Mostovi 2015 2016

Page 1

Учебна 2015/2016 год

ОУ ” Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

Разубавен влезот на училиштето благодарение на Директорката Лилјана Костовска, наставниците по ликовно образование Анета Груевска и Стефан Поповски и нашите ученици.

ОУ ”Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016година


Учебна 2015/2016 год

О3.11.2016 год. Градски парк –Скопје Учениците од 30 училишта од земјата меќу кои и нашето се сретнаа на промотивниот настан на проектот „Градиме мостови“ поддржан од ОБСЕ. На истиот нашите ученици заедно со учениците од ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ Количани ја изведоа заедничката театарска претстава On-line роденден, чиј автор е нашата наставничка Снежана Вујасиновиќ.

ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА ЗА ПРАВИЛНО НАСОЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ Родителите—предавачи Оваа учебна година родителите беа активно вклучени во животот и работата на нашето училиште.д-р Весна Јаневска родител од нашето училиште одржа предавање за Заштита од заразни болести во второ одделение. Предавање на тема - Витамини од дипломиран фармацевт Сузана Димовска.

ОУ ”Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

НОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР

Новогодишните празници се ближат и во нашето училиште идеи се нижат. Многу умни главчиња и вредни рачиња, креативноста своја ја искажуваат и прекрасни изработки прикажуваат. Училиштето наше, чиниш дедомразови работилници млади претприемници се нашите ученици. Во училишниот салон многу штандови украси, торти и слатки од секакви брендови. Но, тука има и штанд еден, кој за нас сите е многу вреден. Овошни салати и сокови разни подготвуваат учениците како од сказни. Врвулица од посетители и ценети родители, па, веднаш се виденовогодишниот саем успешен ќе биде. За да биде приказната цела, се погрижи општината и организацијата Самарјанинпознати по своите добри дела. На лицата детски се гледа среќа, а, во рацете подароци цела една вреќа.

ОУ ” Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

МАСКЕНБАЛ

ОУ ”Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

Негувањето на спортскиот дух и на спортската традиција е мошне важен чекор во воспитувањето на младите. Спортскиот дух и спортската традиција во Могила успешно се негуваат години наназад. Спортските натпревари во минато се играле под отворено небо и се прилагодувале на условите кои им биле на располагање. Меѓутоа желбата за спорт никогаш не изостанала, напротив, станувала се` поголема и поголема, а младите денес без спорт не можат да го замислат своето секојдневие. Она што е најважно, денес младите во Могила, а пред се нашите ученици, своите спортски активности можат да ги изведуваат во новоотворената училишна спортска сала. Тоа значи дека основното училиште „Гоце Делчев“ од с. Могила е едно од 145 училишта во Македонија кои на располагање добија ваков современ и богато опремен спортски објект. Новоотворената училишна спортска сала ќе го носи името на еден од најисктакнатите жители на с. Могила, Иљо Лопатички, кој своето основно образование го стекна во нашето училиште. Веруваме и уште долго време училишната спортска сала ќе биде место каде што ќе гледаме задоволни млади лица исполнети со здрав дух, позитивна енергија и огромна љубов кон спортот.

ОУ ” Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

Вредни за нашиот труд (“Worthy of our efforts”) ОУ „Гоце Делчев“ Могила овој проект го реализираше во соработка со

ОУ „Бијачи“

Каштел Нови, Хрватска. Целта на проектот беше

развивање

волонтерството

на

солидарноста

и

преку

меѓукултурна

и

меѓугенерациска размена. Меѓугенерациското учење

овозможи

спој

на

две

разлини

генерации

и реализација на активности од

кои

имаа

сите

корист.

Во

склоп

на

волонтерскиот клуб „soliDARnost” и во склоп на реализираните посети се одржаа неколку работилници во кои младите ги учеа старите за новите технологии –примена на интернет а старите ги учеа младите за

рибололовот,

плетењето, традиционалната храна. Еден од продуктите на овој проект е и Антологијата на традиционални рецепти

и стари приказни.

Учениците членови на волонтерскиот клуб учеа

за

постарите

лица,

ги

посетија

и

организираа хуманитарна акција

ОУ ”Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

Почетна точка во процесот на реализација на проектот беше т.н. Kick-off meeting кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина во периодот од 5 до 8 октомври 2015 год. Целта на оваа средба беше: на едно место да се сретнат и запознаат учениците и наставниците од сите наградени училишта, да се вклучат во работилници за солидарноста и проектниот менаџмент како и да се испланираат следните чекори. На средбата присуствуваа координаторот на проектот Јасна Ѓоргиевска и Марина Нешевска, ученичка од 9 одд. Проектот ќе заврши со ACES Academy што ќе се одржи во периодот од 31.05. 2016 до 03.06.2016 во Сенец, Словачка. На истата ќе присуствуваат Зорица Диневска, член на проектниот тим во нашето училиште и Михаил Огненовски, ученик од 8 одд. Во рамки на проектот се Целта на оваа средба е да се презентира сработеното. р е а л и з и р а а 2 интернационални средби. На средбата во Хрватска во периодот од 22 до 26 ноември 2016 год. учениците и наставниците од нашето училиште се запознаа со и ст о р и ја т а на 7те Каштели, традицијата, начинот на живеење и природните убавини. На средбата во Р.Македонија која се реализира во периодот од 6 до 11.03. 2016 год. учениците и вработените од Р.Хрватска се запознаа со дел од нашата историја, нашиот начин на живот, традиција и природни убавини.

ОУ ” Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

ПАТРОН ПРАЗНИК О4.05.2016 ГОД. Зарем има нешто повредно од мирот што е, зарем нешто може да го замени спокојството мое и твое?

Љубовта, мирот, вистината, доброто однесување, ненасилството да ги зачуваме Но во одредена доза и смеата и забавата да ги негуваме. Позитивност, ведар дух, дружба и по некоја шега

Доброто однесување е клучно, многу важно, без мене верувајте ќе дојде време тажно.

Ненасилство, ненасилно однесување, тоа не е обична фраза тоа не е од животот само минлива фаза, тоа е нешто што се негува, стил на живеење нешто многу повеќе од само пеење и смеење. ...на праведните им служам Ако треба да се каже само еден збор

во мене спокојот се крие

ако треба да се даде еден одговор

и чесноста во мене спие.

се` во себе што ќе збере

Јас- јас сум вистината,

љубов, љубов тоа ќе е.

на животот убавината.

ОУ ”Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

Проект „Со читање до лидерство“ Нашата соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ продолжи во учебната 2015/2016год.со реализацијата на проектот „Со читање до лидерство“. Во септември 2015 год. нашето училиште доби неколку примероци од збирката од 20 наслови сликовници за деца „Нашата прва библиотека“. Во сликовниците се обработуваат најразлични теми релевантни за децата, како што се пријатели и другарство, родители и семејство, чувства, наука, лица со посебни потреби/ маргинализирани групи, различни земји и култури итн. Беа организирани повеќе обуки за наставниците, работилници за наставници и родители а исто така беше формирана и Заедница за учење составена од Директорот, психологот и сите одделенски наставници. Секој од членовите на заедницата работеше на свој проблем поврзан со читањето кај учениците. Во месец април беше одржан и мрежен настан на кој наставниците ги претставија своите постигања во рамки на проектот. Во месец мај повторно се изврши тестирање на дел од учениците од второ, трето и четврто одделение со инструментите ЕГРА и ЕГМА.

ОУ ” Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

Проект „Со читање до лидерство“ Нашата соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ продолжи во учебната 2015/2016год.со реализацијата на проектот „Со читање до лидерство“. Во септември 2015 год. нашето училиште доби неколку примероци од збирката од 20 наслови сликовници за деца „Нашата прва библиотека“. Во сликовниците се обработуваат најразлични теми релевантни за децата, како што се пријатели и другарство, родители и семејство, чувства, наука, лица со посебни потреби/ маргинализирани групи, различни земји и култури итн. Беа организирани повеќе обуки за наставниците, работилници за наставници и родители а исто така беше формирана и Заедница за учење составена од Директорот, психологот и сите одделенски наставници. Секој од членовите на заедницата работеше на свој проблем поврзан со читањето кај учениците. Во месец април беше одржан и мрежен настан на кој наставниците ги претставија своите постигања во рамки на проектот. Во месец мај повторно се изврши тестирање на дел од учениците од второ, трето и четврто одделение со инструментите ЕГРА и ЕГМА.

ОУ ”Гоце Делчев” Могила


Учебна 2015/2016 год

ОУ ” Гоце Делчев” Могила


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.