Отчет 2013-2017: д-р Дарко Митевски, градоначалник на Македонска Каменица

Page 1

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГРАДОНАЧАЛНИК Д-Р ДАРКО МИТЕВСКИ

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА www.makedonskakamenica.gov.mk


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

Почитувани сограѓани, Во четирите години од мојот прв мандат макотрпно работевме на надминување на лошата финансиска состојба во која се наоѓаше општина Македонска Каменица, а притоа успеавме да решиме и редица значајни инфраструктурни и комунални проблеми и да изградиме неколку капитални објекти. Во вториот мандат, сите ние бевме сведоци на силниот инфраструктурен бум и економски раст на Општината. Денес, се решени најголем дел од проблемите со улици во централното градско подрачје и патишта до и во руралните средини. Изградивме комплетно нова секундарна водоводна мрежа, нова атмосферска и фекална канализација, нови детски игралишта, нови спортски објекти, лидери сме по воведени социјални програми и реализирани активности во областа на социјалната заштита и превенција, препознатливи во регионот по организираните културни настани и манифестации. Денес, Македонска Каменица е горда на новите објекти кои се вистинско градско обележје и се во функција на граѓаните. Имаме нов Градски пазар, нова Градска капела, „Куќа на спортот“, тениски терени, нов Дом на култура, реконструиран манастирско-туристички комплекс „Еленец“ во село Цера, ново училиште во село Моштица, нов Дом за стари лица во село Саса. Македонска Каменица, од анонимна рурална општина прерасна во препознатлива урбана средина, респектирана насекаде, и во Македонија и во странство. Со нашите партнери успешно аплицираме на европските фондови и редица проекти се реализирани со финансиски средства, пред се, од ИПА Програмата за прекугранична соработка. Со жителите на Македонска Каменица изградивме близок и пријателски однос, имавме разбирање за проблемите со кои се соочуваат и баравме начини и ги решававме истите. Само во последните четири години, во приемните денови во Општината, остваривме средби и состаноци со повеќе од 2000 локални жители. Почитувани сограѓани, Ние сме горди на сите наши успеси и сме свесни дека се што е реализирано е плод и на Вашата огромна и несебична поддршка. Свесни сме и дека сеуште постојат нерешени прашања и проблеми и сме силно посветени на нивно надминување. Во изминатиот период докажавме дека само со многу работа, упорност и посветеност се чекори по вистинскиот пат, по патот кој води кон посветла иднина за нашата Општина. Докажавме дека сме подготвени за РАБОТА КОЈА НОСИ ПОДОБРО!

2 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „ПИРИНСКА“ И УЛИЦА „ЛЕНИНОВА“ Завршена е изградбата на улиците „Пиринска“ и „Ленинова“ во Македонска Каменица. Асфалтирани се околу 700 метри и улиците со поврзани со улица „Индустриска“ и улица „Церска“. Улица „Пиринска“ е со ширина на коловозот од 5,5 метри и тротоари од двете страни. Ширината на коловозот на улица „Ленинова“ е 3,5 метри. Изградени се и потпорни ѕидови со вкупна должина од околу 250 метри, а поставена е и нова атмосферска канализација. На изградбата на двете улици работеа фирмите „Стојменов“ ДООЕЛ од Кочани и „Коле Транс“ од Штип, а со реализацијата на овој проект е решен деценискиот проблем со кој се соочуваа жителите на овој дел од Македонска Каменица, кој прераснува во вистинска урбана населба. Изградбата на улиците „Пиринска“ и „Ленинова“ е финансирана од буџетот на општина Македонска Каменица.

ИЗГРАДБА НА „УЛИЦА БР.2“ (УЛИЦА „ФИЛИП ВТОРИ“) Целосно е изградена нова улица - „Улица бр.2“ (улица „Филип Втори“) во централното градско подрачје во Македонска Каменица. Новата улица ги поврзува главната градска улица со кејот на река Каменичка. Со реализацијата на овој проект се подобрува пристапот до новата спортска сала и повеќенаменското игралиште. Изградбата на овоа улица овозможува, по повеќе од 35 години, во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ непречено да се користи главниот влез. Фирма изведувач на проектот е Хит градба од Македонска Каменица, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

3


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА ДО СТРУЈОВСКА МААЛА И КРАК НА УЛИЦА „КАМЕНИЧКА“ Инфраструктурното доуредување на oпштина Македонска Каменица продолжи со изградба на нова улица во „Струјовска маала“, а асфалтиран е и крак на улица „Каменичка“. Вкупната должина на двете нови улици е околу 800 метри, со вкупно асфалтирана површина од околу 3000 метри квадратни. На новите улици е поставен соодветен систем за одведување на атмосферските води, а вкупната вредност на реализираните проекти е околу 4 милиони денари. Изградбата на новите улици е од огромно значење за локалните жители. кои во овие делови од Македонска Каменица имаат изградено објекти за домување и пред повеќе од триесет години. Финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општината.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА ДО КАРАДАЧКА МААЛА Општина Македонска Каменица со средства од сопствениот буџет изгради нова улица до Карадачка маала. Улицата е со должина од околу 500 метри, со ширина на коловозот од 3,5 до 4 метри и со вкупно асфалтирана површина од околу 2000 метри квадратни. Општина Македонска Каменица со тоа ја продолжи предвидената динамика за подобрување на состојбата на постојните улици и патишта, како и изградба на нови на нејзина територија што е предуслов за подобрување на животниот стандард и дополнителен импулс за економски развој на општината. 4 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ПРИСТАПЕН ПАТ ВО БАЧОВСКА МААЛА Со средства од општинскиот буџет е асфалтиран нов пристапен пат во Бачовска маала во Македонска Каменица. Патот е со вкупна должина од околу 360 метри и ширина на коловозот од 3 метри, а фирма-изведувач на проектот е Коле Транс од Штип. Реализацијата на овој проект е од огромно значење за локалното население кое живее во овој дел од Каменица. Со изградбата на новиот локален пат во оваа каменичка маала, општина Македонска Каменица продолжува со предвидената динамика да ја подобрува состојбата на постојните улици и патишта, како и изградба на нови на нејзина територија.

ПРОБИВАЊЕ И АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „КЕЈСКА“ Во централното градско подрачје на општина Македонска Каменица изградена е улицата „Кејска“. Таа е со вкупна должина од околу шестстотини метри и широчина од пет и пол метри. Со реализацијата на овој проект се решава уште еден инфраструктурен проблем, а кејот на река Каменичка добива уште поубав изглед.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

5


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА УЛИЦА „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР“ И УЛИЦА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ По долготрајна изработка на проектна документација, по извршената експропријација на земјиштето и изградба на мноштво потпорни ѕидови, асфалтирани се улиците „Миле Јаневски Џингар“ и „Орце Николов“. Со реализацијата на овие значајни инфраструктурни проекти овој дел од Македонска Каменица добива на атрактивност, а конечно е решен и еден долгогодишен проблем на граѓаните. Во наредниот период Општината ќе реализира уште неколку значајни инфраструктурни проекти кои се во насока на подобрување на целокупното општествено живеење и побрз економски развој.

ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ДО МЕЧКАРСКА МААЛА ВО СЕЛО САСА Општина Македонска Каменица ја започна изградбата на локалниот асфалтен пат до Мечкарска маала во село Саса. Патот е со вкупна должина од 2532 метри и со ширина на коловозот од 3,5 метри. Фирма изведувач на проектот е СМ Компани ДООЕЛ од Свети Николе. Асфалтниот пат кој се гради на огромно задоволство на локалното население се финансира со средства обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој. Преку оваа Агенција се обезбедени неповратни средства во висина од 24.400.721 денари со кои покрај патот до Мечкарска маала ќе се градат и пристапните патишта до маалите Ќосевци во должина од 901 метар и Дулѓерци во должина од 542 метри во село Дулица и до маала Помаците во должина од 1015 метри во село Цера. 6 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА УЛИЦА КОЈА ГИ ПОВРЗУВА УЛИЦИТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И „ИЛИНДЕНСКА“ Општина Македонска Каменица, со финансиски средства од сопствениот буџет ја асфалтираше улицата која ги поврзува улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ во централното градско подрачје. Овој проект ќе овозможи подобрен сообраќаен пристап во овој дел од Македонска Каменица и се реализира на барање на граѓаните. Фирма-изведувач на проектот е Хит Градба Еуростил од Македонска Каменица.

НОВИ ПАТИШТА ВО СЕЛО МОШТИЦА И ПАВЛИШ ДОЛ Општина Македонска Каменица изгради нови локални патишта во село Моштица и горен Павлиш дол. Асфалтирани се околу 800 метри, а фирма-изведувач на проектите е Коле транс од Штип. Реализацијата на овие проекти беше дел од инфраструктурната офанзива во Македонска Каменица, во која се изградија неколку улици во централното градско подрачје, улиците Ленинова и Пиринска, нови локални патишта во селата Косевица, Цера, Саса и Моштица. ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

7


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ДО САРАФСКА МААЛА ВО СЕЛО САСА Започна изградбата на нов асфалтен пат во Сарафска маала, во село Саса, Македонска Каменица. На огромно задоволство на локалното население, ќе биде асфалтиран пат во вкупна должина од околу два километри и широчина на коловозот од три и пол метри. Фирма-изведувач на проектот е „Жикол“ од Струмица. За реализација на овој проект, како и за изградбата на патот до Перчачка маала во село Моштица, општина Македонска Каменица обезбеди неповратни средства од Европска Унија, администрирани од Светска банка, а имплементирани од Министерство за финансии на РМ. Со изградбата на овие локални патишта значително ќе се подобри квалитетот и условите за живот на жителите.

ИЗГРАДБА НА АСФАЛТЕН ПАТ ВО СЕЛО КОСЕВИЦА Општина Македонска Каменица го реалзираше проектот „Изградба на локални и пристапни маалски патишта во село Косевица“. Во рамки на овој проект во село Косевица e изграден нов асфалтен пат во вкупна должина од околу 3 км. Вредноста на проектот е околу 11 милиони денари, а фирма-изведувач беше СМ Компани од Свети Николе. Изградбата на овој асфалтен пат значително ќе ги подобри условите за живот во село Косевица, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општината.

8 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ДО „ПЕРЧАЧКА МААЛА“ ВО СЕЛО МОШТИЦА На барање на Владата, Европската Унија (ЕУ) се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20.667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Овие средства им се доделуваат на општините во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните области. Во таа насока, општина Македонска Каменица доби право да користи ЕУ грант во износ од 260 илјади евра за имплементација на проектите „Изградба на локален пат во село Моштица – до Перчачка маала“ и „Изградба на локален пат во село Саса – до Сарафска маала“. Изградбата на локалниот пат до Перчачка маала во село Моштица е во полн ек, и тој е со вкупна должина од 2,7 километри, ширина на коловозот од 3,5 метри, со банкини од двете страни со ширина од 0,75 метри и решено атмосферско одводнување.

ИЗГРАДБА НА АСФАЛТЕН ПАТ ДО АРИЗАНСКА МААЛА ВО СЕЛО САСА Во согласност со општинската програма за изградба и реконструкција на локални улици и патишта, нов асфалтен пат доби Аризанска маала во селото Саса. Асфалтирани се два крака со вкупна должина од 450 метри и ширина на коловозот од 3 метри.

НОВА УЛИЦА ВО МЕСНОСТ „ПАДАРНИЦА“ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Пробиена и асфалтирана е и улица во месноста „Падарница“ во Македонска Каменица. Таа е со вкупна должина од 340 метри и ширина на коловозот од 4,5 метри.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПАТОТ ЛУКОВИЦА – КОСТИН ДОЛ Дел од општинската Програма за изградба на локални улици и патишта беше и реконструкцијата на дел од патот Луковица-Костин Дол. Во рамки на овој проект, реконструирани се околу 750 метри од овој локален пат и значително е подобрена соображајната комуникација меѓу двете села. ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

9


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

АСФАЛТИРАНА Е УЛИЦА „ГОРНА РЕКА“ Асфалтирана е улица „Горна Река“. Улицата е со широчина од 5,5 метри, со вкупна должина од околу 400 метри. Оваа градежна активност опфаќа поставување на нов асфалтен слој и на платото на автобуската станица, со што просторот околу новиот Градски пазар ќе биде комплетно уреден. Изведбата на оваа градежна активност е во согласност со програмата на

Општината за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и е комплетно финансирана од буџетот на општина Македонска Каменица

ИЗГРАДБА НА АСФАЛТЕН ПАТ ВО МААЛА ЃОКОВЦИ, СЕЛО ЛУКОВИЦА Една од инвестициите во инфраструктурни проекти беше изградбата на асфалтен пат во маала Ѓоковци во село Луковица. Овој пат е со вкупна должина од 350 метри и ширина на коловозот од 3,5 метри и овозможува подобар пристап до домовите за месното население.

10 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА НОВИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЈНИТЕ И ИЗГРАДБА НА НОВИ ТРОТОАРИ Во изминатиот период, општина Македонска Каменица беше силно посветена на решавање на проблемот со недостаток на паркинг места и изградени се неколку нови градски паркинзи со што овој проблем комплетно е решен. Користењето на паркинг просторите во Македонска Каменица е бесплатно. Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот, а и заради подобрувањето на ликот на Општината, во континуитет, во Македонска Каменица се реконструираат и постојните и се градат нови тротоари, а оваа практика ќе продолжи и во идниниа. • Нов паркинг простор кај Градски пазар Општина Македонска Каменица денес доби уште еден модерен паркинг простор кај Градскиот пазар. Паркингот зафаќа површина од 1500 метри квадратни, целосно е осветлен, а поставена е и нова атмосферска канализација. Со реализацијата на овој проект, како и со доуредувањето на кејот на река Каменичка и улиците кои беа изградени од двете страни на реката, овој дел од Македонска Каменица доби нов и модерен лик. • Нов паркинг простор на улица „Рударска“ Општина Македонска Каменица изгради нов паркинг простор на улица „Рударска“ во централното градско подрачје. Фирма-изведувач на проектот беше Стоименов од Кочани, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Во последниве неколку години, во Македонска Каменица се изградени десетина нови паркинг простори со што речиси целосно се задоволени потребите на граѓаните за паркирање на нивните возила.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

11


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА ИЗГРАДБА НА НОВА ГРАДСКА КАПЕЛА И УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА Во општина Македонска Каменица како неминовна се појави потребата од изградба на Градска капела и дополнително уредување на новите градски гробишта. За таа цел беа започнати активности и веќе во Македонска Каменица овој проблем целосно е решен. Општината разработува ДУП за нов пристапен пат до капелата и овој проект ќе биде еден од следните проекти што ќе се реализираат.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРОСТОРИИТЕ НА ГРАДСКИОТ БАЗЕН По реконструкцијата на Градскиот базен, општина Македонска Каменица ги реконструираше и просториите кои се во негова функција. На тој начин, изградени се нови соблекувални и нови санитарни јазли, а притоа извршена е целосна реконструкција на подовите, ѕидовите и плафоните, ставена е нова ПВЦ столарија, извршена е промена на старите и дотраени електро-технички инсталации, водоводни, канализациони и санитарни инсталации. Проектот е во вкупна вредност од околу 2,5 милиони денари, а фирма-изведувач беше „Евроградба инженеринг“ од село Владевци, Василево.

12 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ЗГРАДИ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ Континуирано, во Македонска Каменица и во руралните средини се градат нови или се реконструираат постојните згради на месните заедници. Со изградбата на овие згради значително се подобруваат условите за жителите и за подобро функционирање на месните заедници.

ИЗГРАДБА НА ТИПСКИ МОСТОВИ Во Македонска Каменица во завршна фаза е изградба на три мостови на Каменичка река со што се решава проблемот на жителите од неколку села и приградски населби кои поминуваа повеќе километри за да ја заобиколат реката и да стигнат до останатите населени места во општината. Еден мост е во Павлиш Дол, вториот во месноста Раздол, а третиот до филтер-станицата што го позврува горниот дел од селто Моштица. Инвестицијата за изградба на трите мостови чини 3,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Македонска Каменица.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

13


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

НОВ ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН И НОВИ ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ Генералниот урбанистички план како основен урбанистички документ се донесува еднаш на дваесет години. Поради одминување на важноста на стариот ГУП, уште во 2012 година, Општината започна постапка за донесување на нов. Новиот Генерален урбанистички план е изработен откако претходно Министерството за транспорт и врски даде согласност за документот на кој Општина работеше во период од две години. Со новиот Генерален Урбанистички План и новите ДУП-ови е утврден правец во ќе се развива Македонска Каменица во делот на инфраструктурата, каде ќе се градат новите објекти и новите сообраќајници. ГУП-от за Македонска Каменица значи и планирање на парцели за продажба на индивидуални куќи, станбени згради, како и можност за понуда на парцели за стопански објекти. Со новиот ГУП се создаваат услови за изработка на нови детални планови низ населбите, согласно со потребите на населението.

ПОДДРШКА ЗА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ВО ДЕЛОТ НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Општина Македонска Каменица воспостави систем и континуирано го поддржува невладиниот сектор, а со тоа и НВО-организациите кои работат во областа на заштитата на животната средина. Со цел подигнување на еколошката свест кај жителите на Општината, како и заради континуирано набљудување на потенцијалните загадувачи, покрај финансиската поддршка, реализирана се и низа еколошки акции. Општина Македонска Каменица, во моментов, е една од најдоброрангираните македонски општини во делот на здрава животна средина и чист воздух. 14 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ПОСТАВУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ КОНТЕЈНЕРИ ВО СЕЛСКИТЕ СРЕДИНИ Во насока на реализација на заложбите на општина Македонска Каменица – „нулта толеранција“ за дивите депонии, покрај централното градско подрачје, со организирано собирање на отпад се опфатени и руралните средини. За таа цел набавени се големи контејнери кои се поставуваат во селата кои гравитираат кон Македонска Каменица и кои се празнат по претходно утврден редослед. На овој начин значително е подобрено управувањето со отпадот и заштитата на животната средина. Средствата за реализација на овој проект се обезбедуваат од буџетот на Општината, без никакви дополнителни финансиски оптоварувања за жителите во руралните средини.

АНГАЖИРАЊЕ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ ЗА ОДДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ЧИСТОТА Заради оддржување на јавните површини, подобрување на јавната чистота, како и заради намалување на социјалните разлики меѓу населението, општина Македонска Каменица, преку Јавното претпријатие „Камена Река“ во континуитет ангажира сезонски работници. Овие работници се грижат и за оддржување на локалните патишта, каналите, оддржување на различни градски објекти и за цветно-декоративното разубавување на градот. Сезонските работници ги оддржуваат и објектите од витално значење во руралните средини.

КОНТИНУИРАНО ПОРИБУВАЊЕ НА ЕЗЕРО КАЛИМАНЦИ Овој проект се спроведува континуирано, а се реализира преку финансиска поддршка која Општината ја доделува на Спортско-риболовното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица. На овој начин, се оддржува рибниот фонд во езерото Калиманци и тоа преараснува во значајна спортско-риболовна дестинација во државата и регионот. Значајно за одбележување е дека на езеро Калиманци се оддржани неколку интернационални риболовни натпревари во спортски риболов.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

15


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА ИЗГРАДБА НА ЗАФАТ ЗА ЗАФАЌАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ВОДИ НА РЕКА ГОРЕШТИЦА ВО СЕЛО САСА Со цел – подобрување на водоснабдувањето и искористеноста на филтер станицата во Македонска Каменица, завршен е нов зафат на води на реката Горештица во село Саса. Во рамки на овој проект, изградена е и нова водоводна мрежа во селото Долна Саса. Изведувач на активностите беше фирмата „Промонтинг“ од Скопје. Средствата за изградбата на зафатот се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.

ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Целосно се завршени активностите за реконструкција на градската секундарна водоводна мрежа. Оваа реконструкција се изврши по повеќе од четириесетгодишно користење на старата водоводна инсталација и опфаќа промена на старите и дотраени азбестно-цементни, челични и поцинкувани цевки, подложни на оштетување, со нови водоводни цевки што се изработени од полиетиленски материјали, кои се здравствено безбедни и со поголем рок на користење. По ова следеше приклучување на граѓаните на новата водоводна мрежа, како и поставување на нови водомери за попрецизно отчитување на потрошената вода. Вкупната вредност на овој проект е околу 330.000 евра и е финансиран од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Фирма-изведувач на проектот беше „Алфа инженеринг“ од Радовиш.

ИЗГРАДБА НА НОВА АТМОСФЕРСКА И ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИСКА МРЕЖА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Општина Македонска Каменица започна со реализација на еден од најзначајните проекти. Иако овој проект не беш дел од ветувањата во изборната програма 2013-2017 година, сепак се појави како неопходна потреба и во моментов се гради нов колекторски систем за атмосферска канализација во централното градско подрачје, како и систем за фекална канализација во делот од Каменица, познат како „Стара Каменица“. Проектот опфаќа поставување на 1200 метри атмосферска и 1400 метри фекална канализација. Општина Македонска Каменица е една од првите општини во Македонија, која целосно ги одвојува атмосферската и фекалната канализација, со што пак, се создаваат предуслови за изградба на пречистителна станица на уливот на река Каменичка во езеро Калиманци. Вкупната вредност е околу 16 милиони денари, краен рок за реализација е месец јули 2017 година.

16 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА НОВИ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА Изградено е ново детско игралиште во Македонска Каменица, на спојот на улиците „Осоговска“ и „Илинденска“. Игралиштето зафаќа вкупна површина од околу 350 метри квадратни, а фирма изведувач беше Ројал инженеринг од Кочани. Ова ново детско катче е наменето за дечиња на возраст од 3-12 години. Проектот е реализиран со средства од буџетот на општина Македонска Каменица. Ново детско игралиште е изградено и во централното градско подрачје. Ова детско катче е изградено со заеднички средства на општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“, а фирма-изведувач на проекто беше Нико-стил од Македонска Каменица.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

17


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ИНДУСТРИСКА ЗОНА Еден од приоритетите на општина Македонска Каменица е отварањето на нови работни места и целосно „искоренување“ на невработеноста. Заради тоа, општинската администрација работеше на еден амбициозен проект, односно уредување и отварање на Индустриска зона. Во минатиот период, изработен е детален урбанистички план, подготвена е комплетната потребна документација, утврдени се парцелите за потенцијалните инвестиции. Во најкраток временски период ќе се пристапи кон инфраструктурно уредување на дел од Зоната, а паралелно со тоа се водат преговори со неколку инвеститори заинтересирани за инвестирање во Македонска Каменица. Очекувањата се дека до крајот на годината, во Македонска Каменица ќе има нов инвеститор, и дека бројот на невработени во 2017 година ќе биде намален за 300-400 лица.

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДЕН НА ДИЈАСПОРАТА Со намера за промовирање на можностите за инвестирање во Македонска Каменица, општината започна со организација на настанот „Ден на дијаспора“ – средба со македонските иселеници во странство. Пред нив, се претставуваат потенцијалите и насоките на развој на локалниот бизнис сектор, како и сите услови кои ги обезбедува локалната администрација при потенцијални инвестиции. Покрај официјалниот дел, „Ден на дијаспората“ е и настан на кој македонските иселеница имаат можност за целодневно дружење, проследено со богата културна програма. Досега овој настан се оддржал три пати, а локацијата на оддржување е манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. 18 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И СОЦИЈАЛНА ПРЕВЕНЦИЈА ИЗГРАДБА НА НОВ ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Општина Македонска Каменица заврши со изградбата на нов Дневен центар за лица со посебни потреби, во непосредна близина на детската градинка „Бамби“, а на вкупна површина од околу 350 квадратни метри. Вкупната вредност на проектот е околу 12 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина. Фирма-изведувач е „Хит Градба Еуростил“ од Македонска Каменица. Со реализацијата на овој проект е надминат деценискиот проблем на лицата со посебни потреби и конечно и тие ќе добијат свое катче во Македонска Каменица.

ИЗГРАДБА НА НОВ ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО СЕЛО САСА Со три милиони денари, доделени од Владата на РМ, преку Агенцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој, извршена е целосна реконструкција на старата училишна зграда во село Саса и таа е пренаменета во зграда за дневен центар за возрасни во село Саса. Реконструираниот објект е достапен за користење за жители од селата Саса 1 и Саса 2. Со тоа се овозможуваат услови за целодневни активности пензионерите и стаарите лица од оваа рурална средина, а оваа мерка, како и реконструкцијата на училиштето во село Саса, се во насока на запирање на процесот на иселување на локалните жители преку подобрување на квалитетот на живот. ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

19


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ Општина Македонска Каменица е едно од општините-лидери по доделена еднократна парична помош. Со усвоениот Правилник се доделува еднократна помош за социјално загрозени лица, лица со ниски примања, лица со тешки заболувања кои имаат потреба од болничко лекување, како и за лица погодени од елементарни непогоди. Овој проект се реализира континуирано и целта е да им се помогне на граѓаните во социјален ризик.

ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНО ДЕТЕ Уште една социјална мерка која се спроведува во континуитет е доделувањето на еднократна парична помош за секое новородено дете, на кое барем еден од родителите е од Македонска Каменица. Финансиските средства кои зе доделуваат за новородено дете неколку пати се зголемуваат, а се планира износот во наредниот период дополнително да биде зголемен. Мерката е во насока за зголемување на наталитетот и првична помош за брачните парови кои добиле новороденче.

ИЗГРАДБА НА ПРИСТАПНИ РАМПИ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ДО СИТЕ ЈАВНИ ОБЈЕКТИ Лицата со инвалидитет имаат загарантирано право на физички пристап до јавните институции на локално ниво, детските градинки, училишта, здравствени установи и другите институции. Од тие причини, а во насока на отстранување на социјалните пречки и целосен, независен и интегриран живот во заедницата, општина Македонска Каменица изгради пристапни рампи до сите локални институции и претпријатија.

ОРГАНИЗИРАЊЕ ЕКСКУРЗИИ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ Општина Македонска Каменица, во континуитет, финансиски ги поддржува или организира екскурзии за ранливите категории на граѓани. Веќе се организирани неколку еднодневни екскурзии за лизата со посебни потреби при што тие оставриле посета на некои од најатрактивните локации во Македонија.

20 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

НАБАВКА НА ДВЕ НОВИ ВОЗИЛА ЗА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ НА ПЕНЗИОНЕРИ И ЛИЦА ОД КОИ ПРИПАЃААТ НА НЕКОЈА ОД РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ Општина Македонска Каменица започна со реализација на проект – бесплатен јавен превоз за пензионери и ранливи категории на граѓани. Пензионерите и лицата со потешка економска сосотојба кои живеат во руралните населени места ќе користат бесплатен превоз до Македонска Каменица еднаш неделно. Според Правилникот за правото и начинот на користење на бесплатен превоз донесен од страна на Советот на општина Македонска Каменица жителите на селата: Моштица, Саса-1 и Саса-2, Луковица, Косевица, Костин Дол, Цера-1 и Цера-2, Дулица и Тодоровци, кои припаѓаат на една од следните категории на граѓани: пензионери, лица корисници на социјална парична помош, лица корисници на постојана парична помош и хендикепирани лица.

ДОДЕЛУВАЊЕ СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА И ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ Уште една социјална мерка, која се спроведува во партнерство со приватниот сектор или со локални Здруженија на граѓани, е доделувањето на социјални пакети за ранливите категории на граѓани, како и за старите и изнемоштени лица. Покрај ова, се доделуваат и новогодишни пакетчиња за дечињата од детската градинка и од основното општинско училиште, како и за други лица кои се во групата на социјално загрозени граѓани.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

21


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

КУЛТУРА ИЗГРАДБА НА НОВ ДОМ НА КУЛТУРА Општина Македонска Каменица изврши комплетна реконструкција на Домот на култура. Изграден е уште еден модерен капитален објект кој е гордост на сите каменичани. Изградбата на Домот на култура ќе придонесе за развој на културата како дејност која ќе донесе нов квалитет на живот за жителите. Реализацијата на овој проект ќе придонесе за значително збогатување на културната понуда, подобрување на урбаниот имиџ на Општината, а ќе придонесе и за поефективно функционирање на Културно-информативниот центар „Романса“. Во новиот објект свои простории ќе добијат и Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“, Градската библиотека, ќе функционира читална, сала за состаноци, но ќе има и други простории за развој на културната дејност во Македонска Каменица. Средствата за изградба на Домот се обезбедени преку Светска банка, а фирма-изведувач на проектот беше „Декон Ком“ од Скопје.

КОНТИНУИРАНО ОДДРЖУВАЊЕ НА КУЛТУРНИ НАСТАНИ Културата е значаен сегмент во севкупниот општествен живот, а македонска Каменица, полека, но сигурно, станува значајна културна дестинација. Во изминатиот период, беа оддржани десетици театарски претстави, а гостуваа сите реномирани македонски театри. Финансиска поддршка беше доделувана континуирана за фолклорни концерти и манифестации, за урбани музички настани, за реномираната македонска културна манифестација „БаскерФест“, за концерти на популарни музички ѕвезди и сл. 22 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ПОМАГАЊЕ НА КУД „ВЕРА ЈОЦИЌ“ И ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ОДДРЖУВАЊЕ НА КАРАВАНИ НА РЕНОМИРАНИ ФОЛКОРНИ ФЕСТИВАЛИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА КУД „Вера Јоциќ“ е единствена организација во Македонска Каменица која го негува и афирмира македонскиот фолклор. Поради овој факт, Општината, во континуитет, ја поддржува работата и опстојувањето на ова културно-уметничко друштво, кое во децениите постоење има освоено многу награди и признанија на реномирани државни и интернационални фолклорни фестивали. Во рамки на оваа поддршка, во Македонска Каменица, редовно гостуваат каравани на реномираните македонски фолклорни фестивали „Истибањско здравоживо“, „Голачки фолклорни средби“, а се финансираат и гостувања на реномирани фолклорни ансамбли од Македонија и странство.

ПОДДРШКА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ КОИ СЕ ОДДРЖУВААТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – КАМЕНИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО, БАБИНА БАНИЦА, ДЕН НА ДИЈАСПОРА Некои од културните манифестации кои се оддржуваат веќе се особено популарни и привлекуваат илјадници посетители, а со текот на годините станаа традиционален и препознатлив белег на Македонска Каменица. Од огромно значење за афирмацијата на Општината се „Каменичко Културно Лето“, „Бабина Баница“ и „Ден на дијаспората“, на кои настапуваат најпопуларните балкански и македонски музички ѕвезди од сите музички жанрови. За подобра организација, покрај финансиските средства кои се издвојуваат од општинскиот буџет, голем дел од средствата се обезбедуваат и од спонзори, а генерален покровител на манифестациите е Рудник „Саса“. ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

23


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ТУРИЗАМ ИЗГРАДБА НА ПРИСТАПЕН ПАТ И УРЕДУВАЊЕ НА МАНАСТИРСКО-ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „ЕЛЕНЕЦ“ ВО СЕЛО ЦЕРА Трендот на реализација на проекти финансирани од меѓународни фондови продолжи со реконструкцијата на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. Финансиските средства за реконструкцијата на комплексот се обезбедени преку IPA Програмата за прекугранична соработка, во партнерство со општина Белица. Бугарија. Во рамки на овој проект, реконструирани се два од шестте манастирски конаци, изграден е пристапен асфалтен пат до манастирот во должина од околу 1, 3 километри, изградени се пристапни еко-патеки, поставена е урбана опрема и соодветно осветлување. Вкупната вредност на проектот, односно средствата кои беа доделени за Македонска Каменица од IPA Програмата за прекугранична соработка, е 270 илјади евра. По комплетното завршување на проектот, започна и промоција на локалитетот „Еленец“ како атрактивна туристичка дестинација и веќе се оддржуваат неколку настани и манифестации кои се препознатливи ширум Македонија.

24 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗРАБОТКА НА ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АТРАКЦИИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Туризмот е еден од приоритетните правци за иден поголем економски развој и поради тоа се интензивирани медиумските кампањи за подобра промоција на туристичките можности на Македонска Каменица. Веќе се изработени низа промотивни материјали преку кои се претставуваат сите позначајни и потенцијални туристички атракции на подрачјето на општина Македонска Каменица. Наредните инвестиции во областа на туризмот ќе се спроведуваат во согласност со Стратегијата и Акциониот план за развој на туризмот во општините од ИПР, преку кои документи се дефинирани насоките за создавање на една интегрирана туристичка понуда на општините од македонскиот исток.

ПОДДРШКА НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „ЕЛЕНЕЦ ЦЕРА“ ОД СЕЛО ЦЕРА Општина Македонска Каменица е една од македонските општини – лидери по одвоени финансиски средства за невладиниот сектор и граѓанските здруженија и организации. Дел од тие средства се наменети и за реализација на проекти на Здружението на граѓани „Еленец Цера“ од село Цера. На овој начин, целосно се уредени собите во манастирско-туристичкиот комплекс, изградени се нови летниковци, ѕидани чешми и ѕидани скари, се спроведуваат маркетинг кампањи и се организираат неколку културни настани и манифестации.

ПРОМОЦИЈА НА СПОРТСКИ РИБОЛОВ Спортскиот риболов на езеро Калиманци е еден од начините за привлекување на туристи во Македонска Каменица. Од таа причини, Општината континуирано го поддржува функционирањето на Спортско-риболовното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица и натпреварите во спортски риболов. Со засилената медиумска афирмација на спортскиот риболов, евидентен е и зголемениот број на заинтересирани за посета и престој во Македонска Каменица.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

25


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЦЕЛОДНЕВНА НАСТАВА ВО ОСНОВНОТО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ Заради пројавената потреба кај родителите и кај децата, општина Македонска Каменица овозможи просторни и кадровски услови за реализација на целодневна настава во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ЗА ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ Општина Македонска Каменица финансира оддржување на часови по физичко воспитување и англиски јазик за дечињата во детската градинка „Бамби“. Ваквите часови се во насока на стекнување на здрави навики кај дечињата и стекнување познавања од англиски јазик уште пред почетокот на нивното формално образование. Исто така, Општината ангажира и логопед кој работи со дечињата кои имаат потреба од истиот.

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ОПШТИНАТА ГИ СТИПЕНДИРА НАЈДОБРИТЕ“ Со цел да ги поттикнува најдобрите ученици, средношколци, студенти и спортисти, општина Македонска Каменица, во континуитет, го спроведува проектот „Општината ги стипендира најдобрите“. Од општинскиот буџет се обезбедуваат средства за доделување на стипендии за најдобрите тројца ученици, тројца средношколци и тројца студенти. На овој начин се засилува и свеста кај граѓаните на локално ниво за значењето на образованието.

ВОВЕДЕН Е СИСТЕМ ЗА НАГРАДА НА НАСТАВНИЦИ И ПРОФЕСОРИ За да се поттикне мотивираноста кај наставниот кадар и со цел дополнително да се стимулираат и мотивираат учениците, за постигнување на подобри и позначајни резултати, општина Македонска Каменица воведе систем за награди за учениците и нивните ментори кои постигнале забележителен успех на државни и интернационални натпревари. Во таа насока се и неколку организирани наградни патувања за најдобрите ученици и ментори од училиштата во Македонска Каменица.

26 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ПОДДРШКА НА УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ИНИЦИЈАТИВИ ОД УЧЕНИЦИ Општина Македонска Каменица одвојува значителни средства од сопствениот буџет за поддршка на училишните спортски клубови, како и за иницијативи кои потекнуваат од самите ученици. На овој начин се стимулираат за постигнување на подобри резултати на спортски план, како и самоиницијативноста, иновативноста и креативноста на учениците.

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЕДУКАТИВНИ КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ Заради развивање на поголеми способности кај учениците, и поттикнување повеќестрани активности, Општината ги поддржува сите крсеви, семинари и работилници кои се наменети за нив. Досега се одржани курсеви, кампањи и работилници од областа на безбедност во сообраќајот, противпожарна заштита, кампањи против употреба на наркотични супстанци, против допинг во спортот и слично.

ИЗГРАДБА НА НОВО МОНТАЖНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО МОШТИЦА Еден од позначајните проекти во првата година од вториот мандат на градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, е изградбата на новото монтажно училиште во село Моштица. Ова е проект од особено значење за развој на оваа рурална средина и за непречено одвивање на квалитетен наставен процес во селото. Објектот е со вкупна површина од 109 квадратни метри, енергетски ефикасе, со санитарни јазли, две училници, ходник и просторија за котел за греење. Новото монтажно училиште во село Моштица е со вкупна вредност од околу 3 милиони денари, а инвеститор е Министерството за образование и наука. Со изградба на овој објект, старата училишна зграда во село Моштица е пренаменета во зграда за потребите на Месната заедница.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

27


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

СПОРТ И МЛАДИ ИЗГРАДБА НА „КУЌА НА СПОРТОТ“ Еден од капиталните објекти, кој се гради во Македонска Каменица и кој е во завршна фаза, е „Куќата на спортот“. Објектот има вкупна внатрешна површина од околу 500 квадратни метри и содржи современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, простор за фитнес центар и канцелариски простории кои ќе им бидат ставени на располагање на сите спортски клубови од подрачјето на општина Македонска Каменица. Овој објекет е лоциран на градскиот фудбалски стадион, а како потреба, се гради на барање на граѓаните, особено на спортистите. Вредноста на проектор е околу 15 милиони денари, а фирма-изведувач е Хит градба Еуростил од Македонска Каменица.

ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ Во текот на 2013 година, во централното градско подрачје во Македонска Каменица е изградено ново повеќенаменско игралиште. Овој проект е дел од проектот на Владата на РМ – „Сто повеќенаменски игралишта“, кој се реализира преку Агенцијата за млади и спорт. Игралиштето е со површина од 1100 квадратни метри и со вкупна вредност од околу седум милиони денари. Реализацијата на овој проект, заедно со изградбата на новата спортска сала, е во насока на подобрување на условите за развој на спортот во Македонска Каменица. 28 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА НОВИ ТЕНИСКИ ТЕРЕНИ Комплетно е завршена изградбата на два нови тениски терени во Македонска Каменица. Проектот е реализиран во рамки на владиниот проект „100 нови тениски терени“, преку Агенцијата за млади и спорт. Тениските терени ги имаат сите карактеристики потребни за одигрување на меѓународни тениски натпревари - осветлување, жичана ограда, инфраструктурна приклученост и најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација. Интересот за тенис, особено кај помладата популација, веќе е огромен и со изградбата на терените, желбата и талентот добиваат вистинска поддршка. Со изградбата на сите спортски објекти на подрачјето на Македонска Каменица (нова спортска сала, повеќенаменско игралиште, тениски терени), младите ќе можат интензивно да го развиваат спортскиот дух и адекватно да го надградуваат својот спортски талент. Користењето на тениските терени во Македонска Каменица е бесплатно.

ПОДДРШКА ЗА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Финансиската поддршка за спортските клубови веќе е долгогодишна практика и таа континуирано се зголемува. Во областа на спортот, приоритет е влез на Фудбалскиот клуб „ФК Каменица-Саса“ во Втора македонска фудбалска лига и од таа причина неколку пати се зголемува финансиската поддршка за клубот. Значајни успеси постигнува и Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“, а финансиска поддршка добиваат и останатите локални спортски клубови. По завршувањето со изградба на „Куќата на спортот“ спортските работници од Македонска Каменица ќе добијат модерен и репрезентативен објект кој ќе биде уште едно обележје на Македонска Каменица.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

29


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ОРГАНИЗАЦИЈА И ПОДДРШКА НА СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ И ТУРНИРИ Во изминатиот период, силна е поддршката што ја добиваат сите спортски клубови во организацијата на разни ракометни, кошаркарски, фудбалски и футсал турнири и натпревари. Еден од најзначајните спортски настани кој финансиски го поддржува општина Македонска Каменица е традиционалниот Меморијален турнир „Миле Јаневски Џингар“, кој се организира во чест на херојот од нашиот град, кој трагично загина во војната од 2001 година. Поддршка за спортските клубови во Македонска Каменица

ОРГАНИЗИРАЊЕ КАМПАЊИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И КАМПАЊИ ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ Заради активна вклученост на младите луѓе и за да се слушнат нивните мислења и ставови во разлиќчни области, како и заради нивно вклучување во процесите на донесување одлуки, општина Македонска Каменица го поттикнува и поддржува секое младинско организирање и сите кампањи наменети за младите луѓе. Веќе функционира „Совет на млади“ кој покрена неколку иницијативи и во чија организација се спроведе и кампањата „Чист спорт! Борба против допингот во спортот“, како и кампања за заштита на младите луѓе од штетните последици од никотинизмот. 30 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА БЕЗЖИЧЕН ИНТЕРНЕТ НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНАТА Проектот за бесплатен безжичен интернет на територијата на општина Македонска Каменица овозможува бесплатен интернет пристап за сите граѓани, а веќе се во тек и активности за негово подобро функционирање.

ИЗРАБОТКА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ВЕБ-АПЛИКАЦИИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ДОМЕНОТ НА НЕЈЗИНИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ Општина Македонска Каменица започна со изработка на различни веб апликации за потребите на локалната самоуправа во доменот на нејзините надлежности. Изработена е апликацијата „е-Општина Македонска Каменица-Пријави проблем“, со која на граѓаните им се овозможува олеснет и ефикасен начин за реализација на нивните административни барања. Следејќи ги модерните трендови, општина Македонска Каменица изработува комплетно нова општинска веб страна, со што ќе се овозможи уште потранспарентно работење, како и поставување на апликации за туристичка и бизнис промоција.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

31


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО Во текот на 2014 година, во Македонска Каменица, отворена е Канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието, која функционира со полно работно време. Основната функција на оваа Агенција е давање на висококвалитетна советодавна услуга на индивидуалните земјоделски стопанства, со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство во руралните и пазарно-ориентирани средини. Канцеларијата на АПРЗ им нуди и советодавни услуги на земјоделците при примената на најсовремените научни и технички сознанија, насочени кон современо земјоделско производство.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА Во изминатиот период, општина Македонска Каменица оствари значајна меѓународна соработка со општини од држави-членки на Европската Унија, како и со општини од држави во соседството. Особено интензивна е соработката со општина Белица, Бугарија, која е традиционален партнер на Македонска Каменица, при апликациите на различни меѓународни финансиски фондови и програми, преку кои веќе се реализирани редица заеднички проекти. Потпишан е и Меморандум за соработка во областа на економијата, образованието, културата и спортот со општините Касине и Рикалдоне од Италија. Остварени се средби со делегации од Киелце, Полска, со делегации од општини од Србија, а посети во Македонска Каменица остварија и многу амбасадори на странски земји во Република Македонија.

32 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА НОВО ТЕРЕНЕСКО ВОЗИЛО ЗА ТППЕ Општина Македонска Каменица набави ново теренско возило за потребите на Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица. Возилото е марка Great Wall Steed 5 и со неговата набавка значително ќе се подобри мобилноста на Единицата при превенцијата и заштита од пожари.

КУРСЕВИ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ОД ОБЛАСТА НА СООБРАЌАЈОТ И ПРОТИВПОЖАРНАТА ЗАШТИТА Покрај секојдневните активности, локалната територијална противпожарна единица реализираше и едукативни курсеви и кампањи за учениците во основното и средното училиште во Македонска Каменица, а со функционирањето на ТППЕ се запознаваат и дечињата од детската градинка „Бамби“. Оддржани се предавања на теми: „Заштита од шумски пожари“ и „Заштита од пожари во урбани средини“. Целта на овие активности е надградба на знаењата на учениците за превентивна заштита, рано откривање, спречување, јавување и гасење на пожари.

ОБУКА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Општина Македонска Каменица финансираше дополнителни обуки за пожарникарите, кои имаа за цел зголемување на нивната ефикасност при гасење пожари во урбана средина. За таа цел беше ангажиран ментор зчија задача беше зголемување на нивото на професионалност во единицата, зголемување на ефикасноста при гасење пожари во урбана средина, објекти, висококатници, запознавање со современите противпожарни тактики и техники на гасење на пожарите.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

33


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НАБАВКА НА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА И АПАРАТУРА – МАМОГРАФ Нов мамограф е набавен и предаден во употреба за Здравствената станица во Македонска Каменица. Мамографот-апарат за рано дијагностицирање на малигни заболувања е набавен со заеднички средства на општина Македонска Каменица и Министерството за здравство. Доопремувањето на Здравствената станица ќе продолжи со набавка на ново возило, а најавена е набавка и на нов рентген апарат.

34 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА


ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ГОДИНА

ПОДДРШКА ЗА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ „КАМЕНА РЕКА“ Во последните неколку години, Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица прерасна во вистински услужен сервис и силен партнер на локалните жители. Македонска Каменица веќе важи за еден од најчистите и најдобро уредените градови во државата. Вработените во Јавното претпријатие се грижат за секојдневно оддржување на јавната чистото, за зелените површини, за цветно-декоративно уредување на градот, за што имаат и сопствен расадник. За остварување на сите предвидени активности на претпријатието, општина Македонска Каменица од сопствениот буџет одвојува средства кои се неопходни за непречена работа. Само во последниот период се набавени неколку нови машини, како што се: нова градежна машина-ровокопач за изведба на канализациони и водоводни системи, нова машина за чистење на улици, електрофузиона машина за лепење на цевки и приклучна механизација за зимско оддржување на патиштата. Значајно е да се спомене дека се набавени и нови модерни косилки за оддржување на градското зеленило. Вкупната вредност на овие нови инвестиции во современа механизација е околу 3,3 милиони денари, а со ова значително се подобрува функционирањето на јавното претпријатие „Камена Река“

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

35


www.makedonskakamenica.gov.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.