www.kapital.mk
Капитал број 1083 06.11.2020
40
НАУКА
Академик
ТАКИ ФИТИ
ПОЛ МИЛГРО ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВА
НАУЧНИЦИТЕ Ш ТЕОРИЈА
Двајцата лауреати, силно ја унапредија теоријата за аукции, ги иновираа постојните формати на аукции, дизајнираа нови формати на аукции и овозможија нивна применливост во практиката.
Н
Нобеловата награда за економија за 2020 година им е доделена на двајца американски професори од Универзитетот во Стенфорд, Пол Милгром и Роберт Вилсон, за нивниот придонес во подобрувањето на теоријата на аукции и иновирање на аукциските формати.
Значење на испитуваната проблематика
Во соопштението на Шведската кралска академија се истакнува дека аукциите, денес, се насекаде околу нас, дека предмет на продажба преку аукции не се само имоти на
домаќинствата (куќи, апартмани и сл.), уметнички слики, антиквитети и сл., туку и многу други добра и услуги кои тешко се продаваат на традиционален начин – радио фреквенции, енергија, дозволи за екстракција на руди и на нафта, права за рибарење, права за тргување со дозволи за емисија на штетни гасови, акции, интернет реклами, владини (јавни) набавки на стоки и услуги, владини обврзници итн. Оттука, јасно е дека во оваа сфера се „вртат“ астрономски суми на пари, поради што оптималното дизајнирање на аукциите (иновирањето на аукциските формати) за да се заштитат интересите на сите учесници во аукцискиот процес (на приватните учесници на аукцијата, на даночните обврзници и на државата владата) има круцијално значење.