ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТНА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА М-Р ДАРКО МИТЕВСКИ

Page 1

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА М-Р ДАРКО МИТЕВСКИ



Почитувани, Со промената на локалната власт и превземањето на функцијата Градоначалник на општина Македонска Каменица во 2009 година ветивме дека ќе работиме посветено и одговорно со цел општина Македонска Каменица да биде економски стабилно и просперитетно место за живеење. При преземањето на локалната власт ја затекнавме општина Македонска Каменица во многу незавидна финансиска состојба. Имено општина Македонска Каменица беше во прва фаза на децентрализација со блокирана општинска сметка, со генериран долг кон физички и правни лица од четириесет милиони денари, четири неисплатени плати на општинската администрација и распродадени општински објекти. Изминатите три години за нас претставуваа вистинки предизвик затоа што не почнавме да работиме од почеток, но моравме да се вратиме еден чекор наназад. Пред да почнеме да создаваме моравме да ги исплатиме затекнатите долгови. Имено 2009 година и првата половина на 2010 година беа период кога моравме да ги регулираме должничко-доверителските односи, да ја деблокираме општинската сметка и да создеме предуслови за реализација на проектите кои беа дел од нашата изборна програма. Во јули 2010 година општина Македонска Каменица помина во втора фаза на децентарлизација и отпочнавме со решавање на комуналните и инфраструктурните прашања во општина Македонска Каменица.

Во 2011 година и првата половина на 2012 година целосно се посветивме на решавање на инфраструктурните проблеми и денес со право можеме да кажеме дека она што го ветивме во изборната програма во делот на инфраструктурата целосно го реализиравме. Во периодот што е пред нас целосно ќе се посветиме на создавање услови за подобрување на социоекономската состојба во општина Македонска Каменица со формирање и уредување на индустриска зона како еден од предусловите за алтернативни вработувања и економски просперитет на општина Македонска Каменица. Почитувани, И покрај состојбата во која ја затекнавме Општина Македонска Каменица како и во услови на глобална економска рецесија, денес сме сведоци дека успеавме да одговориме на предизвиците и да ја насочиме нашата општна на патот кон успехот. Денес општина Македонска Каменица е во втора фаза на децентрализација, лидер во регионот по бројот на реализирани проекти, успешно раководење, но и одговорност и посветеност на граѓаните. ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГРАДОНАЧАЛНИК М-р ДАРКО МИТЕВСКИ

3


ИНФРАСТРУКТУРА

Реконструкција на улицата „Маршал Тито“, Асфалтиран крак од улицата „Руенска“ Проектот опфаќа отстранување на горниот слој на асфалтот на улиците „Маршал Тито“, „Руенска“, „Гоце Делчев“, „Рударска“, „М. М. Брицо“ и платото кај автобуската станица и тоа со вкупна површина од над 1650 квадратни метри, нивелирање на коловозот, уредување на атмосферската канализација и нанесување на нов слој на асфалт. 4


ИНФРАСТРУКТУРА

Завршена девијацијата во село Косевица Целосно е пробиена, тампонирана и асфалтирана девијацијата на локалниот пристапен пат до село Косевица. Во овој инфраструктурен проект со свои средства учествува општина Македонска Каменица како и Агенцијата за поттикнување и поддршка на руралниот развој.

5


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтиранa улицата „ Јаков“ во населбата Цинкара Комплетно е пробиена, тампонирана и асфалтирана улицата „Јаков“во населбата Цинкара со вкупна должина од 567 метри. Средствата се обезбедени од буџетот на Општината а изведувач на работите е фирмата Гранит од Скопје

6


ИНФРАСТРУКТУРА

Целосно завршена улица „Македонска“ Градежните активности што започнаа на 28ми Јуни 2011 за пробивање и асфалтирање на делницата од улица “Македонска“ Проектот вреден околу 2,5 милиони денари е финансиран со средства од буџетот на Општината и во согласност со програмата за изградба на улици во општина Македонска Каменица

7


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтирана улицата „Јане Сандански“ Оваа улица која е со вкупна должина од 140 метри целосно е тампонирана и асфалтирана во месец Август 2011 година.

8


ИНФРАСТРУКТУРА

Пат до Капетанска Маала Целосно е пробиен, тампониран и асфалтиран локалниот пристапен пат до Капетанска маала во село Саса 2. Средствата за овој проект во целост се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица

9


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтиран пристапниот пат до Тепеѓовска маала во Стара Каменица Целосно е тампониран и асфалтиран пристапниот пат до Тепеѓовска маала во должина од 160 метри.

10


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтен пат до Ситновска Маала Овој локален пристапен пат со вкупна должина од 880 метри и ширина на коловозот од 2,7 метри кој овозможува пристап на населението од ова маало е исто така финансиран од буџетот на општина Македонска Каменица

11


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтиран пристапниот пат до Павлиш Дол Асфалтиран е пристапниот локален пат до „Павлиш Дол“ во село Моштица 1. Делницата е 380 метри во должина и 3 метри широчина и овозможува непречен пристап на мештание од ова и околните населени места. Финансиран е од буџетот на општина Македонска Каменица

12


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтен пат до новите градски гробишта Целосно е пробиен, тампониран и асфалтиран приодниот пристапен пат до новите гробишта во Македонска Каменица кој е во должина од 150 метри и широчина од 3 метри кој е исто така финансиран од буџетот на општина Македонска Каменица

13


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтиран пристапниот пат до „Селишко Маало“ во с. Моштица Пристапниот пат до Селишко маало во село Моштица во должина од над илјада метри а широчината на коловозот 3 метри што според стандардите за локалните пристапни патишта ќе овозможува побрз и побезбеден пристап на локалното население кон населбата и останатите населени места.

14


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтен пат до „Лакевичка“ маала во с. Моштица По асфалтирањето на пристапниот пат до Селишка маала во село Моштица се пристапи кон асфалтирање на патот до маало Лакевица во истото село. Асфалтирани беа над илјада и петстотини метри пристапен пат до оваа најистурено населено место каде што мештаните со огромно задоволство ги дочекаа градежните машини а по завршувањето на асфалтирањето и свечено го прославија овој голем благодат. 15


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтиран пристапниот пат до Грчка маала Овој пристапен пат е со вкупна должина од 330 метри. Населението од оваа старо Каменичко маало имаше отежнат пристапот до своите домови во зимските и врнежливи месеци по постоечкиот земјен пат заради оштетувањата што патот ги трпеше од поројните води што дотекуваат при секој поголем дожд.

16


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтиран пристапниот пат до Паламарска маала Проектот е вреден над дванаесет милиони денари и е финансиран од Светска банка преку Агенцијата за државни патишта а изведувач е градежната фирма Гранит. Пристапниот пат е во должина од 2,6 километри.

17


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтирана улица Церска Овој дел од улицата, од раскрсницата со улица “Пиринска“ чија изградба е планирана за во иднина па се до почетоткот на улицата “Валевичарска“ е долга околу 720 метри и го поврзува централното градско подрачје со населбата “Цинкара“ и останатите маалски населени места во “Стара Каменица“ како и селата Долна и Горна “Цера“ 18


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтиран пристапниот пат до Ристовска маала во село Саса Како приоритет на општина Македонска Каменица во оваа градежна сезона, покрај останатите беше и пристапниот пат до Ристовска маала во с. Саса. Делницата е во должина од 1,9 километри и ги поврзува и осанатите населени места со асфалниот пат што води до рудникот Саса.

19


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтиран пристапниот пат до Требеш во село Саса Требеш во село Саса со околу 30 куќи кое ѐ на оддалеченост од околу 1360 метри од локалниот асфалтен пат што води кон рудникот „Саса“, деновиве доби асфалтен пристапен пат. Коловозот е со широчина од 3 метри според стандардите за овој тип на патишта со банкини од двете страни и со пропусти и канали за одводнување на дотечните поројни води. 20


ИНФРАСТРУКТУРА

Реконструкција на тротоарите на улиците „Каменичка“ и „Индустриска“ Овие две улици кои се наоѓаат на трасата на М5 добија тротоари со пешачки патеки кои целосно се поплочени со бекатон плочки. Освен тоа поставено е и ново улично осветлување со кое покрај безбедноста на учесниците во сообраќајот се подобри и визуелниот изглед на самиот влез односно излез од градот.

21


ИНФРАСТРУКТУРА

Реконсрукција на тротоарите на улиците низ центарот на градот Изградбата на тротоари на улиците Маршал Тито, Гоце Делчев, Руенска и Рударска, лоцирани во централното градско подрачје е проект комплетно финансиран од буџетот на општина Македонска Каменица. И оваа активност е резултат на заложбите на Општината за подобрување на квалитетот на животот на своите граѓани како и давање на градски белег на нашата општина. 22


ИНФРАСТРУКТУРА

Кеј на Каменичка река Целосно е завршен Кејот на Каменичка река. Со оваа инвестиција речното корито е регулирано и канализирано. Со тоа градот доби поубав лик но и место за рекреирање и спортување. Останува хортикултурното уредување на просторот и изградбата на двете крајбрежни улици за да се комплетира севкупниот изглед.

23


ИНФРАСТРУКТУРА

Пристапни патишта до селските средини По барање на месните заедници, општина Македонска Каменица реализираше проект за пробивање на локални пристапни патишта во атарот на селата Цера 1 и Цера 2 како и маалата Требеш и Мечкарска маала во село Саса.

24


ИНФРАСТРУКТУРА

Изградба на згради во селските средини За подобрување на условите за живот во селските средини, како и за непречено функционирање на работата на селските месни заедници, општина Македонска Каменица изгради 2 здради во селата Саса и Тодоровци. Вакви згради на месните заедници се направени и во селата Моштица и Дулица. Средствата за нивната изградба се покриени од општинскиот буџет. 25


ИНФРАСТРУКТУРА

Македонска Каменица со нов плоштад На 31 март 2011 година е поставен камен темелникот за изградба на новиот Градски плоштад во Македонска Каменица, а истиот целосно е завршен и пуштен во функција на 28 август истата година на денот на Општината со спектакуларен концерт на балканската мега ѕвезда Здравко Чолиќ.

26


ИНФРАСТРУКТУРА

Реконструкција на градскиот базент Поставен е комплетно нов систем за довод и одвод на водата, а покрај тоа модернизиран е системот за филтрирање на водата. Базенот е обложен со специјална ПВЦ фолија и инсталиран е систем за подводно осветлување. Средствата за реконструкција се обезбедени од Рудникот Саса и од буџетот на Општината.

27


ИНФРАСТРУКТУРА

Нова водоводна мрежа во Стара Каменица Уште еден поголем проект комплетно финансиран од буџетот на општина Македонска Каменица. Со изградбата на овој водовод трајно се решени проблемите со водоснабдувањето на многубројното население што живее во овој дел од Македонска Каменица.

28


ИНФРАСТРУКТУРА

Селото Дулица доби чиста вода за пиење Реализацијата на овој проект за изградба на водовод во оваа селска средина започна уште во 2010 година. Средствата за овој проект во висина од три милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица а со дел од средствата учествуваше и Министерството за транспорт и врски.

29


ИНФРАСТРУКТУРА

Изградба на современ градскиот пазар Пазарот ќе се простира на површина од 2133 метри квадратни и ќе биде изработен од специјални огноотпорни материјали заради задоволување на стандардите за безбедност а ќе биде составен од покриено-отворен дел за зеленчук и покриено-затворен дел за трговија со месо, млеко и останати прехранбени производи од тој тип по HACCP стандардите кои ќе работат во текот на целата недела. 30


ИНФРАСТРУКТУРА

Изграден нов Противпожарниот Дом Противпожарниот Дом е изграден во модерен стил по сите меѓународни стандарди и критериуми. Камен темелникот на Противпожарниот Дом беше поставен на 23. 03. 2012 год. и располага со сите неопходни простории за нормално функционирање на една противпожарна бригада. Овој проект е финансиран од UNDP. 31


ИНФРАСТРУКТУРА

Итна медицинска помош Извршено е инфраструктурно уредување на просторот за пристап до амбулантниот центар како и реконструкција на просториите за итна медицинска помош.

32


ИНФРАСТРУКТУРА

Бесплатен безжичан интернет за граѓаните Набавена е и инсталирана бесплатна Wi-Fi мрежа сочинета од 36 пристапни точки која покрива 99 % од територијата на градот. Преку оваа услуга секој граѓанин или посетител на Македонска Каменица може да пристапи кон интернет мрежата во било кое место и да се наоѓа во градот или околните населби. Покрај ова, инсталирани се неколку камери кои 24/7 во живо пренесуваат се што се случува наоколу. 33


ИНФРАСТРУКТУРА

Лежечки полицајци Со цел за зголемивање на безбедноста во сообраќајот, првенствено за пешаците, општина Македонска Каменица потатави поголем број лежечки полицајци на повеќе улици низ градот и тоа првенствено пред јавните институции каде е зголемена фреквенцијата на пешаци а особено децата.

34


ИНФРАСТРУКТУРА

Потставено ново улично осветлување Паралелно со уредувањето на тротоарите, општина Македонска Каменица доби и ново улично осветлување во централното градско подрачје. Со поставувањето на новата урбана опрема, изгледот на градот значително се промени и подобри, што овозможува посигурност и попрегледност во ноќните часови.

35


ПРОЕКТИ-ДОНАЦИЈА

Изградена камабанарија Оваа камбанарија се наоѓа во склоп на новата градска црква “Успение на Пресвета Богородица”. Финансиските средства за нејзината изградба во висина од 2 000 000 денари се обезбедени од буџетот на општината Македонска Каменица, а црковното ѕвоно е донација од Рудникот за олово и цинк “Саса”. По изградбата овој проект во целост е предаден на користење на Македонската православна црква. 36


ПРОЕКТИ-ДОНАЦИЈА

Ново амбулантно возило за итната медицинска помош. Донирани возила на ТППЕ Македонска Каменица Амбулантното возило свечено е предадено во целосна употреба на 24.06.2010 година на Здравствениот дом Гоце Делчев од Македонска Каменица и истото е снабдено со целосна опрема за пружање прва помош и ќе биде на располагање на сите жители од општина М.Каменица. Со одлука на владата на Р.Македонија, општина Штип без надомест отстапи 2 противпожарни возила наменети за ТППЕ. Со оваа деонација се подобри техничката опременост на нашата противпожарна единица. 37


ПРОЕКТИ-ДОНАЦИЈА

Донација на ново комунално возило и нова градежна машина за ЈКП “Камена Река” Комуналното возило за потребите на ЈКП “Камена Река” е набавено со одлука на Советот на општината после спроведената јавна набавка и избирањето на најповолниот економски оператор. Со ова возило значително се подобрени условите за работа на вработените од ЈКП “Камена Река”. Градежната комбинирана машина ровокопач-натоварувач, “ЈСВ” – модел 3СХ за потребите на комуналното претпријатие исто така е набавено со одлука на советот на ЕЛС. Вредноста на последната набавка изнесува 4.173.549 денари. Средствата за оваа инвестиција во целост се обезбедени од буџетот на општината Македонска Каменица. 38


ПРОЕКТИ-ДОНАЦИЈА

Зографисување на градската соборна црква “Успение на Пресвета Богородица” Зографисувањето на новата градска црква во Македонска Каменица го врши фрескописецот Стојан Додовски од Куманово, кој исто така е автор на фрескописанието во крштелната која е во склоп на овој верски храм. Овој проект е поддржан од општина Македонска Кменица со благослов од митрополитот Брегалнички, г-н Иларион. 39


ПРОЕКТИ-ПОДДРШКА

Поставен е јарбол во општината Македонска Каменица На 23 март 2010 година офцијално започна поставувањето на јарболот во општината Македонска Каменица. Целиот овој проект е финансиран од Владата на Република Македонија во соработка со општината Македонска Каменица која согласно Деталниот урбанистички план (ДУП) даде дозвола за градење на просторот во паркот Вера Јоциќ во централното градско подрачје. 40


ПРОЕКТИ-ПОДДРШКА

Ангажирани работници преку проектот “Зелена Македонија” Овој проект се остварува како дел од програмата на Владата на Република Македонија. Со овој проект секоја година во периодот од април до октомври се ангажираат 50 невработени луѓе кои се грижат за градското зеленило, комуналната чистота во градот и околните населби, канализирање на атмосферските води, хортикултурно одржување на цвеќињата и украсните растенија итн. 41


ПРОЕКТИ-ПОДДРШКА

Донација на возила за одржување на гардското зеленило Со цел за олеснување на работата на вработените во ЈКП “Камена Река” општината Македонска Каменица преку спроведената јавна набавка, обезбеди и донира техничка опрема и тоа: една тракторска косилка, две бензиски самоодни косилки и една моторна пила за сечење на гранки. Средствата за оваа донација во целост се обезбедени од буџетот на општината. 42


ПРОЕКТИ-ПОДДРШКА

Парична помош за новороденчиња. Изградено игралиштето за деца и млади “Пинокио” Трета година по ред општината Македонска Каменица континуирано дава финансиска поддршка во износ од 3 000 денари за секое новороденче. Детскиот забавен парк “Пинокио” идејно решение на здружението за деца и малди на 23 декември 2011 година свечено беше предаден во употреба, од страна на амбасадорот на Швајцарија, неговата екселенција Стефано Лазароти и градоначалникот на општината Македонска Каменица, г-нот Дарко Митевски. Проектот вреден околу 12 000 евра беше финасиран од амбасадата на Швајцарија во РМ со околу 70%, а општината Македонска Каменица учествуваше со 30% од средствата. 43


ПРОЕКТИ-ПОДДРШКА

Поддршка кон НВО организациите Градоначалникот на општина Македонска Каменица во соработка со Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА даде логистичка и финансиска поддршка за отворање на локална канцеларија на овој центар. Лицата со посебни потреби на овој начин ќе бидат поинформирани и на некој начин позгрижени имајќи ја во предвид нивната попреченост за патување. 44


ПРОЕКТИ-ПОДДРШКА

Физибилити студија-проект “Косевичка брана” М-р Ангел Панов од ХИДРО-ЕНЕРГО ИНЖЕНЕРИНГ ДОО од Скопје ја презентираше нацрт верзијата на горе наведената студија. Со реализирањето на овој проект ќе се овозможи водоснабдување на населението и наводнувањето на обработливите земјоделски површини.

45


ПРОЕКТИ-ПОДДРШКА

Нова индустриска зона Согласно програмата за работа но општина Македонска Каменица се донесе детален урбанистички план за изградба на индустриска зона. Во оваа индустриска зона по најповолни услови ќе може да инвестираат сите заинтересирани субјекти. Во иднина оваа индустриска зона ќе биде движечка сила за развој на индустријата во нашата општина. 46


ОБРАЗОВАНИЕ И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Изградна на нова спортска сала во Македонска Каменица Оваа спортска сала е дел од проектот на Владата на Република Македонија –“145 нови училишни спортски сали”. Овој прекрасен спортски храм започна со изградба на 05.05.2010 година, а свечено е пуштен и предаден во употреба една година подоцна.

47


ОБРАЗОВАНИЕ И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Реконструкција на санитарните јазли во детската градинка “Бамби” Извршена е целосна реконструкција на дотраените санитарни јазли во ЈОУДГ “Бамби” од Македонска Каменица. Со тоа се создадени многу подобри услови за хигиената на вработените и дечињата кои претстојуваат во оваа установа. Финансиските срдества за оваа реконструкција ги обезбедија Министерството за труд и социјални работи и општина Македонска Каменица. 48


ОБРАЗОВАНИЕ И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Реконструкција на санитарните јазли во ООУ ”Кирил и Методиј” и замена на кровната конструкција на спортската сала Проектот за реконструкција на санитарните јазли во училиштето беше овозможен со финансиска помош од USAID, додека реконструкцијата на кровната конструкција на основното општинско училиште се изврши со финансиски средства кои ги обезбеди Министерството за образование и наука на Република Македонија. 49


ОБРАЗОВАНИЕ И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Реконструкција на фасадата на СОУ “Миле Јаневски Џингар” Оваа реконструкција опфати целосна замена на стариот покрив на дел од зградата која не беше покриена, како и целосна промена на старата дрвена столарија со нова алуминиумска. Училишната зграда е целосно фасадирана. Во овој проект со поголем дел од средствата учествуваше министерот за образование, а еден дел од средствата се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица. 50


ОБРАЗОВАНИЕ И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Отворен е нов правен субјект “Миле Јаневски-Џингар” Во текот на 2010 година, општина Македонска Каменица доби нов средношколски училишен центар кој го носи името на нашиот херој, Миле Јаневски. Во склоп на ова училиште функционираат гимназиска, природно-математичка, текстилна и рударско-геолошка струка.

51


ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

Отворени канцеларии за Социјани работи и Катастар Канцеларијата која е во склоп на Центарот за социјални работи е отворена во месец август 2009 година. Во неа граѓаните можат да остваруваат услуги како што се: социјална парична помош, еднократна парична помош, детски додаток, помош за стари изнемоштени лица итн. Агенцијата за Катастар работи во склоп на Одделението за катастар и недвижности Делчево. Канцеларијата работи во среда и петок од 7.30 до 15.30 часот. 52


ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

Отворена канцеларија От ј на М МВР за издавање пасоши и лични карти Оваа канцеларија е отворена во 2010 година и работи во склоп на Полициската станица од Македонска Каменица. Канцеларијата работи два дена неделно во среда и петок а со нејзиното отворање граѓаните од нашата општина немаат повеќе потреба да патуваат во Делчево заради обезбедување на овие документи.

53


ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

Отворена канцеларија на АВРМ и шалтер на УЈП Канцеларијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија работи секој ден од понеделник до петок од 8.30 до 16.30 часот и има големо значење за граѓаните на општината Македонска Каменица. Даночниот шалтер на Управата за јавни приходи во голема мера ја подобри достапноста на услугите на даночните обврзници, граѓаните и нивните бизниси. Овој шалтер е сместен во општинската зграда на 1 –от кат и работи во петок од 8.30 до 16.30 часот. 54


ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

Реконструкција на народна кујна Преку фондовоте ИПА добиени од ЕУ со програмата за прекугранична соработка, општина Македонска Каменица во соработка со општина Белица, Р. Бугарија изврши реконструкција со адаптација во народна кујна на северното крило во ЈОУДГ “Бамби” како и комплетно реновирање на постоечката кујна во објектот.

55


ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

Проект за изградба на современ културен дом Во соработка со општина Белица од Република Бугарија нашата општина од ИПА фондовите за прекугранична соработка обезбеди финансиски средства за подготовка на проектна документација за изградба на современ културен дом. Проектната документација е целосно завршена во периодот кој што е пред нас ќе се обезбедат финансиски средства за отпочнување со изградба. 56


УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

Генерален и детален урбанистички план Направени се измени и дополнувања на Генералниот урбанистички план што ќе овозможи да се прошири опфатот на општината со сите потребни планирања. Донесени се и повеќе детални урбанистички планови за повеќе реони во населбата Македонска Каменица и тоа за населбата Цинкара, локалитетите Горна и Долна река и Блокот 12 кај старата црква “Св. Пророк Илија”. 57


ЕКОЛОГИЈА

Исчистени Калиманското езеро и Каменичка река Првата акција се одвиваше на почетокот на вештачката акумулација “Калиманци” од каде се собрани околу 10 кубни метри отпад и тоа најголем дел пластична амбалажа, искорнети дрвја и друг вид отпад. Во неа активно учество земаше и еколошкото друштво ”Здравец” од Македонска Каменица. Во втората акција исчистено е коритото на Каменичка река од селото Саса па се до самиот влез на градот, во вкупна должина од 3 километри. Втората акција во целост е поддржана од Владата на Република Макеонија. 58


ЕКОЛОГИЈА

Нови Контејнери. Хортикултурно уредување во градот. Во 2009 година од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, на општината Македонска Каменица и се доделени 21 нов контејнер кои во целост се распоредени во центреалното градско подрачје. Канти за отпадоци се поставени и во селските средини. Хортикултурното уредување на градот се спроведе на повеќе места и тоа: паркот во централното градско подрачје, обновување на клупите, ново осветлување, просторот пред општинската зграда, просторот пред новата градска црква, како и кај новоизградената спортска сала. 59


СПОРТ

ФК Каменица-Саса. Ракометен клуб “Јаков” Од 2009 година повторно е формиран фудбалскиот клуб Каменица-Саса кој се натпреварува во третата фудбалска лига. Главен спонзор на клубот е општина Македонска Каменица и рудникот за олово и цинк “Саса”. Ракометниот клуб е формиран во 2011 и се натпреварува во прва машка ракометна лига. И вој клуб финансиски е поддржан од општина Македонска Каменица. 60


СПОРТ

Кошаркарска школа. Меморијален турнир Миле Јаневски Џингар Кошаркарската школа е формирана во 2011 година по извонредниот успех на македонската кошаркарска репрезентација на европското првенство во Литванија. Секоја година со почеток на 28 април започнува меморијалниот турнир во мал фудбал и ракомет во чест на херојот. Главен покровител на целата оваа спортска манифестација е општината Македонска Каменица. 61


КУЛТУРА

Со формирањето на КИЦ “Романса” започна и развојот на културните активности во Македонска Каменица кои пред тоа беа на незадоволително ниво. Во Македонска каменица почнувајќи од 2009 година започна да се организира “Каменичко културно лето” манифестација која нуди богати културни содржини од најразновиден карактер како што се настапи на естрадни уметници, културно-уметнички друштва, соло пејачи, драмски претстави, ликовни изложби итн. Формирано е аматерско драмско студио “Грам култура” кое работи на самостојни проекти и битови драми, а низа манифестации и проекти кои се случуваат имаат тенденција да прераснат аснат во традиционални.

62


ИДНИ ПРОЕКТИ » » » »

» » » » »

Изградба на улицата “Горна Река”. Изградба на улицата “Долна Река”. Изградба на кејски улици. Изградба на зафат за вода од реката Горештица за доведување дополнителни количини на вода воо Македонска Каменица. Реконструкција на водоводната мрежа во Македонска Каменица. Изградба на капела за градски гробишта и уредување на површини. Изградба на спортски терен и тениско игралиште. Изградба на улицата Миле Јаневски. Изградба на мрежа за наводнување

» »

» » »

» »

на зелени површини во општина Македонска Каменица. Започнување на инвестиции во нова индустриска зона. Изработка на проект и изградба на прочистителна станица за отпадни води. Изградба на локални патишта во Дулица, Луковица, Моштица, Саса. Изградба на Современ Културен Дом. Изградба на пристапни улици во урбанистичкиот опфат на Македонска Каменица. Изградба на пензионерски дом во с. Саса. Изградба на Манастирот Селски комплекс “Еленец” – Цера.

63


64

Отчет за сработеното на Градоначалникот на општина Македонска Каменица М-р Дарко Митевски


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.