Kaestle-CaseStudy-MK

Page 1

Логистика на ланецот на снабдување:

Сигурна испорака како фактор за успех Набавка | Складирање | Дистрибуција | Исполнување



На врвот на логистиката Сите скии поминуваат низ низа строги контроли пред да го напуштат производството. Токму тоа го прави Kästle меѓународен лидер во иновациите и квалитетот. Како би можел на своите клиенти да им гарантира највисок квалитет, производителот на скии работи со врвна технологија. Соодветно на тоа, за навремена и сигурна испорака се користат исклучиво најдобрите технологии во областа на логистиката. Притоа Gebrüder Weiss го поддржува Kästle.


Благодарение на организациското искуство на GW денес имаме точен преглед на нашиот ланец на снабдување. Совршена основа за економично и одржливо работење. Така успеавме да ги намалиме нашите трошоци и времето на испорака, а да го зголемиме задоволството на клиентите. Зарем тоа не е доволно? www.kaestle-ski.com

„ Високиот критериум за квалитет и перформанс е обележје на нашето партнерство.“ Oliver Binder, Оливер Биндер, директор на одделот за истражување и развој


Предизвик



Предизвик Kästle GmbH Kästle е високоспецијализиран австриски производител на скии. Од 1924 година претпријатието го поттикнува развојот на скијањето преку постојани иновации. Сите продукти се препознатливи по својот квалитет и резултат. Претпријатието со седиште во Велс (Австрија) се фокусира на фрирајд, фристајл и алпски скии и скии за скијачки тури. Што се однесува до дистрибуцијата, Kästle го применува концептот на стручни продавници и за разлика од другите производители на скии, Kästle соработува исклучиво со специјализирани спортски продавници како негови дистрибутери. Логистика на ланецот на снабдување за Kästle GmbH По своето враќање во 2007 година Kästle беше во потрага по партнер за логистика кој во светски рамки ќе ги воспостави потребните рамковни услови. Тоа почнува при транспортот на осетливите суровини за производството на скиите, а со голема сигурност завршува на некој планински врв. Критериумот за квалитет на Kästle гласи: само оние нешта кои значително го подобруваат резултатот можат да се применат. Како би можеле да се задоволат високите критериуми, во областа на логистиката Kästle го избра Gebrüder Weiss како партнер за сите транспортни и логистички процеси. Логистичкиот концепт ориентиран кон изнаоѓање решенија ја предвиде реализацијата на централен магацин во австрискиот Велс, како и последователната имплементација на дополнителна локација за магацин во Чикаго. Kästle имаше посебни

барања за складирањето, пакувањето и испораката на своите производи. Предизвикот на проектот се состоеше во флексибилноста и способноста за приспособување кон континуираното проширување и натамошниот развој на асортиманот на производи којшто е условен од сезонските варирања во браншата на скијање.


Решение



Решение Комплетно логистичко решение Почнувајќи од сигурната набавка, преку сигурното складирање, па сè до дистрибуцијата низ целиот свет на околу 16.000 скии годишно, вклучувајќи ги и везовите и опремата - Gebrüder Weiss се грижи за целиот транспортен и логистички процес на Kästle. Комбинацијата од ефикасни транспортни средства, како и навремената и сигурна испорака на сите производи до најоддалечените региони за скијање во светот се загарантирани. Висок потенцијал на корист Покрај најсовремено опремените логистички центри, Gebrüder Weiss за Kästle ги користи најдобрите технологии во областа на логистиката, меѓу другото и комисионирање без потврди и следење на пратки. Другите сервиси му гарантираат на крајниот корисник детални информации за содржината на испораката. Сигурна испорака Gebrüder Weiss заедно со клиентот разви пакети скроени по мерка, со што транспортот станува посигурен, поефикасен, а за клиентот повреден. Освен тоа, во логистичките центри се монтираат компонентите за скиите.


Придобивки



Придобивки Услуги од едно место Со Gebrüder Weiss како единствено лице за контакт за сите транспортни и логистички процеси Kästle профитира од компетенцијата и од беспрекорниот процесен ланец. Делотворни стратегии Од централниот магацин во Велс се управува и директно се полни вториот магацин во Чикаго. Тоа на Kästle му носи дополнителни предности: претпријатието и прекуокеански е блиску до клиентот. Времето на испорака до САД и Канада може значително да се намали. А трошоците за дистрибуција се намалуваат преку поврзани испораки од Европа. Флексибилен партнер Сезонските варирања се типични во браншата на скијање. Gebrüder Weiss се приспособува на овие околности и реагира брзо и флексибилно кога се потребни промени и проширувања на асортиманот на производи на Kästle. Задоволство на клиентите Функционална мрежа, сигурен сервис за испорака, беспрекорно одвивање на деловните обврски: тоа не го цени само Kästle, туку и клиентите на производителот на скии.


Процес


Комплетна логистика од едно место Планирањето и организацијата на логистиката за претпријатијата претставува голем предизвик. Станува уште понепрегледно ако претпријатијата ангажираат повеќе понудувачи за различни области во ланецот на логистика. Токму затоа, Kästle и верува само на една компанија која ги нуди тие услуги: Во австрискиот Велс Gebrüder Weiss е одговорен за комплетните транспортни и логистички процеси на производителот на скии, а оттаму се врши дистрибуција во Европа и Австралија. И магацинот во Чикаго се полни преку централниот магацин во Велс. Kästle оттаму ги опслужува своите пазари во САД и Канада.




www.gw-world.com


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.