Kamenicko oko 17

Page 1

ВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА БРОЈ 17 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК


СОДРЖИНА 3 страна Гордана Јанкуловска во работна посета на Македонска Каменица Ново повеќенаменско игралиште 4 страна Пуштена во употреба новата училишна зграда во село Моштица Реконструкција на манастирско-туристички комплекс во Еленец, село Цера 5 страна Асфалтирано платото пред автобуската станица Меѓународна соработка 6 страна Кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Отворени денови за социјална заштита во руралните средини 7 страна Другарска пензионерска вечер Традиционална меѓугранична средба „Руен 2013“ 8 страна Црковно-народен собир на Еленец Македонија без отпад 2013 9 страна Фолклорниот караван на „Истибањско здравоживо 2013“ во Македонска Каменица Културно-уметничко друштво „Вера Јоциќ“ 10-11 страна Каменичко Културно Лето 2013 Прва Изложба на олдтајмери 12 страна Јаков од Камена Река 13 страна Спомен Костурница во село Цера КАМЕНИЧКО ОКО 17 Општина Македонска Каменица тел/факс: 033 432 741 web: www.makedonskakamenica. gov.mk адреса: ул. Каменичка бб издавач: Општина Македонска Каменица за издавачот: д-р Дарко Митевски уредува: Васко Десподовски фотографија: Гоце Ангелов дизајн и печатење: Eвропа 92 Кочани тираж: 2000 примероци

14 страна Владиката Иларион и заменик министерот за локална самоуправа во посета на Македонска Каменица 15 страна Работен состанок на Општински огранок на НЗСПШ 16 страна Поезија 17 страна Започна новата учебна година 18 страна Спортски активности во Македонска Каменица


НОВО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ На 28 Август 2013 година, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во Македонска Каменица, свечено беше пуштено во употреба ново повеќенаменско спортско игралиште. На свеченоста свое обраќање пред присутните имаа, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, пратеникот Влатко Ѓорчев и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски. Повеќенаменското игралиште е дел од проектот на Владата на РМ „Сто повеќенаменски игралишта“ кој се реализира преку Агенцијата за млади и спорт. Новото игралиште е со површина од 1100 метри квадратни и со вкупна вредност од седум милиони денари. Со реализацијата на овој проект е остварено уште едно ветување на државната и на локалната власт, изграден е уште еден капитален објект со кој значително ќе се подобри спортскиот живот во Македонска Каменица.

ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА На 8-ми Октомври 2013 година, во работна посета на општина Македонска Каменица беше Гордана Јанкуловска, Министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија. На средбата со градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, беа поканети и градоначалниците од Источно-планскиот регион. Се разговараше на повеќе теми, а особено внимание беше посветено на динамиката на реализација на проекти кои се од круцијално значење за животот на граѓаните од Источна Македонија.


РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МАНАСТИРСКО-ТУРИСТИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ЕЛЕНЕЦ, СЕЛО ЦЕРА Општина Македонска Каменица продолжува со реализацијата на крупни проекти финансирани од меѓународни финансиски институции. Општината е лидер по реализирани проекти од првиот повик на IPA Програмата за прекугранична соработка, а веќе интензивно се работи и на проекти од вториот повик на оваа Програма. Заеднички, со општина Белица, Република Бугарија е аплицирано со проектот „Подобрување на квалитетот и достапноста до природни атракции во Општина Белица и Општина Македонска Каменица". Овој проект опфаќа уредување на манастирскотуристички комплекс во месноста Еленец, село Цера. Веќе се започнати градежни активности за реконструкција и адаптација на два од шестте манастирски конаци и изградба на пристапен асфалтен пат во должина од 1,5 км. Еден од конаците ќе биде адаптиран во сместувачки туристички објект, а другиот ќе биде целосно реконструиран и пренамент во угостителски објект. Во наредната фаза од реализацијата на овој проект ќе бидат изградени и пристапни еко-патеки до манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, ќе биде поставена урбана опрема и осветлување и ќе започне туристичката промоција на овој преубав дел од Република Македонија. Вкупната вредност на заедничкиот проект со општина Белица, Бугарија е околу половина милион евра, од кои околу 270 илјади евра ќе бидат потрошени за реконструкција на манастирскиот комплекс кој се наоѓа во близина на Македонска Каменица. Очекувањата се дека овој комплекс во иднина ќе биде еден од најзначајните објекти за развој на еко-туризмот во Источниот дел на Македонија.

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА УЧИЛИШНА ЗГРАДА ВО СЕЛО МОШТИЦА На 10-ти Септември 2013 година, беше осветено и свечено пуштено во употреба новото монтажно училиште во с. Моштица, општина Македонска Каменица. На пригодната свеченост се обратија, градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, и директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Димчо Атанасовски. Овој проект е од огромно значење за развој на оваа рурална средина и за непречено одвивање на наставата во селото. Објектот е со површина од 109 метри квадратни, енергетски е ефикасен, има санитарни јазли, две училници, ходник и просторија за котел за греење. Училиштето чини околу 3 милиони денари , а инвеститор е Министерството за образование и наука.

4

Старата училишна зграда ќе биде реконструирана и пренаменета за потребите на жителите од Месната Заедница во село Моштица.

www.makedonskakamenica.gov.mk


АСФАЛТИРАНО ПЛАТОТО ПРЕД АВТОБУСКАТА СТАНИЦА Градежните активности за доуредување и асфалтирање на неуредените површини во Македонска Каменица продолжуваат под полна пареа. Во изминатиот перид беше ставен нов асфалтен слој на платото околу Автобуската станица. Со овој зафат целокупната површина околу Новиот Градски пазар и сите пристапни улици до него, се комплетно уредени и асфалтирани. Со овие градежни активности овој дел од Македонска Каменица доби нов, европски лик. Реализацијата на оваа градежна активност е во согласност со општинската Програма за Изградба и реконструкција на локални патишта и улици, и е комплетно финансирана од буџетот на општина Македонска Каменица.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА Во изминатиот период, во официјална посета на општина Македонска Каменица беше делегација од локалната самоуправа на Киелце, Полска. Делегацијата беше предводена од заменик градоначалникот на оваа локална самоуправа и од претседателот на Советот на Киелце. На средбата беше разговарано за начинот на функционирање на двете локални самоуправи, за можноста од размена на искуства и продлабочување на соработката меѓу општина Македонска Каменица и општина Киелце, Полска.

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

5


ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ Во тек е Проектот за отворени денови за социјална заштита во руралните средини, што Министерството за труд и социјална политика во соработка со Центрите за социјални работи го планираше за периодот Септември – Ноември 2013 година. Во таа насока, општина Македонска Каменица во соработка со Центарот за социјална работа од Делчево ќе реализира непосредни средба со граѓаните од руралните делови на Општината. Проектот „Отворени денови за социјална заштита” со кој се нуди унапредување на пристапот кон правата и услугите од социјалната заштита за жителите од руралните населени места ширум државата, значително ќе го приближи системот на социјална заштита до оние на којшто им е најпотребна. Активностите ќе се реализираат од Септември до Ноември 2013 година и стручните тимови од центрите за социјална работа ќе ги посетуваат руралните средини за да детектираат, превенираат и спречат настанување социјални ризици и на граѓаните да им помогнат полесно да ги остварат своите права во областа на социјалната заштита. Денови за социјална заштита веќе се одржаа во селата Саса, Моштица, Дулица и Цера, а на 6-ти Ноември 2013 ќе бидат посетени селата Косевица и Костин Дол.

КАМПАЊА „ ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ “ Со соодветни образовни предавања започна кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот" во основните училишта и детските градинки. Со фактот дека пешаците, а особено помладите и понатаму се една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, во оваа кампања се вклучени деца од одделенска настава како и повозрасните групи на деца од детските градинки. Главна цел на кампањата е спроведување на стратегијата „0 деца жртви во сообраќајот". Во периодот од 11-ти до 13 Септември 2013 година страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во соработка со ООУ „СВ.Кирил и Методиј" и ЈОУДГ „Бамби", беше реализиран првиот дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот". Непосреден ангажман имаше и локалната самоуправа, особено во делот на сообраќајното уредување на пешачките премини пред училиштата и детската градинка. „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ се спроведува во текот на месеците Септември и Октомври, при што вториот дел од сообраќајниот буквар ќе биде презентиран во текот на месец октомври.

6

www.makedonskakamenica.gov.mk


ДРУГАРСКА ПЕНЗИОНЕРСКА ВЕЧЕР Здружението на пензионери од Македонска Каменица по повод верскиот празник „Мала Богородица“ како и изминатите години организираше другарска вечер за своите членови. Претседателот на Здружението на Пензионери од Македонска Каменица, г-дин Видан Коневски и Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски во своите обраќања ги поздравија присутните гости, им се заблагодарија на покровителите на овој настан и посакаа уште многу години заедничко дружење.

ТРАДИЦИОНАЛНА МЕЃУГРАНИЧНА СРЕДБА „РУЕН 2013“

Во сабота, на 14 Септември 2013, на врвот Руен (2252м) на Осоговските планини се одржа Традиционалната меѓугранична средба - Руен 2013. Средбата се организира помеѓу општините Македонска Каменица и Крива Паланка, Македонија и општина Ќустендил, Бугарија. Годинава настанот го организираше Еколошко друштво „Здравец“ со поддршка од општина Македонска Каменица и локални фирми и претпријатија.

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

7


МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2013 Општина Македонска Каменица се приклучи кон големата национална акција „Македонија без отпад 2013“. Целта на акцијата е да биде собран отпадот расфрлан низ природните средини, подигање на еколошката свест кај населението, да се придонесе за здрава и чиста животна средина и да се овозможат оддржливи решенија за управување со отпадот во Република Македонија. Во акцијата која се спроведе во атарот на село Моштица, Македонска Каменица, се вклучија вработени од Јавното Претпријатие „Камена Река“, вработени и ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“, Центарот за управување со кризи и локалното население.

ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБИР НА ЕЛЕНЕЦ На 14 Октомври 2013 година, по повод големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица, кај истоимениот манастир, на месноста Еленец, село Цера традиционално се оддржа голем црковно-народен собир. Сончевото време и добрата организација беа дополнителен мотив за повеќе од четири илјади верници да бидат дел од овој голем настан. За гостите дојдени од сите краеви на Македонија организаторите подготвија бесплатен оброк подготвен на традиционален македонски начин. Овој собир беше организиран од Црковниот Одбор при манастирот„Покров на Пресвета Богородица“ со поддршка на општина Македонска Каменица и локалното Здружение на Пензионери. Општина Македонска Каменица интензивно работи на реконструкција и преадаптација на манастирските конаци, на подобар пристап до манастирот и популаризација на овој преубав крај. За таа цел, преку IPA Програмата за прекугранична соработка се обезбедени околу 300.000 евра. Веќе се завршени земјените работи на пристапен пат и наскоро тој ќе биде асфалтиран, ќе бидат реконструирани два од манастирските конаци, ќе биде изградена еко-патека до манастирот и ќе биде поставена соодветна урбана опрема. Со овие активности, манстирско-туристичкиот комплекс Еленец ќе биде едно од најатрактивните места за еко-туризам во Источна Македонија.

8

www.makedonskakamenica.gov.mk


ФОЛКЛОРНИОТ КАРАВАН НА „ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО“ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ООд 13 13-ти до 18 18-ти ССептември 2013 година се оддржа 28 Меѓународен Мѓ Ф Фолклорен Фестивал Ф „Истибањско И б здравоживо“.“ РРоманија, ј ССловачка, Ерменија, Србија, Молдавија, Нигерија, Украина, Словенија, Турција, Бугарија и многу домашни фолклорни ансамбли и друштва беа дел од овој фестивал. На 15-ти Септември Фолклорниот караван на „Истибањско здравоживо“ гостуваше и во Македонска Каменица. Најпрвин беше одржано дефиле по градските улици, а вечерта гостите настапија на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Домаќин на вечерта беше Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ со поддршка од Културно-информативниот центар „Романса“ и Општина Македонска Каменица. у у у у у

КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО „ВЕРА ЈОЦИЌ“ ККултурно-уметничкото друштво „Вера В ЈЈоциќ“ ќ“ е друштво на вљубеници во народните песни и ора од регионот на Македонска Каменица. Неговите почетоци датираат од 1960 година, кога во склоп на Рудник „Саса“ започнува со работа фолклорна група која постепено ширејќи се, во 1980 година прераснува во културно-уметничко друштво, кое го добива своето име по народниот херој Вера Јоциќ. Моментално, членовите на друштвото се распоредени во три групи: детска, младинска и група на ветерани. Во рамки на друштвото функционираат и стилизиран оркестар и оркестар на изворни инструменти. Во КУД „Вера Јоциќ“ се негуваат игри, песни, ора и обичаи од богатата фолклорна културна ризница на Македонија, претежно со мотиви од нашето поднебје. Најпознати од нив се: „Источно“, „Повардарие“, „Пирин“, „Водарки“, „Осоговка“ и многу староградски македонски песни и обичаи. Во својата богата

историја друштвото има издадено разновиден аудио и видео материјал. За актуелизирање и промоција на македонската традиција и култура КУД „Вера Јоциќ“ има учествувано на голем број фестивал, домашни и меѓународни. Особено значајни и забележителни беа настапите на фолклорни фестивали во Романија, Бугарија, Полска, Андора, Шпанија, Германија, Словачка, Турција, Хрватска. Во последниот период друштвото настапи на локалната манифестација „Каменичко Културно Лето 2013“ и на меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо 2013“

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

9


ПРВА ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Во рамки на манифестацијата Каменичко Културно Лето 2013 беше организирана и „Прва изложба на олдтајмери“ во Македонска Каменица. Изложбата се одржа на 28 Август од 10.00 до 16.00 часот. Околу триесетина возила беа вистинска атракција за граѓаните. Вљубеници во старите и атрактивни возила пристигнаа од сите краеви на Македонија. За сите учесници на Изложбата на олдтајмери општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ обезбедија доручек и ручек, како и ваучери за освежителни пијалоци на штандот на Градскиот плоштад. Олдтајмерите ги разгледаа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот д-р Дарко Митевски, пратеникот Влатко Ѓорчев, директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски, градоначалници од соседните општини и локални функционери и раководители. Организаторите на Изложбата ветија дека догодина таа ќе добие натпреварувачки и меѓународен карактер.

10 0

www.makedonskakamenica.gov.mk


КАМЕНИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2013 на Пресвета Богородица - Голема Богородица, кој воедно е и Ден на Општината и Ден на рударите. Посетителите имаа можност да присуствуваат и да уживаат во неколку настани организирани од општина Македонска Каменица, предводена од градоначалникот д-р Дарко Митевски и Културно-информативниот Центар „Романса“. Последниот ден од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2013“ започна со Изложба на олдтајмери, која се организира за прв пат во Македонска Каменица, имаше ревијален карактет, а сите учесници добија Благодарница за учество. Следуваше пуштањето во употреба на новоизграденото повеќенаменско спортско игралиште. На свеченоста присуствуваа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пратеникот Влатко Ѓорчев и директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски. Вечерта се случи вистинска ерупција од енергија. Последен концерт во рамки на Каменичко Културно Лето 2013. Настанот го водеше Снеже Велков, а прв на големата сцена се појави Влатко Илиевски. Неговите хитови беа одлична најава на она што допрва следуваше. По поздравните говори на Директорот за развој и инвестиции во Рудник „Саса“, Максим Прохоров и на градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски запошно двочасовното шоу на Жељко Самарџиќ. Незаборавно искуство, позитивна и разиграна енергија и исклучителна забава која финишираше со спектакуларен огномет. Организаторите пресметаа дека годинашното Каменичко Културно Лето ги урна сите претходни рекорди. Илјадниците посетители можеа да уживаат во десетдневната програма, а манифестацијата е оценета како најурбана манифестација од музичкосценски карактер не само во Источна Македонија туку и пошироко. На големата сцена на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, настапија диџеите Гоце САФ и Димитри фром Чаир, кавер бендовите Лабаво Лаваби и ПМ (Пи Ем), етно составите Били Естебан и Ајдаред, Викторија Лоба, Александар Тарабунов, реномирани културно-уметнички друштва, Уска Кан Оркестар, Влатко Илиевски, Фолтин и балканската поп икона Жељко Самарџиќ. Од Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот Центар „Романса“ им се заблагодаруваат на сите граѓани на Македонска Каменица, на спонзорите и на медиумските покровители за несебичната поддршка и труд се да помине во најдобар ред и воедно ги покануваат сите љубители на добра музика и извонредна кујна да бидат дел од Каменичко Културно Лето 2014. Со спектакуларниот концерт на Жељко Самарџиќ заврши петтото издание на „Каменичко Културно Лето“. Атмосферата пред настапот на големата балканска поп икона ја загреа македонскиот шармер Влатко Илиевски. И годинашниов спектакл ќе остане запаметен кај илјадниците посетители како уште една успешна приказна, а Македонска Каменица покажа и докажа дека е подготвена за организација на големи настани. Реки народ, колони возила пристигаа во текот на последниот ден од манифестацијата, цела Источна Македонија беше сплотена на едно место, а гостопримлива Македонска Каменица срдечно ги прими сите гости на големиот верски празник Успение

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

11


ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА „Јас, Јаков, од родното ми место наречено Kамена Река, во полите на Осоговските Планини, излегов од Македонија, мојата татковина, дојдов во градот Венеција и почнав да ја работам оваа книга на 15 мај 1566 година, а ја завршив на 30 август истата година“. Вака, меѓу другото, напишал во поговорот на својата прва печатена книга „Часослов“ првиот македонски печатар Јаков од Kамена Река, топоним на неколку километри од Македонска Kаменица каде што била една од локациите на денешното рударско гратче. Раскошната за тоа време книга, Јаков, како што пишува, ја печати во 1566 година, 111 години по печатењето на Библијата од страна на Германецот Јохан Гутенберг, пронаоѓачот на техниката за печатење со подвижен слог, со што Македонците се вбројуваат меѓу народите што меѓу првите го прифатиле револуционерното откритие на Гутенберг. Македонскиот Гутенберг во тие тешки години за Македонија, кога згаснала секаква издавачка дејност, кога била замрена и богатата дејност на црквите и на манастирите, го донел првиот проблесок на европската култура надградувајќи ја на нашата претходна богата книжевна традиција. „Часословот“, црковно-религиозна книга, напишана на старословенски јазик, која некогаш се користела за црковни обреди и за молитви, но, според нашите научници, е исклучително значајна и од културноисториски аспект, а Јаков македонската култура и духовното творештво ги вметнал во европските текови. За Јаков се знае многу малку и, за жал, за него ретко кој слушнал во неговата Македонија. Во родната му Kаменица, пак, на него потсетуваат само две работи – улицата што се вика Јаков и големата табла на локалното јавно комунално претпријатие „Kамена Река“, на која, освен името на фирмата, пишува и Јаков од Kамена Река, а има и слика што илустрира стар печатар зашто досега не е пронајден некаков цртеж со ликот на Јаков. Всушност, најмногу податоци за себе, кои нудат основа за натамошни истражувања, си оставил самиот Јаков во поговорот на „Часословот“. Еден примерок од книгата се чува во НУБ „Kлимент Охридски“ во Скопје, еден бил пронајден во 1968 година во куќа во Струга каде што книгата се чувала како семејна реликвија од колено на колено. Се претпоставува дека можеби ја има и во други домашни библиотеки, но луѓето веројатно не знаат со што располагаат. „Часословот“ има 563 страници, печатен е на формат 14,5 на 9,5 сантиметри, секоја полна страница има 22 реда, илустрирана со цртежи и со орнаменти што Јаков ги правел сам. Текстуалниот дел бил збогатен со 47 знаменца и со вињети и со 31 илуминација - отпечатоци од оригинални дрворези. Од техничка и од уметничка страна тоа било една од

12 2

најбогатите отпечатени книги во таа печатница, а брзото печатење за тоа време на книгата, за три и пол месеци, укажувало дека Јаков имал солидни познавања за печатарството. Академик Харалампие Поленаковиќ пред 40 години запишал дека „работата на Јаков, првиот печатарМакедонец, се развивала во Венеција, во печатницата на Божидар Вуковиќ, со која изгледа некое време раководел. Д-р Михајло Георгиевски подоцна пишува дека Јаков ја изнајмил, а можеби и ја купил од синот на Божидар, Виценцо. Според скромните историски сознанија, Јаков дошол во Венеција во 1565 година по долго и тешко патување. Црногорскиот војвода и културен деец Божидар Вуковиќ веројатно ја отворил печатницата во 1519 година откако претходно, по освојувањето на Црна Гора од Турците, заедно со симнатиот црногорски владетел Ѓураѓ Црноевиќ, ја напуштиле родната земја и дошле во Венеција. Во печатницата Божидар отпечатил повеќе богослужбени книги. Во 1540 година тој починал, а печатницата ја наследил син му Виценцо. Но, работата му тргнала лошо и препечатил само неколку книги од татко му. Јаков во поговорот запишал дека во печатницата нашол стари и одамна неупотребувани калапи. Подоцна работата тргнала, а книги од таа печатница се носеле во ретките книжарници на Балканот, меѓу кои и во Скопје, во книжарницата на Kара Трифун. Се смета дека Јаков во Венеција отишол со солидна техничка култура стекната овде, најмногу од германското рударско племе Саси, кои во неговиот роден крај дошле уште во 13 век да го раздвижат тогаш подзамреното рударство. Од нив му останало и името на денешното каменичко село Саса каде што е и денешниот истоимен рудник за олово и цинк. Се претпоставува дека и името на селото Kалиманци е останато од другото германско племе Алимани, кое на овие простори се задржало пократко за разлика од Сасите, кои останале до 17 век. Предизвик за истражување на ликот и делото на Јаков можеби ќе бидат и записите на сопствениците на печатницата во Венеција во која работел тој. Во поговорот на Молитвеникот од 1520 година Божидар Вуковиќ напишал дека во Венеција дошол од „землје Диоклитије еже јест в пределех македонских от града нарицајемаго Подгорица“. Син му Виценцо, пак, прогласот до високи црковни достоинственици и владари на балканските христијански земји, отпечатен во 1546 година во Псалтир, го упатил до „благочестиним Мацедоние, Шервие, Босне, Сримске земје и осталим кнезом христијанских...“ автор на текстот: Љупчо Шатевски (текстот е објавен во дневниот весник „Дневник“)

www.makedonskakamenica.gov.mk


СПОМЕН КОСТУРНИЦА ВО СЕЛО ЦЕРА Во подрумот на училиштето во село Цера се наоѓа еден од најзначајните историски споменици на територијата на општина Македонска Каменица. Изградена пред околу 75 години, Спомен Костурницата денес е заборавена и од посетителите и од институциите. Само повремено, љубопитници доаѓаат, ја видуваат и си одат. Локалните жители ја изградиле сами. Песок и камења носеле на грб, а коските на загинатите ги собирале со месеци. До Костурницата води асфалтен пат кој поминува низ убави шуми и пасишта на Осоговските планини. Инаку, ова спомен обележје е нем сведок на трагичната македонска историја, но и паметник за илјадниците српски, бугарски и македонски војници во туѓи униформи кои учествувале во битката на месноста Говедар во Втората Балканска војна,

по која се исцртани новите граници на Македонија. Овој споменик е сведок на македонската трагедија и во овој крај надолго и нашироко се раскажуваат вистински приказни за братоубиствената војна на Македонците кои биле принудени да се борат за туѓи идеали и на различни завојувани страни. Влагата на ѕидовите и лошата состојба на полуотворените гробници во кои се наоѓаат коските на загинатите војници во битката на Говедар говорат за колективната негрижа. Конечно годинава, кога навршија и сто години од Втората Балканска војна, општина Македонска Каменица обезбеди средства, и најверојатно преку Културно-информативниот центар „Романса“ наскоро ќе се започне со санација на ова значајно културно наследство.

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

1 13


ВЛАДИКАТА ИЛАРИОН ВО МАКЕДОНСКАКАМЕНИЦА

На 12 Октомври 2013 година во работна посета на Македонска Каменица беше Митрополитот на Брегалничката Епархија, владиката Иларион. Владиката го посети храмот „Успение на Пресвета Богородица“, а оствари средба со градоначалникот на Општината, д-р Дарко Митевски и со претседавачот на Советот, г-дин Мице Бошкоски. На средбата се разговараше за доуредување на просторот околу црквата „Успение на Пресвета Богородица“ како и за довршување на фрескоживописот. По завршувањето на работниот состанок владиката Иларион имаше можност накратко да прошета низ Македонска Каменица и да се запознае со реализираните проекти на локалната власт.

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

14 4

На 16 Октомври 2013 година, во официјална работна посета на општина Македонска Каменица беше Заменик министерот за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски. Заменик министерот и градоначалникот на Општината, д-р Дарко Митевски остварија средба на која се разговараше за моменталната состојба во Македонска Каменица, за локалните проблеми на граѓаните, за начините на нивно решавање и други актуелни прашања. По работната средба и по дадените изјави за медиумите Градоначалникот Митевски на Заменик министерот Сајкоски му ги презентираше најкрупните проекти реализирани во претходниот период како и проектите кои се во фаза на реализација.

www.makedonskakamenica.gov.mk


РАБОТЕН СОСТАНОК НА ОПШТИНСКИ ОГРАНОК НА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА СОПСТВЕНИЦИ НА ПРИВАТНИ ШУМИ На 15 Октомври 2013 година во просториите на Општина Каменица од 16:30 часот беше оддржан редовен состанок на Општинскиот Огранок Македонска Каменица на Националното здружение на сопственици на приватни шуми (НЗСПШ). Овој состанок е редовна програмска активност на НЗСПШ во текот на 2013 година како дел од циклусот на состаноци во 16 од 25 општински ограноци на НЗСПШ. Досега се оддржани 9 состаноци, а во наредниот период останува да се реализираат уште 7 состаноци. Дневниот ред по кој се оддржуваат состаноците е ист за сите ограноци на НЗСПШ, а покрај теми кои се процедурални вклучува точка за појава која во моментот е актуелна во цела Македонија. Станува збор за новите промени на Законот за шуми, по кои, Ј.П. „Македонски Шуми“ преку неговите поддружнице повеќе не може да дава услуга на сопствениците на приватни шуми во поглед на, популарно нареченото, маркирање, прием на дрвна маса и издавање на испратници во шума и надвор од шума. Тоа од сега ќе го работат исклучиво лиценцирани шумарски правни и физички субјекти. Во исто време со промените се забранува и т.н. селска сеча, популарната мерка со која руралното население се снабдуваше со огревно дрво од државните шуми. Оваа состојба на терен уште повеќе е усложнета со немањето на доволен број на лиценцирани субјекти кои ќе ги покријат сите подрачја во Македонија. Единствена олеснителна околност во ваквата ситуација, претставува фактот, што традиционално во некои подрачја сопствениците поднеле барања за користење на своите шуми во подружниците на Ј.П. „Македонски Шуми“ пред забраната и за оваа година ќе се обезбедат со огревно гориво. Од друга страна, во подрачјата каде тоа традиционално се врши после месец јуни, сопствениците имаат реален проблем да ги користат своите шуми поради непостоење на лиценциран субјект во близина. Само како за пример, во општините во Струмичкиот регион, Радовиш, Конче, Штип, Свети Николе и Велес, каде НЗСПШ досега оддржа состаноци, не постои ниту еден лиценциран субјект, па сопствениците од овие општини мора да бараат услуга од лиценцирани субјекти кои работат во други општини. Во Македонска Каменица проблемот со лиценцираните субјекти не е толку изразен оваа година, бидејќи поголем дел од сопствениците добиле услуга од Ј.П.„Македонски Шуми“, додека останатиот дел добива услуга од лиценцираните субјекти кои работата во општините Берово, Делчево и Виница. На состанокот, НЗСПШ, изврши промоција на државната Програмата за проширена репродукција на шумите, во која на сопствениците на приватни шуми им стојат на располагање 2 поддршки, за пошумување и проереда на млади шуми до 30 годишна возраст. На состанкот бе присутни 10 члена на здружението од Општина Македонска Каменица, претседателот и националниот координатор на НЗСПШ и претставник од холандската развојна организација CNVP. автор на текстот: Дарко Скендерски Национален Координатор на НЗСПШ

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

1 15


арекуваме Ден Ноќта што ја н т то го будат дено Звуците на утро те и Сонцето се раѓа, ци се љушпат обла намамуваат пленот го и ац зр а паѓа. кревките монета врз глав на си ко о а небот лно. И се е така идеа а ноќ сеуште ечи т ка Ехото од тив иот поспан дух, пречи ан т лу им го теши за аат и ништо не дишаат, се ниш от си развиле слух. мислите во етер . А се е така тивко грева за плес И дур Окото се за т во својата дупка, го пикнува мрако рада која нема влез ог и прескочуваат нки од новата пупка. се е ит воскреснат аро. ст по а ак А се е т

Да можеш иако

не е потребно..

Можеш ли да ме сл Како чекорам во ушнеш? ритам со твоја т и ги будам полу мртвите сонови а сенка оковани во одај , ат ко зли духови во а на твојата душа ск Можеш ли да ме реснати без причина. ви Кога влегувам ск диш? ри и ги толчам вино шум во твоите очи вбризгани во ш житата, ар ко вечни бои - ро енилото на твоето слепило бо Можеш ли да ме ви на мртвата природа. допреш? Без да те осетат и да го скротиш чуварите на страстта он намами ги љубов а што дивее во мене, истреси ги врз м ните облаци и ојата осаменос т.

и! ра момент граб ст ек , и н а р о н а Кој р те момент и Ако останеш уш ката која ги успива ѕвездите ев см на ш ќе ја види ро Денот секое ут Месечината, икот кој го буди на го гали твоето кр ш не уш сл го ли ќе пирот чија топ и ќе го осетиш до лице. те момент Ако останеш уш лината на небото вечерва, ет св уште еднаш ќе ја намамиш ото да се одбие пир се кротиш. ех аш ќе го натер до ј нежноста во чи и ќе ја украдеш е момент т Ако останеш уш етката на Синилото, м на ш че ле об ја те пазуви ќе нцето под свои ата Принцеза. Со иш чн ќе го намам со е два. во стилот на Пе и ќе танцуваш е момент, остани барем ушт т уш еш ан т Ако ос

Збогум на 21-от

век!!

Бакни го небот о заведи ги ѕвезди т и заплови низ Га е лактиката. Дај им нека ти ја нахрани ги - стре исцицат крвта лај во сржта, падни во кома и воскресни на друг свет, во др сам себе Бог и св уга ера оја вера, прероден во суш т без навици, без ество чувства, со жолта крв во ве и вечен живот во ните биди влажна се корените, нк зачекори и заво а на Злото ју ископај ги мртви вај под свое мото, дај им пулс, вбри те, од смртта укради ги зг пороби ги и завл ај им живот адеј во Земјата на слепите каде Едноокиот е Крал! автор: Влатко

16 6

www.makedonskakamenica.gov.mk

Коцевски


ЗАПОЧНА НОВАТА УЧИЛИШНА ГОДИНА

На 3-ти Септември 2013 година и официјално започна новата учебна година за учениците од основното и средното образование во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица. Градоначалникот д-р Дарко Митевски беше во посета на образовните институции во општина Македонска Каменица и им посака успех на сите ученици, да бидат примерни и трудољубиви, да се стекнат со многу знаење, зашто тоа е единствен пат до успехот. На новите првачиња им го честиташе првиот училишен ден и им додели скромни подароци. Пред учениците беше презентирано и новото мултифункционално спортско игралиште, а во насока на подобрување на условите во образованието, и официјално беше пуштено во употреба новото монтажно училиште во село Моштица, Македонска Каменица.

И РУДНИК САСА СО ПОДАРОЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ По повод почетокот на новата учебна година во образовните институции во општина Македонска Каменица претставници од Рудник „Саса“ ги посетија училиштата и детската градинка. Како и претходните неколку години, така и годинава, од раководството на Рудникот беа подготвени подароци за учениците. За дечињата беа подготвни пакети со училишен прибор и помагала кои значително ќе им го олеснат следењето на наставата. Од Рудникот беше ветено дека ваквата соработка со образовните институции ќе продолжи и дека во иднина таа дополнително ќе се продлабочува.

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

1 17


РЕВИЈАЛНИ НАТПРЕВАРИ НА БАСКЕТ КАМ Во рамки на мини-спортскиот настан кој се оддржа во Македонска Каменица, а по повод државниот празник 8-ми Септември спортско дефиле имаше и Кошаркарскиот Клуб од Македонска Каменица, Баскет Кам. Ревијалните натпревари се одиграа помеѓу членовите на Кошаркарскиот Клуб, а публиката имаше можност да го види брзиот напредок на младите кошаркари и нивниот раскошен талент. Иако КК Баскет Кам функ-

ционира краток период забележителен е развојот кај дечињата и голем дел од младите таленти веќе будат интерес за ангажман од големите кошаркарски клубови во државата. Клубот од Македонска Каменица засега функционира единствено со поддршката од општина Македонска Каменица и наскоро ќе ја започне новата натпреварувачка сезона, во која се очекуваат уште позабележителни резултати и успеси.

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

По повод државниот празник 8-ми Септември-Ден на независноста на Република Македонија, општина Македонска Каменица во соработка со Основното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ и Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица организираа спортски натпревари во неколку спортови: баскет, кошарка, ракомет и мал фудбал. Спортскиот мини хепенинг се одржа на Новото повеќенаменско игралиште во Македонска Каменица. Натпреварите беа од ревијален карактер и во функција на промоција на спортот кај младите, а се одржаа на 5-ти и 6-ти Септември 2013 години. Мото на мини-спорскиот настан беше: Нашето единство, наша победа! 22 години независна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

18 8

www.makedonskakamenica.gov.mk


ɉɈȼȺɀɇɂ ɌȿɅȿɎɈɇɂ ȼɈ ɆȺɄȿȾɈɇɋɄȺ ɄȺɆȿɇɂɐȺ ɉɈɅɂɐɂȳȺ ɉɊɈɌɂȼɉɈɀȺɊɇȺ ɋɅɍɀȻȺ ȻɊɁȺ ɉɈɆɈɒ ɂɇɎɈɊɆȺɐɂɂ ɆȿɒɈȼɂɌȺ ɉɈɅɂɐɂɋɄȺ ɋɌȺɇɂɐȺ ȳȺȼɇɈ ɉɊȿɌɉɊɂȳȺɌɂȿ “ɄȺɆȿɇȺ ɊȿɄȺ“ ɆȺɌɂɑɇȺ ɋɅɍɀȻȺ ȾȿɌɋɄȺ ȽɊȺȾɂɇɄȺ “ȻȺɆȻɂ“ ɈɋɇɈȼɇɈ ɍɑɂɅɂɒɌȿ “ɄɂɊɂɅ ɂ ɆȿɌɈȾɂȳ“ ɋɊȿȾɇɈ ɍɑɂɅɂɒɌȿ “ɆɂɅȿ ȳȺɇȿȼɋɄɂ ȹɂɇȽȺɊ“ ɁȾɊɍɀȿɇɂȿ ɇȺ ɉȿɇɁɂɈɇȿɊɂ ɄɈɆȿɊɐɂȺɅɇȺ ȻȺɇɄȺ ɋɌɈɉȺɇɋɄȺ ȻȺɇɄȺ ɆȺɄȿȾɈɇɋɄɂ ɉɈɒɌɂ ȻȿɇɁɂɇɋɄȺ ɉɍɆɉȺ ɆȺɄɉȿɌɊɈɅ ɏɂȾɊɈɐȿɇɌɊȺɅȺ “ɄȺɅɂɆȺɇɐɂ“ ɌɊȺɎɈɋɌȺɇɂɐȺ ɊɍȾɇɂɄ “ɋȺɋȺ“

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

192 193 194 188 431 432 431 431 431 431 431 432 431 431 431 431 431 279

1 19

201 694 217 227 416 266 404 283 415 100 261 210 431 200



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.