Kamenicko oko br 16

Page 1

ВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА БРОЈ 16 ЈУЛИ 2013 ГОДИНА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК


СОДРЖИНА 3 страна Меморандум за соработка 4 страна Ново монтажно училиште во село Моштица Контрола на популацијата на бездомни кучиња 5 страна Прва меѓуопштинска форумска сесија помеѓу Македонска Каменица и Делчево 6 страна Прием за наградените на „Детски семафор“ 7 страна Промена на раководната позиција во ЈП „Камена Река“ 8 страна Бабина баница 2013 9 страна Избор за најубаво украсено велигденско јајце 10-11 страна Поезија 12 страна Св. Кирил и Методиј 13 страна Каменица во срце те носам 14-15 страна Баскер Фест 2013 Македонска Каменица 16-17 страна Низа успешни настапи на КУД „Вера Јоциќ“ 18 страна Нашите млади физичари со значителни успеси 19 страна Меморијален турнир „Миле Јаневски Џингар 2013“ КАМЕНИЧКО ОКО 16 Општина Македонска Каменица тел/факс: 033 432 741 web: www.makedonskakamenica.gov.mk адреса: ул. Каменичка бб издавач: Општина Македонска Каменица за издавачот: д-р Дарко Митевски уредува: Васко Десподовски дизајн и печатење: Eвропа 92 Кочани тираж: 2000 примероци


МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА Италијанска делегација предводена од градоначалниците на општините Рикалдоне и Касине, беа гости на општина Македонска Каменица. Во текот на нивната неколкудневна посета ги посетија најзначајните индустриски капацитети и културни обележја, а пред нив беше промовиран и проектот за изградба на Индустриска Зона во Македонска Каменица. Заедно со градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски беа во посета и на Рудникот „Саса“. Гостите се запознаа со функционирањето на Рудникот и неговото огромно економско значење за Македонска Каменица.

На 20 април 2013 година, во просториите на општина Македонска Каменица беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Македонска Каменица и општините Касине и Рикалдоне, Италија. Во присуство на членовите на Советот на ЕЛС Македонска Каменица, раководители на институции и бизнис-оператори, градоначалниците на трите општини го потпишаа Меморандумот за соработка во областа на економијата, образованието, културата и спортот. Потпишаниот Меморандум е од огромно значење и за иселениците од Македонска Каменица кои живеат и работат во Италија.


НОВО МОНТАЖНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО МОШТИЦА Еден од првите покрупни и позначајни проекти кој започна со реализација во вториот мандат на градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски е изградбата на монтажно училиште во село Моштица, Македонска Каменица. Овој проект е од огромно значење за развој на оваа рурална средина и за непречено одвивање на наставата во селото. Монтажниот објект за Подрачното училиште на Општинското Методиј“ во с. Општ Оп Општ ш ин штин инсск инск сското скот отоо Ос Основно Училиште „Св. Кирил и Методиј

Моштица, општина Македонска Каменица е со површина од 109 метри квадратни. Објектот е енергетски ефикасен, има санитарни јазли, две училници, ходник и просторија за котел за греење.. Училиштето чини околу 3 милиони денари , а инвеститор е Министерството за образование и наука. Старата училишна зграда ќе биде реконструирана и пренаменета за потребите на жителите од Месната Заедница во село Моштица.

КОНТРОЛА НА ПОПУЛАЦИЈАТА НА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА Општина Македонска Каменица, согласно меѓународните стандарди, започна со контрола на популацијата на бездомни кучиња. Заради заштита од болести кои ги шират кучињата скитници, заради здравствена заштита, благосостојба и хуман третман на бездомните кучиња склучен е договор со Ветеринарната станица ДООЕЛ Дел-Вец од Делчево, која има обврска да воспостави функционален систем за контрола на бројот на бездомни кучиња. Во таа насока, вработените во оваа Ветеринарна станица последниве неколку денови се на територијата на општина Македонска Каменица и работат на собирање на кучињата-скитници и нивно носење во стационарот во Делчево. На овој начин се врши заштита на локалното население од напади од кучиња-скитници, хуман третман на кучињата и создавање можност за нивно вдомување. у

4

www.makedonskakamenica.gov.mk


ПРВА МЕЃУОПШТИНСКА ФОРУМСКА СЕСИЈА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И ДЕЛЧЕВО Првата форумска сесија од меѓуопштинскиот форум на општините Македонска Каменица и Делчево се одржа на 28 мај 2013 година, во големата сала на Ресторан „Саса“ со почеток во 13:00 часот. Овие две општини во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка SDC и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за првпат работеа на Програмата„Форум во заедницата“. Програмата „Форуми во заедницата“ има за цел учество на граѓаните и донесување одлуки во рамки на локалното живеење. Целта е преку форумскиот процес и форумите, што се одржуваат еднаш месечно во општината, граѓаните да се вклучат во локалното решавање на нивните приоритетни проблеми. Форумската сесија ја отвори модераторот Гонце Јаковлеска од Маке-

донскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како имплементирачка организација. На граѓаните им се обратија и комодераторите од двете општини, Димче Митрески - извршен директор на МЦМС, градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски и претставникот на општина Делчево, Тони Стоименовски. Форумот се одржува на тема „Собирање на отпад” која е од заеднички интерес и бара меѓуопштинска соработка. На оваа тема граѓаните во престојниот период ќе имаат можност да дебатираат, да ги идентификуваат проблемите и да понудат нивно конкретно решавање. На првата форумска сесија беше формирана и структурата на форумот при што граѓаните се определија за работа во една од работните маси.

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

5


ПРИЕМ ЗА НАГРАДЕНИТЕ НА „ДЕТСКИ СЕМАФОР“

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски организираше прием за наградените ученици на републичкиот натпревар во „Детски семафор“. Учениците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ најпрвин се натпреваруваа на регионален натпревар кој се одржа на 18 мај 2013 година. На регионалниот беше освоено прво место во екипна конкуренција и две први места во поединечна конкуренција, за учениците Мартин Симоновски и Деспина Стоиловска. На педесеттото јубилејно издание на Државниот натпревар по сообраќајно-техничка култура „Детски семафор“ кој се одржа во Скопје на 19 мај 2013 година најуспешни беа учениците од нашето основно училиште, и тие беа победници во екипна конкуренција пред учениците од Кисела Вода и Берово. На Државниот натпревар беа освоени и две први и три втори места во поединечна конкуренција. Во категоријата „мала група“ - женска конкуренција Евгенија Пауновска го освои првото место, додека второпласирана беше Ивана Дончевска. Во категоријата „мала група“ - машка конкуренција Марио Ристов беше второпласиран. Во категоријата „голема група“ - женска конкуренција Деспина Стоилова го освои второто место, а во истата категорија, во машка конкуренција најдобар резултат и заслужено прво место оствари Давор Китановски. Сите ученици настапија под менторство на наставникот Васко Станковски. Организаторот на Државниот натпревар „Детски семафор“, Републичкиот совет за безбедност на патиштата, првопласираните Евгенија Пауновска и Давор Китановски ги награди со велосипеди.

6

www.makedonskakamenica.gov.mk


ПРОМЕНА НА РАКОВОДНАТА ПОЗИЦИЈА ВО ЈП „КАМЕНА РЕКА“ Во Јавното Претпријатие „Камена Река“ Македонска Каменица се изврши примопредавање на раководната позиција. На местото на досегашниот ВД Директор, дипл. инг. агроном Пецо Димовски, за нов Директор е назначен дипл. руд. инг. Јовица Велиновски. Веќе поранешниот и идниот раководител на ЈП „Камена Река“ беа на прием и кај градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски.

На средбата, Градоначалникот на досегашниот ВД Директор, г-дин Пецо Димовски му се заблагодари за соработката, а на идниот Директор, г-дин Јовица Велиновски му ја честиташе новата функција и му посака многу успеси во подобрувањето на комуналните услуги и решавањето на сите комунални проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Македонска Каменица.

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

7


БАБИНА БАНИЦА 2013 На втори јуни 2013 година, на месноста Еленец, во село Цера, Македонска Каменица, се одржа манифестацијата „Бабина баница 2013“. Оваа манифестација беше организирана од Здружението на пензионери на Македонска Каменица со поддршка од општина Македонска Каменица и градоначалникот д-р Дарко Митевски. Околу пет илјади гости од сите краишта на Македонија присуствуваа на најмасовниот настан во Источна Македонија. Програмата се состоеше од два дела: ревијален културно-забавен дел со музичко-сценски настапи на членови на Здруженија на пензионери и натпреварувачки кулинарски дел. На натпреварувачкиот дел се подготвуваа баници под вршник на традиционален македонски начин. Комисијата за победничка ја избра екипата „Манастир Еленец“ од Македонска Каменица, втори беа „Мери Пеце“ од Штип, а третопласирани „Три воденици“ од Крива Паланка. Наградите на најдобрите им ги врачи претседателот на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, господин Видан Коневски. За сите посетители на настанот беа подготвени околу 3 500 килограми традиционален македонски оброк.

8

www.makedonskakamenica.gov.mk


ИЗБОР НА НАЈУБАВО УКРАСЕНО ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ По повод Велигденските празници, на платото пред црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица се одржа мала манифестација - Избор на најубаво украсено велигденско јајце. Изборот беше организиран од Општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар „Романса“, а за таа цел беше формирана тричлена Комисија која ги избра најубавите три украсени јајца. Градоначалникот на Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски се обрати пред учесниците и присутните на манифестацијата и им честиташе на победниците. За првите три места општина Македонска Каменица обезбеди пригодни парични награди.

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

9


Кога човек може да помести планина но, не и таа што сака.. Слушнав гласини дека смртта патува како звук од птица слушнав дека Јас ќе стојам на крајот од пиратската штица, дали треба да бидам среќен што јас го слушнав? Дали имам храброст да ‹се пуштам› откако се гушнав? Деновиве се раѓа мелодија која како сиви облаци кружи деновиве ја лапнаа и единствената причина да се продолжи, накиснативе чувства претрпуваат неизбежна трансформација накисната е и перницата под која соновите прават реформација. Долетаа понесени од таинствена но, слатка кауза долетаа и со себе донесоа нечие име, нова муза, а моето шесто сетило чепкајќи најде нешто како упатство а тоа да ти било мапа до проклето посакувано богатство, уште пред да посегнам се допрев но, на погрешно место уште еднаш погледнав, а оттогаш се губам често, можеби Таа слета на моето дрво но, не го вкуси плодот можеби Тој нетребаше да биде Јас кој ќе остане на бродот, сега брановите се тивки, морето голтна Се што е мое сега стои ко дамка силуетата на Месечината на лицето твое.

И кога крајот е само почеток на нов сон Смртна постела и мало дрвено столче нејзиното тело како паднат лист меѓу нив клечам како книжно молче грицкајќи ја последната страна. Ги гледам тие очи, затворени и тивки ги допирам усните на кои сонови кроев каде е скокот на хемоглобинот, обвивки со погледот солзи толчев и ги броев. Мртва девојка пред мене, а јас мртов сум? Дозволи ми да го кажам тоа што неможев дозволи да потонам во момент последен да бидам со нејзе , те молам Боже! Ако не е љубов тогаш нека биде Смрт посаден како семка, под земја како крт отвори ја портата, заслепи ме со светлина дозволи ми да бидам дел од рајската идила!

10 0

www.makedonskakamenica.gov.mk


И .. До кога ?!.... До кога? И дали воопшто ова има крај!? Бледеам претопувајќи се во монотона дамка препуштен на звукот и понесен од скриениот сјај совршено се вклопувам во примамливата мамка. Дождови под нозе и облаци на дланки пресечени гласни жици и стопирано срце, зборовите запалени како сурови гранки го ткаат овој обичен лист со празно перце. Невиност во очите носам , до кога? Продолжувам веќе по незнам кој пат да молчам што би бил кога би дезертирал од оваа улога? Јас пчела а животот цвет кој сакам да го толчам. Стопри ме сега ,прашај ме која ми е целта допри ме тивко,како тишината биди нежна, запали ги надежите и остави ме во пепелта со насмевка ќе ја дочекам смртта неизбежна. Ако постои утеха тоа е овој студен молк наведнат надолу како овенат есенски цвет, ако постојам знам венеам исплаќам долг создавам нов век,нова библија,кобен завет.

Кога секое Срце би имало свој идентитет Koга Дрвјата би можеле да ни кажат на каде да одиме би го прашале Сонцето во што да се облечеме и страстно,тажни и тивки би се занишале ко последните пупки на Цветот кој не венее. Кога Планините би можеле да ги отворат своите усти би не голтнале ко мечки во морски пештери и за секунда ко преродба би препатувале половина Свет и нови четири Галаксии. Кога Животните би се нашле во наша кожа би ги чешале новите непознати предизвици и во миг на малку поинаков оргазам панично би ја ољуштиле кората на мозокот. ..а Месечината е бледолик ѕвер кој не дебне со своето српесто срце..

автор: Влатко Коцевски дипломиран лингвист Англиски/Француски Универзитет Неофит Рилски, Република Бугарија

Се будам и на гради непријатна тревога звук на птици, сјај на виножито и едно прашање..До кога?!...

(од сеуште необјавената збирка поезија „Слатка Шизофренија“ на младиот поет од Македонска Каменица, Влатко Коцевски)

Прогнози за ут(р)ешна магловитост Дали денеска танцуваше со утринското добредојде? Погледите беа толку љубоморно вперени кон магијата што ја праваше. Магливи воздишки ме потсетуваа на соништата што треба да ги сонувам. Каде замина? Дали денеска Ти беше виновна што Сонцето изгреа навреме? Се замислувам, се обидувам, посакувам, мразам,

а Ти си преполна со љубов, чувствувам како да сум пред тебе создаден, дел од мене го боли за тебе.. Не го испраќај пак дождот да ми ги суши раните, не ни помислувај на нашата прва средба, остави ги буквите да седат несредени, остави ги бакнежите да горат. Признај! Дали Ти најде место

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

11


СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ На 24-ти Мај 2013 година, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, се одржа манифестација по повод празникот Св. Кирил и Методиј. Овој празник воедно е и патрон празник на Општинското Основно Училиште „Св. Кирил и Методиј“. Настанот беше организиран од Културно-информативен центар „Романса“, во соработка со раководниот и наставничкиот кадар во основното училиште и Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“. Манифестацијата започна со пригодна приредба на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“. По нив на сцената настапија членовите од помалите групи на КУД „Вера Јоциќ“ со неколку фолклорни игри и ора. Следуваше неповторливиот настап на македонскиот етно состав „Ајдаред“ кои се претставија со стари традиционални македонски песни. Вечерта ја заокружи Андријана Јаневска која ги претстави најголемите хитови од нејзините последни два албуми.

12 2

www.makedonskakamenica.gov.mk


КАМЕНИЦА ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ

Во изминатиот период, Културно-информативен центар „Романса“ Македонска Каменица организираше Конкурс за избор на најдобра аматерска фотографија на тема „Каменица во срце те носам“. Целта на Конкурсот беше да се потикне креативноста и имагинацијата, и творечкиот потенцијал кај младите фотографи-аматери од подрачјето на Македонска Каменица, а фотографиите да бидат користени за маркетиншки цели на општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“. Со оглед на тоа дека критериумите за учество и техничко-уметничките карактеристики кои требаше да бидат

исполнети беа релативно строги, само мал дел од пријавените фотографии ги исполнуваа наведените услови во Конкурсот. Комисијата која беше формирана за да ги одбере најдобрите фотографии за најдобра ја прогласи фотографијата на Марија Витановска. Второто место го освои фотографија на Горан Димитровски, а третото место го поделија двајца учесници на Конкурсот, Далибор Илиевски и Благојчо Костадинов. За наградените Културно-информативен центар „Романса“ со поддршка од општина Македонска Каменица и градоначалникот, д-р Дарко Митевски, обезбеди вредни парични награди.

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

1 13


БАСКЕР ФЕСТ 2013 - МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а благодарние на Баскер Фест Македонија 2013 некои од најспектакуларните улични артисти, покрај Скопје, можеше да ги види публиката во уште дваесетина општини низ Македонија. Баскер Фест е меѓународен и мултикултурен фестивал, еден од најголемите во регионот, добитник на македонските „Superbrands“ награди за 2011/12 година. И Македонска Каменица го дочека единственото street art шоу. На 28-ми Јуни, на Градскиот плоштад, дел од учесниците на Баскер Фест Македонија 2013 се претставија и пред каменичката публика. Спектакуларната комбинација на бројни магионичари, акробати, музичари и извонредни таленти ги воодушевија присутните, а особено помладата публика. Организаторот на настанот е Здружението на граѓани „One way“, а поодршка за негово оддржување во Македонска Каменица обезбеди Општината и градоначалникот д-р Дарко Митевски.

14 4

www.makedonskakamenica.gov.mk


opstina@makedonskakamenica.gov.mk

1 15


НИЗА УСПЕШНИ НАСТАПИ НА КУД „ВЕРА ЈОЦИЌ“ Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица е еден од најзначајните репрезенти на каменичката култура, вредности, традиција и обичаи. Членовите на ова друштво во изминатиот период беа особено ангажирани со настапи, како низ Република Македонија, така и во странство. Помалите групи беа дел од прославата на празникот Свети Кирил и Методиј на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Детската група на друштвото се претстави и на фестивалот „Оро весело“ во Радовиш. Младинската група, пак, настапи на 12-ти Мај, на „Велигденските изворни фолклорни средби“ кои се одржаа кај манастирот „Света Недела“ во Штип. Групата на ветерани при КУД „Вера Јоциќ“ учествуваше на Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица 2013“ во Свети Николе, на Фестивалот за изворен фолклор „Гајда Ињево 2013“ во с. Ињево, Радовиш, на кој го освои и второто место. Ветераните настапија и на манифестацијата „Бабина баница 2013“ која се оддржа на месноста Еленец, во с. Цера, Македонска Каменица. Сепак нивни најзначаен настап во последниот период е настапот на Фестивалот за чобански игри кој се оддржа од 1620-ти Мај во Тулчеа, Романија. Во Културно-уметничкото друштво се планираат уште низа настапи на еминентни фолклорни фестивали на кои достојно ќе ја претстават нашата локална култура и традиција.

16 6

www.makedonskakamenica.gov.mk


А Р Ј Е ОЦИ В „ Д Ќ“ КУ

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

1 17


НАШИТЕ МЛАДИ ФИЗИЧАРИ СО ЗНАЧИТЕЛНИ УСПЕСИ Филип Митровски и Оливер Васевски, ученици во СОУ „Миле Јаневски Џингар“, Македонска Каменица, оваа година земаа учество во неколку натпревари под менторство на проф. Виолета Алексовска. Филип Митровски учествуваше на регионалниот натпревар по физика, организиран од Друштвото на физичарите на Република Македонија, кој се одржа на 19-ти април оваа година во Берово, го зема второто место и со тоа се пласира на државниот нтпревар по физика. На државниот натпревар по физика, организиран од истото друштво, кој се одржа на 11-ти мај во Скопје, повторно забележа успех, односно се врати дома со освоено трето место. Оливер Васевски учествуваше на два натпревари на државно ниво од областа астрономија. На првиот натпревар, организиран од Македонското астрономско друштво, кој се одржа на 23-ти Март оваа година во Скопје, доби пофалница, додека на вториот натпревар организиран од Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженијата на младите истражувачи на Македонија, кој се одржа една недела подоцна, на 27-ми Април, го освои третото место. За вториот натпревар требаше да се изготви презентација на некоја тема од астрономијата. Оливер направи презентација за темната материја. Станува збор за невидлива, небарионска материја за која се смета дека поседува голем дел од масата на универзумот и благодарение на неа се формирале галаксиите. Првите теории за оваа материја започнуваат во почетокот на минатиот век, но конкретни заклучоци и докази, како што се гравиотационите леќи, масите на галаксиите и движењето на ѕвездите, за прв пат дава Вера Рубин во 1970 година. Во поново време се прават експерименти за докаување на постоењето на темната материја и нејзините градивни честици, коишто сега за сега се наречени ВИМП честици (кое во превод би значело ниско активни, масивни честици). Експериментите за нивно докажување водат во два правца – едните се засноваат на еластични судири меѓу честиците на темната материја и атомите на некој метал на многу ниска температура од околу 0,1°К. Другиот тип на експерименти се засновуваат на сцинтилација помеѓу ВИМП честицата и атомите на ксенон 10. Да се разбере што всушност претставува и како функционира темната материја значи да се дознае развојот на нашата вселена, а со тоа и каква ќе биде нашата иднина. автор на текстот проф. Виолета Алексовска

18 8

www.makedonskakamenica.gov.mk


МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР 2013“ На 31 мај 2013 година, заврши Меморијалниот турнир кој се игра во чест на трагично загинатиот херој, во воениот конфликт од 2001 година, Миле Јаневски Џингар. Во спортската сала на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се одиграа финалните натпревари во екипните спортови. Победник на Турнирот во мал фудбал - машка конкуренција е екипата на „Ресторан Иднина“, второто место го освои екипата на „Кафе бар Екстрим“, а третопласирана беше екипата на „Мел-сан“. Турнирот во ракомет - женска конкуренција го освои екипата на „Патриот“, второпласирана беше екипата на „Рудник Саса“, а третото место и припадна на екипата на „Ресторан Иднина“. Најдобра на Турнирот во баскет беше екипата на „Клиф оф Мохер“, а втори беа „Кам промет“. Турнирот во пинг понг го освои Павле Мицевски, додека второпласиран беше Стево Ристовски. За победничките екипи беа доделени вредни награди, медали и пехари. Наградите за најуспешните ги доделија синот и сопругата на херојот на Македонска Каменица, Бојан и Оливера Јаневски, директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, господин Димчо Атанасовски, директорката на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, госпоѓа Лилјана Андоновска-Димитровска, мајорот од Баталјонот за специјални намени „Волци“, Наумов и градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски.

opstina@makedonskakamenica.gov.mk

1 19


www.makedonskakamenica.gov.mk kultura@makedonskakamenica.gov.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.