К
АМЕНИЧКО ВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОКО
БРОЈ 18 ОКТОМВРИ 2014 ГОДИНА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК
СОДРЖИНА 3 страна Комплексот „Еленец“ пуштен во употреба 4 страна Изградба на капела и уредување на градските гробишта 6 страна Ден на дијаспората 8 страна Улица „Кејска“ пуштена во употреба Ново детско игралиште во Македонска Каменица 9 страна Нови возила за собирање на смет 10-11 страна Заврши Каменичко Културно Лето 2014 12 страна Вратен сјајот на театарската уметност 15 страна Еленец 2014 - најмасовен собир на пензионери во Македонија 16 страна Јавното претпријатие „Камена Река“ на висина на задачите
КАМЕНИЧКО ОКО 18 Општина Македонска Каменица телефон: 033 432 741 факс: 033 432 741 web: www.makedonskakamenica.gov.mk адреса: ул. Каменичка бб издавач: Општина Македонска Каменица за издавачот: д-р Дарко Митевски уредува: Васко Десподовски фотографија: Гоце Ангелов дизајн и печатење: Eвропа 92 Кочани тираж: 2000 примероци
Активности
КОМПЛЕКСОТ „ЕЛЕНЕЦ“ ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА И официјално, реконструираниот манастирско-туристички комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица е пуштен во употреба. Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, во присуство на висока делегација од општина Белица, Бугарија, официјално го означи стартот на овој проект и најави нови инвестиции во областа на туризмот. Проектот „Еленец“ опфаќа целосна реконструкција на два манастирски конаци, поставување на нова водоводна и електрична мрежа, изградба на асфалтен пат до комплексот, изградба на еко-патеки и поставување на нова урбана опрема. Реализацијата на овој проект е со средства обезбедени преку ИПА - Програмата за прекугранична соработка, во партнерство со општина Белица, Бугарија.
НОВИ ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ВО СЕЛО ДУЛИЦА Општина Македонска Каменица започна со изградба пристапни локални патишта во село Дулица. Согласно спроведената јавна набавка, склучен беше договор со фирмата „Урбан Инвест“ ДОО Кавадарци за пробивање и асфалтирање на патишта до маалите: Чуковска, Цебовска,Гагалевци и Кадии. Вкупната должина на овие патишта е околу 1600 м. Реализацијата на овој проект е во насока на подобрување на квалитетот на живеење на жителите во руралните средини, а проектот е финансиран од буџетот на општината.
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
3
Активности
ИЗГРАДБА НА КАПЕЛА И УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА Во Општина Македонска Каменица како неминовна се појави потребата од изградба на градска капела и дополнително уредување на новите градски гробишта. За таа цел, општината спроведе тендер на кој беше избран најповолен економски оператор кој ќе го изведе овој проект. Градежните активности веќе започнаа, се работи интензивно на изградбата на градска капела, и наскоро, овој проект целосно ќе биде завршен.
ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Општина Македонска Каменица континуирано хортикултурно го уредува централното градско подрачје. Во изминатиот период јавните површини во Македонска Каменица беа разубавени со неколку видови декоративни цвеќиња. Годинава сите цвеќиња се од новиот расадник на ЈП „Камена Река“, од кој веќе во првата фаза се засадени околу 6-7000 цвеќиња. Хортикултурно уреден е и просторот околу манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица.
4
www.makedonskakamenica.gov.mk
Активности
ОПШТИНАТА ГИ СТИПЕНДИРА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ Општината продолжува со стипендирање на најдобрите ученици од Македонска Каменица. На прием кај градоначалникот д-р Дарко Митевски беа стипендираните ученици за 2013/2014 година, кои се избрани на Конкурсот за доделување на стипендии кој беше распишан од општина Македонска Каменица. Овие ученици ќе добиваат месечна стипендија во износ од 2.500 денари во траење од десет месеци. Доделувањето на стипендии за најдобрите има за цел да се поттикне мотивираноста на учениците за постигнување на уште подобри резултати и засилување на свеста кај граѓаните за значењето на образованието.
А-ЕКОЛОШКА ИНТЕГРИРАНА ДОЗВОЛА ЗА РУДНИК „САСА“ Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, присуствуваше на доделувањето на првата А-еколошка интегрирана дозвола во Република Македонија. Оваа дозвола ја дава Министерството за животна средина, по претходно доставена документација за исполнети критериуми од Рудник „Саса“ од Македонска Каменица. На доделувањето на дозволата, покрај Градоначалникот, присуствуваа Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, Заменик министерот Стево Темелковски, Директорот на Управата за животна средина Игор Трајковски и Директорот на Државниот инспекторатот за животна средина Фирус Мемед. Во својата изјава, градоначалникот д-р Дарко Митевски се осврна на значењето од добивањето на А-еколошката интегрирана дозвола и напомена дека освен за безбедноста на рударите, општина Македонска Каменица е насочена и кон заштитата на животната средина.
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
5
Активности
ДЕН НА ДИЈАСПОРАТА На 12-ти Август 2014, на реконструираниот манастирско-туристички комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се оддржа првата иселеничка средба - Ден на дијаспората. Повеќе од 2 000 граѓани, иселеници во западноевропските земји се собраа на новата туристичка атракција и имаа можност за повеќечасовно заедничко дружење. Гостите ги забавуваа Модерато бенд и македонската фолк ѕвезда Јордан Митев. Во рамки на средбата, новинарот Васил Маневски го презентираше документарниот филм „Цера-меѓу минатото и иднината“, а од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, пак, беа презентирани инвестициските можности и плановите за развој на Индустриската зона. Денот на дијаспората предизвика огромно внимание кај иселениците и надежите во Општината се дека оваа средба ќе прерасне во традиционален и уште помасовен настан.
ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ИПР НА СОСТАНОК НА „ЕЛЕНЕЦ“ Градоначалниците од Источниот плански регион оддржаа работна средба на локалитетот Еленец, село Цера, во близина на Македонска Каменица. На средбата се запознаа со условите за аплицирање и начините на финансирање на проекти од меѓународни грантови. На барање на градоначалниците, се разгледуваше и можноста проектот за создавање на географски катастар да влезе во втора фаза. Состанокот беше искористен и за разгледување на документацијата за петте тековни проекти на Источниот плански регион кои во моментот се реализираат. Домаќинот на средбата, општина Македонска Каменица и градоначалникот д-р Дарко Митевски работната средба ја искористија и за мини промоција на проектот „Манастирско-туристички комплекс Еленец“ кој целосно е реализиран со средства од IPA Cross Border Programme BG-MK.
6
www.makedonskakamenica.gov.mk
Активности
ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА СОУ „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР“ Со пригодна програма, со положување на цвеќе пред спомен обележјата во Македонска Каменица и со показни вежби на Специјалната единица „Волци“ беше одбележана 13-годишнината од загинувањето на македонскиот херој и патрон на Средното општинско училиште, Миле Јаневски Џингар. Од Македонска Каменица беше упатена порака, дека делата и имињата на загинатите кај тетовското село Вејце и сите македонски бранители кои го дадоа животот за татковината никогаш нема да се заборават.
МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР 2014“ На 27-ми Мај 2014, во спортската сала во Македонска Каменица се одиграа финалните натпревари во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2014“. Годинава, се одиграа турнири во пинг понг, баскет, ракомет и мал фудбал. Победниците ги прогласи градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, кој е генерален покровител на Турнирот. Победник на турнирот во пинг понг е Перо Веселиновски, а турнирот во баскет го освои екипата на Иднина. Турнирот во ракомет-женска конкуренција го освои екипата на Иднина, а во големото финале на турнирот во мал фудбал победи екипата на Даком/Т›га за југ. Најдобар голман беше Бобан Атанасовски, а најдобар играч Адријан Мицевски. За победниците, општина Македонска Каменица обезбеди и реализираше наградно викенд патување
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
7
Активности
УЛИЦА „КЕЈСКА“ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА На 28-ми Август, на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица и Ден на Општината и на рударите, покрај новото детско игралиште во употреба беше пуштена и улицата Кејска. Улицата Кејска е со вкупна должина од околу шестстотини метри и широчина од пет и пол метри. Со реализацијата на овој проект се решава уште еден инфраструктурен проблем, а кејот на река Каменичка добива уште поубав изглед. Овој проект е целосно реализиран од Буџетот на Општината, согласно Програмата за изградба на локални патишта и улици.
НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА На 28-ми Август, на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица и Ден на општината и на рударите, беше пуштено во употреба ново детско игралиште во Македонска Каменица. Во присуство на официјални владини претставници, претставници на Македонската Православна Црква, раководниот кадар на Рудник „Саса“ и Советници од општинскиот Совет и претставници од ЕЛС Македонска Каменица, беше свечено отворено новото катче за дечињата од Македонска Каменица. Овој проект е реализиран како заедничка инвестиција на Рудник „Саса“ и Општина Македонска Каменица. Фирма-изведувач на проектот е Нико-стил од Македонска Каменица.
8
www.makedonskakamenica.gov.mk
Активности
НОВИ ВОЗИЛА ЗА СОБИРАЊЕ НА СМЕТ На 25.09.2014, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица се оддржа свечено примопредавање на новите возила за собирање на смет за општините Македонска Каменица и Делчево. На свеченото примопредавање на возилата, покрај градоначалниците на двете општини, д-р Дарко Митевски и г-дин Дарко Шехтански присуствуваше и Амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија г-дин Стефано Лазарото. Овој проект го избраа жителите на општините Македонска Каменица и Делчево за најприоритетен проект во рамки на програмата „Форуми во заедницата“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). На свеченоста, покрај официјалниот дел имаше и кратка културно-уметничка програма, подготвена од дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ и КУД „Вера Јоциќ“ Македонска Каменица.
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
9
Култура
ЗАВРШИ КАМЕНИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2014 ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ УРИВАШЕ РЕКОРДИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Заврши шестото издание на најголемата културна манифестација во Источна Македонија. Годинашново Каменичко Културно Лето кое траеше од 25-ти до 29-ти Август изобилуваше со музичка шареноликост и настани и за најпребирливите. Започна тивко, со концерт на класична музика во изведба на младите виртуози од триото Four Strings. Втората вечер на програмата беше предвидена за
10
промоција на балканскиот фолклор, а гости во Македонска Каменица беа фолклорни ансамбли од Србија и Бугарија. Третата вечер, на 27-ми Август, српскиот супербенд МВП и босанскиот Х Фактор Маид Хечимовиќ имаа одличен концертен настап на Каменичко Културно Лето 2014. За загревање на атмосферата пред нивните настапи се погрижија одличните македонски бендови Fusion и The Backdoor band. Публиката имаше можност да ужива во неколкучасовното шоу и хитовите отпеани од седумчлениот состав МВП и нивниот фронтмен Бане Лалиќ и секогаш енергичниот миленик на публи-
www.makedonskakamenica.gov.mk
Култура
ката, босанецот Маид Хечимовиќ. Централната вечер на Каменичко Културно Лето 2014 и прославата на Денот на општината и Денот на Рударите помина со спектакуларниот концерт на Жељко Јоксимовиќ во Македонска Каменица. Ерупција од енергија, восхит и насмевки го одбележаа овој голем настан. И годинашниов спектакл ќе остане запаметен кај илјадниците посетители како уште една успешна приказна, а Македонска Каменица покажа и докажа дека е подготвена за организација на вакви манифестации. За загревање на атмосферата за концертот на Жељко се погрижија македонските бендови SheXpeare band и The Hounds.
Пред публиката поздравни говори оддржаа градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски и Генералниот директор на Рудник „Саса“, гдин Александар Раков. Водител на настанот беше Снеже Велков. За затворање на манифестацијата со погрижија штипскиот градски хор кој се претстави со сплет од староградски песни, победниците од Гуча 2014, извонредните трубачи од Уска Кан оркестарот и македонската фолк ѕвезда Соња Тарчуловска. Годинава, Каменичко Културно Лето уриваше рекорди. Концертот на Жељко Јоксимовиќ ќе остане запаметен како најголем и најспектакуларен во ма-
лата Македонска Каменица. Околу 3 500 возила пристигнаа од сите краеви на Македонија и соседна Бугарија, а каменичани угостија повеќе од 15 000 посетители. Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар упатуваат огромна благодарност до посетителите, поддржувачите, спонзорите и медиумските покровители за несебичната подршка и труд се да помине во најдобар ред и воедно ги покануваат сите љубители на добра музика и извонредна кујна да бидат дел од Каменичко Културно Лето 2015.
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
11
Култура
ВРАТЕН СЈАЈОТ НА ТЕАТАРСКАТА УМЕТНОСТ Во изминатиот период беше вратен сјајот на театарот во Македонска Каменица. Низа театарски претстави предизвикаа огромно внимание кај каменичката публика. Стенд ап шоута на Бојан Велевски и Ефтим Ѓаурски, на Весна Бејби Петрушевска, на Сашко Коцев, значително допринесоа за популаризација на овој вид уметност во Македонска Каменица. Хит претставите на Велешкиот театар „Џинот“, „Ноќите во бел сатен“ и „Шашардисани времиња“ беа полн погодок, а „Не се клади на Енглези“ уриваше рекорди на посетеност. НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип ја прикажа „Самоубиство на осаменоста“, а детската претстава на Театар „Колозов“, „Сказна за рибарот и златната рипка“ ја проследија повеќе од 500 дечиња од ЈОУДГ „Бамби“ и СОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица. Културно-информативниот центар „Романса“, во чија организација се сите овие настани, најавува гостување на уште неколку хит претстави до крајот на 2014 година. Најголемиот дел од претставите се реализирани со финансиска поддршка на Општина Македонска Каменица и Министерството за култура на Република Македонија.
12
www.makedonskakamenica.gov.mk
Култура
ПРВО ИЗДАНИЕ НА T.S.O.K. ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Годинава, Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ значително ја збогатија културната понуда. За прв пат беше оддржан фестивалот True Sound Of Kamenica. Тоа беше уникатен еднодневен музички фестивал, под отворено небо, чија цел беше урбано будење и градење на улична култура. За фестивалот беше поставена огромна сцена, извонредни аудио и визуелни ефекти. и беше обезбеден настап на девет извонредни диџеи од Македонија, Србија и Бугарија, кои приредија вистински музички спектакл, висок адреналин, позитивна енергија и секако, забава до раните утрински часови. На првото издание на „Вистинскиот звук на Каменица“ (True Sound Of Kamenica) настапија: Владимир Ачич и Локо Бејби од Србија, Кристијан Кракен, Момо Добрев и Мис Парти од Бугарија и домашните диџеи Даркман, Абраш, ЗокиПоки и Борче Панов. Застанувајќи зад овој проект, општина Македонска Каменица покажа дека го поттикнува урбаното и културното живеење, поддржувајќи ги современите вредности и урбаниот начин на живот. Фестивалот T.S.O.K. беше поддржан и од Министерството за култура на Република Македонија.
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
Култура
БАСКЕРФЕСТ 2014 И КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Дел од многубројните културни настани кои се случија во Македонска Каменица во изминатиов период од годинава беа и концертот на најголемата македонска музичка ѕвезда, Каролина Гочева и реномираниот стрит-арт фестивал БаскерФест. Овие настани дополнително ја збогатија културната понуда во нашиот град и Македонска Каменица, полека но сигурно, го добива епитетот културен центар во Источна Македонија. Изобилството од културни настани, како и промоцијата на „Еленец“ и другите значајни локалитети во Македонска Каменица како туристички дестинации се причина илијадници посетители од Македонија и пошироко да доаѓаат и да уживаат во убавините на нашата општина.
14
www.makedonskakamenica.gov.mk
Култура
ЕЛЕНЕЦ 2014, НАЈМАСОВЕН СОБИР НА ПЕНЗИОНЕРИ На 01-ви Јуни 2014 година, на локалитетот Еленец, во село Цера, Македонска Каменица се оддржа најмасовниот собир на пензионери во Македонија. На традиционалниот пикник, кој се организира трета година по ред, присуствуваа пензионери од триесетина македонски здруженија. Настанот се состоеше од два дела: културно-уметничка програма и кулинарско натпреварувачки дел. Во рамки на културно-уметничката програма особено воодушевија настапите на здруженијата на пензионери од Македонска Каменица и Кавадарци. Во рамки пак на натпреварувачко-кулинарскиот дел, т.н. Бабина Баница, трето место освоија каменичани, второпласирана беше екипата од Бутел, Скопје, а најдобри беа велешани. Најмногу гости на денешниот настан имаше од Здружението на пензионери од Штип. Според Здружението на пензионери од Македонска Каменица, кое е организатор на пикникот, село Цера беше посетено од 6-7 илјади граѓани, а особено радува фактот што покрај пензионерите меѓу посетителите имаше и многу млади луѓе. Еленец 2014 беше поддржан од Општина Македонска Каменица, од Рудник „Саса“ и неколку други фирми и претпријатија.
КАРАВАНОТ НА МФФ „ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО“ ГОСТУВАШЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА На 23-ти септември 2014 година, караванот на МФФ „Истибањско здравоживо“ гостуваше во Македонска Каменица. Извонредните настапи на фолклорните ансамбли од Белорусија, Бугарија, Египет, Романија, Полска, Хрватска, Ерменија, Турција и домаќините КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица ја импресионираа локалната публика. Овој настан беше поддржан од градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски.
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ „КАМЕНА РЕКА“ НА ВИСИНА НА ЗАДАЧИТЕ Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица, во периодот што измина бележи исклучително добри резултати и се покажува како вистински услужен сервис за граѓаните. Покрај редовните задачи, оддржување на јавната чистота и градското зеленило, успешно беа реализирани и низа дополнителни активности. Благодарение на ангажманот на вработените, континуирано се врши реконструкција и заштита на урбаната опрема, исчистено е коритото на Каменичка Река, исчистени се банкините, риголите и атмосферските канали во централното градско подрачје, изработени се разделни шахти во неколку маали во село Дулица, се врши постојано цветно-декоративно разубавување на зелените површини, а подигнат е и уште еден расадник за цвеќе и украсни дрвца со што Општината трајно се обезбедува со ваков вид култури за сите сезони. Услугите што ги врши Јавното претпријатие значително ќе бидат подобрени и со набавката на новото возило за собирање на отпад, кое беше обезбедено преку Програмата „Форуми во заедниците“, а со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
ФИЗИБИЛИТИ-СТУДИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СКИ ЦЕНТАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ По последниот повик за аплицирање со проекти на претпристапните ИПА-фондови, општината Македонска Каменица и општината Белица, Република Бугарија конкурираа со заеднички проект кој беше одобрен. Овој проект предвидува изработка на физибилити-студија, со која ќе се утврдат можностите за развој на зимски туризам на подрачјето на општината Македонска Каменица. Проектот е целосно финансиран преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка, а ќе се реализира преку ФК КаменицаСаса од Македонска Каменица.
16
www.makedonskakamenica.gov.mk
ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТЕН ПРАВЕЦ P1210 Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) планира да реализира Проект за изградба на патен правец P1210 (стара ознака Р-208), делница од рудник Саса, Македонска Каменица до рудник Тораница, Крива Паланка, во вкупна должина од околу 19,8 км. Финансирањето на овој проект ќе се оствари со средства од Светска Банка, која за реализација на проектот постави определени барања во доменот на заштитата на животната средина и социјалните аспекти. За таа цел, во просториите на општина Македонска Каменица се одржа јавна консултација за влијанието и потребата од изградбата на оваа делница. На Консултацијата покрај градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски присуствуваше и градоначалникот на општина Крива Паланка, гдин Арсенчо Алексовски. Консултацијата ја одржаа Јоже Јовановски, Раководител на Одделение за заштита на животна средина и Сашка Богданова Ајцева, Советник за животна средина при Јавното претпријатие за државни патиштa. Изградбата на овој регионален пат ја најави и премиерот на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, како значаен проектсо кој ќе бидат поврзани двата најголеми рудници во Македонија за олово и цинк, а ќе бидат поврзани и двата града, Крива Паланка и Македонска Каменица. Премиерот изјави дека подготовките се во тек, и се очекува во втората половина на следната година да започне неговата изградба.
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
Општина Македонска Каменица се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија во подножјето на Осоговскиот масив. На исток граничи со општина Делчево, на југ со општина Виница, на запад со општина Кочани, а на север со општина Крива Паланка и државната граница со Република Бугарија. Зафаќа вкупна површина од 189 км2. Географската положба на Македонска Каменица е добра, бидејќи преку неа поминува патот што ги поврзува источните со централните делови на републиката. Тука поминува трансверзалната патна линија што се одвојува кај Велес и преку Штип, Кочани и Македонска Каменица продолжува кон Делчево и преминот кај македонско - бугарската граница. Според географската положба, климата во Македонска Каменица е особено пријатна со умерени температурни разлики и врнежи. Климата во повисокиот дел е изразито планинска и се одликува со долги и снежни зими и куси свежи лета. Македонска Каменица е со надморска височина од 520м. Средната годишна температура е 11 степени Целзиусови. Во Македонска Каменица и околината ретко се задржуваат снежните покривки. Најтопли се летните денови, посебно август, а најстудените денови се во јануари. Пролетта е постудена од есента. Врнежите се нерамномерни. Општината е составена од 9 населени места од кои 8 се рурални и тоа: Тодоровци, Луковица, Костин Дол, Косевица, Моштица, Дулица, Саса и Цера и градот Македонска Каменица како општински центар. Во непосредна близина на Македонска Каменица, Општина започна со реализација на проект за отварање на Индустриска зона. Во насока на оспособување на Индустриската зона и нејзино ставање во функција изработен е детален урбанистички план. Започнати се и активности за нејзино инфраструктурно оспособување, кое ќе вклучува патна и комунална инфраструктура. Планираната површина на оваа зона е околу 10 ha. Индустриската зона која се наоѓа во непосредна близина на општина Македонска Каменица е наменета претежно за лесна и незагадувачка индустрија.
www.makedonskakamenica.gov.mk
ИНДУСТРИСКА ЗОНА, МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
N= 275% 0
NW =30% 0 W =30% 0
NE =40% 0 252
SW =37% 0
E =173% 0 SE =25% 0
S =138% 0
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ПОЛИЦИЈА ПРОТИВПОЖАРНА СЛУЖБА БРЗА ПОМОШ ИНФОРМАЦИИ ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „КАМЕНА РЕКА“ МАТИЧНА СЛУЖБА ЈОУ ДЕТСКА ГРАДИНКА „БАМБИ“ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
192 193 194 188 431 201 432 694 431 217 431 227 431 416
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР“ 431 266 ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ 431 404 КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА 432 283 СТОПАНСКА БАНКА 431 415 ПОШТА 431 100 БЕНЗИНСКА ПУМПА МАКПЕТРОЛ 431 261 ХИДРОЦЕНТРАЛА „КАЛИМАНЦИ“ 431 210 ТРАФОСТАНИЦА 431 431 РУДНИК „САСА“ 279 200
opstina@makedonskakamenica.gov.mk
19
www.makedonskakamenica.gov.mk kultura@makedonskakamenica.gov.mk https://www.facebook.com/gradonacalnik.opstinamakedonskakamenica