И во вториот мандат на градоначалникот на општината Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, интензивно се работи на инфраструктурно уредување на руралните средини и на централното градско подрачје. Во постизборниот период, во согласност со општинската Програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, нов асфалтен пат доби Аризанска маала во селото Саса. Асфалтирани се два крака со вкупна должина од 450 метри и ширина на делницата од 3 метри. Пробиена и асфалтирана беше и улица во месноста Падарница во Македонска Каменица. Улицата е долга 340 метри, со ширина од 4,5 метри.
Во Македонска Каменица завршија градежните активности за реконструкција на Градската секундарна водоводна мрежа. Оваа реконструкција се изврши по повеќе од четириесетгодишно користење на старата водоводна инсталација и опфаќа промена на веќе дотраените азбестно-цементни, челични и поцинкувани цевки подложни на оштетување со нови водоводни цевки што се изработени од нови полиетиленски материјали, кои се здравствено безбедни и се со поголем век на користење. По завршувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа, граѓаните постепено се приклучуваат на неа, а ќе бидат поставени и нови водомери за попрецизно отчитување на потрошената вода. Проектот за реконструкција на водоводната мрежа е вреден околу 330.000 евра и е финансиран од Европската инвестициска банка преку Министерството за транспорт и врски. Фирма-изведувач на овој проект, кој е од витално значење за Македонска Каменица, е Алфа Инженеринг од Радовиш. Со реализацијата на овој проект, граѓаните од Македонска Каменица ќе се снабдуваат со доволни количества квалитетна вода за пиење во текот на целата година. Реконструкцијата на секундарната водоводна мрежа ќе биде завршена за шест месеци.
Најголем проект од ваков тип во последниот период е пробивањето и асфалтирањето на улицата „Горна Река“, која е со должина од околу 400 метри и ширина од 5,5 метри. Паралелно со асфалтирањето на оваа улица се одвиваа и градежни активности, уредување и поставување на нов асфалтен слој и на платото околу автобуската станица, со што просторот околу новиот Градски пазар е целосно уреден. Целосно е асфалтирана улицата „Кејска“, како и крак од улицата „Вера Јоциќ“, со што се врши доуредување и асфалтирање на неуредените делови од градското подрачје на Македонска Каменица.
4
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
5
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
НОВ ЗАФАТ НА РЕКАТА ГОРЕШТИЦА ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Започнаа градежни активности за подобрување на водоснабдувањето во Македонска Каменица. Се гради нов зафат на реката Горештица во селото Саса со кој ќе бидат трајно решени проблемите со вода за пиење, а и филтер-станицата во Македонска Каменица ќе биде максимално искористена. Во рамки на овој проект ќе се гради и нова водоводна мрежа за дел од жителите на селото Долна Саса. Изведувач на активностите е фирмата Промонтинг од Скопје, а вкупната вредност на проектот е околу пет милиони евра. Средствата за изградбата на зафатот се обезбедени од буџетот на општината Македонска Каменица.
НОВО МОНТАЖНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛОТО МОШТИЦА Еден од првите покрупни и позначајни проекти кој започна со реализација во вториот мандат на градоначалникот на општината Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, е изградбата на монтажно училиште во селото Моштица. Овој проект е од огромно значење за развој на оваа рурална средина и за непречено одвивање на наставата во селото.
Монтажниот објект за Подрачното училиште на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во с. Моштица, општина Македонска Каменица е со површина од 109 квадратни метри. Објектот е енергетски ефикасен, има санитарни јазли, две училници, ходник и просторија за котел за греење. Училиштето чини околу 3 милиони денари, а инвеститор е Министерството за образование и наука. Старата училишна зграда ќе биде реконструирана и пренаменета за потребите на жителите од Месната заедница во селото Моштица.
6
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
7
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ИЗГРАДБА НА КАПЕЛА И УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА
МЕЃУНАРОДНИ ПРОЕКТИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Во општината Македонска Каменица како неминовна се појави потребата од изградба на градска капела и дополнително уредување на новите градски гробишта. За таа цел, општината спроведе тендер на кој беше избран најповолен економски оператор кој ќе го изведе овој проект. Градежните активности веќе започнаа, се работи интензивно на изградбата на градска капела, а проектот целосно ќе биде завршен во текот на наредната година.
МАНАСТИРСКО-ТУРИСТИЧКИ КОМПЛЕКС „ЕЛЕНЕЦ“ Еден од најзначајните проекти на кои се работи во моментов е Изградбата на манастирско-туристички комплекс „Еленец“ во селото Цера, Македонска Каменица. Овој проект опфаќа изградба на пристапен пат во должина од 1,5 км, реконструкција на конаците, изградба на еко-патеки до манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, поставување на урбана опрема и осветлување, како и туристича промоција на локалитетот. Проектот е целосно финансиран преку ИПА-Програмата за меѓународна соработка.
ИЗГРАДБА НА ЗГРАДИ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ Општината Македонска Каменица започна со изградба на нови или реконструкција на постојните згради на месните заедници. Во сите селски средини кои гравитираат кон Македонска Каменица, зградите на месните заедници веќе се целосно завршени и на тој начин значително се подобрени условите за жителите да ги остваруваат своите потреби и интереси.
8
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
9
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ФИЗИБИЛИТИ-СТУДИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СКИ-ЦЕНТАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ По последниот повик за аплицирање со проекти на претпристапните ИПА-фондови, општината Македонска Каменица и општината Белица, Република Бугарија конкурираа со заеднички проект кој беше одобрен. Овој проект предвидува изработка на физибилити-студија, со која ќе се утврдат можностите за развој на зимски туризам на подрачјето на општината Македонска Каменица. Проектот е целосно финансиран преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка.
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ДЕЛЕГАЦИЈА НА КИЕЛЦЕ, ПОЛСКА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Во официјална посета на општината Македонска Каменица беше делегација од локалната самоуправа на Киелце, Полска. Делегацијата беше предводена од заменик-градоначалникот и од претседателот на Советот на Киелце. На средбата беше разговарано за начинот на функционирање на двете локални самоуправи, за можноста од размена на искуства и продлабочување на соработката меѓу општината Македонска Каменица и општината Киелце, Полска.
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНАТА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И ОПШТИНИТЕ КАСИНЕ И РИКАЛДОНЕ, ИТАЛИЈА На 20.4.2013 година, во просториите на општината Македонска Каменица беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу општината Македонска Каменица и општините Касине и Рикалдоне, Италија. Градоначалниците на трите општини го потпишаа Меморандумот за соработка во областа на економијата, образованието, културата и спортот. Со оглед на фактот што голем број жители на општината Македонска Каменица привремено живеат и работат во овие две општини во Италија, потпишаниот Меморандум е од огромно значење за трите општини.
ТРАДИЦИОНАЛНА МЕЃУГРАНИЧНА СРЕДБА - РУЕН 2013 На 14.9.2013, на врвот Руен (2252 м надморска височина) на Осоговските Планини се одржа Традиционалната меѓугранична средба - Руен 2013. Средбата се организира меѓу општините Македонска Каменица и Крива Паланка, Македонија и општината Ќустендил, Бугарија. Годинава настанот го организираше Еколошкото друштво „Здравец“ со поддршка од општината Македонска Каменица и локални фирми и претпријатија.
10
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
11
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
КУЛТУРА, СПОРТ, ЕКОЛОГИЈА 24 МАЈ - СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ По повод празникот Св. Кирил и Методиј, кој е и патронен празник на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, беше организирана манифестација со богато културно-уметничка програма и со учество на познати македонски естрадни групи и ѕвезди.
НАБАВКА НА СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ЗА СМЕТ Е ПРОЕКТОТ ШТО ГО ИЗБРАА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И ДЕЛЧЕВО По одржаната петта сесија на меѓуопштинскиот форум на општините Македонска Каменица и Делчево, од презентираните четири предлог-проекти, граѓаните на двете општини гласаа за најприоритетниот проект што ќе се реализира со средства од програмата на „Форуми во заедницата“. По претходно утврдениот начин на гласање и извршената проверка во евиденцијата за присуство, се пристапи кон гласање и најмногу гласови доби проектот Набавка на специјални возила за собирање на смет.
БАБИНА БАНИЦА 2013 На 2 јуни 2013 година во месноста Еленец, во селото Цера, се одржа манифестацијата „Бабина баница 2013“, на која присуствуваа пет илјади гости од сите краеви на Македонија. Оваа манифестација се состоеше од ревијален културно-забавен дел со настап на членови на Здруженија на пензионери и натпреварувачки кулинарски дел, каде беа подготвени околу 3 500 килограми традиционален македонски оброк.
На крајот на форумската сесија беше формирана и работна група која ќе ја следи реализацијата на проектот, по што ќе биде одржана и последната т.н последователна форумска сесија. Набавката на специјалните возила за собирање на смет ќе биде финансирана со заедничко учество на општините Македонска Каменица и Делчево и Швајцарската агенција за развој и соработка SDC.
12
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
13
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБИР НА ЕЛЕНЕЦ На 14 Октомври 2013 година, по повод големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица, кај истоимениот манастир, на месноста Еленец, село Цера традиционално се оддржа голем црковно-народен собир. Сончевото време и добрата организација беа дополнителен мотив за повеќе од четири илјади верници да бидат дел од овој голем настан. За гостите дојдени од сите краеви на Македонија организаторите подготвија бесплатен оброк подготвен на традиционален македонски начин. Овој собир беше организиран од Црковниот Одбор при манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ со поддршка на општина Македонска Каменица и локалното Здружение на Пензионери.
БАСКЕР-ФЕСТ 2013 МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА На 28 јуни 2013 година во Македонска Каменица за прв пат се оддржа „БАСКЕР-ФЕСТ 2013“, кој е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. „Баскер-фест“ ја пречека публиката со улични артисти, музика во живо, пантонима, улични танчери, магионичари, акробати, ликовни изожби и извонредни таленти.
ФОЛКЛОРНИОТ КАРАВАН НА „ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО“ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Од 13-ти до 18-ти Септември 2013 година се оддржа 28 Меѓународен Фолклорен Фестивал „Истибањско здравоживо“. Романија, Словачка, Ерменија, Србија, Молдавија, Нигерија, Украина, Словенија, Турција, Бугарија и многу домашни фолклорни ансамбли и друштва беа дел од овој фестивал. На 15-ти Септември Фолклорниот караван на „Истибањско здравоживо“ гостуваше и во Македонска Каменица. Најпрвин беше одржано дефиле по градските улици, а вечерта гостите настапија на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Домаќин на вечерта беше Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ со поддршка од Културно-информативниот центар „Романса“ и Општина Македонска Каменица.
14
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
15
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
КАМЕНИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2013
Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот Центар „Романса“ го организираа петтото издание на „Каменичкото културно лето“. Оваа десетдневна манифестација уште еднаш го потврди имиџот и реномето на најпосетена и најпопуларна манифестација во источниот дел на Република Македонија. И годинешниов спектакл ќе остане запаметен кај илјадниците посетители како уште една успешна приказна, а Македонска Каменица покажа и докажа дека е подготвена за организација на големи настани. Реки народ, колони возила пристигаа во текот на последниот ден од манифестацијата, цела Источна Македонија беше сплотена на едно место, а гостопримлива Македонска Каменица срдечно ги прими сите гости на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица, кој истовренено е и Ден на општината и Ден на рударите.
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
не само во Источна Македонија туку и пошироко. На големата сцена на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, настапија диџеите Гоце САФ и Димитри фром Чаир, кавер-бендовите Лабаво Лаваби и ПМ (Пи Ем), етно-составите Били Естебан и Ајдаред, Викторија Лоба, Александар Тарабунов, реномирани културно-уметнички друштва, Уска Кан Оркестар, Влатко Илиевски, Фолтин и балканската поп-икона Жељко Самарџиќ.
ПРВА ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Во рамки на манифестацијата Каменичко Културно Лето 2013 беше организирана и „Прва изложба на олдтајмери“ во Македонска Каменица. Изложбата се одржа на 28 Август од 10.00 до 16.00 часот. Околу триесетина возила беа вистинска атракција за граѓаните. Вљубеници во старите и атрактивни возила пристигнаа од сите краеви на Македонија. За сите учесници на Изложбата на олдтајмери општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ обезбедија доручек и ручек, како и ваучери за освежителни пијалоци на штандот на Градскиот плоштад. Олдтајмерите ги разгледаа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот д-р Дарко Митевски, пратеникот Влатко Ѓорчев, директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски, градоначалници од соседните општини и локални функционери и раководители. Организаторите на Изложбата ветија дека догодина таа ќе добие натпреварувачки и меѓународен карактер.
Организаторите пресметаа дека годинешното Каменичко културно лето ги урна сите претходни рекорди. Илјадниците посетители можеа да уживаат во десетдневната програма, а манифестацијата е оценета како најурбана манифестација од музичко-сценски карактер, 16
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
17
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
НОВО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ
МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МИЛЕ ЈАНЕВСИ ЏИНГАР“ Во контекст на подршката на спортот и спортските активности секоја година традиционално во општината Македонска Каменица се одржува меморијален турнир во мал фудбал, ракомет, пинг-понг и баскет „Миле Јаневски-Џингар“. Оваа година меморијалниот турнир се одржа во периодот од 08 мај 2013 година до 26 мај 2013 година.
На 28 август 2013 година, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во Македонска Каменица, свечено беше пуштено во употреба ново повеќенаменско спортско игралиште. На свеченоста свое обраќање пред присутните имаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на општината Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, пратеникот Влатко Ѓорчев и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски. Повеќенаменското игралиште е дел од проектот на Владата на РМ „Сто повеќенаменски игралишта“, кој се реализира преку Агенцијата за млади и спорт. Новото игралиште е со површина од 1100 квадратни метри и вкупна вредност од седум милиони денари.
ПОДДРШКА ЗА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ Општина Македонска Каменица обезбедува континуирана финансиска поддршка за ФК Каменица-Саса, за Кошаркарскиот Клуб Баскет-Кам, како и за сите останати спортски клубови кои функционираат на подрачјето на Македонска Каменица.
Со реализацијата на овој проект е остварено уште едно ветување на државната и на локалната власт, изграден е уште еден капитален објект со кој значително ќе се подобри спортскиот живот во Македонска Каменица.
18
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
19
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
АНГАЖИРАЊЕ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ЧИСТОТА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2013 Општината Македонска Каменица се приклучи кон големата национална акција „Македонија без отпад 2013“. Целта на акцијата е да биде собран отпадот расфрлан низ природните средини, подигање на еколошката свест кај населението, да се придонесе за здрава и чиста животна средина и да се овозможат одржливи решенија за управување со отпадот во Република Македонија.
Огромните зелени површини во Општината, како и кејот на река Каменичка се наше обележје и е потребно нивно континуирано одржување. За таа цел, Општина Македонска Каменица продолжи со проектот за ангажирање на сезонски работници за одржување на јавните површини и за подобрување на јавната чистота. Покрај ова, сезонските работници учествуваат и при прочистувањето на патиштата во руралните средини, чистење на канали, уредување и одржување на Градскиот плоштад и Градскиот пазар, како и на цветните насади. Како сезонски работници, општина Македонска Каменица ангажира лица, претежно од ранливите категории на граѓани, со што овој проект добива и значајна социјална димензија.
Акцијата се спроведе во атарот на селото Моштица, Македонска Каменица, се вклучија вработени од Јавното претпријатие „Камена Река“, вработени и ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“, Центарот за управување со кризи и локалното население.
НОВ ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН И НОВИ ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ Општина Македонска Каменица спроведува постапка за изработка на генерален урбанистички план со проширување на постојниот за подрачјето на градот Македонска Каменица, како и постапка за изработка на измени и дополнување на деталните урбанистички планови за деловите од градот каде што тие се со постар датум или се несоодветни. Паралелно со ова тече и вклопувањето на дивоградбите во урбанистичкиот план, како и нивна легализација. Воедно се работи и на програма за изработка на приоритетни урбанистички планови за атрактивните локалитети, со што ќе се поттике вложувањето од инвеститорите.
ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Хортикултурното уредување на градот се спроведува континуирано. Јавните површини постојано се засадуваат со украсни дрвца и цвеќиња, се обновуваат клупите и градското осветлување. Ваквите активности се спроведуваат на повеќе места, и тоа: во парковите во централното градско подрачје, просторот пред општинската зграда, просторот околу градската црква, како и просторите околу основното и средното училиште и новата спортска сала. 20
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
21
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОБРАЗОВАНИE НАГРАДНИ ПАТУВАЊА ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ Со цел позитивно да се стимулираат и дополнително да се мотивираат учениците за постигнување на поголеми и позначајни резултати, општина Македонска Каменица организираше дводневно наградно патување на релација Македонска Каменица-Банско(Р.Бугарија)-Македонска Каменица за сите ученици од општинското основно и средно училиште кои во текот на учебната 2012/2013 година освоиле награда на државен натпревар. Спроведена е постапка за избор на најповолен економски оператор за изработка на геодетски подлоги и изработка на основни проекти. Целосно е завршена постапката и за избор на економски оператор за тампонирање на улици и селски патишта, како и за пробивање на земјени патишта во општината Македонска Каменица
ОПШТИНАТА ГИ СТИПЕНДИРА НАЈДОБРИТЕ КОНТРОЛА НА ПОПУЛАЦИЈАТА НА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА Општината Македонска Каменица, согласно со меѓународните стандарди, започна со контрола на популацијата на бездомни кучиња. Заради заштита од болести што ги шират кучињата скитници, заради здравствена заштита, благосостојба и хуман третман на бездомните кучиња склучен е договор со Ветеринарната станица ДООЕЛ Дел-Вец од Делчево, која има обврска да воспостави функционален систем за контрола на бројот на бездомни кучиња. Во таа насока, вработените во оваа Ветеринарна станица на територијата на општината Македонска Каменица работат на собирање на кучињата-скитници и нивно носење во стационарот во Делчево. На овој начин се врши заштита на локалното население од напади од кучиња-скитници, хуман третман на кучињата и создавање можност за нивно вдомување.
Со цел да ги поттикнува најдобрите ученици, средношколци, студенти и спортисти, општина Македонска Каменица продолжи со спроведување на проектот „Општината ги стипендира најдобрите“. Од општинскиот буџет се обезбедуваат средства за најдобрите три ученика, тројца средношколци и тројца студенти. На овој начин се засилува и свеста кај граѓаните на локално ниво за значењето на образованието.
ЦЕЛОДНЕВНА НАСТАВА ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ Заради пројавената потреба кај родителите и кај децата, општина Македонска Каменица овозможи просторни и кадровски услови за реализација на целодневна настава во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ 22
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
23
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
КУРСЕВИ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ОД ОБЛАСТА НА СООБРАЌАЈОТ И ПРОТИВПОЖАРНАТА ЗАШТИТА
КАМПАЊА „ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ“ Со соодветни образовни предавања се реализираше кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ во основните училишта и детските градинки. Со фактот дека пешаците, а особено помладите и понатаму се една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, во оваа кампања се вклучени деца од одделенска настава, како и повозрасните групи на деца од детските градинки. Главна цел на кампањата е спроведување на стратегијата „0 деца жртви во сообраќајот“. Во периодот од 11-ти до 13 Септември 2013 година од страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во соработка со ООУ „СВ.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“, беше реализиран првиот дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Непосреден ангажман имаше и локалната самоуправа, особено во делот на сообраќајното уредување на пешачките премини пред училиштата и детската градинка.
ПОДДРШКА НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ Општина Македонска Каменица продолжи со активната поддршка и соработка со локалното Здружение на пензионери. Заеднички се реализираат многу активности, како што се доделување на пакети за старите и изнемоштени лица, заедничка организација или поддршка на многу културни манифестации и активно вклучување на пензионерите во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Воспоставена е и пракса на континуирани средби и работни состаноци помеѓу Градоначалникот и членовите на Здружението на пензионери на кои се разговара за тековни и идни проекти, а кои се во насока на подобрувањето на животот на оваа категорија на граѓани.
ТППЕ АКТИВНА НА ВОСПИТНО - ОБРАЗОВЕН ПЛАН Во изминатиот период, активноста и делоругот на дејствување на Територијалната Противпожарна Единица (ТППЕ) од Макдонска Каменица беше согласно Годишната програма за работа за 2013 година. ТППЕ реализираше активности и задачи од оперативен, организационен, технички, образовно-воспитен и пропаганден карактер. Во рамки на Единицата, редовно се одржуваат вежбовни активности за провилна и конструктивна употреба на опремата за противпожарна заштита. Во соработка со ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ беа организирани предавања пред учениците. Теми на предавањата беа Заштита од шумски пожари и Заштита од пожари во урбано средини. Главниот мотив за предавањата е надградба на знаењето на учениците за превентивна заштита, рано откривање, спречување, јавување и гаснење на пожарите.
24
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ПОДДРШКА НА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ВО ДЕЛОТ НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Со цел подигнување на еколошката свест кај жителите на општината, како и заради континуирано набљудување на потенцијалните загадувачи, општина Македонска Каменица го поддржува невладиниот сектор кој делува во доменот на заштита на животната средина. Со одлуки на Советот на општината еколошките невладини организации добиваат значителна финансиска поддршка, а во реализацијата на нивните проекти на располагање ги имаат сите расположливи ресурси кои се во надлежност на општина Македонска Каменица. ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
25
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
СОЦИЈАЛНИ ПРОГРАМИ ПРАВИЛНИК ЗА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА Општина Македонска Каменица е една од првите општини во Република Македонија која започна со доделување на еднократна парична помош за секое новороденче. Реализација на овој проект продолжи и во 2013 година. Според Правилникот за еднократна парична помош за секое новородено дете во општината Македонска Каменица се доделуваат еднократни парични средства, со тоа што, овој износ што досега изнесуваше 3000 денари, сега е зголемен на 6000 денари, а за првото родено дете во календарската година паричниот износ од 6000 денари е зголемен на 10 000 денари.
ПОДДРШКА НА ХУМАНИТАРНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ Советот на општина Македонска Каменица, а на предлог на градоначалникот Дарко Митевски, донесе одлука за финансиска поддршка на хуманитарните организации и здруженијата на граѓани кои работат пред се, со ранливите категории на граѓани. Таквата соработка е најмногу изразена со ХОГ „Бели Гулаби“ и ЦПЛИП „Порака“ Македонска Каменица. Општина Македонска Каменица и овие организации во изминатиов период реализираа низа заеднички активности кои се во насока на подобрувањето на животот на ранливите категории на граѓани и надминувањето на бариерите со кои тие се соочуваат во секојдневието.
ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ ЛИЦА Општина Македонска Каменица продолжи со спроведување и на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, според кој се води грижа за лицата што припаѓаат на социјално загрозени категории на граѓани, а со Правилникот е утврдена и еднократна парична помош и за лица што имаат нарушена здравствена состојба и потреба од финансиска помош за лекување и болнички третмани. Овој Правилник ги опфаќа и лицата со ниски примања, како и лицата кои претрпеле штета во елементарни непогоди.
» По повод 3-ти Декември-Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, општина Македонска Каменица и градоначалникот, д-р Дарко Митевски организираа прием и коктел за овие лица од подрачјето на Македонска Каменица, на кој им беа доделени скромни подароци. » По повод Новогодишните и Божиќните празници во просториите на општина Македонска Каменица, беше организиран Новогодишен коктел за лицата со посебни потреби. Овие лица добија и новогодишни пакетчиња кои беа подготвени од општина Македонска Каменица, Рудник „Саса“ и „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани.
СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ Општина Македонска Каменица во соработка со Рудник „Саса“ Македонска Каменица спроведе акција за делење на пакети за социјално загрозените категории на граѓани. Вакви пакети, Општината доделува традиционално, веќе неколку години по ред, по повод Новогодишните и Божиќните празници. Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски најави дека општина Македонска Каменица преку своите социјални програми и во иднина ќе ги помага сите ранливи категории на граѓани.
26
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
27
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ПОДДРШКА НА КУД „ВЕРА ЈОЦИЌ“ Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ е друштво на вљубеници во народните песни и ора од регионот на Македонска Каменица. Ннегува игри, песни, ора и обичаи од богатата фолклорна културна ризница на Македонија, претежно со мотиви од нашето поднебје. Најпознати од нив се: „Источно“, „Повардарие“, „Пирин“, „Водарки“, „Осоговка“ и многу староградски македонски песни и обичаи. Општина Македонска Каменица, со одлука на општинскиот Совет, финасиски го поддржува и помага функционирањето на КУД „Вера Јоциќ“. Ваквата поддршка е во насока на актуелизирање, негување, зачувување и промоција на фолклорот, обичаите, традицијата и културните вредности на Македонска Каменица, во земјата и во странство.
ПРОМОЦИЈА НА СПОРТСКИ РИБОЛОВ И КОНТИНУИРАНО ПОРИБУВАЊЕ НА ЕЗЕРО КАЛИМАНЦИ Општина Македонска Каменица презема мерки за зачувување на рибниот фонд во вештачкото езеро Калиманци, како и за промоција на спортскиот риболов. За таа цел, Советот на општината изгласа одлука за финансиска поддршка на локалното риболовно друштво со што се овозможува негово функционирање, континуирано порибување на езерото и зголемување на рибниот фонд, како и ангажман на ангенција која се грижи за спречување на рибокрадците.
ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА. НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ НА ГРАДОТ Општина Македонска Каменица и Културно-информативен Центар „Романса“ организираа дочек на Нова Година за граѓаните од Македонска Каменица. За добра атмосфера, со македонска музика, се погрижи „Цобе бенд“ од Делчево, а за сите присутни беше обезбедена греана домашна ракија и топол чај. Пред насобраните граѓани се обрати градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, кој им ја честиташе Новата Година и им посака многу здравје, среќа, успеси и благосостојба. Доаѓањето на Новата 2014 Година беше одбележано со спектакуларен огномет. Целиот настан беше поддржан од Рудник „Саса“ Македонска Каменица. Новогодишната магија и празничниот дух беше надополнет со новогодишно украсување на централното градско подрачје. Општина Македонска Каменица, последните неколку години, од сопствениот буџет издвојува средства за новогодишно осветлување, кое континуирано се надополнува. 28
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
29
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО Од 10-ти Јануари 2014 година, Канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието во Македонска Каменица ќе функционира со полно работно време. Основна мисија на оваа Агенција е давање на висококвалитетна советодавна услуга на терен на индивидуалните земјоделски стопанства, со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство во рурални и пазарно ориентирани средини. Оваа Канцеларија на АПРЗ ќе биде од особена корист за земјоделците од нашата Општина и нејзина примарна функција е советодавни услуги при примената на најсовремените научни и технички сознанија насочени кон современо земјоделско производство.
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
НОВИ ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ВО СЕЛО ДУЛИЦА Општина Македонска Каменица започна со изградба пристапни локални патишта во село Дулица. Согласно спроведената јавна набавка, склучен е договор со фирмата „Урбан Инвест“ ДОО Кавадарци за пробивање и асфалтирање на патишта до маалите: Чуковска, Цебовска,Гагалевци и Кадии. Вкупната должина на овие патишта е околу 1600 м. Реализацијата на овој проект е во насока на подобрување на квалитетот на живеење на жителите во руралните средини и е финансиран од буџетот на општина Македонска Каменица.
НОВИ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ ИЗРАБОТКА НА ОПШТИНСКИ ВЕБ-АПЛИКАЦИИ Општина Македонска Каменица започна со изработка на веб-апликации за потребите на локалната самоуправа во доменот на нејзините надлежности. Веќе е изработена апликацијата е-Општина Македонска Каменица-Пријави проблем со која на граѓаните им се овозможува олеснет и поефикасен начин за реализација на нивните административни барања. Во фаза на изработка се веб-апликации за туристичка и бизнис промоција на општина Македонска Каменица.
30
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
На иницијатива на граѓаните, општина Македонска Каменица постави нова пешачка патека помеѓу Детската Градинка „Бамби“ и Градскиот стадион во Македонска Каменица. Општина Македонска Каменица ќе постави уште неколку вакви пешачки патеки, со цел целосно инфраструктурно уредување на централното градско подрачје.
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
31
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТЕН ПРАВЕЦ P1210 Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) планира да реализира Проект за изградба на патен правец P1210 (стара ознака Р-208), делница од рудник Саса, Македонска Каменица до рудник Тораница, Крива Паланка, во вкупна должина од околу 19,8 км. Финансирањето на овој проект ќе се оствари со средства од Светска Банка, која за реализација на проектот постави определени барања во доменот на заштитата на животната средина и социјалните аспекти. За таа цел, денес, во просториите на општина Македонска Каменица се одржа јавна консултација за влијанието и потребата од изградбата на оваа делница. На Консултацијата покрај градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски присуствуваше и градоначалникот на општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски. Консултацијата ја одржаа Јоже Јовановски, Раководител на Одделение за заштита на животна средина и Сашка Богданова Ајцева, Советник за животна средина при Јавното претпријатие за државни патиштa.
32
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
„ДЕН НА ДРВОТО 2013“ И годинава беше организирана и успешно спроведена есенската акција „Ден на дрвото“. Општината Македонска Каменица во соработка со основното и средното училиште, Јавното претпријатие „Камена Река“ и останатите институции во градот, изврши пошумување на повеќе локации. Во оваа благородна акција учество зедоа и членови на Здружението на пензионери од Македонска Каменица. Како дел од годинашната акција „Ден на дрвото“ беше и засадувањето на украсни дрвца во централното градско подрачје.
ИЗЛОЖБА НА КАРИКАТУРИ Културно-информативен Центар „Романса“ со поддршка на општина Македонска Каменица, во фоајето на Градската кино сала во Македонска Каменица ја постави Меѓународната изложба на карикатури „Внимавај слива“. Изложбата беше дел од манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“ организирана од општина Делчево, со учество на над 60 карикатуристи од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Турција, Узбекистан, Чешка, Украина, Полска, Кина, Индонезија, Бразил, Иран и од Република Македонија. На отварањето на Изложбата во Македонска Каменица беше присутен и г-дин Миле Ѓоргиоски, еден од главните иницијатори и организатори на Изложбата.
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
33
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ
ИДНИ ПРОЕКТИ Локален економски развој
Изработка на нова Стратегија за локален економски развој
Организирање денови на дијаспората
Образование и наука
Организирање бесплатни курсеви по информатика, англиски и германски јазик
Реконструкција на покривната конструкција на ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Спорт и млади
Изградба на нови спортски мини-игралишта
Кампања стоп за пороците
Проект „Спортско лето - спорт за сите“
Информатички развој
Бесплатни обуки за информатички технологии за сите категории граѓани
Продолжување и подобрување на проектот за безжичен интернет на целата територија на општината Урбанизам и животна средина
Изградба на типски мостови
Систем за набљудување на река Каменичка
Продолжување и унапредување на проектот за селективно собирање на комуналниот смет
34
Хортикултурно уредување на кеј на река Каменичка
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Комунални работи и инфраструктура
Изградба на канализациона мрежа во село Моштица
Изградба на систем за централно наводнување на зелените површини
Асфалтирање на улици и патишта
Инфраструктурно уредување на централното градско подрачје и руралните средини
Земјоделство и рурален развој
Донесување програма за локален рурален развој
Подготовка на планска документација за изградба на фарми за ситен и крупен добиток
Туризам Изработка на промотивен материјал за најатрактивните историски локалитети во општина Македонска Каменица
Туристичка промоција на општина Македонска Каменица
Социјална заштита и социјална превенција
Отворање центар за дневен престој на лица со посебни потреби
Отворање на Клуб за стари лица во село Саса
Здравствена заштита
Набавка на нова опрема и апаратура во Здравствена станица „Македонска Каменица“
Култура
Изградба на современ Дом на култура
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
35
www.makedonskakamenica.gov.mk